Вашиот репортер ВББ во Украина

Една од целите на мојот серијал патеписи од Украина (и општо од екс-СССР) е да се надминат предрасудите за тој дел од светот, кои се присутни кај некои наши сограѓани. Пред извесно време ме изнервира една репортажа од Украина, објавена на off.net.mk кај Трендо, затоа што ми се виде потценувачка и полна со стереотипи („Украина е земја на проститутки, беда, пијандури, две червени“ и сл.) .

Авторот, Константин Петровски од Битола, ми замери што преостро сум го критикувал. Морав да му признаам дека е во право. Тој немал намера да ја потцени таа земја, во што се уверив со повторно читање на текстот, но овојпат со студена глава. Чоекот пишал за она што го видел, без разлика дали тоа било позитивно или негативно, но јас сум се фатил поише за второво. Од каде таа пречувствителност кај мене?

Трагачите по евтина егзотика и медиумите прикажуваат само вакви сцени од Украина. Си има тоа драж, но зошто не говорат и за нејзините убавини? Вакви аута таму се веќе ретки. Едвај го најдов.

Немам потекло од таа земја, па да и’ изигравам адвокат. Си има таа и добри и лоши страни како и секоја друга. Сум имал таму пријатни искуства и некои љубови, но имало и непријатности, заради кои буквално сум ја пцуел. И за едното и за другото јас избалансирано пишував во овој серијал. Но веќе стварно ми пукна од тие изверглани стереотипи за Украина кај нашиот обичен човек, кои се честопати промовирани и од медиумите.

Да ја земеме за пример Скриената камера на Зоран Павлов. Во некои од скечевите се појавуваа „проститутки“, кои се секогаш „од Украина“. Во еден од нив, Павлов, маскиран во полицаец (заради што беше приведен), запира возачи на автопат, барајќи од нив помош за да се разбере со група залутани, но сомнителни „украинки“. Притоа, тој им предлага на возачите да ги одведат „украинкиве“ некаде за да се „позабавуваат“.

Неам ништо против емисијата, а се знам и со еден од екипата, Исо (ако не сум го помешал со друг, држеше мини-маркет, испред кој дрмавме пиво панкери и металци, после стана таксист). Слични стереотипи сретнав и во емисијата Опуштено на Тони Михајловски и Дејан Матиќ – Део, кога им гостуваше Ноне Неделковска. Меѓу вообичаените заебанции, Ноне раскажуваше виц за тип кој „сакал да купи жена од Албанија“ или „од Украина“ – како што дофрли Дејан. Па тоа е само зезање – ќе речете. ОК, нека им биде, но сепак, тоа е стереотипизирање на цели нации.

Не сум некој politically correct душебрижник. Нека исмејава кој што сака, но кој кому навистина треба да се потсмева? Веројатно, оваа наша надменост спрема украинците е остаток од времињата кога жителите на неврзаната СФР Југославија уживале во поголема слобода и подобра економија во однос на онаа во СССР и Источниот блок. Можеби е и остаток од деведесеттите, кога Украина беше во многу тешка транзиција („две червени“). Но времињата се изменети. Време е нашиот човек да се погледне во огледало.

Читајќи ги моите изминати фото-репорти се соочивте со фактот дека Украина не’ јаде во многу аспекти: поседува огромна територија и население, преубави градови, плодни житници, развиена култура, индустрија, спорт, армија, излез на две мориња и прекрасни девојки.

Градовите како Киев, Харков, Одеса, Л’вов, Чернивци, Ивано-Франкивск, Севастопољ, Јалта и др. се супериорни во однос на нашите во секој поглед (архитектура, култура и традиција, инфраструктура, ноќен живот, шопинг..). Не знам дали Зоран Павлов прошетал по тие места, веројатно таму би се почувствувал како да е дојден од некое Свирипичино. Без навреда, само сум реален.

Киев плени со позлатените цркви, Западна Украина со австро-унгарските градови, кои се како Виена „во мало“. Запорожје нуди козачка историја, а Карпатите планински и етно-туризам. На Црно море можеш да видиш старогрчки локалитети, а има дури и места со ориентален шмек, напр. Бахчисарај, каде има џамии и палати на кримско- татарските канови. Никад чуо? Нормално, кога репортажите за Украина кои ти се нудат, говорат главно за беда, проститутки и алкоси! Пред убавите украински градови дури и нашава престолнина бледнее к’о задња паланка. Ни новокомпонираното и неавтентично шминкање Скопје 2014 не помага.

Украина беше и домаќин на Европското фудбалско првенство 2012. Кога ние ќе организираме настан од таков калибар? Таа поседува неколку големи модерни стадиони, кои беа користени за таа намена, а ние едвај скопскиов го опраивме. На планот на спортот Украина на светот му ги даде олимпискиот шампион Сергеј Бубка и боксерот Виталиј Кличко.

Патем, Зоран Павлов има богато искуство како во нашите, така и во балканските медиуми (Турција, Србија), па нека ги спореди со украинските. Во Украина има страотна продукција: скриени камери, серии, филмови, забавни и талент шоуа, документарци и сето тоа – домашно. Имаат свои еквиваленти на Sex and the City, Mythbusters, па и украински бренч на MTV итн. Зошто не пробуричкате во Youtube да видите нешто од тоа, наместо да гледате онакви „смешни“ клипчиња од Украина, во кои све е расуло, пијандури се слупуваат со аута или се тепаат по свадби?

Скантан бус к’о од „Ко то тамо пева“. Фанови на Борат и Кустурица се палат на ваква егзотика, но во Украина има и добри автобуси, инаку, зошто ги увезуваме? Што не ги праиме сами во ФАС?

Да не ја навредам и гореспоменатата Ноне, ама таа е од Велес, кој за жал, е симбол на пропаста на нашата економија. Во Украина има рударско-индустриски градови к’о Доњецк или Луганск, кои се малтене Лондон и Париз во однос на Велес. Дури и паланката Лисичанск е појам за него, така иде зборот.

Не се потсмевам со Велес, тој ми е драг, од таму ми беше едната баба. Роднина ми беше и славниот велешанец, Борис Мајсторов. Но, објективноста пред се’. Треба ли јас сега во Украина да им ги однесам филмовите Јас сум од Титов Велес или Илузија во кои е претставена тажната состојба на тој град, па да ни се смеат и да речат „а да си купиме жени во Велес“?

Баш да чепнеме и како украинците не’ гледаат нас. Некои од нив воопшто и не не’ гледаат, им треба лупа да не’ најдат на мапа. Повеќето имаат основни знаења од типот „Република Македонија е братска словенска и православна земја, била дел од ex-YU“ и толку. Односот кон нашиот човек таму е главно срдечен и пријателски, али не очекуј да паѓаат у несвест и да ти се клањаат у стилу „О, чеда Александрови!“. Не си ја потценувам Татковината, но да бидеме реални дека не сме центар на универзумот.

Кога неодамна на украинците привремено им укинавме визи, по нивните сајтови шеговито коментираа „Што е следно? Сомалија ќе ни укине визи?!“. Не дека се против нас, таман посла! Просто, не сме претерано позната или посакувана дестинација. Тие обично летуваат на своето Црно и Азовско море, а во странство во Турција или Египет, па нормално, тие би сакале да падне „Шенгенскиот ѕид“, за слободно да прошетаат и по Шпанија, Франција, Италија. Тоа и сега го прават, но мораат преку агенции. Поимотни украинци ќе најдеш и во Тајланд, Гоа, Дубаи, Сејшели. Не е Охрид wet dream на украинскиот турист. Велешко езеро још мање.

Ако украинците се саде јад и беда, зошто толку туристички земји се борат да го привлечат тој пазар? Реклама за Црна Гора.

Украинците може не се богаташи, но тоа е 45 милионски туристички пазар. Ние сакаме тој да летува кај нас, а не патат тие да ни дојдат. Визи им укинаа и Црна Гора, Хрватска и Албанија, а Грција направи одредени олеснувања, па изборот им станува поголем. Убави се нашите Охрид, Крушево, Галичник или Стоби кај Велес, навистина им се бендисаа на украинците, на кои им ги покажував. Но не сме топ туристичка сила, немаме тропски острови и плажи, пирамиди, Лувр, Кинески ѕид.

И тие малубројни украинци, кои сакаат да не’ посетат, се судираат со непостоењето на директ летови. Од друга страна, чартер летови до Анталија, Шарм Ел Шеик, Бургас, Ираклион, Барселона, Тиват или Сплит има речиси од секој украински град (замисли Велес да има меѓународен аеродром, сајнс фикшн! Eдвај во Скопје напраија асален).

Кога веќе ја спомнав Ноне, да ги споредиме нашите пејачи со нивните колеги во Украина. Таа увелико не’ шиша и на план на естрадата. Иако нивниот саунд нам ни звучи кичасто, тамошните ѕвезди се обраќаат на 45 милионска публика, а ако запејат и на руски, можат да се пласираат и на поширокиот екс-советски пазар (Русија, Белорусија итн.). Тоа се уште стотици милиони слушатели, голем кеш, приватни авиони, шмркање кока, силиконски плавуши у џакузи. А нашиве „ви-ај-пи“ ѕвезди ги глеаш се држат у автобус. Украина имаше и победа на Евровизија (иако тоа е главно лигав и шунд фестивал, сепак е успех). Да не зборам за украинската underground сцена, има миљон бендови од сите можни стилови: панк, метал итн.

Екс-југословенскиот поп и рок беше далеку поквалитетен од нивниот, но сега нашите ѕвезди „зајмат“ песни од украинските. Например, Тајна отровна на Владо Јаневски е Позови меня с собой на луганчанката Татјана Сњежина, Напрај место е всушност Нет мне места в твоем сердце на романката од Западна Украина, Софија Ротару, а Јас и ти на Дуле и Коки е Солдат од харковската реге група 5nizza (Пјатница).

Злонамерникот тука гледа „алкоси пред изљупен соц-реалистички мурал“, а добронамерниот – плакат за Џо Лин Тарнер (Deep Purple, Rainbow). Во Украина гостуваат и Стоунси, Макартни, Стинг, Мадона, Бијонсе и Ријана. Кога ќе дојдат кај нас?

Исто така би сакал да ја запрашам Ноне, како девојка од внатрешноста, нема ли во скопските студентски домови нејзини врснички, кои ги продаваат своите тела? Ма јок, тоа само во Албанија, Украина, Молдавија… сегде, само не кај нас ;) Во својот патепис, Константин Петровски ни покажува визит карти од украински проститутки, а тука пред нос имаме наши. Со таа разлика, што кај нас има двоен морал, а во Украина бар е јавно. Платиш – јебеш, и то какви риби! Не к’о беззубине баби пред МТВ. Моеш да си најдеш и фина пристојна украинка за нешто посериозно. Не џабе илјадници мажи од Запад токму таму трагаат по брачен партнер. Значи Украина не’ шие и за жени.

Понатаму, Петровски ни раскажува за некакво запуштено комуњарско одмаралиште, во кое бил сместен. Како што и самиот признава, и кај нас има слични (напр. Бунец), па што сме ние поарни? Во Украина, втора по величина држава во Европа, нормално дека ќе се најдат и такви грди места, но има и хотели на море со 5 звезди, наш проблем е што не можеме да си ги дозволиме.

Константин детално ни опишува и некаков чучавец, кој се поплавувал кад пустиш воду да говна оду. Му велам, знаеш ли каде го имам сретнато најгрозното јавно WC у свет? Во твојот град, Битола. Таму пристигнав со бившата девојка од Русија, одејќи на одмор во село Ѓавато и да немаше таа доблест, ќе го сликаше вецето и ќе го пуштеше по нивните соц. мрежи (Вконтакте, Одноклассники). Таму ќе го видеа милиони читатели од сиот екс-СССР, ќе помислеа дека во Битола живеат животни, а не луѓе.

Ништо против Битола, имам жица од тој крај, само дадов пример за тоа дека не сме најубавите, напаметните, најпедантните итн. Неми селути Коста (изговори го ова по битолски), да се поштоваме – како што велиш, но просто ми пукна од тие стереотипи за Украина и од таа наша смешна надменост, па затоа и пребурно изреагирав. А дека во Украина има негативности – сиромаштија, криминал, корупција, проституција и разни други социо- политички проблеми, тоа не е спорно (ѓоамити кај нас нема).

Не спорам дека кај нас (па и пошироко низ Европа и светот) има проститутки од Украина. Ама тие, колку и да се на број, не ја претставуваат целата таа 45 милионска нација. Дали е во ред заради некој криминалец од Танушевци или Зајас, кој „оперира“ во Швицарска, швајцарците да кажат дека сме земја на бандити, дилери и макроа? Или пак, фејк азиланти? Во Украина навистина може да се најдат „лесни“ жени, кои се растураат „к’о фоки“ јал за пари, јал без пари, ама сум имал таму и цури, кои пред мене мушко не ги пипнало. И тоа преубави и ужасно паметни.

Предупредување во воз. Не спорам дека во Украина има проблеми, алкохолизмот е еден од нив. Но зошто само за тоа се говори?

Признавам, странскиот турист во Украина може да се судри со разни проблеми: лоша услуга, непознавање на англискиот кај украинците, пијандури, преваранти и корумпирани полицајци, а може да биде и опљачкан или пребијен. Само Киев со своите 3 милиони има повеќе жители од целата наша држава, па нормално дека има секакви луѓе. Но срања можат да ти се десат и во Њујорк или Лос Анџелес, а богами и у Охриду умирају у кафански тучи или бродоломи. За меѓуетничките конфликти кај нас поарно ич да не почнувам!

Околу негативните страни на Украина толку многу е пишувано, да е веќе стварно заморно. Може ли еднаш да се чуе и нешто убаво? Некои западни медиуми тенденциозно шират такви грди стереотипи. Например, глеаш репортажа на CNN од екс-СССР и намерно све снимаат пијандури, курви, наркомани, криминалци, екстремисти и као „ете драги гледачи, овде е све крш, тоа не се луѓе“.

И докурца више од оние „срцепарателни“ филмови к’о Lilya 4-Ever на Лукас Модисон. Не дека филмот е лош, тој најискрено ме потресе! Али преку Тасета бре више! На екс-советските простори живеат и сосема нормални семејства, не е све „таткото и мајката пијандури, синот наркоман, ќерката курва“.

До кој степен медиумите ги шират тие стереотипи: Новозеландско радио организирало наградна игра под наслов Win a Wife, со главна премија – жена од Украина! Добитникот би отпатувал за Украина, каде преку брачна агенција би запознал потенцијална невеста. Намерата им била добра, но не и начинот на кој тоа било претставено: „Честитки! Добивте жена! Подигнете си ја во Украина!“. Као да е вреќа компири, а не човечко суштество.

Среќниот добитник беше извесниот Грег Морган, кому на аеродромот во Доњецк му беше подготвен соодветен дочек: гневни активистки на ФЕМЕН спремни да го линчуваат! Не сум про-феминист и нивен поддржувач, но би можел да ги сфатам. Им пукнало бре! Но не го фатија, тој успеал да им се шмугне и да си најде невеста (цурата није нешто, ама ни он не е поарен). Иако заврши со хепиенд, сторијава имаше прилично лош тон и ја разбранува украинската и новозеландската јавност.

Ина Шевченко од Фемен го сачекуе новозеландскиот младожења (преземено фото)

Кога сме кај странските посетители, има и такви, кои наместо да се вратат од Украина со фотки од убави градови, села, музеи и пејзажи, сликаат скантани лади, бабушка со кошница од која вири гуска, пијандура која се кези без зубче, чучавци у распаднато одмаралиште…. Јес’ да и тоа си има свој шарм ала Кустурица, Фелини или Алан Форд, но со тоа тие намерно или ненамерно шират стереотипи за таа земја. Некои таа „евтина егзотика“ и добро ја продаваат.

Доаѓаат такви странци и кај нас. Го глеале например Шампионите на Шутка и доаѓаат да ги посетат нашите Роми, но ниту ги интересира Есма, ниту Кочани Оркестар, а намерно бараат сулуда „егзотика“ у фазон на Борат, ако ме разбирате. Не е грев да се прикажат и не баш сјајните страни на една земја. Па и претерано идеализирање или метење на проблемите под тепих не е на арно. Но дајте некаков баланс.

Се надевам никој не се навреди од овој текст. Не сме ние лош народ и земја, само треба да сме објективни. Бидете ми сите поздравени, па се читаме во следниот дел од овој патеписен серијал. Балансиран, како и секогаш, разбира се.