КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО: Моторола со куп одликувања, дел од кои се дубиозни.

Денес е 600-ти ден од инвазијата врз Украина, а пред точно 7 години беше уцмекан Моторола, „херојот на Донбас“, кој немаше врска со Донбас, туку беше агент испратен од Русија. Вистинското име му беше Арсен Павлов и тој беше роден на 2 февруари 1983 г. во Ухта, во автономната Република Коми во составот на Руската Федерација. Тоа е далеку на нејзиниот север, дури 2500 км од Донбас! Мајка му била од Коми, а татко му – од Тверската Област на Русија, што исто така нема допирна точка со Донбас.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Кога бил млад мајмун.

Павлов неколку години служел во руската армија, при што фатил дел од чеченскиот конфликт, а прекарот Моторола произлегол од тоа што тој бил везист. Тој потоа се скрасил во градот Ростов на Дону, кајшто работел во автоперална. На 15.3.2012 г., тој бил осуден за тоа што во пијана состојба украл автомобил од пералната, а руските власти наводно му понудиле или да лежи затвор или да стане нивен агент, па тој го одбрал второто.

Во Украина, за која тој не знаел ништо, тој првпат дошол на 26.2.2014 г. Тој тогаш обиколил некои места на нејзиниот југ и исток, со цел да ги поттикне на сепаратистички бунт, кој стана познат како Руска пролет (Русская весна). Таму тогаш немаше војна, а камоли „геноцид врз руското население“ – како што лажеа путинските медиуми, но имаше нереди меѓу Евромајданските револуционери и про-руските Антимајдановци, кои агентите на Москва ги радикализираа.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Во пералната кајшто мазнал ауто.

Особено ме згрози тоа што, на 16.3.2014 г., Моторола беше забележан на про-рускиот митинг во Харков, град со кој тој немаше никаква врска, а јас имам, зашто сум харковски зет. Моторола на митингот стоеше веднаш до говорникот Егор Логвинов, кого најверојатно го усмерувал или обезбедувал. Харков е на само 30 км од границата со Русија, па во градот пристигнаа автобуси со нејзини државјани, кои глумеа „локални демонстранти“. Тука беше и московјанецот Михаил Чуприков, кој дури отворено го закачи знамето на Русија на Харковската обласна администрација. Но плановите на Русија не поминаа во Харков како во Донецк или Луганск, кајшто во април 2014 г. беа формирани т.н. Донецка и Луганска Народна Република (ДНР и ЛНР).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Втората сопруга.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Херојот на ДНР во леопардски гаќи.

Покрај Моторола, во Украина беа уфрлени и други агенти на Путин како: Игор Гиркин-Стрелков, кој е родум од Москва; Евгениј Ерофејев-Делфин, родум од Самара, што е исто така во Русија; или Александар Александров-Алекс, родум од рускиот остров Сахалин во Тихиот Океан карши Јапонија. Тоа се тие „донбаски востаници“ – како што лажно ги претставуваше Путин. Гиркин дури стана министер за одбрана на ДНР!

Откако Моторола заминал да ја ослободува Украина од Украинците, зад себе тој ја оставил жена му Викторија и синот Даниил, а неговите соборци од ДНР му нашле боља жена со големи цицки, Елена Коленкина. Тоа се тие „семејни вредности“ за кои прдат путинистите. И самиот Путин ја има шутнато својата прва сопруга Људмила. Над 50% од браковите во Русија завршуваат така, најчесто по инцијатива на мажите, а златни жени се оставени да се мачат како самохрани мајки (на Запад е обратно – таму жените се обично иницијатори за развод, што се должи на феминизмот).

Моторола тогаш и не бил разведен од претходната сопруга, но тоа не им пречело на матичарите и поповите во ДНР да го венчаат со онаа новата, што е ем безаконие, ем богохулие. Неговата прва жена дознала за ова од вестите на ТВ. Таа „ситна формалност“ околу разводот била средена подоцна.

За Коленкина се шушка дека била девојка со „лесно поведение“, позната како Ленка-Канистер, а нејзиниот брак со Моторола изгледа бил првиот или еден од првите склучен во ДНР. Шефот на таа „држава“, Павел Губарев, бил сведок на свадбата, а на брачниот пар му подарил стан, кој бил скомунизден (украден) од фондот на украинската Приватбанка. На својата невеста, Моторола тогаш ѝ подарил теренец Пежо 2008, најверојатно исто така скомунизден (е не, од плата). Моторола ги ограбувал донецките бизнисмени, а и тамошните автосалони, по што пленот го испраќал за продажба во соседна Русија

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Од свадбата со втората жена со знамето на великодржавниот проект Новорусија, кој претендира на украински територии.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Турбофолк.

Како командир на баталјонот „Спарта“, тој бил озлогласен и по своите воени злосторства. Очевидци сведочат дека тој убивал заробеници, меѓу кои бил и Игор Брановицки, постхумно одликуван како Херој на Украина.

На 21.1.2015 г., Моторола вршел смотра на заробеници, при што им наредил да станат, што Брановицки не можел да го стори. Тој бил во лоша здравствена состојба заради тортурите на кои бил изложен. Моторола тогаш го застрелал, по што иронично констатирал дека „го излечил“. Еден месец по настанот, Моторола бил одликуван како Херој на ДНР.

Украинското обвинителство поднело кривична пријава против него, а за злосторствата на Моторола се заинтересирала и меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешенел“.

Новинарите на „Киев пост“ му телефонирале на Моторола и го прашале дали навистина убивал затвореници, а тој одговорил дека убил петнаесетина и дека за тоа „го боли хуй“. „Сакам убивам, сакам не убивам“ – додал тој, а разговорот бил снимен и објавен на интернет.

Моторола никогаш не ја оспорувал автентичноста на снимката, но се оправдувал дека изјавата ја дал во афект, дека новинарите му додевале и дека прашањето им било неумесно, но повеќе никој не му верувал.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Меден месец на окупираниот Крим. Најдалеку што стигнале со пасош на ДНР била Абхазија.

Запаметена е и видео-снимката, во која тој како манијак стрела по зградите низ Донецк со фрлач на гранати, како и онаа во која тој одблиску стрела со пиштол во својот борец Шустриј, со цел да го „тестира“ неговиот панцирен елек.

Во еден друг клип, Моторола со „жабица“ стрела кон про-руските позиции, разговарајќи со нив преку радио-врска, а кога тие му јавуваат дека некој ги гаѓа и дека над глава им летаат гранати, тој низ смеа ги прашува дали подзаспале и дали се вкопани. Целта белким му била да ги провери своите борци и малку да ги штрекне, но притоа можел да ги убие!

Среде битките тој скандирал „Алаху акбар!“ со мегафон в рака или гласно пуштал исламски молитви, а тој имал и теренско возило, на кое бил поставен митралез, кое го нарекол „џихад-мобил“. Моторола тврдел дека со тоа сакал да го збуни или заплаши непријателот, но поверојатно е дека тоа го правел за да ги бодри кадировците од Чеченија, кои тогаш дошле да го поддржат. Среде нив се издвојувал Руслан Азизов-Стингер и неговиот баталјон „Смерт“.

На 29.8.2014 г., рускиот министер за одбрана Шојгу бил на службен пат во странство, при што Полска му забранила прелет, а Моторола на тоа збеснал и снимил клип со закани кон неа, но не успеал да ги реализира.

Вечерта на 16.10.2016 г., Моторола се возел со лифт во својата станбена зграда, па дали стиснал некое копче, дали нешто друго, но лифтот одеднаш експлодирал и така завршил животот на овој човеколик мајмун.

Она малце што останало од него било собрано со лопата у кофа и било закопано со воени почести. Простувањето од него се одржало во Донецката опера и балет, па ова бил прв и последен пат Моторола да влезе у театар.

Најлогично е да се заклучи дека бомбата ја поставиле Украинците, но дури ни Русите не инсистираат на таа верзија. Некои од нив сметаат дека ова била чисто криминална работа, а можеби Путин решил да спроведе стаљинистичка чистка во своите редови (под таквите режими никој не е безбеден, дури ни неговите поддржувачи).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Икона со Моторола.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Првата жена и синот.

Моторола потоа бил претставуван како маченик и светец, при што се појавиле дури и икони со неговиот лик, исто како што во Русија прават со Сталин, Путин и Пригожин, а што е богохулие пар екселанс. Познатиот шлагераш од советските времиња, Јосиф Кобзон, кој бил родум од Донбас, а кој кариерата ја градел во Москва, му посветил песна на Моторола, кого го опишал како „наш земјак“. Земјак?!

На училиштето бр. 13 во Ухта, кајшто Моторола некогаш учел, тогаш му била поставена спомен-плоча, но некој подоцна ја скршил. Некои предлагале по Моторола да се именува една улица во градот, на што се спротивставила локалната власт, но дури и сојузот на советски ветерани од војната во Авганистан, кои не го есапеле за вистински војник. Тој на сите им скурчил.

Неговата прва жена, кутрата, се обидела да го искористи неговиот углед на паднат борец за да си го реши станбеното прашање, но руските бирократи, кои се озлогласени по своето „хамство“ (грубост), ѝ се издеравале, ја шетале од шалтер на шалтер и не им било гајле што тој некогаш ѝ бил сопруг.

Како прво, во моментот на неговата смрт, тој веќе бил разведен со неа, па таа не била сметана за негова вдовица, а како второ, иако многумина во Русија го гледале како херој, формално-правно, тој таму бил никој и ништо, што бирократите ѝ го кажале на жената у фаца. Тој бил одликуван како Херој на ДНР, а не на Русија.

Фактички, Моторола бил херој на странска држава и тоа непризната. Настаните за кои тука говорев се случиле пред Русија да ја признае ДНР на 21.2.2022 г. и пред да ја анектира на 30.9.2022 г. Се разбира, никој нормален во светот не ја призна ДНР, ниту нејзината анексија, но сега говорам од гледна точка на Русија.

Таа никогаш не признала дека Моторола бил нејзин агент, туку просто го опишува како доброволец, кој самоиницијативно заминал за Украина. Сепак, Путин му дал орден, но постхумно, дури на 18.5.2022 г., цитирам: „За храброст, одважност и самопожртвуваност пројавени во текот на исполнувањето на задачите за обезбедување на заштита на правата и слободите на сотатковинците“. Но чеј малце, какви црни сотатковинци?! ДНР тогаш сè уште не била анектирана, па како нејзините државјани им биле сотатковинци на државјаните на Русија?!

Околу одликувањата на Моторола има и други контроверзи. На парадите во ДНР тој бил виден со руските ордени „За заштита на Крим“ и „За враќањето на Крим“, но Моторола негирал дека делувал на полуостровот! Јас го најдов официјалниот список на добитници на првонаведениот орден, но таму нема никаков Арсен Павлов!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Веселата вдовица: Ленка-Канистра по наоѓањето на нов спонзор во Русија.

Тука или нешто не е ажурирано или нешто се затскрива или Моторола самоволно си ги закачувал тие ордени, што е вообичаено среде Русите. Среде нив има многу лажни ветерани (ряженные ветераны), кои си закачуваат незаслужени одликувања, а кои просто можат да се купат по тезги.

Кај Моторола бил забележан и орденот на т.н. Амбасада на Новорусија во Словачка, што не е никаква амбасада, туку про-путинска невладина организација. Фактички, ова е некаква значка, која Моторола си ја носел на парадите како да е државно одликување, а таа навистина изгледа така. Сè во таа приказна е лага.

Наводно, неговата втора жена, која била државјанка на ДНР, била третирана малку подобро од онаа првата, која била државјанка на Русија, па добила некаква боречка пензија или сл. Неа потоа ја преселиле во Русија, објаснувајќи ѝ го тоа со грижа за нејзината безбедност (можеби таа знаела нешто што не треба, па морале да ја тргнат од Донбас?). Во Русија таа си нашла нов спонзор, по што почнала успешен бизнис и станала тема за таблоидите.

Порано или подоцна, биле убиени и соборците на Моторола: Гиви, Захарченко, Мозговој, Батја, Бетмен, Мамијев, Анашченко, Ципкалов, Дугина, Татарскиј, Стремоусов и други „херои“, што на руски значи нешто како „пречкртани“ или „курајбери“. Ако Русите ви кажат некому да му ставите „хер“, тоа може да значи да го пречкртате со „Х“, односно да му турите крст или да му го турите курот. Вистинските херои на руски се викаат „герои“ со буквата г.

Фактички, целата таа банда е веќе потепана, а останаа само Путин и уште двајца-без-тројца (Губарев, Пушилин и уште понекој).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Женава е жртва на војната и треба да ѝ се даде орден – како ли трпела да ја лапа овој?

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Моторола жваља роѓенденска торта.