Од Илири и антика, Фрашери и национал-романтика, преку фашистичка Италија и Германија до Енвер Хоџа и УЧК. Системите се менуваат, но албанскиот национализан останува ист.

Деновиве сме сведоци на немили настани: албански екстремисти дивеат низ градот, при што е предизвикана материјална штета, дојде до судири со полицијата и до повредени. Но најстрашна од се’ е меѓуетничката напнатост која ја предизвикаа овие инциденти.

Вандалското однесување беше оправдувано (иако со ништо не може да се оправда) како реакција на претепувањето на недолжни Албанци од страна на младите македонски шовинисти, кои протестираа против именувањето на бившиот командант на УЧК, Талат Џафери, за министер за одбрана. Повеќе информации и снимки можете да видите со клик тука.

Јас се гадам од секаков шовинизам, како од „нашиот“, така и од албанскиот и остро осудувам било какви напади врз недолжни луѓе, но не ми е јасно што за тоа се виновни автобусите, постојките, клупите или Музејот на Холокаустот, кои беа кршени и палени од страна на гневните Албанци? Ако имало претепувања, нека се најде сторителот и крај. Зошто ја туркате целата земја (а можеби и регионот) во конфликт? Па бидете објективни, имало 500 миљарди физички напади од страна на Албанци врз неалбанци, а за тоа досега никој не одговарал.

Однесувањето и на едната и на другата страна не само што е неетичко, туку и крајно неодговорно во еден ваква „лесно запаллива“ средина. Но, да бидеме објективни, албанската страна е сепак порадикална, за што подробно ќе образложам во оваа статија.

Albanian_caricature_1913-560x478

Стар националистички плакат: Албанија против Црна Гора заради Скадар (лево), против Грција за Јанина, Чамерија (десно) и против Србија за Косово (долу)

Министер за напад

Апелирам за мир и воздржаност до сите граѓани без оглед на етничката и религиозна припадност. Со Албанци проблем немам. Цел живот го поминав во етнички хомогена средина, во која нема Албанци, па најмногу проблеми си иам видено од „нашите“. Не е празна фраза, јас навистина имам познаници Албанци со кои добро стојам.

Албанци, кои ги почитувам се например: Идриз Амети (од групата Blla-Blla-Blla), Сеат Јакупи (пејачот на култната „Високи штикли“ од Concorde), Таки Гранит („Неправда“ од Лева патика), Ермаљ Мехмети (брат на пратеничката Ермира, одличен музичар), Петрит Сарачини (рокер, новинар и мировен активист), Луан Старова (писател, професор и дипломат), Беким Фехмиу (косовскиот Белмондо што вртел жени к’о Брижит Бардо и Клаудија Кардинале), Џон Белуши (The Blues Brothers) и Џејмс Белуши (брат му), Ферид Мурати (американски нобеловец од татко – гостиварчанец), Зана Нимани (позната пејачка во екс-Југославија) и секако, Мајка Тереза. Во оваа прилика, ќе ги замолам моите пријатели Албанци да не ми замерат за мојот trademark – слободниот, помалце рокерски стил на пишување. Време е за некои работи да се проговори поотворено.

Горе: Милошевиќ ги малтретираше Албанците, долу: тие сега уште побрутално ги угнетуваат неалбанците. Српски поп пред запален храм во „мултиетничкото“ Косово

Немам проблем ни со тоа Албанци да држат високи функции во државава, во таа смисла, да бидат и министри за одбрана. Но Талат Џафери тоа не може да биде. Не дека не е способен за тоа (човекот е стручен, студирал воена академија во Белград и Сараево, бил офицер на ЈНА и АРМ). Едноставно, тој нема морално право на тоа.

lesok crkva 2001

Уништената црква во Лешок, 2001

Иако соживот подразбира обете страни да направат извесни компромиси, истовремено мора да се избегнуваат меѓусебни провокации. Бивш командант на УЧК и дезертер од АРМ да биде министер за одбрана, не придонесува за соживотот и за надминување на тензиите. Со кој „образ“ Џафери сега раководи со армијата врз која вчера пукал? И многу пострашно, УЧК има извршено воени злосторства. Тука се Хашките случаи, тортурата врз работниците на ГП Маврово, масакрите во Вејце и мотелот Бриони, исчезнатите киднапирани лица, Липковската брана, сквернавењето и кревањето во воздух на православните храмови итн. Дотолку не можевте да најдете друг кандидат за министер?!

Читав реакции за настаниве по медиумите и социјалните мрежи. Власта и опозицијата се осудуваат една со друга дека инцидентиве се фингирани со цел дефокусирање на јавноста од некои други актуелни прашања (предвремените избори или сл.). Дали во тоа има вистина, не знам, ама во оваа држава веќе ништо не би ме зачудило. Особено сензационалистички беше пренесена снимката од палењето на автобусот на ЈСП, на која извршителите – Албанци извикуваа „Алах Акбар“, „уа каури“ и сл.

Алах Акбар?

Чеј малце. Според тие вжештени глави на снимката, Албанката Мајка Тереза е „каурка“ затоа што не е од исламска вероисповест? И Скендербег ли е „каур“ затоа што Ватикан му ја дал титулата Athleta Christi (свет борец – крстоносец против Османлиите – муслимани)? Па зашто подигнавте споменик на таков „каур“, кој се борел против „клетите Турци“ усред Турска Чаршија? Зошто му се клањате на тој крстоносец и после викате „Алах Акбар“?!

Kosovo_TC_0224

Косовскиот премиер со генералите Весли Кларк и Мајк Џексон (спази име) и Бернар Кушнер од ОН

И како тоа „Алах Акбар“ сега? Па дајте да не се фолираме. Нели главен поддржувач на албанската кауза на Балканот се THE UNITED STATES OF AMERICA, кои се главно омразени во исламскиот свет? Да не беше NATO и неговото бомбардирање на Србија (чија политика, инаку, не ја поддржував), дали Косово денес ќе беше независна држава? Дали албанските милитанти ќе беа толку окуражени да не стоеше зад нив америчката база Бондстил (која патем, се нарекува и „мало Гвантанамо“)?

Куп земји со доминантно муслиманско население (било исламски по устав, било секуларни) не го признаваат Косово: Иран, Ирак, Египет, Алжир, Тунис, Мароко, Либија, Либан, Сирија, Палестина, Јемен, Судан, Азербејџан, Казахстан, Киргизстан, Узбекистан, Туркменистан, Таџикистан, Индонезија, Бангладеш, Мали и др. Само половина од земјите-членки на Исламската Конференција и Арапската Лига го признале Косово.

bush visit albanians

Дури ни Палестина, која самата се бори за независност, не го признава Косово. Палестинците нејќат да чујат за споредби помеѓу косовското и палестинското прашање и изреволтирано изјавија дека експресното признавање на Косово од страна на Западот е пример за неговите двојни стандарди (што е факт).

Палестина одржува добри односи со Белград уште од времето на неврзаната СФР Југославија. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја посети Србија во 2009 год. Две години подоцна, Палестина зема учество на Министерскиот Самит на Неврзаните во Белград. Минатата година, Србија гласаше „за“ Палестина да се здобие со статус држава – посматрач во ООН. Албанија пак, гласаше воздржано.

Косовска делегација на чело со Беџет Пацоли се обиде да лобира за признавање на Косово кај бившиот либиски лидер, Муамер Ел Гадафи. Овој ги примил во својот бедуински шатор, каде ги натерал да играат и да пејат к’о идиоти и откога изживувањето завршило, рекол дека нема да ги признае, затоа што се „пудлици на Американците“ – како што со презир се изразил.

Се разбира, во тие земји можно е да дојде и до промена на ставовите, особено по Арапската пролет или заради лобирања и притисоци од страна, но сепак, тие се’ уште го немаат признаено Косово. Од Исламскиот свет, Косово го признаа: Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Кувајт, Бахреин, Оман, Авганистан, Пакистан, Турција и др. Повеќето од нив имаат добри односи со САД. Некои од нив се де факто амерички бази. Исклучок е Ирак, кој иако е под американска контрола, тој сепак се’ уште не го признава Косово.

Tadic_and_Gaddafi

Boris Tadic, Mahmoud AbbasГоре: српскиот претседател Тадиќ со Гадафи, долу: со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

ulica george bush

Улица Џорџ Буш во Тирана

Тоа што среде Албанците доминира исламот сигурно дека побудува симпатии кај многумина во исламскиот и арапскиот свет, но сепак, на официјално ниво, многу од тие земји баш и не се кубат за коса што Косово прогласило независност. Повикувањето на исламските чувства таму некако слабо пројде.

Додека (скоро) цел исламски свет беше во судир со САД, додека Арапи го гаѓаа Буш со чевли, а огромен број Американци го критикуваа и исмејуваа, ти го дочекуеше у Тирана к’о да ти дошол „Госпот Бог“ лично. Од САД и НАТО примаш миљарди долари, оружје и секаква материјална и морална помош, ради тебе тие почињаа војни, бомбардираа градови, убиваа цивили („колатерална штета“), напраија цел медиумски циркус на CNN / BBC, прекршија меѓународни договори (Резолуцијата на ООН 1244), на Косово градат цели Пентагони. Тие ти прогледуваат низ прсти за рушење српски цркви, етнички чистења, убиства, киднапирања, силувања, трговија со дрога, оружје и органи, за хашките случаи итн. И после сето тоа, ти се појавуеш на Youtube и викаш „Алаху Акбар“? Gimme a break!

bush-albaniaГоре: Буш во Албанија, долу: споменик посветен нему

Не негирам дека среде Албанците има поединци и групи кои го нагласуваат исламскиот идентитет пред националниот, па дури и такви кои се следбеници на радикалниот ислам. Така например, во 2007 год. неколку косовски и македонски Албанци беа у уапсени во САД, заради планирање терористички напад врз базата Форт Дикс, 25 км. од Трентон, Њу Џерси.

Со исламизмот се поврзуваат (иако не знам дали е тоа точно) и извршителите на убиствата на Смилковското езеро. Во Скопје видовме и демонстрации против карикатурите на Мухамед во данскиот печат. Сепак, пан-албанската политика на Балканов е пред се’ националистичка, а не религиозна и е изразито про-американска.

Kosovo Israeli and American FlagsГоре: раководството на УЧК со знамиња во позадина, долу: знамиња на улиците на Приштина. Циниците би искоментирале „да се испоштуваат спонзорите“.

Албанците имаат една религија или Албанска антиквизација

Бруталниот стаљинистички диктатор Енвер Хоџа многу љубел да го цитира албанскиот поет Пашко Васа (1825-1892): „единствена религија на Албанците не е ни исламот ни христијанството, а Албанството“. Си кажал чоекот отворено.

Former U.S. President Bill Clinton speaks in front of his statue in the capital Pristina

Клинтон држи говор покрај својот споменик на булеварот именуван по него во Приштина

Додека албански екстремисти рушат српски цркви на Косово, а кај нас никнуваат џамии како печурки после дожд, во Албанија владее идеална хармонија помеѓу различните религиозни групи. Значи, националното, а не религиозното, е приоритет за Албанците.

Важна, ако не и најважна улога во развојот на тој албански национализам одиграла антиквизацијата, aма не оваа нашава (која, патем, ми е одвратна), туку онаа создадена од албанската национал-романтичарска интелигенција во XIX век. Тоа е време на раѓањето на нациите, кога секоја од нив имала потреба од создавање на свои национални митови, па ни Албанците не биле исклучок. Тогаш се случува Албанската национална преродба (Rilindja Kombëtare).

Сакајќи да докажат дека Албанците се автохтон народ на териториите на кои живеат и дека имаат екслузивно право над нив наспроти словенските дојденци, албанските преродбеници тврделе дека потекнуваат од античките Пелазги, а потоа се наметнала и илирската теорија. Тие тврделе дека целата старогрчка култура, цивилизација и религија е всушност „создадена од Илирите“, дека Александар Македонски „бил Илир“ (иако Античка Македонија не еднаш војувала против Илирите, но да не шириме), па дури се одело до тоа да се присвојуваат и Хомер и Аристотел. Истиве тези ги презел и официјално ги промовирал и Енвер Хоџа, а тоа продолжуваат да го прават и денешните албански политичари. Од времето на Албанската преродба датира и пренагласувањето на националниот мит за средновековниот херој Скендербег, на што подоцна ќе се осврнеме.

На тема на албанската антиквизација и останатите национални митови се напишани тони книги и есеи, но еве неколку: Albanian identities: Myth and History, Archaeology Under Dictatorship, Balkanizing Homer, Mythifying the Albanians, Wer war Skanderbeg, Religion und Kultur im albanisch-sprachigen Südosteuropa, а има и многу други.

Инаку, антиквизацијата на Енвер Хоџа доста потсетува (и веројатно е инспирирана) од псевдо-историската наука на романскиот диктатор Николае Чаушеску, за кого веќе пишував. Нејзиниот назив бил протохронизам (ром. protocronism).

alb02

Верниот сталинист Хоџа се искара со СССР во времето на десталинизацијата и се врза со Маовата Кина, со која подоцна истотака се раздели. Албанија стана најизолираната земја во универзумот

Илиризам

Не сум национал-шовинист и не спорам дека современите Албанци можеби потекнуваат од Илирите и како такви, можеби се навистина автохтони жители на Балканот. Но тоа е во сфера на хипотези и не е 100% јасно утврдено (тоа не е егзактна наука како математика каде 2+2 е секогаш 4). Говориме за нешта од пред 2-3 милениуми. Дури и да има нешто реално во тие тврдења, тие се затрупани од тон митови, многу од тоа е завиено од магла или е напумпано и манипулирано од националистичките лидери. Покрај илирската, постојат и други тези за настанувањето на Албанците: пелазгиска, тракијска, дакијска и др. Којзнае која е онаа вистинската.

Диктаторот Енвер Хоџа, промоторот на илиризмот, со сликата на својот идеен татко.

На албанските националисти, се чини, најшемаџиска им е сепак илириската и тие постојано ја верглаат заради докажување на наводната автохтоност и со тоа екслузивно право на териториите на кои живеат, кое го оспоруваат на клетите дошљаци, Славјаните. Дури и илирската теза да е 100% точна, ако си дошол прв на журката не значи дека имаш право на сите други да им поливаш пиво на глава и сам да ја изедеш целата торта. Планетава не е измислена само за тебе. Миграции имало уште од зората на човештвото. Мигрирале не само тебе омразените Словени, туку и Келтите, Германите, Готите, Визиготите, Хуните, Аварите и други (фактички сите народи), па веројатно и самите Илири од некаде дошле. Сосема легитимно е да се браниш ако сега дома ти влезе некој окупатор, но да ги нарекуваш своите соседи – „славомакедонски окупатори“ е нонсенс. Јужните Словени живеат на Балканиве околу милениум и пол и одамна „сраснале“ со земјава, не ти дошле вчера. Можеби дури си (помалку или повеќе) и генетски поврзан со нив, а за тоа ни самиот не си свесен.

Нема „чисти нации“. Етногенезата на скоро секој народ вклучувала и одредени мешања, особено на Балканиве не се знае кој кого е**л. Денешниот Албанец не би бил Албанец доколку во неговата етногенеза не се вмешале и Римјани, Грци, Келти, Словени, Турци и др., за што сведочат куп латинизми, грцизми, словенизми, турцизми и други позајмици во албанскиот јазик, како и мал милион неалбански топоними во самата Албанија, на што подробно ќе се осврнам подолу. ДНК анализи извршени врз Албанци покажале дека тие и не се разликувале толку драстично од другите европски народи. Доволно е да се спомне дека самиот збор НАРОД на албански е POPULL, значи има латинско потекло и звучи слично на англиското people, француското peuple, италијанското popolo и шпанското pueblo. За каква чиста Албанска нација ми збориш, кога самиот збор НАРОД ти е странски? Трагикомедии.

mapa_iliria.

Клик за зголемено: Мапа на Илирија со племињата

Илирите, да биде јасно, не биле „нација“ во денешната смисла на зборот, туку различни племиња расфрлани од Албанија на Југ до Истра на Север и од Јадран на Запад до Панонска низија на Исток. Значи, скоро цела Југославија плус Албанија. Јазикот, културата и меѓусебната поврзаност на тие племиња не се најјасни. Сите тие биле комплет бутани под терминот „Илири“ од страна на старогрчките и римските хроничари, кои отстрана ги набљудувале.

Ако одиме по логиката дека „Илири = Албанци“ тогаш националистичката творба „Илирида“ не треба да биде само западниот дел на Македонија, ами цел Западен Балкан вкл. цела Јадранска обала. И Илирска Бистрица да не ја заборавите. Топонимов баш албански. А и блиску е до Албанија ептен (џенем горе кај Трст јеботе). Се зезам, нормално, тој топоним нема благе везе со Албанците. Илирија, како што реков, бил антички назив за сиот Западен Балкан. На тие простори егзистирала римската префектура Илирикум, која подоцна била освоена од страна на надојдените Словени.

Во XV-XVI век, хрватските ренесансни просветители Јурај Шижгориќ и Винко Прибојевиќ промовирале теза дека Јужните Словени се потомци на Илирите. Тие тврделе дека дури и Александар Македонски, Аристотел и Диоклецијан биле Словени, што според нив било еднакво на Илири. Абе исти ѓаол како албанскава антиквизација: тврдења за автохтоност, псевдо-историја, присвојувања и сл., со таа разлика што овие не палеле автобуси.

Danica_ilirska

Клик за зголемено: Списанието на Људевит Гај „Даница Илирска“

Називот „Илирија“ го користеле и Наполеон и Австријците за означување на освоените територии во Словенија и Хрватска. Ете оттаму е називот Илирска Бистрица. Ова мешање на поимите „Илирија“ и „Словени“, подоцна ќе го инспирира создавањето на пан-славистичкото „Илирско движење“ на Људевит Гај. Фактички, и Хрватите, Словенците и другите јужнословенски народи се повикувале на илирско потекло, а не само Албанците. Кој е во право? Не знам, но логично ми е дека сите жители на Западниот Балкан имаат по нешто илирско во гените. Нема чисти нации. На Балканов сешто поминало и се измешало.

Но Албанските националисти сакаат екслузивно право на илиризмот (у стилу „ние сме автохтоните Илири, а вие сте дошљаци од провинција, кога ние сме јаделе со златни виљушки, вие сте јаделе со руки у пештери на Карпатите“). Ајде добро, да речеме дека се директни потомци на Илирите, но нешто многу-многу материјални докази за тоа баш и неам видено. Дајте нешто, пирамиди, сфинги, колосеуми, партенони, кинески ѕидои, илирски еквиваленти на Бхагавад Гита, Гилгамеш, абе некаква трага да видев од таа светла античко-илирска цивилизација.

Великосрпската политика во 90-тите ми беше крајно одбојна, но објективно, јас на Косово гледам средновековни српски цркви и манастири, факт е дека имало Бој на Косову и никој нормален не спори дека сето тоа е дел од српската историја. Па и самиот топоним Косово е логично српски. Пазете, не велам дека Србите биле таму автохтони и дека имаат некакво екслузивно право на тие територии, просто велам дека биле присутни таму со векови и за тоа оставиле непобитни докази.

Сигурно дека и Илирите создавале, граделе, имале свои кралеви и кралици и војувале. Но како прво, тоа е многу подалечна историја и материјалните докази се доста обскурни, а како второ, директната поврзаност на Илирите со денешните Албанци за дел од науката е дискутабилна. Кога ќе прогуглам информации околу потеклото на Албанците се’ е во стилот „се смета дека…“, „се претпоставува дека…“, а во српскиот случај се е многу појасно. Нема спор дека „српскиот цар тој-и-тој го изградил тој-и-тој храм“ или дека „ја водел таа-и-таа битка на Косово“.

Како и за сите древни народи, така и за Илирите постои мит за нивното настанување. Нивен митски основоположник бил Илир, син на феникијскиот крал Кадмус и богињата Хармонија (инаку ќерка на Арес и Афродита или на Зевс и Електра или зависи што било „ин“ у моментот коа Старите Грци и Римјани ги пишувале овие митови). По друга, мање романтична верзија, Илир бил син на едноокиот киклоп Полифем (тоа мора Србите да лажат за да им напакостат на Албанците, гарант!).

rugova

„Умерениот“ Ругова бил тежок антиквизатор и барал преименување на Косово во Дарданија

Синови на Илир биле: Дардан (основоположник на племето Дардани, омилено на косовскиот антиквизатор Ибрахим Ругова), Енхелеј (на Енхелејците, кои можеби живееле кај Охрид у камп Елешец), Автариј (на Автаријатите од “Avatar”), Таул (на талентираните Тауланти, чиј наследник е Талат), Пераеб (на Перајебите) и Мајдон (не знам чив). Ќерки на Илир пак биле Парта, Даорта и Десарета (таа живеела у хотелон Десарет). Внук на Илир пак, бил Панон, основоположникот на Панонските илирски племиња (ете и панонскиот морнар Ѓорѓе Балашевиќ испадна Албанец ц ц ц).

Ќе ми простите за иронијата погоре, но разните старогрчки и римски извори од кои дознаваме за Илирите се толку збркани, полни со митологија и меѓусебно некомпатибилни. Така например, едни спомнуваат Дарданци како илирско племе, а други некакви Дарданци во Троја (ете и Троја е албанска), па едни спомнуваат Десарети како илирско племе, а други како грчко. Оваа збрка е иста како што поимот „Иберија“ можел да ја означува денешна Шпанија, но истовремено и Грузија! Врз основа на оваа тотална ПАПАЗЈАНИЈА од историски факти и „факти“, албанските антиквизатори денес се повикуваат на разни Илириди, Дардании, како да е тоа неоспориво „Слово Божје“.

chechen_funeral

Чеченски погреб

Постои и теза дека Албанците потекнуваат од т.н. Кавкаска Албанија, која ги опфаќала денешниот Азербејџан и Дагестан. Таа не е широко прифатена, но гледано лаички, сличност помеѓу Албанците и разните етнички групи на Кавказот (Чечени, Авари, Кабардинци, Балкари, Карачајци, Ингуши, Азери и др.) може да се види во: горштачката воинствена култура, поделбата во кланови / родови / племиња, крвната одмазда, строгиот патријахален и изолиран начин на живот, доминацијата на исламот, па ту и тамо и во носиите и танците. Сите народи на Кавказот во рускиот јазик се опфатени под терминот Горцы (Планинци), кој беше присутен и во контроверзната енциклопедија на МАНУ. Дали има поврзаност, не знам.

chechen prayer

Чеченска молитва

Партизани и Ѓерманци

ss skenderbeg

Албански есесовци од дивизијата Скендербег

За илирската теза се интересирал и Хитлер. Него, како што знаете, доста го влечела антиката, тие митови, стари Германи, руни, езотерии и чуда, па така го заинтересирале и Илирите. Додека за Евреите биле предвидени гасни комори, Албанците по неговите расни стандарди биле подобни, па некои се вклучиле и во СС Дивизијата Скендербег. Албанија во Втората Светска Војна најпрвин била под италијански, а потоа под германски протекторат и благодарејќи на тоа и територијално се проширила. На 17 декември 1941 год. таа дури објавила војна и на САД. Сепак, во Албанија се развило и силно движење на отпорот.

По Втората Светска Војна, на власт во земјата доаѓа Енвер Хоџа. Исто како и колега му, Чаушеску, Хоџа бил декларативно „комунист“ и „интернационалист“, но всушност бил жесток национал-шовинист. За да ги заштити од злобните туѓинци, Хоџа ги опколил Албанците со петстомиљарди бункери и бодљикави жици и пола век им плачел мајче, учејќи ги притоа, дека се „најстариот, најкултурниот, најавтохтониот, просто најбољиот народ у свет настанат директ од амебите од кои е постаро само сонцето, кое by the way е илирски симбол“.

albanian-bs-enver-hoxha

Енвер Хоџа им објаснуе на Албанците дека се Илири (спази двојник на Мендух Тачи у позадина)

Хоџа инсистирал новороденчињата да добиваат антички илирски имиња (Илир, Теута, Агрон, Дардан и сл.), наспроти оние имиња кои имаат странско потекло, особено христијанско или исламско (Христо, Шабан и сл.). Целта не била само националистичка, но и атеистичка. НСР Албанија во 1967 год. официјално се прогласи за атеистичка држава и како таква беше единствена во светот. Значи, една од карактеристиките на ваквите антиквизации се тврдењата за некаква етничка или расна чистота и отфрлање или минимизирање на туѓите влијанија врз генетиката, јазикот и културата на сопствениот народ.

Во албанскиот јазик имаш куп латинизми, грцизми, словенизми, турцизми, а Албанија е преплавена со неалбански топоними, еве само неколку: Аргирокастро (алб. Ѓирокастер, Северен Епир, грчка територија уште во антиката, родно место на Енвер Хоџа и на писателот Исмаил Кадаре), Вучји До (алб. Вичидоли, 4 км. до границата со Косово, родно место на премиерот Сали Бериша, за чие презиме се вели дека е српско, но да не шпекулирам), Москополе (некогаш мошне значаен влашки центар, спален од Али Паша Јанински), па местата населени со наши сонародници: Поградец, Голо Брдо, Билишта, Требиште, Горица, Крчишта, Довољани, Врница, Вичишта, Борово, Глобочани, Стеблево, Острени, Моглица, Клење… се уморив од пишување. Мда, све чисто „илирски“ топоними.

greeks northern epirus independence 1914

Не само Албанците се отцепуваат, а и од нив се отцепувале. Грци неуспешно прогласуваат независност во Аргирокастро, Северен Епир (Јужна Албанија), 1914. Двоглавиот орел е византиски, патем.

Па имаш дури и Белград усред Албанија! На албански јес да е Берат, ама фигурира како „Белград“ во куп историски документи. Оттаму родум е и Св. Ангелина Комнени, жена на средновековниот српски деспот Стефан Бранковиќ и сестра на Доника Кастриоти, сопругата на Скендербег. Види богати како се мешале Албанциве и Србиве, братство- јединство!

Мислам што праиме муабет? Додека во Тетово повикуваш на етнички чисти „Големи Албании“, самата Албанија е еден мултиетнички конгломерат на народи, како и секоја држава впрочем (поготово балканските, па и нашата де). Може чукун-дедоти бил Србин, Турак, Грк, Келт, Азербејџанец или mix thereof.

Скендербег

Да се осврнеме и на овој значаен средновековен лик во албанската национална митологија. Иако е неспорно дека бил историска личност, многу информации околу него се напумпани, неразјаснети, премолчени или се апла бајки ала Крали Марко. Постојат и спорови околу неговата етничка припадност, но еве немам против да признаам дека бил Албанец, доколку не се утврди нешто друго.

costumes nationales albanises

До појавата на национал-романтизмот во XIX век, среде обичните Албанци по планињето немало некакво колективно сеќавање за Илири ниту за Скендербег. Исламизацијата во Албанија поминала доста лесно, во споредба со други делови на Балканот, а Албанците припаѓале на привилегираниот исламски милет (народ) на Отоманската Империја и многу од нив биле „Поголеми Турци од самите Турци“. Албанците војувале на страна на Империјата и и’ дале низа значајни војсководци и функционери, а албанските паши уживале во автономни пашалуци во кои владеела деспотија, терор, грабање, затајување данок, неплаќање струја, вода, ѓубретарина (кажано со денешен речник).

Султанот решил да ја доведе Империјата во ред со реформи за централизација и модернизација (Танзимат), кои не им одговарале на албанските феудалци затоа што им се укинувала автономијата (к’о Милошевиќ што направи во САП Косово). Пашите кренале востанија, кои им биле задушени, а за казна, пашалаците им биле укинати и расцепкани на повеќе административни единици (вилаети, санџаци). Султанот започнал политика на османизација за всадување на лојалност кај разните населенија во Империјата, вкл. и кај Албанците. Тие и понатаму биле лојални и привилегирани Османлии – муслимани.

Арно ама, кога Империјата почнала да се распаѓа и кога никнале Грција, Србија, Бугарија и Црна Гора и се одржале Сан Стефанскиот и Берлинскиот Конгрес, Албанците се загрижиле за својата иднина и за оние територии, кои ги сметале за свои. Тогаш е формирана Призренската Лига (1878). Најпрвин таа барала обединување на сите албански територии во еден вилает во рамки на Империјата (нова територијална поделба). За независност не станувало збор, тие биле лојални Османлии, но кога пропаста на Империјата станала евидентна, тие побарале автономија (федерализација, покраина), а најпосле и независност.

Presidential_Guard_Tirana

Претседателската гарда на Албанија со шлемовите на Скендербег

За остварување на таа цел, се јавила потреба од национален мит околу кој би се обединиле сите Албанци, кои биле поделени на племенска база (Геги и Тоски), клановска, религиозна и друга. Образованата интелигенција од повисоката класа, која главно живеела и работела во странство, па така била и под влијание на тогаш актуелниот национал-романтизам, се повикала на илирско или пелазгиско потекло и го откопала Скендербег од нафталин, пренагласувајќи го како бранител на Европската цивилизација од „клетите Турци“ (т.н. Antemurale мит, нешто као Бој на Косову кај Србите). Истовремено, се преќутувала Скендербеговата крстоносна војна против Исламот (благословена од Римскиот Папа лично), за да не се навредат Албанците – муслимани.

Така национал – романтичарите го префабрикувале Скендербег од Athleta Christi (фактички, крстоносец) во пан-албански национален херој, подеднакво важен како за христијаните, така и за муслиманите. Ете затоа сега имаме апсурдни ситуации, екстремисти кои викаат „Алах Акбар“ да се поклонуваат на споменикот на крстоносецот Скендербег и да го веат знамето со неговиот симбол – двоглавиот орел, кој многу веројатно е преземен од православната Византиска Империја (како и српскиот и рускиот грб).

Sclaveni Ite Domum или Словени одете си дома

Ми велиш: „Јас сум Илир и како таков сум автохтон на овие простори, а вие сте Словени вратете се на Карпатите од каде што сте дошле“. Прво, ја никад не сум живеел на Карпатите за да се „враќам“ таму. Ниту пак моите родители, дедовци, прадедовци, па ни чукундедовци. Можеби нашите далечни предци Словени мигрирале од Карпатите на Балканот, ама тоа се случило пред цирка милениум и пол. Свесен си што е МИЛЕНИУМ И ПОЛ? 15 факинг века или 1500 години, па компири да се, чоколади, бомбони, па многу се! Тоа не ти е доволно долг период за да ми признаеш „станарско право“ у „зградава“? А уствари, кој си ти да го признаваш или да не го признаваш? Како што објаснивме погоре, илирската теза и не е 100% докажана. Па дури и да е, сите народи мигрирале!

uncle sam kosovo

Ти немаш проблем што европски колонизатори пред 200 години створиле држава на туѓа, индијанска територија (USA – чичковците што ти даваат пари дур ти викаш „Алах Акбар“), а имаш проблем со Словени кои живеат тука 15 јебени века и со кои си можеби и генетски поврзан? Твојата матична држава – Албанија врие од словенски топоними. Да потсетам на брачниот пар Св. Ангелина – Стефан Бранковиќ од погоре? Ај тоа е пристоен пример, свесен си какви генг-бенгои и групњаци се дешавале по Балканиве?

Словените кои дошле од Карпатите на Балканот сигурно дека се подизмешале со локалното население и дел од него и асимилирале. И воопшто, сите народи кои мигрирале се мешале со староседелците, на кои наидувале. И како ти тоа све ќе го „одмешаш“? Ќе ги сечеш луѓето со моторна пила на засебни етнички парчиња?

По твојата сулуда логика:

- Енглезот треба да исече од себе англо-саксонско парче и да го „врати“ во Германија, норманско парче за во Нормандија и така редум?

- Турците треба да ја напуштат Турција и да „се вратат“ на Алтај од каде наводно потекнуваат сите турски народи? А тоа што многу Турци во себе имаат и понешто словенско, грчко, арапско, черкеско или албанско заради мешањата во Отоманската Империја? Ти знаеш дека Албанците биле во ист „милет“ заедно со Турците? И сега, Турчинот треба да отсече од себе парче за у Централна Азија, друго у Босна, трето у Албанија, четврто на Кавказ, петто у Арабија? Тогаш и османлискиот владетел на Египет, Мухамед Али, треба да го презакопаме од Каиро во Тирана, затоа што бил Албанец? Но ш’о праиме со фактот дека е роден во Кавала?!

- Финците, Унгарците и Естонците треба да ги напуштат Финска, Унгарија и Естонија и да се „вратат“ во областа Југра на Урал, кај нивните наводни угро-фински предци со косоок азиски изглед? Знаеш ли дека Унгарците го добиле името по Хуните („Хунгарија“), мада самите се викаат „Маѓари“? И сеа кај да идат они?

- Романците, за кои се смета дека настанале со мешање на Дакијците и Римјаните треба да се исечат напола и едно парче да „вратат“ во Италија, а едно да остават во Дакија (денешна Романија)?

- Бугарите настанале со мешање на Волжските прото-Бугари и Словените. Значи, у принцип две парчиња, едно оди на Карпати, друго у Болгар, денешен Татарстан, Руска Федерација, така?

- Американците и Канаѓаните истотака мора да се „вратат“ дома, нели? Е сеа, би било просто: „Енглезот у Енглеска, Французот во Франција, Африканецот у Африка, Кинезот у Кина“, арно ама свесен си кој melting pot е тоа? Не се знае кој кого е***л. И на крај дури и да го разделиш тој мозаик на одделни коцкички и дури да ја „вратиш“ секоја од нив таму од каде потекнува, се појавува нов проблем. Остануваат Индијанците, за кои постојат тези дека всушност не се оригинално население на Америка, туку дека мигрирале пред 453 миљарди години преку замрзнатиот Берингов Мореуз од Азија. Така се објаснува и сличноста помеѓу Сибирските народи, од една, и Ескимите и Индијанците, од друга страна. И шо сеа, ќе ги спотераш тоа Индијанцине и Ескимине пешки да се „враќаат“ по мразоите? Чукш назад у Чукотка маму вам окупаторску!

- Русите ќе мора да се испоисечат на куп парчиња: најголемото словенско иде за Карпатите, второто е викиншко од династијата Рурик и тоа иде у Шведска, третото е татарско, четвртото може угро-финско, петтото од сибирските народи тамо Бурјати, Алтајци, Јакути, па нешто кавкаско Черкези, Грузини, па Волжските Германци, па да не ги забораиме Монголските освојувања на Џингис Кан итн. Може кај некои да се најде и по нешто Еврејско. Сам ѓаол знае што све се мешало, у Русија имаш 376 миљони етнички групи. Знаеш ли дека куп битни личности во руската историја се од неруско етничко потекло? Пушкин по дедо бил Африканец! Јекатерина Велика, пак, е родум од Прусија (некад Германија, а сега Полска), а братучедите и’ станале кралеви на Шведска. Па ти тупи си глаа!

- Французот треба да исече галско и римско парче (од време на Астерикс), германско парче (од Франките ваљда) и уше куп други ш’о не ми текнуваат. Шпанецот пак треба да исече иберијско, латинско, келтско, феникијско, арапско, маварско, ромско и којзнае какво се’ не парче. Италијанецот пак латинско, етрурско, грчко, феникијско. Припадниците на народите од германската група (Германците, Австријците, Скандинавците, Холанѓаните, Фламанците и др.), ќе треба да се испосечат себеси на таму Алемани, Саксонци, Франки, Бавари, Суеби, Вандали, Готи, Остроготи, Викинзи и чуда.

- А ни сам Бог не знае на колку парчиња ТИ самиот ќе треба да се исечеш. Сечеш рука – враќаш у Рим, сечеш нога – у Турска, лев бубрег – у Грчка, десен – на Карпати, и на крај што ќе остане од твојата илирштина? Ташак.

- На крају краева, фактички ќе треба да ја иселиш цела Европа и да ја „вратиш“ у незнамти Индија, Иран или на Кавказ, од каде што наводно мигрирала целата таа индо-европска група или бела раса. Ама во неа припаѓаш и ти самиот? Значи и ти си дојден, мора да се „вратиш“. Марш у Непал!

- А постојат и тези дека колевка на целото човештво е уствари у Африка, оние религиозните би ти рекле дека све е од Адам и Ева, а дарвинистите дека сите сме мајмуни.

Iliria mapa pleminja

Клик за зголемено: Shqipëria до Токија.

Добро еве нека сте чисти Илири. Од Зевс и Полифем лично! К’о што сте тргнале, на крај ќе ги истерате сите од Балканот, по што ќе останете сами у една Мегаломанска Интергалактичка Shqipëria до Токија. И што? Пак нема да ви чини. Пак ќе барате ’рчка со некого и ако нема, ќе се испоубиете меѓу себе. Па дајте да проговориме реално. Малку ли се изнагледавме насилие на албанските простори? Ајде настрана Косово, настрана конфликтот 2001, па што се случи во самата Албанија во 1997 год.?

Култ на насилството и феудален хаос

albania1997guns

Во 1997 год., како последица на пропаста на преварантските пирамидални штедилници, во Албанија настана општа побуна и хаос. Албанија крахираше и слободно може да се каже дека во даден период не постоеше како држава. Разгневени толпи народ провалија во воените магацини, искрадоа тони оружје, секој копиљ шеташе со калашњиков у рука.

Огромен дел од тоа оружје заврши на Косово (што е предмет на разни conspiracy theories), а дел се’ уште седи по подрумите по албанските села, особено во Северна Албанија, со кои владејат меѓусебно скарани кланови. Секое село – држава. Нели е така? Ама не е ова навреда, за овие проблеми пишуваат самите Албанци.

albania 1997 gas mask

На чело на Албанија тогаш беше Сали Бериша (родом из Вучјег Дола). Дали тој бил вмешан во тие криминални шеми, не знам, но знам дека како претседател мораше да понесе одговорност за пропаста на сопствената држава. А тој немаше доблест ни оставка да даде. Не бе брате, мува не го лази. После сиот тој хаос, кој беше ставен под контрола дури по интервенцијата на мировните трупи на UN, типот мртав ’ладан си се кандидира и даље на избори и сега е премиер на Албанија.

И тоа не е се! Типот уште се сили, дава провокативни изјави како би било супер да се реализира идејата за Голема Албанија. Американците (као) го караат што је неваљао, а њега заболе уво. Знае дека нема да иде ни у Хаг ни нигде. Типот си пиеше кафе со Буш, сите му тинтраат јајца, Албанија си влезе у НАТО во април 2009 без никаков проблем, а година дена претходно експлозии во Грдец, пола држава летна у ваздух, не бе брате мука нема. Па дали е ова нормално да се случува среде Европа бре човече Божји / Алахов? Најпријателски и најискрено!

_43030987_bushberisha_afp416

albman

Може ли еднаш да се надмине таа „култура на насилство“, „култ на оружјето“ и феудален хаос, кои се за жал присутни среде албанските етнички простори? Не е ова навреда за целиот албански народ, но ќе признаете дека има нешто вистина во она што го говорам.

Со прашањата на насилството, меѓудругото, се занимава и „Канонот“ на Лек Дукаѓини, а на таа тема се напишани и доста социолошки трудови и снимени се документарни филмови. Еве само еден пример: The proliferation of small arms and light weapons in the Western Balkans: A Lethal Legacy.

Такви обичаи се присутни кај сите планински народи: кај Црногорците, Шкотите, Сицилијанците, грчките Маниоти на Пелопонез, кај гореспоменатите Кавкасци, па чак и кај американските rednecks тамо негде у Апалачија у каубојско време („Двобој код ОК Корала“). Па имаш тука сликање со сабји и кубури у појас (модерна варијанта: со калашњиков), па пукање во воздух за свадби, па вадење ками за најмала расправија, па крвни одмазди, фамилија против фамилија се тепаат со генерации итн. Мислам дајте веќе 21-ви век дојде.

den na albanskoto zname skopje

Калашњикови усред центар на Скопје на Денот на албанското знаме, ноември 2012, 21-ви век.

Чуму?

MarkosBotsaris

Многу значајни личности на Грција всушност се Арванити: Марко Боцарис

Не велам дека во Република Македонија е се’ идеално, причини за незадоволство колку сакаш, но кога се во прашање правата на етничките заедници, во споредба со други земји сме најлиберални у галаксија. Па спореди со „колевката на демократијата“ Грција! Таа е конгломерат од најразлични етникуми: Албанци (т.н. Арванити, од кои произлегле низа значајни личности за Грција), Македонци, Власи, Турци и може понекој Грк да не е без ич, но официјално, таа тврди дека е единствената етнички чиста држава на планетава!

Па дури и во претходната Титова СФР Југославија, Албанците живееле релативно добро и далеку послободно отколку во самата Албанија, која тогаш беше под „бункер системот“ на Енвер Хоџа. Првпат албански јазик прозвучел од телевизиските екрани токму на ТВ Скопје, тогаш Албанија немала телевизија. Првпат Албанци засвиреле рокенрол токму кај нас, во Албанија за тоа ќе лежеле у некој ГУЛАГ. СФРЈ во даден период имала дури и претседател Албанец, Синан Хасани!

Flag_of_SFR_Yugoslav_Albanian_Minority.svg

Знаме на албанската народност во СФРЈ. Од знамето на НСР Албанија се разликуваше по позицијата на петокраката

Имало образование и медиуми на албански, фолклорни друштва, широка автономија за Косово со фамозниот Устав од 1974 година. Да не бил од неврзаната СФРЈ, чии граѓани уживаа слобода на движење, а да бил од Албанија, дали Беким Фехмиу ќе станел светска филмска ѕвезда? Може ќе копал компири у некој колхоз у Пешкопеја. Не велам дека се’ било идеално, имало и трагични судбини, репресии, но и позитивни страни.

И по осамостојувањето, кај нас немаше некоја екстремна дискриминација на Албанците. Да ве потсетам како беше во соседна Србија со Милошевиќ, Аркан, Шешељ и остали пациенти? Може имаше глупости од македонска страна од типот на Битпазарските настани 1992 и студентските протести во 1997 год., но сепак немаше некоја дотолку голема меѓуетничка тензија и масакри како во Босна или Хрватска. Дали навистина беше потребен конфликтот 2001 година?

Ајде добро, Албанците се здобија со уште поголеми права: сега имаме консенсуална демократија, де факто федерализација, Албанци се редовно застапени во власта на високи функции, албанскиот се употребува во парламентот, отворени се универзитети на албански, во владата седат министри од УЧК. И пак не ти чини. Значи, не било до правата, до нешто друго е. Време е да ги наречеме работите со своето вистинско име, а тоа е: Лондонска конференција 1912 год. Нема врска ни Илири, ни Марсовци, ни права, ни ислам, ни ништо. Едноставно, Албанците не се задоволни од тоа како се прекроени границите на (како што тие чувствуваат) нивна штета.

Обичниот народ во војна е секогаш губитник: Абедин Зимбери од УЧК кој изгуби 10 члена од семејството во конфликтот во 2001.

Епа welcome to the club, никој на Балканов, па и пошироко, не е задоволен од тоа како се прекројувале границите во војните и на разните конференциии јал во Сан Стефано, јал Берлински конгрес, јал Лондонски, јал Букурешки. Грците ја имаат изгубено Мала Азија, Константинополи (Истанбул), Смирна (Измир), Адрианполи (Едрене), Северен Кипар (денес турска држава), Северен Епир (денес Јужна Албанија) итн. Србите ја изгубија Босна, дел од Хрватска, најпосле и Косово. Не се оствари ни Сан Стефанскиот договор со кој етничките Бугари од Мизија, Тракија, Македонија, Добруџа и други краишта требаше да се обединат во една држава. Нема идеални граници, get over with it. И Франција и Германија си вадеа очи, ама сфатија дека тоа мора да има крај.

Огледало

Антиквизаторски и националистички идеи имало кај сите нации, но оние поразвиените, одамна ги прележале тие детски болести. А ние Балканците, за жал, уште ги трпиме. Антиквизација си иаме и ние и таа ми е подеднакво одбојна како и албанскава. И обете всушност се гледаат една со друга како во огледало. Исто говно, различито паковање.

Нашиов бапнал споменик од Александар, Албанецов од Скендербег, нашиов гради СК 2014, Албанецов пак, Плоштад Скендербег. На што личи тој мегаломански проект? Па дали сте нормални? Чаршијата ја уништивте бре ало! И башка, таа е ТУРСКА Чаршија, стајте некој Турак таму, Насрадин Оџа, Евлија Челеби или некој бег, паша, имало меѓу нив и Албанци. Како моеш да го стаиш таму Скендербег, борецот против „клетите Турци“?

Petat_Chaulev2

Петре Чаулев и Албанецот Сефедин Пустина го кренаа Охридското востание 1913

Нашиве антиквизатори велат (импровизирам): „Ние сме директни потомци на Александар, а не на оние Словенине од Карпатите, кои со цефчиња го препливале Дунав. Ние сме чист народ, Гоцева раса, мрзиме Шиптари, говориме на чист античкомакедонски јазик“. Па чеј малце, како тоа зборот ЈАЗИК го има во 98% од словенските јазици, од кои повеќето без проблем ги разбираш? Язык (руски), език (бугарски), језик (српски), jezik (hrvatski), jazyk (чешки и словачки), język (полски). Па и зборот НАРОД: народ (руски, бугарски, српски), naród (чешки, словачки и полски). И уше петстомиљарди други зборови (види тука). А што се тиче Гоцета, абе зашо учел во Бугарската Машка Гимназија во Солун, па и во воената академија во Софија? И знаеш ли дека Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и „клетите Шиптари“ заедно го кренале Охридското востание во 1913 год. против великосрпската окупација?

И нашиве и албанскиве националисти не си ја знаат сопствената историја. Но има една битна разлика. Додека нашата антиквизација е циркус со Nietzsche и неговата Молитва и Македоноидите до Тихи Океан или оној историчарот од Штип со Ramones маица што разговараше со духот на Александар или спотон за „Империја“, албанскава антиквизација е реално опасна и до зуби вооружена.

Заклучок

Сите балкански народи правеле глупости, но дај да признаеме дека сега најмилитантен фактор на Балканов се сепак Албанците. Тие одамна не се загрозено малцинство, туку апсолутни господари на животот и смртта во две балкански држави, Албанија и Косово, а богами и кај нас (и ја би бил така храбар и сигурен у себе да е позади мене најмоќната нуклеарна сила у универзум).

Но пројде 1999 год. Ги нема идиотите к’о Милошевиќ, Шешељ, Аркан и ним сличните (кои најискрено ми се гадеа), па жалбите за дискриминација на Албанците повеќе не поминуваат. Дури ни на Запад. Како што канадскиот генерал на УНПРОФОР, Луис Мекензи, изјави: “The Kosovo-Albanians have played us like a Stradivarius. We bombed the wrong side”. Чоекот јес да е контроверзен, ама покажува дека времето кога западната јавност беше едногласна во поддршката за Албанците веќе изминува. И познатиот мислител, Ноам Чомски, ја критикува западната политика спрема Србија во контекст на Косово.

Не помага више ни медиумската машинерија на CNN (кој го глеа уопште?), интернетот веќе не е dial-up, секој има на тацна тони информации од најразлични извори и може да ги согледа работите од сите агли. Ни Западот веќе не е семоќен, што се виде во Ирак и Авганистан, како и со економските кризи, социјалните превирања, Occupy Wall Street, Wikileaks, Anonymous итн.

Ни Истокот не е истиот. Русија, Иран, Кина и Индија се сега сили, кои имаат свои интереси и повеќе не се само пасивни посматрачи. Додуше Русите „покажаа заби“ уште на 12 јуни 1999 год. кога го заземаа приштинскиот аеродром, но мораа да се повлечат. Таа Русија на Јелцин и оваа на Путин се сосема различни. Пази, ја не навијам, само укажувам дека светот од монополарен станува мултиполарен. САД и нивните великоалбански експоненти повеќе нема да можат да прават баш што сакаат. Пази, богати, имало и други земји на Планетава.

putin ahmadinejad khamenei

Путин во посета на Иран со претседателот Ахмадинеџад и ајатолахот Хаменеи

Странската јавност, која во 90-тите со право го критикуваше српскиот шовинизам, сега гледа дека ни албанскиот не е цвеќе за мирисање. Животот, честа и имотот на неалбанецот во албанските етнички средини (тука пред се’ мислам на Косово) не вреди ни колку кофа пуна со кравји измет. Јас разбирам дека Албанците се чувствувале угнетено под српската, а можеби и под македонската власт, но сега тие самите се угнетувачи на неалбанците, за што порано или подоцна ќе мора да преземат одговорност, иако Западот очигледно ги тинтра и им попушта.

Јас сум крајно разочаран од тоа што среде албанската интелигенција не гледам ни еден храбар индивидуалец кој отворено ќе ги критикува негативните појави во својата сопствена етничка заедница.. Толку ли нема човек среде Албанците со свој ум и јајца да го предизвика тој колективистички менталитет и сета таа антиквизација, митологија и милитаризам? Бидете здрави и живи сите. Tung.

bunker albanija2

Ќе се надминат ли еднаш бункерите во главата?