Фото-фељтон: Патеписи од екс-СССР
Екслузивни авторски травелози на Вангел Башевски - Барми од просторите на бившиот Советски Сојуз (Русија, Украина..)
Украина
Патеписите од екс-СССР ги започнувам со Украина, а не најголемата држава, Русија, од неколку причини. Првата е фудбалското Euro (неуро?), а како второ, Украина е првата екс-советска земја каде иам фрлено сидро.
Харков – втор, но прв
Моите украински и општо екс-советски травелози намерно ги почнувам со Харкив (така е по украински), иако тој е втор по величина град во Украина. Некои го нарекуваат нејзина „прва престолнина“.
Киев – столица украинска и древнорутенска
Патепис од овој убав град на бреговите на Дњепар, кој во својата историја доживувал процут, но и страотни разурнувања. Каква е врската помеѓу киевљанинот Булгаков и мојот предок кој таму студирал богословија?
Одеса мама – прво сидро
Мојата прва турнеја по екс-советските простори,за кои говори овој серијал патеписи, започна на бусот Скопје - Истанбул, од каде отпловив за украинскиот црноморски град Одеса.
Украинска страва
По патувањето низ повеќе убави градови на Украина, оваа епизода од серијалот украински и екс-советски патеписи ќе говори за некои од проблемите со кои се соочува таа земја.
Запорожје – лулка на козаштвото
Во рамки на моите украински и екс-советски патеписи, задолжително е да се спомне Запорожје, лулка на козаштвото, прославена низ светот со „Тарас Буљба“ на Николај Гогољ.
Доњецк – центар на рударскиот Донбас
Моите травелози низ Украина и екс-СССР, овојпат ве водат во Доњецк, престолнината на Донбас, регион познат по рудниците со јаглен и тешката индустрија
Луганск – Украинска Славосрбија
Родина на Сергеј Бубка и Тања Сњежина, чиј хит позајми Владо Јаневски, Македонскиот полк и првата висока печка во Украина. Иако не баш убав, тој ги јаде нашите паланки.
Лисичанск – Украинско Ново Лисиче будало
Што има да се види во Лисичанск? Во Лисичанск нема ништо. Едно големо Ново Лисиче, будало! – ш’о вика онаа рап ствар. Како Лисичанск се најде во патеписниов серијал заедно со убавите Киев, Харков или Одеса?
Украински стереотипи
Моја реакција на патеписот од Украина објавен кај Трендо, на авторот Константин Петровски. Какви предрасуди имаме за Украина? И што сме поарни од неа, та толку сме надмени?
Украински фолклор
Етнолози и музичари! Овој дел од патеписите говори за украинскиот фолк, кој плени со раскошни носии, моќни хорови и акробатски танци, кои пркосат на гравитацијата.
Борбен хопак
За украинската боречка вештина, која сум ја спомнувал во патеписите, базирана на козачките борбени традиции и фолклорни танци, слично како и бразилската капуера.
Украинската Жива Барбика
Валерија Лукјанова е фото-модел и интернет ѕвезда која го шашардиса светот со надреалниот изглед на „жива кукла“, постигнат со многу пластични операции. Кај нас за неа е пишувано, но сепак е слабо позната.








Pac Man
Donkey Kong
Street Fighter II
Contra
Kung Fu Remix
Megaman
Final Fight
Galaga
Kaboom
The King of Fighters
Commando
Frogger
Super Mario World Game




