tito niksonГоре: Тито и Фидел Кастро пушат… ама не Филтер Југославија. Долу: Тито и Никсон звани Tricky Dick (само едниот пуши, другиот го попуши со Вотергејт).

Е-книга на Константин Петровски за СФРЈ: Забавник, Југо, Лепа Брена, Свет компјутера, пионери, СВОЗ, Балашевиќ во серијата „Војници“ (пријатно ме изненади што ја памти) и вкусни илустрации. Насловена по цигарите, по распадот преименувани во „Ориент“.

Константин Петровски за себе (курикулум витае):

Авторот со поголеми или помали прекини живее во Битола, идеално место за пишување и размислување, оти нема друго што да се работи. Во минатиот живот беше политички колумнист, што е емпириски доказ дека секој човек си носи грев.

Му се падна да учи во школо за новинари во Сарајево, а брат му отиде во Љубљана на компјутери. Значи еден во најсецисионистичката, еден во нај – југословенската република, нешто слично како на времето кога мудрите македонски домаќини го испраќаа едното дете во бугарското, а другото во грчкото училиште…

Носител на обетка на левото уво и горд член на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Делови од неговата збирка на патеписи „ На пат одам, за пат прашам“ преведени се на бугарски јазик1 на сајтот Патеписи.

Верува дека книжевноста треба да ја читаат многу луѓе, ако ја споделуваш оваа верба кликни овде, да ти е жива швалерката!

_________________________
1 Превеле од бугарски на бугарски? (заб. на vbb.mk) ;)

Но да не должиме, ви ја претставуваме подолу книгата „Филтер Југославија“ со дозвола на авторот. Клик на книгата за зголемен преглед, скролај надоле и читај. По потреба зумирај со клизач горе лево во менито.