Видео споредба: мои снимки од местата во кои бегам од Скопје.

Ова е секвел на сторијата „Извикан град“, во која говорев за култовите кои се ствараат за Скопје. Ај што Запад е бољи од нас, но кога ќе видиш дека нè јаде и Истокот (кој не е баш демократски или просперитетен), сфаќаш до кое дереџе сме паднале. Често идам у Русија и Украина. Едната најголема земја у свет, а другата у Европа. Околу тоа пишувам травелози, а нови допрва следат. Некад, ние сме биле неврзаните Југословени, со либерален социјализам и боља економија, но како што на шега рече еден познаник: „Сега тие се СФРЈ, а ние сме СССР“.

Нашите стари некад изигравале „Американци“ у СССР, со фармерки и други стоки, кои таму биле дефицитарни, но ако говориме за високата култура (градби, музеи, театар, балет), тие земји биле отсекогаш супериорни у однос на нас. Они имаат барок клесан од француски и италијански мајстори по нарачка на некој император, а не овој кич СК2014 на нашиов Пајо Патор. Таму идам у градови кои ми нудат стара и автентична архитектура, па и нова, ако е интересна, како и галерии со платна на стари мајстори и девојки 100 пути бољи од нашиве. И покрај разните проблеми, напредокот на економски план таму е евидентен.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Клик на сликата за зголемено: Тоа не е СК2014, туку Петергоф, рускиот Версај.

Најомилен ми е Санкт Петербург. И Ростов на Дону дека таму имав цура 4 години. Но и усред Сибир и Урал има места у многу нешта бољи од нашиве (Новосибирск, Јекатеринбург), а и во украинската провинција (Одеса, Харков, Лавов, Черновци и др.). Ма каква провинција, за СК тоа е појам! Пред војните, дури и Донецк и Луганск беа „Париз“ за нашите паланки.

Не дека таму сè е идеално! За жал, деспотизмот и империјализмот во Русија имаат богата традиција (Иван Грозни, Стаљин итн.). Њемцов го убија, а Савченко и многу други се во затвор. Стандардот е подобрен, но пак е далеку под западниот. Украина пак, е подемократска, но таа увек била нестабилна. И во обете има корупција и јавашлук. Земји со толкави ресурси би требало да бидат „Америка“, но во напредокот таму ужива само една мала средна класа од поголемите места. Сепак, тој е евидентен. Дури и во вакви никакви услови на санкции, конфликти и сл., тие пак се бољи од нас у многу аспекти.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Петергоф, Русија, со Финскиот залив во позадина.

Ми се свиѓа што таму сум слободен од скопските клишеа. Не мора да искачам кајшто не ми се свиѓа, да играм со сила до 3 и да се гурам со дибеци и џанаци. Кај нас, тоа е забавата, друго нема. Не да напаѓам некого, но просто, треба да имаме плурализам у понудата. Таму не се замараат толку со ноќниот живот, а кај нас тој е религија. У СК сите се диџеи! Од Шурбе, па до син му на претседателот! Абе ОК е тоа, ама у СК се створи таква психологија да малтене секое друго занимање е “uncool”. Луѓе, па некој треба да праи кифли и да поправа фрижидери, не е тоа срамота. Не е животот една продужена журка.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Со Петар и Јекатерина Велики во Санкт Петербург.

Таму има секакви клубови: елитни, техно, рок, хипстерски, еротски, тематски, но ја у нив не идам. Прво, таму има и други начини да се забављам и социјализирам, а второ, Москва има 12 мил., Петербург 5 мил., Киев 3 мил., а Харков 1,5 мил. жители и животот таму одзема многу пари, време и енергија, па за искачања не останува многу. Голем број млади си легнуваат у 10. „Еј, ама се затуцани“ – ќе речеш. Не, тоа е прав велеградски живот (сум го среќавал и на Запад).

Тој момак или цура мора да стане у 5, да фати трамвај, тролеј или маршрутка (микробус) до најблиското метро, па да патува полсаат-саат до работа или факс. Чак и да има кола, проблем се т.н. пробки (гужви), а таксито е изгор. Потоа, работа или предавања, па фитнес, курс сликарство, латино танци или кого што занима. И на крај, враќање дома и паѓање у кревет. Тоа ти е као да живееш у Велес, а работиш или учиш у СК. Епа како се забавуваат? Има пун курац содржини какви што у СК нема.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Северна Венеција: Санкт Петербург, Русија.

Збориме за убави градови. Работа ќе заврши и шетња по улица, парк, музеј. По пут ќе видиш и баскери и брејкденсери. Има и јаки ивенти по плоштади: Макартни има настапувано усред Москва; Стоунси, Мадона и Стинг усред Петербург; Елтон Џон усред Киев; Queen усред Харков; a од тоа се издадени и лајв албуми. Има и големи реки со средени кејови и екскурзии со бродови, а и приморски места. Не ви е тоа говњивиот Вардар. Но треба да се одбере добро време од годината.

Онлајн дејтингот е развиен, може да си уговорам састанак со цурица. Ќе пиеме кафе у рандом локал без да се замараме дали бил ваков или таков. Не е обавезно таа да биде од алтернативните кругови (во каквишто се движам у СК). Може и да слуша некој нивен Тоше, јеботе. Девојчиња топ: фаца, цице, г’зе, има и страшно начитани, креативни, волшебни. Им покажував слики на познаници у СК, останаа зинати. Сеа, не е све увек така просто, но ипак, дејтингот таму е бољи.

Војводата Ришеље, основачот на Одеса, Украина.

Може и да глеаме филм. Имаат јака продукција. У големите градови, секое Маџари има Сити мол со 3D кино, куглана, клизалиште. Забавата и шопингот се децентрализирани, па ти не мора да идеш у центар, него кај ти е блиску. Има и развиен онлајн шопинг. И театри и циркуси. Секако, имаат и алт-култура, и појака од нашата.

Има еден 103-каш пушта музика у „Ла Кања“ у Чаршија, како го викаа на П беше… Пинокио или не знам, кој е убеден дека „жижата на настаните“ е таму кајшто е он и дека цел свет „пати“ да му дое на журка. Еднаш ми кењаше: „Ја коа пуштам тука врие пички, а ти коа пушташ нема никој ња-ња“. Неам ништо против кафаната, ал’ таа е 2 на 2 и едвај преживува, а во неа баш нема многу гламурозни „пички“. Типот мисли дека е диџеј у Студио 54 у Њујорк и дека публика му се Ворхол и Бјанка Џегер. Умисленоста на скопскава алтернатива и замарањето со небитни ствари више забегуе у инфантилност. А светот си живее и не се замара со нас. Остај Западот, туку одамна и Истокот. И бољи бендови гледа од нас, и бољи „пички“ шета итн.

Хотел Ливерпул во Донецк, Украина, пред војната.

Истиот тој, речи го де… Пинокио или како беше, ми тврдеше дека „многу значајни фаци од Запад се женеле за Скопјанки“, затоа што биле „згодни и софистицирани“, за разлика од енглескине или германскине „крави“. Кој булшит. Ја ќе ти наведам куп светски ѕвезди со партнерки од екс-СССР: Мел Гибсон и Оксана Григориева, Кристијано Роналдо и Ирина Шајк, Рони Вуд од Стоунси и Јекатерина Иванова, Енрике Иглесијас и Ана Курникова, Лук Бесон и Мила Јовович, британскиот аристократ Џастин Портман и Наталија Водјанова, Мики Рурк и Елена Кулецкаја, а после се спанџа со Анастасија Макаренко итн. Кој го измисли тој култ за скопските цури? Чест на исклучоци, тие никад не котирале нигде.

Михајловскиот собор, Киев, Украина.

Единствен познат скопски зет бил Боби Фарел од петпарачкана група Boney M. Жена му била Јасмина Шабан од Шутка, со која се упознал у Германија. При една караница, типов ја полил со бензин и ја запалил, едвај преживеала. Ете колку бил задоволен од неа хех. У СК он не живеел, нит творел, само свадбата му била у Континентал. Тогаш, некој го гаѓал со лепче и му ја укењал свадбата. Сирот чоек, си рекол кај дојдов у пм. Својата кариера и животот, тој ги заврши у мојот омилен руски град Петербург. У СК он нејќел чак ни да умре хех.

Во Новосибирск, неофицијалната престолнина на Сибир.

Слични митови има и за скопските мужи, демек „праеле ’ршум низ светов“. Имаме ние коњи за трка (уметници, спортисти), ама иди у странство, прашуј луѓе по улица дали чуле за нив, ќе креваат рамења. Не е све да потценувам, но за нив таму знаат само некои поупатени кругови. Не се они Елвис. И не се бави цел свет со нас.

Една познаничка ме праша, а што е со ЛГБТ луѓето у Русија? Неспорно е дека се малтретирани, но свесни сте дека имаат 100 пути поразвиена сцена од вашата? И дека има куп геј барови и сауни? Сеа, некои не работат експлицитно како „геј барови“, но тие тоа се. Па чак и у Белорусија праат некакви прајдови, додуша со муки. Такви луѓе има и на дејтинг сајтовите, апла пишуваат дека се геј, лезби или транс. Ја не сум по тој „спорт“, ама нека има плурализам.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Улични свирачи во Новосибирск, Русија.

И ќе ве прашам, каде се појавија лезбејското дуо t.A.T.u., Pussy Riot и Фемен? У вашето „просветлено“ СК или у Москва и Киев? И како тоа геј-иконата Елтон Џон сеа на 30-ти мај настапуе у хомофобната Русија? И знаете ли дека он настапил таму уште у 1979-та, у она тоталитарно време, кога странските гостувања биле реткост? Којзнае како го пуштиле, ама некако настапил. Ш’о не ви дое у СК? У СРЦ Кале.

Кога сме кај музиката, руските у украинските поп ѕвезди јес’ да се кичасти, ал’ млатат голем кеш. Кока, силикони, приватни авиони, екс-советска публика од 250 милиони. За некој таму да стане познат треба да се утепа од работа (или од пушење), не ви е тоа СК. Нашата сцена некад била супериорна у однос на нивната, но сега нашиве ѕвезди „зајмат“ песни од нивните. Вашиот Чаирски шармер напраи цела кариера со такви „позајмени“ песни. Ова е само наше СК, а хармониите сомнително руски. И уште амбасадор на културата ви го напраија.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Ѕид со графити посветен на Виктор Цој од групата Кино, во центарот на Москва.

У тие земји има и рок бендови од сите стилови, праат турнеи, топ спотови. Рокенролот во СССР бил репресиран, а кај нас тој бил далеку послободен, но не значи дека кај нив го немало. Па и тие имале свои „Штулиќи“, додуша у многу помека варијанта него кај нас. Усред Москва, на главната пешачка ул. Арбат, има ѕид со графити, посветен на Виктор Цој (1962-1990) од групата Кино, као некакво „светилиште“, кое чак ни авторитарната власт не се решава да го префарба. Е, тоа е урбана култура.

Некои музичари таму се етикетирани како „предавници“, заради нивниот антивоен став, напр. стариот рокер Макаревич и раперот Noize MC. Не е лесно, но и поред сите сопки, нивната сцена си тера, а нашава делуе јадно. Има таму луѓе кои се страшно креативни и упатени у музика, а и фанатични колекционери на плочи (никако лиценцни, строго оригинал од странство, прво издање). Најдов и новинари кои го интервјуирале Боуви кога бил таму у 1996-та и се сликале со него. Па пак не беа толку надмени к’о скопскиве алтернативци!

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Битлсот Ринго Стар во Санкт Петербург.

Ова ти кажуе дека и покрај сите притисоци, таму егзистира една урбана раја (неформали). Таа таму е малцинство, но е побројна него кај нас. Москва е 12 мил., 5% да се такви, тоа е 600,000, што за нас е астрономска цифра. Па тие земји увек имале алт-култура, откачени писатели, сликари или музичари: Хармс, Булгаков, Мајаковски, Маљевич, Висоцкиј и разни авангардисти, абсурдисти, футуристи. Имале и разни таму радикали: анархисти, нихилисти, декабристи итн. Па не сте измислиле све вие.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Елтон во провинцискиот град Краснодар. Хомофоби му напишале „геј“ на чело. Сепак, тој си настапува во Русија.

Факт е дека таму „накриво“ се гледа на секој оној што „штрчи“. Мнозинството таму е безлична сива маса, ментално заглавена у СССР. Сите исто шишани, немаштовито облечени у „шоферски“ кожњаци и „чичковски“ качкети, без свое „ја“ и со куп предрасуди. И не знаат англиски. У тој поглед СК е (или беше) далеку полиберално и покосмополитско, на што влијаела отвореноста на СФРЈ, а и нашето печалбарство. Но сепак, далеку е СК од нивните велеградови, било по убавина, по културна понуда итн.

Смешно е што свашта се дешава зад таа конзервативна фасадата на Русија. Например, проституцијата не е стигматизирана. Такви огласи се секојдневие и тоа не секогаш се прави заради голо преживување. Некои цури работат на еротски вебкам сајтови. Ја не сум користел такви услуги, но сум комуницирал со такви цури. Има меѓу нив сасвим нормални, не е тоа увек „бело робље“. Има и огласи за спонзоруши. А што е појам за „забава за возрасни“ кај нас? Оние краставине пред МТВ? У СК демек има елитна проституција, само никој не ја видел, јеботе.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Реклама за еротски бар во Русија.

У глобала, цурите на Истокот се послободни кога е во прашање голотијата. Таму некоја нормална цура може да си напраи голишав фотосет и да го закачи на соц. мрежи. Има и арти фотографи, суптилна еротика, со тематски сценографии. Има и порно. И многу изазовни облеки по улиците кога е топло.

Но не сите таму се разуздани. Сум имал и цури кои мушко не ги пипнало. Традиционалните се и најпријатни. Се облакаат женствено у фустанчиња, свират пијано, читаат поезија. Па ќе те упознае со нејзините, ќе зготви. Таквите беа гордост на тие земји, но за жал, со феминизмот и глобализацијата тие стануваат како Скопјанките. Ни премногу традиција, ни премногу вестернизација не е на арно.

Седиме друштво у една скопска кафана, им кажувам за овие работи. Еден наметлив лик ми го прекина муабетот, „мудро“ заклучувајќи дека ја лесно проаѓам кај тие жени, благодарејќи на „факторот на егзотика“. Кој шупак. Прво, тие не се лесни. Можда биле пред 30 години, кога странците таму биле ретки и кога економијата била лоша. Сега таму има да се окозиш дур упецаш нешто квалитетно. Поготово што си од гратче ш’о го нема на мапа, а и платата ти е 200 евра (ако си вработен). И која егзотика ти ќе ја понудиш? Ќе им ја покажеш зградана у Карпош IV кај што живееш? Или СК2014? Ни Охрид и Чаршија не се доволни. Егзотика у екс-СССР има да се напасеш. Во етно-религиозна и географска смисла, тоа е најшарен дел од светот.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Емигрант оди кајшто има пари: Централноазиски физиономии во Москва.

Милиони луѓе од сиот екс-СССР сега се слеваат во Москва по работа. За жал, тоа создава пренатрупаност, ксенофобија, криминални гета. На Москвичките веќе им е преку кур од егзотика у форма на Узбеки, Таџики и Дагестанци. Политичка коректност таму нема. Ако си многу „егзотичен“, ќе те легитимира милиција, зашто ќе мислат дека си чеченски бомбаш или работник „на црно“. Или ќе те пребијат расисти. Грдо, но проблеми веќе има и на Запад.

Емигрант оди кајшто има пари. Во Русија, платите се поголеми од нашиве (бар во големите места). Цените се изгор. Чоек што умира од глад не иде на одмор у Турска, Египет, Дубаи, Гоа и Тајланд, а руските и украинските туристи таму се толку одомаќени, што веќе има натписи на руски, а до таму имаат директ летови од секоја паланка. Ајфоните и ајпадите им се секојдневие, а лади и слични крнтии се реткост. Можда тоа се плаќа на рати, на кредити, но битно, има потрошувачка.

Една моја драга познаничка не е во тек со напредокот на тие земји, па добронамерно ме посоветува „да се пазам“ од цури, кои би можеле „да ме искористат“ за да се преселат тука. Абе душо, никој нејќе да се пресели у СК. Дури ни бегалцине од Блиски Исток, кои тука само ни транзитираат.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Краснодар, Русија.

А една наша политичарка пак, тресна дека младите ни емигрираат ради „невозвратена љубов“. Смешно е што такво нешто у светов навистина има. Некои традиционални момци од Запад се преселуваат у екс-СССР, каде си наоѓаат невести и отвораат фирми. Некои се разведени, изгубиле имот и пристап до децата и се разочарани од политиките у своите земји. Западот е сеа „Саудиска Арабија на феминизмот“ – да го парафразирам Асанж. Но нашите млади не бегаат од такви мотиви, туку затоа што немаме за леб, а трошиме на чоколада.

Кога сме кај храната, у Русија и Украина таа не е вкусна, а порциите се скржави и скапи. Нигде у свет нема да се најадеш така добро за мали пари како у СК! Таму за тие пари нема да ти дадат ни чаша вода (а од славина таму да пиеш не смееш ни под разно). Имаме ние свои квалитети, не велам не! Имаме полежерен начин на живот, убава природа, фолклор, вино и тутун, а во списокот, секако е и храната. Е, ама затоа, таму ги имаат сите кујни. Рецимо сакаш кур од офца, ти вади, има. Некои ресторани работат 24/7. У 3 ноќе можам да јадам узбечки ќебап, грузинско хачапури и тајландска супа. Суши барови има на секој чекор и одамна не се сматраат за „фенси егзотика“. Има и амерички стејк-барови. И емигранти од соседна Кина, кои отвараат свои ресторани. Мекдоналдс не го мирисам, но него таму го имаат у секое Драчево. У вашава „метропола“ не остана ни еден. Тоа дека ве бива за бизнис. Затоа ви пропадна и единиот хипермаркет. А и народот ви има пари.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Крај џамијата во Казан, Татарстан.

Една цура таму ме однесе у српски ресторан. Пљескавиците не им беа како кај нас, но има се, брате, може се. Ова не беше некој велеград, туку Краснодар, што не знаете кај е на мапа. Таму спиев у Хилтон хотел. У СК Хилтон нема и допрва ќе се отварал. Другар на цурава нè шеташе со ауто. Еден паметан, згодан, а стереотип е дека таму „сите се пијандури“. Глеам воланот од десно, аутово нарачано од Јапонија. Типов не е богаташ и ова е некој руски „Ресен“. Само ш’о тој има меѓународен аеродром, река со бродови, споменици и чуда. Таму имаат гостувано: Стинг, Placebo, Korn, Sepultura, The Offspring и др. Требаше и Елтон, но откажа у задњи момент. Краснодар е на козачкиот југ на Русија, со 830,000 жит. и таму е сматран за провинцијалски и “redneck” град (што у некои аспекти и е). Но после сè што ви раскажав, зар има вече село од СК?

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Казан, Татарстан.

Во Казан, Татарстан пак, една цура ме однесе у ресторан, одделен на повеќе соби за да може да се вечера во приватност. Секоја од нив си има врата, флет ТВ и звучки со музика, а келнерот се вика на копче. Има интересни идеи. Казан е бољи од СК. Има метро, меѓународен аеродром, пристаниште на Волга, музеи, убава тврдина, голема џамија и пешачка зона со кафичи и рок бендови. И еманципирани Татарки – муслиманки во мини сукњи. А вие уште го користите поимот „Татари“ како за нешто дивјачко. Вие самите сте дивљаци, живеете у лајна.