Серијалот патеписи од екс-СССР, во чии рамки сега говориме за Украина, по Киев и Харков продолжува со нејзиниот трет град по величина – Одеса.

Како што љубам да речам, и во фигуративна и во буквална смисла, Украина беше првата земја, а Одеса првиот град на некогашниот СССР, каде имам фрлено сидро. Во далечната 2005, мојата прва „турнеја“ по тие простори започна со патување со автобус на релација Скопје – Истанбул, од каде отпловив за убавиот црноморски град Одеса, а потоа таа продолжи по сувоземен пат и по други места на Украина и соседна Русија. Таму се навраќав повеќепати во следните години, последен пат лани.

ПРОЛОГ

Една од моите украински визи

Најпрвин вадев виза во украинската амбасада, при што службеникот ми ги забележа печатите во пасошот од сега непостоечката Источна Германија. Се загрижив да не ми праи проблеми, со оглед дека беа фејк (продавачи на историски сувенири на некогашниот граничен премин на Берлинскиот Ѕид, Чекпоинт Чарли, ги удираат на туристи за пари). Но типот ги беше заглеал од чиста љубопитност. Си запраивме пријателски муабет на таа тема. Којзнае, можеби служел во советскиот контингент кој бил стациониран во таа, сега бивша држава, Германската Демократска Република, каде демократијата цветала, додека пак ние бевме неврзани.

Печати од непостоечката ГДР и Берлинскиот ѕид, како и од Западен Берлин во мојот пасош

Пар ликови од некое село од западниот дел на нашата дежела ме замолија да им го попунам формуларот за виза, не знаеле како. Ска проблем, неам предрасуди. Цел на патувањето? Бизнис. Не делуваа нимало бизнисменски, али ај, запишувам. Адреса на смештај? Ќе не’ чекаат таму, ќе ни најдат. Хмм… а покана? Гарантно писмо? Неаме. Туристички ваучер? Јок. На секое прашање даваа штури и неубедливи одговори. Не знам дали им била одобрена оваа „апликација“, ама си ја поднесоа без око да им трепне. Се прашувам за каков тоа бизнис се работи. Вероватно држат фини угостителски објекти, во кои, заради недостаток на работна сила во Македонија, има потреба од увоз на странска. Како вакви сумњиви фаци се пропуштаат низ сите швицарски, германски и други граници, додека јас по шенгенските аеродроми сум бил трган на страна к’о терориста, не ми е јасно. Ништо шовинистички!

Неисе. Се качувам на ноќниот бус за Стамбол град, опеан во антологиската ствар на Благица Павловска. Во него углавном „шверц комерц“ фаци. Сите, ама СИТЕ пушевме (к’о Турци). До мене седи Албанец, ОК момак, нема везе ш’о служел у УЧК (се зезам). Имаше и некои Роми, муабети тука, смешки. Си делевме меѓусебно ужинки, цигари, ал’ дое 5 сабајле и одеднаш РАМАЗАН! Престанаа сите да јадат, пушат, пијат и све. Реков да не расипувам и се придружив. Почнаа теолошки дебати меѓу нив, дали постот го почнале како што треба, саатовите се по скопско време, а се наоѓавме во друга часовна зона итн. Типично шверцерски на сите ни увалија по штека да пренесеме.

На влез у Турска шверцериве ме наместија прв за преглед, ама туракот паметен, ме глеа таков млад, леп, урбан backpacker со ранци, камери, хавајска кошуља, вика чоџук ти си фрај, по што им се наврте „Шо ти е ова бе ќопек?! Отварај торба, ќерата!“. Аферим бе Дончо ништо не кажа. Виничка афера 1897. Пројдовме граница, викам ете се заврши.. не дореков, ин д мидл оф ноувер не’ запираат. Влага униформисан турак и почиња бесен преглед. Цигариве чиј се бре суртук?! Ова чиво е, она чиво е? а?! А?! Од страна шушкаат „не е даден бакшиш“. Бусот продужи вррРРмм- тсс.. кондуктерот го задржаа. Midnight Express.

Низ Истанбул (the former byzantine Константинополи) ми се десија куп сулуди моменти, ми се з’гнаа некои клошари, па ми се заглави кредитна у банкомат (стара лоповска финта), но еден чика ми помогна да ја извадам итн. Ноќта, од пристаништето Караќој, на бродот Каледонија под joint украинско / грузинско знаме се отиснав на дводневна пловидба преку Црното море. Правац Одеса.. or Bust! Спалната ја делев со еден Украинец, бившо воено лице. ОК чоек, бабачко, ќељав, со брк. На бродот фаци разни, од фамилијарни со деца, преку згодни плавуши до некои сумњиви „шверц комерц“ ликови. И неколку пијандури шо паѓаа наоколу. Еден ми се закачи на врат, нешо ме грли ме љуби, луѓе околу се смеат, ал не беше опасен (за разлика од други, какви иам среќавано). Бродов имаше ресторан, тв сала, бар и диско (со лош еуротреш dj).

Бродот „Каледонија“

Поглед од бродот

Црно море (стварно е црно мајко му)

Овој лево морска болест да не го фатило

Молдова, Токио, Македонија, Трабзон спорт! Г-дин Кишињеу (десно) и Токио сан (лево), ако ви требаше помош да ги распознаете

У ТВ салата се запивме со еден Молдованец од Кишињеу, љубител на добрата капка, војувал во Транснистрија, шо ли све не причаше, па еден залутан млад Јапанец, шо не знаеше на која планета е и еден Турак – хеви металец од Трабзон (ex-greek Трапезунда), на кој му ја пеев For Real од Athena, на што типов откачи. Молдованецов почна да се дере „Молдова! Токио! Македонија!“, на што клетово турче се убаци со навијачки слогани од неговиот омилен тим „Трабзон спорт!“. Му велам на молдавецов, вашиот јазик (кој е романски у суштина) е од романската група (од „Рома“ што е „Рим“). Тој вика да тачно и почињаме тука за Цезар едно-друго, па зема да му објаснуе на Јапанецов како Цезар ја плескал Клеопатра (покажуе со руки онака набија), овој глеа не сфаќа нишо. Усред пијанкава се појавуе мојот цимер, вика не иди сеа у соба, му даов кључ на еден ортак да плесне една. По некое време искача типот насмеан, плав 2 метра, доаѓа вика као фала за помош. Хаос.

И така (Итака е родното место на Одисеј, сум бил таму), пловиме и пловиме по седум јужни мориња, около лају морски пси, уловивме 4-5 комада колко да завараме глад и стигнавме до Одеса (успут и тој е former старогрчки град, како и Севастопол, Симферопол, Јалта, Феодосија, Мариупол, Херсон и други приморски градови во Украина).

„Од Одеса до Херсон“, песна од советскиот филм „Морнарот од бродот Комета“

♫♫♪ „Одамна ќе пеев на сцената, но луѓето велат дека немам вокален талент, дека гласот ми е слаб. Дури и со помош, на морнарската наша дружина, тешко да ја фатам, проклетата нота „ла“. Од Одеса до Херсон, дење-ноќе неуморно држи курс нашиот стар пароброд. И насекаде со нас над високите бранови, од Одеса до Херсон песнава плови. Иако јас пројавувам карактер за по ѓаволите, ги пеам не баш лошо. И „фа“ и „до“ и „ми“. И зарем ќе му ја забраните песната на славејот? Другарите ме караат, а јас во себеси си пејам: Од Одеса до Херсон…“ ♫♫♪

Тоа беше мој слободен препев. Вакви ствари пуштав на аудио-видео тематската вечер посветена на музиката од екс-СССР, прва од таков вид кај нас, која ја организирав во кафе-бар Менада. Целта ми беше запознавање на нашата публика со таа музика, која кај нас е потполно непозната.

ОДЕСА MAMA

Пристигнување во Одеса рано наутро

Ме дочекува натпис: „Ласкаво просимо до України!“. Гранична контрола на пристаништето, стражарат преубави украинки во униформи, со долги плави коси, ноги 2 метра и типично лути изрази на лицето. Вы говорите по-русски? – прашува строгиот пограничник (останат од совјетско време). Одеса е во Украина, но е изразито русофонска. Ну, да – одговарам, размислувајќи за јазичниот проблем. Украинскиот е официјален, но голем процент од населението не го говори, дури ни службениците. Имав проблеми, јал им бев сумњив, јал моите турваучери, но аргументирано ги убедив да ми удрат печат (интересно, за разлика од првово влегување во Украина, во соседна Русија, која важи за построга, пројдов многу полесно и целата процедура траеше 5 секунди).

Енивеј, конечно, со свежо удрен печат во пасошот формално се најдов на украинска територија. Но тоа не беше крај на предизвиците, а тек почеток. Се најдов пред Потемкинските скали (190 на број), на кои е снимен култниот нем филм на Езенштејн, а јас на грбот носев преполн ранец од 100 литри. Терпи козаче – отаманом будеш! – вели украинската поговорка. Сизифовсково искачување беше симболична борба со сите предизвици, кои ги поминува еден светски патник, да не речам, еден современ Бајрон к’о мене.

Споменикот на војводата Ришеље

Стигнав на плоштадот на кој доминира статуата на францускиот аристократ Ришеље, кој по преселбата во тогашна Царска Русија, станал прв гувернер на Одеса во раниот XIX век, по што прошетката ја продолжив по шармантните улички на градот. Неговиот централен плоштад го краси статуата на Јекатерина Велика, а под земја се мистериозните катакомби, во кои се криел антифашистичкиот отпор. Морнарите се битен дел од пејзажот на приморската Одеса. Налетав на споменикот на екипажот на славниот крстосувач Потемкин (а всушност треба „Потјомкин“, затоа што е со вакво „Ё“), кој во 1905 крена побуна на бродот Баунти (се зезам). Морнарите кренале бунт против царските капетани, освојувајќи го бродот, со кој допловиле во Одеса под црвено знаме, кревајќи го тамошниот народ на востание.

Патувањето низ историјата и насладувањето од убавата архитектура и споменици нагло го прекина еден мајмун (увек ми се залепуваат пациенти). Покушаваше нешо да ми продаде. Типичен одески лик, хумористичен преварант со итра црномуреста фаца и олд скул имиџ (качкет на главата). Виде им го знам јазикот и менталитетот и да се неће од мене ’леба најести. Напраивме тро муабет, ми објасни каде има хотел, се поздравивме и продужив. Шетајќи низ градот, влегов во една аптека да купам метадон (се зезам). Шанкерот беше наше Бугарче. Предците му се доселиле таму уше у турско. Хубаво, велам, всичките сме си ние българи.

Споменик на морнарите на крстосувачот Потемкин

Како меѓународно пристаниште, Одеса е шаренило од разни етникуми: Украинци, Руси, Евреи, Ерменци, Молдавци, Бугари, Грци, Албанци, а имало дури и мала заедница од Македонија (во одреден период, таму живееле Крсте Петков Мисирков и Димитар Влахов).

Одеса отсекогаш имала богат полусвет од типот на шверцери, шибицари, џепароши, преварантски таксисти и проститутки, кои се дел од урбаниот фолклор, опеани во уличните хумористични песни.

Една од нив ми зуи во ушите „Евреи, евреи, кругом одни евреи“ (Евреи, Евреи, наоколу саде Евреи!). Песната не е расистичка, напротив! Евреите претставуваат важен сегмент од одескиот урбан живот.

Шеговитата песна за евреите на Константин Бељаев (трае само 10 минути)

Дури и во она, тоталитарно и изолирано време на бившиот Советски Сојуз, ова меѓународно пристаниште било рај за шверц на дефицитарни стоки (фармерки, кафе, банани..), кои не биле на дофат на обичните совјетски граѓани.

Затоа криминалците го крстиле градов Одесса- мама. „Таткото“ пак, е рускиот град Ростов на Дону, од милоште наречен Ростов-папа, каде патем, за малку не станав зет по 4 годишна врска.

Потемкинските скалила

Заради убавите девојки, Одеса е популарна за мажите од цел свет, било за секс-туристи, било за оние кои бараат искрен брачен сопатник. Сигурно сте ја гледале на еротската „скриена камера“ „Голи и смешни“, која инаку се снима во Одеса.

Кога ќе ги видите тие убавици нека не ве чуди што толку многу странци одат таму во потрага по партнерка). Поради тоа, за Одеса се вели дека е „оверфишд“, кажано со жаргонот на странските дејтери.

Еротската скриена камера „Голи и смешни“

Во градот се отворени куп брачни агенции и дејтинг сајтови, на кои млади згодни одеситки го бараат својот странски принц на бел коњ, но неупатените кандидати може да налетаат на преварантки, кои фино по-одесски ќе ги очерупаат док си реко пиксла. Не генерализирам, има и многу фини и прекрасни жени. Ова не е од политичка коректност, а од искуство. Во екс-СССР сум имал големи љубови и тамошните жени ги сметам за супериорни во однос на нашите (иако у сваком житу има кукоља). Штета што полека се расипуваат под западните влијанија.

Кај забегав со муабетов, а говоревме за Одеса. Но, „я вам не скажу за всю Одессу, вся Одесса очень велика“, како што вели веселата песна на Марк Бернес од советскиот воен филм Двајца борци од 1943, во кој, пејачов од еврејско потекло го глумеше морнарот Костја. За ова му причав на Коста Лошков, басистот на Дени те чува, кој едно време настапуваше и како Константин Одеса. Мислев дека идејата за својот уметнички псевдоним тој ја добил од филмов, односно песнава, но Лошков ми разјасни дека тој нема појма за Костја, имагинарниот одески морнар. Се работи за чудна коинциденција.

Бернес пее за одескиот морнар Костја. „Вие сте музичар? Не, Одесит“ - вели репликата

Истражувањето на Одеса заврши на железничка. Чекав 5 саати во ред за билет до Киев (се чека под конец, к’о армија). Железницата е развиена, илјадници луѓе патуваат навака-натака секој ден, па се случува да нема слободни места, што може да ти ги поремети плановите. Автобус пак, е неудобна алтернатива. Постои и онлајн продаја, но од нејасни причини не ми примаше наша картица.

На шалтер, крупна униформирана жена со чинови к’о генерал и фризура ала Милошевиќ ме пречека типично нељубезно „Говорите!“. Нема тука ду ју спик инглиш, него одма кажуј шо сакаш на ним разбирливиот руски јазик (друг не знаат, чак ни украински). „Сакам тоа и тоа“ – одговарам подготвено (претходно сум проверил возни редови на нет). “Без пасспорта билет не даю!” – ме сосече. Карти за воз се купуваа со личен документ, како авионски. Украина тоа го укина, но во соседна Русија сеуште важи. КГБ мора да знае кој каде оди. После плачат Тито бил автократ. Не сте мириснале вие што е тврда комуњарска диктатура. Стаљин! Се извинив, покажав пасош, таа виде дека не сум изгубен германец и стана малку пољубезна. Картата беше купена.

Пристанишната зграда

На станицата, прашав еден лик каде е оставата за багаж (руски: камера хранения). Ме осети дека сум странец, се закачи. Изглеаше к’о избеган робијаш или дезертер (све со такви ми иде муабет). Предложи кафе. Лоша глума. Изнасилено се кревељи без зубче, ме тапша „еее мај френд, мај френд“, а правило во Русија и Украина е: Возрасен и добро воспитан човек на старт држи студена дистанца со непознати. Ако разговорот се развие и се стопи ледот, после може и да се насмееме и да џапнеме по една. This is not America. Познавањето на менталитетот ме вадело од разни срања.

Видов типов ме мафта, не ми помага, го откачив ладно и си еба мајката, но ме фати параноја да не ми рипнат од негде. И шо ќе праиш? Ќе викнеш цајкани? Некои од нив и самите се корумпирани. Соло патување на тие простори е заебано. Набргу открив дека оставата за багаж ми била цело време пред нос (обележана на официјалниот украински: камера зберігання).

Железничката станица

Се качив на ноќниот воз и продолжив со своите скитања, па во следниот дел од овој серијал екс-советски и украински патеписи, одиме до некоја следна станица, до некое следно пристаниште.

Песната за одеситот Мишка на Леонид Утјосов


Прочитајте го и најновиот репорт: Одеса и Мисирков, во кој ќе видите и многу нови фотографии од овој убав град.