Античкиве мајмуноиди Грујо, Мијалков и Протуѓер си ја претворија државава у приватна пиљара. Цела деценија местење избори, кражби, рекет, убиства, апсења, етикетирања, селективни лустрации, контрапротести, прислушкувања, амнестии, говното СК2014, цркви по плоштади, Хунзи, Субрата Рој, false-flag напади у Куманово, умирања по болници и целосна куртонизација на општеството!
Со нив се и куртоните од типот на криминалецот и белосветски преварант Миленко, античките Срби Драган Павловић – Латас и Слободан Томић, шизофреникот Али Ахмети, наркоманот Ацо Станковски и педофилот Зоран Крстевски, како и псевдо-историчарите Ниче Димовски и Александар Донски со нивните античко-христијански молитви, разговорите со духот на Александар Велики, Македонците по потекло од Атлантида и остала психопатологија, каква што у нормални земји се лечи. Која багра управуваше со нашиве животи!
Пред 5 години одев на протестите по повод убиството на Мартин Нешкоски. Што е за право, не од првиот ден, туку некаде од третиот-четвртиот, затоа што не ми беше сосема јасно што се случило и најпрвин сакав подробно да се запознаам со работите. Во тие протести поминав голем дел од тоа лето (фактички целото). Гледав колку можев да бидам активен во тие протести, викав у мегафон, предводев луѓе, држев говоранции итн. Дури глумев во театарската претстава „Антигона“, која демонстрантите сами ја организираа и бев „диџеј“ на протестното одбележување на роденденот на Нешкоски пред Собрание, кога брат му Александар нарача торта во облик на убиено дете како лежи, која беше донесена со погребално возило и оставена таму пред врата на убијците од МВРО-ДРПМНЕ.
Собиралиштето на демонстрантите беше кај оној као амфитеатар позади спомен-домот на Мајка Тереза. Тука секојдневно одржувавме некаков уличен парламент, каде што секој имаше право да добие мегафон и да се обрати кон другите со мислења, предлози, критики или сл. Не се сеќавам точно кој ден од протестите беше тоа, но го побарав мегафонот и изјавив дека овој режим може да се урне одвнатре, односно, дека некои свесни офицери или други поединци во рамките на МВР и другите безбедносни служби треба да ѝ влезат на министерката Гордана Јанкуловска во канцеларија и да ја уапсат. Истово би можело да се стори и со Грујо, Мијалков и нивните куртони. Како пример ја наведов Јулската завера од 1944 год., кога група германски офицери на чело со Клаус Фон Штауфенберг извршиле неуспешен атентат врз Хитлер, во обид да го урнат нацистичкиот режим. Додека говорев, останатите демонстранти не ме ни слушаа, зеваа, гледаа у саат и тоа така помина незабележано. Но еден момак по име Б., кој беше во моја непосредна близина, се сврте кон мене и само ми рече: „Пуч?“. Останатото е историја…
Протестите беа навистина моќни и претставуваа некаква најава за ова што се случува денес. Интересно е дека прекар на покојниот Нешкоски бил Пуци, што е доста бизарна подударност со зборот „пуч“. Ги поздравувам и им благодарам на сите оние, кои учествуваа во протестите, но ќе бидам искрен и ќе кажам, дека по некое време, ја се повлеков од нив, затоа што некои нешта ме разочараа. На почетокот, бројноста и еланот беа солидни, но со текот на времето доаѓаа сè помалку луѓе. Се сеќавам на сцени, како по завршувањето на одреден протест, на мене и на Александар Нешкоски ни приоѓаа некои од учесниците, велејќи ни во стилот: „Епа фино, ете протестиравме, ај поздрав, од утре ја идам на одмор“. Иделе на одмор луѓево. Ги глеаме вака, што да им кажеш? Од една страна, животот тече понатаму, може си уплатиле луѓето порано, не знаеле дека ќе се случи убиство и сето тоа. Но од друга страна, така ли се урива диктатура?
Понатаму, имаше неодговорни поединци, кои од сето тоа си праеа забава, па правеа тука сплетки, кој со кого се мувал, кој со кого се ебел, к’о мали деца. Не ме чуди тука да имало шпиуни, кои на таков начин сакале да внесат раздор и лична нетрпеливост меѓу демонстрантите. Ова ме направи доста сомничав. Зошто некој со толкава агилност би се занимавал со такви инфантилни работи? Можеби стварно имало некаква позадина во тоа, не знам.
Па имаше и его-војни, секој сакаше да биде „главен“. Имаше еден страотно досаден и наметлив лик, кој упорно ги саботираше одлуките на протестното собрание, тврдејќи дека „тие им оделе во прилог на СДСМ“, а ние као сме требале да бидеме „неутрални“. Типов ќе се појавеше на собранијата еднаш у 500 години, ќе испљукаше све што другиве одлучиле во негово отсуство, па пак ќе го снемаше, па пак ќе се појавеше за пак да ги исплука и така со ред. Го прашав, па што не доаѓа редовно на собранијата ако навистина му се важни неговите одлуки? Он вика „иам работа, не сум ја професионален борец за човекови права“. Демек ме заеба. Еј, браво! Тука режимот на Грујо убива луѓе по плоштади, краде, лаже, мести избори, организира контрапротести, а „неутралниов“ и „неопределениов“ се бави со Бранко, Сорос, со Илуминати, јеботе!
Бранко ли е премиер бе дибек инфантилен? Ајде добро, Бранко не чинел, крадел, лажел и одамна ја изгуби власта. Кој го ебе, нека одговара ако треба! Но Грујо 10 години е на власт, што не го упаси бре? Што не понуди цврсти докази против него? Наместо тоа, со парите украдени од буџетот, Грујо водеше најцрна медиумска кампања против него. Бранко украл миљон долари, Бранко снифал кока и залијал со виски, Бранко го убил Борис Трајковски, Бранко го убил Кенеди, Бранко кодош, убица, злотвор, абе просто ГОВНО од чоек, Хитлер гомна да јаде!
Па тоа и да е вистина, Грујо требаше да биде подобар од Бранко! Грујо не требаше да краде, да лаже, да убива и да затвора! Зарем гревовите на Бранко треба да му бидат оправдание на Грујо да го прави истото? И сега, треба да го оставиме Грујо да ни ја доебе државава уште 10 години за да го казнуваме Бранко за гревови од 1994-та, од пред 22 години? Инфантилноста и неодговорноста на некои поединци на протестите беа фрапантни. Не ме чуди таквите ликови да биле шпиуни.
Во рамки на протестното движење имаше и правна служба, напр. дипломирани правници или студенти од правен, кои се позапознаени со законите и кои требаше да смислат нешто околу оние легални заврзлами (судења, тужби, жалби, сведоци и сл.). Во една прилика, седиме на кафе, а брат му на убиениот Нешкоски ги прашува за тоа што досега сработиле. А тие пак, се заебаваат, се смеат. Ѝ викам на таа една од цурите што беше меѓу нив: „Па ова не е во ред, ти си адвокат по професија, вака и во судница се однесуваш? Па некој човек што ти ќе го застапуваш на суд ќе заглави 101 година!“. Тука се убацува еден као ја брани: „Еееј па ти, на чоек да му е мерак да заглави ради ваква згодна адвокатка“. Ги глеаш вака, што да им каеш? Мислам, луѓево учествуваа во протестите, секоја чест, но во некои работи се покажаа стварно инфантилни и неодговорни.
Имаше па еден, кој беше доста воинствен на собранијата, викаше да се собереме во најпрометниот дел од градот, во најпрометниот дел од денот и да изблокираме сè, ма тоа Трета Светска Војна, но кога се собравме – од типот ни трага. Циу-циу (штурци). По некој ден, налетувам на него случајно у град, го прашувам каде е на протестите, зошто е така неодговорен, вика „Епа имав работа. И ш’о сеа, ќе ме тепаш?“. Ги прекрстил рацете, стои и ме гледа. И тука уше рипнаа некои цури да го бранат. Уште испадна ја да сум деген, а он демек „греота“.
Баш тогаш, Унијата на Мајмуноидни Сили на МВРО-ДРПМНЕ ни напраија контрапротест. Ние сме единствена држава на Планетава во која власт организира протест против опозиција. И единствена држава, во која има анти-опозициона сатира, наместо анти-владина (тука мислам на нашиот „Монти Пајтон“ – „Еднооки“). И, ние сме единствена држава на Планетава, во која постои „државен хипик“ (мислам на шупакон Гиш). Она, демек, хипик, ама не се буни против власта, туку е на нејзина страна (?!). Се љуби тука со Мијалков, дискутира за индиска филозофија со Амди Бајрам, јеботе. Тотална перверзија!
На тие контрапротести, УМС земаа да носат мајмуноиди со автобуси, трактори и сточни вагони од Кичево, од курац, а ја си викав, замисли се десат инциденти, со кого ќе гинеш? Со оној што го спомнав погоре, што „имал работа“? Со оној што ќе се бави со гревовите на СДСМ дур’ Грујо нè тепа и убива? За среќа, инциденти немаше. Мајмуноидиве пратија едно копиленце со цвикери демек да нè заплаши со пренапумпани (дез)информации, од типот на: „Абе дечки, чувте дека доаѓаат огромен број на автобуси од разни градови за контрапротестиве?“. Му реков дека неам појма и дека не ме занима. Разговорот тука заврши, а ние си го зафативме нашиот стандарден борбен положај кај Мајка Тереза и решивме да не мрдаме од таму, па што сака нека биде. Констрапротестантиве одеа по ул. Македонија, но никој од нив не ни се приближи.
Потоа, ги наоѓавме транспарентите на контрапротестантите испофрлени по земја, од што ни стана јасно колку всушност им значеле и колку тие верувале во глупостите напишани на нив. Некои од нашиве ги собраа траснпарентиве и се сликаа со нив на заебанција.
Со текот на времето на протестите доаѓаа сè помалку луѓе, од што се виде дека за некои поединци тоа беше забава, некакво фејсбук-хипстерско помодарство (таа година беше „ин“ Occupy Wall Street и сл.). На крај буквално останавме 5 души. Ама буквално! Онака шетаме по улица без поента и тој еден момак што го носеше мегафонот, зема спонтано да извикува пароли во него (онака безвезе петорица идат и демек „протест“). Меѓу нас имаше една цура, му вика „дај бре престани више к’о морони сме“. Она, патетика, ќе ни се смеат. Тука чоек убиле, луѓево ги боли кур, отишле на одмор да си ладат јајца, да се бањаат, да дупат пички и да пушат трава. Пичку матер, си реков, што е ова?
После сите протести, седнувам дома малце да одморам, пуштам интернет, коа глеам оној шупакон Алекс Букарски држи говор на протестите во Битола, блее к’о офца у мегафон. Шупаков го знаеме на времето кога пишуваше на некогаш популарниот блог-сервис Блогерај, изиграваше „револуционер“ и требаше да работи кај Коља на Okno.mk, кајшто бев и ја, арно ама, МВРО-ДРПМНЕ му понуди подобра сума. Преку ноќ, Букарски еволуираше од човек во мајмун и почна да му лиже јајца на Грујо и да плука на своите довчерашни соборци. Во својот текст под наслов „Против слободата, против демократијата“, тој пишуваше, цитирам:
„Груевски има неповторлива шанса да воведе автократија, просветлена автократија, која ќе наиде можеби на поголемо задоволство кај граѓаните одошто претпоставува коалицијата на млаки евролибералчиња и салонските колумнистички интелектуалци (….) Секој совесен и одговорен ангажиран интелектуалец денес ќе се обиде да упати добронамерни совети до автократот-хирург да не направи масакр во операцијата отколку да поддржи јалови протести на дел од пациентите и персоналот без јасен реформски потенцијал“.
„Тоа беа црвенобуржујчиња со афро, растафари фризури, псевдо-алтернативци со дуксерки, проневерувачите на пари од странски фондови, хипиците или нивните деца, лигавите либерали со подочници од пиење или неспиење, анархисти флегматици, надмени атеисти, наркоманчиња кои се лесни како и нивните дроги, југокомунисти со империјални навики, припадниците на здружението на богаташки виртуелни левичари ленкисти, тоа се непријатели, екслоататори и потиснувачи на работниот народ, на вистинските интелектуалци, на автентичната авангарда. Природно не можам да поднесам ниеден припадник на субкултурен џган.“
Уште во првите години на груевизмот, ја им укажував на моите колеги-блогери дека Букарски е вртикапа, но никој не ме слушаше. Поготово што у тие arty / интелектуални кругови е доста присутна ароганцијата и никој никого не слуша, туку секој си држи монолог. Им укажував дека Букарски вчера бил „бунтовник“, денес е со режимот, а утре ќе смени страна и пак ќе им се врати во прегратки. И навистина, кога му секнаа парите од Грујо, Букарски пак стана „револуционар“ и ете така, тој се појави на протестите во Битола. И тоа во својство на говорник! Каква перверзија! Па тие Битолчани два грама мозок имаат ли? Требало на клоци да го раздигаат!
Во емисијата „Пулс“, водителката Ана Јовковска го праша у стилу зошто он е такво непринципиелно говно, а тој рече дека бил „слободен јавач“. Епа јава курци ко више плати. Коа ќе се сетам само какви хвалоспеви пишуваше за Грујо, а поготово за онаа будала Хорхе Иванов, поједе ме туђа срамота. Си реков, заеби, очигледно секој си глеа свои лични интереси, а ја тука ќе изигравам наивна будала. Не можам да ви го спасувам светот к’о Ленон, Гелдоф или Боно коа самите сте идиоти. Нека ве убијаат. Тука ми се собраа премногу разочарувања и се повлеков од било какви протести. Башка што си имав и разни други проблеми.
Патем, не би ме изненадило токму Букарски да ја организираше режимската окупација на Блогерајот. Значи, 24/7, сите критички блогови беа спамирани во коментарите од страна на анонимни корисници со најгнасни навреди, cyber bullying, етикетирања и сл. Истото се правеше и на сите други интернет медиуми, на разни портали, сајтови, под youtube клипови и сл. Чоек морон треба да биде да не примети дека сето тоа беше организирано и веќе и знаеме кои сè блогери коленичеа и пушеа у центарот за комуникации на МВРО-ДРПМНЕ. Утре како ќе се погледнеме на улица, не ми е јасно, кога знаеш дека таму те цинкареле, кодошеле, работеле против тебе. Кои ѓубриња од луѓе, у фаца да им поврати чоек.
Кулминација на сè беше кога еден ден се логирав на Блогерајот, а на екранот ми се појави официјален блог на МВР, односно на министерката Јанкулоска. Доаѓаш на Блогерај, последен бастион на слободната мисла, а тука бркатава ти стои над глаа. К’о у оној вицон, кога у некоја тоталитарна држава на ТВ имало само една програма и едвај некако вовеле и втора, но кога гледачите ќе ја пуштеле, на екранот стоел полицаец со пиштол уперен у нив и им викал: „Врати на прва!“.
Сопственикот на Блогерајот, Трендо, не преземаше ништо во врска со таа окупација. И на off.net.mk, Трендо не се осмелува да бекне против режимот. Тој ми е драг познаник и има огромни заслуги за развојот на нашата блогосфера, но за жал, тој многу ме разочара со ваквото свое однесување и премолчување. И не само тој, туку и многу други. Ова отворено му го имам спомнато уште одамна, но тој на тоа не реагираше и менуваше тема. И уште направи блог-ѕвезда од оној безвезе Бетмен Велит. На што личи па тоа? Јад и беда. Саше Политико често говори за овие работи. Тој можеби е некогаш преостар со Трендо, но во принцип е во право.
На Саше Политико секоја чест за храброста и упорноста во неговата работа. Но му замерам за едно. Тој не е од Скопје и мора да сфати, дека пред појавата на груевизмот, ние тука сме се дружеле со најразлични луѓе, кои имале разни политички ставови (или воопшто ги немале). На тие блогерски средби, ја сум седел на иста маса рецимо со покојниот Роберто Беличанец, но и со Јанко Бурек или со некој скроз незаинтересиран за политика. Не моеш да ме осудуваш за тоа. Не е фер, вчера си дошол од курац, од Кичево таму, не знаеш како се живеело во Скопје. Се сеќавам како Саше Политико еднаш објави наши фотки од седенки преземени од Facebook, кајшто бевме ја, Ирена Цветковиќ – Фемгерила, Трендо и други фаци. Со тоа, Саше сакаше да каже демек, ете, ние „шуруваме“ со Грујо, пошто седиме со режимскиот новинар Трендо. Тогаш некој ми пушти линк до таа сторија, но не реагирав, што ќе објаснуваш, не вреди.
Кога веќе спомнав провинцијалци, многу очекувања имав и од студентите, но во времето на протестите за Нешкоски, тие беа скроз off каков што е Трендо (со чесни исклучоци). Се сеќавам како со протестната поворка одевме пред студентскиот дом Кузман и им скандиравме „Дојдете со нас!“. А студентите нè гледаа к’о мулиња од терасите и ништо не преземаа.
Откако се повлеков од било какви протести, исклучок направив само на 70-годишнината од востанието на 11 октомври, кога на прославата во Градскиот парк пуштав музика со историска и воена тематика, што, на еден начин, претставуваше протестен собир. Меѓутоа, неговите помлади учесници ме гледаа бледо. Епа сеа, извини, на воен празник, на којшто ти присуствува Сојуз на борци на чело со генерал Тодор Атанасовски, се пушта воена музика и маршеви! Што очекуваш? На бина да излезе геј у розево и да игра? Да излезе Кончита од Евровизија со брадата? Ја стварно не ги сфаќам тие луѓе. Мислам, познаници сме, ги почитувам, делиме слични ставови, на иста страна сме, ама некако не се разбираме.
На крај си собрав лаптопот со mp3-ките и си отидов. Си реков, заеби, ќе дојдат некои подобри од нас. Предвидувањето ми беше точно. Со текот на годините, критичната маса сè повеќе растеше, се случи Студентскиот пленум и окупацијата на универзитетот, бомбите на Заев, Специјалното Јавно Обвинителство, се појави еден помлад генерал, Стојанче Ангелов, а и Саше Политико доста се радикализираше. Си реков, добро е, овие знаат што праат, нека тераат.
Се сеќавам и кога на протестите за Нешкоски ни се појавија странски новинари. Тие па, тие па! Протестиве више спласнуваа, а овие се појавија на „журката“ со 500 години закаснување, пропуштија све! Рекоа сакаат да снимаат репортажа. Ајде добро, ја снимија, ја гледаме после на Youtube, тотално ја извртеле, ѝ дале некаков етнички контекст, што немаше благе везе со протестиве. Демек „еве како младите Албанци и Македонци се бунат против режимот“. Ало бре, тоа беше граѓански протест на сите у државава, независно кој бил Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Ром, Србин или Марсовец! Па пичка ви матер, земјотрес да се деси у Скопјево, они пак ќе прашуваат: „А Албанците? А правата на Албанците? А Албанците дали јадеа денес? А на Албанците дали им се сменети пелените?“. Кои дебили!
Не го велам ова за да ги навредам Албанците. Напротив, тој младиот Албанец со капчето, што беше во репортажата се покажа како стварно добар и агилен во протестите! Но зошто на германскиве новинари им требаше ова етнички-обоено scheiße? Режимот на Грујо убил човек усред плоштад, овие се фатиле за меѓуетничките односи. Па и западњациве циници тотални, Грујо ја ебе државава 10 години, они му ќутат, го тинтраат, му бришат дупе к’о на бебе, те ќе дадат потврди изјави, те ќе дадат поумерени, аман бре решете се! И уште, сега повикуваат на некакви преговори во Виена. Ма какво бре преговарање со бандитов Грујо?! Нив изглеа ги боли кур, си викаат кој кур да го примаме овој Абсурдистан у ЕУ, за кур не ги бива, ќе ни бидат само вечен извор на лажни азиланти и просјаци, гони ги у пичку материну.
А Русиве башка прича. Нивниот министер за надворешни Лавров пред некој ден се појавуе на пропагандната RT (руски CNN) со оние нивни теории на завери: ова у Скопје било „масло на Америка“, она е крива за све, илуминатите, Сорос, НЛО-ата, нацистите, Евреите, Украинците, Грузинците, Чеченците, сите се дебили, мајмуни и говеда, само Путин и Грујо се светци јеботе! Па све тоа било у везе со гасоводот, Јужен поток, па тоа САД нè казнувале затоа што сме се дрзнале да не воведеме санкции кон Русија. Кои бе црни санкции ние можеме било кому да му воведеме, па чак и да сакаме?! На какви дроги си се закачил?! Кој црни фактор сме ние у геополитикава?!
Башка, на 27.03.2014 год., Македонија во ООН гласаше за Резолуцијата 68/262, со која се изразува почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, со што, ние фактички не ја признавме руската анексија на Крим (како што тоа не го призна и најголемиот дел од светот, освен Зимбабве, Северна Кореја, Белорусија, Куба, Судан и уште пар такви утепани земји). Ако се сеќавате, тогаш Горан Михајловски од Вест напиша у стилу „Извини друже Путин, ама Западна Македонија си е Западна Македонија“. Демек, да не признаваме сецесии во други држави, за утре нам да не ни се случи истото. Оттаму се прашувам, од кај па сеа испаднавме највечи руски сојузници, па Лавров дотолку да се потресуе за нас?
Како што Трифун Костовски умно заклучи, Русиве ѝ придаваат на Македонија претерано геостратешко значење, какво што таа реално нема, демек „уау, тука се судирале интересите на Западот и Истокот“ и сл. Е, да, Обама сака да ја украде нашава нафта, гас и јаглен, како и нашиве пристаништа и нашиов ураниум. Ало бре, најклошарска нација сме у Европа, куче нема за ш’о да нè апне, задњи шупак сме на светот! Овие денови по контрапротестите глеаме некои чичковци, доведени од Кичево, од курац, кои мислат дека сме центар на универзумот и дека „Америка нè напаѓала“. Па таа да кликне копче нас ќе нè снема сосе цел Балкан.
Да сакаа Американците да нè сјебат, досега стопути ќе го направеа тоа. Тие сјебаа сили како Ирак, Либија и Сирија, па со вас ќе се „церемонат“. На Обама му спотреба вашето Кичево. Америте имаа куп прилики за тоа: јал во 1991-вата, јал во 1999-тата, јал во 2001-вата. И уште, со помош на својата медиумска машинерија, тие можеа да направат ние да бидеме виновни за тоа. Шутраци бедни, погледнете се у огледало, кои тоа суперсили се грабаат за вас, осим оние учкине на шизофреникон од Зајас? Каков Обама бре јадници, државиче сте 2 на 2, светот не може на мапа да ве најде за да ве нападне!
Голем дел од Балканот е веќе во ЕУ и/или НАТО (Грција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Романија), па вие сте му спотребале на Обама. Да, да, нема он преча посла, само седи у Белата куќа и трља руки: „Абе како да ги заебам овие Македонциве од Кичево, трн у око ми се“, а демек Грујо одважно му вика „Не!“ и му се заканува со двата расипани тенка. На какви дроги ве ставил Грујо бре шупаци, мајмуни, говеда, дебили, неранимајковци, денгуби, клошари.
И најсмешно од сè е постојаното спинување на ДРПМНЕ. Како во Орвеловата „1984“. Денешниот сојузник, утре ќе биде најцрн непријател и обратно. Такаречи довчера, ДРПМНЕ се крстеа во пациентон и злотворон Џорџ Буш и дури се залагаа за преименување на ул. Водњанска и на Градскиот парк во негова чест, заради неговата поддршка на Македонија на НАТО Самитот во Букурешт во 2008 год. Епа сеа Америка ви е лоша или ви е добра, можете да се решите?! Истотака, ДРПМНЕ не сакаа ни да чујат за словенскиот идентитет на нашиот народ, кого со презир го нарекуваа „сламкарски“ или „цефкарски“ (заради сламките, односно цефчињата, со кои Словените наводно го препливале Дунав), а сега одеднаш станаа поборници за некакво словенско братство со Русија?!
Во Русија сум патувал милион пати, редовно пратам руски медиуми, сум имал таму цури и пишувам патеписи на таа тема на овој сајт. Во политика таму не се мешам, но доста читам за нејзината култура и историја и добро сум запознаен со тамошниот менталитет. Треба мене да ме ставите за амбасадор таму, не оние шутраци, кои стално нè брукаат со афери, љубавници, со процурувања на доверливи документи и сл. Колку само глупости имаше во нашава дипломатија во овие 10 години, тоа е башка тема.
Иако сум љубител на рускиот народ и нивниот јазик и култура, ужасната изјава на Лавров мене ниту ме изненади, ниту ме разочара. Запаметете дека иако Русија има свои квалитети, демократијата не е еден од нив. Таму нема владеење на правото, почитување на човековите права, чесни избори, слобода на говорот и печатот. За жал, деспотизмот и империјализмот таму имаат длабоки корени (Иван Грозни, Стаљин итн.) и тоа одамна е влезено во ДНК на мнозинството Руси. Затоа, јас и не очекував од Лавров нешто поинакво. Но треба да знаете, дека таму има и илјадници луѓе, кои не се согласуваат со путинскиот режим. Прокопајте по интернетов. Но, вака или онака, Русија е суперсила и таа има право да искаже став (колку и да е безвезен).
Таму, водачот на опозицијата Њемцов беше убиен к’о псето на улица и баш тогаш „случајно“ откажаа безбедносните камери. И новинарите таму се убивани, а особено значаен беше случајот на Политковскаја. Руските затвори се полнат со луѓе неподобни за путинскиот режим. Таму сега гние заробената Украинка Надја Савченко. Таму се случуваат и false-flag операции од типот: во Москва пукнува бомба, но не е јасно кој и зошто ја поставил, а многумина покажуваат со прст кон режимот, кој наводно, тоа го прави за да ги заплаши граѓаните, да ги дефокусира од реалните проблеми или за да оправда некои драконски мерки или воени интервенции.
Блогерот Виктор Краснов скоро беше суден само затоа што на соц. мрежи напишал дека „Нема Бог“ и со тоа „ги навредил чувствата на верниците“. Типов го затвориле во психо-болница, како што некогаш им правеле на советските дисиденти! Ова е веќе инквизиција, спроведувана од режимот, во спрега со свештенство, кое е сочинето од бивши кодоши на репресивната тајна служба КГБ. Претходно, за слична работа пострадаа и членките на Pussy Riot. Тие може не ми се симпатични, ама требаше ли да бидат судени на таков инквизиторски начин? Пред некој ден, градежниот работник од космодромот во Усуријск, Антон Тјуришев, беше уапсен, само затоа што му пожалил на Путин за неисплатата на личните доходи.
Протести и штрајкови во Русија се невозможни. Луѓе таму наебуваат за банални работи. Таму да се закачиш со некои моќници – има да те нема. И уште ќе бидеш медиумски оцрнет како: педер, наркоман, предавник, соросоид, наци, јевреј и сл. и уште режимот ќе те снима со скриени камери и ќе ја објавува твојата интима, како што му се случи на опозицискиот претседателски кандидат Касјанов. Јас сум таму гостин и не можам нешто да менувам. Нека кршат глаа. Но не смееме да дозволиме тоа срање Грујо да го копира во нашата земја!
Не можеш на системот од Русија да му направиш copy/paste кај нас. Или на системот од Саудиска Арабија да му направиш copy/paste у Холандија. Не „фаќа“, тој програм е направен за Android, не за iOS. Друг е менталитетот, историјата, традициите, па и климата, водата и воздухот. За нашиот селанец – печалбар, земји за пример биле Австралија, Канада, Америка. И, башка, ние не сме имале императори како Русите, туку Крушевска Република. И социјализмот под Тито ни бил неврзан и прилично либерален во однос на советскиот. Нашиот светоглед е поинаков од рускиот. Секако, ние сме сроден народ со Русите (Словени сме, а не некакви антички) и ние треба да соработуваме. Но ние имаме и доста разлики.
Русија не ги споделува европските вредности, туку е азијатска деспотија. Земи го Путин, изгреби му го лицето со нокт како да е гребка за лото, а под тоа ќе ти се појави некој монголо-татарски кан. Не е ова навреда, туку самите Руси ова го говорат. Тие велат дека Русија е духовно поблиска до Азија (77% од Русија е во Азија) и дека демократијата и индивидуализмот им се туѓи. Затоа, наместо ЕУ, Русите ја нудат Евроазиската Унија, заедно со Белорусија, Казахстан и други екс-советски земји. Путин владее со Русија, a Галиев со Азербејџан околу 15 год.; Лукашенко со Белорусија – 20 год.; Каримов со Узбекистан – 25 год.; а Назарбаев со Казахстан – 30 год. Тоа се невидени деспотии!
Русија има поинаков светоглед. Тој се темели врз самодержавие, автократија. Одозгора седи цар и мава со кнут (камшик). Или седи генсек (Генерален секретар на Комунистичката партија на СССР) и сече со срп и тепа со чекан. Која шизофренија сега ја имаме, Грујо и Мијалков, кои градеа музеи на жртвите на комунизмот, да се у сојуз со највечите комуњари у свет. Со Путин – бивш агент на КГБ у Источна Германија! Покомуњарски од тоа – амин! Па во Русија сега официјално се промовира носталгија по СССР и дури се омекнува ставот кон Сталин!
Советскиот комунизам бил 450 пути посуров од титоистичкиот. Во нашиов барем сте имале слобода на движење, фармерки од Трст, рокенрол и антикомунистички филмови к’о Rambo II, а и мало стопанство со приватни слаткари и ќебапчилници, што за Русите било незамисливо! Да не испадне дека ја идеализирам СФР Југославија. Имало и во неа репресии, Голи оток, удбаши и кодоши. Но смешно е што еден куп од нив сега се во ДРПМНЕ! Така например, во партијата имаат еден стар удбаш, кој некогаш глумел „патриот“, со цел да врши егзекуции во дијаспората, поради што, од властите тој ќарил фаст-фуд киоск усред Центар на Скопје. Да не го заборавиме и оној „новинар“, припадник на КОС со кодно име „Геџа“, кој пиеше кафе со Милошевиќ. Ќе бидат ли тие лустрирани? Кога во нашиот систем сè уште роварат такви ликови, можете да замислите како е во рускиот. Таму никогаш нема да има лустрација.
Обиди за расчистување со тоталитарното минато во Русија имало во 90-тите, кога на нејзино чело бил Јелцин. Иако тој се залагал за демократија, тој се покажал прилично неспособен (познато е дека бил љубител на чашката). Затоа, кога ќе се спомне терминот „демократија“, многу Руси смрзнуваат од страв, затоа што тој ги асоцира на тешката транзиција од тоа време. И на лоповските олигарси, кои тогаш беа околу Јелцин. Ете затоа, Путин им делува како попристојна опција. Русите се свесни дека тој им ги крши правата и дека ги краде, но тие сметаат дека тој е „нужно зло“ за опстанокот на таа огромна држава. Тие се надеваат дека тој барем ќе им фрли некоја коска (а објективно, им фрла) и дека со него барем имаат некаква стабилност.
Значи, објективно, Путин направил и нешто добро и факт е дека тој ја стабилизираше Русија. Па и Грујо имаше некои позитивни потези. Но зарем треба заради тоа да ги амнестираме неговите злосторства? Па и Хитлер ја зајакнал Германија, намалил невработеност, избацил на пазарот поволно ауто за народ (Volkswagen) итн.
Некои велат дека ЕУ е промашена работа и дека ако станеме дел од неа, ние сигурно нема да бидеме Франција или Германија. Тоа е вистина, како што е вистина и дека Русија постигна успеси и подигање на стандардот. Но во тие успеси не уживаат сите, туку само една мала средна класа од големите места и стандардот им е пак далеку под западниот. Доколку потпаднеме под Русија, ние нема да станеме Русија. Скопје нема да биде Петербург, СК2014 нема да биде Ермитаж, платите нема да ни бидат како во Москва. Во Кратово нема да се појави нафта и гас, а Дојран нема да стане Црно море. Тогаш, ние ќе бидеме како Доњецката и Луганската Народна Република, Јужна Осетија, Абхазија, Приднестровје и други непризнати про-руски државички, во кои „народот е на власт“ и од какви секој нормален човек бега.
Русите се обидуваат да нè привлечат со муабетите за славјанското братство, но тие ја нападнаа ним најблиската словенска нација – Украина! Тоа ти е како Србија во времето на Шешељ и Аркан да ја нападнела Македонија. Односите на Русија со другите словенски народи се катастрофа (освен со Белорусија и Србија, но дури и тоа варира). За какво сèсловенско братство може да стане збор, кога Русинот им правел зулуми на Полјаците, Чесите, Словаците, Белорусите, Украинците и на сите више? Русите ја оправдуваат интервенцијата во Украина со „борбата против фашизмот“, а нејзиниот премиер, Володмир Гројсман, е Евреин! Истовремено, во самата Русија врие од неонаци движења! Нивните припадници масовно се приклучуваат на донбаските сепаратисти. Абе лицемерие невидено! И после сето тоа, Лавров ти се појавува на RT и ти се расфрла со етикети, а ѓубрето пред својот нос не го ни гледа!
Патем, Лавров по татко е Ерменец (поточно, татко му е од ерменското малцинство во Грузија). Во последниве години, во Ерменија и Грузија се засилени антируските чувства. Грузија наеба од Русија во 2008 год., а во Ерменија сега се случуваат протести против руските бази, на што особено влијаел масакрот во Ѓумри на 12.01.2015 год. Тогаш, рускиот војник Валериј Пермјаков, во пијана или непресметлива состојба масакрирал седум члена на ерменското семејство Аветисјан (и жени, и деца, све у пизду матер).
Башка, ако одиме поназад во историјата, по падот на Руската Империја во 1917 год., Ерменија и Грузија си создале независни држави, но јебаниот другар Ленин ги нападнал и насила ги набутал у СССР. Истото им се случило и на Азербејџанците, Белорусите, Украинците и другите народи на просторите на бившата Империја. Подоцна, во времето на Сталин, истото ги стигнало и Литванците, Латвијците, Естонците и Молдавците, како и Западните Украинци и Белоруси (кои дотогаш биле дел од Полска). Сите тие биле насилно вклучени во СССР со Пактот помеѓу Хитлер и Сталин од 1939 год. Истото требало да ѝ се случи и на Финска. Значи таму цело време се спроведува еден руски империјализам. Тоа што тој нас не нè тангира толку многу, не значи дека не е опасен. Епа што е разликата од клетиот американски империјализам?!
Да, Западот си има свои гревови, не е спорно. Но и Русија има исти. Американците убивале Индијанци, но Русите убивале Черкези, Чеченци, Татари, Башкири, Бурјати, Јакути, Чукчи и други домородни народи на просторите, кои ги освојувале. Русите не направиле Империја на два континенти со делење цвеќенца! Всушност, тоа биле три континенти, затоа што нивна била и Аљаска. Значи убивале уште и Индијанци и Ескими. Избришете го од глава поимањето на „добри“ и „лоши“ момци, такво нешто не постои. Земјите се такви какви што се, секоја од нив си има позитивни и негативни страни и немилосрдно си ги спроведува своите интереси.
Навистина, Американците масакрирале луѓе во Виетнам и помагале брутални десничарски хунти во Чиле, Ел Салвадор и Грција и направија лом на Блискиот Исток, ама затоа, тие ги помагале демократските движења во Источна Европа. Русите пак, масакрирале луѓе во Будимпешта, Прага и Авганистан, ама ги помагале ослободителните движења на Виетнамците, Палестинците, Никарагванците, Анголчаните и др. Не е светот црно-бел, во стилот на: лошата Америка и добрите Руси, туку е: некоме брат, некоме рат, во зависност од тоа на која страна од барикадите си се нашол.
Сега, Русија изразува загриженост од „украинско сценарио“ во Македонија, односно од случување на Евромајдан. Во Украина сум бил куп пати. И Украинците ми се драги. Нормално дека го соборија Јанукович! Е не, ќе му го бришат газот! И тоа, го соборија во најдобрите запорошко-козачки традиции. За разлика од Русија, каде царот/вождот е „од Бога даден“, украинските козаци си имале некаква рудиментарна демократија и во XVII век, тие дури успеале да создадат држава – Хетманатот на чело со Бохдан Хмељницки. Тие свикувале собрание (рада) и сами си ги бирале своите водачи (хетмани). Кандидатот за хетман буквално молел да не биде избран, затоа што одговорноста пред електоратот му била огромна! Ако типов заебал работа, козаците ќе му речеле у стилу: „самите те избравме, сеа самите ќе те одизбреме, хајт у пичку материну“, го зимале и го фрлале у Дњепар (понова варијанта, у контејнер). Секоја земја си има свои “ways”. Русија си има свои, Украина си има други, ние си имаме трети, Кина си има четврти, Саудиска Арабија си има петти итн. Вештачко пресадување на руското самодржавие кај нас не доаѓа в предвид.
Свесен сум и дека алтернативата на зближувањето со Русија е за многумина застрашувачка. Поточно, тие се плашат дека Западот го поддржува проектот за Голема Албанија, поради што, во Русија тие гледаат заштитничка. Се стравува и од менувањето на името. Не спорам дека такви закани постојат, но тие ниту се појавија, ниту завршија со Грујо. Тој не само што не ги реши овие проблеми, туку само донемајкаде ги искомплицира.
Од снимените тел. разговори излезе дека тој самиот преговарал за менување на името, а башка, тој имаше одлична меѓулоповска соработка со командантот на УЧК, Али Ахмети, и уште, министер за одбрана му беше Талат Џафери. Постојат и индиции дека пукањето во Куманово била некоја тешка намештаљка. Така што, ова глумење на Грујо на некаков бескомпромисен бранител на Македонија е веќе неубедливо. Неговите манипулации веќе не проаѓаат и неговите криминали не може да се заташкаат со никакви геополитички брбљања и теории на завери, како оние на Лавров.
Да, свесни сме дека заминувањето на Грујо не претставува крај на историјата и дека државава и натаму ќе се соочува со разни предизвици. Нив ќе мора да ги решиме со многу мудрост и тактичност, а и нашите сограѓани – Албанци ќе треба да покажат добра волја. Исто како и странците.
Заминувањето на Грујо е готова работа. Финтата е да замине во затвор, а не во Москва, како што тоа му успеа на Јанукович или на семејството на Милошевиќ. Нашиот новинар Зоран Божиновски, кој е моментално во егзил во Србија и од каде што известува за многу скриени злосторства на нашиов режим, јави дека Грујо планира да збрише токму во Москва. Затоа, треба уште отсега да се направи стратегија што ќе биде по неговиот пад. Апел и до припадниците на нашите безбедносни служби да бидат на штрек и да не дозволат негово бегство. Можеби е добро уште отсега, дипломатите од редовите на опозицијата да стапат во контакт со Москва и доколку е можно да се договорат со неа што да се стори доколку тој таму избега.
Апел и до граѓаните да не паѓаат на евтини провокации и намештаљки како онаа во Куманово. Воедно, по падот на Грујо и демонтажата на неговиот режим, апелирам да не се западне во некаква хипи-либерал егзалтација и идеализација и никако да не се отвора јужната граница за илегалните мигранти. Не сум расист! Но просто, ние имаме купишта свои проблеми за да би го спасувале светот. Бидете јебено реални.
Откако Грујо ќе падне, треба да се прејде во денацификација (дегруевизација) на општеството, а МВРО-ДРПМНЕ да се стави вон закон како злосторничко-криминална организација. Треба веќе еднаш засекогаш, со закон да се заштити историското име на Гоцевото ТМОРО / ВМРО. Меѓу него и МВРО-ДРПМНЕ нема никаков историски континуитет и никаква идеолошка сличност и нема причина една банда ашљаци да си го присвојува тој бренд, кој ни припаѓа на сите нам. Би било убаво и Бугарија да го стори истото со ВМРО-БНД, СМД или како им се викаат тие срања.
Истотака, да се престане веќе со глорифицирање на старото ДПМНЕ на Љубчо versus новото на Грујо. Демек, стариве биле ОК, ама Грујо заебал работа. Таков булшит приметувам кај Саше Политико. И Љубчо владееше со авторитарни методи, можеби не дотолку како Грујо, но сепак, да потсетам дека тогаш се случуваа: контроверзни претседателски избори, на кои победи Трајковски; големи пљачки; „спонтани“ собири на вмровска багра пред куќите на оние пратеници, кои се дрзнаа да излезат од партијата; а богами и сулудо признавање на Тајван од неговиот партнер Циле и расипување на односите со Кина, која тогаш удри вето за продолжување на мандатот на мировниците од УНПРЕДЕП, кои беа заменети со силите на НАТО, со што, земјава беше турната во опасна авантура. Така да, Саше, поштеди нè од тие идеализации за јебаниот Љубчо.
МВРО-ДРПМНЕ беше срање од старт. Уште во своите почетоци, таа ги привлекуваше најлумпенските елементи од општеството – брадоњи со црвени беретки со лавчиња и пиштоли набутани у тренерка, кои во екот на Балканските војни во 90-тите можеа да предизвикаат големи лајна. Ќути што тогаш претседател ни беше Глигоров, а не оваа будала Хорхе, иначе ќе се распадневме за два дена. ДРПМНЕ нема демократски сенс, не познава дијалог и толеранција, туку е авторитарна и фашистичка у својата суштина. Уствари, таа и нема јасна идеологија. Те Џорџ Буш им беше идол, те Путин, самите не знаат што сакаат. Сега таа промовира и една патолошка србоманија, што нема благе везе со историското ВМРО (да не ми замерат пријателите Срби). Вака или онака, едно е јасно – таа беше, е и ќе остане најсељачката партија у свет. Уствари нема да остане, треба да се забрани и укине.
Истотака, таа партија постојано бара некакви „предавници“. Љубчо беше војвода, стана „предавник“; Љубе беше брат, но и тој стана „предавник“; генерал Стојанче истотака им беше херој, потоа и тој им стана „предавник“; Борис Трајковски го дигаа у небеса ради изјавата дека западните земји треба да ги приберат косовските бегалци, за набргу потоа да го прогласат за „предавник“, а на свеченото отворање на црквата во Плаошник во 2001 год., тој беше пречекан со извици „Јуда“; Филип Петровски пак, беше предводник на студентите во 1997 год., но едно време се дистанцираше од партијата и создаде своја, па и тој стана „предавник“; Самоил Малчески истотака беше студентски лидер, но и тој замина од партијата, па и тој стана „предавник“. И така натаму, и така натаму. Па пичка ви матер имате ли у таа смрдена партија некој да не е „предавник“?! Можда сеа ќе речат: „Не, Грујо не е ’прав’ вмровец, он е предавник“ и со тоа ќе си ги измијат рацете од сите гнасотии, кои таа партија ги направи, свалувајќи ја одговорноста само на нејзиниот лидер. Истото тие веќе го сторија, кога раскрстија со Љубчо, а на негово место го наметнаа Грујо. Е, неќе моќи!
Сега мијат руки дури и од дудукон Хорхе. Демек они не барале аболиција од него. Тоа демек била негова лична одлука и сега тие бараат нејзино повлекување. Ним не им беше гајле за неговата говњива канцеларија на Рекорд, па затоа доста лесно дозволија таа да биде скењана. Полицијата реагираше дури откако беше нападнато Министерството за правда. Се говори дека Хорхе му е сега заложник на Мијалков и дека го тепаат к’о вреќа за да им ги исполни барањата. Хорхе бил доста потечен на последниот прес и давал збунети и неповрзани изјави. Којзнае уште какви грди работи ќе дознаеме откако ќе помине ова лудило, а тоа ќе биде мошне брзо. Доста ме интересира и неразјаснетата смрт на Никола Младенов. Башка и Куманово, Смилковско езеро и други случаи во кои имаше жртви. Може ќе фрштат и доживотни.
За крај, да изразам поддршка за протестите овие денови. Се крена не само Скопје, туку и Битола, Струмица, Велес, Штип, а лека-полека ќе се вклучуваат и другите места. Џабе што Унијата на жени на ДРПМНЕ сега дели банани и портокали по улиците на Кичево и другите паланки, во крајно очаен обид да го смири револтот на граѓаните. Додуша, имам критики за вандализацијата на Триумфалната порта. Не е убаво да се чкрта со графити. Тоа „античко-барокно“ говно, кое нема везе со нашата култура и кое нема никаква историска вредност треба да се сруши. Со чекани и длета. А потоа ќе следи и зградата на ДРПМНЕ кај Беко. Не џабе толку ја пазат, знаат што ја чека.
И онака сето тоа е изградено со пари украдени од нас, граѓаните, а за нивното трошење никој никогаш не нè консултираше. И уште ќе кењаат дека демонстрантиве биле „хулигани“, додека оставаат автентичното културно наследство (како старите манастири и фрески во Курбиново) да се распаѓа под забот на времето и додека уриваат згради на ним неподобни бизнисмени, како што му направија на Цаноски. Ма нек идат у пичку матер, доста веќе им се правдавме. Скењајте го тоа говњиво место. Забавата на Грујо е завршена.