backtotheeight

Моето детство во осумдесеттите покрај култните компјутери Commodore 64 и Spectrum 48, како и акционите и научно-фантастични филмови (Повратак Џедаја, Повратак у Будучност, Рамбо, Џејмс Бонд..) го одбележаа и многу генијални поп, рок и електронски траки и се разбира музичките спотови, кои доживеаја експанзија во таа декада. Всушност, правилно би било да се каже: илјада деветстотини осумдесеттите години, затоа што „осумдесеттите“ се први век од нашата ера (ако гледаш според Христовото раѓање, а ако гледаш според Хиџрата, тогаш испаѓа нешто сосема друго, но да не комплицираме).

Заслужни за промоцијата на таа добра музика беа тогаш тазе создадената MTV, која некогаш нешто значеше, за разлика од ова ѓубре денес, како и култното ТВ шоу на BBC, Top of The Pops. Нејзин клон во бившата СФР Југославија тогаш беше Хит Месеца на белградската ТВ со шармантната водителка Дуца Марковиќ. На екраните на тогашната ТВ Скопје се вртеше Ква-Ква Топ со Кире Печијаревски (со брк), во која гледачите испраќаа купони за гласање од сега непостоечкото списание Екран, инаку издание на НИП Нова Македонија (која некогаш беше озбилна куќа, на што личи ова сега?), како и емисиите Рок Подиум и Видео Метроном (вторава, со Вера Јанковиќ во својство на водител). На радио брановите пак, познати емисии беа Радио урнебес, Диско селектор и др.

Не би било финта сеа да претставам некои општо познати 80′s теми од типот незнамти Мадона, Мајкл Џексон, Depeche Mode, Yazoo, Van Halen и сл. (иако сите ги уважувам). Од друга страна, не сакам да забегам у обратен екстрем и да стаам некоја тешка езотерија, алтернатива и андерграунд. Дај да се олабаиме. Затоа, се решив за нешто средно, некаков втор или трет „ешалон“, т.е. траки кои можеби биле хитови во своето време, но останале незаслужено подзаборавени (сеа која повеќе, која помалку) и некако турнати во втор, па и трет план. Значи, не говориме за тотални анонимуси, но…

Одиме најпрвин со еден одличен one-hit wonder кој грмеше од радијата во 1984 година, која нималку не беше Орвеловска, барем за слободниот дел од светот. Ова е школски пример како треба да се праи квалитетен и catchy летен поп хит. Рефренов и пискавиов глас на пејачот ми се врежа во памтењето и со децении ми ѕунеше во ушите, а со оглед дека чоеков и не е нешто битен и влијателен во музичката историја, одамна сум го заборавил. Поминаа години, се појави и интернетот, па душа ми излезе додека ја идентификував песнава. Ќе кажете, па просто е, прогуглај зборови и фрази од текстот и кај и да е, ќе се појави. Абе да, но сепак не беше така просто дур ја уловив. Песнава инаку доживеа и преработка во 90-те, но не беше нешто и помина онака безвезе.

Кик на наслов за преглед

Ако она погоре ви беше премногу тралалајка, одиме со нешто малце поозбилно. Heaven 17, британски synth-pop бенд, формиран во Шефилд 1980 год., во чиј состав имаше членови од поистакнатите The Human League. На пошироката публика групава и’ е веројатно позната по хитот Temptation, додека оние политички ангажираните би требало да ја знаат We Don’t Need This Fascist Groove Thang (такви беа 80-тите, политички ангажирани, побуна против Тачер, Реган и сл.). Но сега одиме со нешто по релаксирано. Темата Come Live With Me и спот кој „мириса“ на тогаш актуелниот нов романтизам (иако не знам дали бендот ја прифаќал оваа етикета). Снимен е во 1983 година во (чинам) Париз у некаков џејмс бондовски стил. Префинето нешто, аристократски. Режијата е на белгијанецот Жан Пјер Беркманс. Инаку, да нема забуни, во деведесеттите имаше група со слично име, East 17, но стилски беше нешто сосема друго, некаков teenage bubble gum pop.

Heaven 17 - Come Live With Me

Преминуеме на гитари: американската rock и power pop група Tommy Tutone. Тоа е име на групата, а не на вокалистот, како што обично се мисли. Неговото име, инаку, е Tommy Heath. Го слушаме нивниот хит, објавен во 1981, чиј заразен рефрен е всушност телефонски број: 867-5309 или на англиски ејт – сикс – севн – фајв – фри – оу- нааајн (пушти видеото и повтарај к’о мантра). Тоа е бројот на згодната Џени, која главниот протагонист на песнава се обидува да ја освои. Како што и претпоставивте, кога песнава била хит, илјадници млади американци го вртеле бројов барајќи ја Џени :-) Слично нешто се случуваше и кај нас по објавувањето на песната 223-305 на Драган Мијалковски со славниот рефрен „на два два три три нула пет те чекам драга јави се“. Урбаната легенда вели дека илјадници девојки вртеле на 223-305 барајќи го Драган Мијалковски, но од другата страна се јавувал некој постар чичко и се нервирал моооре мамичето ваше @#$%“ За да нема забуни, во тоа време во Скопје имаше шестоцифрени телефонски броеви (и немаше caller id, па имаше заебавања по телефон „ало? држ га мало“ и сл.). У секој случај, срам да им е на Tommy Tutone што ја украле идејата за рефрен во форма на тел. број од Драган Мијалковски (а зар е можно да било обратно? ;) )

Tommy Tutone - 867-5309/Jenny

Во исто време, од другата страна на „барата“ функционираше групата Squeeze (судејќи по имево, ним „им стиска“). Формирани се во Лондон при крајот на 70-тите. Во своите почетоци беа new wave група, но оваа трака конкретно има blue eyed soul / rhythm and blues шмек. Белец со назален глас на црнец. Прекрасна ствар од албумот East Side Story (1981), кој го имам на плоча. Еден од продуцентите е и славниот херој на новиот бран, Елвис Костело. Soul / R’n'B ствари во тоа време особено избацуваа и The Jam (напр. славната Town Called Malice), потоа и The Style Council, The Clash пак ја имаа Hitsville UK, примери уште многу. Ааај ма соооууЛ меен. Тејк ми ту д бриџ, тејк ми ту д бриџ…

Squeeze - Tempted

Кој вели дека рокенрол е само мушка работа? Обожавам женски бендови, па за крај да претставиме и еден таков (се знае, жена на крај! У кујна! Се зезам ;) ) Што е за право, Voice of the Beehive не е all-female band, односно не е со целосно женски састав, но сепак нејзините вокалистки се во прв план. Тоа се сестрите Трејси Брин и Мелиса Брук Беланд од Калифорнија, САД. Од мушките членови на бендот, кои се Британци, ни глас да чуеш. Еден од нив е луцкастиот тапанар, кој „праи фаци“ во спотов, а тоа е Дењул Вудгејт (така моите роднини – печалбари од Австралија ги пишуваа англиските имиња: Дењул, Елекзенда, Дајвид, Пида и сл.). Вудгејт е инаку го знаете како член на култните Madness (кои патем ги глеав на Exit 09 но тоа е друга тема). Оваа песна, како и првонаведената во овој текст, ми извади душа додека ја идентификував. Нејзиниот спот го фатив на ТВ негде 1988 година и веднаш бев освоен од добрите хармонии, но за жал го изумив насловот и изведувачот. Кога години подоцна успеав да ја идентификувам, интернетот се’ уште беше во пелени (dial-up) и тешко беше да се симињаат музики и видеа, па морав да си го нарачам од странство оригиналното цд. За жал, останатите траки на албумот не беа толку catchy како оваа генијална ствар чиј наслов е Don’t Call Me Baby.

Клик на наслов за преглед

Копањето по музичката историја со ова не завршува, ќе стегнеме и неколку продужетоци. Ќе има и volume two, volume three, volume four, volume five (Том Петти, get it?).