Видео: Контрамитингашите одат кон автобусите за да се вратат во вукојебините од кои биле доведени, но по пат налетуваат на нас и добиваат заслужено „испраќање“ со: „Офци, офци!“. Снимил: Парго.

Вчера, МВРО-ДРПМНЕ, односно „независното граѓанско“ движење ГОВНО, кое е нејзин учкур, организираше „спонтан собир“, со кој „народот му изразува поддршка“ на Чобанот и неговите куртони. Учесниците беа собирани од сите можни паланки и села и доведувани во престолнината со автобуси, трактори и сточни вагони. Тие биле мобилизирани со праќање на SMS-и, со закани за бркања од работа од јавните установи и претпријатија и со списоци за присуство. За таа цел, ним им бил даден и слободен ден од работа, при што, биле откажувани дури и лекарски прегледи од системот за електронски евиденции во здравството, „Мој термин“. Полицијата го прегради просторот пред Собранието, со цел, масата да делува покомпактно и за некои недисциплинирани офци да не се расшетуваат по скопските кафани или радњи, затоа што, има и такви, кои би ги искористиле овие контрамитинзи за бесплатен излет до Скопје.

sms_pritisoci

Повеќе медиуми објавија со какви заканувачки пораки се врши мобилизација на контрапротестите.

Збутани к’о офци у тор пред Чобанот, контрамитингашите се забавуваа со Сузана Спасовска и играа козарачко коло, а ликови од типот на Ниче Димовски и слични пациенти им држеа говори дека тие се „избран народ“, „колевка на цивилизацијата“ и сл. Имаше и хумористичен дел со кловнови, во кој настапи Тони Михајловски – Шанац. На древната античко-барокна Триумфална порта, издигната во далечната 2014 година од нашата ера, поставено е и големо државно знаме, затоа што на режимот му е јасно дека секој нормален човек би ја срушил. Како што секогаш следува на таквите контрапротести, на учесниците им биле делени и сендвичи.

Најавувајќи го контрапротестот на својот Facebook, Филип Петровски отворено ѝ се закануваше на опозицијата, препорачувајќи ѝ дека е подобро таа да не се појавува на улиците во тој ден. Но, се разбира, како и многу други, ја за инат отидов на опозициските протести. И? Ништо. Митингашите и контрамитингашите воопшто не можеа да се допрат, затоа што меѓу нив имаше полициски кордони, па секоја од двете групации си го тераше своето во одделен дел на градот. Заплашувањата на власта не помогнаа, се собравме доста раја. И тоа без сендвичи, притисоци и организирани автобуси к’о овие куртониве. Ни се придружија доста познати ликови од скопскиот асфалт, како и од битолскиот, охридскиот итн.

Најпрвин, протестиравме пред Европската канцеларија и разните министерства кај Нова Македонија. Тука имаше гурање со полицијата, при што успеавме да им грабнеме еден штит! После, го предававме од рука до рука низ масата и којзнае кај тој заврши. Потоа, се упативме кон „Владата ви е ружна“, чија античко-баркона фасада ја офарбавме со „бомби“ во разни бои, кои беа доста прецизно фрлани од демонстрантите.

kontraprotest sendvic

Куро на Грујо ќе го јајте. Башка сте „православци“, треба да постите пред Велигден, a не да ждерете салами, кашкавали и јајца. А Грујица ќе си тамани прасиќи.

Откако протестот заврши, тргнавме да си одиме по бул. Климент Охридски, арно ама, на раскрсница со Партизанска кај Соборен нè запре кордон полиција. Баш во тој момент, контрамитингашиве и сендвичариве поминуваа по Партизанска одејќи накај автобусите со кои требаа да се вратат во вукојебините од коишто биле донесени. Вдолж булеварот имаше купишта паркирани автобуси. Тука ние ги поздравивме контрамитингашите со „Нема правда нема мир!“, „Никола на робија“, „Николааа, Николаааа, курот ќе го јадеш Никола“, како и громогласно скандирање „ОФЦИ, ОФЦИ, ОФЦИ!“. Некои од контрашиве нè гледаа изненадено, други беспомошно ни покажуваа среден прст и ни дофрлуваа, а трети со спуштени глави само си го гледаа патот пред себе. Во таа маса има разни луѓе. Јас разбирам дека многу од нив биле дојдени под притисок и од страв за својата егзистенција. Но преку кур ми е све ние да ја сфаќаме нивната мака, а тие нас кога ќе нè сфатат? Нема да има промени дур’ тие дозволуваат да бидат третирани к’о офци.

После се најдов со скопската урбана легенда Крисот. Тука он праеше сцени, серење, полиција ќе го тепаше, ма лудило тотално. Тргнавме накај дома, а поред нас поминуваа бројните автобуси натоварени со сендвичариве, кои ги испративме со соодветни вулгарни гестови и извици.

Денес пак, со почеток од 14 часот, низ Скопје протестираа одредени албански политички партии, со (по мое согледување) поприлично националистички пароли, што е за секаква осуда. Нашите протести, односно „Шарената револуција“, како што веќе ја нарекуваат, е граѓанска, ненационалистичка и таа е отворена за сите, без оглед на етничката припадност и тие секогаш започнуваат во 18 часот (оттаму е и паролата „Секој ден во шест“). Во неа учествуваат и многу Албанци, од кои посебно се истакнуваат Џабир Дерала, Петрит Сарачини, Артан Садику и други кул ликови. Не гледам потреба за делење на протестното движење по етнички линии. Еманципирајте се, соседи. Сите сме граѓани на оваа земја, независно од етничката припадност.

И како што ми е доста да ги слушам прикаските дека Грујо бил некаков голем патриот, така и албанските националисти нека престанат со тоа дека тој нешто специјално ги тероризирал Албанците, дека тие немале „никакви права“ и дека не биле еднакви со Македонците, дека биле као „у логор“ и сл. Иако е вистина дека груевистите шират говор на омраза и сомничавост кон Албанците, тие нè ебат сите нас, без оглед на етничката припадност. Па Брат Љубе, човекот кој стана доста популарен со борбата против УЧК, сè уште чмае во затвор. Потоа, Стојанче Ангелов, генералот од војната во 2001-вата е етикетиран од страна на режимот како „предавник“, а неговото здружение на ветерани „Достоинство“ е понижувано и затоа, тоа активно учествува во протестите. Токму владата на Грујо и командантот на УЧК, Али Ахмети, ги повлече Хашките случаи, а во неа министер за одбрана беше Талат Џафери. Да додадеме и дека од другата страна на Камениот мост, во тек е изградба на некакво „Шкупи 2014“, кое се заканува да ја уништи Чаршијата. Значи, тука нема врска Македонци или Албанци, арамиите си го тераат своето и имаат одлична меѓусебна соработка.

Кога го спомнавме Љубе Бошковски, кој одамна требаше да биде ослободен од затвор, а режимот никако да го стори тоа, мораме да спомнеме и уште едно аспење.  Завчера, во Србија беше уапсен новинарот Зоран Божиновски, кој таму беше во егзил, по што, тој експресно беше екстрадиран во Македонија. Божиновски важи за бескомпромисен противник на режимот и ги откриваше неговите највалкани афери на својот сајт Буревесник, како и на својот Facebook профил. Затоа, во јавноста сега се стравува дека тој може да биде подложен на разни тортури.

Рака на срце, Божиновски понекогаш знаел да биде малце „жута штампа“ и сензационалист, но останува фактот дека многумина би сакале него да го снема. Буквално. Сега го апсат за аферата „Шпион“, што ви говори дека ова воопшто не е играчка. Ова е за озбилно. Не смее да се дозволи тој „случајно“ да се „удави во кофа“, како што му се случи на затвореникот Владо Таневски!

И истотака, ова апсење не смее да нè обесхрабри. Уствари, тоа никого и не обесхрабрува. Протестите продолжуваат како и досега. Секој ден во шест. Не к’о сендвичариве, само еден ден. А Зоран е као ликот на Број Један од стрипот „Алан Форд“. Тој си има некое тефтерче у џеб, у коешто е запишан прљавиот веш на секој политичар, па ако земе да го вади сето тоа на судењето, тоа ќе биде циркуз. Ќе зажалат што го уапсиле.