livinginaboxbandpic

Групата Living In A Box позната по својот хит Living In A Box од албумот Living In A Box

Можеби некој од вас се сеќава на оваа британска група од втората половина на 80-тите и раните 90-ти години на минатиот век. Нејзиното име беше Living In A Box. По што беше позната групата Living In A Box? Групата Living In A Box беше позната по својата песна Living In A Box, која се наоѓаше на нивниот деби албум Living In A Box. Други познати песни на групата Living In A Box покрај Living In A Box, беа и Room in Your Heart и Blow the House Down (во која им гостуваше славниот Брајан Меј, гитаристот на Queen).

Покрај албумот Living In A Box издаден во 1987 год., групата Living In A Box го издаде и албумот Gatecrashing во 1989 год. Следната година, групата Living In A Box се распадна, по што клавијатуристот Маркус Вере и тапанарот Ентони Критклоу ја напуштија музичката сцена и се зафатија со други професии, додека само вокалистот Ричард Дарбишир издаде некои соло изданија, но тие не го доживејаа успехот на Living In A Box.

livinginabox

Living In A Box

living in a box album

living in a box lpКлик за зголемено: албумот Living In A Box

На албумот Living In A Box, песната Living In A Box беше поставена во две верзии и тоа како Living In A Box (прва од А страната на плочата односно касетата) и како последна од B страната, под наслов Living In A Box (Reprise). Песната Living In A Box доживеја и некои преработки и денс ремикси.

Групата која ја изведуваше песната Living In A Box, а чие име е Living In A Box, e формирана во Шефилд, Англија во 1985 година. Две години подоцна, групата Living In A Box се здоби со светска популарност со издавањето на хит синглот Living in A Box. Како што самите членови на групата Living In A Box изјавија во едно свое интервју, групата Living In A Box го добила името Living In A Box, затоа што живееле во една мала и запуштена куќа, па се чувствувале како да живеат во „кутија“, оттаму и називот Living In A Box.

Групата Living In A Box некои ја категоризираа во стилот sophisti-pop. Тоа беа поп групи во доцните 80-ти со нешто пософистициран и поиспеглан звук и имиџ од оние вообичаените тралалајки и вклучуваа: „бела“ варијанта на црнечкиот r’n'b и soul (т.н. blue eyed soul), понекад и малце jazz, soft rock, funk, синтисајзери и дувачки секции. Такви беа (барем во одредена фаза) и артистите: Simply Red, Level 42, Johnny Hates Jazz, Aztec Camera, Scritti Politti, The Beautiful South, Everything But The Girl, Swing Out Sister, The Blow Monkeys, When in Rome и др. Дали one-hit wonder-от Living In A Box може да се тури у иста кутија со некои од горенаведените, не знам баш, но како и да е, еве ги со својот најголем хит Living In A Box од албумот Living In A Box, а и некои други, помалку познати песни од групата Living In A Box.

Клик на наслов за преглед, разглеј списак со клизач десно

livinginaboxdenes

Членовите на Living In A Box во денешни дни