Опозициските и провладините медиуми дадоа искривена слика за инцидентот меѓу Крис и Замир. Едните го оценија првиов како „провладин провокатор“, а другите го обвинија вториов за „насилство“. За работите да станат појасни, ви ја приложувам немилата сцена, но ѝ додадов титл.
 


 
Во клипот, Крисот јасно кажува на чија страна е во актуелнава политичка ситуација и евидентно е дека некои од демонстрантите го знаат лично и неуспешно се обидуваат да го смират. Ако го гледате со студена глава, ќе дојдете до заклучок дека сè започнало со некаква лична караница (не знам со кого), која, на крај, заради зовривањето на страстите, кулминирала со навреди на „етно-религиозна“ база. Лично не присуствував на инцидентов, но јасно ми е дека во сево ова нема никаква идеологија. Сеа, добро, може Крисот малце се „испонашал“, ама далеку е он од сликата, која ја направија за него.

Еве и мене ми се случува во афект да напишам нешто преостро, па после ми е глупо, можеби било претерано, погрешно сфатено, можеби се навредил некој што не треба. Познаници имам од разни земји, етно-религиозни заедници и сексуални ориентации, па што и да напишеш, некого ќе „закачиш“! Верувајте, ова воопшто не е мал проблем!

Крисот (членувано, као The Chris) го знам 200 години и одговорно тврдам дека не е шовинист. За разлика од оние, кои тврдат дека се за соживот и толеранција, а не виделе Албанец у живот, Крисот често го има посетувано Арачиново и тоа во најтензичното можно време (веднаш после бурната 2001-ва) за таму да купува точаци и делови за нив. Многумина знаат дека Крис е фанатик за точаци, скутери и слични двотркални превозни средства и стално купува некакви шимано-мимано делови за нив. Другари Албанци тој имал куп и тие за тоа можат да посведочат. Башка, имало ситуации кога со него физички ќе се пресметувале некои од нашиве националисти. Кај беа тогаш нашите опозициски новинари? Од друга страна, навистина е глупо како некои провладини медиуми одеднаш земаа да се застапуваат за него. Па тоа е последен човек со кого една десно-конзервативна власт би сакала да си има работа. Крис е слободар.

А можеби инцидентот започнал така што Крисот се обидел да му се доближи на Мехмети, што се протолкувало како „напад“? Или, можеби сакал да помине низ забарикадираните улици со својот скутер? Или пак, на учесниците во протестот им пречело неговото присуство, па решиле да го тргнат за да не им „руши имиџ“? Крисот е, најблаго речено, малку „откачен“ и ексцентричен, такашто сè е можно. Тој е познат по својот политички некоректен хумор ала Beavis & Butt-Head и по правењето „сцени“. Притоа, никој не е поштеден. Ни Албанци, ни Македонци, ни Турци, ни Власи, ни Срби, ни Бошњаци, ни Роми, ни Американци, ни Руси. И жени, и деца, и старци, све у пизду матер. Сведоци ми причале дека така се однесувал дури и во странство (по Будимпешти, Праги, Софии или сл.). Патувањата со него биле авантури, за кои уште долго ќе се раскажува.

Тој чоек и на погреб да го однесеш, и од тоа ќе направи урнебес. Очигледно, во медиумите работат луѓе, кои не го познаваат скопскиот асфалт (не го ни мириснале), па затоа и не ги знаат неговите урбани ликови. Крисот го знае секој вистински Скопјанец. Него го уважуваат многу различни и меѓусебно некомпатибилни луѓе. Денес ќе го видиш у друштво на рок музичари, уметници, актери, режисери, спортисти или дипломати, а утре со некои тотални маргиналци. Он си има фанови у сите можни кругови.

Крисот не е лош чоек, ниту е добар, туку просто, он е таков-каков-што-е. Он си е категорија сам за себе. Он, уствари, си е еден Петар Пан. И нема да се смени. Кој не го знае и кој не е навикнат на неговите испади, може комотно да се спакува и да си иде од градов назад у вукојебината од која што дошол.

Крисот не го смениле ни бројните полициски приведувања, ниту пак ќотекот, кој понекад го добивал од разни испровоцирани луѓе, па нема да го смените ни вие. За да ви ги раскажам сите авантури низ кои сум поминал со него, би ми требале уште 500 сајтови. Со него се дешавале тотално сулуди ситуации. И имало многу хумор, но можело и да се најебе.

Крис на омотот на првиот албум на Суперхикс. Тој беше маскота на оваа група.

Зошто Крисот е толку битен? Тој не е ни рок ѕвезда, ни актер, ни режисер, ни сликар. По професија, Крис е легенда. Онака, легенда. Беше и маскота на групата Суперхикс и беше на омотот на нивниот прв албум. Мора да се признае дека поседува интелектуални способности (иако понекад се прави помалку паметен, отколку што навистина е), а добар познавач е на музиката и филмот. Омилен филм му е “J.F.K.” на Оливер Стоун, поточно сцената кога на геј-забавата типот покажува „куре“ со домалиот прст (ја исправаш дланката, го испакнуваш домалиот прст и мрдаш со него нагоре-надолу). Од ова филмско ремек дело од три саата, Крисот ја одбрал БАШ таа сцена!

Повеќето луѓе не знаат дека едно време, Крисот праеше песни врз основа на некои домашни хитови. Еднаш дома наместив микрофони, миксети и чуда за да ги снимиме, но Крисот не се снаоѓаше добро („излегуваше од ритам“). Едната песна му се викаше „Биди добар диџеј“ и одеше вака: „Биди добар диџеј и тури ми го в анал. Не, не можам да издржам без твојот КУР“. Идејата му е од песната на групата Магија на Јован Јованов, но мелодијата му беше од „Суада“ на Плави оркестар. Другата песна му беше преработка на “Gypsy Song” на Влатко Стефановски: „Ех да можам да го јавнам на Еди Марфи КУРОТ“. Имаше и песна посветена на Шурбе (познат скопски диџеј и еден од раководителите на Скопскиот Џез Фестивал и на OFF Fest). Песната беше на мелодија од “Fairytale of New York” на групата The Pogues: “Те сакам Шууурбе, та-на-на-на“ (не го памтам текстот, но беше добронамерен).

Ќе речете: „Све ова e невкусно, незрело, политички некоректно, навредливо, неодговорно“, ама врти-сучи, тоа е Крисот. „Епа, што да му правиме?!“ – ќе прашате. Ја ќе ви кажам што ќе правите. Сега, сите Скопјани, без оглед на етно-религиозна, политичка, полова и сексуална припадност, ќе почнете да собирате донации, секој по еден денар месечно (СК има рецимо 800,000 жители, што се 800,000 денари = ‎€12,985.613) и со тие пари ќе плаќате некоја топ риба (или боље две, три или повеќе) за да му го праи меракот на Крисот. Ал’ да биде некоја млада, „а не некоја таму начукала 30 години“ – к’о што политички некоректно се изразува Крисот. Мислам дека него само женско може да го смири (сеа, бар донегде). Да го видевте само колку беше смирен кога беше у љубавна врска! Чоекот и те како знае да биде романтичен!

Околу Замир Мехмети. Не се познаваме асално, ал’ го знам од дете, иам свирено у бендови со брат му Ермаљ, кој е фантастичен музичар (едно време беше виолинист у групата Blla-Blla-Blla на Идриз Амети). Сме седеле често на кафе: ја, Ермаљ и уште некои фаци, а тука бил и (тогаш малиот) Замир. Раскажуваше интересни работи и уште тогаш се гледаше дека ќе го биде. Сум бил и кај нив дома. Значи, ги знам и Крисот, и Замир (донегде). Второнаведениов нека не го зима сево ова преозбиљно, затоа што оној, кој ќе го земе Крис преозбиљно, е успешно истролан. Punk’d. Разликата е у тоа што Крис не трола лешперски, онлајн, него у живо!

А муабетите за „Палестина и Израел“ немаат благе везе со конфликтот на релација Македонци-Албанци, што можам подробно да го елаборирам. Палестинската држава (т.е. нејзиното меѓународно признато раководство на чело со претседателот Махмуд Абас и партијата Фатах со седиште во Рамалах) има добри односи со Белград и Москва и не го признава Косово. Тоа пак, е во добри односи со САД, а тие се поддржувачи на Израел. Но џабе сеа да се објаснуваме.

Крисот е од новинарско семејство и има добри познавања од политиката и историјата, но од клипот е евидентно, дека тој го кажува она за Палестина и Израел без некаква смисла, дел во афект, а дел ради сарказам. И важно е да се забележи дека тој тоа го кажува дури на крајот на расправијата, откако му пропаднаа сите обиди да се разбере со луѓето дека всушност ги поддржува! До тој момент, пцовки навистина имаше, но чисто на лична база, а не на политичка или национална. Ги сфаќам донекаде и луѓево што се возбудија од инцидентов. Просто, не сите го знаат чоекот. Ај иди разбери се со него, поготово ако не го познаваш, па уште во таква зовриена атмосфера (и во политичка, а и во климатска смисла). Не му се лутете толку многу, може и нему сега му е криво за ова.

Патем, ако ги начулите ушите, некаде на 00:52 од клипот, ќе чуете некакво дофрлање: „Ајде чао, во Шутка, море!“. Дали човекот (вон кадар), кој тоа го изговара, мислел на општината Шуто Оризари или на затворот, кој се наоѓа во неа? Дали сметал дека Крисот е провокатор и дека местото му е во тој затвор? Или алудирал на бакарниот тен на Крисот и на неговото театрално однесување ала Амди Бајрам? Можеби непознатиот човек сакал да каже дека Крисот се однесува како „циган“? Не знам, но едно такво дофрлање би било подеднакво политички некоректно, како и она за „Шиптарите“ на Крис. Ама во афект свашта бива.

Олабавете. Крисот е најмал проблем у вашиот живот. А дека знае да биде непредвидлив, бељаџија и малце (поише) детињаст и да вади полови органи и газови по улица, тоа да, ама он не е злобен у суштина. Запознајте го подобро, ќе се уверите. Само, треба да знаете дека тој доста строго ги оценува луѓето, при што го користи следниов систем на градација: „магаре“ (тоа е некој што според него е глуп, ама е у принцип безазлен), „мајмун“ (ова е некаква средна вредност) и „големо говно“ (ова е веќе некој многу злобен и опасен човек, кој треба да се избегнува).

Некоректниот хумор на Крис е сличен на оној на нему омилената калифорниска панк група NOFX. Како што ќе видите во клипот подолу, на своите настапи тие кажуваат вицови за наци-логори (а вокалистот Фет Мајк е уствари Евреин), како и за илегалните мексикански емигранти (другиот вокалист, Ел Хефе, самиот е Мексиканец). Да, невкусно и провокативно, но оној, кој во ова би барал расизам и шовинизам е будала. Овој бенд е уствари жесток противник на таквите појави. Но што правиме ако гледачот на клипов не е запознаен со тоа? Епа, истиот проблем го имате и со Крисот!