pikaso zena skopje

Перо Камиказа, Љац, Бајруш Мјаку и Кили у Наџак: „Што чуден човек, се договараме ќе идеме кај него на кафе-мафе, чики-мики и глеј ш’о праи? Па знаеме ш’о му е, будала светска. Она иде лево-десно, се растура од дупење, а он се праи мутав, ја сака. Она се дупи, а он пати“. „Пикасо“ најбољи филм у свет. Скопски урбан живот лејт ејтиз у СР Македонија.

Петар Георгиевски звани Камиказа (екс-басиста у Меморија) е Огнен у јакна „меклаудка“, студира право, има добро ауто (голф) и добра музика у аутото, али пати (меѓудругото и) ради бившата Ана, студентка по сликарство из Ниша („она се дупи, а он пати“). Навечер искача у „Продор“, а касно ноќе коа е све затворено купуе за пиење и цигари у „Драгстор“ у Трговски (едина радња која тогаш работела касно). Живее у Тафталиџе кец карши интернатот Здравко Цветковски. Другар му е Чарли (Владимир Ендровски – Љац ). Бајруш Мјаку е професор на Ликовната академија у Сули Ан кај што студира Ана и им се пушта таму на пичките, а Кили е бараба праи фрки на журки.

Бранко Ѓорчев е газда на кафичот (снимано у Наџак у Дебар Маало), пушта музика од касети на металик дек, вика: „Абе Чарли, пари, пари, сите ми ги бројат парите, а никој не прашуе колку работам. Мислиш лесно ваков бизнис да држиш, а? Плукни-залепи. Па мора да набављаш па фалело ова, фалело она, па нема чаши, па купуј нови чаши. Па и не е само чаши, кај е струја, вода, ѓубретарина, социјално? Сите се свртеле против мене! А шо сум ја крив шо ми успеа? Ми тргна – ми тргна. Е кај се сеа оние одлични ученици? Голем ташак имале факултет, да не се нешо бољи од мене? Ќе ми дое овде ми праи муабет, сака да се огребе пијачка, не е проблем ќе му даам само нека не ми се праат мангупи. Еве ти си градско дете, да отидеш у државна кафана, поручиш пијачка и колку чекаш? Цел саат“. А Љац му вика „Ма пушти ги нека јадат гомна шо те боли. Сакаа мало стопанство еве им мало стопанство“.

Филмот у целост (околу саат време). Клик плеј и фулскрин доле десно и уживај.

 

 

Spoiler Warning! Не читај пред да го изглеаш!

Неколку занимљивости у везе со филмот: На Internet Movie Database фигурира као да е од 1987 год., а уствари е 1989 год., што се гледа не само по неговата одјавна шпица, но и по музиката употребена во него (напр. Bobby McFerrin – Don’t Worry Be Happy, Kylie Minogue & Jason Donovan – Especially for You и Плави Сафиру од Бајага, сите горенаведени се од 1988 год.).

Журката при крајот на филмот мислам дека се дешава у куќа на еден наш познат сликар у Сарај (корегирајте ако сум у грешка). Бар така ми се чини по платната на зидовите (Мазев ли е тоа, што ли?).

Сцената со крадењето на познатата слика на Пабло Пикасо – Глава на жена (подарок на славниот уметник за скопскиот Музеј на современа уметност по земјотресот во 1963 год.) е можеби инспирирана од вистинитата кражба, која се случила на 17 ноември 1971 год. Била пуштена потерница по Интерпол, по што сликата е откриена на 21 април 1972 год. на аеродромот во Франкфурт, скриена во багажот на мешовита група Југословени и Германци.

Клик за зголемено: Печатот јавува дека е најдена сликата на Пикасо украдена во Скопје, 1972 г.