HarrisonBoyd

Џорџ Харисон со сопругата Пети Бојд, која му ја ќари Ерик Клептон. За неа тој ја напиша славната “Layla”.

„Ги сонувам жените што никогаш не се мои, ги сонувам жените на Џегер и на Фери“ (?!) Така некако пееја Океан Пацифик во раните 90-ти на тема на забранетата љубов кон туѓите партнери. За таа велешко – кавадаречка рок група подетално ќе објасниме на крај, а најпрвин околу темата на оваа статија.

Фантазирање за туѓи партнер(к)и мене баш и не ми е „филм“, но тоа е еротска фантазија за многумина и е чест мотив и во рок поетиката. Голем број реномирани музичари пишувале или изведувале песни на таа тема, при што некои од нив останале запаметени и како ремек дела во рок историјата.

pattie-boyd-and-george-harrison

Па да почнеме, додуша нехронолошки, со презентација на песни кои говорат за симпатии кон туѓи партнери. Рик Спрингфилд беше познат американски артист во раните 80-ти години на минатиот век (иако всушност тој е родум од Австралија). Негов познат хит беше “Jessie’s Girl” (Девојката на Џеси) од 1980 год. Тој имал соученик по име Гери, чија девојка му се допаѓала, но за да не се замери со него, името во песната му го променил во „Џеси“ и мудро молчел околу тоа што го инспирирало да ја напише. Со девојката уствари тој и не се запознал, само ја гледал така, од „безбедна“ дистанца и меѓу нив немало некоја „афера“. Ни за цице не ја фатил. Години и години подоцна, тој јавно ја открил прикаската при гостување во шоуто на Опра Винфри. Некои се обиделе да откријат која е девојката со проверка на училишната документација, но таа, за жал, била веќе загубена. Одиме со таа генијална рок ствар.

 

 

The Specials припаѓаа на Втората генерација ska бендови (доцни 70-ти / рани 80-ти), заедно со Madness, Bad Manners, The Beat, The Selecter и The Bodysnatchers. Нив ги издаваше дискографската куќа 2 Tone, па нејзиниот назив стана синоним за тој звук: ривајвл на јамајканската ska од 60-тите фузирана со new wave и punk. По неколкугодишна работа, членовите на групата се искараа во бекстејџот на славното ТВ шоу Top of the Pops, по што фронтменот Џери Дамерс продолжи под изменетото име, The Special AKA. Позната трака им беше протестната “Free Nelson Mandela”, како и ироничната “What I Like Most About You Is Your Girlfriend” од 1984 год., чиј спот ќе го видиме подолу. Пред некое време The Specials се реоформија. Видете ги само како изгледаат.

 

 

Елвис Присли е The King of Rock’n'Roll и нема што тука многу да се објаснува. Во 1961 год. тој ја избацува песната “(Marie’s the Name) His Latest Flame”. Прикаската оди отприлике вака, седи Елвис на кафе со некој другар со кого одамна не се виделе, тука ќебапи, шопски, телеќа коленца и овој му се фали дека нашол нова девојка, као ќе се зимале и све тоа. Кога Елвис дознава дека името и’ е Мери, сфаќа дека е тоа негова бивша и се’ уште непрежалена љубов, но се воздржува да ја открие тајната.

 

 

“Layla” на Ерик Клептон е дефинитивно најпознатата рок песна напишана на темата, која сега ја обработуваме. Посветена е на Пети Бојд, познат фото-модел во 60-тите и сопруга на неговиот колега, славниот Џорџ Харисон од Битлси. Харисон и Бојд се запознале на снимањето на филмот “Hard Day’s Night” во 1964 год., при што таа го опишала како „најубав човек кого икад го видела у живот“ (како музичар го ценам, но за лепота… ноу комент). Иако таа веќе била во сериозна врска со извесниот фотограф Ерик Свејн, Харисон успеал да му ја „украде“, не знаејќи дека подоцна истото ќе му го стори клептоманот Клептон.

Клептон соработувал со Битлси на темата “While My Guitar Gently Weeps”, па се вели дека имало идеи дури за негово примање во групата (каков што беше и случајот со Црниот Битлс Били Престон). Така Клептон се зближил со Харисон, а потоа и со неговата жена. Песната “Layla”, Клептон ја напишал во раните 70-ти за својата група Derek & The Dominos, а насловот е инспириран од поемата „Лајла и Маџнун“ на средновековниот персиски писател, Низами Ганџави.

Кога Харисон дознал за оваа забранета љубов ги седнал Клептона и Бојдова за да се разберат очи у очи. Притоа дошло до бизарен двобој помеѓу двајцата рок титани. Музички, се разбира. Обајцата земале гитари в раце и 2 часа ги покажувале своите свирачки способности пред принцезата, за чија рака се бореле. Подоцна, Бојд и Клептон ќе се земат. За неа тој ќе ја напише и “Wonderful Tonight”. Бракот ќе се растури заради Клептоновата зависност од дроги и алкохол, па Бојд ќе прејде во други раце. Од сликиве ќе мора да се признае дека била страшна риба. Патем, и’ се пуштале и Ленон и Џегер од Стоунси, но без успех, а имала врска и со Рони Вуд.

 

 

The Cars беа new wave и power pop група од доцните 70-ти и раните 80-ти од Бостон, Масачусетс, САД. Останаа запаметени по својот хит “Drive” и по манијакалниот имиџ на својот фронтмен Рик Окасек со мртвачко бледа испиена фаца и задолжителни црни цвикери, со што потсетува рецимо на Иги Поп, Лу Рид, Ник Кејв или Ендрју Елдрич. Ги гледаме со “My Best Friend’s Girl” од 1978 год. од албумот “Moving in Stereo”. Па пуштете плеј и мрдајте у стерео.

 

 

The Ataris се амерички мелодичен punk бенд со примеси на emo. Независно од тоа што се формирани во Андерсон, Индијана, нивниот саунд е „калифорнијско -скејтерски“. Во стварта која ќе ја чуеме подолу, “San Dimas High School Football Rules” од 1999 год., фронтменот Крис Рое и’ порачува на девојката која му се допаѓа: “Just dump your boyfriend and go out with me. I swear I’d treat you like a queen”.

 

 

Да не испадне дека говориме само за забранета љубов кон туѓите девојки, еве една обратна ствар на тема: туѓите дечковци. Во спотот од 2007 год. кој го глеаме подоле, канаѓанката Аврил Лавињ му пее “I want to be your girlfriend” на момакот, кој е веќе зафатен со некоја (според неа) uncool девојка (“she’s like, so whatever, you can do so much better”). Што бара оваа teenage bubble gum pop-punk тралалајка у списак со ремек дела на рок историјата? Па штознам, симпатична ми е типката, не за друго. Ми се свиѓа дугата права коса, очите, нос таков нагоре, ноги, руки, има све шо треба. А пред се’ дека се уклапа у темава. Море и песнава е добра :) У својот фах де.
 


 

А еве и една ствар, која може да се толкува како „унисекс“, т.е. може да се употреби и за туѓите девојки, но и за дечковците. O.P.P. е славна рап трака на групата Naughty By Nature од 1991 год., а скратеницата означува: Other People’s Property (туѓа сопственост), но има и вулгарни варијанти каде последниот збор на „п“ може да се замени со англискиот збор за женскиот орган или латинскиот, за машкиот. Значи, песнава е посветена на туѓите п**ки и пе**си.

 

 

За крај, шлагот на вечерта, т.е. групата со која ја започнавме прикаската. Во раните 90-ти на скопскиот Рок Фест во МКЦ настапи групата Океан Пацифик од Титов Велес / Кавадарци. Дали беа мешана екипа ил’ така нешто, никој не знае, ниту пак во кој музички стил припаѓаа, но ми останале во памтење нивните стихови „Кавијар и лоза, виски и боза, спортска прогноза, Достоевски во проза, полусвената роза“ или „Бугарите се другари“ или сл. Ми беа смешни као копиљ, али у суштина беа ужасни. Тоа беше и нивната вредност уствари.

На нивните настапи пејачот се понашаше ко идиот и ја нервираше публиката од која долетуваа флаши, лименки, р’каници, шлајмови, извици уаа педери и закани по здравјето и животот на бендот и обавезно онаа финта у први редови „то мајсторе! дај си рука!“ по што фронтменот пружа рака, а овие го влечат ООО-РУК и овој АААГРРХ БДШШ @#$%^ паѓа од бина по што почињаат да го млатат миљарда цокули мартинс ДШШ ДШШШ удри го бе маму му јебем @#$%%^ Такви беа старите лоши времиња. На тв екраните рат у Вуковар, рат у Книн, рат у Пакрац, рат у Сарајево, влагаш у „дансинг салата“ на дом на млади, смрди на пот, на мувла, мрачно, загушљиво, фонија (((киИИИУУУ))) џџџџ-џџџџ гитари, тупа-тупа хардкор панкои тука, деф метали, фаци од пм од типот „Јужна Метал Армија“ од Демир Капија (спиеја у хотел „Промаја“ у Парк), панкери, скинси, Топанско, Железара, све нафурано, тепачки, кршења флаши, гаѓање и пљукања на бендови, качувања на бина… Кај моеш сеа тоа, има агенции за обезбеџење, шифоњери глаа ќе ти скинат.

Меѓу многуте „хитови“ на Океан Пацифик беше и оној „Ги сонувам жените што никогаш не се мои, ги сонувам жените на Џегер и на Фери“ (ваљда на Брајан Фери? А ја долго време мислев дека вика „на Џегер и на БОУВИ“ така има стопути боља рима). Снимаков кој ќе го видите подолу е од Рок Фест. Тогаш фронтменот на бендот замоли публиката да не се качува на бина, таа „го послуша“ и на крајот на наступот ЦЕЛАТА се качи горе (без мене, ја само глеав). Еве не целата, 99%. Онака се качија миљарда луѓе и стојат, не може да ги избрка. Немаше обезбеџење, барем не ко денес, па најчесто самите вработени во МКЦ мораа да се тепаат со публиката. На појаки настани понекад имаше милицајци онакви од Социјалистичка Република Македонија со петокраки (со старите капи).

Океан Пацифик настапија и на “Strip & Sound” фестивалот во 1995 год. во „алтернативната“ летна дискотека Music Garden у Парк. Уместо бина имаше едно као конструкција со некакви искривени шперплочи турени одозго и као некои поголеми камења стаени за „да држат“. Океан Пацифик почињаат да оргијаат на бина, гитаристов на колена солира у транс, пејачов му доаѓа одозгора го фаќа за коса и дивљачки го влече накај препони а еден од публика земал еден од тие камењата и ги гаѓа! Фиууу БДШШШ @##$% Не знам како не ги погоди (абе ГОЛЕМ камен не моеш убаво да нациљаш) но пејачов продужава ко ништо да не се десило, бута микрофон у први редови на публика се дерат луѓе АГРРХ, му се дерам „дај и гитарата!“, типов му ја зима на гитаристов и ми ја дава у руки а ја безвезе удирам некој powerchords (свирам од публика?!), фалшои фрштат, граанг – граанг, пејачов мука нема вришти, скока, рипа и коа рече ЖБРАГАУУУУУУУУ!!!!! Пропадна у бина! И сите УААААААААУУУУУУУУУ!!!! АПЛАУЗИ ТУКА СМЕЕЊЕ ВРИШТЕЊЕ!!!

После тоа дое еден ги поднамести плочите па следни настапуваа Соломонов печат. Басистот (еден плав дечко беше) доаѓа на бина и он – БДШШШ!!! Пропаѓање!! Абе лудило тотално. Туку назад на темата, снимак од изведбата на „Ги сонувам жените што никогаш не се мои“ од Океан Пацифик од Рок Фест ’92, но настапот е уствари од 1991 год. (Све нешто мора да е изместено. Се зезам, така беше тоа, Рок Фест се отвараше при крајот на годината, а финалето се одржуваше на почетокот на следната, оттаму и збрката).