Етнолози и музичари! Овој дел од патеписите говори за украинскиот фолк, кој плени со раскошни носии, моќни хорови и акробатски танци, кои пркосат на гравитацијата. Подолу следува и моја фото-галерија на темата, а и преземени видео и аудио клипови од разни изведувачи.

Минатата година кај нас се одржаа Денови на украинската култура, во чии рамки имав можност да го одгледам настапот на светски познатиот Національний заслужений академічний ансамбль танцю України імені Павла Вірського (превод не ви треба, славјани бре антички). Тој се одржа во Македонската Опера и Балет, каде иам гледано и прекрасен концерт на нашата гордост, Танец со Тоше Проески како гостин. Но за тоа другпат.

Ансамблот доаѓа од главниот украински град Киев и годинава одбележа 75 години постоење, а именуван е според својот основач, балет- мајсторот и кореограф Павло Вирскиј (1905–1975). Неговата програма содржи повеќе познати танци од разни региони на Украина.

Тука неизбежно е да се спомене козачокот, кој ние го знаеме под рускиот назив, казачок, што значи: козаче, мал козак. Кога сме кај тие степски воини, кои се неодвоив дел од украинската култура, ансамблот изведува и кореографии со копја или сабји инспирирани од Запорошците на Тарас Буљба.

Друг познат танец е машко-женскиот гопак, кој се изговара како „хопак“ пошо украинците „шокаат“ (шо?!) и „х’каат“ (Хевхелија, Хостивар, Нехотино, Струха :) ) Врз овој танец и козачките традиции е заснована боречката вештина „бојовиј хопак“. Као што Бразилците имаат капуера, ете и украинците имаат денсерски way to kick ass.

Повзунець („Ползач“) е хумористичен, но физички захтевен танц, во кој изведувачите – козаци, се движат ниско клекнати како џуџиња со гордо дигнати носиња. К’о некакви Штрумфови, на главите носат капи „башлики“ (од „баш“ – глава, што дошло од соседните турко-татарски јазици, како и самиот збор „козак“).

Во рамки на козачкото творештво се и бардовите наречени по своите жичани инструменти – кобзари и бандуристи (клик за фото, кое го направив во Харков, каде тие доста пострадале под Сталин, под обвинение за украински сепаратизам). Многу од нив биле слепи исто како „српскиот Хомер“, гусларот Филип Вишњиќ. Сличен чувар на усмената традиција е и Какофоникс, галскиот бард од стрипот за Астерикс.

Од Западните краишта на земјата ансамблот изведува полка од регионот Волинија, кој е поделен меѓу Украина, Полска и Белорусија. Таму за жал се случувале и етнички чистења, веќе пишував за националистичкото движење УПА од Втората Светска. Но водимо љубав, а не рат! Ансамблот го изведува и љубовниот танец Подољаночка (девојка од Подољ), кој се игра во пар. Машко-женски, се разбира ;)

Геј танци ансамблот не изведува. Такви можете да видите во украинските геј клубови, во кои позната денс група е Kazaky. Или глејте си ја (го) травеститот Верка Сердучка од Евровизија 2007. Меѓутоа, да се оди во геј провод во Украина е апсурд. Таму се оди по преубавите девојки. И тоа не го велам само јас, но и илјадници други хетеро-мажи од цел свет. Кога сме кај цурите, покрај мешаните машко-женски танци, Вирскиј изведува и чисто женски.

Девојките се украсени со цветни венчиња во косите, што означува дека се немажени. Такви се носат и на празникот Иван Купала (од Іван Хреститель = Св. Јован Крстител = Иванден), кој содржи и пагански елементи. Народот се збира на „купање“ околу реките и огновите, каде обредно се „прочистува“. Тука има зезања, прскања со вода, а и љубовни обичаи: девојките пуштаат венчиња по реката, а момците ги „ловат“, парови фатени за рака прескокнуваат оган како „тест“ на верноста или трагаат по цветот червона рута (седефче), кој носи среќа во љубовта.

Е, сеа, коа имаш цура и момак у шумарку, се дешава еротика: „Енд нау лејдиз енд џентлмен… Вук Керегик! Када видим сисе твоје, дреше ми се гаће моје“ – пееше Оливер Мандиќ. И украинците имаат еротски народни песни. А како и не би, сонце пука во житните степи, плавуша се нагузила да жнее, како да не ја повлечеш за плетенки отпозади? Па да размесиш тоа боските огромни к’о у Варљиво лето: Меси, сине, меси, неће ништа да ти шкоди.

Да, сексот е најубав кога е со женско ;) Не туку ми лепете етикети: хомофоб, „патријахало – фашист“ и сл. Јас ги уважувам разликите. Во знак на разбирање спрема LGBT заедницата, еве ќе спрпелкам не една, а две сељанки у сено. Не може?! Епа камо за мене сексуални права? ;)

Инаку, Украина има и геј народни песни: Гей соколи и Гей видно село. Ве зезам. Првата не говори за птици со хомо ориентација, туку е као „хеј, соколи“, а втората не е за геј сељаци што слушаат Village People, а е нешто као „ој, пред мене село“. Шегата настрана.

Дел од украинската традиција е и прекрасното хорско пеење. Познати песни се: Несе Галя воду (Носи Гаља вода), Їхав козак за Дунай (Јава козак преку Дунав), Нiч яка мiсячна (Месечева ноќ), Ой чий то кінь стоїть (Ој чиј коњ таму стои… ми паркирал на мое место), Наливаймо браття кришталеві чаші (Да налееме браќа кристални чаши… стварно ви треба превод?), Ой полечко, поле (па шо да преведувам више?!).

Кога сме кај разликите, кои ги споменав погоре, да ги испоштуеме и етничките. Ансамблот Вирскиј изведува и ромска кореографија. Класика: черги, гитари и танц околу логорски оган во стилот на славниот советски филм Циганите летаат на небото на молдавецот Емил Лотјану. Гарант сте го чуле саундтракот! Главни ликови во филмот се коњокрадецот Зобар и пргавата убавица Рада, кои чергарат низ регионите Бесарабија, Буковина или Закарпатје во време на австро-унгарската власт, што денес е во Молдавија, Романија или Западна Украина.

Во Западна Украина се наоѓаат Карпатите, кои се простираат и во соседна Словачка, Унгарија, Полска и Романија. На нивните падини живеат словенските етнички групи: русини, лемки, бојки и хуцули. Патем, од словачките русини потекнува Andy Warhol (Андрій Варгола). На пописите во Украина, овие етникуми главно се изјаснуваат како украинци, но некои се залагаат за свој посебен идентитет. Тие се опишани во култниот игран филм на Параџанов Сенките на заборавените предци (Тіні забутих предків). Обавезно да го погледне секој етнолог, па и сите други.

Ансамблот Вирскиј изведува и кореографии базирани на фолклорот на тие етникуми: Хуцулка и Карпати. Втората содржи трембит – долг дувачки инструмент, сличен на швајцарскиот алпхорн. Го чувте кај Руслана, која победи на Евровизија 2004 во конкуренција со Тоше. Нејзината Wild Dances имаше и трубачко соло, кое на новинарот Иван Мирчевски му се виде инспирирано од Бреговиќ. Всушност, таквиот блех стил е вообичаен во Украина (како и во соседна Молдова и Романија).

Навистина, украинскиот brass некад зазвучуе к’о балкански, но не знам дали има поврзаност. Можеби сиот тој блех (all that jazz) потекнува од отоманските мехтер оркестри? Дел од Украина бил под Османлиите и нивните вазали Кримските Татари, па има топоними како: Буџак, Бахчисарај, Исмаил, дури и патеписецот Евлија Челеби бил таму. А можеби, тој саунд го донеле доселениците во Нова Србија и Славо-Србија, каде бил формиран и Македонскиот полк? Или се’ е до Ромите? Usual suspects :) Како и да е, најдолу ставив и аудио клип за пример.

Но да продолжиме со музичкава разгледница. Истокот и приморскиот Југ на Украина се рускојазични (вкл. и родината на Павло Вирскиј, Одеса), па ансамблот ја изведува и руската морнарска песна и танец, Јаблочко. Полуостровот Крим пак, е дом на гореспоменатите Кримски Татари, муслимани, кои си имаат свој фолклор, кој истотака ќе го чуете меѓу материјалите подолу. Битно малцинство се и Евреите, кои си го фураат стилот клезмер. Оние од Одеса свират и староградски шеговити песни за пијани морнари, шверцери и белосветски протуви к’о Остап Бендер, кои скитаат низ тоа пристаниште.

Лани направив видео журка со музика од екс-советските земји во Менада. Прожектирав поп, рок, етно, шлагери и филмски теми од: Русија, Украина, Казахстан, Литванија… you name it! Тоа беше прв таков настан во Скопјево, каде тие музики се потполно непознати, затоа што неврзаната СФР Југославија не беше под советско влијание. Голема чест ми направија гостите од украинската амбасада, но интересот кај нашата публика беше слаб. А збориме за фин локал, во кој излегува начитана раја, со широки хоризонти, open minded….

Ташак. Повеќето таа вечер го одбраа Пиво фест. Играа оро на Цеци и Чорби :) А следната вечер, може се прешалтале на нешто „урбано“ од типот „тупс-тупс лапај табли, лапај табли“. ОК, секој со својот вкус, но еј мој друже скопски, толку ли нема љубопитни луѓе да видат и научат нешто ново? Туку, кога спомнав „оро“, такво нешто има и во украинската традиција – хоровод, па подолу ви претставувам фотки и видеа на таа тема.


ГАЛЕРИЈА ОД НАСТАПОТ НА АНСАМБЛОТ ВИРСКИ ВО СКОПЈЕ


ВИДЕО КЛИПОВИ

Клик на наслов за преглед, разгледај надолу со клизачот десно.