Централниот Плоштад на Ленин во Доњецк

Моите травелози низ Украина и бившиот СССР, овојпат ве водат во Доњецк, неформалната престолнина на Донбас, регион познат по богатите рудници со јаглен и по тешката индустрија, чија квадратура е отприлике колку три Републики Македонии. Од таму и неговиот назив, кој е скратеница од „Доњецки басен“. Првиот дел од називот доаѓа од Северски Доњец, најголемата река во регионот, а „басен“, се разбира, не се однесува на „место кај шо се бањаат луѓе“, а тоа е некој термин врзан со геологијата („рупа пуна јаглен“, да го ебам, не знам). Зборот „Донбас“ ми останал во сеќавање уште од лекциите на професорот по географија Васил Чочов во основно, тогаш не ни помислував дека еден ден ќе го посетам тој дел од светот. Во рамки на моите украински патешествија, Доњецк го имам посетено неколкупати, првпат во 2005-тата, последен пат лани, 2011.

По репортажите од прекрасните украински места како Киев, Харков или Одеса, ќе прашате што интересно може да има во еден рударски град? Прочитајте го текстов и разгледајте ги сликите, споредете го Доњецк со нашите рударски места како Пробиштип или Злетово, па после смејте и’ се на Украина до миле воље, само не знам кој кому треба да се потсмева (алудирам на еден потценувачки „патепис“ од Украина објавен на еден македонски портал).

Трговскиот центар „Доњецк сити“

Значи, најпрвин да разјасниме, Доњецк не е некое си таму Злетово (иако, се разбира, такви неугледни рударски гратчиња во Донбас има колку сакаш). Доњецк е пристоен град од скоро милион жители (петти по население во Украина), еден е од побитните во државата (главен град на Доњецката област) и заради своето развиено стопанство бил важен и на пошироките советски простори. Да потсетиме дека неодамна, Доњецк беше актуелен и во меѓународни рамки по тоа што таму се одиграа некои од натпреварите на овогодинешното Европско фудбалско првенство.

За таа намена, таму беше изграден стадионот Донбас Арена со капацитет од 50 и кусур илјади гледачи, а на неговото свечено отворање настапи светската поп ѕвезда Бијонсе. Стадионот инаку припаѓа на клубот Шахтјор Доњецк, во превод: „Рудар Доњецк“ („шахта“ е имено „рудник“). Со овој познат украински клуб, љубителите на фудбалот се сигурно запознаени. Јас да признам не сум еден од нив, во Доњецк ме одведоа други, неспортски причини, и тоа од женски пол. Сум имал по некои цури таму, како и во други краишта на Украина и Русија, за што ќе објаснам подоцна.

Артјома, главна артерија на Доњецк. Во првите години на неговото постоење, таа била негова единствена улица.

Моето прво пристигнување во Доњецк беше со автобус од Запорожје, за кое претходно пишував (иако низ бившиот СССР воглавно патував со возови, како што е таму вообичаено). Мислев дека ќе наидам на некоја тешка провинција од типот на Пробиштип, но Доњецк тогаш пријатно ме изненади со среденоста (барем на своето централно градско подрачје). Има тука се’ што е потребно за еден град кој држи до себе: хотели, кина, театри, музеи, споменици, универзитети, трговски центри, меѓународен аеродром и др. Уште малку фали, Доњецк да добие и свое метро, чија изградба е започната, но е заглавена заради недостаток на средства. На околу 100 километри јужно е и брегот на Азовското море, популарна дестинација за одмор на неговите жители. Но да не претерувам со хвалоспеви, сепак тој не е атрактивен како Киев, Харков, Одеса или Л’вов. Како рударско-индустриски град, тој за странскиот турист нема нешто претерано да понуди, па ден-два се сосема доволни да се разгледа се’ (освен ако не се налета на некоја цура, па да се заглаи поише).

Споменикот на украинскиот поет Тарас Шевченко со обласната администрација во позадина.

За моето прво патешествие по Украина во 2005 веќе раскажував во претходните делови на овој серијал: најпрвин брод Стамбол-Одеса преку Црно море, а потоа по сувоземен пат посетив и куп други места, при што Доњецк, кој се наоѓа на крајниот исток на Украина, ми беше последен град на маршрутата. Од тука, патувањето требаше да продолжи во соседна Русија, каде имав мисија од животно значење. Отаде границата, во рускиот град Ростов на Дону, со нетрпение ме чекаше една интересна девојка, со која со месеци комунициравме на нет. И нормално, на само чекор до мојата цел, све мораше да тргне наопачки! Не знам како успеав да ја загубам кредитната картица. Па кај баш сега?! Паники! Барај, барај, враќај се по радњи и кафичи каде што сум бил, нема. Барање по банкомати каде што сум вадел пари, џабе брат. К’о игла у пласт сено.

И’ пишувам смс на сестра ми, вака и вака работава, у Доњецк сум и воедно у дип шит. Вика дали имаш повратна карта? Викам ма каква повратна на чекор сум до важна цел, нема сеа враќање! Ама.. Нема ама! Сум дал збор и одам па нека падају чускије ш’о вика Дино Мерлин! Сестра ми отиде у банка, им кажа да ја блокираат картицава и ми испрати кеш по вестерн јунион. Кој ќе те спаси ако не сестра! Наоружан со $$$ можев комотно да го продолжам патувањето. К’о за беља баш тогаш снема слободни места на воз. Брееј све нешо „случајно“ испаѓа! Ајде добро, преспав уште една вечер во Доњецк, утредента идам на билетара викам има сеа карти? Има, колку сакаш? Цело купе! Данг пари. Како шо све тргна наопачки, морав да се осигурам дека при моето прво влегување во Русија нема да се најдам у купе со некоја пијандура или шверцер. Вечерта на раат тргнав на пат кон Ростов на Дону. Влезот во Русија беше без никакви компликации. Рано утрото на станицата на убавиот Ростов ме чекаше уште поубавото девојче. Тука започна 4 годишна врска, која иако не заврши пред матичар, сепак беше најголемата љубов во мојот живот. Бев во право што не се откажав и вредеше. Таа врска одамна заврши, подробно околу неа во некоја следна прилика кога ќе говориме за Русија.

Киното „Тарас Шевченко“

Драмскиот театар

Зградата на доњецката опера и балет

Оперско-балетска програма на официјалниот украински јазик (иако во секојдневието, во Доњецк доминира рускиот)

Во Доњецк се навраќав и во следните години. Лани например, пристигнав со авион преку Виена. Картата ја купив онлајн, ама од некои причини испадна да морав да мењам датум на враќање. Решив тоа да го средам непосредно пред летот, на шалтерот на аустриан ерлајнс на скопскиот аеродром. Викам вака и вака, ако може враќање на 13-ти мај, датумов у петок се паѓаше иначе. Типот се смее вика абе ај таму петок 13-ти, баксуз, дај ќе ти најдам друг датум. Се смеам и ја, викам ајде. Ч-к, ч-к буричкаше у конфљутер, најде слободно место на 12-ти, средивме све тоа, платив 50 евра колку што кошташе измената и тргнав на летот. Седејќи во авионот, онака фрлив поглед на картата, навистина повратниот лет ми беше на 12-ти, но пристигањето во Скопје беше после полноќ, т.е. на 13-ти. Нема бегање од баксузот…

Аеродромот во Доњецк не ми остави никаков впечаток. Со такси се упатив кон Ливерпул, тематски хотел посветен на Битлси! Откачено! Како што реков, Доњецк може не е некоја метропола, ама ете има по некои откачени урбани моменти. Ваков хотел у Скопје нема да видите. На влезот во Ливерпул ме дочекаа статуи на четворицата бушавци од истоимениот град, вооружени со своите инструменти, а внатре, на ѕидовите имаше мурали со нивните ликови. Имав букирано соба онлајн. Едвај најдов слободна! К’о за беља баш во тој период се одигруваше натпревар Шахтјор-Барселона. Сите хотели во градот беа дупке пуни. Шпански навијачи – миљон!

Хотелот Ливерпул

Статуи на Битлси пред хотелот

Ѕидни декорации со ликовите на Битлси

Чекам у ред пред рецепција. Црнец со кратки дредлокни, облечен у нешо дречаво се чек-аутира и враќа кључ. Рецепционерите му викаат чеј малце, сте пиеле од мини-барот, треба да платите. Му вадат тука сметка со петстомиљарди нули. Овој све маф да ти напраил, виски, вотки, пива, сокои… смук! Ама ја не знаев, мислев следуе бесплатно – се правда типов. Ама ова не е ол-инклузив хотел! – му враќа типката. Почиње расправија уау-уу. Еден од рецепционерите му вика „и ја ли сеа да ти плаќам?!“ ама на англиски „Ху ту пеј? Ми?!“. На крај типов од сите страни сардисан к’о Ѓорѓи Сугаре у Паралово вади некакви пари и вика аа btw може да добијам попуст? Не. И нишо, плати.

После него доаѓање на ред еден шпањолац. Делуеше озбилно, со цвикери, може спортски новинар, шо го знам. Дава отштампана резервација од нет, овие му кажуваат колку треба да плати. Овој уат?! Му викаат извинете господине, ама сеа цените се зголемени ради мечот. Шо бе зголемени?! Јас букирав по таа и таа цена, еве отштампано (им го бута лифчето у фаца путана мадре). Уау-уу почиња расправија. Почиње да се дере викај го директорот сунце вам лоповско лупа со бокс по шанак. Паре, паре, дупе вам је зинуло за паре! Ево вам за ваше хонде, за ваше колор телевизоре! (Пантиќ коа полудуе у Тесна кожа кецот). Кај моеш бе ти со шпанец, к’о тутуле-балиња подвиткаа опаши му викаат ај добро не мора да доплаќате. Типот се смири, мучос грацијас, зема кључ и отиде.

Насобраните граѓани пред хотелот Донбас Палас ги дочекуваат фудбалерите на Барселона

Како што веќе сум раскажувал, во нормалниот свет муштеријата е секогаш во право, но не и во екс-СССР. Односот кон него на тие простори знае да биде прилично лош. Ако сте неподготвени за тој менталитет, може да ви се огади цело патување. Тој свет не е за секого, освен за лудаци к’о мене. Морам да признаам дека веќе се забележуваат промени кон подобро, но сепак странскиот турист на тие простори се соочува со разни проблеми, недоразбирања, нељубезност, лоша услуга или сл.

Се потсетив на епизода од една претходна посета на Доњецк. Тогаш престојував во хотелот што е веднаш до железничката, ради тешкиот багаж. Тој проклет ранец од сто литра душа ми има вадено! Ама коа патуваш по месец-два мора да носиш доволно облеки. Ги вадам лом изгужвани, прашувам имате ли услуга за пеглање? Вика да. Ги давам. По некое време идам на рецепција, готово е? Оваа се дере „ПЕЈ! ПЕЈ! МАНИ! ДЕНГИ!“ вака ја глеам, праам онака со руките надоле ало бре невесто смири се шо кур ти е. Во други хотели пак сум имал сосема обратни искуства да бесплатно сум добивал услуги, кои инаку се плаќаат. Така ти е таму, туристот поминува низ топло-ладно. Нема средина.

Мојата соба во Ливерпул

Но да се навратиме на Ливерпул. Стигнав на ред, се чекирав, ми дадоа клуч, а портир у старинска униформа (нешо као Sgt. Pepper’s имиџ) ми го зема багажот и ме поведе со лифт до собата. Стигаме, може дечкото очекуеше „тип“, ама не ми текна да му даам. Шознам неаме такви амерички навики. А ова и не беше Лас Вегас па сеа да глумиме лудило. Типот онака стои и ќути и ти нишо, му викаш фала и затвараш врата. Се соблакам гол и легнуем. Бев тотално измрцварен.

Коа одеднаш „ЕЕЕ БЕЛАА КООЗААА НА-НА-НААА- НАЈ- НАААЈ- НАА“. Уат д фак?! Се разбудуем глеам нагоре, дојде и рефренот „ООО СООЛЕ МИОООО“. Некој тип пееше на горниот спрат. Ама профи! Павароти говна да јаде! Викам што е ова па сеа?! По некое време престана. Ај викам добро може некои од навијачиве се зезале. Почињем да спијам коа пак „ООО СОООЛЕ МИООО“. Па маму ти ебам све ти ебам! Тишина бре мајмуне! – се дерам. Не ме слуша. Вртам бесно у рецепција. Ало?! Викам вака и вака некој пее над мене ептен гласно. А вам тоа ви пречи?- прашува рецепционерот. Е не ебате! – се смеам. Дали у градот гостувал некој оперски пејач, стварно не знам, ал беше сулудо. Донецк како што веќе објаснив не е некое Свирипичино. Тој поседува и своја опера, балет и филхармонија, и е родно место на славниот украински оперски пејач, Анатолиј Соловјаненко (1932-1999). Можеби тенорот кој се слушаше од горниот спрат бил неговиот дух?!

Позлатена статуа на украинскиот оперски пејач, Анатолиј Соловјаненко во Доњецк. Интересно, презимево асоцира на украинскиот збор за славеј (Соловейко), птица која е воедно и еден од симболите на земјата.

Од кога се одморив, земав да прошетам по градот. Главна атракција е улицата посветена на „другарот“ Артјом (тајното име на бољшевичкиот револуционер Фјодор Сергеев, основач на Донецко-Криворожската Советска Република, краткотраен ентитет во времето на Граѓанската војна 1918-1921). Вдолж улицата се наоѓаат разни убави згради, продавници, кино сали, театри, библиотеки, разни споменици, кафулиња и најскапиот хотел во градот, Донбас Палас, во кој престојуваат високи гости (по 3 метра, се зезам) као напр. бизнисмени, дојдени заради рударството, политичари и естрадни ѕвезди (се вели дека тука биле гореспоменатата Бијонсе, Ријана, Мила Јовович и др.).

Тука наидов на гужва, имено, многу млади жители на градот се собраа да ги видат фудбалерите на Барселона, штракаа апарати и све тоа. Мекдоналдсот (фирма која инаку ја избегавам) беше препун со шпански навивачи. Нашарани во лицата, играат, пејат. Си најдов некоја локална сендвичара и таму кркнав (добра храна таму е реткост, но ова некако проаѓаше). По пат купив и украинска сим картичка од операторот МТС (кој има бранч и во соседна Русија), што вообичаено правам при секое доаѓање во земјата. Бројот ми завршуваше со 13-ка.

Протестен собир на про-руската и про-советска Народна опозиција на Наталија Витренко крај споменикот на Ленин во Доњецк. Вакви споменици сеуште стојат недопрени и во многу други градови.

Улицата Артјома води до центарот на градот, каде што се наоѓа плоштадот на Ленин, над кој доминира неговата сеуште негибната статуа. Подигната е во 1967 година, а во нејзиното подножје е закопана „временска капсула“ која содржи писмо до следните генерации од типот „ние пионерите од 1967 ги поздравуваме нашите другарчиња од иднината“ и сл. Било предвидено тоа свечено да се откопа во 2020 година и да се прочита на тогашната младина, како порака од минатите генерации. Пустите, мислеле дека Советскиот Сојуз ќе трае вечно. Но тој сеуште е жив во умовите и срцата на народот на рударскиот Донбас. Тешко на оној, кој во Доњецк би се осмелил да крене рака врз споменикот на Ленин, има да му се редат бригади јадри, длакави и испотени рудари. Така е тоа во Источна Украина. А во Западна – обратно, ќе те частат пиво. За овие општествено-политички јазови во тамошното општество веќе детално пишував во текстот Украинска страва.

Рударството и тешката индустрија на Донбас побудуваат соц-реалистички алузии, како оние од култниот спот на екс-ју групата Идоли, Маљчики, што беше тешка спрдачина на неврзаните југословени со советскиот соц-реализам ♫♪♪ Пламене зоре, буде ме из сна, фабричка јутра, дим из димњака. Песма се ори, млади радници, челична јутра, хитам фабрици… ♫♪♪ Тој соц-реалистички „филм“ во Донбас навистина бил и е сеуште присутен, но ескплоатацијата на јагленот таму започнала далеку пред комунизмот. Градот е основан во 1869 од страна на британскиот инжињер Џон Хјуз, кој дошол во Донбас, тогаш под власт на Руската Империја, заради бизнис во рударството. Градот најпрвин го носел неговото име, Јузово (според рускиот изговор на неговото презиме).

Подоцна, во советските времиња, градот е преименуван во Сталино, а по десталинизацијата на Хрушчов, тој го добива своето денешно име, Доњецк. Во некои негови делови можат да се сретнат одредени елементи од старата британска архитектура (например хотелот Велика Британија), но сепак тоа не го прави Доњецк нешто претерано атрактивен. По својот изглед тој не може да се мери со навистина убавите украински градови како Киев, Харков, Одеса, Л’вов и сл. За да нема збрка, град со исто име постои и во руската Ростовска област. Донбаскиот регион ги преминува границите на Украина и малку навлегува и во соседна Русија.

Поглед кон Спасо-Преображенскиот катедрален собор. Оригиналниот храм е урнат од страна на сталинистичките власти во 1933. Реконструиран е пред неколку години.

Во советските времиња, Донбас се развил во битен индустриски регион. „Индустријализација плус електрификација!“ со значајно кренат прст шпрехеше товариш Ленин. Тоа се идеали кои ги реализираше неговиот наследник, патолошкиот убица, Сталин. Ваков или онаков, на тие простори некои сеуште го ценат заради тоа што земјата ја издигна од заостаната, аграрна и полуфеудална во светска индустриска и воена сила, притоа избивајќи мал број на луѓе (само околу 20 милиона, права ситница).

Токму во сталинските времиња, Донбас се прославил по светот со Алексеј Стаханов, култниот рудар-рекордер, кој ископал незнамти колку тони јаглен за незнамти колку време. Типот не бил родум донбасчанец, а дојденец од Орјолската област на соседна Русија. Сепак тој својот работен век, па и своите коски ги остави во Донбас. Во тој крај на Украина има голем процент на етничко руско малцинство. Пандан на Стаханов во СФР Југославија беше босанскиот рудар Алија Сиротановиќ. Стаханов инаку падна како жртва на „стакан“ (во превод од руски: чаша). Имено, другарот Стаханов често другарувал со другарот Стакан по што починал од алкохолизам. Животот го заврши во рударскиот град Торез, именуван по еден познат француски комунистички деец.

Советски тенк – споменик посветен на Црвената армија од Втората Светска Војна

Рударско одликување

Рударско одликувањеРударско одликување Одликувања: Рударска слава, За донбаските рудници на јаглен и Херој на социјалистичкиот труд.

Сепак не треба да се потсмевам со ентузијазмот и трудот на овие луѓе. Многу од нив навистина верувале во комунизмот и не жалеле сили во неговата изградба, независно што тоа било злоупотребувано од комунистичката пропаганда (во стилот „ете гледате како СССР, мајката и таткото на сите угнетени пролетери, постигнува огромни успеси, утре Америка и Енглеска биќе земља пролетерска“ и сл.). Донбаските рудари биле славени небаре к’о антички богови, добивале разни државни одликувања („Херој на социјалистичкиот труд“, „Рударска слава“), по нив биле именувани градови, села и улици, за транзицијата во 90-те години жестоко да ги тресне од земја.

Стопанството стагнирало, животниот стандард паднал. Не дека обичниот рудар бил богаташ претходно, ама бар имал едно парче леб, некакво станче, скантан запорожец, летни одмаралишта и сл. Пристигнале и општествените болести како криминалот, проституцијата, дрогата. Токму во тој период се појавил Ринат Ахметов, познатиот украински олигарх и политичар од татарско потекло, кој вам можеби ви е познат како претседател на ФК Шахтјор. Многумина го поврзуваат со силната Доњецка мафија, со која наводно, врски имал и самиот претседател на Украина, Јанукович.

Матните 90-ти, падот на СССР сосе неговата економија и вредности, кај многу донбасчани предизвика силна носталгија по (за нив) старите добри советски времиња. Воедно, заради големото руско малцинство и доминацијата на рускиот јазик, присутни се и симпатии кон соседна Русија. Иако Доњецк се наоѓа во Украина, таму никој не говори украински. Доњецк е бастион на рускиот јазик и про-руските чувства, независно дали среде руското малцинство или про-руски ориентираните етнички украинци. Економската ситуација во регионот моментално не дека е идеална, но сепак нешто се работи, се слеваат некои домашни и странски инвестиции, па граѓаните на Доњецк, во зависност од квалификациите можат да постигнат и релативно пристоен животен стандард (сеа не к’о у Шведска де).

Во Донбас има повеќе градови, од чии имиња се насетува нивниот рударски карактер: Антрацит, Стаханов, Шахтјорск и др. Животот во нив, главно, е сив и депресивен. Монотонијата ја разбиваат единствено повремените рударски несреќи. По нивните запуштени улици, а и во самиот обласен центар, Доњецк, шета working class омладина, чиј имиџ воопшто не се разликува од оној на нивните татковци или дедовци – рудари. Тој имиџ можете да го сретнете не само во индустрискиот Донбас, но и насекаде низ екс-СССР, па дури и во еден светски мегалополис како што е Москва.

Сите овие млади луѓе се облекуваат во црно и тоа: црн шоферски кожњак негде до изнад колена е (штити од студ), на главата задолжителен црн олд скул качкет, црна ролка, црни кондури, кратка коса и толку. К’о војска, сите личат к’о јајце на јајце. Нема штрчење. Индивидуата е ништо, колективот е се’! Ако се појавите во розева маичка, бели бермуди, жута монтка, необична фризура, сте го ебале ежот. Над глава ќе ви свети натпис „јас сум странец, опљачкајте ме“. Всушност, и ништо да не ви се случи, вие самите ќе се чувствувате непријатно. Во таа смисла, ние екс- југословените сме далеку полиберални.

Поглед од воз: Чичковци со типичните качкети на глава. Овој working class look го фураат и многу млади луѓе.

За разлика од тие конзервативни момци со едноличен имиџ, во тие краишта се разбира има и субкултури од типот на металци, рапери, скејтери и сл. Ту и тамо ќе забележите по некој, но тие се многу мал процент и понекад јадат ќутек заради своето „штрчење“. Кога одам таму, се водам од поговорката “When in Rome, do as the Romans do”. Доста добро се уклапам со претпазлив избор на облека, со самиот физички изглед, познавање на јазикот и менталитетот и резервираното однесување. Не се курчи многу, не се насмевнувај секому к’о теле на шарена врата и keep a low profile. Напрај кравјо-овчја фаца и прај к’о што праат сите. Исклучок се излегувањата со девојки, кога чоек може да стаи и понекои јаки крпи и малце да се покурчи.

Девојките, за разлика од момчињата, се облакаат слободно, шарено и провокативно, дури и превише, што мене како хетеросексуалец ми се допаѓа, иако знаат да забегаат у турбофолк пинк/планета look, али ако! Кога е топло, а биваат страотни степски жештини, среде сивилото парадираат долги ноги у миничи до пупак, длабоки деколтеа и сл. А какви девојки има! Уф! Ова не е резултат на некое сериозно социолошко истражување, но од сопствено искуство ми се чини, дека: што погрд град- тоа позгодни девојки. Немате појма какви убавици шетаат по улиците на донбаските рударско – индустриски места. Ма каков Париз, Лондон, Њујорк. За Скопје ич не праам муабет, гола вода. Сепак, треба да се мисли со горната, а не долната глава. Има супер девојчиња, но и некои злонамерни, така да use your common sense, ш’о викаат американците.

Реклама за „Макеев-јаглен“, рударско претпријатие од Макеевка.

Меѓу разните девојки од бившиот СССР со кои сум имал онлајн дејтинг, имаше и една донбасчанка, од Макиивка (по украински), односно Макејевка (по-русски), град со некои 400 илјади жители. Рударски, се разбира. За типката ќе кажам два збора: Саманта Фокс. Плавуша, порн стар цицка сто кила, тело гром (се бави по фитнес), пирс у пупак, безобразна фаца, плави очи и да не редам. Стигам у Доњецк и’ пишувам смс, ја еве стигнав ај се видиме. Прво се мислеше, се консултирала и со другарките. Ипак, странец доаѓа од земља недоѓија, ш’о ме знае, но сепак на крај ја прифати поканата за дејт. Но ја не сум у Доњецк, живеам у Макеевка – додаде. Јас пак, читајќи на нет, погрешно сум сфатил дека местава се као поврзани у една агломерација, нешо као Београд и Земун или тако нешто, па мислев дека тоа не е проблем. Се испостави дека има некои 25 километри до таму. Море за таква рибетина на Антарктик ќе отидам, не па у Макеевка јеботе.

Териконите се брда создадени како резултат од ископувањата на јаглен. Тие се препознатлив пејзаж на Донбас.

Наврат нанос се туширам, се дотеруем, се симињам на рецепцијата на Ливерпул викам дечко, викај ми такси, итно е, одма доаѓам. Претрчуем преку улица у оближња цвеќара, умало кола не ме згази и барам букет бели ружи (на дејтинг сајтот, каде комунициравме со типката, на нејзиниот профајл пишуваше дека токму такви и’ се допаѓаат). У глава ми звонеше хитот од доцните 80-ти, Бјелије рози на руската тинејџ поп група Ласковиј Мај. Се враќам на рецепција, типот вика сеа ќе дое таксито, ме глеа со ружите се насмеа, сконта. Не сум ни прв ни последен странски онлајн дејтер на тие простори. Влагам у такси со ружите, шибаме. Богами имаше нешо вожња. Искочивме од Доњецк, околу дивљина, терикони (брда настанати вештачки како резултат на ископувањата на јаглен). Си викам кај ме вози сеа у пм. По некое време стигаме у Макејевка. Се чекавме на автобуската, а каде иначе. Кај не го знам градот, кај па тој е познат по изузетно комплицираниот систем на адреси. Има повеќе улици кои носат исто име, на секоја од нив повеќе објекти со ист број. Не знам како дошло до таа збрка, али ете бар еден куриозитет врзан со тој град, инаку основан од козакот Макеј во XVIII век.

Се наоѓаме со типката, онака ми приоѓа напред идат цицки па после она. Тука и давам цвеќиња, цмок-цмок (к’о за старт у образ) к’о на Тито кога му ја доделуваа штафетата, па куртоазии, пичкеазии, супер изглеаш, данкешен битешен, па идеме у еден ресторан, као појак у местово, на раат да се упознаеме и да чалабрцнеме нешто. Мислам она, фенси ресторан у екс-совјетско рударско место, беше нешо као кај нас Ханибал у Синџелич или каде е тоа. Онака кичаст, претерано светлуцав, нешо розе завеси, тука бина за народњаци, „шабанајзери“, опрема за караоке и до даске пуштен локален поп-треш. И обавезно аквариум. На улаз намрштен избацивач у одело. Може ветеран од Авганистан. Просто те мрази шо си дошол да остаиш пари у местово. Ни викаат мора да оставите облеките у гардероба. Викам зашто? Така. – одговара тетката. Е тоа е тамошниот однос кон муштеријата. Енивеј, си се смешкаш си „тураш у џепче“ такви ситници, знаејќи дека се вообичаени на тие простори. Впрочем, ти ќе се вратиш у Скопје, а тетката вечно ќе остане у Макејевка да ги закачува дизајнерските облеки на локалните олигарси и нивните тинејџерски придружнички. Оставаме јакните, ни даваат жетони со број, за после да си ги земеме. Мојот беше 13-ка.

Седиме со типкава, едвај се воздржувам да не ја глеам у цицки. Ама и у фаца да ја глеам пак ме пали. Доаѓа конобар, иста прича к’о на влезот, „конобар нас мрзи, waiter doesn’t like us“ к’о што пееја Електрични оргазам. Му викам донеси 10-ка со кромиче и тавче графче. К’о еден наш познат писател коа дрво пијан отишол у некој фин београдски ресторан, вика „Имате ли граФ?“. Конобарката му вика „извините господине шта је то?“. Овој пак „Имате ли ГРАФ?“ (не му текнуе пасуљ да каже). Оваа вика па добро шта је то „граф“? Оно што се прди! И типов вака праи гест со рука као прдење. Кретен. Енивеј, земав нешо класика meat’n'potatoes, рибава па зема некоја риба (онака јадеш риба и глеаш у аквариумот). Храната нишо за падање, не ги бива. Алкохол не се напив ни капка, цигара палење никако (генерално, на тамошните девојки тоа им смета, пошто скоро сите локални момци пијат к’о руси и пушат к’о турци).

Од музиката не се праеше муабет, ал нема везе. Необично за тој крај, типката, поред доминантниот руски го владееше и украинскиот јазик. Дури била и во партијата на згодната Јулија Тимошенко (онаа со плетенките), која во тие краишта е непопуларна. Студентка е, но ми раскажува дека сакала да најде работа и иако наоѓала, ни една не и’ пасувала. Имала можност да работи како сопроводница (нешо као стјуардеса) во железницата, ама и било страв од нападни мужи (а по возовите стварно патуваат секакви). После отишла на некој оглас за некаков сајт. Вика влагам таму, глеам девојки у долен веш се гузат пред веб камери, сфатив колку е саат. Постои и бизнис со преварантски дејтинг сајтови, кои нудат работа за згодни девојки, кои служат како мамци за сингл американци или западноевропејци, кои плаќаат да комуницираат со нив, надевајќи се на средба во живо (да нема забуна, постојат и легитимни дејтинг сајтови, само треба познавање, а не к’о еден мој познаник, се убацил у првиот на кој налетал, после моите раскажувања за авантурите по Русија и Украина). Поради лошите искуства со барање на постојана работа, типката привремено подработува како бејби ситер и инструктор по фитнес.

Морав да признаам дека некои од аргументите и’ држеа, но генерално, оставаше впечаток како да не ни сака да работи и дека би претпочитала некој да ја здоми. Богами, ја би здомил такви цицки без проблем. Ма баш ми е гајле ш’о не е скопска арти/хипстер цуца и што не знае кој е тамо Ларс Фон Трир и незнамти тамо Фолтин. Многу аир па видов од такви. Но имаше еден мал проблем. Дечко нешо имаш? – ја прашав. Вика не, раскинав скоро. На „раскинав“ го тргна погледот. Знаев дека л’же. Ама шо да праам, не сум геј, јеби га, па прејдов преку тоа. И’ зазвони мобилен, баба ми е, рече, ќе одам до надвор да позборам, тука е прегласно. Дур беше отсутна, триста мисли ми поминаа низ глава, чеј сеа да не и’ се јавуе дечкото нешо. Јеби га, љубомора, од кај да знам кој ја плеска, ја сакам к’о Грчка да иам екслузивно право на тоа.

Се врати, вика, со баба ми уговаравме за дочек на Велигден (се ближеше). У себе си викам „да бе, ќе ти кажам баба ти“. После отворив ноутбук, па и’ покажуев слики од Охрид, едно-друго, она па мене на мобилен ми покажуваше свои фотки од Шарм Ел Шеик (Египет и Турција се вообичаени дестинации за русите и украинците заради визниот режим). Глеам тука бикини, цицки, танги, сликана у провокативни пози, онака културно климам со глава „аа баш убаво“, а у себе вријам. Дојде фајронат, стануеме. Зиаме јакните и искачаме надвор.

Стоиме така усред градот, околу темници, сивило, ќе помине по некоја полупијана фаца, облечена у шоферски кожњак со качкет на главата. Си пружаме рука со цурава, баш мило ми е што се запознавме, се наведнуваме да се пољубиме у образ, цмок у едниот, цмок у другиот и шлаап се залапуеме. Шлаап, шлаап јазици тука. Ја грабам у руки сеа ти ебав матер. Вика не, не, луѓе поминуваат (колку и олд скул да звучи, лапање и драпање на улица не се смета баш за „културно“, иако млади к’о млади тоа го праат како и сегде, може и зависи од самиот град). Викам така ли? Дои ваму у темницата, ја залепуем на зид, шлаап шлаап лапање тука, шлаап една цицка, шлаап друга, ја месам ко сељак тука ууух ты, ууух ты… Викам, let’s get out of here на руски, викај такси до хотел.

Бидна се’ што бидна, ми побара 50 марки зема и си кидна. Се зезам. Не беше таква. Сепак, на крај на таа куса авантура мораше нешто да искочи баксуз к’о и увек. Та не џаба беа сите оние 13-ки. И’ вртам здраво, ај се видиме. Со студен глас ми вика не можам да зборам. Ч’к ми исклучи. Па маму ти ебам и’ пишувам смс што е работава? Стига одговор: „Ти не ме праша како стигнав дома, таков маж мене не ми треба!“ (така, литературно, со извичникот на крај). Ееј викам, кое говедо сум. Ептен криво ми падна. Не дека не се сетив на тоа претходно, ама шознам, ми беше незгодно, да не испадне дека и’ се качуем на глава (ја па навикнат на нашиве феминистки). И’ пишуем извини ово-оно, ми недостасуваат твоите цицки (се зезам). Џаба. Лут на себе заради невнимателноста, продужив со својот пат, немаше друго. Како бе вака дунстерски да заебам све?!

Рибата беше топ: Репродукција на московската „цар-пушка“ од XVI век во Доњецк. Оригиналот се наоѓа во Кремљ.

Во следните градови среќавав уште куп девојки ама све она ми беше у глава. По враќањето у Скопје ја најдов на еден од нивните социјални сајтови (фејсбук ич не користат, си имаат свои: Вконтакте, Однокласники и др.). Глеам сликите, она у загрљај со еден мајмун. Значи бев во право, имала дечко. Ја сум и бил пролазна авантура или можеби привремено биле скарани. Датумите на аплоад на сликите беа пред нашата средба. Е, у ком грму лежи зец… само шо ова не беше зец, а шимпанзо. Кај го ископа типов, кај се запусти!

Да стаам тука слика од него, мислам дека не би било коректно (да не се исплаши некое дете). Се прашувам како преубави девојки завршуваат у раце на тотални шутраци, кои немаат нит look, нит интелект, нит кеш, нит харизма, нит мускули, ни sex appeal, нит ништо. Го забележувам тоа и кај нас. Еден мој пријател на тоа само вели: најубавите јаболка ги јадат свињите. У право е. Btw бабата, која наводно се јавуваше на мобилен испадна дека е вистинска. Видов слика од неа. Кул баба, може да се каже дури и убава жена, како внучката, впрочем. И така, на екс-советските пространства свашта ми се дешавало, од вакви краткотрајни авантури до сериозни повеќегодишни врски, како што спомнав прееска. Во секој случај, бар нешто се дешавало.

Железничката станица во Доњецк

Изнервиран, се спремив да заминам кон следна дестинација. Чекав сто саати за карта за воз у редица со онакви типови у шоферски кожњаци и качкети на главата. Не е тоа скопската железничка, илјадници патници чекаат. Иако интернетот е одамна присутен таму и може да се купи билет онлајн, голем број од луѓето тоа не го прават. Дали од неупатеност или па просто мазохистички уживаат да чекаат со саати пред шалтерите. Изрибани мозоци. Јас имам пробувано да купам онлајн, ама нивните сајтови упорно ми одбиваа македонска картица. Чекај, чекај, ноги ми паднаа. Таман ќе стигнеш на ред, жданг тетката ќе спушти ролетната. Пауза за кафе. Или пак, преку ред се убацуваат стари чичковци и тетки, кои имаат право на тоа, доколку покажат документ дека се „херои на социјалистичкиот труд“.

Кто последний? Најчестото прашање во вечните редици за билети за воз на железничката во Доњецк.

На крај купувам карта и измрцварен одам нешто да каснам. Фастфудот на железничките е очаен. Све е некако мало и скапо. Има некакви солени блини (палачинки) извалкани у презла, некакви батаци, не знам како да ви објаснам. Потсеќа на она „коњопој“ шо беше у центар на Скопје, кај шо алкоси зимаа гирици на весник и стоејќи на астал дрмаа пиво или комовица. Концептот на сендвич и слична практична форма на храна на железничката во Доњецк не им е познат. Глеаш купче мефца рецимо. Викаш дај ми едно мефце и две лепчиња. Она ти ги дава као три засебни ентитети. Викаш ај вака, положи го едното лепче на дланка. Е така. Сега клај го мефцето озгора. А, браво. Е сеа најзгора стави го второто лепче. Voila, направи сендвич! Ај сеа тој сендвич завиткај ми го у салфета. Буквално сум морал да им цртам. Патниците не носат сендвичи, него сиренце, чајна, патлиџан, краставица, све врзано у бофча, па седнуваат у воз, одврзуваат и гнетат. Штаак загризуе колбас у една рука, шлаап патлиџан у друга, го сиса флуурп-флуурп, му тече сок по брада. Залија со пиво, глу-глу. Ждрига тука агрхх.

Чичко со качкет ја чека својата вотка на шанкот на станичната кафетерија. Го штракнав шпиунски, па затоа сликата е таква.

У станичната кафетерија пијандури колку сакаш. Да, да, веќе знаете, во црни шоферски кожњаци и качкети на главата. Ако е ептен ладно, може и шубари „ушанки“. Дрочат некоја вотка или пиво. Некои паѓаат и се прпелкаат по прљавиот патос. Места за седење нема. И тие малку шо ги има увек се зафатени од некои дедовци и бабушки. Чекаш да го најават твојот воз стоечки, уз за зид, со саати. Гледаш како доаѓаат и заминуваат илјадници патници. Рудари со кациги, бабушки со кошници, момци во шоферски кожњаци со качкети на главата, војници, семејства со деца, згодни плавуши со розеви ташни у облик на срце, по некои пијандури, милиционери кои истите ги шутираат надвор и сл.

Веќе е стемнето. Се довлекувам едвај до возот со тешкиот багаж. Тука друштво млади у шоферски кожњаци и качкети на главата се испраќаат. Зборат на суржик (мешавина од руски и украински, ами дека е дет’то да го ебу и сл.). Влагам у „плацкартот“ (најефтината класа, со која обично се возам). Тука нема засебни купеа, туку сите луѓе се у еден вагон полн со кревети. Си го наоѓам местото. Тука седи некој чика со очаен изглед. Седнувам. Најпрвин е тишина, додека не се разбие ледот. По некое време спонтано започнува муабет. Како времето денес, гледаше ли Шахтјор-Барселона и сл. Во вагонот друштвото млади у шоферски кожњаци и качкети на главата, некој се соблекол по маица, тука зелени тетоважи, цепаат вотка и пиво, мезе на весник, гласно се расправаат.

Еден од нив доаѓа до нашите легла. Не делуваше баш пријателски. Се чини, се работеше за друштво кое било во Доњецк заради утакмицата, можеби Шахтјор го попил, па сега изнервирани се враќаа по своите рударски гратчиња. Може нема везе, не знам, слабо пратам спорт. Младичов му доаѓа на чикава и му вика, ја спијам тука. Чија е торбава? Ти си ја оставил на мој кревет? а? А?! – ама негативно онака. Чикава уплашен вика као да, ја трга. А, браво така те сакам – цинично го тапша малиов. Седнуе нафурано ждаанг и надмено со прекрстени руки не ’ изгледува сите ш’о сме тука по ред. Сите сме намуртени, молчиме и гледаме в земја. Напнато. Доаѓа сопроводницата ни носи постелнини, ги навлекуваме врз душеците. Нема атмосфера за разговор, најарно да си легнеме. Лека-полека сите легнуваме.

Во вагонот е темно, којзнае колку е саат, еден или два по полноќ. Се слуша само звукот на тркалата ч’к- ч’к- ч’к. Над мене спие нафураниот младич. Смрди на горилка, сало (сланина) и радња за кожна облека (Кенан). Хрчи, ждрига од киселини, од џебот му паѓаат ситни пари динг-динг. Се покривам преку глава, си викам шо кур ми требаат овие скитања, сеа некој лади јаја у Анталија к’о Берта Додевска у нејзинине репортажи, а ја тука по овие вукојебини со секакви фаци. Буковски, Фелини и Кустурица говна да јадат. Возот цепа низ темнините, застанува на разни попатни станици, каде се симнува по некој патник или се качува нов. Еден од нив доаѓа до нас. Го дрма младичот над мене. Друже… ало друже… го дрма… Ш’о? – прашуе младичов у полусон- полујаве со едно крваво око отворено. Ја спијам на ова место. Одјеби бре. Абе мое место е, озбилно. Мрш! Му вика еве ја картата види НА! Му ја фрла у фаца.

А твое било местотооо? – вика младичов. Ахаа, па сеа ќе се симнам, ќе се разбереме. Типот се симиња и коа рече БАУ-БАУ ДАНГ-ДАНГ боксои тука ДАНГ-ДАНГ почиње крвав русски мат (руско псовање) хуј, муј, матј твају ебал, жопа, попа, бау-буу го кембечи типов! Дотрчуе спороводницата вришти АААГРХ немојте, немојте! Тучава завршуе, дојденецот не знам каде го снема. Нафураниов младич легнува назад и почиња да спие к’о нишо да не било. А ние другите, цело време се праиме дека спиеме. Кај ќе се мешаш у пм. К’о што заврши тензијата, лека-полека заспавме…. Маладој человек… маладој человек („младичу, младичу“ некој збори). Леле шо е сега ова?! Отварам очи, погледот се разбиструва и глеам – полиција. У три-четри ноќе го будат типов. Овој се разбудуе, трља очи – глеа цајкани. Цврц милојко. Вашите документи – му викаат. Дава. Ај сеа симнете се. Се симиња. Го земаа под рука и на следната станица се симнаа сосе него. Така ти е коа се курчиш, ебате сељакот.

Сабајлето се разбудуваме со чикава, одма друго расположење. Си праиме убав муабет, олабаено, све супер, чим го нема мајмунов. Вика го симнаа малиот сношти, а? Викам да, се смееме тука. Ај сеа да каснеме нешто. Вади лебои, колбаски, помидори, огурчики. Ете така ти е тоа по плацкартите, секакви луѓе ќе сретнеш и добри к’о леб и разни бараби.

А возот се ближеше до својата дестинација, за која ќе раскажуваме во следниот дел од овој серијал украински и екс-советски патеписи.

Изглед на плацкарт категоријата во возот.



За крај една откачена музичка нумера. Славниот Џо Страмер од The Clash со темата Shakhtar Donetsk. Во неа се говори за, цитирам: „Македонец од Украина“ (?!), кој во потрага по подобар живот се обидува да отиде да Запад како илегален емигрант. На вратот носи навивачки шал од ФК Шахтјор Доњецк, единствен спомен од татковината која ја напушта.

Страмер, како ангажиран левичарски уметник, сакајќи да напише социјална балада за проблемите на емигрантите од сиромашните пост-комунистички земји, напраил тотална турли- тава! Каква врска има Доњецк со Македонија?! Очигледно географијата не му била јака страна. Некои се обидуваат да најдат логика во она што го пее (читам како трескаат зелени во коментарите под видео клипот на Youtube), но нема логика, брате, нема! Типов меша баби и жаби: Доњецк, Украина, Македонија, Југославија. Врска нема.

Точно е дека пред 300 години, мал број македонци, бегајќи од османлиите нашле уточиште во Украина, тогаш под Царска Русија, каде е формиран и македонски полк и точно е дека во Украина има неколку села со име Македонивка, кои можеби имаат врска со тие доселеници, а можеби и немаат. Можеме за тоа да проговориме во некоја од следните статии. Како и да е, да бараш етнички македонци сега на тие простори е тотална глупост. Нема таква работа на ниеден украински попис.

Но затоа, кај и да спомнеш „Македонија“ обавезно мора да ти се умеша грк. Во Украина има 90 илјади грци, кои се на тие простори уште од антиката. Најголем процент од нив (77 илјади) се токму во Доњецката област, за која говореше овој текст. Побитен грчки центар во областа е (или барем бил) Мариупол на Азовското море. Нема спас од грчиштава ;-)