Патеписите од екс-СССР ги започнувам со Украина, а не најголемата држава, Русија, од неколку причини. Првата е фудбалското Euro (неуро?), а како второ, Украина е првата екс-советска земја каде иам фрлено сидро. Не се работи за стилска фигура, а буквално, во Украина првпат пристигнав со брод (ја као креативен чоек, современ Бајрон, секогаш барам уникатни решења, не е финта да фатиш лет). Моја прва дестинација беше шармантната Одеса на црноморскиот брег, по што патувањето го продолжив и по други убави или мање убави места (Киев, Запорожје, Доњецк, Харков, Луганск итн..), посетувајќи ги скоро сите градови, каде сега се одржува првенството, кое го гледате на малите екрани (тука да признам дека спортот многу и не ме влече). Украина ја посетував повеќе пати, првпат во 2005, а последен – лани, 2011. Ме научија и у амбасада, сме седеле на кафе со некои од конзулите, ми доаѓале на журки.
Пред некое време, на еден македонски портал видов некаков „патепис“ од Украина, авторот бил на некаков семинар, видел пар градови, 3 кафича, 4 пијандури и пар проститутки и мене ќе ми раскажуе за втората по величина држава во Европа со 45 милиони жители, која има градови пред кои Скопје бледнее као задњи Мухосранск (руски за затуцана паланка). Текстот врска немаше, прекинав да го читам уште пред да стигнам до пола. Трендо више мора да почне да размислува шо објавува. Нешо ми е у off у задње време Затоа, како неприкосновен блогерски авторитет, се почуствував повикан да ви ја откријам оваа, за многумина од вас, “Terra Incognita”, која некои со предрасуди ја гледаат како „земја на пијандури и бело робје“ (прво видете се сами у огледало со сите коњи шо ви шетаат низ центар и крастави просјачиња шо буричкаат по контејњери). А дека Украина си има свои проблеми и негативности, тоа уопште не е спорно, ќе проговориме и за нив.
Елем (LM цигари), најпрвин еден вовед за вас, прекрасни dummies:
Што е Украина?
Гигантска држава во Европа, втора по величина по Русија. Украина е еден од основачите на ООН, каде има свое засебно седиште уште од советско време. Стереотипно е претставена со житородните степи, но има и планини (Карпати). Излегува на 2 мориња, Црно и Азовско, а најголема река е Дњепар. Гл. град Киев (~3 мил.), други поголеми: Харков, Одеса, Днепропетровск, Л’вов. 45 мил. население, мнозинство етнички украинци, православни (има и католици). Јазик: украински, азбука: кирилиця. Валута: гривні (10 за 1€). Малцинства: руси (православни), кримски-татари (муслимани), евреи и др. Во нејзин состав е и автономната република Крим.
Што е Украинец?
Стереотипно: јаде „сало“ (сланина), пие „горілка“, простодушен е, но вреден селанец (никако урбан), жнее жито, храбро се бие, но е и скржав. Лафе по селсќи. „Г“ го изговара како „Х“. Личи на запорошкиот козак Тарас Буљба, има презиме на „-ко, „-ук“ или сл. Носи долг брк, кошула со цветни украси (вишиванка), на бричената глава има козачки перчин „хохол“, што е погрден назив за украинци, но тие сами го користат. Нејќе кацапи и москали (руси), љахи (полјаци), жиди (евреи), ни цареви ни бољшевици. Негова кохання (љубена) е Марусја со црни веѓи (дівчина чорноброва) и плетенки (коса). Живее во хата (колиба). Татка си го вика „батько“, а тој него „хлопець“ (момче). Пуши луле (кури люльку). Свири на бандура или кобза (жичани инструменти). Танцува „гопак“ и јава „кінь“. Има разни регионални вариетети, но доминантниот е тој, козачкиот, степскиот. Повторувам, ова се стереотипи.
Ништо не ве учат по тоа семинарите. Затоа, ви го претставувам својот фељтон во неколку делови. Кликајте на насловите во списокот подолу за да ги прочитате одделните статии и подстатии. Во зависност од самата тема, во некои од статиите повеќе акцент се става на раскажувањето, а во некои на фото и видео материјалите (инаку мои, авторски).
ДЕЛ ПРВИ: УКРАИНА
- Епизода I: Харков – втор, но прв
- Епизода II: Киев – столица украинска и древнорутенска
- Епизода III: Одеса мама – прво сидро
- Епизода IV: Украинска страва
- Епизода V: Запорожје – лулка на козаштвото
- Епизода VI: Доњецк – центар на рударскиот Донбас
- Епизода VII: Луганск – Славјаносрбија
- Епизода VIII: Лисичанск – Ново Лисиче будало
- Епизода IX: Украински стереотипи
- Епизода X: Украински фолклор
- Епизода XI: Борбен хопак
- Епизода XII: Украинската Жива Барбика
- Епизода XIII: Одеса и Мисирков
- Епизода XIV: Чернобил
- Епизода XV:Наскоро!
и така натаму…
Следете ги продолженијата, кои ќе бидат додавани во списокот.