НОВО: Ако ве интересираат и други дела од истиот автор, дознајте повеќе за неговата прва печатена книга, „Биографија на аналогниот магнетофон“, со клик тука.


корица на книгата

СОДРЖИНА

ПРЕДГОВОР

ВОВЕД

1. ДОБРЕДОЈДЕН КАКО МУЗИКА?

1.1. Безвезен безвизен режим

1.2. Апсурдистан

1.3. Руссо туристо и FYROM

1.4. Комунизам и туризам

1.5. Домаќине, добри гости ти дојдоа

1.6. Свецко Првенство

1.6.1. Лисицата и жеравот во Потемкинското село

1.6.2. Шампионски дочек

1.6.3. Вагинална манипулација

1.6.4. Косовката Ера Истрефи или “Mani Për Money”

1.7. Legal Alien

1.8. Точка разно (рандом проблеми и култур-шокови)

2. РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА МИТОВИТЕ

2.1. Неумесните паралели на нашите русофили за Крим и Донбас

2.2. Руси и Американци

2.3. Митот за руската наука, технологија и индустрија

2.4. Митот за руската култура

2.4.1. Имануел Кант не е cunt!

2.5. Митот за руската духовност и трулата Гејропа

2.5.1. Кривославие

2.5.2. Исламот – дел од рускиот код

2.5.3. Официјалната Сатанистичка Црква и прогонот на христијаните

2.6. Митот за руската нација

2.7. Митот за великиот и моќен

2.8. Митот за руската воена моќ

2.9. Митот за рускиот антифашизам

2.10. Митот за руската економија

2.10.1. Канибализмот во Русија

2.10.2. Ропството во Русија

2.11. Митот за руското здравство

2.12. Митот за рускиот патриотизам

2.13. Who is Mister Putin?

2.14. Митот за рускиот War on Terror

2.15. Митот за руското разузнавање

2.16. Митот за руската дипломатија

2.17. Митот за рускиот спорт

2.18. Митот за разликата меѓу современа Русија и СССР

2.19. Митот за правата на националните заедници во РФ

2.20. Митот за руската де(р)мократија

3. СЛОВЕНСКОТО БРАТСТВО

3.1. Рускиот однос кон Украинците

3.2. Рускиот однос кон Полјаците

3.3. Рускиот однос кон Белорусите

3.4. Рускиот однос кон Чехословачка

3.5. Рускиот однос кон Бугарите и Македонија

3.5.1. Контроверзното руско ослободување на Бугарите

3.5.2. Прва руско-бугарска војна

3.5.2.1. Руската окупација на Македонија

3.5.2.2. Руската капитулација

3.5.3. Втора руско-бугарска војна

3.5.4. Русите и Македонската Револуционерна Организација

3.5.5. Егејците и Граѓанската Војна во Грција

3.5.6. Словенство или православие?

3.5.6.1. Рускиот проект за Велика Грција или руска антиквизација

3.5.6.2. Задушување на бугарската црква

3.5.7. Русија и поделбата на Македонија

3.5.8. Извиканиот Македонски полк

3.6. Рускиот однос кон Србите, Хрватите и Југославија

НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК

 


ПРЕДГОВОР

Почитувани читатели, Ви благодарам што изразивте интерес за оваа е-книга. Доколку таа Ви се допадне, Ве молам споделете ја со своите пријатели. Доколку сакате, можете и да донирате за VBB.mk. Книгава е резултат на крвав труд, па ги молам разните плагијаторски портали да не ја копираат (во неа има и лични моменти, па би било без врска да ги претставите како „свои“). Но доколку некој сака да ја промовира со збор-два и линк – тоа е добредојдено. Иронично, VBB.mk не заработува ништо од својот труд и нема никаква поддршка, а оние што краделе од него сето тоа го имаат.

Како и во секоја добра книга (или филм, ако сакате), почетокот ќе биде малку здодевен, додека се развие приказната и се сфати кој-е-кој и што-е-што, но останете со неа и таа нема да ве остави рамнодушни. Книгата е комплетно авторска и содржи поглавја на различни теми, но тие треба да се читаат последователно, а не како поединечни раскази. Поголемиот дел од неа е поткрепен со референци во форма на линкови, а ако некои од нив престанат да работат (на што јас не можам да влијаам), ползувајте се со т.н. веб-архиви. Во книгата има и доста видео клипови и слики (кликајте на нив за зголемен преглед). Некои од нив се авторски, а некои преземени, но тоа е во согласност со fair use и сличните правни доктрини, затоа што ова е нискобуџетен, некомерцијален, научно – истражувачки и општествено полезен проект.

Авторот, Скопје, јануари 2020 год.

ВОВЕД

Неодамна починатиот пејач Влатко Илиевски (R.I.P.) имаше евровизиска песна под наслов „Русинка“ (2011), во која тој пееше: „Јас Македонец, а она Русинка, јас добредојден како музика“, што ме инспирираше да се позанимавам со прашањето: колку нашиот човек е добредојден во Руската Федерација (РФ). Таа земја ја шетам уздуж и попреку речиси 15 години и на крај дури се оженив во неа и можам да речам дека, за жал, одговорот не е позитивен. Ама чекај бре, ВББ, нели ние и Русите сме браќа Славјани и нас нè спојуваат низа лингвистички, културни, духовни и други врски? Да, тоа не е спорно (не сум од оние античките), но РФ не возвраќа на љубовта која некои наши луѓе ја чувствуваат кон неа. Воедно, ова е раскрстување со илузиите за некакво наше „братство“. РФ најбезобзирно ги крши правата на своите сопствени граѓани и води валкана војна против своите најблиски браќа – Украинците, а ги малтретира и добронамерните странски посетители, при што, дури ни Македонците не се поштедени. Ова не е ништо ново и нема никаква врска со нашите Евроатлантски интеграции (не туку барајте оправданија), а сè ќе ви биде детално објаснето низ понатамошниот текст.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО: Вакви чичковци, само со бради и без мустаќи, од Таџикистан и слични средноазиски исламски земји, се подобредојдени во РФ од вас. Го сликав на ул. Арбат, во центарот на Москва.

Јас поднесов барање за привремен престој во РФ врз основа на брак, и од тој момент, јас и мојата сопруга влеговме во лавиринтите на руската бирократија и со месеци бевме тероризирани од страна на истата. Да бидам искрен, јас не сакав да живеам во таа light верзија на Северна Кореја, но сакав да ѝ удоволам на сопругата. Во текот на процедурата, руските органи покажаа невидено самоволие (произвол) и грубост (хамство) и ги прекршија сите свои закони и правилници (регламенты). Меѓудругото, дозволата за престој мене не ми беше врачена во законскиот рок од 60 дена, туку дури по 6 месеци, што ми предизвика далекусежни последици. Во РФ сè уште царува една корумпирана, некомпетентна, мрзелива, надмена и самоволна бирократија како во царските или советските времиња, што никогаш нема да се промени. Иронично, додека РФ си игра курташак со пристојните странски гости, илјадници илегални работници и терористи од Узбекистан, Киргизстан и Таџикистан без никаков проблем влегуваат во неа и работат „на црно“ или ги убиваат нејзините граѓани! „Умом Россию не понять“ („Со ум Русија не се сфаќа“) – како што велел поетот Фјодор Тјутчев.

Поради ненавременото добивање на дозволата за престој, мене дури ми беше одбиен ИЗЛЕЗ од РФ кога со сопругата посакавме да ја посетиме Македонија по повод Новата 2019 Година. На еден од московските аеродроми, ние како бандити бевме тргнати од редицата пред пасошката контрола и мене не само што ми беше одбиен излез од земјата, туку и ми беше врачена прекршочна пријава со парична казна. Покрај забранетиот излез и стресот произлезен од тоа, јас имав и финансиска загуба – неколку стотици евра за пропаднатите авиобилети. Ај ќе разберам некому да му одбиеш влез (секоја земја си се штити себеси), па ај некако и излез (доколку странецот го пречекорил законскиот престој, заради што, тој треба прекршочно да одговара, да плаќа казни или сл.), но јас во РФ немам пречекорено ништо – самиот факт што сум аплицирал за престој автоматски ми даде право да се задржам во неа. Од мене на аеродромот беше побарана ИЗЛЕЗНА ВИЗА, и фактички, јас ни крив, ни должен станав затвореник во тој ГУЛАГ под отворено небо и апелирам до сите вас како од чума да бегате од таа заостаната комунистичка земја.

Пред самото патување, јас и сопругата се обративме до повеќе компетентни органи (лично, преку телефон или мејл) за да дознаеме дали ќе ми биде дозволен излез од РФ и враќање назад, а меѓу нив беа: нејзиното МВР, пограничната служба и нејзината амбасада во Скопје, но некои од нив ни дадоа погрешни или нецелосни информации, додека други воопшто не одговораа на телефон или мејл. Воедно, овој прекршок претставува „дамка“ во моето руско досие, а доколку се соберат два такви, тоа доведува до анулирање на престојот, депортација и забрана за повторен влез во тек на неколку години. Дури и на правно – неупатен човек му станува јасно дека помеѓу свињското однесување на руските органи и мојот прекршок постои причинско – последична врска, т.е. доколку тие навреме ми ја врачија дозволата за престој, на граница јас немаше да имам проблем. Жена ми е поприлично аполитичен тип и не сака да влегува во конфликти со руските органи, но таа сепак реши да го искористи законското право на жалба, на која, по 100 години чекање, таа го доби следниов одговор: „Во врска со дозволата за привремен престој на вашата мајка, ви соопштуваме дека…“. Чекај бре, каква МАЈКА?!

Љубителите на теории на заговор ќе помислат дека можеби јас самиот сум си создал проблеми (напр. со пишување на критички текстови), но јас се воздржував од било какво плеткање во внатрешните работи на земјата – домаќин, а доколку таа ме сметаше за закана, таа слободно можеше да ми откаже гостопримство, што не се случи. На крајот на краиштата, зарем едно Македонче може да биде закана за таа суперсила?! Одговорот, всушност, е мошне прост: руските власти не знаат што прават и што сакаат. Тој систем е ирационален, непрагматичен, репресивен, корумпиран, тромав и застарен, па и самиот руски граѓанин се соочува со тоа во текот на сиот свој живот. Апологетите на РФ ќе ми речат дека тоа си е нејзина внатрешна работа – “take it or leave it”, но тој примитивен аргумент не држи вода. Како прво, таа држава потпишала низа меѓународни декларации и конвенции за човекови права и слободи и други универзални вредности, што е дури вметнато и во нејзиниот устав, но таа воопшто не се придржува кон истите; како второ, таа не го почитува не само меѓународното право, туку ни она своето, па дури ни својот сопствен закон и својот веќе споменат устав (кого Путин сега зема да си го „корегира“ по своја мерка); и како трето, и најстрашно, таа земја не само што самата се ваља у кал (што би ѝ поминало како „нејзина внатрешна работа“), туку сака со себе да ги повлече и сите други, за и тие да живеат несреќно како неа. Најдобра илустрација за тоа е она што се случи во Крим и Донбас, а да не одиме поназад во историјата, па да говориме за случувањата во Источна Европа, кога таа била под строгата контрола (фактички окупација) на Москва. Воедно, РФ претставува глобална нуклеарна закана, како со своето оружје, така и со своите недоделкани електрани слични на Чернобил.

Постојат наивци, кои сметаат дека РФ е модерна демократска држава, која нема никаква врска со бившиот СССР, но тие се лажат. РФ е негов горд и меѓународно признат продолжувач (континуатор), што детално ќе ви биде објаснето во оваа книга. РФ сега ги релативизира или отворено ги оправдува советските злосторства и промовира носталгија по таа бивша држава, како и некаква нејзина реставрација (т.н. СССР 2.0). Путин своевремено се претставуваше како реформатор и се дистанцираше од советското минато, но подоцна тоа се промени – тој некогаш бил агент на репресивната тајна служба КГБ и за него распадот на СССР бил „огромна геостратешка катастрофа“, а од таа комуњарска матрица е тешко да се излезе. Дури и ставот кон Сталин сега драстично се омекнува и тој е една од најпопуларните личности во РФ. Од СССР, РФ наследи низа елементи, па дури и на готово го доби неговото столче во ООН и Советот за Безбедност, додека други земји, меѓу кои и Македонија, мораа да вложат огромни напори за да бидат признаени и примени во меѓународните организации. Циниците дури би рекле дека РФ е всушност „недораспаднат СССР“.

Некои ќе укажат дека нашиот човек може да се судри со проблеми и во западните демократски земји и ќе потсетат на тоа како ние некогаш чекавме пред нивните амбасади за визи и како бевме малтретирани за истите. Не спорам воопшто – јас дури сум бил трган од редица и малтретиран при влез во Шенген зоната со сосема уредна виза, а за тоа што ми се случувало во „колевката на демократијата“, Грција, ич да не почнувам! Но, извинете, јас сега не отидов на „трулиот Запад“, туку на Исток, кој, иронично, се покажа уште потрул! Во последно време, нашата земја се соочува со низа предизвици (промена на уставното име, двојазичност), што загрижува или огорчува дел од граѓаните и тие со надеж гледаат кон „Мајка Русија“, но чисто се сомневам дека таа е решение за вашите проблеми – таа е само извор на нови! Погледнете низ историјата и ќе сфатите – „Тешко оном кога Грчка храни, а Русија брани“ – како што би рекле нашите северни соседи (додуша, поговоркава ја има во разни варијанти). Иронично, токму Русите биле основоположници на великогрчката идеја и тие не се така доследни и бескомпромисни околу нашиот спор за името, ниту околу косовското прашање, ниту за било што, а сето тоа детално ќе ви биде објаснето во оваа книга. Тие немаат појма кај сте на мапа.

Други можеби ќе ми замерат за отсуството на самокритичност. Навистина, и кај нас странскиот гостин може да се соочи со проблеми, но односот на нашата администрација кон мојата сопруга е љубезен и коректен и (барем засега) таа нема забелешки. Својата дозвола за престој, таа ја доби во разумен временски рок и без особени малтретажи. Секако, тоа не значи дека сме идеални. Во 2016 год., американскиот автор на документарци Рик Реј предизвика скандал со своето сведоштво за тоа како нашата царина ги конфискувала неговите дронови и го малтретирала, тужела и му наплаќала казни, а сигурно има и други случаи, ако не и поужасни, за кои ние не дознаваме. Да не почнуваме сега за нашите афери, корупцијата, невработеноста, дивоградбите, нечистотијата, кучињата – скитници, уличните питачи, коњските запреги среде нашата „метропола“, меѓуетничките тензии, како и оние со соседите. Сепак, ние имаме олеснителна околност – Македонија е мало и сиромашно државиче, со само пар милиони жители и исто толку проблеми, па што поѓаволите очекуваш од нас?! Но РФ, брате, е суперсила и од неа мора да се бара многу повеќе! Таа си поставила историска мисија да се натпреварува со САД и сиот Западен Свет!

Кога ќе ги соочите Русите со нивните недостатоци, тие или одат во контранапад (whataboutism) или беспомошно ги креваат рамениците со зборовите: „Это Россия“ (демек, тоа е Русија, ш’о да прајме). Но РФ не е Third World country за да ѝ се прогледа низ прсти. Таа ги поседува сите можни природни ресурси (гас, нафта, дијаманти, злато, платина, ураниум), излез на повеќе мориња и пар океани, наука, култура, космонавтика и чуда. Пред нејзините царски дворци, музеи и други споменици на културата, како и пред нејзините умствени, индустриски и воени потенцијали, ние сме к’о мува пред слон. Со правилен менаџмент, РФ може да биде попросперитетна и посредена од сиот Западен свет – има со што, има со кого, има како, сите предуслови се задоволени. Но залудно, Истокот си е Исток и тој останува „полная жопа“ – како што велат самите Руси (или „задникот на светот“ – адаптирано по наше).

Објективно, РФ постигна извесни економски успеси, но тие се далеку под западното ниво и во нив можат да уживаат само Москва, Санкт Петербург и малкуте попросперитетни места, додека останатото е ПОТОП, а заради алчноста и корумпираноста на руските властодршци, како и војните, санкциите и ред други фактори, тој „путински сон“ лека – полека се ближи кон својот крај. Но вие тоа нема да го видите во центарот на Москва или другите атрактивни места, кои обично ги посетува странскиот турист и вие лесно можете да бидете доведени во заблуда дека сè е горе-долу во ред, како што и мене ми се има случено. Благодарение на мојот брак, мене ми се пружи можност уште подлабоко да ја запознаам таа земја и можам да констатирам дека состојбата таму е сè полоша.

Јас сум еден од ретките Македонци кој подлабоко ја познава Русија и кој сам го има совладано нејзиниот јазик, но наместо Русите тоа да го поздрават, тие се мајстори од најголемиот русофил да направат јаросен русофоб. А јас, наивен, сум ги романтизирал, сум се трудел да ја сфатам таа нивна „загадочная русская душа“ и секогаш балансирано сум пишувал за нивните „плюсы и „минусы“. Јас дури сум им простувал за овие вториве, во стилот: „Тоа е најголема држава на Планетава, не може сè да биде идеално“, „Don’t rock the boat, револуции или радикални промени можат да доведат до дестабилизација“, „Сакате хаос како во Сирија?“ или „Русија ние не ја сфаќаме, таа си има свој светоглед и ние не можеме да ја мериме со западни аршини“. Но на крај, јас сфатив дека зад тоа нивно „нас-никој-не-нè-сфаќа“ нема ништо особено за сфаќање. Мит е дека Западот е банален, површен, вулгарен, декадентен и материјалистички, а Мајка Русија е демек длабока, духовна, мистична и све више. Ваквите митови детално ќе бидат разглобени во оваа книга. И оние големи руски умови, писатели, научници и уметници, на кои јас сум им се восхитувал, всушност, биле осамени, несфатени и опколени со проста маса, а некои од нив биле репресирани и цензурирани, сакаш во царските, сакаш во советските времиња, што во поблага форма продолжува и денес. Руската литература е полна со примери за угнетување, корупција, самоволие, алчност, простотилак, лажна елита, полтронство, курварлук, апсурди – ништо не е сменето. Па прочитајте ги „Ревизор“ и „Мртви души“ на Гогољ, „Записи од мртвиот дом“, „Записи од подземјето“ и „Злосторство и казна“ на Достоевски, „Песјо срце“ на Булгаков, „Архипелагот Гулаг“ на Солжењицин или кусите раскази на Чехов – ете, тоа била Русија, а тоа е и денес. Љермонтов, наводно, има напишано: „Збогум немиена Русијо, земја на робови, земја на господари, и вам, униформи сини, и тебе, послушен им народе. Можеби зад Кавказските карпи ќе се сокријам од твоите паши, од нивните сèгледачки очи, од нивните сèслушачки уши“. Стиховиве важат и во современа Русија: угнетување и прогонување на умните, праведните и благородните, нечистотија (во фигуративна и буквална смисла), ропски менталитет, полицајштина, распашани властодршци, прислушкувања, преследувања, кодошење итн. Вистинското лице на Русија попрво е Владимир Жириновски, политичарот озлогласен по своите вулгарни и шовинистички испади, отколку оние блескави умови кои ги спомнав претходно. Тој е како гињол-кукла навлечен врз раката на Путин и служи за јавно да ги искаже сите валкани фантазии на претседателот, кој во споредба со Жириновски треба да делува „умерено“: од Украинците да се направи сапун, да се нукира Вашингтон, опозицијата да се растрела или заточи во логори, во земјата да се воведе отворена диктатура или апсолутна монархија. Тоа е Миленко или Амди Бајрам со атомска бомба, прав турбофолк!

Некои ќе ми залепат отрцани етикети од типот на „соросоид“, „странски платеник“ или „агент Госдепа“ (агент на американскиот State Department), но од книгава јас можам да имам само проблеми и никаков ќар. Јас му ја понудив на нашиот „борец за човекови права“ Никола Гелевски – Коља (okno.mk), со кого имаме соработувано и кому му имам помагано, но тој да ти бил „нешто зафатен“, „немал пари за хонорар“ и сл. Па нормално дека ќе нема кога ги списка за издавање на книги на разни дрогераши и опортунисти, кои, иронично, му свртеа грб при првата можна прилика. И така, додека нашите борци за човекови права „се борат“ (во грчко-римски стил со некој длакав Борат), јас сум оставен сам да се борам со најголемата држава на светот, против атомски бомби и вселенски бродови. Помаргинализиран и подискриминиран автор од мене нема и јас не добивам поддршка дури ни од оние, од кои е природно да ја очекувам. Но доволно за Коља и тие лицемери, да се вратиме на темата.

Откако ми беше одбиен излез од РФ, јас и сопругата бевме принудени новогодишните празници да ги минеме таму, но пазете што се случи. Токму на 31.12.2018 год., во рускиот град Магнитогорск, на ул. Карл Маркс 164, експлодира 10-катна станбена зграда, при што 39 лица загинаа, а 17 беа повредени. Градот уште не се созеде од трагедијата, а веќе неколку дена подоцна, во него експлодира и еден минибус (т.н. маршрутка). Целиот град западна во хаос! Медиумите дадоа збунувачки и противречни информации, од тоа дека се работело за експлозија на гас до тоа дека биле пронајдени траги на хексоген, кристал употребуван од терористите за изработка на експлозиви. Беа спомнувани и некакви имигранти од Таџикистан или Киргизстан. Три недели подоцна, излезе муабет дека одговорноста за екплозиите ја презеле ИСИС, но нештата останаа нејасни. Инцидентите не ја одминаа ни престолнината. Во познатиот Горки парк во Москва, точно на Нова Година (00:00 часот), при традиционалното интонирање на руската химна по повод празникот, на стиховите: „Биди прославена Татковино наша слободна“, дојде до уривање на мост преполн со посетители, при што повеќето од нив се здобија со тешки повреди! Луѓе, ваква КАРМА вие не сте виделе! Подоцна, во делови од Сибир имаше катастрофални пожари или поплави, до кои дојде заради неодговорниот однос на руските власти, а како врв на сè, на 08.08.2019 год., при тестирање на крстосувачка ракета на нуклеарен погон во с. Њонокса близу Северодвинск, дојде до непланирана експлозија, која однесе жртви и доведе до ширење на радијација, што многумина го споредуваат со Чернобил! Руската Империја се распаднала (1917), СССР се распаднал (1991), па страв ми е да помислам што може да се случи со РФ ако нештата продолжат во оваа насока. Сè што тие луѓе допреле се распаднало!

1. ДОБРЕДОЈДЕН КАКО МУЗИКА?

1.1. Безвезен безвизен режим

Спротивно на дезинформациите раширени од некои наши неписмени медиуми, РФ никогаш не ни ги укинала визите. Вистината е дека за нашите граѓани во РФ дејствува не безвизен, туку безвезен режим, кој е страотно застарен и комплициран. За посета на РФ, на Македонецот не му треба виза, но (стално има некакво „но“) само доколку тој поседува оригинален туристички ваучер (за престој до 30 дена) или оригинална официјална покана за деловно или приватно патување (за престој до 90 дена). Добивањето на оригиналите од овие документи може да биде сложено, бавно и/или скапо, па излегува дека тука се работи за типичен советско – орвеловски doublespeak: „Во принцип виза не треба, ама треба“. Доколку Македонецот не ги поседува овие документи во оригинал, туку само како факс / мејл копии, тогаш, тој мора да извади руска виза, а доколку воопшто не ги поседува, тој ич не може да замине на пат. Е, тоа е тој шизофрен безвизно – визен режим кого ние го „уживаме“ во РФ. Добредојден како музика? My ass.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руски туристички ваучер.

Ваучерот не е обична хотелска резервација, каква што можете да си направите за пар минути на booking.com, туку се работи за документ со воспоставен образец и тој мора да се извади исклучиво од агенција, која фигурира во рускиот туристички регистар. Лиценцниот број на агенцијата е наведен на ваучерот, а руските конзуларни или гранични органи го проверуваат истиот преку својот компјутерски систем. Турваучерот во себе содржи податоци од типот: „John Doe, со бр. на пасош тој-и-тој, ќе спие во хотелот тој-и-тој, во градот тој-и-тој, од тој-и-тој датум до тој-и-тој датум“. Онака, комунистички, со олд скул потпис и печат. Деловната или личната покана е истотака со воспоставен образец и таа мора да се извади преку Главната Управа за Миграциски Прашања при руското МВР (ГУВМ МВД).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Деловна покана, извадена преку руското МВР.

Овие папири не се лесни за вадење и не се бесплатни, па вие или вашиот руски домаќин ќе мора да се малтретирате и да ги плаќате, а за да ви стигнат на брз и безбеден начин, ќе мора да доплатите уште €50-100-150 за доставка од типот на DHL, UPS, Fedex или сл. И така, после 300 бирократии и трошоци, вие ќе ги добиете потребните папири за патување во РФ и ќе „умрете од радост“ што можете да ја посетите „без виза“. Ова е навреда за здравиот разум. Вие многу полесно можете да ги посетите Рим, Париз, Берлин, Амстердам и Барцелона, па дури и клетите Грци и „Шиптари“ (како што Бачевци би се изразиле), отколку браќата Руси. Иронично, пред некоја година јас патував за Црна Гора со автобус, при што, рутата одеше преку Косово и Албанија, а на влезот и излезот на Албанија и Црна Гора немаше апсолутно никаква пасошка контрола, додека кај „браќата“ Руси, ние мораме да носиме тон хартии и да трпиме секакви малтретирања. Ставете си прст на чело (или у дупе) и размислете зошто тоа е така.

За овој режим помеѓу нас и Русите, на прво место се виновни тие, а на второ, нашиот екс-министер за надворешни Антонио Милошоски. Овој „ваучер-систем“ се темели врз Спогодбата за условите за взаемни патувања, потпишана помеѓу РФ и Македонија на 19.06.2008 год. По нејзиното потпишување, нашите неписмени новинари објавија неточна вест дека „РФ ни ги укинала визите“, без воопшто да прочитаат што било потпишано. Всушност, оваа спогодба е само copy/paste на онаа претходно важечката помеѓу СССР и СФР Југославија од 31.10.1989 год., а сменети се само потписниците, т.е. овојпат тоа се земјите – наследнички – РФ и Македонија. Но сè друго во спогодбата е речиси исто! Истата глупост нашето МНР ја направи и во спогодбата со Украина (06.02.2010), додека во случајот со Белорусија, беа разменети дипломатски ноти (февруари – март 2001), со кои, обете страни се согласија да продолжи да дејствува спогодбата од 1989 год. Фактички, не се постигна ништо! Па добро, бре, кој ве стаи за дипломати?!

Во 2011 год., токмаците на Грујо Побегујо сфатија дека во XXI век повеќе не се може со тој „ваучер-систем“, кој само го кочи туризмот и економијата. Тогаш, Македонија направи великодушен гест и рече: „Елате браќа Руси и Украинци, не треба никакви ваучери и покани, само понесете си пасош (чак не мора биометриски), патничко осигурување и нормално, пари“ (што се сосема разумни барања). Но знаете како Русите одговорија на оваа наша великодушност? Сега ќе ви кажам како Русите одговорија на оваа наша великодушност. Русите одговорија на оваа наша великодушност никако.

Од руска страна до ден денес нема никаков реципроцитет и нашиот човек уште се чуди со тие нејасни ваучери и покани. Македонија унилатерално го укина „ваучер системот“, па РФ со ништо не е обврзана да го стори истото, но сепак, нели ние сме као браќа? Или НЕ СМЕ? За разлика од Русите, Украинците со благодарност возвратија на овој наш гест и го укинаа „ваучер системот“ од своја страна. Нашите луѓе веќе неколку години можат да патуваат во Украина без визи, ваучери или покани и да престојуваат во неа до 90 денови, што е одлично. Овој наш режим со Украина имаше привремен карактер и тој редовно се продолжуваше, но на 12.07.2019 год., ние со неа потпишавме тој да стане траен. Е, тоа е вистинско пријателство! Започнувајќи од 27.07.2018 год., Белорусија им овозможи на оние наши граѓани, кои пристигнуваат на аеродромот во нејзиниот главен град Минск, да престојуваат во неа без визи до 30 денови, па иако ова не е идеално како во случајот со Украина, ова е многу подобро од ништото кое го добивме од РФ.

Ситуацијата со преостанатите екс-советски републики е следна: за Естонија, Латвија, Литванија и Молдавија нам не ни требаат визи (без никакво „но“); Грузија, Ерменија, Азербејџан, Киргизстан, Таџикистан, Узбекистан и Казахстан веќе нудат електронски (значи, виза е потребна и вие може да не ја добиете, но вие бар можете да аплицирате за неа преку интернет); а иако Туркменистан е прилично негостољубив, теоретски, визата може да се нарача и да се добие на граница. Значи, некаде треба виза, а некаде не треба и нештата се горе – долу јасни, но РФ остана последната земја на Планетава, која сè уште нè држи заглавени ни на небо, ни на земја, во некаков шизофрен визно – безвизен режим. РФ уште се држи до застарени спогодби и сè уште од нас бара ваучери и покани како услов за безвизен престој, а друга таква земја повеќе нема! Последен бастион на комунизмот! Воедно, РФ го бара ова само од Македонците, што ви кажува за какви „браќа“ се работи. За граѓаните на другите земји сè е многу појасно – ним или им треба или не им треба руска виза и тука нема никакво дополнително условување.

Турваучерот се издава бргу, но не дозволува толку долг престој, додека поканата нуди многу повеќе, но за нејзиното вадење се потребни 20 работни денови (со можни задоцнувања, заради јавашлакот на руските органи). Русинот кој ќе си ја земе белјата да ви прави покана ќе мора да пополнува формулари и да се гура со саати пред шалтери, кајшто ќе го враќаат, ќе му се дерат и сл. Русите денес можат да завршат некои процедури преку сајтот Gosuslugi.ru (Државни услуги), но таму често има проблеми (технички, бирократски и секакви), а за да ви ги објаснам ќе ми треба многу време. Истокот си останува Исток и џабе ти тебе „конфљутеризација“, па излегува дека „во принцип може online, ама не може“. Откако вашиот руски домаќин некако ќе успее да го поднесе барањето за покана (јал online, јал offline), тоа ќе биде расмотрувано од руската миграциска служба, по што, таа ќе донесе позитивно или негативно решение за истата (т.е. нема гаранција дека поканата ќе ви биде одобрена).

Заради олеснување на овие процедури, во РФ функционираат илјадници сомнителни туристички агенции, кои на интернет нудат т.н. визна поддршка (рус. визовая поддержка, англ. visa support). Тие за надоместок прават некакви фејк ваучери од типот: „John Doe ќе спие во хотелот тој-и-тој“, а во реалноста, John Doe нема да спие у никаков хотел, туку ќе изнајми стан. Истотака, тие фирми нудат и деловни покани од типот: „Фирмата Рога и копита АД го поканува John Doe за бизнис преговори“, а всушност, фирмава нема поим кој е John Doe, туку тој просто ѝ платил за поканава (John Doe не е никаков бизнисмен и тој нема жуте банке). Се разбира, руските власти не се глупави и одлично знаат за оваа мафија, но од некои причини, тие го толерираат овој нејзин полулегален бизнис (парите не смрдат?). Огромен процент од странците доаѓаат во РФ токму со ваква сомнителна „визна поддршка“. Таквите ваучери коштаат околу €8-50, а деловните покани околу €40-200 (зависи од фирмата за визна поддршка, времетраењето на престојот, бројот на влезови и други фактори).

Доколку македонскиот граѓанин не го поседува својот ваучер или покана во оригинал, туку само како факс/мејл копија, тогаш, тој мора со неа да се обрати во руското дипломатско претставништво и да аплицира за виза. Туристичката виза (врз основа на ваучер) нуди престој до 30 дена, а деловната (врз основа на покана, процесирана преку руското МВР) – до 90 дена. Еднократната руска виза чини $50, двократната – $80, а повеќекратната – $150 (наплатата е во кеш и во долари, затоа што „Проклета је Америка“, али долар си е долар). Најчесто, визите се готови за една недела, но постои и забрзана процедура за еден ден, но тоа чини дупло. Цениве се ептен „братски“, па још помножи ги пута два ако сакаш да завршиш работа побргу. Фактички, ти уште не си полетал, а веќе си потрошил куп пари и нерви! Некои македонски граѓани се ослободени од давачките (напр. оние кои студираат во РФ, професори, лица со посебни потреби и сл.), но за повеќето од вас од ова нема аир.

Како што веќе објаснив, овој „безвезен“ режим со РФ дејствува од многу одамна, па не може да се толкува како некаква „одмазда“ на Путин за нашето приближување кон ЕУ или НАТО. Фактички, овој режим е на сила речиси 30 години, уште од времето на СССР и Горбачов, односно од времето кога со СФРЈ раководеа премиерот Анте Марковиќ и претседателот Јанез Дрвношек, а со Социјалистичка Република Македонија – премиерот Глигорие Гоговски и претседателот Владимир Митков. Лудило! Всушност, одредени елементи на овој режим влечат корени од многу поодамна.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Размена на ноти меѓу СФРЈ и СССР за воведување на ваучер системот, 1967.

Во раните 1960-ти, граѓаните на СФРЈ и СССР морале да поседуваат визи за взаемни патувања, но ова се променило во позитивна насока, благодарение на југословенската страна. СФРЈ била полиберална и неврзана земја, па таа била иницијатор за омекнување на визниот режим, т.е. ние секогаш сме биле оние прогресивните и отворените, што ни се повторува и денес (да не бидам сфатен како југоносталгичар, и нашиот социјализам си имал свои гадости, но тоа сега не е темата). Најпрвин, југословенското МНР упатило нота до советското (30.12.1963), со која предложило визите барем да бидат бесплатни, што другата страна го прифатила со својата нота од 14.01.1964 год. На 26.10.1965 год. бил направен чекор напред, со тоа што СФРЈ и СССР потпишале Спогодба за упростување на формалностите за премин на границите, согласно која, од визите биле ослободени имателите на дипломатски и службени патни исправи. На 03.06.1967 год., југословенското МНР отишло чекор понапред и им предложило на советските колеги дополнување на спогодбата, според кое, безвизниот режим се проширува и на имателите на обични патни исправи (било индивидуално или групно), но под услов, тие да поседуваат туристички ваучери, што било прифатено од другата страна со нота од 27.11.1967 год. Значи, ваучер – системот во односите со Москва го иницирале Југословените, но во она комуњарско време, тоа бил прогресивен чекор, кој овозможил развој на туризмот и безвизни патувања за обичните луѓе. Додуша, советските граѓани немале слобода на движење како Југословените и морале да вадат излезни визи кај своите органи, што било речиси невозможно, но тоа не била наша вина. Воедно, било решено, советските граѓани да можат да ја посетуваат СФРЈ со т.н. внатрешни пасоши (еден вид на лични карти). Имено, во СССР наместо лични карти постоеле внатрешни пасоши, чија намена била подобро да се контролираат граѓаните и да им се ограничуваат слободите, а тие постојат во РФ до ден денес. Нова спогодба меѓу СФРЈ и СССР следела во 1989 год. и таа се разликува од претходните по тоа што тука веќе се нудела можност за безвизни патувања врз основа на покана од роднини и пријатели и тука подробно се објаснувале условите (должината на престојот, потребните документи и сл.). Тука веќе се случиле демократските реформи на Горбачов (Гласноста и Перестројката), па можеби тоа влијаело на подотворањето на СССР.

Комунизмот падна, а со него и СССР и СФРЈ, и оттогаш се случија куп промени, но безвезниов ваучер – режим остана ист! Истотака, владата на Грујо донекаде флертуваше со Москва, но дури ни тоа не го омекна нејзиниот не претерано гостопримлив однос кон нас. Се чини дека таа никогаш не била претерано заинтересирана за Македонците. Тој интерес се зголеми дури сега, откако ние веќе започнавме поинтензивно да се приближуваме кон НАТО и ЕУ, а можеби и заради гасоводот Јужен Поток. Но тоа не се одрази на рускиот (без)визен режим кон нас, кој ниту стана построг, ниту помек. Евидентно е дека Москва не е мотивирана да промени нешто, било да нè казни, било да нè привлече. Русинот не знае кај сме на мапа и тој успева да нè забележи само доколку се загрозени неговите интереси (и тоа, едвај, со микроскоп). Ако мислите дека Русинот се потресуе над вашите проблеми со промената на уставното име или тиранската платформа – вие сте delusional.

Неодамна, РФ воведе електронски визи за граѓаните на одредени земји, меѓу кои е и нашата, но пред да се израдувате, морам да ве разочарам: прво, овие е-визи нам ни овозможуваат само посета на Санкт Петербург, Ленинградската или Калињинградската Област, а не слободно движење низ целата земја; второ, овие е-визи дозволуваат влез во РФ само низ точно определени гранични пунктови; и трето, овие е-визи нудат престој од само пишљиви 8 (осум) дена, и тоа, не 8×24 часа од моментот на пристигнување, туку сметано од 00:00 часот на датумот на којшто пристигнувате. И на крајот на краиштата, е-виза е сепак виза, а не безвизен режим. Forget it, за ова срање не вреди ни да се дискутира.

Кон Србите, Црногорците и Босанците, Русинот се однесува нешто погостопримливо отколку кон нас, но како во стиховите на оној дибекон Бора Чорба: „Може до појаса, не дирај ме доле“. Навистина, братот Србин може да престојува во РФ без виза и без ваучери и покани, но само 30 дена и тоа само со биометриски пасош. На Црногорецот и Босанецот им се дава истото количество на денови за безвизен престој, со таа разлика, што за овој второнаведениов важи правилото 30/60 (што е слично на правилото 90/180 во Шенген зоната). Словенците, Хрватите и Бугарите, како и граѓаните на повеќето земји низ светот, мораат да вадат визи за патување во РФ, но за граѓаните на ЕУ, како и за оние од САД и Јапонија се предвидени олеснувања – виза е потребна, но потпишани се договори за извесно упростување на процедурата.

Максималната (класична) руска виза што еден Македонец може да ја добие е годишна-мулти, но тој ќе може да престојува во РФ најмногу 90 дена во едно полугодие. Ќе речете, пеки, ова правило за престој (90/180) постои и во Шенген зоната. Да, но колку за споредба, на американскиот граѓанин му е дозволено да извади 3-годишна руска виза и непрекинато да престојува во РФ дури 180 денови. Истотака, за добивање на деловна виза, Американецот не мора да поседува покана процесирана преку руското МВР, туку таа може да му биде испратена директно од некоја руска фирма, акредитирана при руското МНР, што заштедува време, нерви и пари. Излегува дека, во некоја рака, „клетиот амерички империјалист“ е подобредојден во РФ од Македонецот! Граѓаните на ЕУ можат да извадат дури 5-годишна мулти-виза! Ќе речете, па добро сеа, САД и ЕУ се богати, моќни и влијателни и нормално е нивните граѓани да уживаат извесни поволности. Но чекајте, јас не завршив!

1.2. Апсурдистан

Во РФ секојдневно влегуваат илјадници имигранти од екс-советските републики како што се Узбекистан, Киргизстан и Таџикистан. По распадот на СССР, некои од нив станаа членки на Сојузот на Независни Држави (СНГ) и/или на Евроазискиот Сојуз (ЕАЭС), па нивните граѓани во РФ уживаат одредени поволности. Заедничко за повеќето од овие „Станови“ е огромната невработеност, сиромаштија и заостанатост; многу од нив се одвратни азијатски деспотии; а некои од нив се граничат со Авганистан, што создава сериозна закана од ширење на исламскиот екстремизам и тероризам. Но иронично, овие луѓе се подобредојдени во РФ од Македонците!

Просечната плата во повеќето од овие „Станови“ изнесува околу €100, ако воопшто најдеш работа. Променливост на власта таму нема и тамошните диктатори владејат со децении и најбрутално ги кршат човековите права, на што, меѓународната заедница замижува, затоа што не е репресирана само демократската опозиција, туку и исламистичката (демек, тоа е „нужно зло“). Граѓаните на Узбекистан доскоро мораа да вадат излезни визи; узбекистанските жени под 35-годишна возраст мораа да добијат дозвола од родител за да патуваат во странство; врз нив, наводно, се спроведува насилна стерилизација заради контрола на прирастот на населението; и уште, ним доскоро им беше забрането да престојуваат во исти хотелски соби со мажи, со кои тие не се во брак. Накусо, се работи за тотални Апсурдистани. Во тие земји не постои печалбарска традиција како кај нас, па за разлика од нашиот човек, кој работи во Австралија, Канада и САД, овие луѓе воглавно мигрираат во Москва, која претставува еден центар за сиот бивш СССР. За друго тие луѓе и не знаат. Јасно е дека многумина би сакале да побегнат од тие Апсурдистани, а среде тие бегалци би можеле да се инфилтрираат секакви екстремисти и терористи. Поради тоа, секој нормален би ги ставил граѓаните на овие земји на листа на миграциски ризик, но РФ ги прима со раширени раце!

Некои од тие имигранти се чесни печалбари, но има и такви кои го злоупотребуваат руското гостопримство и работат „по блату“ („на црно“) или се занимаваат со екстремистички или криминални активности. Јас не велам дека во РФ тие се дочекувани со црвен тепих (многумина од нив работат валкани работи, а нивните руски работодавачи најбезобзирно ги експлоатираат), но факт е дека за тие емигранти постојат извесни олеснувања. Тие можат да престојуваат во РФ без виза до 90 денови (во некои случаи само со лични карти), а со нешто труд, тие таму можат да си најдат работа и да ќарат дозволи за престој, па дури и државјанства. Да, драги мои, некојси Вахабит Џихадов од некое село близу Авганистан е подобредојден во РФ од вас!

Ќе речете, па добро сеа, земјите како Узбекистан, Киргизстан или Таџикистан некогаш биле дел од Руската Империја и СССР, па Русите сè уште сакаат да ги држат блиску до себе и да влијаат врз нив. Но тоа не држи, затоа што во списокот на земји, чии граѓани не мораат да имаат визи или дополнителни папири за патување во РФ, истотака спаѓаат: Аргентина (престој до 90 дена), Боливија (90), Бразил (90), Венецуела (90), Гвајана (90), Гренада (90), Еквадор (90), Колумбија (90), Куба (30), Никарагва (90), Панама (90), Уругвај (90), Парагвај (90), Перу (90), Хондурас (90), Монголија (30), Јужна Кореја (60), Тајланд (30), Израел (90), Маурициус (60), Брунеи (14), Самоа (60), Науру (14) и Вануату (90). Излегува дека државјанинот на Вануату, што не знаете кај е на мапа, е подобредојден во РФ од вас. Некои од последните договори за визна либерализација, потпишани од страна на РФ, се оние со Обединетите Арапски Емирати (јули 2018), Малдивите (јуни 2019) и Антигуа и Барбуда (исто), а се говори и за можна либерализација со Индонезија. Дури и Арапите, Малдивците, Индонезијците, Антигванците и Барбуданците се подобредојдени во РФ од Македонците! На крај ќе излезе дека Марсовците се подобредојдени во РФ од вас!

Еден познат виц вели дека Американците пратиле шпион во Русија, но тој мошне бргу бил откриен и фатен. Како? Па нема црнци во Русија! Колку и да е духовит овој виц, тој не држи вода, затоа што луѓе со црна боја на кожата во РФ има многу. Ова влече корени уште од времето кога СССР сакал да влијае врз африканските земји како што се Ангола, Мозамбик, Етиопија и др. Не залудно на грбот и знамето на Мозамбик има автоматска пушка „Калашников“! Во Москва тогаш бил отворен универзитетот „Патрис Лумумба“, именуван во чест на познатиот конгоански револуционер, кајшто сè уште се образуваат голем број на африкански студенти. Нивниот број во РФ е толку голем, што, веројатно, тој е многу поголем од бројот на македонски студенти! Се разбира, универзитет „Св. Климент и Наум Охридски“, „Браќа Миладиновци“ или „Крсте Мисирков“ во Москва нема.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Ништо расистички, но се чини дека дури и дечково е подобредојден во РФ од вас, Македонците. Го сликав на ул. Арбат, во самиот центар на Москва.

1.3. Руссо туристо и FYROM

И покрај безвизниот режим од наша страна, навалица на руски туристи кај нас нема (освен ретки ентузијасти), што е доказ повеќе за нивната незаинтересираност за Македонија. Во принцип, Русинот одмара у Турска, Египет, Дубаи, Гоа, Сејшели, Тајланд, Грчка, Кипар и Црна Гора, а за нас „му се фуќка“. Во излозите на руските туристички агенции имам видено и понуди за Виетнам, Мексико, Куба и Тунис, па дури и за африканската држава Гамбија, само не за Македонија! Иронично, навалица на руски туристи нема дури ни на Крим (џабе го окупираа). Штом Русинот не одмара на „Крым наш“, тогаш, што останува за Македонија?!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руските агенции нудат секакви дестинации, па дури и Гамбија! Само не Македонија!

Аерофлот уште одамна го има затворено своето претставништво во Скопје, а други руски авиокомпании не отвораат свои, па доколку наш чоек сака да лета во РФ или доколку Русинот сака да нè посети нас, тие мораат да го сторат тоа преку Белград, Виена или Истанбул, за неповолни цени и со долги „преседнувања“. Па јеботе, со Wizz Air вие можете за беспари да летате директно до/од Рим, Париз и други европски метрополи, а до/од РФ немате никакви летови! За решавање на овој проблем, од руска страна нема никаков интерес. Сте им спотребале! Од руските аеродроми може директно да се лета дури до/од: Кабул (Авганистан), Техеран (Иран), Сеул (Ј. Кореја), Улан Баатар (Монголија), Ханој (Виетнам), Патаја (Тајланд), Гоа (Индија), Коломбо (Шри Ланка), Пунта Кана (Доминиканска Република) и други места кои не можете да ги најдете на мапа, само не до/од Скопје или Охрид.

Иронично, многу Руси одмараат кај клетите ни Грци. Врските помеѓу Царска Русија и Грците биле мошне силни и во даден историски период, таа дури се залагала за создавање на Велика Грција, што подетално ќе ви биде објаснето подоцна. Заради поевтините цени, јас често летам до/од РФ преку Солун и авионите таму се полни со руски туристи, како и со свештени лица, кои одат на Света Гора. Речиси никој од нив не е заинтересиран да скокне до нас (освен ретки backpackers, кои се клошарат по хостели, или транзитни туристи, од кои истотака неаме ќар). Русите немаат безвизен влез во Шенген зоната, но тие се подготвени да трошат време, нерви и пари за вадење на грчки визи, а тоа што кај нас визи не им се потребни, нив нималку не ги привлекува. Од разговорите во авионот јас дури наслушнав дека некои Руси негуваат про-грчки ставови по македонското прашање. Всушност, повеќето од нив немаат никаков став кон нас, ниту позитивен, ниту негативен, и тие не знаат ни дека постоиме. Уште поиронично е тоа што извесен број Руси одмараат во Албанија. Иако таа им замерува на Русите за непризнавањето на Косово, таа со години редовно им укинува визи за летната сезона. Море си е море, па ако понудата е добра, рускиот турист не го интересира дали тоа било тајландско, турско, црногорско, грчко или „шиптарско“ (како што политички некоректно би се изразиле Бачевци и Миленковци).

Сигурно се сеќавате на тоа колку беа заострени руско – турските односи по соборувањето на рускиот воен авион близу сириската граница на 24.11.2015 год., но Путин и Ердоган се договорија да го затрпаат случајот, па руските туристи и натаму масовно одмараат во Турција. А загинатиот руски пилот? Нема везе, дај друго дете. Дополнително, на 15.07.2016 год., во Турција беше извршен воен удар, при што имаше престрелки и загинати, но дури ни тоа не ги поколеба Русите да одмораат во таа земја. Нив не ги поколеба ни тоа што, на 19.12 истата година, на една изложба во Анкара, одметнат турски полицаец го уби рускиот амбасадор Андреј Карлов. Излегува дека Русинот попрво ќе отпатува во Турција, со која тој замалку не започна војна и во која тој може да пострада, отколку во Македонија. Во 2018 год., Турција ја посетиле дури 6 милиони руски туристи, во споредба со што, нивниот број во Македонија е смешен и не вреди ни да се наведе. На 31.10.2015 год., со подметната бомба беше уништен руски патнички авион на релацијата Шарм Ел Шеик – Петербург, при што загинаа 224 патници и членови на екипажот, но Русите и натаму масовно одат во тоа египетско одморалиште! Навистина, во даден период ним им беа стопирани сите чартер летови до истото, но Русите тврдоглаво продолжија да летаат доттаму со преседнувања во трети аеродроми, а беше објавено дека во догледно време чартерите ќе им бидат возобновени. Русинот попрво ќе жртвува пари, нерви, енергија, па дури и живот за да отпатува во Египет, отколку, например, во братскиот и далеку побезбедниот Охрид. Без оглед на тероризмот, револуциите, воените удари и другите опасности во Египет, бројот на руски туристи во Шарм Ел Шеик и Хургада се мери во милиони. Пред да се случи споменатиот терористички акт, директни чартер летови до овие египетски одморалишта имаше од дури 28 (дваесет и осум) руски градови, но од ниту еден од нив нема лет за Македонија.

Најнова мода на рускиот туристички пазар се турите во Сирија. Да, добро прочитавте, не е е шега, ниту печатна грешка – некои Руси одмораат во моментално најопасната земја на светот! Навистина, понудата за Сирија е скромна (само две туристички агенции – „Килиманџаро“ и „Миракл“, обете од Москва), а ист таков е и бројот на патници (досега само педесеттина души), но турите уредно се реализираат и земаат сè поголем замав. Руските туристи најпрвин пристигнуваат во либанскиот главен град Бејрут, за оттаму на автобуси да го продолжат патот до Сирија, кајшто ги посетуваат: Дамаск, Алепо, Хама, Хомс, Палмира, Маљула и уште понекое место. Цените на овие тури започнуваат над 100000 руски рубљи (€1500), што и не е астрономска сума. Овие агенции нудат и тури во: Авганистан, Ирак, Руанда, Џибути, Конго, Мавританија, Судан, Северна Кореја и други „живописни места“. Во понудата на агенцијата „Килиманџаро“, Македонија отсуствува, додека кај „Миракл“ неа ја има, но не котира баш високо и најчесто се нуди „во пакет“ со останатите земји на Западниот Балкан, меѓу кои е и Косово. Да, добро прочитавте, има Руси кои се заинтересирани за посета на таа држава, иако официјална Москва не ја признава, и тие дури се подготвени да вадат косовски визи.

Откако ќе го чујат зборот „Македонија“, реакциите на Русите варираат од збунетост и незнаење, преку праење на скиселена фаца (како Македонија да е некоја не баш претставителна земја од типот на Молдавија или Таџикистан), па сè до погрешно мислење дека се работи за земја – членка на ЕУ. Тие ме прашувале дали мнозинството жители на Македонија се муслимани или католици, дали имаме многу имигранти од Блискиот Исток и сл. Но повеќето Руси не поставуваат никакви прашања и не се заинтересирани за ништо подалеку од своето маало. Навистина, при една средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, Путин спомна дека Македонија е „колевка на словенската писменост“, но тој си има упатени советници, кои му дошепнуваат што да каже и тоа е само чиста куртоазија. Мнозинството Руси немаат поим каде се развила кирилицата, кои биле Св. Климент и Наум и воопшто не реагираат „братски“ на нас. „Ти го крстиш, а тој прди“ – како што вели една шеговита поговорка. Кога во Охрид се отворал првиот Сèсловенски Универзитет и кога во него цутела културата и писменоста, на просторот на којшто сега се наоѓа Москва имало само мокшански блата, односно, мочуришта, низ коишто лутало полудивото угро-финско племе Мокша.

Кога ќе налетам на некој троа поупатен Русин (што е мошне ретко) и кога ќе му објаснам дека сум од Македонија, тој ме глеа само како некаков бивш Југословен или како „Србинот со говорната маната“. Тој не ми праи муабет за Гоцета и Дамета, још мање за Леб и сол, Милчо Манчевски или Кире Лазаров (за кои нема благе везе), туку само за Југославија и/или Србијa. Тој ми збори за тоа „колку биле греота Младиќ, Караџиќ и Шешељ што завршиле у Хаг“, на што, јас му одговарам дека стварно се греота, само го гаѓале Сараево, Вуковар и Дубровник и испоубиле 100 илјади жени, деца и старци. Се разбира, среде Русите се среќаваат фини и космополитски – настроени поединци, но тие претставуваат незначително малцинство.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Фото од екранот на рускиот владин сајт за административни услуги Gosuslugi.ru: мојот профил вели дека сум од БЈРМ. Приватните податоци ги покрив.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

На сајтот на руската ветеринарна и фитосанитарна служба, ние сме истовремено Р. Македонија и БЈРМ.

Некои би рекле дека е добро што кај нас нема голем прилив на руски туристи, затоа што тие се озлогласени низ светот по своето лошо однесување, пијанчење, тепачки, демолирање на хотелски соби или крадење на предмети од истите и правење на пијани „сцени“ во авионите (рус. дебошы). Многу западни туристи се жалат на однесувањето на оние руските, а еден Германец дури поднел тужба против туристичката агенција со која одморал во Турција и барал враќање на парите поради малтретажите кои таму ги трпел. Не чуди што поплаката доаѓа токму од Германец – во странските одморалишта, на празникот 9-ти мај, руските туристи традиционално ги претепуваат оние германските. Во последно време, Русите им го прават тоа и на украинските туристи. Некои хотели во Турција, Тајланд и други места повеќе не примаат руски туристи и тоа со гордост го рекламираат, со цел да ги привлечат оние западните. Некои Руси се згрозени и посрамотени од однесувањето на своите сонародници и со презир ги нарекуваат „руссо туристо“, а овој шеговит израз произлегува од советската комедија „Бриллиантовая рука“ (1968).

Речиси секоја руска туристичка репортажа од Македонија (јал пишана, јал на ТВ) започнува со тоа дека се работи за „млада држава“, небаре таа е некаква Абхазија, Јужна Осетија или Јужен Судан, а се занемарува фактот дека ние сме се осамостоиле од Југославија на 08.09.1991 год., значи, пред расформирањето на СССР во декември истата година, па излегува дека РФ целосно се осамостоила нешто подоцна од нас и таа е уште помлада. Па нејзината најголема сојузничка на Балканот, Србија, се осамостои дури во 2006 год., па не слушам Русите да ја нарекуваат „млада“. Истотака, во тие репортажи се става преголем акцент на тоа дека Македонија е „бивша југословенска република“, како и на нејзините односи со соседна Србија. Од Илинден, Крушевската Република, ВМ(О)РО, АСНОМ, Букурешкиот Договор и други важни нешта за нас, во тие репортажи најчесто нема ни трага.

Неточно е дека Русите секогаш биле доследни во употребата на името Република Македонија. До воведувањето на ова новото со географска одредница, употребата среде Русите беше измешана – понекогаш тие велеа Республика Македония, но понекогаш Бывшая Югославская Республика Македония (БЮРМ), а тука говорам како за официјални извори, така и за неофицијални. Иронично, некаде можеа да се сретнат и едното и другото име. Например, во една реченица се употребува едното име, а веќе во следната – другото.

Русите немаа поим за нашата чувствителност околу името и тие подлабоко се заинтересираа за тоа дури откако ние изразивме подготвеност за компромис со Грција, со цел да влеземе во НАТО. Значи, нашето влегување во НАТО, а не проблемот со името, беше она што Русите навистина ги заинтригира. Ете затоа тие се спротивставуваа на нашето преименување, а руската амбасада во Скопје отиде доттаму, што на 20.10.2018 год., таа изјави дека без оглед на сè, за неа ќе остане да важи името Република Македонија. Но веќе на 18.03.2019 год., РФ официјално го призна ова новото со географска одредница, така да, толку од „бескомпромисноста“.

Клипот погоре е од руската серија со кулинарна тематика „Светски пазар“ („Мировой рынок“), во која водителот Александар Прјаников посетува пазари низ разни земји, вклучително и во БЈРМ – како што тој нè нарекува. Кога го качив клипов на Youtube, тој беше блокиран заради кршење на авторско право, што јас го обжалив врз основа на fair use доктрината. Согласно неа, дозволена е употреба на туѓи снимки, под услов: тоа да e во оправдан обем (ова е само кус инсерт); тоа да е за едукативни, некомерцијални и слични цели (што истотака го исполнувам); авторот да не трпи загуби (нема да трпи); и тука да има еден вид на трансформација (оригиналната содржина тука има забавен карактер, но јас ѝ придадов политички). Овие аргументи јас ги испратив до Youtube, но тие беа разгледани и од имателот на авторското право – руската ТВ куќа, но таа арогантно ги одби истите. Прво, тоа е кршење на правилата; второ, тоа е лицемерно, зашто пиратството во РФ цути; и трето, тука и морон сфаќа дека Русите не сакаат вие да дознаете како зад грб тие ве нарекуваат БЈРМ. Уште еден пример за нивниот „братски“ однос! За среќа, по извесно време Youtube ми го одблокира клипот, па повелете и ширете го.

При својата посета на БЈРМ – како што се изразува Прјаников, тој се сретна со Светозар Јаневски (познат како директор на Скопска пивара и винаријата „Тиквеш“), па живо ме интересира дали тој потоа го гледал документарецов и како реагирал на истиот. Верувам, ваквото однесување од страна на гостинот би навредило секој домаќин. Замислете си наш новинар да замине за РФ и да ја претстави како „Бивш Улус на Монголо – Татарската Златна Орда“. Далеку од тоа дека јас сум тврдокорен националист, но сметам дека нашата јавност треба да знае за ова, особено онаа русофилската, бачевската. Да се однесуваше вака некој западен новинар, досега ќе го растргневте, што многу кажува за вашето лицемерие и двојни стандарди.

1.4. Комунизам и туризам

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Миграциска картичка.

Откако странецот ќе пристигне на граничниот премин со РФ, тој добива т.н. миграциска картичка (едно безвезно хартивче, чија смисла е нејасна) и тој цело време мора да ја носи со себе, а нејзиното губење може да создаде големи проблеми. Откако странецот ќе се смести (јал во хотел, јал во приватен смештај), тој мора да биде пријавен во миграциската служба при МВР од страна на својот руски домаќин. Доколку странецот смени неколку адреси, тој мора да биде пријавуван на секоја од нив. По секое пријавување, странецот добива писмена потврда, која ќе мора постојано да ја носи со себе (заедно со пасошот и миграциската картичка) и тој мора да го покаже овој куп документи при евентуално полициско легитимирање, што е вообичаена пракса на руските улици. Овие обичаи постојат уште од времето на СССР, а можеби и од порано, од времето на царскиот апсолутизам. Отсуството на пријавата може да доведе до проблеми, јал за самиот странец, јал за неговиот домаќин. Некои корумпирани руски полицајци (доскоро познати под комунистичкиот назив „милиционери“) намерно чекаат жртви за легитимирање близу железничките станици или аеродромите, затоа што странците таму се обично во журба и некои од нив се подготвени да платат мито за да не задоцнат на својот воз или лет.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Формулар за задолжително пријавување на странски турист во Русија. Има 458 графи. Само болесна комуњара може да смисли вакво нешто.

Ќе речете, па добро сеа, РФ е најголемата држава во светот и мора да постои некаква (макар и несовршена) контрола, особено денес, кога се соочуваме со тероризам, нелегална миграција и други закани, а пријавувањето не е измислено специјално за Македонците, туку за сите странци. Тоа оправдание не држи, затоа што, како прво, тој систем не е измислен сега, со цел да ги заштити руските граѓани од опасности, туку тој датира уште од репресивните советски времиња, а како второ, сите странци не се третирани еднакво, туку некои се „поеднакви“ од другите. Мнозинството странци (во таа смисла и Македонците) мораат да бидат пријавени во тек на 7 работни денови, но граѓаните на некои екс-советски републики уживаат поволности, па така, оние од Евроазискиот Сојуз можат да си седат непријавени цели 30 денови, а оние од Таџикистан – 15 денови. Така, нашите стари знанци Вахабит Џихадов и другар му Ислам Екстремов се попривилегирани во однос на Македонецот.

Ќе речете, па добро сеа, вакви закони за пријавување, односно регистрација на странци постојат и во Македонија и во други, главно, (пост-)комунистички земји, како што се: повеќето екс-советски и југословенски републики, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Народна Република Кина, Социјалистичка Република Виетнам, Народна Демократска Република Лаос, Народна Република Бангладеш и други земји кајшто „народот е на власт“. Да, тоа е вистина, но со една маалце ГОЛЕМА разлика. Во оние подемократските земји, како и во Македонија, оваа законска обврска честопати не се спроведува и не се зема толку озбилно; формално, казните за нејзиното неисполнување кај нас се високи, но бројот на луѓето, кои реално биле казнети, е мал; а нашите граѓани можат да ја исполнат истата на едноставен начин. Но во РФ и во некои други екс-советски републики, пријавувањето се сфаќа смртно сериозно и тоа може да биде толку комплицирано, што дури може да ви го упропасти патувањето и да ве ували во сериозни проблеми!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

За споредба: Македонска пријава за странец. Има само 5-6 графи и толку.

Процедурата во Македонија е следна: влегуваш во најблиската полициска станица добар ден – добар ден, сакам да пријавам странски гостин, еве лифче, з’г-з’г пополнуваш со пенкалце неколку графи и толку. По заминувањето на странецот, следи негова одјава, која е проста исто како и пријавата. Ако не грешам, странецот кај нас може да се пријави и сам, а формуларчето е на македонски, англиски и француски. Но многу странци кај нас не се пријавуваат и тие си заминуваат без проблем. Зарем некој странски backpacker, кој изнајмил соба кај некоја тетка во Охрид, ќе оди да се пријавува? Истово важи и за многу наши печалбари со странски пасоши, а за Албанците од Косово ич да не зборам. Во македонскиот филм „Хај-фај“ (1987) дури има сцена, во која таткото – комуњар (Фабијан Шоваговиќ) го прашува својот син (Данчо Чеврески) дали го пријавил својот странски гостин, на што, овој вториов му одговара со потсмев. Значи, дури и во времето на СФРЈ, пријавувањето на странци не се земало толку озбилно. Се сомневам дека сите оние Швеџанки и Холанџанки во шаторите на јадранскиот брег биле прописно пријавувани. Нашиот социјализам сепак бил полиберален (повторно, и тој си имал свои гадости, но за нив другпат).

Во РФ пријавувањето на странците е многу построго и посложено. Процедурата не може да се заврши во најблиската полициска станица, туку само во одделите на миграциската служба при руското МВР или во т.н. Многуфункционални Центри (МФЦ), кајшто Русите вадат разни документи. Пријавата ја врши домаќинот и вие не можете да се пријавите сами, а формуларите се исклучиво на руски. Заради ова, вие сте оставени на (не)милоста на домаќинот. Јас секогаш одам да се пријавам заедно со него (моето присуство не е задолжително, но Русите не знаат како да ги пријавуваат своите гости, па јас морам да им помагам) и притоа се соочувам со големи проблеми. Таму сум морал да пополнувам ОГРОМНИ формулари, и тоа, на руски; сум морал да се гурам и тепам пред шалтер со разни пијандури и имигранти од Таџикистан, Киргизстан, Узбекистан, Каракалпакстан, Пакистан и други вукојебини; а бирократите ми се издеравале, ме шетале од едно до друго место, ме одбивале заради непостоечки „грешки“; заради отсуство на некоја глупава фотокопија; дури и заради плаво пенкало (демек, требало црно). Јас им укажав дека на самиот формулар пишува да се пополни со црно или темно – плаво пенкало, а тие цинично ми одговорија дека моето пенкало не било „доволно темно“. Според кој закон тие ја оценија нијансата – не прашувајте. Еднаш, низ гужвата почна да се лакта еден пијаница, при што ме удри мене и една девојка, која само што не се онесвести од неговиот здив, а јас го грабнав за ревери и почнав да му се дерам: „Што правиш, бре, комуњаро?!“ (така ми дојде), но никој не презеде ништо, немаше никакво обезбедување. Иронично, ова се случуваше во зграда на миграциската служба при руското МВР, а јас гласно запрашав: „Ова е полиција или што е?!“, но сите молчеа. Нормално, пијандурата беше услужена прва, а јас последен. Во една прилика, јас дури доживеав во МФЦ да им рокне компјутерскиот систем, заради што не можев да бидам услужен. Хаос ин Лаос!

Заради олеснување на процедурата, руските власти овозможија пријавување преку пошта, т.е. вашиот руски домаќин оди во најблиската пошта, пополнува пријава за странец и истата се упатува до миграциската служба преку препорачано писмо. Услугата чини околу 300 руски рубљи = 250 денари. Теоретски, ова е ОК, но Истокот си е Исток и овие пратки НИКОГАШ не пристигнуваат до својата дестинација. Доколку поштенската пријава не пристигне во руското МВР, податоците за странецот нема да бидат внесени во базата на податоци и заради тоа, тој може да има проблеми. Доколку се работи за странец кој дошол да прошета на пар недели, неговото отсуство во базата не е страшно и никој нема да го забележи, но доколку тој има поамбициозни планови (работа, студирање, аплицирање за престој или сл.), тогаш, еден од првите документи кој ќе му биде побаран е токму пријавата за странци, по што, ќе следи проверка во базата на податоци. Доколку странецот го нема во базата, тој не само што нема да биде услужен, туку тој или неговиот домаќин ќе бидат казнети. Странецот и неговиот домаќин ќе објаснуваат дека поштенските пријави се сосема законски и дека вината лежи во лошата работа на руската пошта, но залудно – кадија те тужи, кадија те суди. Постои и пријавување онлајн, но за тоа, на домаќинот му е потребен квалифициран електронски потпис, а мнозинството Руси немаат поим каков е тој електронски гаџет, каде и како тој се вади, а тој истотака е скап.

Секој пристоен хотел во РФ без проблем ги пријавува своите странски гости, но има и такви, кои најбезобразно ја избегнуваат оваа обврска или незаконски наплаќаат за истата. Истово се случува и среде лицата кои издаваат станови. Многу Руси не сакаат да се занимаваат со процедурава, што ми создава големи проблеми кога си барам сместување на познатиот сајт Airbnb. Повеќето Руси на Airbnb воопшто не ги познаваат законите на својата земја или најбезобзирно ги кршат (заради мрзеливост или избегнување на данок), иако наемодавачот мора да ги почитува, што е еден од условите за учество на сајтот. Админите на сајтот не преземаат ништо, моите оправдани барања да бидам пријавен се грубо одбивани од страна на руските домаќини, а фактот дека сме „браќа Славјани“ воопшто не помага.

Заради решавање на проблемот со пријавувањето, во РФ функционираат илјадници сомнителни фирми кои за надомест нудат фејк пријави за странци. Тоа се истите оние фирми кои нудат визна поддршка. Тоа е цела мафија која им ја цица крвта на странските посетители. За 1000 – 2000 – 3000 руб., овие фирми ќе ве пријават на некоја „лева“ адреса. Се разбира, руските власти не се глупави и одлично знаат за оваа мафија, но тие го толерираат овој илегален бизнис. Но доколку ве фатат како престојувате на една адреса (напр. ул. Молотов), а во пусулчето е наведена друга (ул. Рибентроп), тогаш ќе имате големи проблеми, а мафијата што ви го продала истото, најверојатно нема да одговара.

Доколку странецот шета низ повеќе руски градови, некои хотели можат да побараат од него да ја покаже пријавата од своето претходно престојувалиште и доколку тој не ја чува, гостопримството може да му биде откажано. Мене ова ми се има случено во градот Краснодар. Откако бев одбиен во еден комуњарски хотел, јас се упатив во друг и многу поскап (Hilton Garden Inn), мислејќи дека овој светски познат синџир ќе биде погостопримлив, но се излажав. Таму истотака ми беше побарана пријавата од претходното престојувалиште, па јас морав да ja барам низ својот багаж (онака нагузен испред рецепција буричкав низ куфер измеѓу маици и гаќи) и за чудо, ја најдов. Собата чинеше астрономски €150 од вечер, но во моментот бев пцојсан од умор и немав друг избор (летот Москва – Краснодар тогаш беше задржан 12 часови заради неисправноста на авионот на петпарачката руска авиокомпанија ВИМ, што е башка приказна).

Заради сложеноста на задолжителното пријавување на странските гости, некои од нив решаваат да не го испочитуваат истото, во стилот „ако нè фатат – нè фатат“. На излез од РФ, пријавите за странци не се проверуваат, затоа што граничната контрола е под ингеренција на безбедносната служба ФСБ, додека со пријавите се бави МВР, арно ама, дур’ вие стигнете до пасошката контрола, попат може да ве запрат некои од цајканите кои се муваат низ аеродромот, па тука ќе има проблем. Изем ти таков „туризам“ ако треба постојано да се плашиш како да си виновен за нешто!

Во 2007 год., на интернет проструи радосната вест дека „РФ го укинала задолжителното регистрирање на странците“, но се испостави дека ова е уште една орвелштина и дека процедурата само била преименувана во „пријавување на странци“ и таа доживеала извесни модификации, но во суштина останала иста („во принцип регистрација не треба, ама треба“). Колку за споредба, Украина навистина ја има укинато регистрацијата на странските туристи (2001) и тие таму можат да дишат послободно. Да бидам искрен, регистрацијата на странци може да се сретне и во некои западни демократски земји, но најчесто, таа е задолжителна само ако странецот престојува во нив на долг рок, ако добил дозвола за престој, ако тој таму работи или студира или ако тој е од некоја ризична земја, а процедурата обично е проста (деталите варираат од земја до земја). Ова некако и може да се проголта, но лошиот третман на странците во РФ нема никакво оправдание.

Во една прилика, јас ни крив ни должен бев приведен во полиција заради отсуство на тие бесмислени папири, а тоа се случи во 2009 год., во Пролетарскиот реон на градот Ростов на Дону. Осум години подоцна, во населбата Говњарка (баш така се вика), која спаѓа во тој реон, изби катастрофален пожар, во којшто едно лице загина, а 600 беа повредени и беше причинета огромна материјална штета. Виновници не беа Сорос, ЦИА, Илуминатите и сличните митски непријатели, туку локалната мафија, која на овој начин сакала да ги присили жителите евтино да си ги продадат своите имоти.

1.5. Домаќине, добри гости ти дојдоа

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Узбекистанската дадилка – убиец Бобокулова. Ваквите луѓе се подобредојдени во РФ од вас, Македонците.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Бобокулова мафта со исечена бебешка глава усред Москва.

За тоа колку преследувањето на странските посетители во РФ придонесува за нејзината безбедност доволно говорат бројните терористички напади кои се случуваат во неа во последниве години, т.е. тоа е 100% бесполезно. Посебно морбиден инцидент беше оној со узбекистанската бебиситерка Ѓулчехра Бобокулова, кој се случи во Москва на 29.02.2016 год. Бобокулова му ја исекла главата на бебето кое го чувала, по што, таа подметнала пожар во станот во којшто работела, за на крај, таа да излезе на московските улици и да мафта со главата на бебето в рака, викајќи „Алаху Акбар!“. Руските власти дадоа политички коректна изјава дека „ова не бил терористички напад“, туку дека жената имала „психичко растројство“, по што, тие ја упатија на принудно лечење (откако таа ќе се излечи, таа ваљда пак ќе работи како бебиситерка?). Патем, Бобокулова имала уредна пријава за странец, исто како и илјадници други „Бобокулови“, но тоа не ја спречило да го изврши ова злосторство и не е гаранција дека другиве нема да сторат нешто слично. Поарно не е ни во вториот по величина град во РФ, Петербург, кајшто, на 03.04.2017 год., во локалното метро беше извршен самоубиствен бомбашки напад, во кој загинаа 16 лица, вклучително и извршителот Акбаржон Џалилов од Киргизстан. Но сепак, Бобокулова, Џалилов и ним сличните се подобредојдени во РФ од вас, Македонците! Врв на иронијата е тоа што најголемите терористи во РФ воопшто не се странци. Тука мислам на терористите од Чеченија, Ингушетија, Дагестан, Кабардино – Балкарија, Карачај – Черкезија и други кавкаски републики во составот на РФ. Овие територии биле насилно освоени од страна на Русите уште во XIX век и тамошните жители сега се нивни сограѓани. Се вели дека некои терористички напади се всушност false flag, односно се масло на Путин, чија цел е да ја дефокусира јавноста од општествените проблеми и да оправда воведување на страховлада – барем така тврдеше одметнатиот агент Александар Литвиненко (1962-2006), кому некој „случајно“ му тури радиоактивен полониум у чајот и типот се распадна. Но о том – потом. Во добронамерните странски гости, путинскиот режим гледа „шпиони“, но, иронично, вистинските шпиони му работат под нос, на што истотака ќе се осврнам малку подоцна.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Азербејџанецот Мурат Касимов се надувал азот и со кола улетал у пешаци на тротоар во Петербург.

Некои руски градови, особено Москва, се преплавени од мигранти, било надворешни (Узбеки, Киргизи, Таџики, Азери и др.), било внатрешни (Чеченци, Ингуши, Дагестанци и др.), дел од кои го злоупотребуваат гостопримството и се занимаваат со криминални или екстремистички активности. Вообичаена појава се и етничките криминални групи (этнические преступные группировки), а во некои квартови повеќе не може да се видат словенски физиономии и девојките не можат безбедно да се движат во вечерните часови, заради зачестеноста на силувањата. Русинот не смее да писне во својата сопствена држава, но тој е страшно параноичен ако некое кутро Македонче се дрзне да гостува во неа! Не моеш по магарето – удри по самарот! Не, јас не ширам омраза спрема одредени етнички, расни или религиозни групи, туку само ви укажувам дека Русинот е потполно скаран со логиката.

1.6. Свецко Првенство

1.6.1. Лисицата и жеравот во Потемкинското село

Во 2018 год., РФ беше домаќин на Светското Фудбалско Првенство, а во претходната, на Купот на Конфедерациите. Путин топло ги покани странците да ги посетат овие спортски настани, но иронично, тој нареди привремено заострување на регистрациските правила за истите тие странци (фактички, тој им плукна на гостите в лице). Се работи за претседателскиот Указ бр. 202, донесен на 09.05.2017 год., според кој, секој странец мораше да биде пријавен во тек од само 24 часови по своето пристигнување во градовите – домаќини (Москва, Петербург, Казањ, Сочи итн.), а процедурата можеше да се заврши само во миграциската служба при МВР и никако во поштите или во МФЦ. Ама „добредојде“! Единствена отстапка од страна на Путин беше тоа што на странците сега им беше овозможено тие да се пријавуваат сами (т.е. сами да се гураат пред шалтери, без помош од своите руски домаќини). Каква „великодушност“!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Потемкински села за маскирање на мизеријата пред гостите на ФИФА 2018.

Привременото заострување на правилата не беше толкав проблем за странците со хотелско сместување, но што правиме со оние со приватно? Замислете си како тогаш се почувствуваа сите оние Англичани, Французи, Германци, Бразилци, Аргентинци, Нигеријци, Корејци, Хрвати, Срби (и можеби по некој Македонец), кои со месеци штеделе за да отпатуваат на овие настани? Путин некогаш бил агент на репресивната советска тајна служба КГБ во Источна Германија (една од најрепресивните држави во светот, сместена позади Берлинскиот Ѕид), па од таков лик јас и не очекував друго. Воедно, руските власти набркаа голем број на Узбеки, Таџики и други имигранти, за посетителите на првенството да не можат да ги видат, а Министерството за труд и миграција на Таџикистан дури им препорача на своите граѓани да не патуваат во РФ додека не заврши овој спортски настан. За неговите потреби, руските власти направија Потемкински села – некои запуштени градби беа само површно „нашминкани“, прикриени со онакви платна (лажни фасади) или со високи огради, а нивните жители со иронија коментираа: „Не сме доволно убави, па затоа нè кријат“. Слични мерки биле преземани од страна на советските власти во времето на Летната Олимпијада во Москва 1980, кога од градот привремено биле дислоцирани сите клошари, пијандури, џепароши, шибицари и проститутки, кои ја нарушувале убавата слика за „комунистичкиот рај“. Заради изолираноста на СССР, странските посетители биле мошне ретки и можеле да прошетаат низ него само во организирани групи, со водич од државната туристичка агенција Интурист (читај: агент на КГБ), кој пазел некоја „овца“ да не залута од „стадото“ и да не почне да слика нешто што не треба. Туристите биле сместувани во онакви коцкасти комуњарски хотелишта и ним им биле покажувани само пристојни места (Црвениот Плоштад, музејот Ермитаж и сл.). По сè изгледа, Путин би бил најсреќен со таков вид на „туризам“. Онака, комунистички, со бункери, бодљикави жици, стражарски кули, кучиња и сл.

На првиот меч на првенството на московскиот стадион Лужники (14.06.2018) се очекуваше присуство од околу 80 илјади навивачи, на што, колумбискиот конзул во РФ, Ернандо Пињерос, прокоментира: „Да речеме дека 60% од нив ќе бидат граѓани на Русија, но 40% ќе бидат странци. Значи, околу 30 илјади странски туристи мораат да бидат регистрирани практично истовремено. Во тоа јас гледам многу голем проблем“ (затворен цитат). Замислете си илјадници странци (црни, жолти и бели) како среде летната жега чекаат во бескрајни редици пред некакви шалтери, кајшто мораат да поднесат формулар на руски и куп фотокопии и уште да трпат издеравање од некакви тетки, кои не владеат со странски јазици. И така во секој следен град-домаќин. Повеќето странци го дочекаа указот со прашалници околу своите глави и не знаеа каде и како да ја завршат оваа процедура, а во еден 12-милионски град каков што е Москва, пронаоѓањето на соодветните пунктови за пријавување е огромен проблем (не може кај сакаш, туку по реонски или окружен принцип).

Ова страшно потсетува на руската басна, која најверојатно е преземена од онаа старогрчката на Езоп, за лисицата и штркот (или жеравот, како што е во руската верзија). Лисицата го поканила жеравот на ручек, но му го сервирала во плитка чинија, од која тој не можел да јаде заради својот долг клун. Но, подоцна, жеравот ѝ вратил на лисицата танте за кукурику, така што ја поканил во возвратна посета, при што ѝ сервирал ручек во шише со тесно грло.

На Путин му требаше цела година за да сфати дека претерал, па со Указот бр. 214, донесен на 12.05.2018 год. (само месец дена пред почетокот на првенството), тој направи извесни измени. Со новиов указ, на странските гости им беа дадени 3 дена за пријавување, а процедурата веќе можеше да се заврши не само во миграциската служба при МВР, туку и во МФЦ. Повторно, каква „великодушност“! Неговиот однос кон странските посетители се виде и на завршната церемонија на првенството, кога хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ и францускиот, Емануел Макрон, беа оставени да скиснат под поројниот дожд, додека Путин беше заштитен со чадор. Патем, од обилните дождови, кои следеа по завршувањето на првенството, такаречи потона стадионот Волгоград Арена. Многу од стадионите се недоделкани од истите оние Узбеки и Таџики, на кои им биле давани доста лоши услови за работа. Се смета дека дваесетина од нив загинале при изградбите. Многумина не знаат за уште една мрачна задкулисна приказна – РФ е една од ретките земји, која одржува односи со Северна Кореја, па за изградба на некои стадиони биле ангажирани и севернокорејски работници, кои се фактички третирани како робови.

Пред започнувањето на првенството, во руското општество доста се дискутираше за тоа како домаќините треба да се однесуваат кон многубројните странски гости. Случајно или не, токму тогаш, рускиот генерал Генадиј Фоменко, носител на врвното одликување „Херој на Русија“, одржа ксенофобично и расистичко предавање во едно петербуршко училиште, при што рече дека нему не му се допаѓа да патува во странство, дека странците „немаат ни чест, ни достоинство“ и дека учениците треба да се подготвени да се тепаат со нив. Притоа, Фоменко го употреби изразот „замочить всех“, што може да се преведе како „да се убијат сите“, „да се измочаат“, „да се скењаат“, „да се удават (во вода)“, „да се угаснат (како свеќа во вода)“ или сл. Изјавата потсетува на онаа на Путин, дадена многу порано во контекст на борбата против тероризмот – „мочить в сортире“, што можеби означува противникот да се грабне за коса и со фаца да се набие у клозетска шолја, односно, да се намокри, намочи (во мочка, к’о во мочуриште). Толкувања за изразов има повеќе и некои сметаат дека тој потекнува од сибирските логори (затворениците ќе убиеле свој цимер, по што, трупот ќе го фрлеле во септичка јама, за тој да не биде најден), но други сметаат дека изразот се темели врз некои други историски настани. Како и да е, изразот има крајно негативно значење, а Фоменко го употреби во ксенофобичен и расистички контекст. Како може вакво „предавање“ да помине во училиште, и тоа, во земја – домаќин на меѓународен спортски настан – не ме прашувајте. За среќа, многу Руси решија да не го послушаат генералот и тие коректно се однесуваа кон странските навивачи (и обратно).

Но објективно, некои странски посетители го злоупотребија руското гостопримство. Неколку месеци по Првенството беше утврдено дека над 5000 од нив воопшто не си заминале од земјата во законски пропишаниот рок! Среде нив, најбројни беа оние од Нигерија (1863), Виетнам (911), Бангладеш (456) и Сенегал (253). Со тоа се покажа дека ако некој решил да го крши законот – тој тоа секако ќе го стори, а во тоа сигурно нема да го спречат некакви пријави за странци и слични бесмислени хартии. И така, додека добронамерните странски гости (каков што сум јас) се малтретирани од руските власти, оние недобронамерните дрско прават што ќе посакаат. Сите оние укази на Путин тука станаа бесмислени.

Иако јас во РФ не дојдов заради Првенството, заострените и отежнатите правила за пријавување на странците ме засегнаа и мене, т.е. поради нив, јас избегнав да барам стан во Москва и тоа го сторив во едно руско „Драчево“. Чувството дека може да наебеш заради пријавувањето ми создаде голема параноја, но барем душа ми стопли победата на Хрватска над руската репрезентација во четврт – финалето. Оттогаш, контроверзниот клип, во којшто хрватскиот фудбалер Домагој Вида извикува „Слава Україні!“, го пуштам секој ден на repeat (малце да им глеам сеир на руските власти, кои прилично ме измалтретираа). Патем, Вида играл во ФК Динамо Киев, па ова бил поздрав до неговите украински навивачи. Вида тука извика и „Београд гори!“, што се протолкува како закана против Србија, но тој објасни дека се работи за киевската кафана „Београд“, сопственост на извесниот Јован, инаку Србин. „Јово, спремај прасе!“ – додаде Вида. Јас дури ја натерав жена ми да одиме во хрватската фан зона, специјално отворена за Првенството, кајшто, на големи екрани го проследивме финалето. Тука имаше и Хрвати и заедно навивавме „Муни га међеде“ и сл. Репрезентацијата – домаќин беше заслужено шутната од Првенството во четврт-финалето и нејзе не ѝ помогна дури ни допингот, по којшто е озлогласен рускиот спорт.

1.6.2. Шампионски дочек

Кога долетав во Москва во јуни 2018 год., првенството само што започна, а мене ме дочека реновираниот аеродром Шереметјево, со некаква беспилотна подземна железница помеѓу неговите терминали и други sci-fi чуда, но залудно, Истокот си останува Исток.

Како прво, пасошката контрола погрешно ја отпечати мојата миграциска картичка, каква што при влезот во РФ добива секој странец. Во неа треба да се потцрта целта на патувањето (туристичка, работна, студентска, приватна или др.), но принтерот ги печатеше редовите пониско отколку што треба, па тој ми потцрта погрешна цел. Кога подоцна правев пријава за странец, руското МВР се фати за овој детал и за малку не ме обвини за несовпаѓање на декларираната цел на патувањето со онаа реалната и јас со маки објаснував дека тоа е техничка грешка!

Истотака, на аеродромот немаше ниту еден пристоен банкомат, иако секој странски посетител најпрвин треба да се снабди со локална валута! Притоа, провизија обично наплаќа вашата банка, но таму имаше банкомати, кои си наплаќаат и своја, дополнителна провизија (читај: мафијашка намештаљка). Јас некако успеав да најдам банкомат без екстра давачки, но тој беше расипан и не ми даде пари, па јас бев исплашен дека тој можеби ми ги лапнал!

Тамошниот Wi-Fi не работеше, па јас не можев да ја контактирам сопругата и да нарачам такси онлајн, а за јавен превоз веќе беше доцна (3-4 ноќе). За среќа, таму налетав на штанд на „Яндекс Такси“ (нешто као руски Uber), но на истиот не примаа картички! Јас буквално лутав 2-3 часа низ најголемиот руски аеродром без да можам да завршам ниту една работа! Со сопругата морав да контактирам преку SMS, што заради роумингот ми поарчи многу пари, и уште, пораките можеа да не ѝ стигнат заради лошата координација на руските оператори со оние странските. На крај, сопругата ми нарача такси онлајн и јас до неа стигнав мртов уморен во раните зори.

Јас сум искусен патник и владеам со рускиот јазик, но тоа не ми помогна да ги избегнам овие проблеми, а како им беше на оние помалку искусните, можете само да замислите. Како може една толку дезорганизирана и негостољубива земја да стане домаќин на таков меѓународен настан?

1.6.3. Вагинална манипулација

Во текот на Првенството, фото – репортерите и ТВ снимателите честопати „ловеа“ згодни руски навивачки на трибините, што ФИФА го осуди како сексизам и побара тоа да престане. На ова, некои фудбалски фанови од западните земји побараа ФИФА да не ги гњави со феминизам, LGBT, fat acceptance и слични родови политики, кои засилено се туркаат во нивните општества, и побараа таа да им го остави првенството намира, како последен бастион на мачоизмот. Објективно, таквите политики револтираат дел од жителите на Западниот свет, па тие наивно ја идеализираат Русија како „бастион на традиционалните вредности“ со што Путин вешто манипулира.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Немчинова на сајтот на Первиј канал.

Една од тие навивачки, Наталија Немчинова, дури дотурка до вистинска ѕвезда – нејзините фотографии го обиколија светот, а руските режимски медиуми ја прогласија за мис на првенството, негов симбол, маскота или сл. Таа се појавуваше на трибините со патриотски стајлинг и руска фолклорна шапка, наречена „кокошник“, со што, на некој начин, Немчинова стана и заштитно лице на земјата – домаќин. Со тоа лице тогаш беше украсен сајтот на првата и највлијателна руска телевизија Первиј канал, како и билборди и други рекламни материјали наменети за првенството. Немчинова почна да дава интервјуа и дури да завлегува во политика, изјавувајќи дека РФ и нејзиниот лидер Путин не се виновни за аферата со труењето на Скрипал и дека Западот самиот „ја закувал“ истата. Западната машка публика, исфрустрирана од своите феминистки, се „упеца“ на шармот и женственоста на Немчинова и „го спушти гардот“, наивно заклучувајќи дека РФ и не е така агресивна и репресивна држава, како што тврдат западните медиуми. Тука се заборави на аферата Скрипал, на руската окупација на Крим, на вмешаноста во војната во Донбас, на репресиите и политичките затвореници, на бројните нуклеарни инциденти слични на оној во Чернобил и сите други гадости. И сè ќе поминеше успешно доколку не се откриеше дека Немчинова, всушност, е петпарачка проститутка и порно актерка. Јас ниту сум конзервативец, ниту моралист, но ова откритие не беше нималку ласкаво за домаќините на овој меѓународен настан, особено заради тоа што тие се претставуваат како „светци“ наспроти „декадентниот Запад“.

Западната јавност тука сфати дека тие руски навивачки не се воопшто навивачки, туку по улица собирани проститутки, со цел, создавање на разубавена слика за земјата – домаќин. По сè изгледа, камерите нив ги „уловиле“ нималку случајно – тоа сигурно бил PR stunt на путинскиот режим. Од сопствено искуство тврдам дека РФ има многу прекрасни, шармантни, умни и талентирани жени, па зошто таа мораше да се претстави себеси токму со Немчинова? Некои Руси цинично одговараат: каква власт – таква маскота! На интернет тогаш испловија повеќе порно клипови на Немчинова, а во еден од нив, таа со анилингус задоволува група нагузени руски билмезмени – нејзини спонзори. Јас им се извинувам на читателите за овие непристојни детали, но реалноста е таа, don’t shoot the messenger. Ете така, ова „заштитно лице“ беше фатено на дело – со нос набиено у нечија гузица. Толку од извиканиот руски „морализам“ и „традиционализам“. Во типичен орвеловско – сталински стил, лицето на Немчинова одеднаш исчезна од сајтот на Первиј канал и беше заменето со некоја „попримерна“ девојка. Инаку, Немчинова никогаш не била вистинска порно ѕвезда (барем тоа да беше), туку таа имала снимено само некои приватни оргии и кастинзи, а откако не успеала да ги „положи“ тие „приемни испити“, таа решила да си ја проба среќата во патриотизмот, кој е последното прибежиште на баграта – како што сметал британскиот мислител од XVIII век, Семјуел Џонсон. Рускиот новинар Игор Јаковенко смета дека таа фраза е веќе застарена, затоа што патриотизмот, според него, сега е постојан дом на баграта.

Со своите згодни девојки, РФ е интересна за странските младоженци или секс-туристи, па пред Првенството, на тамошната политичка сцена имаше жолчни дебати на таа тема, при што беа дадени некои потполно сулуди, расистички или сексистички изјави. Претседателката на Собранискиот комитет за семејни, женски и детски прашања, Тамара Плетњова, апелираше до руските девојки да не се муваат со странските навивачи, зашто ќе завршат како самохрани мајки, а нивните деца ќе страдаат, и потсети дека таквата појава била масовна по Олимпијадата 1980. Плетњова додаде дека тоа би се проголтало само ако партнерите се од иста раса, со што откри дека зад нејзината „грижа“ за жените се крие расизам. Пратеникот Александар Шерин изјави дека странците можат ненамерно или дури и намерно да донесат болести. Тој додаде дека на својата граница, Русите не би можеле да ги тераат странците да минуваат под хлорирани тушеви, затоа што РФ не е германски концентрационен логор, па тука би постоела реална опасност од зарази. Шерин ги предупреди Русите да не се гушкаат и бакнуваат со странците, да не примаат подароци од нив, дури ни мастики и цигари, и да не пијат од исти шишиња со нив. За разлика од Плетњова и Шерин, претседателот на Собранискиот комитет за физкултура, спорт, туризам и млади, Михаил Дегтјаров, го охрабри сексањето со странците, а претседателскиот портпарол Димитриј Песков изјави дека девојките сами ќе решат дали ќе го прават тоа или не. Но според многумина, оваа „неутрална“ изјава всушност беше „зелено светло“ од Путин за оргијата да почне. Се разбира, тој не може да рече: „Јебите се, другови!“ – како во филмон „Мистерије орга(ни)зма“, туку тоа го завитка во попристојна форма. Пред да помислите дека Дегтјаров, Песков и Путин се хипици, кои со ова порачаа „водете љубов, а не војна“, ќе морам да ве разочарам – тие тоа го одобрија само за виши цели. Дегтјаров смета дека ова е решение за смалениот наталитет во земјата (циниците би рекле: нејзе ѝ треба свежо топовско месо), а Песков и Путин во тоа гледаат PR алатка за заведување на странците, како што беше во случајот со Немчинова (наречете ме параноик, но јас ова така си го објаснувам). И навистина, странците беа замаени од руските девојки и никому од нив не му текна да праша за репресиите, војните, сиромаштијата, трговијата со луѓе, сексуалната експлоатација и другите проблеми на земјата – домаќин. И никому од нив не му текна да праша зарем е нормално власта да им влегува на граѓаните в кревет и да им кажува со кого тие смеат да спијат? Ова беше страшно! Тоталитарна контрола врз сите сегменти на човековиот живот! Вакво нешто во нормални земји е незамисливо, освен ако не се работи за дискусии за несакана бременост, полово преносливи болести или сексуална експлоатација. Не може, например, Меркел да излезе на говорница и да рече: „Можете / не можете да спиете со странци“ или „Јас ви дозволувам самите да решите за тоа“. Тоа би бил апсурд, никој за тоа неа не ја прашува. Интимата на граѓаните не е нејзина работа.

Во текот на Првенството, руските конзервативци и националисти создадоа групи во социјалните мрежи, во кои со фото и видео ги срамотеа оние девојки што се муваа со странските гости. Но објективно, екцеси не недостасуваа ни среде девојките, дел од кои се впуштија во безмерно пијанчење, дрогирање или оргијање, со или без она што Русите го нарекуваат „продажность“. Така например, по една бурна забава на мексиканските навивачи, една девојка беше најдена дрво пијана и пиштол гола врз масата на едно кафуле; друга се занимаваше со орален секс со Полјаци на клупа среде Москва, и тоа, среде бел ден; трета беше уловена како се секса со еден Уругваец на плажа на Волга; а некои „покажуваа цицки за кока – кола со виски“ – како што отприлика гласеше една рима. Тука пак се виде дека руското општество не е воопшто поприбрано од „декадентниот Запад“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Шпионката Ана Чапман.

Вагиналните манипулации и користењето на сексот во шпионски цели (sexpionage) е стара пракса на руските тајни служби, што ни е познато од филмовите за Џејмс Бонд, например. Постојат сомненија дека руското разузнавање сега прави лажни женски профили во социјалните мрежи за да комуницира со американски војници и да „цеди“ полезни податоци од нив. Познат случај на sexpionage во поновата историја беше оној на Ана Чапман, руската шпионка уапсена во САД во јуни 2010 год., подоцна ослободена во размена на затвореници. Откако нејзините разголени фотографии се раширија низ светот, таа стана секс-симбол, а Путин фати да ја турка на одговорни функции. Таа влезе во раководството на подмладокот на неговата партија, што многумина го критикуваа, во стилот, зарем оваа дроља ќе биде пример за младите и промотор на семејните вредности?! Таа се прослави и како колумнистка, но беше фатена во плагирање на туѓи текстови, а таа дури држеше предавања по некои руски универзитети, на едно од кое, студентите ја дочекаа со транспарент: „Владата во Кремљ и студиото за порно филмови се во друг правец“ (демек, ја згрешила зградата).

Како нуспојава од феминизмот, на Запад има милиони осамени или разведени мажи, кои мошне лесно паѓаат на шармот на руските жени (кои навистина се мошне шармантни и дури супериорни во однос на оние западните, но сепак, треба да се мисли со горната, а не долната глава). Пример за тоа видовме кога по руската анексија на Крим, за негов јавен обвинител беше назначена Наталија Поклонскаја, на чиј изглед се „упецаа“ многу мажи низ светот, но никому од нив не му текна да праша дали жената е компетентна за таа функција, и уште поважно, што поѓаволите бараат руските окупатори на полуостровот?! Поклонскаја дури се прослави во Јапонија, кајшто инспирираше анимирани филмови, стрипови или видео игри во стилот на манга, во кои беше претставена како униформирана „Лолита“. На руската политичка сцена Путин ги турка и Tрите Марии, но не оние од Библијата, туку Кожевникова, Катасонова и Захарова, но ова нема никаква врска со еманципацијата на жената – за Путин тие се само PR алатки и ништо повеќе од тоа. Кожевникова беше пратеничка од неговата партија, како и член на Собранискиот комитет за култура, но таа е пред сè позната како актерка, како и по својата фото-сесија за „Плејбој“. Катасонова е од ултра – националистичката (речиси фашистичка) партија Родина, која блиску соработува со путинскиот режим, а девојката е позната по своите лажни репортажи од конфликтот во Донбас, во кои е претставена како воинствена, но секси „Амазонка“. Захарова, пак, е портпарол на руското МНР и таа е позната по своите остри и политички некоректни изјави, а многу мажи низ светот во неа гледаат „доминантна MILF-ица“. Слична вагинална манипулација е и јутјуберката Syrian Girl, која е промотор на режимот на Асад во Сирија.

1.6.4. Косовката Ера Истрефи или “Mani Për Money”

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Фудбалерот Лабинот Ибрахими влегува во РФ со косовски пасош, 2016.

Врв на иронијата беше тоа што официјалната песна на Светското Фудбалско Првенство 2018, “Live It Up”, беше изведена од страна на косовската пејачка Ера Истрефи, а Русите, како што знаете, не ја признаваат независноста на Косово, како и неговите пасоши. И ова не беше прв таков случај – први иматели на косовски пасоши, кои биле пуштени да влезат во РФ, беа фудбалерите Лабинот Ибрахими и Уљбер Рамадани од албанскиот ФК Партизани, кој на 18.08.2016 год. одигра меч со рускиот ФК Краснодар. Чекај бре, зарем РФ е недоследна во своето непризнавање на Косово?! Па така испаѓа и ова непријатно ги изненади Србите, но Русите се оправдаа со тоа дека како домаќини на меѓународни спортски настани, тие земале обврска да ги пуштаат сите нивни учесници. Накусо, Русите не секогаш се така доследни и бескомпромисни како што вие мислите. Украина е далеку подоследна. И Украина не го признава Косово и неговите пасоши, па таа им откажа гостопримство на косовските тимови за квалификациите за Светското Фудбалско Првенство и Евробаскетот, а натпреварите со нив ги одигра на неутрален терен. Истотака, заради затегнатите односи со Русите, Украинците повикаа Светското Првенство да се бојкотира. Друга земја која не го признава Косово е Шпанија, која, исто како и Украина, е негостопримлива за косовските спортисти. Да не бидам сфатен погрешно, јас ова не го говорам заради некаква омраза кон Албанците, туку чисто за да илустрирам што е тоа принципиелност и доследност, нешта кои на Русите им се непознати именки.

Кога сме кај принципиелноста и доследноста, тука се поставува и прашањето, зошто Истрефи се согласила да настапи во РФ? Е па, таа има една песна под наслов „Mani Për Money“, па можеби во него се крие одговорот. Се прашувам, зарем од толку светски познати пејачки, баш мораше да се покани косовска? Зошто браќата Руси не ја викнаа вашата Ноне, рецимо?

Интересно, на сево ова руската публика реагираше сосема нормално, затоа што поголемиот дел од неа нема поим што е тоа „Косово“, а со такви теми се бават само мал број на поупатени Руси. Да му објаснувате на просечен Русин за Косово е исто како тој вам да ви објаснува за екс-советските конфликти во Нагорно Карабах, Приднестровје или Абхазија, за кои вие немате поим. На руските веб страни успеав да сретнам само безначаен број на негативни реакции по повод настапот на Истрефи.

Нејзината колешка Дуа Липа, која истотака има косовско потекло, најнормално си полни сали во Москва. Излегува дека косовските изведувачи таму се подобредојдени отколку македонските, кои се мошне ретко канети (да не речам никогаш). И дури кога се канети, тоа минува скромно и малку забележано. Во руските социјални мрежи, Липа и Истрефи имаат драстично повеќе фанови отколку, например, нашиот Тоше Проески. Во моментов, Липа таму има 132687 виртуелни фанови, а Истрефи, 15565 фанови, додека Тоше, кутриот, има само 856. За Влатко Стефановски, Кирил Џајковски и други македонски имиња таму воопшто нема фан-групи. Не, драги мои, пред московските концертни сали, кајшто настапуваат Липа и Истрефи, нема демонстранти со транспаренти „Косово је Србија“ или „Сатари за шиптари“, туку има редици обожаватели, кои за билети плаќаат по €30-50-100-150 (зависно од местото за седење / стајање). Неодамна, Истрефи дури сними дует со рускиот рапер Элджей, под наслов “Sayonara детка”.

И знаете ли кој го реновирал Московскиот Кремљ, рускиот парламент, националната опера, претседателската резиденција и други значајни објекти во РФ? Нема да поверувате – косовскиот бизнисмен Беџет Пацоли. За сè да биде уште поиронично, во даден период тој дури беше и претседател на Косово. Што е за право, реновацијата била изведена далеку пред осамостојувањето на Косово, во 1990-тите, кога со РФ раководел прозападниот претседател Борис Елцин, а компанијата на Пацоли, „Мабетекс“, е регистрирана во Швајцарија. Сепак, ако утре шетате низ Москва како туристи, знајте дека добар дел од неа реновирал „Шиптар“ (како што политички некоректно би се изразиле Бачевци и ним сличните путриоти).

Патем, јас во мојот пасош имам косовски печат, но Русите него воопшто не го забележуваат и никогаш не направиле проблем на таа тема.

1.7. Legal Alien

Некои странски државјани сакаат да останат во РФ на подолг период или трајно, напр. заради работа, студии, брак и соединување со семејството, репатријација или сл., и зависно од целта, тие треба да извадат дозвола за работа или за привремен или постојан престој (рус. РВП или ВнЖ), а кулминација е добивањето на државјанство. Дали граѓаните на Македонија уживаат некакви привилегии при добивањето на овие услуги? Не само што не уживаат, туку се третирани к’о лајно.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руска дозвола за привремен престој (РВП) удрена во пасош.

Добивањето на РВП или ВнЖ се регулира со Законот за правната положба на странците, како и со т.н. административни правилници (административные регламенты) предвидени за овие услуги, кои можат да се прочитаат на интернет. Според тие прописи, странецот кој влегол во РФ без виза ужива одредени привилегии во однос на оној кој дошол со неа. Така, например, рокот за расмотрување на молбата за РВП за овој безвизниот странец изнесува 60 дена, а за визниот дури 6 месеци! Притоа, на безвизниот не му се бара уверение за неосудуваност, додека од вториов тоа се бара (и тоа, најчесто, со апостил). Доколку безвизниот странец поднесе молба за РВП, тој автоматски добива и продолжение на својот престој во РФ над 90 денови и тој може да го дочека решението (позитивно или негативно) без да мора да излегува од земјата и да се враќа назад. Добро, скрати, ВББ, дали македонскиот граѓанин е визен или безвизен?! Нема одговор, затоа што, заради шизофрениот безвизно – визен режим, Македонецот може да влезе во РФ и со виза и без неа (зависи од случајот), што може да внесе невидени збрки!

Да повторам и дека во РФ владее една ужасна бирократија, која си дозволува сама да си ги толкува правилата и дури да си измислува нови, што е најдрско кршење на законите и правилниците, што на руски се нарекува „произвол“. Да речеме дека во прописите е наведено дека за добивање на РВП вие треба да ги донесете документите и/или да ги извршите дејствијата: A, B, C и D, но бирократот може да ви ги побара и: E, F, G и H. Бирократот нема дискреционо право да бара дополнителни документи или дејствија и тоа е најстрого забрането со прописите, но тоа останува само мртво слово на хартија, затоа што владеење на правото во РФ нема. Русите знаат да бидат легалисти само доколку тоа им одговара, односно, само доколку странецот прекрши некој закон, а за нив самите тие закони не важат. Тоа се невидени лицемери.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Од интернет печатев закони за да се штитам како адвокат на суд. На крај тие завршија во ѓубре. Тие постојано се кршат.

За да се заштитам од ова самоволие и беззаконие, јас однапред предвидов какви гачки тие можат да ми приредат и испечатив од интернет куп закони за да се бранам себеси како адвокат на суд и тоа на руски јазик. Миграциските службеници уште од старт го прекршија законот, со тоа што измислија дека јас морам да поминам „специјален разговор“, односно „интервју“ со нивната началничка, што воопшто го немаше во правилникот! А тоа беше измислено само за мене, кандидатите од другите земји низ тоа не мораа да минуваат. Едноставно, јас требаше да ги подадам документите, а потоа тие да се расмотрат, без никакви разговори или сл. Истотака беше малтретирана и мојата сопруга, која, согласно правилникот, воопшто не е беше обврзана да учествува во процедурата (таа просто ми правеше друштво). Апликант бев јас, а не таа (таа си е државјанка на РФ). Нејзе комунистички ја испитуваа зошто не сменила презиме, дали имаме заеднички деца и сл., а никаде во законот и правилникот не пишува дека таа мора да смени презиме или да раѓа деца, за мене да ми се одобри престој врз основа на брак (евентуалната фиктивност на еден брак може да ја оцени само суд, а не некое чиновниче).

Тие чиновници имаат тотално искривена слика за реалноста и со оглед дека тие секојдневно гледаат само мигранти од Узбекистан, Таџикистан и други вукојебини, тие се убедени дека секој апликант има финансиски мотиви и дека „секој сака да живее во РФ“. Кој нормален бре сака да живее таму?! Јас бев принуден да живеам таму, затоа што сопругата тоа го сакаше. Никакви финансиски мотиви јас немав, туку имав само загуби и малтретажи! А доколку бев поведен од финансиски мотиви, тогаш јас би заминал во некоја попросперитетна земја од типот на Канада, Австралија или сл. Што ќе ми е руски пасош? Со него не моеш да мрднеш ни до самопослуга по цигари, за сегде треба виза!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Уставот на РФ, кого нејзините државни органи постојано го кршат.

Откако ги растртив бирократите к’о Торте адвокатот (летаат торти тука), тие веќе немаа каде, па се вадеа дека добиле „усна наредба“ да вршат екстра проверки. Јас им одговорив дека според Уставот на РФ, еден закон е валиден само доколку е објавен и никакви „непишани закони“ не може да има. Но залудно, руските власти постојано го кршат Уставот и иронично, доколку вие се повикувате на него, тоа претставува еден вид на опозициски чин! Таму нема ни владеење на правото, ни ред, ни закон, ни устав, ништо! Орда! Во текот на процедурата, службениците успејаа да ги прекршат сите можни закони, што заслужува еден засебен текст, ако не и книга. Во нормална земја, тие сите би летале од работа или би завршиле во апс. Можеби чекале мито? Интересно, при гуглање на интернет, јас налетав на податокот дека во 2017 год., токму во тој оддел на миграциската служба бил уапсен заменик – началникот заради мито. Мислам дека сè ви стана јасно.

Истотака, морав да поминам задолжителен испит за руски јазик, историја и законодавство, како и лекарски прегледи, тестови за ХИВ, туберклоза и други процедури, кои не само што одземаат време и енергија, туку и коштаат ѓавол и пол и мораат да се завршат во доста оддалечени места. Но добро, тие барања беа уредно наведени во правилникот и јас ги исполнив без да се жалам. Дел од испитот беше писмен, а дел усен, при што, испитувачката ми зададе прашање: „Каква работа сакам да најдам во РФ?“. Јас ѝ објаснив дека не секој странец доаѓа во РФ по работа, туку мене жена ми ме натерала. Тие луѓе се убедени дека РФ е „ветената земја“.

Заедно со барањето за престој, барателот мора да донесе и куп други документи, во кои спаѓа и нотарски заверен превод на СИТЕ страни на пасошот, вклучително и ПРАЗНИТЕ. Тоа подразбира преведување на секој натпис, печат и виза. Да речеме, тука имаме печат: „Аеродром Орли, Париз, влез во Франција на тој-и-тој датум“, но што правиме со излитени печати или печати на некој егзотичен јазик? Руската комуњара е болесна и таа не може да сфати дека во XXI век, границите се веќе компјутеризирани и дека постојат биометриски пасоши, а многу држави не удираат печати или дозволуваат влез со лични карти. Во Шенген Зоната граници нема и така е во делови од Латинска Америка, а во Израел не се удира печат, за патникот утре да нема проблем при влез во арапските земји. Во Грција нам ни удираа печат врз одделен лист, затоа што на пасошите ни пишуваше „Република Македонија“, што се измени со Преспанскиот Договор, а при моето патување до Црна Гора, пасошка контрола имаше само во Косово, но не и во Албанија и во самата Црна Гора, па јас не поседувам нивни печати. Во некои земји мене ми бил удрен само влезен печат, но не и излезен или обратно. Но залудно објаснувам, РФ е „хартиена земја“, таму имаат болесна опсесија со хартии, печати и сл. Интересно е да спомнам дека во претходниот пасош јас имав сувенирни печати од одамна непостоечката Источна Германија (ги удираат во Берлин за пари) и со него јас безброј пати бев во РФ и никој ништо не забележа. Тамошните органи глумат „ригорозност“, а всушност се слепци. Ќути што не им влегував со печати од Австро-Унгарија или Османлиската Империја!

Прашањата во барањето за престој се одговараат со проширени реченици, а службениците можат да ве малтретираат за секоја запирка. Например, графа: „Презиме, име и татково име (патроним), актуелни и поранешни“, одговор: „Џон Џонсон, патроним немам, името и презимето ги немам менувано“. Или графа: „Наведете ги актуелните и бившите државјанства, на која основа тие биле добиени или загубени“, одговор (например): „Јас поседувам државјанство на Република Украина, добиено врз основа на раѓање / потекло / натурализација (зависи) во Украинската Советска Социјалистичка Република, а до 1991 година, јас поседував државјанство на Сојузот на Советски Социјалистички Републики, загубено заради распадот на Сојузот на Советски Социјалистички Републики“. Идиотизам! Истотака, мора да се наведе и каде барателот работел во последниве 5 години и ти ќе напишеш, например, „Шверц – Комерц“, но тоа е бесмислено, затоа што руските органи тоа не можат да го проверат. Барателот мора да наведе и лични податоци за потесното семејство (имиња, презимиња, дати и места на раѓање, адреси, професии), при што, обично се пишуваат називите на историските држави (Советски Сојуз, Југославија, Чехословачка и сл.). Татко ми е роден во Битолско во времето на Втората Светска Војна, па јас требаше да напишам „роден во Царство Бугарија“?! А ако некој бил роден во Тетово, тогаш, тој мора да напише „Италијански Протекторат Албанија“?! Јас го поднесов своето барање врз основа на брак, но сепак, јас морав да ја пополнам и графата за образование, да наведам број на диплома, дата на издавање и сл. (каква врска има тоа?).

Меѓудругото, руската миграциска служба ја побара од мене мојата македонска лична карта. Како што веќе реков, тие немаат право да бараат од странката дополнителни документи и јас немав обврска да ја носам личната карта со себе, а истотака, ова нивно барање сведочи за нивната слабост и потполна неспособност. Светот живее во илузии дека руските безбедносни служби се бог-знае-колку напредни и дека имаат пристап до детални податоци за секого од нас со само еден клик на маусот, а всушност, тие спаднале на тоа да бараат факинг лична карта! Па ја мислев дека тие знаат што сум јадел за доручек пред 5 години!

Руските органи го прекршија и законскиот рок за издавање на решението по моето барање за престој, а во такви случаи, барателот има право на жалба. Таа може да се упати до руското МВР или до обвинителството, но доста луѓе решаваат да ја упатат истата до т.н. Администрација на Претседателот (канцеларија која се бави со проблеми на граѓаните). Замислете си ја тука следнава ситуација: некојси Борис или Јуриј сака да заврши некоја бирократска процедура (незнамти вадење пасош, лична карта, било што), но притоа, бирократите со месеци го шетаат, го малтретираат, му се издераваат, го влечат за нос, го праат од магаре подоле и сл. Очаен, тој се обраќа до Администрацијата на Претседателот. Оттаму, нему му стига одговор: „Да, г-не Борис или Јуриј, вие сте во право! Како не им е срам на тие несовесни службеници ц-ц-ц! Еве дојдете утре во дотичниот државен орган и сè ќе биде средено!“. И навистина, типов оди таму и не само што работата се завршува, туку бирократите уште му се извинуваат! Човеков е презадоволен и си вели: „Царот е добар, но бојарите (советниците околу него) се лоши! Путин е закон, види како ги стегна за јајца! Русија е голема, Путин не може да знае какви сè проблеми има во неа!“. Но кутриов Борис или Јуриј ни за момент не помислува: „А чеј малце, зошто јас воопшто морав да минувам низ сиот тој пекол за еден мочан пасош или лична карта?! Зарем вадење на пасош или лична карта е некаков успех во животот, а не право, кое ми следува?! Зарем јас морав да се обраќам дури на Претседателот за да завршам една толку банална формалност?!“. Тука ви станува јасно дека се работи за чиста демагогија – власта знае дека бирократите ги кршат законите, но таа интервенира само во ретки случаи, за да создаде илузија дека таа „го слуша народот“. Но во суштина, реформи нема и беззаконието продолжува. Јас и самиот се обратив до Администрацијата, но не добив никаков одговор.

Да спомнам дека при врачувањето на дозволата за престој, во неа службениците внесоа лажен податок дека таа била издадена „навреме“, т.е. во септември 2018 год., а самото врачување всушност беше во јануари следната година! Класичен фалсификат! Слични махинации се прават и со талончето за чекање пред шалтери – вам нема да ви биде дозволено истото да го земете сами од апаратот, туку тоа ќе ви биде врачено по долго чекање, само миг пред да бидете услужени. Смислата на ова е да се создаде илузија дека помеѓу издавањето на талончето и приемот на странката поминало кусо време (според правилата, таа не смее да чека повеќе од 15 мин.). Некои државни институции воопшто немаат талончиња, туку странките чекаат со стихијни списоци со пенкалце или во класични редици (живая очередь). Редицата се формира во раните утрински часови и тука се чека и на студ и на жештина, жени стојат со бебиња в раце, луѓето се туркаат како животни, па некои од нив полудуваат, започнуваат тепачки и сл. И нормално, околу овие институции има цела мафија, која им ја цица крвта на кутрите странки – од фотокопири со „набиени“ цени, па до адвокатски канцеларии, кои за надомест нудат олеснето завршување на процедурите.

Најпрвин, јас мислев да си најмам правник за правилно да ми ги среди сите документи и да ме брани од самоволието на службениците. Некои правници нудат „комплексна поддршка“ со минимално учество на странката, а цената е околу €400. И така, јас стапив во контакт со една правничка, но останав непријатно изненаден од нејзината некомпетентност – јас ги знаев руските закони далеку подобро од неа! И уште, таа се однесуваше крајно непрофесионално и ми бараше астрономски €1200! Се разбира, понудата јас не ја прифатив. Решив сите работи да си ги завршам сам.

Со оглед дека јас не живеев баш во Москва, која е доста атрактивна за имиграција, туку во нејзината околина, во мојот миграциски оддел не беше дотолку кркљанац, но сепак не беше без ич. За економските мигранти, бројот на дозволи за престој е ограничен со квота, па за да се аплицира за нив, мора најпрвин да се влезе во истата, додека за мене процедурата требаше да биде попроста, затоа што аплицирав врз основа на брак (без квота), но јас секако бев малтретиран. Значи, како и да го вртиш, тебе (помалку или повеќе) секако ќе те малтретираат. Навистина, економските мигранти од Узбекистан и Таџикистан се мачат со руската бирократија и можеби плаќаат мито, ама тоа за нив е еден вид на „инвестиција“ – тие ќе се населат во РФ, кајшто ќе добијат работа и државјанства и ќе си ги донесат своите семејства, додека луѓето како мене, кои немаат економски мотиви, се влечени за нос и не добиваат ништо.

Некои руски институции нудат закажување на прием преку владиниот сајт Gosuslugi.ru, но зачленувањето таму воопшто не е лесно. Со регистрирање на сајтот, вие најпрвин добивате „базичен акаунт“, кој не ви ги дозволува сите операции, па вие ќе морате истиот да го апгрејдирате до „напреден“. За таа цел, јас морав да вадам СНИЛС, односно пензиски број. Побогу, што ќе ми е пензиски број?! Вадењето на СНИЛС не е лесно и тоа подразбира поднесување на барање во одредени органи, по што, вие со недели ќе чекате тој да ви биде изработен (тој е во форма на картичка). Јас го подигнав својот СНИЛС, но сепак, јас сè уште не можев да ја завршам саканата операција на сајтот. Јас се вратив во органот, којшто ми го издаде СНИЛС-от, но тие не можеа да утврдат во што е проблемот. На крај, со самостојно истражување јас сфатив дека дебиливе ја напишале латинската буква „B“ од бројот на мојот пасош како кирилично „В“ и така јас успеав да го апгрејдирам својот акаунт и да закажам термин. Миграциските службеници воопшто не забележаа дека наместо латинска буква, во мојот акаунт е внесена кирилична, што ви кажува колку се тие ригорозни и способни. И зошто еден меѓународен документ, каков што е пасош, би имал кирилична буква во својот број?!

На крај, дури и да ви биде врачено позитивно решение за престој, со тоа не завршуваат проблемите, туку започнуваат нови. Се случува, миграциската служба да му го одземе пасошот на барателот, со објаснување дека во него треба да се удри печат и дека пасошот ќе му биде вратен „по неколку дена“. Во превод од руски, тоа значи дека странката може нема да си го види пасошот во следниве месец-два! Откако сите овие збрки ќе бидат завршени, добитникот на дозвола за престој мора да направи регистрација по место на жителство (значи, пак малтретажи, редици, издеравања, шетања по шалтери, фотокопии итн.), а потоа, секоја година тој ќе мора да дава отчет кај органите за своите приходи (и пак проблеми). Коме бре ово треба?!

Кога мојата дозвола за престој веќе беше дефинитивно готова, миграциските службеници рекоа дека не може веднаш да ја земам, затоа што во мојот пасош тие треба да вметнат виза, за јас да можам слободно да излегувам и влегувам во државата. Каква бре ЦРНА ВИЗА?! Согласно Спогодбата меѓу РФ и Македонија од 2008 год., на имателите на дозвола за престој не им треба никаква виза! Јас морав да ја барам спогодбата на интернет на мојот смартфон и да им ја покажувам на миграциските службеници, кои за малку не нарушија меѓународен договор!

Но приказната не заврши тука, чекај има уште! По врачувањето на дозволата, јас требаше да направам регистрација по место на жителство, при што се утврди дека мојата дозвола воопшто не била внесена во компјутерскиот систем! Фактички, ова е к’о да ми дале фалсификат! Ова значеше враќање во органот, којшто ми ја издаде дозволата, повторно чекање во редица, објаснување, молење, карање, шетање по други кабинети итн. Вакво свињство вие не сте виделе, тоа не се луѓе!

Ми биле прераскажувани ситуации, кога бегалци од војната во Источна Украина резигнирано изјавувале дека е поарно тие да се вратат назад, па дури и да загинат, отколку и натаму да ја трпат оваа нечовештина и беззаконие. Имало и наивни руски иселеници од прекуокеанските или западно – европските земји, кои решиле да се вратат во Мајка Русија, мотивирани од нејзините економски и воено – политички успеси, но откако се соочиле со нејзината (не баш блескава) реалност, тие побегнале од неа главом без обзира!

Такво нешто му се случи на еден њујоршки видео – блогер од руско потекло, Алексеј Чиж (Youtube ник: chizhny). Своевремено, типов не покажуваше никаква благодарност кон Американците за тоа што го примиле и му дале шанса за подобар живот, па дури и ги провоцираше со регистарски таблички на својот автомобил со натпис “PUTIN” (во САД возачите смеат да си нарачаат таблички по желба). Но кармата ни ора, ни копа, и еден ден, Алексеј решил да се врати во Мајка Русија, но таму го дочекала нејзината корумпираност, авторитарност, јавашлак и заостанатост, па на крај, тој си ги спакува парталите и покајнички се врати во Големото Јаболко. Своите искуства тој ги изложи во видео клип.

Слични проблеми имале и некои припадници на германското малцинство во Русија. Некои од нив заминале за Германија, кајшто добиле државјанства и добри услови за живот, но некои од нив останале носталгични по стариот крај. Еден од нив бил извесниот Андреј Смагин, кој дознал за некаква руска програма за репатријација, во рамките на која, биле ветувани бесплатно сместување, добра работа, покриен транспорт за движниот имот и други поволности. Човеков аплицирал за програмата, но бесплатното сместување кое го дочекало во РФ бил еден полураспаднат интернат со едно говњиво веце на 30 души, а од добрата работа – ни трага. Воедно, руските власти не му го покриле транспортот на движниот имот, така што нашле некаква „дупка во законот“ за да ја избегнат оваа обврска. Типов почнал да поднесува жалби по шалтери, кајшто тетки му се издеравале: „Путин ти ветуваше?! Тогаш од него барај!“. За среќа, Смагин не се откажал од својот германски пасош и успеал да побегне. За оние кои не знаат, Русија има (или барем имала) значителен број на етнички Германци, а се работи за доселеници уште од царските времиња.

Но човек не може така лесно да побегне од тој “Hotel California” (“You can check out any time you like, but you can never leave” – како што вели таа позната песна). Во некои случаи, за тоа е потребна излезна виза и никој не ви кажува кога, каде и како таа треба да се извади. Со самостојно истражување дознав дека таквата виза се нарекува ТР1 (кирилично) и дека таа се вади во миграциската служба при руското МВР. За визата е потребно да се уплати такса, да се поднесе формулар и разни фотокопии, како и да се чека нејзината изработка во период до 20 работни денови (АКО ви ја одобрат). Наводно, некои руски аеродроми имаат конзулска канцеларија, која може ваквата виза да ја издаде веднаш, но таква можност мене не ми беше понудена („во принцип може на аеродром, ама не може“). Постои и можност, странецот да се обрати во амбасадата на својата земја, која ќе испрати дипломатска нота до руското МНР за тоа нему да му издаде излезна дозвола, но како тоа точно се прави – никој не ми објасни.

Откако ми беше одбиен излез од РФ, граничарите ми напишаа лажна прекршочна пријава, во која беше наведено дека „јас сум ја признал вината“ и дека „сум се покајал“, а всушност, јас аргументирано им се спротивставував до последниот момент. Истотака, таму е наведено дека во мојот случај нема никакви олеснителни околности, што е лага. Се разбира, оваа лажна прекршочна пријава јас одбив да ја потпишам (утре можат да напишат дека сум убил чоек). Во неа воопшто не беше наведено дека јас сум поседувал потврда дека сум аплицирал за престој, дека не сум пречекорил ништо и дека сум се однесувал одговорно. Доколку некој, кој е незапознаен со мојот случај, ја прочита оваа пријава, тој ќе помисли дека јас сум некаков јебиветар, кому од курташак му текнало да се појави на граница без никакви документи. Баш таков впечаток се добива од овој комунистички фалсификат. Најверојатно, тие таму имаат однапред подготвен шаблон во Microsoft Word, во којшто тие само треба да докуцаат друго име, презиме, број на пасош итн. Накусо, странецот е секогаш виновен за сè.

Истотака да спомнам дека жена ми им покажа на граничарите на својот мобилен телефон дека таа вртела на бројот на Пограничната служба за да дознаеме дали можам да излезам од државата, но никој не креваше слушалка. На ова, граничарите почнаа да се вадат к’о задњи пички: „Не знаеме зошто испаднало така ња-ња-ња“. Тогаш јас им реков дека не сакам да живеам во РФ, дека сè е таму корумпирано и произволно, дека терористи од Таџикистан без проблем им влегуваат во земјата, а јас, Словен и (барем номинално) православен, сум третиран к’о говно (не со тој збор, ал’ така некако).

Граничарите ги прашав и зошто тие, како вработени во Федералната Безбедносна Служба, не ги уапсат бирократите, кои незаконски го задржуваа врачувањето на мојата дозвола за престој. Доколку јас навремено ја добив истата, немаше да има никаков проблем. Граничарите молчеа со засрамен поглед, затоа што тие одлично знаат што им се случува у таа нивна недодржава. Жена ми многу се вознемири, а јас ја утешив со зборовите: „Не се грижи, еден ден ние двајцата ќе си заминеме оттука, а граничариве ќе останат тука вечно“. Тие се обидоа да се оправдаат во стилот: „Па добро сеа, и во Македонија постојат визи, странецот не може туку-така да влегува и излегува, мора да има некаков ред“ и сл. Јас им објаснив дека, всушност, тие можат да ја посетат Македонија без никакви визи, додека ние не можеме толку лесно да ја посетиме РФ, па дури додадов: „Бујрум, дојдете, доволен е само пасош“. На тоа, тие гледаа во земја, затоа што вработените во руската гранична служба, полицијата, армијата и сл. немаат толкава слобода на движење. Тие мораат да поднесуваат молби за излез од државата до своите претпоставени, кои можат да им бидат одбиени. Ова зависи од чинот, пристапот до државни тајни, земјата во која се патува и други фактори. Ако добро пушат, може ќе ги пуштат најдалеку до Абхазија. Во декември 2019 год., Путин потпиша закон, согласно кој, на вработените во таквите служби ќе им биде забранет излез од државата дури и по евентуалното напуштање на таквото работно место, во период до 5 години. Нека им е наздравје и нека си седат у тоа комунизмот.

Интересно, овој немил настан ми се случи на 20-ти декември – Денот на работниците на руските безбедносни служби. Тоа е, фактички, празникот на Чека, НКВД, МГБ, КГБ, ФСБ и сличните репресивни служби, кои се појавувале низ руската историја. Каква иронија на судбината! Дали јас сега апелирам нашите власти да им враќаат на Русите танте за кукурику? Никако! Ние не треба да сме искомплексирани комуњари и сељаци к’о нив, напротив, ние сме фини господа и кај нас треба да е добредојден секој добронамерник. Малтретирањето на добронамерен посетител, кој од 193 светски држави, одбрал да ги поарчи своите пари токму во твојата, би било нелогично, неетично и непродуктивно, особено ако тој покажува интерес за твојата култура, јазик, историја и сл.

Дури ни плаќањето на казната не помина без проблеми – граничарите тврдеа дека истото може да се направи онлајн, но како и секогаш, излезе дека „во принцип може онлајн, но не може“, па потоа се ебавав по банки, па таму ме рашетуваа по шалтери и ме малтретираа и дури морав да испраќам фотокопија од уплатницата преку обична пошта до Пограничната Служба (во XXI век, кога веќе постои е-банкарство). Потоа излезе дека во моето досие во компјутерот на миграциската служба не се појавува никаква казна, ниту платена, ниту неплатена!

Накусо, тоа е „страна дураков“ („земја на будали“) – како што велат самите Руси. До оние наши сограѓани, кои евентуално планираат таму да престојуваат, студираат или сл. – не туку се будалете, учете англиски, германски, француски, појдете во перспективни и просперитетни земји како што секогаш правел нашиот печалбар, затоа што во РФ можете да заработите само нервен слом!

1.8. Точка разно (рандом проблеми и култур-шокови)

Странскиот посетител во РФ (во таа смисла, и Македонецот) доживува и разни други проблеми и култур – шокови, па да нафрлам неколку од нив без некој ред.

Кога ќе го чујат зборот „странец“, првата асоцијација на многу Руси им е „илегален економски мигрант“. Кога со вашиот неидеален руски вие ќе се јавите на оглас за стан, не е чудно наемодавачот да ви тресне слушалка, затоа што тој ќе помисли дека сте некоја „чурка“ или „хач“ (руски расистички називи за Узбеки, Ерменци или сл.). Во руските огласи е нормално да се прочита: „Издавам стан само на етнички Руси“ („Сдаю квартиру только русским“), а наемодавачите, најчесто, не владејат со странски јазици (како и 99,9% од руското население).

Многу Руси никогаш не патуваат во странство, па дури и да патуваат, тие тоа го прават во организирани групи со рускојазичен водич, и честопати, тие не мрднуваат подалеку од својот хотел и плажата во неговиот склоп. Таму тие имаат рускојазични рецепционери и бармени, како и натписи на руски, па рускиот турист не покажува ни најмал интерес да ја запознае странската земја, нејзиниот јазик, култура и сл. Рускиот опозициски новинар Андреј Шипилов се преселил на Кипар, кајшто ги набљудувал туристите од неговата земја, при што забележал дека во продавниците тие бирале прехранбени продукти исклучиво со руски натписи на нивната амбалажа (кои таму специјално се носат и кои чинат поскапо), додека оние со натписи на странски јазици, тие ги избегнувале. Ваква ксенофобија и ментална затуцаност вие не сте виделе, па на странскиот посетител во РФ ова може да му создаде големи проблеми. Се разбира, среде Русите се среќаваат позитивни исклучоци, но тоа се, нели, исклучоци.

Најевтин стан во Москва е некаде €500/мес. Значи, најевтин, најутепан, најкомуњарски, џенем у некое јобано Гољаново, со решетки на прозори за да не ти влезе некој наркоман со сида! Еднаш во гугл налетав на информација дека некои од овие згради се „под снос“, или во превод, тие се толку стари, што се планира нивно уривање! Истовремено, стан во некое руско „Драчево“ кошта €350-400-450 (се работи за урбанизирани села со станбени згради). Оправданието на овие наемодавачи е: „Станов е близу Москва (читај: 100 km) и ние таму работиме и заработуваме високи московски плати, па тоа се одразува и на кириите“. Брат, мене не ме занима каде ти работиш, станот ти е со величина на кутијче од кибрит и се наоѓа богу иза леђа, а таму немаш ни Црвен плоштад, ни Третјаковска галерија, ни музеи, ни ивенти, ни Светско Првенство, ни метро, ништо!

Да се обратите во руските агенции за недвижност е бесполезно, затоа што тие наплаќаат дури 100% од зделката и можат да ви дадат некоја шупа. Договорите за наем, ако воопшто се потпишуваат, се најчесто во слободна форма, без нотарска и катастарска заверка, без печат, без ништо. Присутни се и безброј измамнички агенции. Во хотелите ми се случувало во соба да ми влегуваат чистачки во 7 сабајле, да ми се издераваат на рецепција, да ми бушат и реновираат над мене и сл. И тоа, во пристојни хотели! Еднаш пристигнав во хотел и појдов во собата, но откако отклучив, таму ме дочека еден Борис или Јуриј со маљави груди и се испостави дека се работи за грешка на рецепционерите!

Истотака вообичаено во РФ е оние огромни и застарени советски хотелишта да бидат пуштени во оптек без целосно да се изврши нивно реновирање, па во нив има реновирани и нереновирани спратови и туристот мора да биде внимателен при изборот. Повеќето руски домаќинства и хотели не поседуваат бојлери за топла вода, затоа што истата ја добиваат однадвор, па при дефекти во снабдувањето, вие можете да останете без неа дури со недели, ако не и месеци.

Ние често се жалиме на тоа што кај нас има „диви“ таксисти, но во РФ состојбата е далеку полоша. Таму е вообичаено луѓе да се занимаваат со илегален такси превоз, без никакви лиценци, ознаки и таксиметри, што е дури опасно по живот, јал за патникот, јал за возачот! Едноставно, патникот излегува на улица и мавнува со рака, па некој од тие „дивтари“ сигурно ќе застане, по што ќе следи пазарење околу цената. Но дури и кај легалните такси превозници е вообичаена употребата на необележани возила. Во РФ е вообичаено вие да повикате такси и да ви пристигне возило без никакви ознаки, при што распознавањето се врши според бројот на регистарските таблички и описот на автомобилот (марка, боја), кои диспечерот ќе ви ги соопшти по телефон или смс.

При менување на евра во руските банки, ми се случувало банкнотите да ми бидат фрлени назад у фаца, затоа што имале микроскопска дамка (ги гледаа под лупа, најозбилно), па ме праќале во друга филијала, кајшто менуваат „оштетени банкноти“. Иронично, потполно истиве банкноти без проблем ми биле примани во земјите на ЕУ. Многу руски менувачници наплаќаат и „провизија за услугата“ (ама услуга), иако тие заработуваат од разликата помеѓу куповниот и продажниот курс, па за дополнителни давачки нема оправдание. Курсевите им се ужасни, тие варираат од град до град (каква врска па има градот?!) и тие се мошне нестабилни (напр. денес €1 е 79 руб., но веќе утре може да биде 71 руб., па на поголеми суми, вие нешто ќе загубите). Кај нас во таа смисла е постабилно – се знае дека €1=61,x денари.

Многу руски сајтови не примаат странски платежни картички, иако таму е наведено дека се примаат Visa и Mastercard, кои се меѓународно прифатени платежни средства. Ова нема врска со санкциите, туку така си беше и пред нивното започнување, а ова ми го потврди дури и еден Американец, што значи дека проблемот не е во македонските картички. Вообичаено, многу руски сајтови наплаќаат „процент за услугата“. Најпрвин, вие на екранот гледате една цена, но откако ќе го ставите производот во виртуелната кошничка, на checkout ќе ве изненади повисока цена, со пресметана провизија. Муштериите во РФ се постојано ограбувани.

РФ е веројатно единствената земја на Планетава во која постои „внатрешен роуминг“, т.е. ако вие купите SIM картичка во Москва, а потоа го посетите Петербург, вие ќе плаќате роуминг, како да сте отишле во друга држава. Додека земјите на ЕУ веќе го укинуваат меѓусебниот роуминг, во РФ дури неодамна им светна да го укинат оној внатрешниот!

Да го спомнам и шизофрениот „Шенген – нешенген“, којшто РФ го потпишала со соседна Белорусија во 1995 год. Двете земји имаат некаков свој „Шенген“, односно, меѓу нив нема граници, но тука не говориме за фини земји к’о Финска и Шведска и тука мора нешто да се укења. Да речеме, на некој странец не му треба виза за Белорусија и тој сака од нејзината територија да ја посети РФ (или обратно), заради што, тој може да биде обвинет за неовластен влез во РФ, односно Белорусија! Ама чекај бре, нели нема граници?! Ами, „во принцип нема граници, ама има“. Освен тоа што имаат заеднички миграциски картички, РФ и Белорусија не се целосно координирани, па така, Белорусија им укинува визи на граѓаните на одредени земји без согласност од РФ, па таа е принудена да воведе гранични контроли за протокот од Белорусија, со што се нарушува овој нивен несреќен „Шенген“! До неодамна, летовите меѓу двете земји беа сметани за домашни, а не меѓународни, па тука немаше визно – пасошка контрола и странските туристи просто не знаеа што да прават! Заради овие збрки, јас никогаш не сум се осмелил од територијата на РФ да ја посетам соседна Белорусија, иако теоретски тоа е можно. За да ја искористам визната либерализација во Белорусија, јас можеби би морал да заминам од РФ во некоја трета земја, па оттаму, со меѓународен лет, да пристигнам во Минск (ма кој да ги знае). На двете земји дури неодамна им светна дека треба да ги изедначат своите гранични правила за граѓаните на трети земји и започнаа преговори на таа тема. Накусо, комуњара и Шенген – магаре и музика! Белорусија беше сметана за најверен руски сателит, но по сепаратистичкиот бунт во Источна Украина, белорускиот лидер Лукашенко се исплаши дека истото ќе му се случи и нему, па тој се обиде да се дистанцира од РФ, што не му успеа до крај. РФ, наводно, планира саглам интеграција со Белорусија, при што, оваа вторава ќе биде целосно потчинета и ќе го загуби својот суверенитет. Преговорите се во тек (крај на 2019 и почеток на 2020 год.), а што ќе излезе од тоа – не знам.

По сите главоболки, странскиот посетител во РФ ќе посака малку да се олабави. Ноќниот живот таму е навистина богат, но е прескап и прекомплициран заради големите растојанија, па повеќето луѓе воопшто не излегуваат. Саканиот бар, ноќен клуб или музички концерт може да биде оддалечен од вас 20-30-40 km, а такси превозот е скап и вие ќе мора да се движите со метро, бус, минибус (т.н. маршрутка) или combination thereof. Понудата на ресторани е богата и застапени се сите можни светски кујни, но цените се превисоки, а порциите – вџашувачки невкусни и скржави (чест на исклучоци, во коишто обичниот смртник и онака не може да влезе). И услугата понекогаш знае да биде нељубезна.

Највисок „дострел“ на руската национална кујна е боршчот (варено цвекло и купус), што кај нас ни у затвор не би го јаделе. Во таа смисла, нашата кујна е многу подобра (ќебапи, шопски, вино). Русинот не е хедонист, и со ретки исклучоци, тој е неспособен да направи нешто за уживање, нешто вкусно, атрактивно и сл. Дури и неговата национална пијачка, вотката, е без вкус и арома, како алкохол од аптека за чистење на мозолчиња. Тоа е една омраза кон животот!

Во американските филмови, Русите се претставени како постојано пијат, се веселат и танцуваат, што нема никаква врска со реалноста. Типичниот Русин се однесува студено и резервирано и има вечно суморна фаца („Насмевката е само за пријатели“ – како што вели тој). Интересни луѓе таму има, но тоа се ретки блескави пројави среде безличната маса, која е затуцана, комуњарска, безбојна, недуховита, недружељубива, некреативна и без стил. Единствено што вреди во РФ, тоа се интересните девојки (факт е дека се 100 пати бољи од нашите), но за жал, лека-полека, и ова се расипува. Сума-сумарум, РФ е една непријатна и tourist – unfriendly земја. Чак што више, кога таму понекогаш ќе налетам на странци (Американци, Западноевропејци), комуникацијата со нив ми е многу подобра отколку со браќава Славјани. Тоа ви говори многу.

Да појдете во кино е истотака бесполезно. Навистина, Русите имаат кино сали на секој чекор, што е за пофалба, но сите странски филмови таму се натсинхронизирани на руски, што е вистински вандализам против седмата уметност. Руската публика не покажува ни најмал интерес да го чуе странскиот актер, неговиот јазик и сленг, бојата на неговиот глас и неговата дикција, како и другите карактеристики, кои го прават актерот – актер. И ова истотака придонесува за оформување на еден ксенофобичен и затворен светоглед.

Но не само што филмовите таму се натсинхронизирани, туку дури и нивната суштина се менува. Така, например, во едно руско кино го гледавме американскиот цртан “Grinch”, а оваа божиќна приказна беше претставена како „новогодишна“. Тоа е руска комуњарска измислица, согласно која, верскиот празник Божиќ е заменет со секуларната Нова Година; Christmas Tree е заменето со Новогодишна елка; а Santa Claus, Father Christmas или Божиќ Бата – со ликот од руските народни приказни Дед Мороз. Дури натписите во самиот филм беа преправени на руски (напр. врз објекти или сл.), па онаму кајшто требаше да стои “Merry Christmas!” стоеше „С Новым годом!“. Еднаш, јас и жена ми го симнавме македонскиот филм „Сенки“ со руска натсинхронизација (извини за пиратството, Милчо), а сцената во која детето извикува: „Тато има куле!“ беше преведена како „Тато е најдобар!“. Па ја да сум Милчо би ги тужел! РФ е озлогласена по цензурата и најбезобзирното касапење на филмовите, поради што, вие ќе одлучите да не одите в кино, туку да останете дома покрај својот лаптоп. Но таму дури ни интернетот не е поштеден од цензура, а за сево ова подетално ќе ви раскажам малку подоцна.

На крај, од нервоза ќе посакате да запалите цигара, но квалитетот на истите во РФ е под секое ниво. Купив Marlboro – воздух, потоа Camel – воздух, за на крај, дури и продавачката во тобако шопот да ми признае дека цигарите во РФ се неквалитетни и дека е подобро да си носам свои. Подоцна, јас „се навлеков“ на електронски цигари, а иако понудата на истите таму е поголема отколку кај нас, понудата на течности е ретка, слаба, со сомнителен квалитет, понекогаш со изминат рок и можеби опасна по здравје! Јас еднаш купив течност на која беше наведено “Made in USA”, но таа беше крајно неквалитетна, за што му пишав на американскиот производител, а тој ми одговори дека одамна не дистрибуира свои производи на рускиот пазар! Фактички, многу странски производи во РФ се фалсификати, но и околу ова – подоцна.

Сиот систем во РФ е така оформен, на добронамерниот странски посетител да му ги земе сите пари и да не му даде ништо. Тој ќе потроши илјадници евра, а ќе остане гладен, жеден и понижен, за на крај, како во мојот случај, тој да не може ни лесно да си замине.

Да раскажам и како изгледаше дочекот на Новата 2019 Година, кога ми беше забранет излез од државата. Во 00:00 часот јас очекував дека на ТВ ќе се појави некој руски шоумен, кој со шампањско во раката ќе ни го честита празникот, но она што следеше беше шокантно – на екранот се појави Путин со суморна фаца и почна да држи говор, по што следеше руската химна! Јас останав зинат со пола кифлица во едната рака и чиниче со руска салата во другата! Ова беше Северна Кореја! Откако се соземав од шокот, јас си реков дека можеби ова е рускиот национален ТВ сервис (као прва програма кај нас), па некако го оправдав појавувањето на претседателот, но тогаш сменив неколку канали, а на секој од нив одеше истата содржина! На прва програма – Путин, на втора – Путин, на приватни телевизии – Путин, отвараш фрижидер – Путин! Ова к’о во оној вицон: во една тоталитарна држава имало само една ТВ програма, а подоцна едвај вовеле и втора, но на екранот имало полицаец со вперен пиштол кон гледачот, на кого му наредувал: „Врати на прва!“. Не можев да верувам дека ќе доживеам такво нешто! Колку за споредба, преку интернет тогаш ја пуштив Македонската Телевизија, а таму беа: Игор Џамбазов, Љубојна, Каролина, Пере Нокаут, Џемо Биљбиљ, ромски блех оркестри и сл. Иако нашата програма делуваше скромно во споредба со онаа руската (во смисла на сценографија и костимографија, во што Русите се сепак супериорни), нашата беше далеку повесела и почовечна.

2. РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА МИТОВИТЕ

2.1. Неумесните паралели на нашите русофили за Крим и Донбас

Сум забележал дека некои русофили кај нас прават неумесни паралели помеѓу Егејска Македонија и Крим. Но Крим не е „исконно русская земля“, туку тој бил насилно освоен од страна на Руската Империја во 1783 год. Неговото неодамнешно враќање во составот на Русија претставува ре-окупација, а неговите оригинални жители, Кримските Татари, по којзнае кој пат сега се малтретирани, слично како што тоа било под Царска и Советска Русија. Зарем Бахчисарај, престолнината на некогашниот Кримско-Татарски канат, е типичен руски топоним?! Неписменоста на нашите русофили е просто вџашувачка.

90% од РФ се состои од насилно завојувани неруски територии, кајшто се спроведувале брутални етнички чистења, спрема кои трагедијата на нашите Егејски Македонци изгледа к’о бања. Зарем Чукотка, Камчатка, Татарстан, Башкортостан, Јакутија, Бурјатија, Алтај, Хакасија, Чеченија, Дагестан, Черкезија, Мордовија, Чувашија и Удмуртија се „исконно русские земли“? Калињинград бил германски, Карелија била финска, Курилите биле јапонски, Тува била независна итн. Некогаш, под ропството на Руската Империја била и Средна Азија, позната и како Туркестан (Казахстан, Узбекистан, Киргизстан, Туркменистан, Таџикистан), Балтикот (Естонија, Литванија, Латвија), Закавказје (Азербејџан, Грузија, Ерменија), делови од Молдавија, Украина, Белорусија и Полска, па дури и Финска и Алјаска!

Доколку РФ им овозможи референдум за осамостојување на своите етнички сојузни републики, онака како што таа тоа го побара за Крим, тогаш, таа ќе биде сведена на Московски Пашалук, што во суштина таа е. Современа Русија, да објаснам, потекнува од Московското Кнежевство, подоцна царство, кое било бивш улус (територијална единица) на монголо – татарската Златна Орда. Оттаму потекнува азијатскиот деспотизам на современите Руси и нивното „имперское поведение“. Тие се повикуваат на средновековната држава Киевска Рус, но всушност, нејзини најблиски наследници се жителите на Киев – Украинците! Сите овие махинации и фалсификати на Московјаните детално ќе ви бидат објаснети подоцна.

Среде русофилите е доста присутен и наративот дека советскиот лидер Хрушчов „бил Украинец“, што го поттикнало „да ѝ го подари Крим на Украина“, но тоа нема никаква врска со реалноста. Хрушчов бил родум од с. Калиновка во Курската Област на Русија и бил етнички Русин, а тоа го потврдува и неговата родена ќерка Рада. Вистина е дека во даден период, тој раководел со Советска Украина и дека имал извесни симпатии за неа (за нејзиниот фолклор и сл.), но тоа нема врска со неговата етничка припадност и неговите политички ставови. Напротив, Хрушчов жестоко се пресметувал со пројавите на самобитност во Украина и спроведувал силна русификација во неа. Ако некој бил поставен да раководи со одредена советска република, тој не морал да биде припадник на нејзината титуларна нација, ниту да биде родум оттаму. Важно е да се знае и дека во раната 1954 год., кога се случило предавањето на Крим, Хрушчов бил тазе стапен на чело на СССР, па неговата власт сè уште не била консолидирана и тој не можел веднаш да прави сè што ќе посака. Негов конкурент бил премиерот Маленков и високите функционери Булганин, Ворошилов, Молотов и Каганович, па Хрушчов не можел да го спроведе трансферот на Крим без нивна поддршка. Оттаму, некоректно е одговорноста за трансферот на Крим да се бара само кај него. По смртта на Сталин, во советското раководство имало внатрешни борби за власт, па некои тврдат дека со подарувањето на Крим, Хрушчов сакал да ги привлече украинските функционери на своја страна. Каде е точно вистината, ние не знаеме, но таа е далеку посложена од упростеното сфаќање дека на „Украинецот Хрушчов“ просто му прднало „да го подари Крим“. Трансферот е објаснуван и со следниве мотиви: територијалната, стопанската и инфраструктурната поврзаност на Крим и Украина; измена на демографијата на Украина со приклучување кон неа на значителен број на етнички Руси (Кримските Татари претходно биле насилно депортирани од страна на Сталин); лошата повоена економска состојба на Крим и плановите за хидротехнички зафати на полуостровот; а трансферот имал и симболично значење, со оглед дека бил извршен на 300-годишнината од сојузот меѓу украинската козачка држава Хетманатот и Царска Русија (Перејаславскиот договор). Секако, тука влијаела и лажната увереност дека СССР нема никогаш да се распадне и дека Украина и Русија вечно ќе бидат заедно.

Истотака, мора да се раскринка митот дека Украинците го добиле Крим „на тацна“. Всушност, тие имале аспирации кон полуостровот уште кога ја формирале независната Украинска Народна Република (1918), при што, тие воделе битки против руските болшевици за негово заземање. На чело со полковникот Петро Болбочан (1883-1919) и во соработка со Кримските Татари (т.н. Кримска Народна Република), украинската армија успешно го зазела полуостровот, но набргу морала да се повлече заради некои меѓународни заврзлами и мировни преговори. На крај, независноста на Украина била крваво задушена од страна на Ленин и земјата била насила напикана во СССР, а Крим – во Советска Русија.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Разграничувањата меѓу Советска Украина и Советска Русија (1918-1928).

Мора да се укаже и дека менувањето на границите меѓу Советска Украина и Советска Русија, како и меѓу другите советски републики била вообичаена пракса, и тоа, далеку пред случајот со Крим. Зарем нашите русофили веруваат дека тие граници биле „природни“ и „од Бога дадени“?! Тие биле повеќепати цртани и прецртувани од страна на советските функционери, па така, во периодот 1918-1928 год., Советска Украина загубила територии во корист на соседна Советска Русија: приморскиот град Таганрог и неговата околина, Белогород и неговата околина, Источен Донбас, како и делови од Брјанската, Вороњежската и Курската Област. Интересно, во некои стари биографии на славниот Чехов, неговиот роден град Таганрог е наведен како украински, а според сведоштвата на писателот, во детството тој говорел исклучиво на „малоруски“ (архаичен назив за украинскиот јазик). За ова сведочат и пописите од времето на Руската Империја. Ете така, некои советски републики ќариле територии, а некои загубиле, па трансферот на Крим не претставувал некаква новост. Тоа дури може да си го протолкуваме како компензација за оние територии, кои Советска Украина претходно ѝ ги отстапила на Советска Русија.

Истотака мора да се спомне дека во составот на Советска Русија, Крим бил претворен во пуста пустелија, а неговите жители (оние што не биле убиени или депортирани) биле доведени до питачки стап. Рускиот алкохоличар, доселен од вукојебините на Сибир, немал поим како да живее и работи во една јужна и доста сува средина каква што е Крим, па не е чудо што полуостровот се нашол во таква незавидна состојба. Кога во 1954 год. Крим ѝ бил предаден на Украина, таа морала да вложи огромни напори и средства за негово закрепнување. Токму кога Крим бил во нејзин состав, на полуостровот било доста вложувано и градено, па тој постигнал успеси на планот на стопанството, индустријата, агрономијата, здравството, културата и туризмот. Благодарение на иригационите системи (Северо – кримскиот канал), на полуостровот процутело земјоделието, дури и во оние делови, кајшто тоа претходно отсуствувало. Украина направила за Крим повеќе отколку Царска и Советска Русија заедно за 170 години!

Не е точно дека Русите на Крим биле дискриминирани или асимилирани од страна на украинските власти. Крим уживал статус на автономна република, со свое раководство, знаме, грб, химна и устав, а согласно истиот, употребата на рускиот јазик била овозможена во сите општествени сфери. Неспорно, мнозинското население на полуостровот е руско, но тоа е последица на етничките чистења врз Кримските Татари и систематското доселување на луѓе од соседна Русија, како во царските, така и во советските времиња, што Путин и ден денес го продолжува. Според пописот спроведен во Руската Империја во 1897 год., 33,11% од населението на Крим биле Руси; 11,84% биле Украинци; 35,55% – Кримски Татари; а тука имало и Грци, Бугари, Ерменци, Евреи, Германци и др. Имајте в предвид дека во тоа време, Крим не претставувал засебна административна единица, туку бил во рамките на Тавриската Губернија, која зафаќала поширока територија, а не само полуостровот, па при пресметките јас пазев и на тоа. На понатамошните пописи на Крим, бројот на Русите постепено се искачувал и денес тој изнесува дури 65%. Тука станува јасно дека тие не биле апсолутно мнозинство на полуостровот и дека тие се наметнале над останатите со насилство, етнички чистења и систематска колонизација, слично како Грците во Егејска Македонија, да речеме. Во Турција денес живеат илјадници, ако не и милиони луѓе со кримско – татарско потекло, наследници на бегалците од Царска Русија, а со депортациите на Сталин, илјадници Кримски Татари завршиле во далечниот Узбекистан. Главниот кримски град Симферопол некогаш бил кримско – татарски и се викал Акмесџид (Бела Џамија), Севастопол бил подигнат на местото на с. Акјар (Бел Брег), Евпаторија била Ќозлеве, Феодосија – Кефе, а тука се и топонимите Кара-Даг, Јалта, Керч, Судак и Балаклава, и секако, претходно споменатиот Бахчисарај (бавча и сарај?). Пред Кримските Татари, на полуостровот живееле и древните Кимеријци, Скити, Кумани, Хазари, Грци, Готи, Џеновјани и куп други народи, па таму попрво ќе видите старогрчки археолошки локалитети, татарски џамии или тврдини на џеновските трговци, отколку нешто руско. Толку за „вековната руска култура“ на Крим.

Во 2014 год., на прашањето дали на Крим има регуларни руски војски, Путин лажеше дека „Нив таму ги нема“ („Их там нет“), па во рускиот сленг се појави нов збор: „Ихтамнеты“ („Нивтамугинеми“). Путин лажно ја претставуваше таа интервенција како „спонтано востание на месните жители“, поради што, неговите „нивтамугинеми“ не носеа никакви ознаки за распознавање, но новинарите среде нив уловија дури и косооки Бурјати (Бурјатија е сојузна република на РФ, џенем кај Монголија). Па добро, бре, Путин, ако веќе праќаш луѓе во тајна мисија, белким тие треба да се вклопуваат во локалното население?! Ете така, Бурјати го ослободуваа овој „нивен“ полуостров, а според сулудата путинска логика, Крим попрво му припаѓа на некој од Бурјатија, отколку на Украинците и Кримските Татари.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Степите на дивото поле.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Историска мапа на териториите на Дивото поле, наведени како пустини (лат. deserta).

Нашите Бачевци имаат симпатии и за Доњецката и Луганската Народна Република, кои Русите истотака ги прикажуваат како свои „Егеј“ и „Пирин“, но реалноста е сосема друга. Во добар дел од историјата, просторите на денешна Источна и Јужна Украина биле пусти и таму немало жив чоек, ни Русин, ни Украинец, па дури ни мува немало да пролета! Тие простори биле нарекувани Диво поле (Дикое поле) и тоа била бескрајна ненаселена степа, фактички пустина! Навистина, понекогаш таму се мувале скитски и сарматски племиња, а подоцна, козаците (Запорошците од Украина или Донските од Југот на Русија), како и Кримските Татари, но перманентно население таму немало. Уљудувањето на овие територии започнало дури во XVIII – XIX век, откако таму се зацврстила власта на Руската Империја, па оттаму е и називот Нова Русија (Новороссия). Значи, нова, ти текнуе? Таму се доселиле луѓе со најразлично етничко потекло. Доњецк бил подигнат под името Јузовка (1869) од страна на британскиот претприемач Џон Хјуз, а неговиот сонародник Чарлс Гаскоњ го подигнал Луганск (1795). Овие градови никнале само заради експлоатацијата на јагленот од Доњецкиот Басен (Донбас) и таму нема некаква „вековна руска култура“. Таму дури дошле и доселеници од Балканот, кои бегале од Османлиите и за кои биле создадени автономните покраини наречени Славјано – Сербија и Новаја Сербија, но о том – потом. Фактички, тука се работело за колонизација организирана од руските освојувачи. И на крајот на краиштата, од пописите во Руската Империја се гледа дека на просторите на денешната Доњецка и Луганска Област (тогаш, Бахмутски, Мариуполски и Славјаносербски уезди, односно, административни единици на Екатеринославската Губернија), мнозинско население сепак биле Украинците (тогаш сметани за руски субетнос, наречен „Малоруси“). И приморските места на денешна ужа Украина, врз коишто Русите имаат претензии, истотака не биле „исконно русские“. Така, например, Одеса најпрвин била старогрчка, а подоцна, кримско – татарска, и таа го носела називот Хаџибеј (т.е. Хаџи Бег). Слична историја имале и Херсон(изос), Николаев и други места на црноморскиот брег. Во Руската Империја, тие спаѓале во Херсонската Губернија, а според пописите, мнозинско население во истата пак биле Украинците. Современа Одеса, да објаснам, ја основал Французот во руска служба, војводата Ришелје. Толку за „вековната руска култура“ на тие простори.

Бачевци истотака не се свесни каква иронија сега им се случува на ДНР и ЛНР. Човек просто да гледа и да плаче (од смеа). Прати ја причава. Рускиот агент Игор Гиркин (кодно име: Стрелков) работеше на тоа во Источна Украина да избувне сепаратистички бунт и таа да се присоедини кон РФ. Гиркин ниту е роден, ниту живеел во Источна Украина, но тоа не му пречеше да им однесе војна и несреќа на нејзините жители (исто како што тоа го правел како доброволец за великосрпската кауза во Босна). Но Украинците покажаа голем патриотизам и ја сатераа неговата орда у ќош. Денес, ДНР и ЛНР, кои беа создадени со помош на Гиркин, се сведени на далеку помала територија отколку што тоа беше првично замислено и тие не се меѓународно признати, ниту присоединети кон РФ (која, иронично, нив ни самата не ги признава). Познатите „херои“ на ДНР и ЛНР, како што беа Моторола, Гиви, Захарченко, Мозговој, Батја, Бетмен, Мамијев, Анашченко, Ципкалов (фактички сите) се веќе мртви. Дали тие биле убиени од страна на Украинците или можеби руските служби спроведуваат интерна стаљинска чистка – не е јасно, но битно, мртви се. Доњецката Република, чија кратенка зазвучува како „дыра“ („дупка“), про-руските сепаратисти ја претворија токму во тоа – во дупка, и таму нормален живот повеќе нема. Јас ја имам шетано цела Украина, околу што имам објавувано патеписи, а пред војната, јас неколкупати ги посетив Донецк и Луганск, па иако тие не беа атрактивни како Киев или Одеса, сепак, луѓето таму (како-така) живееја и работеа, и таму се образуваа дури и студенти од странство, но кога една територија ќе влезе во руската сфера на интерес, односно, во т.н. Русский мир (Руски свет), таа завршува токму така – како црна дупка. Како друг пример за тоа би ја навел и непризнатата „држава“ Приднестровје. Причата за ЛДНР и замислената „Новорусија“ се ближи кон својот крај, а Украина ќе победи, што веќе и на морон му станува јасно. Гиркин к’о посран голуб се врати во Москва, но таму доживеа уште еден пораз – Путин да ти започнал преговори за враќање на дел од Курилските Острови на Јапонија. Каква иронија! Харакири! Замисли дека ти си ризикувал живот за твојата држава територијално да се прошири, а таа, безобразница, решила дел од својата територија да ѝ враќа на друга држава! Гиркин сега прави некакви one-man протести, стоејќи пред руските државни органи со транспарент на којшто пишува „Уа, издаја“ или „Туђе хоћемо – своје не дамо“, но залудно, него веќе никој не го рецка. Така тажно заврши овој кловн за една употреба, што е казна сама по себе.

Покрај воени и разузнавачки операции против Украина, Москва започна и невидена медиумска кампања за нејзино оцрнување. Во рамките на таа медиумска војна, руските новинари ја пласираа сега веќе легендарната вест дека „Украинците распнувале мали дечиња“, за која подоцна дури и самите признаа дека е лажна, на што ќе се осврнам во делот за „братските“ руско-украински односи. Доста присутен среде Русите е и наративот дека „Украинците се нацисти“, кого истотака ќе го раскринкам.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Протест на Гиркин: „Предавањето на Јужните Курили = национално предавство!“.

2.2. Руси и Американци

РФ сега ја обвинува Украина дека им се „продала“ на Американците и ѝ укажува на тоа како тие предизвикувале војни во Виетнам, Ирак и Косово, како спонзорирале фашизоидни хунти во Латинска Америка и сл. На ова, Украинците одговараат со одличен контра – аргумент, кој отприлика оди вака: „Да, можеби Американците си имаат свои гревови, но досега не се случило американски војник да убие Украинец, а вие, мили братушки, само во последнава војна убивте 10 илјади Украинци, да не говориме за милионите кои ги убивте во царските и советските времиња“.

Русите често им префрлаат на Американците за нивниот империјализам и за тоа како тие некогаш се однесувале кон Индијанците и Афроамериканците, но всушност, нешто слично се случувало и во самата Русија!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Сликата „Покорувањето на Сибир“ ги опишува руските освојувачки походи. Кликнете на неа за зум и погледнете ги лицата на руските „Индијанци“ десно.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Бурлаците на Волга“ е одлична илустрација за рускиот ропски менталитет.

Русија си е империја и таа насилно завојувала огромни територии, нималку поразлично од другите светски сили. Неспорно, Американецот убивал Индијанци, што е за секаква осуда, но Русинот убивал Татари, Башкири, Адигејци, Черкези, Чеченци, Алтајци, Бурјати, Јакути, Чукчи и многу други. Нема подобра илустрација за тоа од уметничката слика „Покорение Сибири Ермаком Тимофеевичем“ (1895) на рускиот сликар Василиј Суриков, на којашто е претставено бруталното освојување на Сибир од страна на козаците на Јермак Тимофејевич, поконкретно, нивната битка со воините на сибирскиот кан Кучум (1582). Сликава сега е изложена во петербуршкиот „Руски Музеј“ и јас имав прилика да ја видам во живо. Погледнете ја внимателно сликата и забележете го стравот и очајот на лицата на сибирските домородци, кои со лакови и стрели се спротивставуваат на огнено оружје! Фактички, меѓу нив и Индијанците нема никаква разлика и тие дури и физички наликуваат едни на други со своите закосени очи и жолтеникав тен. Некои истражувачи одат доттаму, што тврдат дека овие азиски народи некогаш мигрирале преку замрзнатиот Берингов Мореуз до Северна Америка и дека токму така настанале нејзините Индијанци. Сибирските домородци си живееле сосема спокојно, си ловеле ирваси и сл., но еден ден, ним им дошле пијани Руси, кои им ја заграбиле земјата и почнале да ги убиваат, силуваат, русифицираат, покрстуваат и заразуваат со своите болести (чума, сифилис и сл.). Подоцна, СССР им донел и „напредок“ во форма на нуклеарни проби. Големи штети среде домородците донел и алкохолот, на којшто нивниот метаболизам не бил навикнат. Како последица од сево ова, во РФ сега има т.н. автохтони малубројни народи (коренные малочисленные народы), чии припадници буквално се бројат на прсти (Аљуторци, Кереки, Енци, Чулимци, Тофалари и др.). Од некои од нив има останато буквално двајца – без – тројца, а некои се засекогаш збришани, исто како и нивните култури и јазици. На ова ќе му посветам засебно поглавје во оваа книга, но малку подоцна.

Што се однесува до ропството под коешто страдале Афроамериканците, тоа е истотака за секаква осуда, но знаете ли дека истото го имало и во Русија, со таа разлика, што робови таму можеле да бидат дури и самите етнички Руси? Во Русија долго време владеело т.н. крепостно право (рус. крепостное право), согласно кое, селанецот бил нешто како роб на имотот на феудалецот без никаква слобода на движење и управување со својот живот. Нема подобра илустрација за ова од сликата на Илја Репин – „Бурлаки на Волге“ (1870), во којшто е претставено како луѓе теглат брод со јажиња како да се добиток. Крепостништвото оставило толку длабоки траги во руската психа (ропски менталитет, затуцаност и сл.), што истотака заслужува засебно поглавје во оваа книга. Иронично, укинувањето на крепосништвото во Русија се случило во исто време со укинувањето на ропството на Афроамериканците од страна на американскиот претседател Линколн (1861), па фактички, тука нема голема разлика!

Русите истотака не ја помнат огромната американска помош која тие ја добивале низ својата историја. Најдобра илустрација за тоа се уметничките слики на Иван Ајвазовски – „Раздача продовольствия“ и „Корабль помощи“, обете од 1892 год. Во тоа време, во Русија се случувала глад од бијафрански размери, која усмртила половина милион нејзини жители, а Американците формирале комитет (Russian Famine Relief Committee of the United States), кој, со бродовите „Индијана“ и „Мисури“, доставил хуманитарна помош во тони пченица и парични средства. Причина за гладта биле временските непогоди, но и неодговорноста на рускиот цар и неговите чиновници.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Една од сликите на Ајвазовски, кои го опишуваат пристигањето на американската хуманитарна помош за изгладнетите Руси, 1892.

Во 1921 год., во Русија (сега веќе советска) повторно избувнала глад, во која умреле 5 милиони луѓе, а оние живите почнале меѓусебно да се прождираат како канибали, па Американците морале повторно да ги спасуваат! Иронично, познатиот комунист и антикапиталист Максим Горки тогаш упатил молба до Западот за помош, а американските хуманитарци (American Relief Administration) со бродови му испратиле големи количества на храна, облека, лекови и др., во износ од десетици милиони долари. Изгладнетите Руси тогаш имале прилика да се сретнат со американските војници, кои ја делеле таа помош, што претставувало вистински шок. Американците биле здрави, румени, најадени, работливи, слободни и полни со живот и енергија, наспроти Русите, кои биле сведени на говоречки животни. Американскиот хуманитарец, подоцна претседател, Херберт Хувер и неговата веќе спомената организација (ARA) ѝ понудиле помош на Русија уште во 1919 год., како и на другите земји истоштени од Првата Светска Војна, но Ленин тоа гордо го одбил, за по избувнувањето на гладта, тој покајнички да ја посака истата таа помош. Гладта покажала дека неговиот воен комунизам (1918-1921) завршил катастрофално, па Ленин морал да спроведе извесна либерализација на пазарот, што било наречено Нова Економска Политика (НЕП). Таа дала одредени резултати, но наскоро, неа ја укинал неговиот наследник Сталин.

Истотака, Русите ја премолчуваат американската помош (lend-lease), која се мерела во милијарди долари и која се состоела од храна, гориво, џипови, камиони, тенкови, авиони и др., благодарение на што, СССР успеал да опстане и да победи во Втората Светска Војна. На крајот на 1980-тите и почетокот на 1990-тите, советската планска економија крахирала, па тамошните полупразни продавници станале потполно празни, а Русите чекале во бескрајни редици за најелементарни прехранбени продукти, кои сега можеле да се добијат само со бонови. Тука САД повторно ги спасувале изгладнетите Руси со т.н. ноџиња на Буш (ножки Буша), смрзнати пилешки копани, наречени во чест на тогашниот американски претседател Џорџ Буш Постариот.

Патем, Русите придонеле и за најпознатиот случај на глад во историјата – оној во Етиопија во 1980-тите, така што го поддржувале тамошниот брутален комунистички диктатор Менгисту Хајле Маријам. Гладта била предизвикана не само од сушата, туку и од катастрофалните политики на неговата Привремена воена влада на Социјалистичка Етиопија, попозната како Дерг. Како и во претходните случаи, Западот бил тој кој ги спасувал изгладнетите Етиопјани, поконкретно, со хуманитарните акции иницирани од рок – музичарот Боб Гелдоф (“Band Aid”, “Live Aid”, “USA For Africa”). Како што е тоа типично за една про-руска комуњара, Менгисту злоупотребил дел од оваа хуманитарна помош за свои сопствени цели.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Комунизмот цвета: лешеви, изгладнети деца и канибали, Русија, 1921. Ова било надминато со американска помош.

Американците се критикувани и за нивните „лабави“ закони за носење на оружје, заради кои среде нив често се случуваат убиства, па дури и школски масакри. Неспорно, Американците имаат сериозен проблем со вооруженото насилство, но иронично, слично нешто се случува и во Русија! На 17.10.2018 год., Владислав Росљаков (18) од кримскиот град Керч изврши масакр врз своите соученици со огнено оружје и импровизирани експлозивни направи, при што, 21 лице загина, а 70 беа повредени. Под некогашната украинска власт, полуостровот Крим живееше сосема мирно и спокојно, но откако тој беше приклучен кон РФ, за него започна вистински пекол! Росљаков бил про-руски настроен, а своето оружје го купил на сосема легален начин. Во РФ, дозвола за оружје може да се добие со навршени 18 години, а во Украина, дури над 21 година (додуша, зависи и од типот на оружјето, калибарот и сл.). Во последно време, во РФ се спроведува засилена милитаризација и идеолошка индоктринација на тамошната младина и дури е формирана официјална младинска паравојска (Юнармия), слична на Хитлерјугенд, па се смета дека овие фактори придонесуваат за зголемувањето на насилството. На 14.11.2016 год., 15-годишните Екатерина Власова и Денис Муравјов од северозападниот руски град Псков, украле ловечко оружје и се забарикадирале во една викендичка, од којашто стрелале врз полицијата, а сето тоа директно го пренесувале со камера преку интернет, за на крај, овие „Бони и Клајд“ да извршат самоубиство. На 15.01.2018 год. во градот Перм, маскирани малолетници со ножеви нападнале свои соученици, а професорката добила удар во врат. Само неколку дена подоцна, во градот Улан Уде, ученикот Антон Бичивин влегол во полна училница, вооружен со секира и молотов коктел, по што, тој нанел повеќе удари како врз професорката, така и врз учениците и предизвикал пожар. На 25.01.2018 год., еден ученик влетал во едно училиште во градот Самара со пневматско оружје и расфрлал запалени „бакљи“ низ истото. На 18.04.2018 год., во градот Стерлитамак, извесниот Артјом Тагиров со нож ги нападнал своите соученици и професори и подметнал пожар во училиштето. На 06.12.2018 год., еден ученик во Москва се заканувал ќе изврши самоубиство со нож. На 18.08.2019 год., во с. Патрикеево во Уљановската област, 16-годишно момче со секира го убило целото свое семејство (5 души), по што извршило самоубиство. Во својата претсмртна порака, момчето напишало дека најпрвин планирало само самоубиство, но за да ги поштеди своите блиски од тага, момчето „мудро“ решило и нив да ги убије. На 14.11.2019 год., во градежниот колеџ во градот Благовешченск, студентот Данил Засорин (19) влегол на предавање вооружен со сачмарка, по што убил еден и ранил тројца свои колеги, за по доаѓањето на полицијата да започне престрелка со неа и на крај да се самоубие. Се вели дека неговите жртви не биле „цвеќиња за мирисање“ и дека долго време го малтретирале и дури му ја силувале девојката! И така натаму, и така натаму. Многу руски младинци забегуваат во криминал, насилство, алкохолизам, проституција, тешки дроги, неонацизам и сатанизам, а некои се самоубија под влијание на морничавата онлајн игра „Предизвик на синиот кит“ (“Blue Whale Challenge”). Во РФ, поточно во Ленинградската област, дури имаше и случај на канибализам од страна на 12-годишно девојче, но таа појава е толку присутна во земјата, што заслужува засебно поглавје во оваа книга. И после сето тоа, Американците биле луди? Можеби, но тие барем не се прават толкави светци како Русите!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Индоктринација во детската градинка бр. 69 во Санкт Петербург, РФ, 23.02.2015.

Да не бидам сфатен погрешно, јас воопшто не ги амнестирам гревовите на Американците. Во списокот се: нивниот однос кон Индијанците и Афроамериканците, Хирошима, Нагасаки, Виетнам, спонзорирањето на фашизоидни режими низ светот (напр. Пиноче во Чиле, одредите на смртта во Салвадор, воената хунта во Грција), неетичките експериментирања со наркотични или радиоактивни супстанци врз американски граѓани (тајните операции „МК-Ултра“, „Грин ран“ и ним сличните), бројните нуклеарни проби (напр. оние во Невада или на атолот Бикини), поддршката за Бин Ладен во Авганистан во 1980-тите, со што настанала Ал Каеда, итн. Сепак, меѓу САД и Русија не може да се стави знак на равенство, во стилот „сите суперсили се исти“. Како прво, во САД барем постои можност граѓанинот да ја критикува власта, па доколку се создаде критична маса, нештата можат да се променат, што во Русија е апсолутно невозможно. Каде се развило најсилното антивоено движење во светот? Па во Америка, се разбира! Во славната 1968-ма, во Западниот свет се случувала вистинска младинска револуција, хипиците ги окупирале универзитетите, барајќи општествени промени, прекин на војната во Виетнам, права за Афроамериканците и сл., а истовремено, кутрите Руси не смееле ни да писнат! Забележано е дека на 25.08.1968 год., осум јадници се обиделе да протестираат на Црвениот плоштад во Москва против советската окупација на Чехословачка, но по само неколку минути, тие биле уапсени и испратени по комунистичките казамати или на принудно „лечење“ во озлогласените психијатриски клиники. Во раните 1970-ти, американскиот претседател Никсон се дрзнал да примени валкани тактики против опозицијата (аферата Вотергејт), но бил разоткриен од новинарите и морал да даде оставка, па дали вакво нешто било можно во СССР, или денес, во современа Русија? Со сите свои гревови, Западот е сепак супериорен во однос на неа во секој поглед: демократија, човекови права, животен стандард итн. И дури кога Американците применувале валкани тактики против одредени земји, особено во текот на Студената војна, тие тоа не го правеле заради некаква патолошка склоност кон насилство, туку заради заштита на својот начин на живот, својата слобода и благосостојба. Сурово, но рационално! Некои дури би рекле „нужно зло“! А кое било оправданието на Русија да се однесува империјалистички? Каков тоа „начин на живот“ имало во СССР?! Какви „слободи“ и „вредности“ таму се бранеле?! И каков ќар видел обичниот Русин, например, од советските интервенции во Авганистан, Унгарија, Чехословачка, Куба или Северна Кореја?! Обичниот Русин немал никакви права, ни право на глас, ни слобода на говор, печат, творештво и движење, ни добра економија, ни слободен пазар и претприемништво, фактички, ништо! Додека мнозинството Американци можеле да гласаат и да бидат гласани, да се реализираат на претприемнички или творечки план и да си дозволат пристоен middle class life, со куќи со дворови, автомобили, електронски гаџети, патувања и сл., Русите живееле под секое ниво, иако нивната земја била пребогата со ресурси. Русите имале „право“ да чекаат во бескрајни редици пред полупразните продавници за да купат кило скапани компири или некои смрдени комуњарски гумени чизми. Луѓето од зафрлените градови морале масовно да патуваат во Москва само за да купат г’з папир, чајна кобасица или други елементарни продукти (ако воопшто ги имало на лагер). Дури и поседувањето на фиксен телефон претставувало луксуз, а алкохолизмот, проституцијата, непотизмот и корупцијата цутеле, исто како и т.н. карго култ (кога во СССР случајно ќе залутал некој западен продукт, Русите се однесувале кон него како Бушманите кон шишето Coca – Cola во комедијата „Боговите паднаа на теме“). Зошто некој би бранел таква комунистичка депресија?! И зарем за тоа Русите морале да произведат толку оружје и да преземаат воени интервенции?! А што се однесува до „лабавите“ закони за поседување на оружје во САД – и тоа не е некаква патолошка склоност кон насилство, туку тоа оружје е гаранција дека во таа земја никогаш нема да има тиранија, за разлика од Русија, кајшто граѓанинот е невооружен и не може да пружи никаков отпор.

Додека плукаат по САД, Русите се ползуваат со сите американски достигнувања (смартфони, лаптопи, интернет, ТВ, аудио-видео техника, автомобили и др.), а кога некој ќе им укаже на ова лицемерие, нивниот контра – аргумент е дека некои од овие технологии биле дела на руски иноватори. Тука, например, се наведуваат: Игор Сикорски (изумителот на хеликоптерот), Владимир Зворкин (еден од пионерите на ТВ технологијата), Сергеј Брин (еден од основачите на Google) и др., но тие ги реализирале своите идеи дури откако побегнале во САД! Фактички, тоа се американски изумители! Сикорски и Зворкин имале среќа да побегнат од Русија кога таа потпаднала под болшевичка власт, a Брин – кога неговите родители едвај добиле излезни визи. Татко му бил врвен математичар, но тој бил малтретиран од советските власти, а неговото семејство едвај врзувало крај со крај, па тоа решило да се отсели. Но советскиот граѓанин не можел слободно да патува и морал да вади излезни визи, кои честопати му биле одбивани. Кога Брин заминал од Русија, тој имал само 6 години и во неа тој не постигнал ништо. Во 1990 год., 16-годишниот Брин ја посетил родната земја и бил шокиран од нејзината катастрофална состојба, по што, тој го прегрнал татка си и му рекол: „Ти благодарам што нè изнесе од Русија“. Брин ја има опишано таа земја како „Нигерија со снег“. Со тоа е кажано сè.

2.3. Митот за руската наука, технологија и индустрија

Путин и апологетите на СССР нагласуваат дека во советските времиња науката процутела, благодарение на што, полуаграрната Русија се индустријализирала и дури дотуркала до нуклеарна и космичка сила. Но всушност, многу од „достигнувањата“ на руската, односно советската наука биле тотални промашувања или најобични плагијати, а иронично, дури и кога таа навистина била успешна, тоа било остварено со тајно ангажирање на стручњаци од „трулиот Запад“! На крајот на денот, обичниот Русин од тие успеси не видел никаков аир, а советската наука била толку идеологизирана, партизирана и догматизирана, што предизвикала катастрофални и далекусежни штети. На оваа тема доста пишувал Лорен Греам, професор на врвни американски универзитети и историчар на науката, специјализиран за онаа руската и советската, како и неговиот советски колега Валериј Сојфер, кој некако успеал да се пресели во САД, кајшто до ден денес живее и работи. Негова е книгата „Власта и науката: Историја на уништувањето на комунистите на генетиката во СССР“, а слична е „Тешките години на советската биологија“ на неговиот колега Владимир Александров. Интересни книги на оваа тема се и „Сталин и научниците“ на Сајмон Ингс и „Корумпирана наука: Измама, идеологија и политика во науката“ на Џон Грант.

Вистинските научници во СССР биле репресирани, затворани, па дури и егзекутирани, особено во сталинските чистки во 1930-тите, и биле заменувани со некомпетентни полтрони, па не чуди што на крај тоа довело до катастрофи. Меѓу попознатите се Киштимската катастрофа во нуклеарната електрана Мајак (1957), а секако, и Чернобилската (1986), но и онаа во сферата на земјоделието, предизвикана од псевдонаучната „мичуринска агробиологија“, за која е прашање колку имала врска со истражувањата на Мичурин и која доминирала од 1930-тите до средината на 1960-тите. „Мичуринците“ ја отфрлале генетиката и Менделеевите закони и ветувале дека „од ’рж може да се добие пченица“, што веќе заличувало на „алхемија“ и што довело до крах на земјоделието и до помор од глад на милиони селани. Кога сме веќе кај агрономијата, во втората половина на 1950-тите и првата на 1960-тите, советскиот лидер Хрушчов ја туркал т.н. пченкарна кампања, тврдејќи дека пченката треба да стане доминантна земјоделска култура во земјата, како решение за недостатокот на храна во истата, при што, пченката била садена и каде треба и каде не треба, дури и на штета на некои побитни култури, за на крај, сето тоа да заврши со фијаско. Наградуваниот биолог Олга Лепешинскаја (1871-1963) ќе остане запаметена по своите „генијални откритија“ дека „жив организам може да се создаде од нежива материја“ и дека луѓето „можат да се подмладуваат со купки од сода бикарбона“, а советската наука ја прифатила и ширела и псевдонаучната теорија за телегонијата. Советската наука ги осудувала и отфрлала достигнувањата на онаа западната, па дури и теоријата за релативноста на славниот Ајнштајн, иако, иронично, тој имал извесни симпатии за комунизмот и за СССР. Зависно од периодот, советскиот режим ја отфрлал како „буржоарска“ и „реакционерна“ и теоријата за резонанца во хемијата, како и цитологијата, етологијата, кибернетиката, квантната механика, социологијата, фројдовската психоанализа, педологијата (во смисла на психологија на децата) и куп други научни дисциплини. Во советската наука дури се појавил „дуализам“ – некои западни достигнувања јавно биле критикувани, но истите биле скришум применувани, особено ако се работело за развојот на нуклеарното оружје, космонавтиката и други, од гледна точка на режимот, полезни цели. Ај некако ќе разберам еден репресивен режим да се вмеша во хуманитарните науки, да речеме, со цензура и препишување на историјата, но оној советскиот се вмешал дури и во природните науки! Ако тој решел дека 1+1=3, тоа, брате, бил „Њутнов закон“! Советските „стручњаци“ истотака се занимавале со примена на нуклеарното вооружување во мирнодопски цели (за копање на руда, нафта, речни канали и сл.), што предизвикало катастрофални последици по населението на просторите на коишто тоа било изведувано. Табу тема за советската наука била и екологијата.

Изјавите на рускиот физиолог и нобеловец Иван Павлов (1849-1936), прославен по својот Павлов рефлекс, потврдуваат сè што досега напишав за советската наука: „Воведениот параграф во Уставот на Академијата кој вели дека сета работа мора да се врши на платформата на учењето на Маркс и Енгелс – зарем тоа не е најголемо насилство над научната мисла? Со што тоа се разликува од средновековната инквизиција? [...] Нам ни наредуваат за членови на Вишата научна установа да избираме луѓе, кои ние по својата совест не можеме да ги признаеме за научници [...] Ние живееме во општество, кајшто државата е сè, а човекот – ништо, а таквото општество нема иднина“, „За жал, јас се чувствувам по однос на Вашата револуција речиси сосема обратно од Вас. Таа мене мошне ме тревожи. Повеќегодишниот терор и незауздано самоволие на власта ја претвора нашата азијатска природа во срамотно ропска. А многу ли добро може да се направи со робови? Пирамиди?“ и „Вие залудно верувате во светска револуција. Вие сеете по културниот свет не револуција, туку со голем успех фашизам. До вашата револуција фашизам немаше“.

Славниот авиоконструктор Андреј Тупољев (1888-1972) лежел в затвор, исто како и конструкторот на космички ракети Сергеј Корољов (1907-1966), а нуклеарниот физичар и нобеловец Андреј Сахаров (1921-1989) – во домашен притвор. Создавачите на легендарниот повеќецевен ракетен лансер „Каќуша“, Георгиј Лангемак (1898-1938) и Иван Клејменов (1899-1938), немале толку среќа и биле стрелани, а познатиот агроном и ботаничар Николај Вавилов (1887-1943) гладувал и боледувал по комунистичките казамати, кај што на крај починал. Илјадници врвни инжинери, физичари, хемичари, математичари, биолози, генетичари, географи, геолози, филозофи, социолози, етнолози и историчари биле стрелани или испратени по сибирските гулази, а некои биле осудени на „граѓанска смрт“ (забрана за занимавање со својата дејност, исклучување од научните институти, изолација и сл.). Не знам друга држава волку свињски да се однесувала со своите најголеми умови, па не чуди што на крај таа се распаднала. Во СССР засолниште нашле и многу странци, кои биле прогонети од своите земји заради своите комунистички ставови, а еден од нив бил германскиот физичар и пионер на квантната хемија, Ханс Хелман (1903-1938), познат по Хелманово-Фелмановата теорема, кој истотака бил убиен во сталинските чистки. Во времето на Сталин биле покренати куп монтирани процеси против интелектуалната елита, при што пострадале: членовите на Академијата на науките (1929), Институтот за славистика, Рускиот музеј и музејот Ермитаж во Ленинград (1933), Пулковската астрономска опсерваторија (1936), геолозите од Краснојарск (1949) и многу други. Фактички, била растрелана совеста и разумот на Русија, нејзините најумни, најспособни и најталентирани луѓе, кои врз принципот на негативна селекција биле заменети со оние најглупите, најмрзливите и најнеталентираните. Како илустрација за таквите би го навел ликот на Шарик (човек создаден од куче) од фантастичниот роман „Песјо срце“ на Михаил Булгаков. Оваа книга, која била политички неподобна за своето време, била инспирирана од некои сулуди медицински експерименти кои тогаш ги вршеле советските научници – биологот Илја Иванов (1870-1932) тогаш безуспешно се обидел да создаде хибрид од човек и мајмун, така што вештачки осеменувал мајмуници со човечко семе, или, обратно, жени со мајмунско, за на крај, и тој самиот да биде репресиран. Ете со тоа отприлике се бавела советската наука и таа не измислила ни мобилен телефон, ни компјутер, ни интернет, ни било што асално.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Конструкторот на советските космички ракети Корољов лежел в затвор, кајшто бил брутално претепуван и му била скршена вилицата.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Создавачот на „каќушите“, Лангемак, паднал како жртва на сталинските чистки.

Некои ќе ме укорат дека ги омаловажувам научните достигнувања на Русија, кои таа секако ги имала, без разлика дали се работи за онаа царската, советската или оваа современава. Тука се големите умови како Ломоносов, Менделеев, Мечников, Лобачевскиј, Столетов, Ковалевскаја, Чебишев, Бутлеров, Боткин, Капица, Черенков, Басов, Прохоров, Алферов, Перелман и др., а меѓу нив има и неколку нобеловци. Но таквите луѓе биле ретки блескави пројави среде простата маса, а не типични претставници на рускиот народ, и како што веќе видовме, некои од нив биле репресирани или присилувани да работат на атомски бомби и други неетички проекти. На руската наука не ѝ е туѓо ни фалбаџиството, па така, Александар Попов (1859-1906) е нарекуван „Татко на радиото“, а од 1945 год., во негова чест се слави Денот на радиото – 7-ми мај, но радиото немало татко, туку таткоВЦИ и секој од нив дал свој придонес за неговото раѓање (Тесла, Едисон, Маркони, Максвел, Херц, Лоџ и др.). Неупатените ќе добијат погрешен впечаток дека Попов водел радио-шоу како нашиот Мирко Попов, но всушност, се работело за скромни и примитивни експерименти во сферата на бежжичната телеграфија (нели, преку радио – бранови). Секако, тоа не е за потценување, но тоа не е радиото какво што го познаваме денес. Според советската наука, на 07.05.1895 год., Попов за првпат го изложил својот проект пред своите колеги од Друштвото на физичарите, а на 24.03.1896 год., тој ја испратил првата бежжична морзеова порака во историјата. Но тука има куп контроверзи – Попов не го патентирал својот изум, доказите за неговиот подвиг се штури, а датумот на кој истиот се случил најверојатно бил фалсификуван од страна на советската наука, со цел, Маркони да биде претставен како johnny-come-lately и плагијатор. Реалниот датум, наводно, бил во декември 1897 год., а Маркони го патентирал својот уред на 02.06.1896 год. Кога си имате работа со крајно идеологизирана и самобендисана наука каква што е руската, нејзините тврдења треба да се земат со голема резерва, особено ако се работи за сложеното прашање „Кој е татко на радиото?“. На крајот на краиштата, да не било балканското овчарче од с. Смилјан, Никола Тесла, ташак што Попов ќе правел радио.

Советската наука не била способна да направи ништо свое, па таа честопати прибегнувала кон плагијати, или, пак, советскиот режим тајно плаќал западни стручњаци за реализација на своите планови, иако плукал по истиот тој „трул Запад“. Во 1930 год., СССР ја ангажирал фирмата на Алберт Кан (1869-1942), американски архитект познат по изградбата на автомобилските фабрики во Детроит (Ford, General Motors), а неговата филијала во Москва го добила називот Госпроектстрой, небаре се работело за советско претпријатие. Еден од неговите први проекти бил Сталинградскиот тракторски завод, кој практично бил изработен во САД, за потоа да биде довезен во СССР со бродови. Потоа следеле и многу други фабрики, истотака за трактори, или, пак, за комбајни, тенкови, коли и камиони, фабрички машини, челичани, ливници, металуршки комбинати итн. Магнитогорскиот металуршки комбинат (познат како Магнитка) бил копија на оној во Гери, Индијана и бил проектиран од страна на инжињерот Артур Глен Мекки (1871-1956), а високите печки – од чикашката компанија Freyn Engineering. Технолошкиот проект на Нижегородскиот автозавод бил дело на Ford, а градежниот – на Austin Motor Company, додека познатата компанија Caterpillar ги опремила заводите за комбајни, односно трактори, во Чељабинск, Ростов и Саратов. Советскиот режим скришум потпишал договори за соработка и со германските компании Siemens, Krupp, Mann, Bauer и Demag, италијанските Fiat, RIV и Ansaldo, француските Schlumberger и AFC, британските British Small Arms и Metropolitan – Vickers, швајцарските Sulzer и Scintilla, и многу други. Накусо, извиканата руска индустријализација никогаш нема да се остварела без западните стручњаци. Истовремено, советската пропаганда му ги припишувала овие успеси лично на Сталин, кој дури ги присилувал руските академици да го претставуваат како „велик мислител“, „корифеј на науката“, „гениј на човештвото“, „најголемиот гениј на сите времиња и народи“ и све више. Оттаму била инспирирана познатата песна на дисидентскиот поет и кантавтор, воедно и бивш робијаш, Јуз Алешковскиј – „Товарищ Сталин, вы большой учёный“ („Другар Сталин, вие сте голем научник“).

Русите, демек, биле првите освојувачи на космосот, но ракетите со кои тоа било постигнато нема да мрднеле од место ако не биле заробените германски научници од Втората Светска Војна. Па и САД користеле заробени германски научници за својата вселенска програма, со таа разлика, што Американците тоа го признаваат. Германците биле мошне напредни во ракетната технологија, па во текот на војната, тие дури го гаѓале Лондон со своите V-1 и V-2. Второнаведената ракета дури била првата во историјата која успеала да одлета во космосот, додуша, само накусо и не многу далеку, а и без човечка посада (20.06.1944). Во 1961 год., првиот човек во космосот, Јуриј Гагарин, заминал на својата историска мисија со недобришан газ, затоа што првите машини за тоалет хартија во СССР биле увезени дури откако тој загинал во авионска несреќа, во 1969-тата, а дотогаш, граѓаните на оваа космичка суперсила се бришеле со весници („Правда“ и сл.). СССР спискал милијарди на својата вселенска програма, а обичниот Русин од тоа не видел никаков аир и дури немал чиме дупе да обрише. Бар да можел да гледа MTV или други странски сателитски телевизии, но такво нешто не му било дозволено. Советските власти истотака спискале грдни пари за изработка на специјални предаватели наменети за попречување на западните радио-емисии, за граѓаните да не можат да ги слушаат „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“. Советската вселенска програма имала повеќе катастрофи, при што, космонаутот Владимир Комаров бил првиот човек во историјата што загинал во вселенски лет, а Георги Доброволски, Виктор Пацајев и Владислав Волков биле првите луѓе починати во вселената (поконкретно, од задушување). Експлозијата на космодромот Бајконур на 24.10.1960 год. однел 78 жртви, а онаа во Плесецк на 18.03.1980 год., 48 жртви, плус куп тешко повредени. Да се разбереме, несреќи им се случувале и на Американците, но таму имало транспарентност и за тоа отворено се говорело, додека во СССР некои инциденти биле премолчувани или лажно претставувани како успеси. Русите дури направиле плагијат на американскиот вселенски брод Space Shuttle (1981), кого го нарекле Буран (1988), а кој неславно се скењал во 2002 год., кога заради големо невреме и грешки во изградбата, врз него се урнал хангарот, во којшто тој бил чуван.

СССР честопати ги копирал западните достигнувања, со или без соодветни лиценци, а советските копии најчесто биле инфериорни или доста задоцнети во однос на оригиналите. По Втората Светска Војна, во советско заробеништво се нашол и познатиот германски конструктор на оружје Хуго Шмајзер (1884-1953), па славната автоматска пушка Калашников (1947) е фактички плагијат на неговата Sturmgewehr 44 (1944). Советскиот авион Ту-4 (1949) бил плагијат на американскиот B-29 (1944), а советската атомска бомба РДС-1 (1949) – на американската “Fat Man” (1945). РДС-1 била создадена со кражба на податоци од американската нуклеарна програма, извршена од страна на про-советска шпионска мрежа, составена главно од американски и британски стручњаци (читај: предавници): Морис Коен, Клаус Фухс, Хари Голд, Дејвид Гринглас, Теодор Хол, Џорџ Ковал, Ирвинг Лернер, Алан Нан Меј, Севил Сакс, Оскар Себорер, Мортон Собел, Мелита Норвуд и брачниот пар Розенберг. Советската автомобилска индустрија била создадена во 1930-тите со помош на американскиот Ford, автомобилот Лада – со помош од италијанскиот Fiat, а куп нејзини модели во 1970-тите и 1980-тите (1200, 1300, 1500, 1600 и др.) се темелеле врз Fiat 124 (1966) или Fiat 125 (1967). Првиот автомобил Москвич, моделот 400 (1946), бил плагијат на германскиот Opel Kadett К38 (1938), мазнат од поразената Нацистичка Германија, а Москвич Алеко (1986) – на француската Simca 1308 (1975). За развојот на Москвичот придонела и помошта од Renault, затоа што во 1966 год., францускиот лидер Шарл Де Гол се дистанцирал од НАТО и сакал да ги подзатопли односите со СССР. Во следната деценија, советскиот режим имал очајна потреба од цврста странска валута, па за да го подобри извозот на своите автомобили, кои немале шанси да се натпреваруваат со оние западните, тој го ангажирал американскиот дизајнер Рејмонд Луи (1893-1986), познат по шишето за Coca – Cola и цигарите Lucky Strike, и неговиот колега Сид Мид (1933-2019), автор на сценографиите за филмовите “Star Trek”, “Blade Runner”, “Aliens” и “Tron”, за да го унапредат изгледот на Москвичот. Иако овие славни дизајнери уредно си ја завршиле работата, нивниот проект никогаш не влегол во сериско производство – по руска вина, разбира се. Советската индустрија правела и лоши копии на радио и ТВ приемници, грамофони, касетофони, фотоапарати, машинки за бричење и други технички уреди од западно производство. Руските производи, без разлика дали електронски, прехранбени или било какви, биле со ужасен квалитет и неатрактивна амбалажа. Според апологетите на СССР, „тогаш имало многу вкусен сладолед“ („зато пломбир был вкусный“), но дури и тој бил плагијат – советскиот министер за производство на храна Анастас Микојан го мазнал рецептот при своето службено патување во САД во 1936 год. Дури и кога советската индустрија ќе направела нешто квалитетно, обичниот советски граѓанин ретко можел да ужива во тоа, како заради својот плиток џеб, така и заради неефикасната планска економија и постојаниот дефицит – многу производи воопшто не можеле да се најдат во продавниците, се разбира, освен во оние за партиските функционери или за странските туристи и дипломати, во кои советскиот смртник не смеел да припари. За купување на смрдена Лада или Москвич, Русите чекале по цела деценија, па оттаму потекнува и следниот виц, кој можеби веќе сте го чуле. Еден купувач уплатил пари за автомобил, а откако продавачот му соопштил дека истиот ќе му биде испорачан по 10 години, купувачот прашал: „Наутро или попладне?“. Продавачот прашал зарем е тоа битно, на што, купувачот му одговорил: „Наутро имам закажано водоводџија“. Ете така функционирале нештата во таа „суперсила“.

Благодарение на руските „стручњаци“, како и на неодговорноста на путинската власт, а богами и на самите граѓани, техногените катастрофи, пожарите, поплавите, рударските несреќи, експлозиите на гас, падовите на градежни објекти и авиони во РФ се секојдневие. Исто како и бившиот СССР, РФ е озлогласена по своите недоквакани нуклеарни електрани, па така, во есента 2017 год., во веќе споменатата Мајак се случи најнов инцидент, кој доведе до ширење на извесно количество на радиоактивниот елемент рутениум-106 низ Европа, а бројот на жртвите е непознат заради молчењето и заташкувањето од страна на руските власти. На негодувањата на граѓаните, властите одговорија дека „простор за паника нема“ и одбија да го лоцираат изворот на зрачењето. Како што цинично изјави раководителот на руската хидро – метеоролошка служба Максим Јаковенко: „Изворот не го баравме, зошто би го барале кога нема опасност? Нека го бара оној кому тоа му е интересно!“. Главниот онколог на Чељабинската Област, Андреј Важенин, пак, ги посоветува загрижените да пијат пиво и да гледаат фудбал (добро прочитавте, не е шега, ниту печатна грешка). Путин молчеше, а неговиот прес-секретар Песков се правеше наудрен, што е разбирливо, имајќи в предвид дека децата на обајцата се на безбедно, т.е. живеат на „трулиот Запад“, на што подетално ќе се осврнам малку подоцна. Оттука произлегува и шегата која тогаш се рашири по руските социјални мрежи: „’986 пати надминатото ниво на радијација не е опасно по здравјето, па затоа евакуација на населението и дезинфекција на месноста нема да бидат преземени. Го молам населението да го сочува спокојството и да не се оддава на паника’ – изјави во своето видео-обраќање до Уралците гувернерот на Чељабинската Област, кој во моментов е на Кипар со семејството“. По неколкумесечно молчење, путинскиот режим конечно призна дека радијација имало, но и натаму одбиваше да ја поврзе истата со Мајак и дури тврдеше дека таа била резултат на „пад на шпионски сателит на некоја од западните сили“. Овие инфантилни теории на заговор ги раскринка Јуриј Мокров, советник на директорот на Мајак, кој на новинарите им призна дека рутениум-106 е вообичаена (нус)појава во работата на таа веќе одамна опасна електрана.

Како што веќе спомнав претходно, на 08.08.2019 год., во с. Њонокса крај Северодвинск се случи експлозија на мотор на нуклеарен погон за крстосувачка ракета, при што имало неколкумина загинати и повредени. Кога овие второнаведениве биле одвезени во Архангелската обласна болница, нејзиниот персонал не бил предупреден за опасноста од контаминација и нему не му била дадена специјална заштитна облека и опрема. Лекарите биле озрачени и фактички самите станале пациенти! Во болницата пристигнале воени лекари, но откако ним им било откриено што се случило, тие јуначки побегнале (Бежанијска бригада или Дивизија Рикверц), со зборовите: „Не фала, имам деца“, „Ми искрсна некоја работа“, „Нисам одавде“ и сл. Потоа, озрачените лекари тајно биле одвезени на испитувања во Москва, во државниот медицински центар „Бурназјан“, специјализиран за биофизика и нуклеарна медицина, а нивната понатамошна судбина не е воопшто оптимистичка. Кога при прегледите, во нивните мускулни ткива било откриено присуство на радиоактивниот изотоп цезиум-137, тие биле запрашани во какви сè места патувале, на што, некои од нив одговориле дека одморале во Тајланд, па руските власти дале „мудро“ објаснување дека озрачените лекари најверојатно „јаделе тајландски ракови“, кои „биле озрачени од јапонската нуклеарна електрана Фукушима“. Лагите и цинизмот на руските власти немаат граници! Њонокса те ќе ја евакуираа, те нема да ја евакуираа, на нејзините жители ништо не им е јасно, а слично е и со оние во Северодвинск, Архангелск и другите засегнати подрачја, на кои само им преостанува да ги празнат аптеките од јод, чие конзумирање се препорачува при појава на радијација. Некои од тамошните жители решија да заминат од своите домови – кој каде стигне, во сопствена режија. Локалната власт и руската метеоролошка служба најпрвин уредно објавиле дека дошло до ширење на радијација, но набргу, оваа вест „волшебно“ исчезнала од нивните официјални сајтови. Додека на путинскиот режим не му е грижа за граѓаните, одговорната Германија почна да презема превентивни мерки и да ги зголемува своите залихи на јод. Набргу по инцидентот, половина од руските мерни центри за радијација „случајно“ откажаа (оние во Киров, Дубна, Залесово и Билибино), што е местенка на Путин за да не се дознае за вистинските размери на катастрофата. Задача на ваквите центри е не само да мерат, туку и да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија на ООН со седиште во Виена, но руските власти изјавија дека тоа се прави на доброволна основа и дека не претставува обврска (читај: тие не сакаат меѓународната јавност да дознае што се случува). Сепак, мало количество на радијација стигна до границите на соседна Норвешка, кајшто беше уредно регистрирана од нејзините мерни центри. Вибрациите од експлозијата, пак, биле уредно регистрирани од нејзиниот сеизмолошки систем НОРСАР. Лагата не може да се сокрие, особено не од педантните Скандинавци. Москва истотака сакала да ја заташка Чернобилската катастрофа (1986), но тогаш, педантните Швеѓани нашле радиоактивни честички околу својата нуклеарна електрана Форсмарк, па откако констатирале дека таа е исправна, тие заклучиле дека радијацијата е дојдена однадвор и коректно го лоцирале нејзиниот извор „некаде во западниот Советски Сојуз“. Норвежаните сега сметаат дека во Њонокса всушност се случиле не една, туку дури две експлозии, што настанот го прави уште потрагичен. Меѓу загинатите во инцидентов имало неколку „стручњаци“ од руското државно претпријатие Росатом, какви што се ангажираат и за одржување на нуклеарната електрана Козлодуј во нам соседната Бугарија, па не изненадува што и таму се случувале куп инциденти (руска работа). Тука по не знам кој пат апелирам до нашата влада да се откаже од своите намери за инвестирање во новата бугарска нуклеарна електрана Белене, а до бугарските власти – да се откажат од тој проект и општо, од ваквиот вид на енергија. Воедно, мошне опасно е во една Евроатлантска членка каква што е Бугарија да има „тројански коњи“, какви што се „стручњаците“ од Росатом, особено во таква чувствителна и опасна сфера каква што е нуклеарната енергија.

На 23.08.2018 год., еколошка катастрофа се случи и во кримскиот град Армјанск, во заводот „Кримски титан“, од којшто во атмосферата излезе токсичен гас (испарување на некаква киселина), што предизвика труење, гушење и изгореници кај месното население, голем дел од кое беше евакуирано, а беше воведена и вонредна состојба. Ете таков „напредок“ донесе Москва на „ослободениот“ Крим! Во јули 2012 год., во градот со слично име, Кримск, кој се наоѓа во Краснодарскиот Крај на Југот на Русија, лошата хидрорегулација доведе до библиски потоп, во којшто се удави 171 лице, а како што веќе спомнав, при крајот на јуни 2019 год., нешто слично се случи во Иркутската Област во Сибир, при што особено пострада градот Тулун. Илјадници домови низ областа беа поплавени и голем број на нејзини жители се удавија, исчезнаа или се евакуираа, а за сето тоа придонесе и неодговорноста и пасивноста на власта и неквалитетните брани кои таа таму ги склепала. Паралелно, во други делови на Сибир беснееја пожари, за кои се смета дека биле подметнати, со цел да се затскрие незаконската експлоатација на тамошната тајга (шума), при што пострада еко-системот и тамошните жители, но властите мртви ладни изјавија дека гаснењето е неисплатливо. Друг позначаен пожар беше оној во ТЦ „Зимнаја вишња“ во сибирскиот град Кемерово, кој избувна на 25.03.2018 год. и кој однесе 64 жртви. Повеќе од половината од нив (41) беа деца, кои живи изгореа во тамошната кино сала. За оваа трагедија не беа виновни некакви надворешни или внатрешни непријатели, ЦИА, Сорос или Илуминатите, туку билмезменот кој го подигнал овој недоделкан објект и корумпираните власти кои тоа му го одобриле. Според бројот на жртвите, уште потрагичен беше пожарот што се случи на 05.12.2009 год. во ноќниот клуб „Хромаја лошад“ во градот Перм, кајшто заради лошата противпожарна превенција и несовесно ракување со пиротехника загинаа дури 156 души, поточно, околу 110 на самото место, а останатите беа дотепани по руските болници. Последна позначајна несреќа во руската цивилна авијација беше онаа на летот 1492 на Аерофлот, на московскиот аеродром Шереметјево, на 05.05.2019 год., при што, животот го загуби 41 лице. Мошне честа појава се и труењата, па така, например, во градот Кизљар, 200 души завршиле в болница заради тоа што локалниот водовод е затруен со нечистотија и црви.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Една руска поговорка вели: „У России две беды — дураки и дороги“ („Русија има две маани – нејзините глупаци и нејзините патишта“), додека Наполеон велел: „Во Русија нема патишта, туку само насоки“. Додека руските власти фрлаат милијарди на Керченскиот Мост до Крим, до некои руски градови до ден денес не постои автопат. Да, добро прочитавте, не е шега, ниту печатна грешка. До Норилск, Петропавловск Камчатскиј, Воркута и куп други руски градови (не села) не постои автопат. Има случаи кога: а) автопат воопшто нема или б) тој е во толку катастрофална состојба, што е неупотреблив и опасен по живот (особено во зимски услови). До таквите градови може да се стигне само со авион или брод, а ако имаш к’смет, можеби ќе има воз. Еден граѓанин му се пожали на Путин дека редовно си ги плаќа давачките за својата кола, но дека нормални патишта во неговата околина нема, на што, претседателот со потсмев му одговори: „Па што си купуел кола ако нема патишта?!“. Руските власти не ги градат истите, но иронично, тие воведуваат систем за наплата на патарини, наречен „Платон“, на што, камионџиите одговорија со протести и блокирања, за на крај да завршат етикетирани како „предавници“, „соросоиди“, „амерички шпиуни“ и сл. На 27.11.2019 год., помпезно беше отворена брзата автотраса М-11 „Нева“ на релација Москва – Петербург, во должина од 684 km, но зарем ова е успех за една суперсила?! Па нели таа досеа требаше да гради колонии на Марс?! И уште, трасава требаше да биде готова за Светското Фудбалско Првенство 2018, но ова се повторува за секој проект: изградбата се одолговлекува (во случајов, таа траеше дури 10 години), трошоците десетократно се зголемуваат од првично планираните, се краде, се лаже, се местат тендери итн. И згора на сè, трасата всушност не е 100% готова и за неа се наплаќа релативно висока патарина. Кога на тоа ќе се додаде горивото и другите трошоци – поевтино е да се лета со авион. Некои ќе речат дека патарината си е нормална и дека таа е неопходна за одржување на патиштата, но неколку месеци претходно, почна да се распаѓа автопатот А-147 близу олимпискиот Сочи, а чести се и падовите на мостови. Прашање е само на време кога ќе падне и оној Керченскиот, во чија изградба истотака имаше куп далавери. Руските власти планираат нова автострада во Москва, која ќе минува низ земјиште во кое советските „стручњаци“ имале закопано радиоактивен отпад, па при градежните работи може да дојде до нов Чернобил! Називот на автострадата ќе биде Југо-Источна Хорда (Юго-Восточная хорда), баш со тој злокобен збор – „хорда“.

Во декември 2018 год., руските медиуми ја испофалија тамошната технологија за тоа што создала мошне напреден хуманоиден робот, нагалено наречен Борис, но се испостави дека тоа бил некој преоблечен човек по име Аљоша! Тоа беа циркузи! Фјодор, односно FEDOR (Final Experimental Demonstration Object Research) е навистина робот, но и тој нешто заебал работа – во август 2019 год., тој управуваше вселенско летало до Меѓународната Вселенска Станица, но имаше проблем да се спои со неа, а на интернет се појави клип, во којшто роботот гаѓа со пиштол в мета, што вознемири некои учесници во проектот, кои заклучија дека РФ планира да создаде „Терминатор“ и се повлекоа од истиот. Ете за вакви мегаломански проекти Путин фрла пари, а обичните Руси веќе немаат што да јадат. На младинскиот образовен форум „Машук 2019“, на директорот на државното претпријатие за космонавтика Роскосмос, Димитриј Рогозин, младите иноватори му го претставија најновиот крик на технологијата – осетинскиот робот Хажби, кој танцува лезгинка (фолклорен танец од Кавказот). Но роботчево едвај мрда , што нималку не личи на темпераментната лезгинка, а многумина го споредуваат со оние што можат да се купат на Aliexpress.

Како противодговор на санкциите, руските IT компании исфрлија на пазарот лаптопи и десктоп компјутери од сопствено производство, но тие се инфериорни во однос на увозните и имаат застрашувачки дизајн и тежина од 100 кила. Се работи за марката Эльбрус со истоимениот микропроцесор на компанијата МЦСТ, кој е една од ретките компоненти од руско производство во овие конфигурации, за кои вие сигурно не сте чуле и кои никој не ги купува. Западните стручњаци коментираат дека процесоров е топ – за стандардите на далечната 1999-та. Развојот на овој „конфљутер“ започнал уште во советските времиња за потребите на одбраната, науката и слични сериозни намени, но дури сега се прават чекори за негово доближување до обичните корисници, кои нималку не „кубат коси“ по него. Со оглед дека Windows „не фаќа“ на Эльбрус, за него е направен и посебен оперативен систем.

Во декември 2019 год., на интернет се појавија фотографии на кои Путин седи покрај компјутер, а внимателните британски аналитичари забележаа дека оперативниот систем на истиот е веќе одамна застарениот Windows XP.

2.4. Митот за руската култура

Треба конечно да се разобличи и митот за културната супериорност на Русите наспроти „глупавите Американци“, кои „немаат никаква култура“. Чеј малце, Хемингвеј, Марк Твен, Џек Лондон, Вилијам Фокнер, Џек Керуек, Едгар Алан По – тоа не е култура? Нaционалната Галерија во Вашингтон и Музејот на Модерна Уметност во Њујорк – тоа не е култура? Њујоршката арт-деко архитектура – тоа не е култура? Музичките дела на Џорџ Гершвин и Кол Портер – тоа не е култура? Френк Синатра, Дин Мартин, Луј Армстронг, Мајлс Дејвис, Чарли Паркер, Дјук Елингтон, Били Холидеј, Нина Симоун, Џон Колтрејн – тоа не е култура? Филмовите на Чаплин – тоа не е култура? Холивудските класици како „Казабланка“, „Граѓанинот Кејн“, „Трамвајот наречен желба“, „Кум“, „Лет над гнездото на кукавицата“, „Е.Т.“, „Апокалипса сега“ – тоа не е култура? Долгометражните aнимирани филмови на Дизни – тоа не е култура? Рок – поезијата на Џим Морисон, Боб Дилан, Лу Рид, Том Вејтс, Џони Кеш – тоа не е култура? Епа што е тогаш култура? Сега ќе ви кажам што е тоа култура ако сакате да знаете што е тоа култура.

Култура според Русите е Филип Киркоров, кичерајски турбо-фолк пејач, кој е дури носител на официјалната титула „Народен Артист на РФ“, како и на „Орденот на Честа“, врачен од Путин лично! Тоа е Боки 13-ка on acid! Покрај тоа што Киркоров прави ужасна музика (читај: ужасни плагијати), која ја изведува исклучиво на плејбек, тој е истотака и морален монструм и постојано ги навредува новинарите или своите колеги – музичари и дури им ги испраќа своите телохранители да ги претепаат, а неколкупати тој има физички напаѓано свои обожавател(к)и, кои се дрзнале да му се приближат. Кај нас, фала богу, овој „Заслужен уметник“ и „Златен глас на Русија“ е потполно непознат, но интересно е да се спомне дека тој гостувал на битолскиот Интерфест во далечната 1992 год. Значи, тука не говориме само за некој „мошне популарен пејач“, туку за пејач, кој е официјално прогласен за заслужен, за дел од руското културно наследство и сл.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Филип Киркоров, поп пејач и носител на титулата „Заслужен артист на РФ“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Ова не е пародија. Човеков си се сфаќа себеси смртно сериозно.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Доделување на орден на Киркоров од страна на Путин.

Плагијатите се неодвоив дел во руската култура, што е сличен муабет на оној што претходно го праевме за руската наука, технологија и индустрија. Да започнеме од извиканата руска литература: „Сказна за мртвата принцеза и седумте јунаци“ (1833) од Пушкин била плагијат на „Снежана и седумте џуџиња“ (1812) од Браќата Грим; „Златното клуче или авантурите на Буратино“ (1936) од Алексеј Толстој – на „Пинокио“ (1883) од Италијанецот Карло Колоди; „Волшебникот на смарагдниот град“ (1939) од Александар Волков – на „Волшебникот од Оз“ (1900) од Американецот Лиман Баум; „Доктор Офболи“ (1936) од Корнеј Чуковски – на „Доктор Дулитл“ (1920) од Англичанецот Хју Лофтинг; а „Тања Гротер“ (2002) од Димитриј Енц – на „Хари Потер“ (1997) од Англичанката Џоан Роулинг. „Песјо срце“ (1925) на Михаил Булгаков е на иста тема како и „Островот на доктор Моро“ (1896) на Херберт Велс, иако ова не е стопроцентен плагијат. Да ги погледнеме и руските филмови – „12“ (2007) на режисерот Никита Михалков е плагијат на американскиот “12 Angry Men” (1957) на Сидни Ламет. Своите плагијаторски способности, Михалков ги покажа и во филмот „Движение вверх“ (2017), додуша, овојпат како продуцент, а не како режисер – оваа спортска драма содржи елементи од американскиот “Miracle” (2004). Како можеше ваков плагијатор пред нос да му го собере Оскарот на Милчо наш во далечната 1994 год. – мене не ми е јасно. Славната советска комедија „Кавказская пленница“ (1967) содржи елементи од американската “The Rogue Song” (1930) со далеку пославните Станлио и Олио во главните улоги, а „Бриллиантовая рука“ (1969) – од данската “Slå først, Frede” (1965). Рускиот „День Д“ (2008) е бедна копија на “Commando” (1985) со Арнолд Шварценегер во главната улога. Плагијати врие и среде руските музички хитови: „Жестокая любовь“ на Филип Киркоров е плагијат на “Symphonic Space Dream” од француската група Space; „Беспечный ангел“ на хард-рокерите Ария – на “Going for a Run” од нивните холандски колеги Golden Earring; „Я скучаю по тебе“ на Сергеј Трофимов – на “Parisienne Walkways” од северноирскиот гитарист Гери Мур; „Всё для тебя“ на Стас Михајлов – на “Love Never Loved Me” од бившата спајсица Гери Халовел; итн. Овие руски имиња вам не ви значат ништо, но тоа се мега-ѕвезди, дел од кои се одликувани како „Заслужни уметници“, и тие настапуваат на пазар од стотици милиони слушатели и млатат подеднакво големи суми на пари. Да се разбереме, плагијати имало и ќе има, како на Исток, така и на Запад, па и кај нас (да бидеме искрени), но во Русија оваа појава ги има преминато сите граници. Генерации Руси, фактички, израснале на лаги. Ако е некаква бедна утеха, благодарение на сè поголемиот напредок на интернетот, истите веќе сè потешко поминуваат.

Со ретки исклучоци, во културната престолнина на РФ, Санкт Петербург, нема ништо руско, па дури ни неговиот назив не е руски. Тој е всушност копија на Венеција, Амстердам и слични европски градови, од кајшто царот Петар Велики довел архитекти, вајари и други мајстори, и бил подигнат од нула со помош на робови, на територија која Русите ја зазеле од Швеѓаните, а која во етничка смисла била финска. Циниците би заклучиле дека градов, всушност, бил нешто како нашиот проект „Скопје 2014“, додуша, со далеку повеќе мерка и вкус. Не залудно еден од повеќето прекари на Петербург е „Северна Венеција“, колку да се знае од кај го здиплиле. Слична приказна има и Московскиот Кремљ, кого го ѕидале италијански мајстори. Многу од „традиционалните“ руски цркви се всушност инспирирани од турко-татарската архитектура, но подетално околу ова подоцна. Важен дел од културата е секако фолклорот, но знаете ли дека традиционалната руска кукла „Матрјошка“, во која се вметнуваат помали кукли, воопшто не е традиционална? Мајсторите кои први ја изработиле, Василиј Звјоздочкин (1876-1956) и Сергеј Маљутин (1859-1937), ја мазнале идејата од слична јапонска традиционална кукла! Руската национална кујна во голема мера е копија на онаа на соседните народи: чорбата боршч е преземена од Украинците; варените тестенини пељмени – од уралските угро-фински народи, или, пак, од Монголците и Кинезите; шашликот (месо на ражен) и чебурекот (пржена погачка со мелено месо) – од Кримските Татари; а вотката – од Полјаците. Она што ние го знаеме како „руска салата“, всушност, се вика оливје и воопшто не е дел од традиционалната руска кујна, туку ја измислил Лусиен Оливје (1838-1883), Француз или франкофонски Белгиец, кој држел ресторан во Москва. Ти со цел памет мислиш дека рускиот селанец дома правел мајонез?! Преземени елементи можат да се сретнат и во руските танци (напр. козачокот е украински) или во носиите (т.н. черкеска, логично, е преземена од Черкезите). Патем, некои руски народни песни воопшто не се народни – славната „Катюша“, например, е стаљински шлагер, компониран во 1938 год., а „Калинка“ – во 1860 год. За онаа првонаведената постојат основани сомненија дека е модификација на „Нико-полка опус 228“ на австрискиот валцераш Јохан Штраус, кој бил на привремена работа во Руската Империја.

Да не бидам сфатен погрешно, Русија навистина има фасцинантна културна понуда, но ако вие прокопате под таа блескава фасада, вие ќе се соочите со суровата реалност дека музејот Ермитаж, Третјаковската Галерија и Бољшој Театар претставуваат само мал сегмент од таа огромна земја, додека остатокот е една невидена проста маса, кич и шунд! Не заборавајте дека во оние раскошни споменици на архитектурата, каков што е Московскиот Кремљ или Зимскиот Дворец во Петербург, уживал само 1% од руското население (царот и аристократијата околу него или советските вождови), додека останатото било џунгла. Како што веќе објаснив, оние големи писатели, сликари, балетани, кантавтори, режисери и други уметници со кои Русија се гордее, попрво биле „белые вороны“ (односно „црни овци“) отколку нејзини типични претставници. Прочитајте ги биографиите на: Толстој, Достоевски, Пушкин, Каразин, Љермонтов, Костомаров, Солжењицин, Ахматова, Цветаева, Пастернак, Бродски, Сахаров, Хармс, Тарковскиј, Нуреев, Баришњиков, Висоцкиј – тоа било едно прогањање, патња, затвори, екстерен или интерен егзил, стрелања, самоубиства, растурени семејства, несфатеност, понижување и потценување итн. Не знам друга земја толку свињски да се однесувала кон своите најголеми уметници.

Во РФ постои една младинска субкултура наречена гопники – маалски дрипци, кои грицкаат семки на клупи, облечени во фејк „AdiBas“ тренерки и чичковски качкети. Гопниките ги има илјадници, а типично за нив е тоа што тие не мрдаат подалеку од својот „район“ (животот им се сведува на радиус од 100 m) и седењето во клечечка положба (оттаму произлегува популарниот internet meme “Squatting Slavs”). Тие напаѓаат случајни минувачи, ги претресуваат и им одземаат пари, мобилни телефони и сл., а речникот им е ограничен на: „Деньги есть? А если найду?“ („Имаш пари? А ако ти најдам?“). Нивна омилена мета се т.н. „неформалы“ (алтернативци и други инакумислечки луѓе). Постојат тврдења дека во слично милје израснал и самиот Путин. За каква културна супериорност на Русите наспроти Западот може да стане збор?! Подолу од гопник не постои – тоа се говоречки животни.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руски гопники.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Гопник и Пушкин на некоја јавна манифестација.

Да проговориме и за извиканото руско образование. Сигурно се сеќавате на оние смешни Youtube клипови од улични анкети, во коишто глупавите Американци покажуваат потполно непознавање на географијата и другите народи и култури, но иронично, такви анкети беа направени и на руските улици, а резултатите излегоа исти!

Во ноември 2019 год., руската јавност беше потресена од убиството на студентката Анастасија Ешченко, извршено од страна на 63-годишниот професор по историја Олег Соколов. Тој имал љубовна врска со студентката, која, од некои причини, тој решил да ја масакрира, да ја спакува во вреќа и да ја фрли в река, при што, тој самиот паднал во истата и бил откриен од полицијата. Професорот бил познат по своето ексцентрично однесување и навиката да се облекува како Наполеон (?!), како и по своето учество во реконструкции на познати историски битки. Во нормална земја, ваквиот школски пример за психопат би завршил в лудница, но не и во РФ, кајшто типов бил високо ценет во академските кругови!

Близок пријател на Соколов е доскорешниот министер за култура Владимир Медински, кој по убиството искоментира: „Џокер ви чини, а Соколов не?“. Руската јавност остана зината. Па побогу каква е таа изјава?! Дали било кој нормален може да спореди измислен филмски негативец каков што е Џокер со реален убиец?! Патем, министерот ќе остане запаметен и по изјавата дека стриповите се шунд, малоумна забава и сл., иако во нормалниот свет, тие се одамна сметани за деветта уметност и се ценети исто како и сликарството, литературата, музиката и филмот. Каков професор – таков министер. Се нашле кој од кој!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Проф. Соколов како Наполеон.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Убиецот со својата идна жртва, Анастасија Ешченко.

Членот на Граѓанската комора на РФ и некогашен заменик – министер за култура, Павел Пожигајло, изјави дека доколку тој би бил претседател, тој би го укинал истото тоа министерство, би ги затворил сите театри и би го забранил изучувањето на англискиот јазик. Според него, министерството ја спонзорира „развратната“ современа уметност, па кога некој денес ќе му предложи „култура“ – тоа секогаш завршува со „геј-парада“. Театарот, според него, претставува замена за литургијата и ги оттргнува граѓаните од црквата, што е „осмислена диверзија“, а со изучувањето на англискиот јазик, руските деца „се однародуваат“. Англискиот, според Пожигајло, е мошне „примитивен“ и „може да се изучи за само половина година“ (yeah sure, затоа 99% од Русите не знаат ни збор англиски, а за тоа колку е „супериорен“ нивниот јазик ќе проговорам малку подоцна).

Иронично, актуелната министерката за култура, Олга Љубимова, е позната по својата долгогодишна работа на филмски и ТВ проекти поврзани со црквата и православието, но во јавноста процури нејзиниот стар блог „Кропалик“ (сленг за хашиш), кајшто секој втор збор ѝ е „говно“ или „хуй“, кајшто таа признава дека со мажот снифаат кока пред очите на синот, и кајшто таа изразува гадење од класична музика, опера, балет, музеи, артхаус филмови и практично сè што е култура, како и од црквата, патриотизмот и семејните вредности за кои труби путинскиот режим, оној истиот за кого таа сега работи. Слична дилајла е писателот Едвард Лимонов, кој во советските времиња побегнал во САД и бил учесник во тамошната андерграунд сцена, за подоцна да забега во некои сосема поинакви води – великодржавни и шовинистички. Лимонов некогаш беше жесток критичар на Путин, но подоцна драстично го омекна ставот. И кај нас имаше некои „малце откачени“ ликови кои на крај завршија во прегратките на Грујо (напр. веќе споменатиот „дрогераш“ на Коља), така што ваквите пресврти не изненадуваат.

На 05.04.2016 год., рускиот виолончелист Сергеј Ролдугин одржа концерт во амфитеатарот во сирискиот град Палмира, кој околу месец дена претходно беше ослободен од канџите на ИСИС од страна на сириските владини сили и нивните руски сојузници. Настанот имаше големо симболично значење и претставуваше триумф на културата и цивилизацијата над варваризмот и деструкцијата на ИСИС. И сè ќе беше прекрасно ако не се дознаеше дека Ролдугин е корумпиран билмезмен, кој има „испрано“ милијарди долари преку разни офшори, во соработка со неговиот пријател од младоста – Путин, за што посведочија т.н. Панамски документи. За сè да биде уште поужасно, по само неколку месеци, Палмира повторно потпадна под ИСИС, па таа пак мораше да биде ослободувана. Тука во вода падна и целата помпа со концертот, како и митовите за руската воена моќ, на кои ќе се осврнам малку подоцна. Некои сметаат дека падот на градот е резултат на матните политички игри на Асад и Путин, на кои не им било толку битно да ја бранат Палмира, колку да го заземат Алепо. Според некои, ова ја потврдува тезата дека Асад и Путин не се борат толку против ИСИС, колку против умерената сириска опозиција (додуша, прашање е дали во Сирија воопшто останала умерена опозиција, но сакам да кажам, поумерена во споредба со ИСИС). За својот концерт, Ролдугин беше одликуван со орденот „За ослободување на Палмира“, но по нејзиниот пад, некои иронизираа дека тој треба да го врати истиот назад.

2.4.1. Имануел Кант не е cunt!

Неписменоста и простотилакот во РФ, всушност, имаат вџашувачки размери, за што најдобро сведочи скандалот кој таму се случи во врска со славниот германски и светски филозоф Имануел Кант (1724-1804). Во 2018 год., во РФ се одржа интернет гласање за преименување на тамошните аеродроми во чест на познати историски личности. Притоа, за секој аеродром беа понудени неколку кандидати (напр. Пушкин, Достоевски или сл.). Тука беше и аеродромот во Калињинград, Храброво, а еден од кандидатите, според кого тој требаше да се преименува, беше Кант. Кандидатурата на Кант беше сосема логична и оправдана, но таа предизвика жестоки реакции кај неписмените руски шовинисти. Кутрите, тие не знаат дека Калињинград бил германски град, Кенигсберг (Königsberg), и дека тој, заедно со својата околина, бил насилно приклучен кон Русија по Втората Светска Војна. Претходно, во градот цутела богата германска култура, дел од која бил и Кант. Во градот имало и полско, литванско и еврејско малцинство, а Руси, се чини, немало ни за лек. Што е за право, Руската Империја еднаш го зазела градот, но тој не бил „исконно русский“ и таа го држела од 1758-1762 год., што е мошне кус период. По 1945 год., од градот биле етнички исчистени сите оригинални жители – Германци и тој бил преименуван во чест на една совјетска комуњара и стаљински џелат, Михаил Калињин (1875-1946), кој со овој град нема никаква врска (тој бил од Тверската Област).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Жртви на рускиот масакр во германскиот Метгетен (1945), сега дел од Калињинград.

Сега се пружи можност донекаде да се исправи оваа историска неправда и аеродромот во Калињинград да го добие името на Кант, но на тоа жестоко му се спротивстави извесниот руски вице-адмирал Мухаметшин. Некаде на почетокот на декември 2018 год., Мухаметшин ги построи своите единици и им порача тие да гласаат против Кант, кого го опиша како „предавник“, „полтрон“, „автор на некакви книги, кои никој не ги чита“ и сл., што беше примитивизам каков што светот одамна немаше видено. Ова воопшто не влегува во надлежностите на еден адмирал, а да спомнам и дека Мухаметшин (башкирско муслиманско презиме) нема никаква врска со Калињинград, туку тој е родум од Нефтекамск, од далечниот Башкортостан, една од повеќето сојузни републики на РФ. Наместо за Кант, Мухаметшин им порача на своите единици да гласаат за советскиот маршал Александар Василевскиј (1895-1977), кој истотака немал врска со Калињинград, освен што, во 1945 год., тој командувал со неговото заземање. 80% од градот тогаш биле разрушени, а во тамошната населба Метгетен, трупите на Василевскиј извршиле масакр на 3000 цивили, како и масовни силувања. Дури ни децата не биле поштедени, а подоцна, освојувачите го вандализирале и гробот на Кант. Освен што Мухаметшин е глуп к’о ћускија и што пика нос во нешта за кои е некомпетентен, тој е истотака и „манкурт“ (предавник), т.е. тоа е Башкир кој го бацува газот на поробувачите на неговата земја – Русите. Па побогу, зошто Башкир би оддавал чест на еден руски освојувач?! Кенигсберг, Башкортостан, Татарстан, Чеченија, Черкезија, Чувашија, Удмуртија, Бурјатија, Дагестан, Карелија – сè се тоа територии, кои Русите насилно ги освоиле и врз кои спроведувале брутални репресии, јал во царските, јал во советските времиња.

Медимуите пренесоа дека на почетокот на интернет гласањето, Кант бил во водство, но по негативната кампања против него, победата ја однесе императорката Елизавета Петровна (1709-1761), уште една личност, која нема врска со Калињинград, освен што нејзините војски го освоиле и го држеле само неколку години. Прашање е дали таа воопшто стапнала во него. Но идејата за преименување на аеродромот во чест на Кант предизвика не само вербални реакции, туку и вандализам, па така, мета на руските шовинисти станаа скулптурата на Кант и неговата спомен плоча и гробница во Калињинград, кои беа вандализирани со розова и бела боја. Ова, всушност, не е нешто ново, затоа што тие локалитети биле мета на вандали уште по руското заземање на Кенигсберг. Истотака да спомнам дека спомен домот на Кант во с. Веселовка (старо име: Јудшен) долги години беше оставен да се распаѓа под забот на времето. Домот беше распукан, исчкртан со графити и зараснат во коров и во него вршеа нужда наркомани со сида. Јас мислев дека на европско тло вакво дивљаштво останало само на Косово (кајшто албански толпи палеа средновековни српски манастири под заштита на УНЕСКО), но очигледно сум се излажал. Ај ќе разберам некој да крене рака врз статуа на диктатор или врз тоталитарен, соц – реалистички кич, но да кренеш рака врз Кант, тоа е знак за сериозно заболување. Кутриот Кант не само што бил мошне мудар, туку и мошне скромен и етичен човек. „Не му го прави на другиот она, кое не сакаш да ти го прават тебе“ – би одговорил тој.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Статуата на Кант вандализирана, Калињинград, 2018.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Спомен плочата на Кант вандализирана, Калињинград, 2018.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Гробот на Кант вандализиран, Калињинград, 2018.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Гробот на Кант во повоениот период. Еден од графитите вели: „Си помислил ли дека еден ден рускиот Иван ќе стои над твоите коски?“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Гробот на Кант во повоениот период. Еден од графитите вели: „Сега ти сфати дека светот е материјален“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Спомен домот на Кант во Веселовка. На Русите дури неодамна им текна да го реставрираат.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Внатрешноста на спомен домот на Кант во Веселовка до неодамнешната реставрација.

2.5. Митот за руската духовност и трулата Гејропа

2.5.1. Кривославие

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Photoshop ради: сад га видиш, сад га не видиш.

Поштедете ме од муабетите за „големата духовност на Русите“, наспроти „бездуховниот и декадентен Запад“. Мнозината Руси не се ниту spiritual, ниту religious, а според одредени истражувања, процентот на православни среде нив се движи од 41% до 79%, што не е некоја импресивна бројка, кога ќе се земе в предвид дека Русија се смета себеси за „Третиот Рим“, т.е. за еден од бастионите на христијанството, заедно со Ватикан и Константинопол. Вероисповеста не била вклучена во нејзиниот последен попис од 2010 год., така што мене ми останува само да се потпрам на вакви истражувања, иако е прашање колку се тие меродавни. Зошто овие цифри се такви – не знам, но на тоа веројатно влијае и огромната корупција во црквата – пред извесно време, рускиот патријарх Кирил беше „уловен“ на фотографија со швајцарски часовник Breguet од $30000, за отпосле, истиот да биде отстранет со Photoshop! Арно ама, патријархот на сликата седи покрај исполирана маса, поради што, на неа се гледа одраз, кого фотошоперите заборавиле да го покријат, па часовникот остана видлив! Фатена во лага, прес-службата на Руската Православна Црква на крај го призна фалсификатов, но „се вадеше“ дека тоа бил грев на некој нејзин вработен, кој „малце се занел“. Неодамна почина еден од најпознатите руски великодостојници, Всеволд Чаплин (1968-2020), но тој немаше ништо заедничко со славниот комичар, со кого само делеше исто презиме, туку беше озлогласен по говорот на омраза, повиците за линч и заложбите за репресивни политики, како и по изјавата дека „хуманизмот е сатанско учење“. Можеби и ова алиенира извесен број на верници од црквата.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Документи на тајните служби за нивното управување со РПЦ.

Всушност, голем дел од тоа свештенство се состои од бивши кодоши на КГБ (ти стварно мислиш дека некој у советско време можел да стане црковен великодостојник без амин од тајните служби?). За оние што не знаат, РПЦ (онаква, каква што ја знаеме денес) била формирана во 1943 год. по директива на Сталин, чија цел била полесно да ги контролира народните маси и да го поттикне патриотизмот во Втората Светска Војна. Претходно, илјадници свештеници биле стрелани од страна на истиот тој Сталин и биле заменети со режимски полтрони, а за контрола над оваа „новокомпонирана“ црква бил задолжен претседателот на Советот за Црковни Прашања (читај: офицер на КГБ), Георгиј Григоријевич Карпов (1898-1967). Тој бил познат сталински мачител, кој ги давел своите жртви со ремен – „вистински чоек“ за духовни прашања! Во раните 1990-ти, свештеникот – дисидент Глеб Јакунин се обидел да ги отвори архивите на тајната служба, со цел да се изврши лустрација среде свештенството, но наскоро, тој бил распопен и станал мета на напади. Оттаму, не чуди што Руската Задгранична Црква, создадена во дијаспората од попови – бегалци од комунизмот, не сака да се помири со РПЦ.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руси се крстат на гробот на Сталин.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руси коленичат на гробот на Сталин.

Илјадници Руси одат на гробот на патолошкиот убиец и милитантен атеист Сталин, сместен покрај ѕидините на Кремљ и тука коленичат и се крстат, а истото се прави и во блискиот мавзолеј на Ленин, кајшто до ден денес е изложено неговото ПРЕПАРИРАНО тело. Луѓе чекаат во долги редици за да го видат, што е окултизам, паганштина, некрофилија и канибализам од застрашувачки размери. Комунистите, фактички, сакале да ја заменат православната религија со своја, што дури и Путин го признава, објаснувајќи дека балсамирањето на Ленин требало да биде замена за моштите на познатите светци, кои, нели, се посетувани и почитувани од страна на верниците. Самиот мавзолеј, да спомнам, е изграден во форма која потсетува на египетските пирамиди (додуша, оваа „пирамида“ е скалеста). По смртта на Сталин, неговото тело било додадено во „пирамидава“, а во времето на десталинизацијата на Хрушчов, се појавила идејата тоа да се отстрани оттаму, но морало да се најде добро оправдание. На еден конгрес на владејачката Комунистичка Партија, нејзината стара членка Дора Лазуркина изјавила дека Ленин „ѝ се појавил на сон“ и дека „таа се посоветувала со него што треба да се стори“, а тој ѝ порачал дека „не сака да почива до Сталин“, заради „злото кое тој ѝ го донел на Партијата“. Што е ова, спиритизам?! Комунистите стварно забегале во некаква своја „религија“! Властите тогаш навистина го дислоцирале телото на Сталин од мавзолејот, случајно или не, ноќта на 31-ви октомври, токму кога Американците го одбележуваат празникот на мртвите Хелоуин (можно е Хрушчов да се запознал со овој празник при својата официјална посета на САД). Сега Сталин воскреснува од мртвите, па низ РФ се појавуваат некакви новокомпонирани икони, на коишто тој е претставен како светец и со нив се изведуваат богослужби, а и икони со ликот на Путин, кои, наводно, „замироточуваат“. Таква има во храмот на сектата Воскресувачка Рус во с. Бољшаја Јелња близу Нижниј Новгород, која Путин го смета за реинкарнација на средновековниот владетел Владимир Велики и на апостол Павле. Во една продавница за сувенири на петербуршкиот аеродром Пулково беше забележана скапоцена икона со ликот на Путин, која во пакет со онаа на Св. Никола се продава за $1300. За лудилото да биде комплетно, во РФ се појави и т.н. „православен фашизам“ и некакви попови – неонацисти!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Икона со ликот на Сталин и советските маршали.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Воени лица со иконата со Сталин на одбележувањето на Прохоровската битка од Втората Светска Војна, Белгородска Област, 2015.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Поп ја осветува иконата со Сталин на воениот аеродром во градот Енгелс, 2015.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Наци – свештеник.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руските политичари држат демагошки говори, низ коишто провејува веќе излитениот израз „духовные скрепы“ (духовни врски или така нешто), но потоа, тие заминуваат во бекстејџ, кајшто оргијаат со спонзоруши у џакузи, љокаат виски и се трезнат со кока. Тоа се сè бивши комунисти, кагебешња, силовики, сега најголеми „верници“. На прашањето што ќе се случи ако избувне нуклеарна војна, тие одговараат: „Мы попадем в рай, а они просто сдохнут“ или во превод: „Ние ќе одиме во Рајот, а тие (Западот, моја заб.) просто ќе рикнат“. Баш духовно.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Икона со Путин (долу лево) се продава во пакет со онаа на Св. Никола (горе) и со нараквица (долу десно).

Тие политичари често говорат за „семејните вредности“, но за жал, РФ има огромен број на разводи, а оттаму и илјадници самохрани мајки. Некој ќе рече, боже мој, разводи се случуваат насекаде, но во РФ таа појава има размери на вистинска епидемија! Над 50% од склучените бракови завршуваат со развод! Тука не се работи за некакво помодарство дојдено од „трулиот Запад“, туку Русија е веќе одамна светски шампион во оваа „дисциплина“. Разводите таму се толку вообичаени, што се честа тема во руската литература, музика и филм. Некои руски политичари дури предлагаа закон, согласно кој, граѓаните би смееле да стапуваат во брак најмногу трипати! Дури и самиот Путин е разведен од својата некогашна сопруга Људмила (моминско: Шкребнева). Таа, да спомнам, преживеала тешка сообраќајка, по што, таа најверојатно му здодеала и тој ја шутнал (семејни вредности, мда). Неговиот портпарол Димитриј Песков е во предност – тој двапати се има разведувано, а слични животни приказни, ако не и полоши, имаат и многу други Руси. Неколкупати се разведувал и царот Иван Грозни, а еднаш и Петар Велики. Оваа појава била најзастапена по Втората Светска Војна, во која загинале 20 и кусур милиони Руси, воглавно мажи, поради што се појавил вишок на женско население, па мажите имале голем избор и станале неодговорни. Не, јас не сум некаков моралист, само сакам да кажам дека Русите се последните луѓе на Планетава кои имаат право да попуваат околу „семејните вредности“.

Во сиве овие години патување низ Русија, јас мошне ретко сум среќавал верници. Кога случајно ќе сум налетал на нив, тие ме прашувале дали ние сме расколници, со оглед дека МПЦ не е канонски призната (гледано строго канонски, испаѓа дека сме), а во прашањето имаше доза на надменост, во стилот: „Вие не сте вистинска црква, туку секта“. Во фанатичните црквени кругови на Русија, секој контакт со МПЦ се анатемисува како богохулие. Но гледајте што се случува: заради неодамнешното признавање на Украинската Црква од страна на Вселенската Патријаршија („Православниот Ватикан“), РПЦ се скара со него и фактички самата стана расколничка! Епа кој е сега „секта“?! Украинскиот претседател Порошенко тогаш ја тролаше РПЦ, во стилот: „Еве сега ние имаме томос (указ за признавање) од ’православниот Папа’, а вие? Ќе ни го покажете вашиот ’томос’ од Сталин? LOL“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Иронично, најголемите ѕвезди на хомофобната Русија се геј: Борис Моисеев и Сергеј Зверев.

Религиозните фанатици и конзервативци низ светот ликуваат што РФ воведе забрана за промовирање на LGBT лајфстајлот, но зад таа фасада на „побожност“ и „продуховеност“ сешто се случува. Москва има повеќе геј – барови отколку некои западни градови; потоа, мошне опасни дроги, како што се „крокодил“ (замена за хероин) и „спайс“ (синтетичка марихуана); додека проститутките и спонзорушите (на руски наречени „содержанки“) се секојдневие, исто како и други појави, кои обично му се припишуваат на „декадентниот Запад“. Прогуглајте за “gay bars Moscow”, “гей-клубы Москвы” или за “проститутки Москвы” и ќе ви искочат куп резултати. Курви, педери и наркомани – колку сакаш! Застапена е и садо – мазо сцената (БДСМ), која истотака си има свои клубови, како и љубителите на групен секс и менување на партнери (свингерите). Среде руските властодршци има и доста педофили. Русите со презир ја нарекуваат Европа – „Гейропа“, но всушност, тие ни самите не се поарни. Во нивниот шоу бизнис врие од пејачи, актери, танчери, водители и стилисти, кои повеќе или помалку делуваат „педерастично“: Сергеј Зверев, Борис Моисеев, Сергеј Пенкин, Вјачеслав Зајцев, Филип Киркоров, Валериј Леонтјев, Николај Басков и Максим Галкин. Фактички, тоа се најбитните ѕвезди на хомофобната Русија! Истотака, некои од најбитните личности во нејзината историја биле геј, лез или би: композиторот Чајковски, балетанот Рудолф Нурејев, пијанистите Свјатослав Рихтер и Наум Штаркман, писателката Марија Цветаева, режисерот Сергеј Ејзенштејн, Гогољ, а можеби и Достоевски. Прочитајте ја неговата преписка со казахстанскиот просветител Чокан Валиханов, во која му вели: „Вие ми пишувате дека ме сакате. А јас Вам Ви објавувам без церемонии, дека јас во Вас се вљубив. Јас никогаш и кон никого, не исклучувајќи го дури ни родниот брат, не сум почувствувал таква привлечност како кон Вас, а само бог знае како тоа се стори“. Некои луѓе одат доттаму, што сметаат дека Путин можеби е closeted gay (или „в шкафу“ како што велат Русите). Според тие луѓе, Путин, како еден тврдокорен хетеросексуалец и моќен лидер, би требало увелико да оргија со атрактивни девојки, какви што во Русија има многу, но тој постојано е сам или во машко друштво. Многумина гледаат хомоеротика во тоа што тој полугол се слика како јава коњи или како рибари, а како џудист, тој постојано се ’рва со мажи или оди со нив во руска бања (сауна). Некои дури го сметаат за еден вид на геј-икона. Дури и славната Мадона се запрашува дали Путин е можеби геј, а тој ѝ се закани со затвор заради поддршката за LGBT заедницата на нејзините настапи во РФ.

Русите се, демек, големи хомофоби, но на 11.08.2019 год., еден американски турист во Петербург бил силуван од локални мажи! 30-годишниот турист, инаку геј, се запознал со нив во еден бар, по што се возел низ градот со нив и завршил во нивниот стан. Американецот таму се онесвестил (можеби му туриле rape drug во пијачката), а подоцна се разбудил речиси гол, при што сфатил дека бил силуван. Притоа, нему му бил украден часовник и 2000 руски рубљи. Во таква состојба, тој веднаш побегнал од станот, за да сфати дека се наоѓа во нему непознатото гратче Петергоф, по што со такси стигнал до својот хотел и го пријавил случајот в полиција, како и во американската амбасада. Е па, кој е сега „педер“ во приказнава?! На 08.12.2019 год., истотака во Петербург, еден таксист го силувал својот заспан 18-годишен патник Алексеј Е. На 16.10.2019 год., во истиот град, двајца мажи силувале студент од Бугарија. Нешто слично се случувало во еден студентски дом во сибирскиот град Братск, кајшто тројца студенти двапати силувале свој колега, што го снимале со смартфон, и уште, тие изнудувале пари од оштетениот и земале кредити на негово име. Во јануари 2018 год., во градот Сарапул во руската автономна Република Удмуртија, тројца мажи се опивале со еден свој пријател, кого решиле да го силуваат, а откако тој пружил отпор, тие го претепале, по што ја реализирале својата намера. Во мај 2018 год., келнер од хотелот „Хилтон“ во Нижни Новгород доброволно стапил во интимни односи со таксистот кој го враќал дома од работа, но набргу се премислил, поради што бил претепан и силуван. Ништо поарно не е ни во руската престолнина Москва, кајшто, во јуни 2019 год., истотака имало случај таксист да силува свој патник и дури да изнудува пари од него за бензин. Некаде во тоа време, еден 66-годишен пензионер од Москва нашол пијан човек како спие на клупа и ја искористил приликата да го силува. Пар години претходно, еден Московјанец бил обвинет за силување на двајца мажи, кои под закана со убиство најпрвин ги терал да имаат секс помеѓу себе. Во јануари 2020 год., московски таксист претепал 28-годишен патник од Тунис, затоа што одбил да стапи во интимни односи со него. Ете тоа е отприлика таа руска „хомофобија“. Не заборавајте и дека милиони Руси лежеле во сталинските гулази, кајшто силувањата на мажи биле вообичаена појава, а слично нешто се случува и во тамошната армија. Накусо, хомосексуалноста на тие простори воопшто не им е туѓа.

Се вели дека дури и најнационалистичкиот политичар во РФ, Жириновски, е геј. Новинарот Ренат Давлетгиљдеев се жалеше дека тој „му се пуштал“ и го фаќал за газ, а Жириновски јавно има признаено дека првите сексуални искуства му биле со постаро момче, кое го натерало на взаемна мастурбација. Жириновски ќе остане запаметен и по една журка во базен со своите млади сопартијци, исклучиво мажи, што делуваше крајно гејасто. И после сето тоа, Западот бил тој што ширел „геј пропаганда“?

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Gay party: најнационалистичкиот руски политичар Жириновски со своите сопартијци.

Западот е мета на критики и заради својот вулгарен материјализам и конзумеризам, но потполно истото се случува и во „духовната Русија“, што ќе го илустрирам со една анегдота. Еднаш ја гледав руската ТВ емисија „Сто прашања за возрасниот“ („Сто вопросов к взрослому“), во која публиката, составена од деца и младинци, им поставува прашања на познати личности од рускиот општествен живот. Јас мислев дека пред децата ќе излезе некој научник или космонаут, кој ќе ги советува дека до успехот се стига со напорно учење и работа, но на екранот се појави Жириновски, а она што следеше беше фрапантно! Некаде на средината на емисијата, едно девојче му постави прашање колку пари тој има во паричникот, а Жириновски вети дека ако некое од децата ја погоди сумата, тој ќе им ја подели. Децата западнаа во хистерија и почнаа гласно да нагаѓаат, а во нивните невини детски лица се појави нешто алчно и демонско! И навистина, откако едно момче ја погоди сумата, Жириновски им ги подели парите на децата, кои притоа лакомо се туркаа и грабаа! Ситуацијата во студиото стана толку хаотична, што мораше да интервенира обезбедувањето, а Жириновски почна да ги смирува децата со ветување дека ќе бидат донесени уште пари! Откако ситуацијата се смири, во етер се вклучи гласот на режисерот, кој го спореди тоа со сцена од романот на Булгаков – „Мајсторот и Маргарита“, кога на една театарска претстава „врне дожд“ од пари врз гледачите, кои притоа полудуваат и како животни се тепаат за истите. Но Жириновски не ја сфати пораката на режисерот и најнормално си го продолжи гостувањето. Тоа е таа руска духовност. Повулгарно и попримитивно нешто јас немам видено во живот. Но тоа не е сè! На Бадник 2020 год., Жириновски зема да дели пари среде Црвениот Плоштад во Москва, обраќајќи им се на насобраните граѓани со „клошари“, „пропалитети“ и слични епитети, но „за шаку долара“ тие ги голтаа ваквите понижувања. На истиот ден, но во Волгоград, нешто слично стори синот на еден висок чеченски функционер, Мухамед Носаев, кој од една зграда фрлаше пари врз насобраните граѓани, кои се понижуваа себеси, туркајќи се како свињи за истите. Дополнителен проблем во овој случај е тоа што Носаев е муслиман и ова заличе на негово омаловажување и потсмевање со православните Руси, и тоа, на нивен терен и на Бадник. Сепак, вината пред сè треба да се бара кај нив самите.

Во своите проповеди, великодостојникот на РПЦ, Дмитриј Смирнов, изјавува: „Христијанството е религија на алкохоличари и проститутки“, „на вотка, проституција, наркоманија“, „религија на животни“ и сл., додека кон муслиманите тој негува голема почит и малку фали тој да стане еден од нив. За нив тој вели: „Тоа што е подобно за Бога – современиот муслиман го знае. А современиот покрстен не го знае. И кој од нив е поблизок до Бога? Затоа иднината им припаѓа на муслиманите. Тие ќе ја населуваат оваа земја. Затоа што на современите покрстени сето тоа им е небитно [...] Тие (муслиманите, моја заб.) се предани, тие и постот го запазуваат. Кога ним им е празник, десетици илјади млади мажи се на колена, молејќи му се на Бога. Каде сте виделе толку православни мажи? Никаде и никогаш! Само баби! [...] Современиот муслиман е подготвен да умре за својата вера. Тој се обвиткува себеси со динамит. Каде ќе му наредат неговите мули и улеми, тој таму оди и умира, разнесува сè сосе себеси. Тој е подготвен себеси да се жртвува! А него го обвинуваат дека е терорист! Но тој не го прави тоа за да го заплаши светот. Па зошто тие младинци тогаш умираат? Затоа што не сакаат да имаат држава, управувана од педери. Тие не сакаат да им дојде оваа вулгарна естрада. Тие не сакаат разнишување на нивните темели. Пред сè оние семејните. Ете зошто тие умираат. Тоа не се некакви „терористи“ симнати од планина. Мнозинството од тие млади луѓе се со високо образование. Да, тие се фанатици [...] Тие се подготвени да одат во смрт. А ние сме исцрпени, полумртви, болни луѓе“.

На 05.03.2006 год., рускиот патријарх Алексиј Втори (1929-2008) имал срдечна средба со лидерот на исламистичката терористичка организација Хамас, Халед Машаал, кој во руското МНР е подобредојден отколку било кој наш политичар. Откако се изгрлил и изљубил со драгиот гостин, Алексиј Втори му објаснил дека баш тој ден бил православниот празник Прочка, па ги посоветувал Хамас да проштеваат, на што тие одговориле „да, сеа, одма“. Нормално, во таа прилика, патријархот и Хамас не заборавиле заедно да го исплукаат католицизмот и крстоносните походи, како и „трулиот Запад“ во целост.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот патријарх Алексиј Втори се грли и љуби со лидерот на исламистичката терористичка организација Хамас, Халед Машаал, Москва, 05.03.2006.

2.5.2. Исламот – дел од рускиот код

Како што ви објаснив претходно, православието во РФ е далеку послабо отколку што мислите, но затоа, драги мои, таму исламот цути. Таму има речиси 15 милиони муслимани (Татари, Башкири, Чеченци, Ингуши, Адигејци, Авари, Даргинци, Лезгинци, Карачајци, Черкези, Кабардинци, Балкари итн.) и плус новодојдени муслимани од околните екс-советски републики (Узбеки, Киргизи, Таџики, Туркмени, Казахи, Азери и др.). Малкумина знаат дека некои од најбитните личности на Русија се всушност муслимани, напр. манекенката Ирина Шајк, која по татко е Татарка и чие вистинско презиме е Шајхлисламова, што доаѓа од шеик ул-ислам (исламски богослов). Најризичен регион на РФ во смисла на исламскиот екстремизам е Кавказот, па фактички, земјата седи врз буре барут и Путин мора да им прави отстапки на Кавкасците за некако да ги одоброволи.

Чеченскиот претседател Кадиров сега може слободно да си спроведува Шеријат во својот „емират“ и паралелно да си лапа дотации од федералниот буџет (фактички, православните Руси ’рмбаат за Чеченија). Кадиров си гради гигантски џамии, како што се „Срцето на Чеченија“ и „Гордоста на муслиманите“, како и концентрациони логори за хомосексуалци, и тој ги забранува алкохолот и коцката и ги тера Чеченките да се покриваат, а децата – да учат веронаука. На улиците на Грозни, човек веќе не може да се прошета по бермуди. Во некои делови на РФ се отвораат исламски банки (значи, без лихва, согласно Шеријатот) или барем исламски шалтери во вообичаените банки. РФ според Уставот е секуларна држава, но кога бре то брига. Во некои региони илегално се практикува полигамијата, а некои исламски великодостојници и политичари, меѓу кои е Кадиров, отворено апелираат истата да се озакони. Во даден период, во Чеченија, Ингушетија и други руски републики, полигамијата била дури официјално дозволена, но подоцна, таквите закони биле укинати заради несовпаѓање со оние федералните, а таквите бракови биле анулирани. Властите на Кадиров истотака спроведуваат цензура, но не само на она што оди во чеченските медиуми, туку дури и на Youtube. Некои млади музичари од Чеченија си објавиле свои песни на овој познат сајт, по што, тие биле повикани на „информативен разговор“, во којшто им било укажано дека нивното творештво „не соответствува“ на чеченските традиции, па тие морале да ги отстранат своите клипови и уште пред камера да се извинуваат за својот „грев“. Чеченскиот министер за култура Хож-Бауди Даајев на музичарите им го порачал следново: „Поминаа оние времиња, кога пеевте сè и сешто, танцувавте како ќе посакавте, правевте сè што ќе ви текнеше. Сега е востановен поредок, во републиката има главен, има власт, има дисциплина – шеги нема да му дозволиме никому“. На крај тој додал дека песните можат да одат во јавност само откако ќе добијат одобрение од „специјална комисија“. Во август 2017 год., руската и меѓународната јавност беа потресени од изчезнувањето на пејачот Зелим Бакаев, за кого се смета дека паднал како жртва на репресиите врз геј-луѓето во Чеченија. Кадиров упати свои борци во војната во Донбас, кои таму пристигнаа со бради, кренати показалци и извици „Алаху акбар!“, а локалното население „умре од радост“.

Во 2013 год., беше одржан конкурсот „Русија 10“, во којшто нејзините граѓани преку смс или интернет гласаа за десетте најбитни симболи на земјата, а Кадиров апелираше сите да гласаат за џамијата „Срцето на Чеченија“, која, според бројот на гласови, се најде на врвот на листата, рамо до рамо со Коломенскиот Кремљ. Да, добро прочитавте – џамија стана најбитен симбол на Русија! Во текот на гласањето, кое имаше два круга и финале, страстите беа зовриени, па Кадиров ги обвини мобилните оператори Мегафон и Билајн за местенки и апелираше тие да се бојкотираат. По оваа негова фатва, следеше џихад против нивните салони во Чеченија, кои беа опсипани со јајца, дрвја и камења, поради што, операторите привремено ги евакуираа своите вработени од републиката, за на крај да ветат дека ќе им ги вратат парите на оние што гласале. По финалното гласање, организаторот на конкурсот дипломатски изјави дека десетте избрани симболи се „подеднакво победници“ и тие беа објавени без рангирање и без наведување на добиените гласови.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Шлемот на царот Алексеј Први со арапски цитати од Куранот.

Накусо, може да се рече дека, во некоја рака, Русија е исламска земја. И тоа не е од сега. Таа со векови била под власта на турко – татарските канови, а со освојување на нови територии, таа во себе апсорбирала и милиони нови муслимани. На музејски артефакти од руските цареви, кнезови, бојари и војсководци дури постојат натписи со арапско писмо, во коишто се слави Алах! На т.н. ерихонски шлем на царот Михаил Фјодорович (1596-1645), изложен во Оружејната Палата при музејот на московскиот Кремљ, пишува: „Израдувај ги правоверните со ветување на помош од Алах и за скора победа“, што произлегува од 13-тиот ајет (стих) на 61-вата сура (глава) на Куранот. Истиов натпис го краси и шлемот на славниот средновековен кнез Александар Невски. На шлемот на царот Алексеј Михајлович (1629-1676) пишува: „Алах – нема друг Бог освен Него ­Вечноживиот. Не Го обзема ниту дремка, ниту сон“, што, пак, произлегува од 255-тиот ајет на 2-рата сура. Во 2009 год., иранскиот генерален конзул Сејед Голамрез Мејгуни успеал да ги дешифрира шарите на шлемот на царот Иван Грозни, тогаш изложен во Музејот на боевата слава во рускиот град Астрахан, а во нив го препознал такбирот („Алаху акбар“) и шахадата („Нема друг бог освен Алах и Мухамед е негов пророк“). Натписи со арапско писмо има и на шлемовите на кнезот Фјодор Иванович Мстиславскиј (1550-1622) и бојарот Алексеј Михајлович Лавов (1580-1653).

Некои велат дека, всушност, топонимот Москва значи „џамија“, имајќи в предвид, дека на многу светски јазици, називот на овој верски објект звучи мошне слично: mosque (англиски), mosquée (француски), moskee (холандски), moské (шведски, норвешки и дански), moskeija (фински), moschea (италијански), Moschee (германски), moschee (романски), mošee (естонски) и mošeja (латвијски), а сето тоа произлегува од арапскиот збор за џамија – месџид (مسجد). Да ги спомнеме тука и сличните: mezquita (шпански), mesquita (португалски), mecset (унгарски), meczet (полски), mešita (чешки и словачки), mečetė (литвански), мечеть (руски и украински), мячэць (белоруски), мәчет (татарски), мешіт (казахстански), мечит (киргизски), masjid (узбечки), масҷид (таџички) и məscid (азербејџански). Стручњаците за верска архитектура тврдат дека „кромидестите куполи“, односно кубињата на руските храмови, се всушност инспирирани од оние исламските. Којзнае, можеби храмот Св. Василиј Блажениј во центарот на Москва, кај кого тие кубиња можат да се видат, некогаш бил џамија? Една легенда вели дека мајсторот кој го подигнал храмот всушност бил инспириран од џамијата Кул Шариф во татарската престолина Казањ. Друга легенда вели дека кога Наполеон ја освоил Москва и го видел храмот, тој наредил: „Урнете ја таа џамија!“, па тука бил поставен барут, но обилните дождови ги угасиле фитилите и го осуетиле планот. Нормално, некој ќе ги отфрли овие легенди, но факт е дека такви куполи има дури и на славниот Таџ Махал во Индија, кој бил подигнат од турко – монголските освојувачи – Могулите. Накусо, она што вие го сметате за „традиционална руска архитектура“ е всушност исламска.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Св. Василиј (Москва, РФ), Нурум – џамија (Јогјакарта, Индонезија), Ал-Хајдер Хана (Багдад, Ирак), Рождество на Богородица (Ростов на Дон, РФ), Таџ Махал (Агра, Индија), Успенски собор (Ростов Велики, РФ), Христос Спасител (Москва), Сунери – џамија (Лахоре, Пакистан), Хасавија (Басра, Ирак).

Не залудно Путин повикува да се возобнови исламската веронаука во Русија и изјавува дека исламот е дел од нејзиниот код и дека, цитирам: „Русија секогаш била најверниот, најдоверливиот и најдоследниот заштитник на интересите на Исламскиот Свет“ (затворен цитат). Во советските времиња, Москва имала одлични односи со Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија на Гадафи, Арапските Републики Египет и Сирија на Насер и Асад Постариот, Народна Демократска Република Јемен (Јужен), Народна Демократска Република Алжир, Демократска Република Авганистан и др. Што мислевте, од кај се сите оние калашњикови на Блискиот Исток? Што е за право, Москва ги бирала за сојузници оние блискоисточни држави, кои повеќе ставале акцент на социјализмот и секуларизмот, отколку на исламот, но во тој дел од светот никогаш немало 100% секуларност. Во уставите на тие држави, исламот бил и сè уште е официјална религија. Дури и другарот Ленин бил голем другар на муслиманите. Додека тој жестоко се пресметувал со православната црква, заради нејзиниот привилегиран и доминантен статус во бившата Руска Империја, кон муслиманите тој бил попопустлив, затоа што таа нив донекаде ги угнетувала, па во нив тој гледал „браќа по оружје“. На 03.12.1917 год., Ленин ним им упатил проглас, кој воопшто не вели дека „религијата е опиум за народот“, туку: „Муслимани на Русија, Татари од Поволжје и Крим, Киргизи и Сарти од Сибир и Туркестан, Туркијци и Татари од Закавказје, Чеченци и планинци од Кавказ, на кои сите оние џамии и масали им беа уривани, на кои верувањата и обичаите им беа омаловажувани од страна на царевите и угнетувачите на Русија! Отсега, вашите верувања и обичаи, вашите национални и културни установи се прогласуваат за слободни и неприкосновени!“. Понатаму, прогласот им се обраќа и на муслиманите вон границите на Советска Русија: Арапите, Персијците и Турците, како и на оние во Индија, уверувајќи ги дека новата советска власт ќе се откаже од некогашните империјалистички планови за Персија, Константинопол (Истанбул) и други делови од Османлиската Империја. Истотака, во прогласот се изразува поддршка за антиколонијалната борба на муслиманите од тогашната Британска Индија. Во септември 1920 год., во Баку, Советски Азербејџан бил одржан Конгресот на Народите на Истокот, на којшто паралелно со комунистичките девизи: „Фабрике радницима, земља сељацима!“, можеле да се чујат и повици за џихад! Свој говор таму одржал и младотурскиот воен министер од периодот на Првата Светска Војна, Енвер Паша (1881-1922), познат по геноцидот врз Ерменците, Асирците и Малоазиските Грци, како и по својата единица Орда на Исламот. Енвер соработувал со руските болшевици на заедничка анти-западна база, а на конгресот бил дочекан со овации, при што присутната толпа со турбани на главите вадела јатагани и мавтала со нив, викајќи „Алаху Акбар!“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот политичар Жириновски се моли заедно со Садам Хусеин во Багдад.

Во поново време, Москва на Блискиот Исток се фаќа на оро буквално со кого стигне, без некаква идеолошка основа, па дури ги затоплува односите со некогашните противници од Студената Војна. Мошне блиски односи Москва сега има со Исламска Република Иран и неговите сојузници: либанскиот Хезболах и движењата Хамас и Палестински Исламски Џихад од појасот Газа. Во 1979 год., СССР бил првата држава на светот која го признала теократскиот режим на Хомеини во Иран, иако меѓусебните односи не им биле идеални. Затоа, Москва одржувала контакти и со опозициското социјал – исламско движење Народни Муџахедини на Иран. Десет години подоцна, комунизмот веќе почнал да паѓа, па Хомеини му упатил добронамерен совет на советското раководство да премине во ислам. Заеднички воени вежби Русите сега одржуваат со Исламска Република Пакистан, а ја вооружуваат и нејзината сосетка Исламска Република Авганистан. Еден од најголемите купувачи на руско оружје во светот сега е Ирак, исто како во „старите добри“ времиња на Садам Хусеин. Пред тој да биде соборен од власт, гостин му беше рускиот политичар Жириновски, кој на обвинувањата дека му станал платеник на ирачкиот лидер, принципиелно изјави: „Садам не ми има дадено ни динар, а да дадеше ќе земев“. Во Ирак, Жириновски сними видео обраќање, во кое, опкуружен со своите геј-сопартијци, тој реди вулгарности на сметка на американскиот претседател Џорџ Буш и особено за неговата секретарка за надворешни работи Кондолиза Рајс. Садам некогаш бил доста секуларно настроен, но во 1990-тите, тој започнал кампања за „враќање кон верата“ (Ал-хамла ал-иманија), тој го поставил такбирот („Алаху акбар“) на ирачкото знаме и подигнал неколку гигантски џамии, па дури нарачал Куранот да се препише со неговата сопствена крв. Оттаму, не чуди што при својата посета на Садам, Жириновски измолил намаз заедно со него. Москва има одлични односи и со Судан, кого, спротивно на ембаргото на ООН, го има снабдувано со големи количества на оружје, кое потоа било употребено за масакрите во Дарфур. Посебно блиски односи Путин сега гради со Турција и нејзиниот исламистички и нео – отомански лидер Ердоган, кому дури великодушно му го прости соборувањето на рускиот воен авион близу Сирија и му продаде ракетен систем С-400. За убиството на новинарот Џамал Кашоги, многумина низ светот го обвинуваа саудискиот принц Мохамед Бин Салман, но Путин имаше мошне срдечна средба со него и тие дури си направија „да пукне“, а на саудиските воени сили истотака треба да им биде испорачан руски С-400. Друг интересен пример е тоа што во 1980-тите, Москва се борела против муџахедините во Авганистан, но таа сега прима талебански делегации во официјални посети, што не е ниту шега, ниту печатна грешка! Такаречи, РФ утре може да се зближи со ИСИС ако тоа ѝ е од полза! Врските на Москва со блискоисточниот тероризам имаат богата историја и тоа заслужува засебно поглавје во оваа книга, но малку подоцна. Радо виђени гости во Москва се и Узбеките, Таџиките и Киргизите. Само не Македонците.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот министер за надворешни Лавров се грли и љуби со официјална талебанска делегација усред Москва.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Кога во 2015 год. се случи терористичкиот напад врз француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ и кога многумина низ светот му искажуваа сочувство со паролата „Je suis Charlie“ („Јас сум Шарли“), руските власти изјавија дека таквите бласфемични карикатури се забранети со нивните закони и дека тие претставуваат навреда на чувствата на верниците, односно, дека за каури во исламска земја како Русија место нема. На 19.01.2015 год., во руската република Чеченија се одржа протестен митинг против француските карикатури, со учество на дури милион луѓе, коишто носеа транспаренти „Јас НЕ сум Шарли“. Пријателот на Путин, чеченскиот претседател Кадиров, тогаш изјави, дека Франција дозволила да бидат навредени милијарди муслимани низ светот, дека карикатуристите сами го барале и сл.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Ние сме умата (заедницата) на Мухамед! Ние не сме Шарли!“, Чеченија, РФ, 19.01.2015.

Да потсетам дека во 2006 год., слични карикатури излегоа во данскиот печат, па во знак на одмазда, Кадиров тогаш го набрка Данскиот Совет за Бегалци, најголемата странска хуманитарна организација во Чеченија. Кадиров има свој хуманитарен фонд, но тој не се бави толку со кутрите Чеченци, колку со висока политика. Кадиров издвои околу милион долари за помош на Рохињите, бегалците – муслимани од Мјанмар (Бурма), а башка и за организиран аџилак во Мека и слични корисни цели. Тука се јави и уште еден проблем – Путин има добри односи со мјанмарскиот режим, па Кадиров отиде доттаму, што дрско изјави дека тој е против официјалната позиција на Русија! За руски услови, ова е шокантна изјава, но Кадиров може да си дозволи повремени испади. Да се работеше за некој друг, тој експресно ќе беше уапсен или дури егзекутиран од страна на режимот на Путин, но тој е толку снисходлив кон Кадиров, што дури почна да го оправдува, во стилот: „Па добро сеа, секој граѓанин има право на мислење“ (а иронично, илјадници Руси завршуваат в затвор токму заради искажување на своето мислење, но тоа не важи за Кадиров). Подоцна, самиот Кадиров „крена рачна“ и почна да се вади и да релативизира, па скандалов, како и многу други, беше заборавен. Кадиров е толку дрзок и осилен, што некои би рекле дека тој е вистинскиот цар (или султан) на РФ, а не Путин.

Во РФ сега има наплив на исламски мигранти од околните екс-советски републики, кој е толку голем, што на исламските празници, сообраќајот на московските улици се блокира за на нив да се организираат МАСОВНИ МОЛИТВИ (клањања) и градот веќе неформално се нарекува „Москвабад“. Суфиксот „-абад“, да објаснам, потекнува од Централна Азија и означува „град“ и тој може(л) да се сретне во називите на: Ленинабад и Сталинабад (Таџикистан), Туркменабад и Ашгабат (Туркменистан), Сабирабад и Џаферабад (Азербејџан), Исламабад (Пакистан) итн. По московските улици веќе почнуваат да се појавуваат и спонтани „шеријатски патроли“. Бројката на муслимани во Москва варира од неколку стотици илјади до пар и пол милиони, зависно од тоа дали тука ќе ги вброиме само оние со уредно регистрирано живеалиште или ним ќе им ги додадеме и бројните илегалци. Како и да е, Москва сега е најголемиот муслимански град во Европа. Во него се наоѓа Московската Соборна Џамија, една од најкрупните на континентот, со капацитет од дури 10 илјади посетители. Џамијата беше изградена врз темелите на една постара, од 1904 год. и беше свечено отворена на 23.09.2015 год., во присуство на пријателот на Путин, Ердоган, како специјален гостин. На 06.10.2015 год., еден друг пријател на Путин, чеченскиот претседател Кадиров, свечено ѝ подари на џамијата влакно од косата на пророкот Мухамед (Салалаху алејхи ве селем), а такви реликвии во РФ има уште две – во дагестанскиот главен град Махачкала и во Твер.

Кога ќе се спомне исламот, првата асоцијација на повеќето Македонци им се Албанците, што сметам дека е погрешно, затоа што тие не се најтипични претставници на таа религија. Според досега изложеното, излегува дека Русија е далеку поисламска отколку, да речеме, Албанија. И тоа, во секој поглед: по бројот на жители од исламска вероисповест, по бројот на џамии, по влијанието на исламот во секојдневниот живот, па дури и по бројот на доброволци, кои заминуваат во Сирија за да се приклучат на ИСИС.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Пред и потоа: Марија Алаликина од женската поп група Фабрика.

Посебно интересен феномен во последниве години се етничките Руси кои преминуваат во ислам. Навистина, етничките Руси најчесто се поврзуваат со православното христијанство, но од секое правило постојат исклучоци. Бројот на овие исклучоци, зависно од изворите, варира од 10 до 200 илјади, што не е малку и тој и натаму расне. Во ислам преминаа дури и некои видни православни свештеници, како напр. Вјачеслав Полосин, Владислав Сохин, Сергеј Тимухин и Михаил Кисељов, но и Марија Алаликина од женската поп-група Фабрика, одметнатиот разузнавач Александар Литвиненко и др. Среде руските конвертити можат да се сретнат најразлични луѓе: интелектуалци (филозофи, ориенталисти и сл.), кои најпрвин го истражувале исламот, што ги заинтересирало да преминат во него; жени, кои стапиле во брак со Чеченци, Татари или други муслимани; советски ветерани, кои како дезертери или воени заробеници се запознале со исламот во Авганистанската Војна; криминалци, кои со исламот се запознале в затвор; православни христијани, разочарани од корупцијата во црквата; како и млади луѓе, кои „се бараат себеси“. Во списокот има дури и бивши ултра – националистички скинхедси, кои најпрвин ги мразеле муслиманите, за подоцна да им се приклучат. Етнички руските конвертити важат за доста екстремни, затоа што тие имаат потреба да докажат дека се „поголеми муслимани од самите муслимани“ и меѓу нив се појавуваат дури и вахабити.

2.5.3. Официјалната Сатанистичка Црква и прогонот на христијаните

На 29.06.2017 год., во Министерството за Правда на РФ, сосема уредно беше регистрирана Сатанистичка Црква, на чело со извесниот Олег Сатанинскиј. Таа сосема нормално функционираше под својот регистарски бр. 5218010020, сè додека пратеникот Иван Сухарев од Либерално – Демократската Партија на Русија не побара црквата да биде забранета. Во реалноста, ЛДПР не е ниту либерална, ниту демократска, туку е на чело со познатиот шовинист и психопат Жириновски, а Сухарев е заменик претседател на собранискиот комитет за граѓанско општество и верски заедници, но него ниту го интересира граѓанското општество, ниту верските слободи. Сухарев го оправда своето барање за забрана со тоа што, според руските закони, верскиот екстремизам и навредувањето на чувствата на верниците се казниви дела, па сатанизмот, како екстремна религија, навредлива за христијаните, муслиманите и другите верски заедници, би требало да биде забранет. Иницијативата на Сухарев доби поддршка од некои граѓани, па властите тогаш ја проверија Сатанистичката Црква и нејзиниот сајт за евентуален екстремизам, но не најдоа ништо – ни жртвување на девици, ни чуда, ни врагови, а Сатанинскиј дури им изрази на властите јавна поддршка! Да, добро прочитавте, Сатанистичката Црква ѝ изрази поддршка на путинската власт (можеби затоа што тие имаат многу заедничко?). Сатанинскиј никогаш не бил опозиционер и тој не е Pussy Riot, а според неговите сопствени зборови, тој гласа за Путин и сака да работи во постојниот систем, а не да го менува. Чоекот не е револуционер, ниту борец за човекови права, тој си е сатанист и само сака да си ја тера својата религија. Неговата црква беше регистрирана во целосна согласност со Уставот и законот на РФ и тоа беше великодушно одобрено од страна на нејзините државни органи. Меѓутоа, заради иницијативата на Сухарев и поддршката за неа од дел од јавноста, ситуацијата се искомплицира и стана напната, па за да се избегнат проблеми, Сатанистичката црква доброволно престана со работа на 04.10.2017 год. Ете така, „христијанска Русија“ барем накусо имаше уредно регистрирана Сатанистичка Црква, со потпис, печат и сите нишани.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Данскиот Јеховин сведок Денис Кристенсен на суд во РФ.

И додека сатанистите непречено си работеа, христијанските заедници како Јеховините сведоци, евангелистите, баптистите, адвентистите, мормоните и пентекосталците беа и сè уште се прогонувани од путинскиот режим, а нивни верници завршија во руските затвори и беа подложени на тортура. Повеќе странски мисионери беа уапсени и депортирани, а некои цркви дури беа урнати. Така например, данскиот јеховин мисионер Денис Кристенсен заработи дури 6 години робија за своите „екстремистички“ активности (ако „ектремизам“ е досаѓање на луѓе по врати и делење на верското списание „Стражарска кула“). Организацијата за помош на прогонувани христијани низ светот Open Doors USA ја стави Русија во топ листата на 50 земји, во кои се врши репресија врз христијаните, заедно со: Северна Кореја, Авганистан, Пакистан, Саудиска Арабија, Либија, Судан, Сомалија, Еритреја, делови од Сирија и Ирак под ИСИС и др. Ќе речете: „Па побогу (или поѓаволите), зарем на Путин повеќе му одговараат сатанисти, отколку христијани?!“. Да, затоа што во кловнови како Сатанинскиј, Путин не гледа закана и тие него дури го поддржуваат, додека малите христијански заедници најчесто се формираат од мисионери од странство и оттаму се спонзорираат, па во нив Путин гледа инфилтрација на туѓи и опасни влијанија, шпиони и сл. Проблем за руските власти е и тоа што, според верувањата на Јеховините сведоци, тие мораат да го обожуваат само Бога и не смеат да создаваат култови од претседатели, држави, нации, химни, знамиња и сл. и тие не ја почитуваат воената обврска, заради што, тие биле прогонувани и од страната на Хитлер. На сето ова, додадете го фактот дека Путин е бивш агент на КГБ, односно „преоблечена“ комуњара. Малите христијански заедници се прогонувани и во делот од Донбас, кој е под контрола на про-руските сепаратисти. Со проблеми во РФ се соочуваат и католиците. Нивниот прогон на тие простори има богата историја, уште од царските и советските времиња, а тој се темели врз тоа што католицизмот во Русија е сметан за туѓ и непријателски елемент; тој не е вброен во тамошните традиционални религии (заедно со православието, исламот, јудаизмот и будизмот); неговата централа (Ватикан) се наоѓа во странство, што го прави тежок за контролирање; и воедно, Ватикан не е само верски центар, туку и држава, па во целата работа се вмешува и политиката. Навистина, Путин понекогаш оди во посети на Папата, но редовно му доцни околу еден час, што се толкува како демонстрација на сила и понижување, а од друга страна, ниту еден Папа досега не бил поканет да ја посети Русија. Католиците се прогонувани и од страна на про-руските сепаратисти во Донбас.

Критичарите на католицизмот честопати укажуваат на злосторствата на инквизицијата, но иронично, нешто слично се случувало и во православна Русија. Знаете ли, например, за прогонувањата на старообредците? Во XVII век, московскиот патријарх Никон спровел реформи во црквата, со цел, таа повеќе да заличи на онаа грчката, која уште од византиските времиња е доминантна во православието (не залудно истото е познато и како „грчка ортодоксија“). Но некои Руси ги доживеале реформите како издаја, богохулие и сл., што на крај довело до раскол во нивната црква. Овие расколници се држеле до „стариот обред“, откајшто произлегува нивниот назив, и тие биле брутално прогонувани, анатемисувани, затворани, мачени и убивани, или, пак, тие самите извршувале масовни самоубиства. Слично како и во Западна Европа под инквизицијата, и во Русија луѓе биле горени на клада, а на некои им биле отсечени јазиците и прстите, за да не можат да се крстат според стариот обред – со два, наместо три прста. Токму „двопрстието“ било заштитен знак на старообредците. Тие дури зеле учество во некои неуспешни востанија, за на крај да побегнат во поизолираните делови на Русија, кајшто нив до ден денес ги има. Подоцна, старообредците, како и другите верски заедници, станале мета на советските репресии, заради што, многумина побегнале во странство.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Болшевички плакат од Граѓанската војна на познатиот Димитриј Орлов – Моор, 1919.

Како што е општо познато, брутална репресија врз верските заедници имало и во Советска Русија, при што, храмовите биле сквернавени, ограбувани или уривани, а свештенството било затворано или стрелано. Во 1925 год., дури била формирана организацијата Сојуз на воинствени безбожници (Союз воинствующих безбожников). Но иронично, религијата во СССР не била формално забранета, а како што веќе видовме, тамошниот режим понекогаш „шурувал“ со црквата заради остварување на своите цели. Некои дури сметаат дека симболот на рускиот комунизам – црвената петокрака, произлегол од сатанистичкиот пентаграм. Во прилог на оваа теза сведочат фотографии на Сталин, Џержински и други советски главорези, на кои тие носат превртена петокрака (со еден од краците надолу, исто како кај пентаграмот). Ваквата „превртена“ петокрака се среќава и кај советскиот „Орден на Црвеното Знаме“ („Орден Красного Знамени“), на плакати и други артефакти од тој период. Некои тврдат дека сатанист бил дури и самиот теоретичар на комунизмот, Маркс. За тоа говори книгата „Маркс и Сатаната“ на репресираниот романски свештеник Ричард Вурмбранд (1909-2001), кој емигрирал во САД.

Склоност кон сатанизмот му е припишувана и на соборениот про-руски претседател на Украина, Виктор Јанукович. Кога во 2014 год., побунетите Украинци ја зазедоа неговата луксузна резиденција во Межигорје на брегот на Дњепар, таму му најдоа златна клозетска шолја, приватна зоолошка со егзотични животни, скапоцени уметнички дела, бесни аута, па дури и брод, но она што навистина ги шокираше сите беа некакви распнати соколи. Едни заклучија дека тука се работело за некакви сатанистички ритуали, а други – дека тоа биле само страшила против птици – штетници. Но тука биле најдени и превртени икони со ликот на Богородица и други бизарни артефакти. Се вели и дека Јанукович ангажирал гатачки и јасновидци, исто како што тоа го правеле и други диктатори (Хитлер, Грујо, Живков). Што точно се случувало во Межигорје, тешко да ќе дознаеме, затоа што Јанукович побегна кај своите газди во соседна (да не речам, советска) Русија.

2.6. Митот за руската нација

Многумина велат дека Американците се „вештачка нација“, не сфаќајќи дека ни Русите не се поарни (всушност, никој не е поарен, па ни ние самите). Русија е еден мултиетнички конгломерат, во којшто не се знае(ло) кој кого онади, а нејзините најславни историски личности воопшто не биле етнички Руси.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Прадедото на најславниот руски поет, Пушкин, бил Африканецот Аврам Петрович Ганибал (1696-1781).

Да почнеме, например, со големите мислители и писатели. Прадедото на Пушкин бил црнец од Африка, Аврам Петрович Ганибал; Љермонтов имал шкотски корени (Learmonth); а Владимир Даљ, авторот на „Толковниот речник на живиот великоруски јазик“, иронично, имал данско потекло по татко (Јохан Христијан фон Дал) и германо – француско по мајка (Марија Фрајтаг). Гогољ и Чехов биле Украинци, а Пастернак, Мандељштам и Бродски – Евреи. Булат Окуџава, пак, бил полу – Грузинец, полу – Ерменец. Презимето на Тургењев потекнува од неговиот татарски предок Мирза Турген, а презимето на Карамзин, од Кара Мурза. Просветителот со слично презиме, Каразин (всушност, Караџа), потекнувал од Балканот. Толстој и Достојевски биле со доста измешано етничко потекло. Слично било и со Ленин (Калмик, Чуваш, Мокша, Евреин и бог те пита што сè бил), а Сталин бил Грузинец (и можеби делумно Осетин). Неговиот наследник, Георги Маленков, наводно, имал далечно македонско потекло. Создавачот на репресивната служба Чека / НКВД / КГБ, Џержински, имал полски корени, исто како и маршалот Рокосовски и сталинскиот јавен обвинител Вишински. Сталинскиот џелат Лаврентиј Берија, пак, бил од грузинските Мингрелијци. Изумителот на хеликоптерот, Сикорски, бил родум од Украина, исто како и конструкторот на космичките ракети, Корољов, чиј татко, инаку, бил од Белорусија. Родум од Украина бил и сликарот Илја Репин, а конструкторот на оружје, Калашников, имал корени оттаму по таткова линија, и неговото оригинално презиме било Калашник. Царицата Екатерина била Германка, Иван Грозни бил делумно Монголо – Татар и наводно, делумно Србин, а неговата втора жена, Марија (всушност, Ајдар Темрјуку) била Черкеска. Врховен командант во руската Татковинска војна против Наполеон бил Барклеј де Толи, делумно Шкотланѓанец, а делумно Балтички Германец. Такви биле и патријархот на РПЦ Алексиј Втори и баронот Врангел. Неговиот колега по генералска линија, Корнилов, имал делумно казахстанско или калмичко потекло. Композиторот Чајковски имал украинско по татко и француско – германско по мајка, Рахмањинов – молдавско и татарско, а Татар бил и балетанот Рудолф Нурејев. Грофот Милорадовиќ, јасно, бил Србин, исто како и дипломатот Рагузински, којшто го откупил африканскиот прадедо на Пушкин од ропство и го довел во Русија. Некаде во времето на тој познат поет, руски министер за надворешни бил Гркот Јоанис Каподистријас, а негов сонародник е космонаутот Фјодор Јуричкин – Граматикопуло. Најпознатиот руски рок музичар, Виктор Цој, бил полу-Кореец, а најпознатиот попер, Филип Киркоров, има бугарско, ерменско и ромско потекло. Најпознат руски рапер е Тимати, кој е полу-Татар и полу-Евреин. Актуелниот руски министер за надворешни, Лавров, е Ерменец од Грузија; министерот за одбрана, Шојгу, има тувински корени; а портпаролката на руското МНР, Захарова, мордвински. Градоначалникот на рускиот главен град Москва, Собјанин, ниту е роден во градот, ниту е етнички Русин, туку е од угро-финската етничка група Манси или сличните Коми-Пермјаки. Олигархот Роман Абрамович е Евреин, а делумно и националистот Жириновски, иако, иронично, тој мрази Евреи (како и 99% од руското население). Делумно Евреи биле и сега покојните опозиционери Новодворскаја и Њемцов, а нивната борба ја продолжува Наваљниј, кој по татко влече корен од Украина. Познат руски опозиционер е и шаховскиот велемајстор Гари Каспаров, кој е полу-Евреин и полу-Ерменец родум од Азербејџан. Провладината новинарка Тина Канделаки е полу-Гркинка од Грузија и полу-Ерменка, а ова последново е нејзината колешка Маргарита Симоњан. Рускиот претставник и воедно победник на Евровизија 2008, Дима Билан, е роден во автономната република Карачаево – Черкезија, татко му е од Кабардино – Балкарија, а мајка му од Татарстан, но пејачов себеси се идентификува како етнички Русин. Во рускиот јазик постои јасна дистинкција помеѓу етнички Русин (русский) и жител на Русија (россиянин), така што тука нема никаква забуна (напр. нешто слично има и кај нашиот северен сосед: Србин – во етничка смисла и Србијанац – жител на Србија). Фактички, милиони „етнички Руси“ воопшто не се тоа за што се претставуваат! Некој ќе рече дека секој има право да се изјасни онака како што сака, што од една страна е ОК, но од друга, фактите не смеат да се извртуваат!

Во Русија, практично, нема етнички Руси, а некои го објаснуваат тоа вака: „Русские – это не национальность, а состояние души“ (т.е. да се биде Русин – тоа не е националност, не е етничка припадност, туку состојба на душата). Оваа измешана маса во даден период била под монголо – татарската Златна Орда, за потоа, од неа да настане Московското Царство или накусо, Московија, која е основа на современата Русија. Ова, всушност, не е вистинската Русија, туку онаа вистинската била источно – словенската средновековна држава Киевска Рус, чии најблиски наследници се денешните Украинци. Тоа се фактички вистинските Руси, а не овие „Москаливе“, кои на сцената стапиле многу подоцна. Кога во Киев цутела богата средновековна култура и цивилизација, на просторите на коишто денес се наоѓа Москва имало само мокшански блата. Москва била основана од киевскиот кнез Јуриј Долгорукиј, што значи дека морал да доаѓа чоек дури од Киев за да донесе цивилизација на просторите на кои таа денес се наоѓа. И сега Москва арогантно им држи предавања на луѓето од Киев, кои нејзе всушност ја создале. Ова се апсурди.

Фактички, Московија лажно се прогласила себеси за најбитен наследник на Киевска Рус, но таа историја пред сè им припаѓа на Украинците, како и на Белорусите и Русините. Современите Руси немаат екслузивно право над тој идентитет, и всушност, се чини дека тие имаат најмалку право на него. Петар Велики решил овој микс од народи, наречен Московија, да го прекрсти во Руска Империја, а луѓето од Киев не сакале да се идентификуваат со неа, па тие се нарекле себеси „Украинци“, пошто етнонимот „Руси“ им бил украден. Оние што не го примиле украинскиот идентитет се денешните Русини. Сево ова е тешко да се објасни, но накусо, современа „Русија“ направила низа историски фалсификати и создала невидени збрки. Заради дистинкција помеѓу „Русија“ и нејзините источнословенски соседи, предлагам за неа да се употребуваат архаичните називи „Московија“ или „Велика Рус“ (патем, „Мала Рус“ бил некогашен назив за Украина, а „Бела Рус“ за Белорусија). Дури и самиот назив „Руси“, всушност, првично бил назив за Шведските викинзи (Ruotsi), како што нив ги нарекувале соседните им Финци. Овој назив се пренел на просторите на она што денес го знаеме како Русија кога таму пристигнал викиншкиот војсководец Рурик. Значи, дури ни националното име на Русите не е автентично, туку има странско потекло.

Некои наши шовинисти би рекле дека „Бугарите се Татари“, а всушност, Русите се стопати потатари од нив! Како што велат Французите: “Grattez le russe et vous verrez le Tatare” („Изгреби Русин и ќе најдеш Татар“). Русите живееле неколку века под монголо – татарско иго и тоа оставило силен печат врз нивната култура, јазик, генетика и менталитет, кои се во голема мера азијатски, а не европски. Истотака треба да знаете дека поголемиот дел од Русија (75%) се наоѓа отаде планината Урал и истоимената река, т.е. во Азија. Земете слики од познати личности од руската историја и загледајте се во нивните очи и ќе забележите повеќе или помалку изразени монголоидни, тураноидни или други црти. Ова не е расизам или шовинизам од моја страна, токму напротив! Па и кај нас се среќаваат луѓе со најразлични физиономии, некои побледолики, некои поцрномурести, а да не ги заборавиме и шармантно закосените очи на нашиот најпознат пејач Тоше Проески. Мене оваа тема ми е интересна чисто од научно – истражувачка гледна точка и смешно ми е кога руските ултра – националисти скандираат „Россия для русских“ („Русија за Русите“), а не се свесни колку самите се измешани во етничка, расна и секаква смисла. На 03.09.2019 год., при својата посета на Улан Баатар, Путин изјави дека Русија и Монголија имаат братски односи. Со тоа е кажано сè.

Стереотипно, многумина си ги замислуваат жителите на Русија како некакви бледолики и синооки блондини, напр. како Иван Драго и Људмила Вобет од филмот „Роки 4“, но нив ги играа шведскиот актер Долф Лундгрен и данската актерка Бригита Нилсен, а низ земјата, всушност, се среќаваат најразлични физиономии. Некои имаат повеќе или помалку закосени очи; други се црномурести како Ерменци, Грузинци, Грци или Турци (напр. Дима Билан, Тина Канделаки, Маргарита Симоњан); трети имаат понешто еврејско (напр. Новодворскаја, Њемцов); а среде Чеченците се среќаваат црвенокоси и црвенобради.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Изразени монголоидни црти кај Ленин.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Несловенски црти кај таткото на Ленин, Илја Уљанов.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Несловенски црти кај антиболшевичкиот генерал Корнилов.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Подискретни азијатски црти кај Сталин.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Прилично изразени азијатски црти кај некогашниот советски лидер Черњенко.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Азијатски црти кај некогашниот руски претседател Елцин.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Несловенски црти кај градоначалникот на Москва, Собјанин.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Несловенски црти кај најпознатиот руски моден дизајнер Зајцев.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Несловенски црти кај патријархот Алексиј Втори.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Несловенски црти кај конструкторот на оружје Калашников.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Азијатски црти понекогаш можат да се забележат кај Путин.

2.7. Митот за великиот и моќен

Многу странци се привлечени од поетичноста на рускиот јазик и некои од нив решаваат да го изучуваат, а тој се предава и на многу светски катедри. Русите се мошне горди на него и го нарекуваат „великий и могучий“- како што го опишал славниот писател Тургењев. Неспорно, на рускиот јазик се напишани некои од најважните дела на светската литература и тој навистина звучи мошне поетично, но без намера да навредам некого, рускиот јазик си е јазик како и секој друг и тој си има свои доблести и маани, а во него нема нешто „за паѓање у несвест“.

Почнете од тоа дека во рускиот јазик не се употребува глаголот „сум“ (или барем, мошне ретко). Русинот на својот „велик и моќен јазик“ не може да рече „Јас СУМ човек“ и „Ти СИ човек“, туку тоа ќе звучи како „Јас човек“ („Я человек“) и „Ти човек“ („Ты человек“). Јателе и Тителе. Празнината на местото кајшто треба да стои глаголот „сум“ понекогаш се пополнува со тире, па тоа изгледа како „Я – человек“ и „Ты – человек“. Ако ова е „велик и моќен јазик“, тогаш, јас сум Кирил и Методиј. Колку за споредба, во англискиот имате “I am” и “You are”, а во германскиот – “Ich bin” или “Du bist”.

Истотака, во рускиот јазик нема членување (напр. „човекОТ“, „женаТА“). Во таа смисла, дури и македонскиот јазик испаѓа као супериорен, затоа што кај него не само што има членување, туку тој може да ја долови дури и дистанцата од објектот / субјектот (напр. човекОВ, човекОН), што во рускиот јазик не постои. Членување имате и во англискиот – “The”, како и во германскиот – “Der / Die / Das”. Да ја земеме, например, следнава реченица: „Учителот им рече на учениците да ја напишат домашната задача“, што во превод на руски би било: „Учитель сказал ученикам написать домашнее задание“ („Учител рече на ученици напишат домашна задача“). Ова, ќе признаете, не звучи баш импресивно.

Во рускиот нема толку времиња како во другите јазици. Вие на македонски можете да речете: „Тој бил во Русија“, „Тој беше во Русија“, „Тој беше бил во Русија“, „Тој ја има посетено Русија“, т.е. постои минато – свршено и несвршено, определено и неопределено, како и т.н. „има-перфект“, а на руски сето тоа се сведува на „Он был в России“. Во англискиот, например, има “He was in Russia”, “He has been in Russia” и сл.

Нашиот човек има погрешен впечаток дека Русите се мошне културни и дека нивниот јазик е мошне нежен и поетичен, но тој всушност врие од пцости (т.н. русский мат). Прочитајте некоја руска интернет дискусија и таму ќе сретнете (се извинувам): „Иди на хуй“ („Иди у курац“), „Иди в жопу” („Иди у дупе“), „сука“ (кучка), „блядь“ (ороспија), „ёбаный в рот“ („јебан у уста“) и сл. Некои луѓе велат: „Русские не ругаются матом, они на нем разговаривают” („Русите не се пцујат, туку тие така нормално си разговараат“). Голем број на Руси, истотака, имаат лош правопис. А ти што мислеше, сука блять, дека сите Руси се поети, ёбаный в рот? Иди нахуй, пидор, блять!

Интересно е и дека голем дел од рускиот вокабулар се состои од несловенски зборови: турко – татарски, монголски, угро – фински и др. Дури и некои елементарни руски зборови се несловенски. Така, например, „молив“ на руски се вика „карандаш“. Зарем сте чуле потуркијски збор од овој? Она, баш со префиксот „кара-“, што значи „црно“ (како планината во Македонија – „Караорман“). „Куфер“ на руски се вика „чемодан“, уште една туркијска позајмица, исто како и „айва“ (дуња), „утюг“ (пегла), „чугун“ (лиено железо), „тормоз“ (сопирачка), „чердак“ (чардак), „сарай“ (сарај) и „сундук“ (сандак). Рускиот збор за „пари“ е „деньги“, што звучи како „тенге“, паричната единица на соседен Казахстан. Во руските приказни се среќаваат јунаци – „богатыри“, а овој збор е сличен на туркијските „багатур“, „батур“ и „батир“ или, пак, на монголското „баатар“ (напр. главниот град на Монголија се вика Улан Баатар – „Црвен Јунак“). Тоа е отприлика тој „словенски“ јазик. Карандаш чемодан сарај орда чоџуклар гунлер олајлар.

Кога започнав да го изучувам рускиот јазик, мене ми импонираше тоа што Русинот гордо си држи до своето и што избегнува латинизми, англицизми или позајмици од другите западноевропски јазици. Например, наместо „генерација“, тој ќе рече „поколение“; наместо „импресиониран“ – „впечатлен“; наместо „инспириран“ – „вдохновлен“; наместо „акционен филм“ – „боевик“; а наместо “cool” – „круто“. За “hotel”, Русинот попрво ќе го употреби своето „гостиница“, отколку „отель“, збор кој очигледно настанал под странско влијание. Windows-от на Русинот, сосе сите програми во него, му е комплетно на руски, па наместо “cut / copy / paste”, кај него пишува „вырезать / копировать / вставить“, и тој секогаш пишува мејлови или смс пораки на кирилица, за разлика од многу наши луѓе, кои сè уште не умеат да инсталираат кирилична поддршка и да сменат тастатура. Но овој впечаток ми беше погрешен – како што подлабоко навлегов во рускиот јазик, јас видов дека тој врие од странцизми, и тоа, не од сега, туку уште од времето на Руската Империја! Тука има француски, германски, холандски, англиски и секакви позајмици: „знаме“ на руски се вика „флаг“, „пристаниште“ – „порт“, „железничка станица“ – „вокзал“, „патник“ – „пассажир“, „водич“ – „гид“, „наредник“ – „сержант“, „поручник“ – „лейтенант“, „коњица“ – „кавалерия“, „воен затвор“ – „гауптвахта“, „обвинителство“ – „прокуратура“, „правник“ – „юрист“, „сметководител“ – „бухгалтер“, „келнер“ – „официант“, „градоначелник“ – „мэр“, „фризер“ – „парикмахер“, „шминка“ – „макияж“, „градник“ – „лифчик“, „елек“ – „жилет“, „чизми“ – „ботинки“, „ценовник“ – „прейскурант“, „плакат“ – „афиша“, „проба“ – „репетиция“, „предавач“ – „репетитор“, „вратар“ – „консьерж“, „хотелска соба“ – „номер“, „лозинка“ – „пароль“, „месечина“ – „луна“, „кајсија“ – „абрикос“, „портокал“ – „апельсин“, „срцев напад“ – „инсульт“, итн. Една од најбезвезните позајмици ми е „вокзал“, што произлегува од лондонскиот кварт Vauxhall (е ај сеа). Дури и називот на галошите, обувките чиј назив звучи мошне руски, е всушност француски, односно, галски – galoche. Вие им се смеете на Бугарите што наместо „благодарам“ велат „мерси“, но гледате дека слични влијанија имало и кај Русите. Понекогаш, тие неспретно ги адаптираат странските зборови кон својот јазик, па така, например, „хотелска рецепција“ на руски испаѓа „ресепшн“, што всушност и не е адаптација, туку директен copy/paste. Како што гледате, Русите воопшто не се „чистунци“ кога станува збор за јазикот, што особено се забележува во називите на спортовите: “basketball” на руски се преведува како „баскетбол“, “handball” како „гандбол“, а “valleyball” како „волейбол“, па зошто Русите немаат свои називи за нив, како што се „кошарка“, „ракомет“ и „одбојка“? Хрватите, например, си имаат свој назив за фудбалот – ногомет, а Русите го нарекуваат футбол, што всушност и не е превод. Понекогаш, странските позајмици во рускиот јазик ја губат својата оригинална смисла и добиваат нова. Например, “accurate” треба да значи „точно“ или „прецизно“, но Русите велат „аккуратно“ во смисла на „внимателно“ (у стилу: „Аккуратно! Да не скршиш нешто!“). Така и „номер“ („број“) за Русите станал „хотелска соба“, а зборот „машина“ – „автомобил“, што истотака ми е скроз безвезе, но него го има и кај Италијанците, па ај некако. Збрка внесува и тоа што под поимот „даун“, Русите не подразбираат некој што не е „хај“, туку некој што страда од Даунов синдром. Поимот „адекватно“, пак, треба да означува „соодветно“ или „сразмерно“, но Русите го употребуваат за „нормално“, во стилот „човекот е неадекватен“, демек, тој е ненормален, неарен. Тука им се измешало сè и сешто – нешто чуле, нешто не дочуле. Специфично кај странцизмите во рускиот јазик е претворањето на буквата „х“ во „г“, па така, „Хитлер“ станува „Гитлер“, „Хенри“ – „Генри“, „Хановер“ – „Ганновер“, „Хамбург“ – „Гамбург“, „хамбургер“ – „гамбургер“, што истотака звучи безвезе (тука додадете го и веќе споменатиот збор „гандбол“). Холандскиот град познат по судот за воени злосторства, Хаг, на руски се нарекува Гаага (?!). Да склепаме една сторија со досега наведените зборови:„Откако пристигна во портот (или на вокзалот), лејтенантот отиде на ресепшн, кајшто побара номер и го кажа парољот, а консјержот му даде прајскурант со макијажирани девојки во лифчики, но тој не беше акуратен, па го фати прокуратура и го тури у гауптвахта у Гаага“. Не, ова не е некаков жаргон, ова си е најнормален руски јазик.

Во советските времиња, рускиот јазик бил нагрден со безброј неологизми, дел од кои се употребуваат до ден денес, како што се: штакор (штаб корпуса), дегенарм (дежурный генерал армии), нарком (народный комиссар), политрук (политический руководитель), медсанбат (медико – санитарный батальон), минкульт (министерство культуры), колхоз (коллективное хозяйство), aгитпроп (агитация и пропаганда), генсек (генеральный секретарь), Политбюро (Политическое бюро), Компартия (Коммунистическая Партия), Комсомол (Коммунистический Союз Молодёжи), Коминтерн (Коммунистический интернационал) и др. Славниот Џорџ Орвел, авторот на „1984“, во ова видел смислена политика на советскиот режим за создавање на новоговор (newspeak), односно нов јазик, со цел да ја засили менталната контрола врз граѓаните и да ги ограничи нивните способности за критичко размислување и изразување, со што би ги претворил во роботи (или робови, ако сакате). Така, например, терминот „Комунистичка Интернационала“ создава слика за некакви идеалисти со црвени знамиња, кои се борат за социјална правда и подобар свет, но доколку речете „Коминтерна“, тоа делува стерилно и дехуманизирачки, како да се работи за некаква бирократска институција, или, пак, предмет, каков што е например наткасна, комода или маса со столици. Проблем претставувало тоа што денот недела на руски се нарекува воскресенье (односно, денот кога воскреснал Исус Христос), па за да ги оддалечат граѓаните од религијата, болшевиците дури вовеле нов календар во кој седмицата (во смисла, неделата) била заменета со шестка, па денот недела со тоа исчезнал. Но подоцна, седмицата сепак била вратена назад, можеби во периодот кога Сталин почнал да „шурува“ со црквата, чисто заради остварувањето на своите цели, околу што веќе раскажував. Среде Русите се појавиле и новокомпонирани лични имиња, дел од кои истотака опстојуваат до ден денес: Владлен (Владимир Ленин), Стален (Сталин и Ленин), Вилор (Владимир Ильич Ленин – организатор революции), Даздраперма (Да здравствует Первое мая), Кукуцаполь (Кукуруза царица полей), Вектор (Великий коммунизм торжествует), Имэлс (Институт Маркса – Энгельса – Ленина – Сталина), Красарм (Красная армия), Ленарм (Ленинская армия), Восмарт (Восьмое марта), Автодор (Общество содействия развитию автомобилизма и улучшению дорог), Рэмс (революция, электрификация, мировой социализм), Электрофикация, Трактор, Комбайн, Вольфрам, Вольт итн. Како последица од сево ова, Русите до ден денес го нарекуваат американскиот State Department со кратенката Госдеп (Государственный департамент).

Со оглед дека милиони советски граѓани завршиле во сталинските гулази, по отслужувањето на казната, тие оттаму се враќале со затворски жаргон (феня), кој истотака извршил силно влијание врз рускиот јазик, па во него се среќаваат поими како што се: зэк (заклучен каналоармеец, т.е. затвореник испратен на копање на речни канали, каков што е познатиот Беломорканал), зона (затвор, логор), посадить (буквално: да се посади, преносно: да се стави в затвор), братва (банда, мафија), шпана (банда млади луѓе, почетници), ствол (буквално: стебло, преносно: пиштол), бабки (пари), халява (муфте, гага), петух (буквало: петел, но преносно: педер, затвореник кого го силуваат), опущенный (спуштен, понижен, силуван), порево (секс), вор в законе (криминалец од вишата каста, кој живее согласно криминалните „закони“), авторитет (слично на претходното), жулик (слично), понятия (буквално: поимање, сфаќање, но преносно: правилата на криминалците), фраер (некој кој не им припаѓа на криминалците, потенцијална жртва), лох (слично на претходното, наивчина), развод (измама), жлоб (алчен), западло (испод чест), баба (жена), тёлка (женско теле, девојка), шалава (проститутка), ебало (фаца), мусор (буквално: ѓубре, преносно: цајкан), мент (исто), бич (Бывший Интеллигентный Человек, т.е. запуштен, клошар), чмо (Человек Морально Отсталый, т.е. затвореник со паднат „морал“, кој соработува со затворската администрација, слабак), козёл (буквално: прч, преносно: слично на чмо). Не, ова не е некаков изолиран социолект, овие „високоумни“ поими се веќе одамна составен дел од секојдневниот руски јазик. Е па, што е тој супериорен во однос, да речеме, на сленгот во афроамериканските гета? Ако по сево ова рускиот јазик за вас е „милозвучен“, „романтичен“ и „поетичен“, јас навистина не знам што да ви кажам.

2.8. Митот за руската воена моќ

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Малкумина знаат дека руската армија, всушност, е немоќна и однатре трула, а нејзините регрути се брутално претепувани (понекогаш до смрт), ограбувани, (хомо)сексуално злоставувани, како робови терани да градат викендици за генералите или бесплатно да работат во разни приватни фирми, а тоа малтретирање се нарекува „дедовщина“. Називот на овој феномен произлегува од рускиот збор за искусен војник, односно „џомба“ („дед“) и тој датира уште од советската армија, кога, заради недостатокот на људство, во неа започнале да се примаат криминалци, кои со себе ги донеле своите „зековски“ (затворски) правила и хиерархија.

Жртви на „дедовщина“ во РФ има многу, но како позначајни би ги издвоиле: војникот Андреј Сергејевич Сичјов од уралскиот град Краснотуринск, кој бил толку физички тероризиран од страна на своите пијани старешини, што тој добил гангрена и нему морале да му бидат ампутирани двете нозе и половиот орган; Антон Поречкин, млад спортист од Забајкалскиот Крај, чија глава била разбиена со 8 удари со војничко ашовче; Руслан Ајдерханов, Татар, силуван и претепан до смрт; Данило Чајкин, (само)убиен со огнено оружје, сведок на убиството на Ајдерханов; Александр Черепанов, кој, демек, „се обесил“; Димитриј Бочкарев, врз кого еден „џомба“ вршел хируршки експерименти; како и Роман Казаков, кој претепан и онесвестен бил оставен во вклучено возило за да се инсценира „задушување со издувни гасови“. Многу војници кои биле мета на овие малтретирања извршиле самоубиства или самите „џомби“ ги инсценирале истите за да ги заташкаат своите злосторства. Истите честопати се заташкувани од страна на воената команда. Властите преземаат мерки само доколку се крене голема прашина во јавноста, а во спротивно, оваа појава е игнорирана и сметана за нормална. Имало и случаи, малтретираните да украдат оружје и да се одмаздат. Така постапи Татарот Рамиљ Шамсутдинов (20), кому претпоставените му ги украле парите и мобилниот телефон, го тепале и уште му се заканиле со силување! На 25.10.2019 год., тој ја свртел својата пушка против нив, при што убил осуммина и тешко ранил двајца, за на крај да биде опколен и да се предаде. Уште позастрашувачки во случајов е тоа што инцидентов се случил во гратчето од затворен тип Горни во Забајкалскиот Крај, кајшто се лоцирани нуклеарни ракетни единици!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руслан Ајдерханов, Андреј Сичјов и Антон Поречкин.

Извршители на „дедовщина“ има од сите етнички и религиозни групи, но во последно време, посебно се истакнуваат „џомбите“, односно „дедовците“ од чеченско, ингушко, дагестанско или слично кавкаско потекло. Покрај „дедовщина“, во руската армија има и т.н. „землячество“, односно, групирање на војниците и нивно меѓусебно поддржување по етнички принцип.

На интернет циркулираат бројни фотографии, на коишто се гледа строј од кутри етнички руски регрути, свртени со своите грбови кон камерата, а врз секој од нив е напишана буква (со пена за бричење или боја за чевли), со што се формира натписот: „Кавказ -сила!“ или „Ингуш – сила!“, „Чечня круто!“ („Чеченија е cool!“), „Дагестан рулит!“ („Дагестан rules!“) или сл. Притоа, во прв план седи старешината – Чеченец, Ингуш или Дагестанец, со значајно кренат показалец (гестот означува „Алах е еден“).

Православниот Русин, фактички, не смее да писне дури ни во својата сопствена армија. Додека кавкасците или припадниците на другите малцинства „се држат“ меѓу себе, етничките Руси во армијата се „атомизирани“ и тие меѓусебно не се помагаат.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Натпис „Чеченија“ и гестот „Алах е еден“ (показалец нагоре).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Салам (поздрав) со кренат показалец до Чеченија од ВДВ (Воздушно – Десантните Војски, т.е. падобранците).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Етнички Ингуш со кренат показалец.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Салам Чеченија“ со кренат показалец.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Етнички Ингуш со кренат показалец.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Дагестан“ и кренат показалец.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Салам Даг(естан)“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Дагестан“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Ингушите се сила“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Дагите (жителите на Дагестан, моја заб.) се сила“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Јас ја љубам Чеченија“.

Многу руски војници секојдневно умираат и од несреќни случаи или болести (пневмонија, менингит итн.). Посебно сулуд случај беше оној од јуни 2004 год., кога руски војници на депонија нашле конзерва со некаква прашкаста материја, која ја користеле како пудра за стапала и дури ја виткале во цигари, за на крај, 25 од нив да завршат во болница со тешко труење (се работело за високо токсичниот метал талиум). Во повеќе руски градови има испостави на детското Суворовско воено училиште, а во она во градот Уљановск, неодамна дојде до масовно труење (ехинококоза), при што, повеќе кадети добија кучешки тении (сплескани црви), кои си прождирале пат низ нивните дробови, бубрези и дури мозоци! Во септември 2017 год., на воен полигон во Ленинградската Област, поради небрежност на старешините, неколку војници биле поставени на погрешни позиции, на директен удар на тенковски оган! Оттаму, не зачудува што притоа загинал 20-годишниот војник Андреј Витих, додека Димитриј Пахмутов, Вадим Габидулин и Арсен Османов завршиле со инвалидност од втора и трета група.

Руски војници тајно се испраќаат во Источна Украина, од кајшто се враќаат во запечатени оловни сандаци и скришум се погребуваат, а нивните семејства се натерани да молчат. Попознат случај беше оној на специјалците од рускиот град П’сков (Псковские десантники). Кога некои од нив паднаа во украинско заробеништво, нивното оправдание беше дека „случајно залутале“. Тие заминуваат на боиштето со заблуда дека „Украинците не умеат да војуваат“ и дека „за два дена ќе им влеземе во Киев“, која скапо се плаќа. Жива илустрација за тоа беше тенкистот – Бурјат, Доржа Батомункуев, кој заврши в болница практично без фаца. Како што веќе спомнав, Путин дури не се потруди на Крим или Донбас да упати војници кои убедливо ќе одглумат „локални востаници“, па среде нив беа забележани Бурјати и други атипични народи за тие простори. Американскиот новинар од руско потекло Сајмон Островски направи одлични репортажи на овие теми, а една од нив, под наслов “Selfie Soldiers”, ја докажа вмешаноста во конфликтот на регуларните руски сили. Насловот произлегува од тоа што тие си правеле „селфија“ на бојното поле и ги објавувале по социјалните мрежи, па некои аналитичари успеале да утврдат каде точно тие војувале.

Општо познато е дека рускиот министер за одбрана, генералот на армија Сергеј Шојгу, всушност, нема отслужено ниту ден војска, ниту е заслужен да го носи тој висок чин. По диплома, тој всушност е градежен инжинер, а истата ја добил на Краснојарскиот Политехнички Институт, во чиј склоп, типично за советските времиња, имало и некаква воена катедра за резервни (под)офицерчиња, но тоа е далеку од вистинска воена академија, од каква што би требало да излезе еден генерал на армија. Фактички, тука се работело за обични студенти – цивили, кои попатно биле обучувани на воени вештини, можеби на нивото на нашиот образовен предмет Одбрана и заштита. До здобивањето со својот висок чин, Шојгу немал ни ден работно искуство во армијата, туку во силите на МЧС (Министерството за Вонредни Состојби), кое се бави со цивилна заштита и спасување од пожари, земјотреси, поплави и сл., што значи дека типот нема испукано ни метак, освен можеби во мета или на свадба. А како што претходно елаборирав, ни спасувањето од елементарни непогоди на Русите не им оди од рака и во тоа тие се крајно аљкави. Сепак, во 1999 год., Шојгу се здобил со титулата „Херој на Русија“, а четири години подоцна, со чинот генерал на армија, со указ потпишан од страна на неговиот пријател, претседателот Путин. Шојгу има делумно тувинско потекло, а неговата родна земја Тува, која се граничи со Монголија, до 1944 год. била независна, но со валкани игри, преврати и притисоци таа била напикана во составот на Русија, кајшто до ден денес се наоѓа. Накусо, тоа е уште еден од манкурт, кој ги бацува чизмите на руските окупатори.

Да се осврнеме и на извиканата руска воена техника. Како што веќе спомнав, нејзиното најпознато оружје, Калашниковот, е плагијат на германската StG 44 на Хуго Шмајзер, кој се нашол во советско заробеништво; бомбардерот Ту-4 е плагијат на американскиот B-29; a првата советска атомска бомба – на онаа американската. Посебно засрамувачки за Русите беше случајот со „последниот крик на воената техника“, тенкот Т-14 Армата, кој просто откажа послушност на пробата за 9-мајската Парада на Победата во 2015 год. Украинците тогаш „ги убија“ Русите од зезање, во стилот: „Абе к’о да видов нозе како одат под тенкот“. Русите истиот мораа да го одвлечкаат од Црвениот Плоштад к’о расипана Лада или Москвич, а коментаторот на разгласот проба да ја сокрие бруката пред публиката, изјавувајќи дека сопирањето било „намерно“ за да се „демонстрира евакуација на тенкот“. Слични фејлови имало и со ракетата Булава, која некад лета, а некад паѓа после само неколку метри. На 05.08.2019 год., дошло до катастрофална експлозија на воен склад во с. Каменка близу Ачинск, при што повеќе луѓе биле повредени; била уништена опремата на пожарникарите, при што еден од нив загинал; пострадале и околни села; а штети и паника имало и во самиот Ачинск. Но тоа не е сè! Заради оштетувањето на громобраните на воениот објект, само четири дена подоцна, во него удрила молња, која предизвикала нов пожар и експлозија! Нешто слично се случило и во фабриката за експлозиви „Кристал“ во градот Џержинск, кајшто во април 2019 год. избувнала експлозија, која урнала цел погон, за нешто слично да се повтори само пар месеци подоцна! Градот бил сиот во паника како да започнала војна, биле повредени стотина души и била причинета голема материјална штета, како во фабриката, така и 3 километри околу неа, при што пострадале прозорци и во градинки и училишта, а била воведена и вонредна состојба. Претходно, експлозии и пожари се случувале и во други фабрики низ градот, но надлежните не извлекуваат никакви поуки и не преземаат ништо за тоа повеќе да не се повторува! Новинарите интервјуирале еден пензиониран работник на „Кристал“, Павел Воронин (90), кој им ја раскажал следнава анегдота. На работа, тој еднаш од љубопитност земал да удира експлозивна материја со чекан, што предизвикало експлозија и типот одлетал неколку метри, но за среќа преживеал. Ете така изгледа производството на оружје во Русија. Тотален башибозук!

Куп руски подморници потонале, се запалиле или се оштетиле, при што загинале или биле повредени нивните екипажи: К-141 „Курск“ (2000), К-159 „Кит“ (2003), К-223 „Подољск“ (2004), Б-414 „Св. Данил Московскиј“ (2006), К-152 „Нерпа“ (2008), К-480 „Ак Барс“ (2010), К-150 „Томск“ (2015), К-184 „Краснодар“ (2014), К-266 „Орјол“ (2015), К-173 „Краснојарск“ (2016) и др. Последен инцидент од ваков вид беше пожарот на подморницата „Лошарик“ на 01.07.2019 год., во којшто загинаа 14 души, од кои двајца носители на титулата Херој на РФ. Со оглед дека се работи за нуклеарни подморници, во таквите инциденти постои сериозна опасност од нуклеарна експлозија и радијација! На погребот на екипажот на „Лошарик“, нивен колега изјави дека инцидентот замалку не довел до катастрофа од планетарни размери! За што точно се работи, не е јасно, а на граѓаните не им се објаснува ништо. Друг познат инцидент бил оној на подморницата „Курск“. По инцидентот, вдовиците на загинатите дале интервју, во кое изразиле критики кон Путин, на што, тој телефонирал во телевизијата и рекол: „Вие намерно најмувате курви. Намерно сте им дале по 10 долари за да ме дискредитираат!“. За разлика од претходно наведените инциденти, оној што се случи на 18.08.2013 год. во прибалтичкото место Мечниково, имаше комични елементи. На тамошната плажа тогаш се избаци 500-тонски воен ховеркрафт „Зубр“, кој замалку не ги смачка шокираните капачи! Трагикомедии не недостасуваа ни во Керченскиот инцидент на 25.11.2018 год. При туркањето на украинските воени бродови „Бердјанск“, „Никопол“ и „Јани Капу“ од страна на руските „Дон“ и „Изумруд“, овие рускиве непланирано се судриле помеѓу себе и се оштетиле, ќути што не потонале! Откако украинските бродови биле запленети, јуначката руска морнарица ги украла WC шолјите и штекерите од истите, а истотака и мобилните телефони на заробените украински морнари, кои беа шокирани што им биле украдени дури и нивните гаќи! На 04.01.2020 год., на пат кон Сирија откажа десантниот брод „Орск“, кој, иронично, беше дел од операцијата наречена „Сириски експрес“, а веќе утредента, нешто слично му се случи на крстосувачот „Маршал Устинов“, познат и како „пловечка резиденција на Путин“. Бродот помпезно пристигна во Истанбул по повод средбата на Путин и Ердоган, но никако не можеше „да се паркира“, при што со „носот“ се удри во босфорското крајбрежје, за на крај да биде отеглен во Мраморното море. Руската флота има само еден единствен носач на авиони, „Адмирал Кузњецов“, кој е во очајна состојба и тој има доживеано куп пожари, истекувања на гориво, авионски несреќи или грешки при поправките, при што гинеле или биле повредени морнари, пилоти или сервисери. Најнов инцидент беше оној на 12.12.2019 год., кога при поправка (заварување) на бродот, избувна пожар, во кој двајца загинаа, а куп беа повредени.

На истиот датум, крај с. Платнировскаја во Краснодарскиот Крај се урна воен хеликоптер Ми-28, при што загина неговиот двочлен екипаж. Леталата на руското воено возухопловство постојано паѓаат поради технички грешки или пропусти на пилотите, а списокот на такви инциденти е речиси бескраен. Да потсетам и дека во 2015 год., Турците соборија руски авион близу Сирија, на што, Русите реагираа со стандардните закани дека „за два дена ќе стигнат до Анкара“, но на крај, тие можеа само да уништат неколку тони турски мандарини. Во почетокот на 2019 год., руското воено воздухопловство само за една недела изгуби три авиони и неколку пилоти, и тоа, во мирнодопски услови: на 18.01, над рускиот Далечен Исток се судрија два ловци – бомбардери Су-34, при што двајца пилоти загинаа; а веќе на 22.01, ракетоносецот – бомбардер Ту-22М3 како играчка се скрши напола близу Олењегорск, при што загинаа три члена на екипажот. Во авионска несреќа погинал и славниот космонаут и офицер на советското воздухопловство Јуриј Гагарин. Притоа, неговиот МиГ-15УТИ се забил в земја речиси вертикално, а причината за несреќата веројатно е грешка на неговата команда, што до ден денес се чува во тајност. Во еден воен хангар во кримскиот град Саки, на 01.10.2017 год., двајца воени техничари проверувале ракета „воздух-земја“ Х-29ТД, која притоа случајно им се лансирала! На својот пат, ракетата ја уништила вратата на хангарот, а воедно и мерните уреди на техничарите. Тие самите преживеале, но мораат да отплатат околу 18 и пол милиони рубљи за надоместување на штетите.

На Старокримскиот полигон, во јуни 2019 год., двајца припадници на извиканите Воздушно – Десантни Војски (ВДВ) ја утнале точката за спуштање и паднале во вода, па неможејќи да се ослободат од своите падобрани, се удавиле. Во несреќни случаи се загинати и куп нивни колеги, јал заради неотворање на нивните падобрани, јал заради заплеткување и задавување со јажињата на истите, јал заради слетување врз електрични жици и струјни удари: Руслан Лапин, крај градот Тољати, на 08.08.2019 год.; Владимир Безбородов, крај градот со исто име, Владимир, на 28.08.2018 год.; Суржан Норбоев, крај Улан Уде, на 29.09.2017 год.; Денис Павлов, крај Рјазан, на 04.04.2012 год.; Артјом Бобриков, крај Тула, на 15.03.2012 год. и др. Со таква војска кому требаат непријатели? Мото на ВДВ е „Никто кроме нас“ („Никој освен нас“). И навистина, кој освен вас може да прави вакви глупости?

Руската противвоздушна одбрана (вклучително и нејзината советска претходничка) истотака има катастрофално реноме. Општо познато е дека таа има соборено два јужнокорејски цивилни авиони сосе патниците во нив (во 1978 и 1983 год.), а можеби и куп домашни (види тука и тука), но наводно, доказите за тоа биле метени под тепих. Во списокот на сомнителни падови на руски цивилни авиони, кои најверојатно биле соборени од страна на тамошната ПВО, се оние во: Сталинград (1959), Милерово (1961), Краснојарск (1962), Хабаровск (1962), Ољокминск (1968), Перм (1973), повторно Перм (2008) и др. Да бидеме брутално искрени, погрешно соборување на цивилни летала им се случувало и на Американците, Израелците, Французите, Италијанците, Бугарите и Украинците, но Русите во тоа се шампиони, што продолжува до ден денес, а недолжни патници гинат ли гинат! На 17.07.2014 год., над Источна Украина беше соборен малезиски патнички авион, најверојатно од страна на про-руските сепаратисти, а постојат сомненија дека ракетниот систем Бук, со којшто тоа било сторено, бил довезен од соседна Русија и бил управуван од нејзин персонал. По овие морничави стории, време е за comic relief: во 1987 год., западногерманскиот пилот – ентузијаст Матијас Руст (19) недозволено влетал во строго чуваниот советски воздушен простор со своето авионче „Цесна“ и непречено терал сè до Москва, кајшто дрско се приземјил во самиот центар! Околу него се собрале повеќе шокирани Московјани, кои го гледале како Марсовец и му барале автограми, а на тамошните власти им требале два часа да сфатат што им се случува среде главниот град, на чекор до владата во Кремљ, и да го уапсат овој натрапник! За оваа белосветска брука да биде целосна, инцидентов се случил на 28-ми мај – Денот на советските граничари! Како последица од тоа, куп советски генерали биле разрешени од своите функции, но тоа не го спречило скорешниот распад на таа дисфункционална држава. Советската ПВО имала само еден успех, а тоа е соборувањето на познатиот американски шпионски авион U-2 (1960). Ќе речете, пеки, уривање на шпионски авион е сосема легитимно (е, не, ќе го пречекуваат со леб и сол), а за стандардите на она време, тоа навистина бил успех, кога ќе се земе в предвид дека U-2 бил технички напреден и постигнувал големи висини – вистинско „Џејмс Бонд“ летало! Но за Русите, ова всушност била Пирова победа. Кога U-2 бил забележан над Русија, комунистичкиве дебили почнале да го гаѓаат со 14 ракети „земја – воздух“ (ало, бре, тоа не се играчки) и истовремено испратиле 19 „ловци“ за да го пресретнат, a eден од нив, управуван од пилотот Игор Ментјуков, воопшто не бил вооружен, па нему му било наредено физички да го удри американскиот авион, т.е. да му изврши воздушен „таран“! За негова среќа, Ментјуков не се справил со задачата, затоа што во таков „камиказе“ напад, неговото загинување би било гарантирано! Неговиот колега Сергеј Сафронов немал толкава среќа – тој неправилно го вклучил својот систем за радиолокациско распознавање, заради што, радарската контрола во него видела „непријател“. Нормално, во еден таков хаос, авионот на Сафронов бил уништен од пријателски оган, а пилотот се катапултирал, за на крај да загине од здобиените повреди. Од друга страна, американскиот пилот, Френсис Гери Пауерс, преживеал! Навистина, откако тој се спуштил со падобран на руска територија, тој бил заробен, а потоа испитуван и суден, но на крај, тој бил трампан за советскиот шпион во САД, Рудолф Абел. Воедно, со ова се урнал митот за подлата американска шпионажа, затоа што се покажало дека СССР го правел потполно истото. По размената на шпионите, Абел, кој дотогаш уживал во животот во САД, бил разочаран од оној во СССР, кајшто душевно страдал и пропаѓал, за набргу да умре од рак. Загинувањето на Сафронов било прикривано од советските власти цели три децении, но како бедна утеха, нему постхумно му бил доделен орден (за што?!). За бруката да биде целосна, инцидентов се случил на 1-ви мај – Денот на трудот, еден од најголемите државни празници во бившиот СССР. Ете тоа е таа руска „суперсила“, па вие сами оценете кој тука бил победник, а кој лузер.

Рускиот „Латас“, Дмитриј Кисољов, еднаш се закануваше, дека РФ е единствената земја на светот способна да ги претвори САД во „радиоактивен пепел“, но по инцидентот на нуклеарната електрана Мајак, нуклеарната подморница „Лошарик“ и оној со ракетата на нуклеарен погон во с. Њонокса крај Северодвинск, многу Руси констатираа дека Русија попрво самата себеси ќе се претвори во радиоактивен пепел. Оние поупатените во воената техника и физиката се скептични дека РФ изработила хиперсонична ракета под име „Авангард“, која развива брзина од 27 махови (27× брзината на звукот), пред која противракетните системи на НАТО „се немоќни“. Ваквиот скептицизам се потврди со експлозијата во Њонокса во август 2019 год., која однесе повеќе жртви и предизвика ширење на радијација, а која најверојатно се случила при тестирање на мотор на нуклеарен погон за крстосувачката ракета „Буревестник“. Толку од лагите на Путин и неговите „хиперсонични“ ракети, кои имаат побијено повеќе Руси отколку непријатели. Кога сме кај руското нуклеарно вооружување да се осврнеме и на неговиот историјат. Веќе спомнав дека руското нуклеарно оружје најпрвин било плагијат на она американското, а Русите започнале да го произведуваат во 1949 год., кога била изведена и нивната прва нуклеарна проба. Повеќето нуклеарни проби биле вршени на полигонот Семипалатинск во Советски Казахстан, што имало катастрофални последици врз околното население, но посебно се интересни тактичките вежби „Снежок“, одржани на 14.09.1954 год. на Тоцкиот полигон во Оренбуршката Област на Русија. Тогаш, советските вооружени сили извеле нуклеарна проба во која биле вклучени живи војници сосе тенкови и транспортери, се разбира, поставени на одредена оддалеченост од епицентарот, со цел, тие да се подготват за дејствување во услови на нуклеарна војна. Со вежбите раководел некогашниот освојувач на Берлин, маршалот Жуков, но тој припаѓал на една друга ера и не бил добро запознаен со нуклеарното вооружување и последиците од истото. Како последица на оваа „генијална“ идеја, 45000 советски војници и 10000 околни жители биле изложени на радијација и многумина од нив починале во маки.

Со цел да го кренат духот на граѓаните по безбројните фејлови, во 2018 год., руските политичари дојдоа на идеја да се изврши ревизија на историјата и советската воена интервенција во Авганистан (1979-1989) официјално да се рехабилитира и да се прогласи за праведна, мудра и исправна и речиси победничка. Всушност, таа воена интервенција била тежок фејл, кој уште се нарекува „Советски Виетнам“ и таа завршила со неславно повлекување. Таму гинеле по 13 советски војници дневно, многу од нив останале без раце и нозе или со психички трауми, а комунистичката Демократска Република Авганистан, која тие требало да ја бранат од тамошните востаници (муџахедини), се распаднала, исто како и СССР. Втората најсилна армија во светот, фактички, била зезана од авганистански селани во пижами и влечки.

Многу митови се прават и околу Втората Светска Војна. Малкумина знаат дека најквалитетниот советски команден кадар бил растрелан од страна на Сталин уште пред таа да избувне и бил заменет со неспособни полтрони. Нивната „генијална“ воена тактика се состоела од безумно испраќање на необучени и слабо опремени војници на митралески гнезда, при што, во позадина стоеле т.н. „заградотряды“, кои стрелале во сите оние, кои би се повлекле (а потоа биле апсени и тероризирани нивните семејства). Откако војниците ќе биле масакрирани, јал од непријателот, јал од своите, се одело на „дај друго дете“, па на крај, СССР дал 20 милиони жртви, а САД, например, само 400 и кусур илјади. „Бабы ещё нарожают“ („Жените уште ќе родат“) – како што велат Русите. Нивното раководство имало „наплевательское отношение“ (плукачки однос) кон нив, и за него, тие биле и сè уште се само „пушечное мясо“ (топовско месо).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Советската армија покажала голема храброст во борбата (против цивилите) и извршила масовни силувања на ослободените територии (за што сведочел писателот – нобеловец Солжењицин, по што, тој завршил во сталинските логори). Онаа славна историска фотографија на Јевгениј Халдеј, на која советски војник крева знаме над берлинскиот Рајхстаг, морала да биде ретуширана, затоа што на неговата рака можеле да се забележат украдени часовници. Неспорно, престапи се случувале и среде Американците, но за да се надмине тоа, нивните генерали им дозволувале средби со проститутки и дури им давале презервативи и добри следувања (конзерви, чоколада, цигари, гуми за џвакање, кафе, сок во прашак и сл.), додека советскиот војник не добивал ништо, па дури ни оружје! Тој бил пуштан во јуриш голорак и нему му било наредувано да земе оружје од своите мртви соборци!

Како што забележал американскиот генерал Патон: „Сложеноста да се сфати Русинот е во тоа што ние не го земаме в предвид фактот дека тој не е Европеец, туку Азијат, па поради тоа, неговото размислување е девијантно. Ние не можеме повеќе да разбереме Русин отколку Кинез или Јапонец, а од она што сум го видел од нив, немам посебна желба да ги разберам, освен да утврдам колку олово и железо се потребни за да ги убијам. Покрај другите азијатски карактеристики, Русинот нема обзир за човечкиот живот и е тотален кучкин син, варварин и хроничен пијаница“. Патон бил озлогласен по своите политички некоректни испади, но некои тврдења му држеле вода.

Каде и да стапнела руска чизма – таму трева веќе не пораснала. Северна Кореја е жив споменик за тоа. За оние што не знаат, таа држава е творба на Москва. Пред да стапи на власт, првиот севернокрејски лидер Ким Ил-Сунг (1912-1994) престојувал во соседна Советска Русија, кајшто добил воено – политичка обука, оружје и друга помош, за потоа, советските трупи да го ослободат северниот дел од Корејскиот полуостров од јапонска окупација и да ја заменат истата со режим по своја мерка. Според советските архиви, синот на Ким Ил-Сунг и воедно негов наследник на функцијата лидер на Северна Кореја, Ким Џонг-Ил (1941-2011), бил роден во с. Вјатское во Хабаровскиот Крај на Русија. Воопшто не спорам дека и западните сили имаат свои гревови: атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки, напалм врз Егејска Македонија, десничарски воени диктатури во Јужна Кореја итн., но генерално, земјите кои потпаднале под западно влијание процутеле (Јужна Кореја, Јапонија, Западна Германија, Италија и др.), додека оние под советско пропаѓале (Северна Кореја, Источна Германија и другите земји зад Железната Завеса).

Тажно е и тоа што откако го победиле фашизмот, многу советски војници завршиле како жртви на сталинизмот. Како што пишувал поетот – нобеловец Бродски: „Ние смело влегувавме во туѓи престолнини, но со страв се враќавме во својата“. Тука треба да се разобличи и митот за големата „храброст“ на Русите. Македонците се критикуваат себеси дека се премногу плашливи и трпеливи, дека често име кај нас е „Трпе“, а најпозната поговорка – „Наведната глава сабја не сече“, но вие не сте свесни каков страв е втиснат во психата на рускиот човек. Тој со векови трпел царски апсолутизам и практично бил закрепостен, односно роб, за потоа, тој 70 години да трпи комунизам (од што, околу четврт-век под Сталин). Состојбата дури ни денес не е многу поарна (Путин е на власт речиси 20 години). Сега Русинот не смее ни да писне против кавкасците, кои практично имаат завладејано со неговите градови.

Ноќта меѓу 7-ми и 8-ми февруари 2018 год., близу сириското гратче Хашам, за првпат се случил директен вооружен судир помеѓу Руси и Американци, при што, очекувано, овие првонаведениве дебело го изеле стапот. Американците биле припадници на маринците, зелените беретки, рејнџерите и Делта форс единицата и тие таму содејствувале со Демократските сили на Сирија, во рамките на кои доминираат Курдите. Русите, пак, биле припадници на платеничката група ЧВК „Вагнер“, која содејствува со регуларната сириска војска и разните шиитски паравојски, кои се борат на нејзина страна. Во Сирија, двете светски суперсили не се чепкале меѓу себе и имале линија на разграничување на р. Еуфрат, но руските наемници и нивните сириски сојузници ова го прекршиле, така што преминале во напад врз Американците со тенкови, минобацачи, артилерија, каќуши, чуда и врагови. Наводно, приватната воена компанија „Вагнер“ е всушност паравојска на Путин и таа извршува валкани работи за него, при што, тој демантира поврзаност со неа, со оглед дека таа се состои од наемници и не е дел од регуларните руски сили. Во времето на нападот кај Хашам, Американците ја контактирале регуларната руска команда, која, нормално, негирала дека среде напаѓачите има нејзини луѓе. Американците тогаш пружиле високопрофесионален отпор со сите можни оружја и орудија и добиле воздушна поддршка, при што, напаѓачите биле направени сол, а она што останало од нив се дало во панично бегство. Соодносот на силите бил 500:40 во полза на напаѓачите, но тоа нималку не им помогнало. Тие тогаш дале околу 200-300 жртви, а Американците – ни една. Бил ранет само еден припадник на Демократските сили на Сирија. Тоа е отприлика извиканата руска воена моќ.

Официјален празник на руската армија е 23-ти февруари, но иронично, тој ден воопшто не е поврзан со неа, туку со онаа бољшевичката на Ленин, која, на тој датум, во 1918 год., доживеала катастрофален пораз од германските сили. Ова дури довело до тоа бољшевичка Русија да потпише капитулација пред Германците, што било сторено со Брест – Литовскиот мировен договор на 03.03.1918 год., при што, таа загубила огромни територии. Иронично, Германците претходно го поддржувале Ленин, затоа што тој ветувал дека ќе ја извади Русија од Првата Светска Војна и тие потпишале примирје со него на 15.12.1917 год., но набргу, нивните патишта се разминале и дошло до отворена војна. Во неа, силите на Ленин биле разбиени и се дале во панично бегство, а жителите на териториите, кои тогаш потпаднале под германска контрола, ги пречекувале Германците со леб и сол како ослободители од смрдениот комунизам. Накусо, РФ сега го одбележува денот на бољшевичката армија и нејзиниот катастрофален пораз, кого советската историографија го фалсификувала за да заличи на „победа“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Горе: Билборд со превртено руско знаме, ветерани и германски војник (?!), долу: оригиналното фото од кое е преземен истиот.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Наместо руски војник, на споменикот на бранителите во Тобољск е претставен германски.

Во списокот на фејкови и фејлови се и билбордите со воено – историска тематика, кои секоја година се поставуваат низ руските градови по повод Денот на Победата, а на истите, поупатените набљудувачи забележуваат американски, британски и дури и германски војници, лажно претставени како руски! Некои Руси се правдаат дека просто се работи за грешки, други се сомневаат дека тоа е свесна провокација од страна на авторите на билбордите, а некои од нив прибегнуваат кон употреба на странски историски фотографии, затоа што тие се поатрактивни за око од оние руските. Така например, во градот Златоуст имало билборд, кој бил плагијат на славната фотографија на Џо Розентал со маринците кои креваат американско знаме на Иво Џима, но истото било ретуширано како советско; во Ивантеевка имало билборд со „руски пилоти“, за кои неупатените не знаеле дека се всушност Германци – припадници на Луфтвафе; во Чебоксари имало билборд со однаопаку превртено руско знаме, стари ветерани и германски војник како фрла рачна граната; во Алапаевск – билборд со марш на „црвеноармејци“, кои всушност биле германски вермахтовци; во Барнаул – билборд со фотографијата на Американецот Пол Дорси, која прикажува маринец на пацифичкиот остров Гуам; а понекаде се среќаваат и билборди со германски тенкови Panzer или американски Sherman, претставени како „руски“; или, пак, со германски авиони Junkers или американски Boeing B-17 Flying Fortress. Доколку се работеше за една или две утки, ќе го прифатевме оправдувањето дека „кој работи – тој греши“, но нив ги има уште стотици, а нови и нови се појавуваат секоја година! Врв на цинизмот бил споменикот на бранителите подигнат во рускиот град Тобољск, на којшто, наместо руски војник, бил претставен германскиот Вернер Голдберг (1919-2004). Откако некои граѓани ја забележале грешката, тие биле мошне изреволтирани, па уметникот наврат-нанос го изменил ликот на војникот, но за белја, тој сега им заличел на Кинез! На крај било решено на споменикот да нема никаков лик, туку само симболи, па бог те пита како на крај тоа излегло. Тоа се трагикомедии!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Ветеран“ со лажни одликувања (освен две и тоа неборбени).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Ниедна борбена награда, само јубилејни „значки“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Дубиозниот црвеноармеец Лев Гицевич со руски нацист и српски четник (?!).

Односот кон воените ветерани во РФ е крајно нехуман. Многумина од нив умираат од глад, болести и студ или страдаат од инвалидитет и го немаат решено станбеното прашање. Иронично, германските ветерани живеат драстично подобро! На Парадата на Победата во Москва се носат лажни ветерани (ряженые ветераны), кои се китат со лажни униформи, чинови и ордени, додека вистинските ветерани се отстрануваат за да не ја нарушат убавата празнична слика. Некои Руси се занимаваат со „лов“ на таквите лажни ветерани и ги објавуваат на интернет. Се случува, например, измамникот да биде фатен со некое врвно одликување или маршалски еполети, а се знае дека такви им биле врачени само на мал број воени лица, кои се одамна починати и чиј список е познат. Во 1940-тите години, многу од овие „ветерани“ не биле ни родени, а се случува кај некои од нив да се сретнат одликувања од типот „Медал за крводарители од Месна Заедница Свирипичино“ или сл. Во РФ постојат инфантилни луѓе, кои обожуваат да се облекуваат во униформи и да си закачуваат ордени, па какви и тие да биле. Голем дел од таа помпа, која ја гледате на Деветомајските паради е лажна. Јас сум ја гледал парадата во живо (поточно, нејзината генерална репетиција), околу што веќе имам пишувано и знам како тоа изгледа. Навистина сум им благодарен на оние кои ми ја пружија таа можност, и неспорно, тоа е импресивно за око, но впечатокот се расипува откако човек ќе дознае какви сè валкани нешта стојат зад кулисите. Покрај лажни ветерани, во РФ се присутни и лажни козаци (ряженные казаки). Тие извршуваат разни паравоени или параполициски задачи, при што се истакнуваат со своето самоволие, простотилак и насилно однесување. И секако, со своите лажни ордени.

Секој 9-ти мај, во РФ и во руската дијаспора се организира митингот „Бесмртен полк“, во кој учесниците носат слики од своите дедовци – борци од Втората Светска Војна, но по неговото завршување, многу од тие слики се фрлаат в ѓубре или насред улица, што покажува дека учесниците не се ниту емотивно, ниту роднински поврзани со тие нивни „дедовци“. Во ѓубре завршуваат дури и т.н. георгиевски ленти, руски знаменца, цветни венци и други реквизити типични за тој празник. Ова крена голема прашина во руската јавност, при што, опозиционерите заклучија дека овој настан, со чест на исклучоци, е чиста „показуха“, односно мачкање очи, а поддржувачите на режимот релативизираа и наоѓаа бедни оправдувања или тврдеа дека против сторителите „ќе се преземат мерки“ (ташак се преземаа). Некои опозициски новинари со камера им приоѓаат на учесниците на настанот и ги замолуваат да раскажат нешто за „дедовците“ на сликите, но наместо одговор, следи гробна тишина и црцорење на штурци, или, пак, оправдувања од типот: „Баш нешо ми искрсна, брзам“, „Нисам одавде“ и сл. За разлика од Македонците, кои воглавно воделе герилска борба (комити, партизани), Русите имале силна регуларна армија, во која, горе-долу, сè било евидентирано, па со нешто труд, секој може да ископа архивски податоци за својот дедо – борец (ако тој воопшто бил борец): и во каква единица тој служел, и во кој род, и во кој баталјон, и во која дивизија, и на кој фронт, и во кој период, и во кои конкретни битки учествувал, и дали бил рануван, наградуван, казнуван, кога и како загинал итн. Се случува на митингот да се појават и слики од личности, кои воопшто не зеле учество во војната, па така, во една прилика таму се појави шефот на репресивните служби Лаврентиј Берија; во друга, царот Николај Романов (WTF?!); а во трета, про-руските сепаратисти од Донбас, како Моторола, Гиви и ним сличните бандити. Некои од митингашите навистина се наследници на учесници во војната, но знајте дека тоа е мошне растеглив поим. Покрај армијата, во војната учествувале и озлогласените политички комесари, репресивните служби НКВД и НКГБ, веќе споменатите заградувачки одреди, како и казнените баталјони (шрафбаты), составени од затвореници, и тоа, не само политички, туку и криминалци. Сите наведени сурово ги угнетувале вистинските војници, како и жителите на „ослободените“ територии, што не е воопшто за гордеење. Како и во други земји под фашистичка окупација, во Русија имало и колаборационисти, што денес нерадо се спомнува, а да не заборавиме и дека со Пактот Молотов – Рибентроп, во даден историски период, Русите му биле сојузници на Хитлер.

2.9. Митот за рускиот антифашизам

Русија направи цела митологија од својата победа над фашизмот, што критичарите го нарекуваат „победобесие“, и таа ги обвинува своите соседи, како што се Украинците и Балтичките народи, за колаборација со окупаторот и за неонацизам, премолчувајќи ги притоа валканите страници од своето сопствено минато, но и од својата сегашност.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот неонацист Миљчаков обезглавува кученце, мафта со кукаст крст, се исмева со мртов Украинец во Донбас и се ракува со кримскиот премиер Аксјонов.

Прво и најосновно, омразата спрема Евреите има богата традиција среде Русите, и тоа, уште далеку пред појавата на Хитлер. Тука мислам на оној стар христијански антисемитизам, од типот: „Евреите го убиле Исус“, „Евреите месат обреден леб со крв од христијански деца“ и сл., што било присутно и кај други европски народи (Украинците, Полјаците, Германците итн.). Во таа смисла, Русите воопшто не биле ангели, ниту сега се, како што тие сакаат да се претстават. Во Руската Империја, Евреите биле третирани к’о црнци и тие смееле да живеат само во определени региони, односно зад определена црта (Черта оседлости). Исклучок претставувале некои пообразовани и поспособни поединци (т.н. „польезные Евреи“), кои, како што кажува овој назив, Русите сакале да ги исползуваат за свои цели. Но генерално, кон Евреите се спроведувала дискриминација и се ширел говор на омраза, за што најдобар пример е антисемитскиот памфлет „Протоколот на Ционските мудреци“, излезен во Русија во 1903 год., за кого се смета дека бил масло на царските тајни служби. Ваквата атмосфера довела и до повеќе погроми врз Евреите, при што, тие биле убивани, ограбувани, силувани или истерувани од своите домови, а истите биле спалувани. Извршители на погромите биле разгневени толпи и разни козачки ирегуларци, предводени од православни свештеници, а се смета дека тоа се правело со одобрение на руските цареви. Како реакција на ова, многу Евреи тогаш ги прифатиле бољшевичките идеи (главните бољшевици како Ленин и Троцки самите имале целосно или делумно еврејско потекло). Затоа, во Руската Граѓанска Војна (1918-1922), Евреите биле честа мета на руските антикомунисти („белите“). Поимот „Евреин“ тогаш бил изедначен со „бољшевик“, па можеби тогаш настанала озлогласената парола „Биј ги Евреите, спаси ја Русија!“ („Бей жидов, спасай Россию!“) или можеби таа датира отпорано, од времето на антисемитското движење на т.н. црносотнијци.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руската наци емиграција во Манџурија, Берлин и САД, 1930-тите.

Рускиот фашизам или нацизам воопшто не е некаква новост или помодарство, како оние наци – скинхедси по стадионите, туку тој си има долга историја. Уште на почетокот на XX век, во Руската Империја се појавило едно ултра – националистичко и антисемитско движење, наречено Црни Стотини или Црна Сотнија (Чёрная сотня или Чёрносотенцы), некаков предвесник на фашистичките „црнокошуљаши“. Воопшто не би ме зачудило доколку самиот Хитлер црпел инспирација од нив. По Октомвриската Револуција и Граѓанската Војна, руската екстремна десница се нашла во егзил, кајшто, во 1930-тите години, таа формирала повеќе организации, инспирирани од тогаш актуелните идеологии на фашизмот и нацизмот. Такви, например, биле: Руското Национал – Социјалистичко Движење (Берлин, Германија), Сèруската Фашистичка Организација (Конектикат, САД), како и Руската Фашистичка Партија (Харбин, Манџурија). Заради својата близина до Русија, кинеската област Манџурија станала засолниште за многу руски бегалци од бољшевизмот, а откако таа била окупирана од Јапонците и прогласена за марионетска држава, руските фашисти започнале соработка со истата. Путин негува голема почит за рускиот мислител Иван Иљин (1883-1954), кој, пак, негувал голема почит кон нацизмот, со кого се запознал кога бил во егзил во Германија. Путин дури организираше репатријација на неговите посмртни останки во Русија. Други познати руски нацисти во емиграцијата биле: Константин Роѕаевскиј (1907-1946), Анастасиј Вонсјацкиј (1898-1965), Павел Бермонт – Авалов (1877-1974), Михаил Матковскиј (1903-1968), Арсениј Несмелов (1889-1945), Лев Охотин (1911-1948) и Борис Тедли (1901-1944).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Русите се грлат и љубат со Хитлер: мин. за надворешни Молотов во Берлин, „Правда“, 18.11.1940.

Што се однесува до официјалната руска политика, на 23.08.1939 год., Москва потпишала пакт со Нацистичка Германија (Молотов – Рибентроп), како и таен протокол, со кој двете страни се договориле како меѓусебно да си ја поделат Европа. Сталин тогаш наредил неговата администрација да се исчисти од Евреи, за да се задоволат неговите нови сојузници – нацистите, а не било невообичаено, тој ним да им екстрадира пребегнати германски Евреи и/или комунисти, кои нашле засолниште во СССР. Втората Светска Војна започнала со германско – советската поделба на Полска во септември 1939 год., при што, нацистите и Русите имале пријателски средби и дури одржувале заеднички паради. Биле одржани и заеднички конференции на германската и советската тајна полиција (Гестапо и НКВД); биле потпишани договори за економска соработка; било одобрено создавање на германска подморничка база крај градот Мурманск во Северозападна Русија (Basis Nord); а советската морнарица го купила германскиот крстосувач „Љуцов“ (“Lützow”). Накусо, Москва влегла во Втората Светска Војна на страната на Хитлер, а при крајот на 1940 год., било разговарано таа официјално да му се приклучи на Тројниот Пакт (Берлин, Рим, Токио), со што, тој би станал „четворен“. На Хитлер, Русите му пружале економско – политичка, морална и секаква поддршка, а да не биле тие и нивните обилни суровини, тој можеби ќе бил поразен од страна на Британците многу порано. Сталин нему толку му верувал, што ги игнорирал предупредувањата дека Хитлер може да го прекрши пактот и да го нападне, што се остварило на 22.06.1941 год. Во руската историографија сево ова се премолчува или релативизира, а акцент се става само на она што следело по тој датум. Затоа, Русите го избегнуваат изразот Втора Светска Војна и наместо него го употребуваат Голема Татковинска Војна (Великая Отечественная Война), со што, кај нивните деца се создава искривена слика дека војната започнала во 1941 год., дека тоа пред сè била „германско – руска војна“ и дека Русите во неа одиграле позитивна улога, со што се мете под тепих нивната претходна соработка со Хитлер и се минимизираат жртвите дадени од Англо – Американците и другите припадници на антифашистичката коалиција. Москва истотака ја премолчува или релативизира својата ничим изазвана агресија врз Финска, Естонија, Латвија, Литванија и Романија, која се одвивала во периодот 1939-1940 год. Заради агресијата врз Финска, на 14.12.1939 год., СССР дури бил исфрлен од Друштвото на Народите (нешто како ООН денес).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Ген. Власов врши смотра на руските фашисти.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руски козаци во служба на Германците.

Додека Русите ги нарекуваат Украинците „нацисти“, се занемарува фактот дека илјадници Руси зеле учество во про – нацистичката Руска Ослободителна Армија (РОА) на генералот Андреј Власов (1901-1946), Руската Ослободителна Национална Армија (РОНА) на Бронислав Каминскиј (1899-1944), Руската Национална Армија (позната и како Дивизија Русланд) на Борис Смисловски (1897-1988), козачките колаборационистички корпуси на Пјотр Краснов (1869-1947), Андреј Шкуро (1887-1947), Тимофеј Доманов (1887-1947) и Иван Кононов (1906-1967) итн. Малку е познато и дека во ноември 1941 год., во централниот дел на Европска Русија била формирана некаква марионетска држава, Локотската Република, на чело со Константин Воскобојник (1895-1942), како и Руската Народна Социјалистичка Партија, позната и како „Викинг“ или „Витез“. Но тоа што среде Русите имало соработници со окупаторот воопшто не треба да чуди, кога ќе се земе в предвид какви ужаси тие преживеале под советскиот режим. Треба да се знае и дека некои колаборационисти искрено ја прифатиле идеологијата на нацизмот, додека други просто биле прагматици и во неа само гледале средство за ослободување од Сталин. Слично нешто се случувало и среде Украинците, Белорусите, Кримските Татари, Балтичките и другите советски народи, па тврдењата на Русите за „фашизоидноста“ на нивните соседи воопшто не држи вода. Руските колаборационисти биле ангажирани од страна на Германците не само во Русија, туку и на други фронтови, па така, тие извршиле воени злосторства и во окупираната Полска, Југославија и други места. РОНА, например, учествувала во задушувањето на Варшавското востание во август 1944 год., а дел од германските трупи, против кои се борел Тито, всушност биле Руси! Првата Козачка Коњичка Дивизија извршила толку масакри, силувања, грабежи и палежи на цивилното население во Хрватска, Босна и Срем, што ова било премногу дури и за озлогласените усташи, кои упатиле барање до Германците тоа веднаш да престане!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Исто срање – друго паковање.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Во Граѓанската војна, комунистите на Ленин носеле кукасти крстови, 1919.

Русите имале концентрациони логори уште пред да бидат отворени оние на Хитлер (“before it was cool”), па не би ме зачудило ако тоа нему му послужило како инспирација. Што е за право, ваквите логори не се измислица на Русите, но во таа сфера, тие биле доста озлогласени. Во СССР функционирале стотици вакви логори, ако не и илјадници, а првиот бил отворен од страна на Ленин на студените Соловецки Острови во 1923 год. Овој казнен систем (поточно репресивен) подоцна бил усовршен од страна на Сталин и бил наречен ГУЛАГ (Главное Управление Лагерей). Разликата помеѓу советските гулази и оние нацистичките била во тоа што овие првонаведениве не биле логори на смртта, туку имале казнена и превоспитна функција, но нивните жители, повеќето осудени на монтирани процеси, секако страдале и умирале од тортури, глад, студ, болести и исцрпеност од прекумерна ропска работа. Кога во 1945 год., Русите ја „ослободиле“ Источна Европа, тие пренамениле некои нацистички логори во гулази, како напр. Аушвиц, Мајданек, Бухенвалд и Саксенхаузен. Теророт во тие логори си продолжил, само сликата на Хитлер била заменета со онаа на Сталин. Интересно е и тоа што во Граѓанската Војна во Русија, кукастиот крст (свастиката) бил воведен како официјална ознака на некои единици на Црвената Армија (со наредба од ноември 1919 год.). Да, добро прочитавте, војските на Ленин носеле кукасти крстови небаре биле нацисти! Оправдувањето на Русите е дека тоа немало врска со нацизмот и дека тие единици биле составени од етнички Калмики, кои се будисти, па ним им била дозволена употребата на овој симбол, кој се среќава и кај други култури, а кој бил присвоен и злоупотребен од страна на Хитлер. Како и да е, ќе признаете дека оваа бизарна коинциденција одлично ми се вклопува во приказната за сличноста меѓу рускиот комунизам и германскиот нацизам.

Со оглед дека Евреите доста придонеле за комунистичката кауза, советското раководство најпрвин им било наклонето, па во 1934 год., за нив била создадена Еврејската Автономна Област, додуша, џенем, на рускиот Далечен Исток. Истотака, Москва го поддржувала создавањето на Израел (1948), но не за долго. Откако тој се зближил со САД, таа ја пренасочила својата помош кон Палестинските Арапи. Во СССР тогаш започнала кампања против Евреите, кои сега повторно биле мета на дискриминација и прогони. СССР за нив станал вистински пекол, а многу еврејски интелектуалци биле подложени на тортура и гниеле во сталинските гулази, додека оние посреќните биле егзекутирани. Познат случај во оваа кампања била егзекуцијата на 13 видни еврејски поети во затворот на КГБ во Москва на 12.08.1952 год., како и судењето на поголема група еврејски лекари, под лажно обвинение дека подготвувале убиства на видни советски функционери. По израелската победа во Шестодневната војна (1967), Евреите во СССР повторно станале мета на репресии, па многумина од нив посакале да се иселат во Израел, но ним не им биле издавани излезни визи и тие биле завикани „отказники“. Мнозинството Израелци не се автохтони жители на просторите на коишто живеат, туку се доселеници од еврејската дијаспора (практично, колонизатори), па за да се спречи засилувањето на Израел со свежа крв, советските власти решиле да прибегнат кон вакви „откази“. Израелската окупација на Палестина е секако за критика и за тоа имам доста пишувано, но да се биде Евреин во СССР навистина не било лесно, а тамошното општество веќе опасно загазило во антисемитизам и конспирологија, не многу поразлична од онаа во „Протоколите на сионските мудреци“. Во СССР тогаш била започната жестока антиционистичка кампања и се развивала дубиозната научна дисциплина наречена ционологија, а бил формиран и специјален Антиционистички Комитет, во кој се вклучиле (или биле насила вклучени) видни личности од советскиот општествен живот: интелектуалци, уметници итн. Многумина од нив биле „полезни Евреи“ или „џепни Евреи“, кои требало да покажат дека Москва не шири антисемитизам, туку само ги критикува политиките на Израел.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Профил на Миљчаков со наци содржина и фото во униформа на регуларните руски сили.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот неонацист Антон Раевски во Донбас.

Неонацизмот, антисемитизмот и расизмот цутат и во современа Русија и можат да се сретнат во комбинација со царизмот, православниот фундаментализам, црностотинството и дури и сталинизмот (накусо, спој на сите можни тоталитарни идеологии). Во земјата функционираат куп партии, организации или движења, кои легално или нелегално ги промовираат тие идеологии, како што се: Славјански Сојуз, Национален – Патриотски Фронт „Памјат“, „Спас“, Руско Национално Единство, Руски Општонационален Сојуз, Руска Национална Социјалистичка Партија, национал – болшевиците и др. Секоја година, на Денот на националното единство, 4-ти ноември, се организира т.н. Руски марш, улични демонстрации, во кои учество земаат некои од веќе наведените организации. Русите ги обвинуваат Украинците за „нацизам“, но иронично, илјадници руски неонацисти се борат во војната во Донбас на страната на тамошните сепаратисти, додека претседателот на Украина, Зеленски и нејзиниот премиер, Гројсман, се Евреи! Познат неонацист, кој се бори за про-руските сепаратисти во Источна Украина е Алексеј Миљчаков (прекари: Фриц и Србин), садист од Петербург, кој стана озлогласен уште пред војната по тоа што живи дереше мали кученца и објавуваше слики од тоа во социјалните мрежи. Огромен процент од таквите борци се неонацисти дојдени од соседна Русија, кои немаат никаква поврзаност со Донбас, територијата за чија независност тие се борат. Редок исклучок е Павел Губарев, самопрогласениот „народен гувернер“ на ДНР и началник на нејзината мобилизациска служба, кој е навистина родум оттаму, но и тој некогаш бил неонацист во веќе споменатата организација Руско Национално Единство. Среде донбаските доброволци тајно се инфилтрираат и припадници на регуларната руска армија, што веќе добива карактер на странска окупација. Улични напади врз одредени етнички, расни, религиозни или сексуални групи се секојдневие по руските улици, а чести мети се и синагогите.

Иронично, на 70-годишнината од победата над нацизмот, РФ беше домаќин на меѓународна неонацистичка конференција. Да, добро прочитавте, не е шега, ниту печатна грешка. На 22.03.2015 год., во хотелот „Холидеј ин“ во Санкт Петербург, беше одржан Меѓународниот конзервативен форум, а зад овој безазлен назив всушност стоеше собир на неонацистички, антисемитски и слични партии и движења од Европа и Америка, меѓу кои беа: Национал – Демократската Партија на Германија, Златна зора од Грција, Форца нуова од Италија, Демокрација национал од Шпанија, Евро-Рус од Белгија, Тексашкото Националистичко Движење од САД, Британската Национална Партија, Партијата на Швеѓаните (порано Национал – Социјалистичкиот Фронт) и др., а тука учествувал и дерачот на кученца, веќе споменатиот Алексеј Миљчаков. Било планирано и учество на бугарската партија Атака, унгарските Јобик и Фидес, францускиот Национален фронт, како и на австриската Партија на слободата, но некои од нив го откажале истото заради презафатеност со предизборни кампањи, а за останатите собиров можеби бил преекстремен и штетен за нивната репутација. Ова не бил собир на нормални конзервативни, десничарски и националистички партии, што би било сосема легитимно, туку нешто многу поекстремно. Организатор на настанот била руската ултра – националистичка партија „Родина“, која одржува блиски врски со онаа на Путин. Руските опозиционери побарале од власта да го забрани собирот, што не било сторено, а кога тие излегле на протести пред хотелот, некои од нив дури биле уапсени! Да, добро прочитавте – путинскиот режим го одобрил настанот и сторил сè за да го одбрани! Путин е идол на неонацистичките, антисемитските и популистичките партии и движења низ светот и во него тие гледаат моќен лидер и заштитник на традиционалните „бели“ вредности, како и борец против либерализмот, хомосексуалците и имигрантите (иако РФ е преплавена со имигранти, но кому да му објаснуваш). Се вели дека Путин не жали пари за спонзорирање на вакви организации, кои претставуваат негова Петта колона во демократскиот свет. На собирот говорел Ник Грифин, екс-лидер на БНП и негатор на Холокаустот, кој рекол дека ваков собир не би можел да помине во неговата земја, Британија, што, според него, претставувало доказ дека Русија е послободна од неа. Удо Фојгт, претседател на германската НПД, која, на некој начин, е наследничка на партијата на Хитлер, а и најсилна неонацистичка партија по 1945 год., изјавил дека е против САД и НАТО и дека за зближување со РФ, по што изразил пофалби за Путин. Миљчаков, пак, изразил пофалби за Хитлер, кој, според него, од Германија направил суперсила. Тука биле и нашите „стари пријатели“ од Грција, Златна зора, чии претставници биле: екс-генералот Елефтериос Синадинос, родум од с. Рупишта, Костурско, познат по своите шовинистички говори во Европарламентот, заради кои бил исфрлен од една седница на истиот, како и неговиот колега по генералска линија, Јоргос Епитидеиос, инаку екс-директор на воениот штаб на ЕУ. Тука имало и шпански франкисти, американски кју-клукс-клановци и други „живописни“ ликови.

Кога веќе спомнав говор на омраза, во РФ тој е толку чест, што тамошните жители се веќе одамна навикнати на него. Тој особено се засили во времето на анексијата на Крим и почетокот на Донбаската Војна, но не само против Украинците, туку и против Американците, чиј тогашен претседател, Обама, беше мета на расизам („мајмун“ и сл.), додека Евреите беа обвинувани дека „ја закувале војната“, дека сакаат „да ја уништат Русија“ и сето тоа. Русите забегаа во вистинска шизофренија, па тие ги обвинуваат Украинците те дека се нацисти, те дека се пиони на Евреите, или, пак, и обете истовремено. Среде Русите е мошне застапен наративот дека Украина е завладејана и разграбувана од еврејски олигарси и политичари и дека нивни сонародници ја контролираат руската опозиција, при што се нагласува еврејското потекло на некои нејзини лидери (Њемцов, Каспаров, Гозман, Новодворскаја). Нив антисемитите ги доведуваат во врска со Ротшилд и Сорос и ги обвинуваат за матната транзиција во 1990-тите, при што се среќаваат политички некоректни изрази и теории на заговор (жиды, жидомасоны и сл.). Дури и самиот Путин, кој е обично претпазлив со речникот, има изјави, кои можат да се протолкуваат како антисемитски, па така например, кога американски новинари го запрашаа дали Руси биле вмешани во местењето на изборите во САД, тој одговори дека зад тоа можеби стоеле Евреи со руско државјанство. Нему блискиот политичар Жириновски нема влакна на јазикот и шири отворена омраза спрема Евреите, иако тој ним самиот им припаѓа по таткова линија. Некои антисемити го претставуваат Путин како браник против „алчните Евреи“, но не знаат дека тој има куп блиски соработници кои се баш тоа – алчни и корумпирани олигарси и политичари од еврејско потекло! Такви се, например, браќата Борис и Аркадиј Ротенберг, потоа, синот на второнаведениов, Игор Ротенберг, а тука се и Виктор Векселберг, Роман Абрамович, Вјачеслав Моше Кантор и Лев Левиев, како и рускиот „Латас“ или „Миленко“ – Владимир Соловјов и дури и рабинот Берл Лазар. Читателите тука ќе останат збунети и ќе запрашаат како тоа во руската политика се комбинираат антисемитизмот и влијателното еврејско лоби? Не барајте логика, Русија и сè е можно! Путин организира паради по повод победата на СССР над нацизмот, истиот оној СССР кој потпишал пакт со истиот тој нацизам, а паралелно испраќа неонацисти да убиваат Украинци, додека нив ги обвинува за неонацизам, за потоа да се љуби и грли со еврејски олигарси и рабини и паралелно да ги вооружува Иран, Хамас и Хезболах, кои сакаат да ги уништат истите тие Евреи. Лудило!

Во својот секојдневен говор, Русите најнормално користат навредливи називи за други народи (этнофолизмы), дел од кои веќе спомнав: „хач“ (од презимето Хачатуријан) за Ерменец, „чурка“ за Средноазиец, „хохол“ („козачки перчин“) за Украинец, „бульбаш“ („компир“) за Белорус, „чухонец“ за припадник на угро-финските народи, „чучмек“ за Чукча и сличните сибирски народи, „пшек“ за Полјак, „жид“ за Евреин, „черножопый“ („црногаз“) за Африканец, „пиндос“ за Американец итн. Русите се љубители на филмски цитати, а најпопуларен среде нив е оној расистичкиот од филмот „Брат 2“. Во таа сцена, главниот лик се расправа со црномурест имигрант, кој се обидува да го смири, обраќајќи му се со „брат“, на што, овој првиов одговара: „Не си ми ти мене брат, гнидо црногаза!“ („Не брат ты мне, гнида черножопая“).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Расистички треш: Русите ги обвинуваат Украинците те дека се нацисти, те дека се Евреи; споредба меѓу национализмот (ариевско лице) и либерализмот (еврејско); а „мајмунот Обама сака банана“.

2.10. Митот за руската економија

Заради големиот наплив на Узбеки и Таџики, многу Руси се убедени дека „цел свет сака да живее во РФ“ и во секој странец тие гледаат потенцијален економски мигрант. Руските миграциски службеници дури се сомневаа дека мојот брак е фиктивен и дека јас имам финансиски мотиви да живеам во нивната земја. Да се осврнеме малку на таа нивна извикана економија.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Бизнис центарот „Москва – Сити“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Градот Омск.

Објективно, во текот на 2000-тите и 2010-тите години, Русија стана од колена (Россия встала с колен), но во тие успеси, всушност, ужива само Москва и малкуте попросперитетни места. „Со ваши пари – Москва се гради“. Иди живеј у Тољати, Уљановск, Саратов, Нижниј Тагил, да те видам, а да не говориме за уште позафрлените места! Такаречи, тие градови претставуваат сценографија за некаков пост – апокалиптичен филм, а разликата меѓу престолнината и внатрешноста на земјата е фрапантна. Во Москва никнуваат футуристички бизнис центри, додека во внатрешноста има околу 35 милиони Руси, кои сè уште шораат у полски вецеа. Како што британскиот премиер Борис Џонсон му рече на Путин: „Искрено речено, Владимир, во светот има земји, кајшто капиталот е во рацете на олигарсите и полтроните, кајшто новинарите ги убиваат, а над либералните вредности се исмеваат, кајшто според податоци од Росстат (руски статистички завод, моја заб.), третина од населението не може да си дозволи повеќе од пар обувки во годината, 12% од луѓето одат во полски тоалет, а реалните доходи се смалуваат 5 години по ред“ (затворен цитат). Ете затоа цела Русија сака да живее во Москва, па замислете си дека жителите на Њујорк или Лос Анџелес „умираат од желба“ да се преселат во Вашингтон; дека жителите на Торонто или Монтреал „умираат“ да се преселат во главниот канадски град Отава; или дека жителите на Сиднеј и Мелбурн „умираат“ да се преселат во главниот австралиски град Канбера. Во развиениот свет тоа би бил нонсенс! Не заборавајте и дека во Москва, кајшто луѓето имаат пристојни приходи, истотака и цените се високи (напр. веќе спомнав дека најутепан стан чини €500/мес.), така што, тамошната плата од €1000 кореспондира со нашата од €300. Капак на сè беа потполно утнатите прогнози на руското министерство за економски развој од 2008 год., согласно кои, „во 2020 год., Русите ќе земаат просечна плата од 2700 американски долари“. Нострадамус говна да јаде! Во реалноста, модалната плата во РФ сега изнесува околу $370, a онаа медијалната околу $545. Онаа просечната што ја објавува Росстат нема ни да ја наведам, зашто таа нема врска со реалноста. Некои со право ќе ми укажат дека кај нас е бетер, но притоа забораваат дека РФ е суперсила, која изобилува со ресурси.

Путинистите нагласуваат дека Путин ја кренал руската економија по тешката транзиција во 1990-тите и дека под негова власт се создала средна класа, која веќе може да си дозволи попристојни крпи и аута, смартфони и плазма телевизори, тури у Турска и Тајланд, како и „евро-ремонты“ во становите. Но резонов на путинистите е смешен – зарем во тие елементарни цивилизациски достигнувања тие гледаат „успех“?! Зарем имањето нормално купатило, телефон, колор телевизор или кола е успех?! Можеби во Третиот свет, но не и во оној развиениот, кајшто РФ треба да припаѓа. Во него, во тие достигнувања ужива дури и радничка класа. Путин како Баја Патак плива во трилиони нафтени долари, од кои им фрла понекоја коска само на покрупните градови како Москва и Петербург, за тоа да го претстави како „успех“, а на секоја критика, тој возвраќа со whataboutism: „Да не ви беше поарно во 1990-тите?“. Тој веќе 20 години се одржува на власт со таа шупља прича и признавам дека и јас некогаш се упецав на истата. Замислете си американски претседател кој постојано ги плаши граѓаните, да речеме, со враќањето на Големата Депресија од 1930-тите – тоа би бил нонсенс. И на крајот на краиштата, таа путинска средна класа претставува мал процент од вкупното население и дури нема консензус како таа правилно да се дефинира.

Во 2014 год., рубљата почна стрмоглаво да паѓа и доживеа дупла девалвација ($1 беше околу 32 руб., а сега е 64). Народски речено, ако Русинот во својата касица – прасица дотогаш имал $1000, тие магично станале $500. Руските власти им забранија на менувачниците да истакнуваат светлечки таблоа со валутни курсеви по улиците, што е веројатно „метење на проблемот под тепих“. Дупките во буџетот се полнат со измислување на нови давачки и казни, кои се сè поапсурдни (да не речам, „данок на дишење воздух“) или се оди на зголемување на оние веќе постоечките. Беше воведен данок за самовработени (напр. бебиситерки, чистачки или учители кои работат по домаќинствата) и дури беше планиран данок за невработени, a пратеникот Сергеј Вострецов предлагаше данок за домаќинки. Возраста за пензионирање се крева за мажи од 60 на 65 години, а за жени од 55 на 60 години (начелно требаше до 63 години, но Путин реши да биде „џентлмен“). Животниот век во РФ не е толку висок како оној западниот, па можно е некои луѓе воопшто да не дочекаат пензија, со што буџетот ќе заштеди. Истиот тој Путин некогаш ветуваше дека „возраста за пензионирање нема да се крене додека тој е на власт“. Истотака кренат е и данокот на додадена вредност – од 18% на 20%. Фирми се затвораат или се кратат работни места, Русите сè повеќе осиромашуваат, а болници и училишта се распаѓаат под забот на времето. Најтешко е за оние ранливи категории: самохрани мајки, пензионери, воени ветерани, лица со посебни потреби, сираци и сл. Покрај санкциите, на сето ова влијаеше и падот на цената на сировата нафта (2014-2016), но и воените трошоци, огромниот грабеж од страна на руските властодршци (кој буквално се мери во трилиони) и други фактори.

Доларот е доминантна валута во меѓународната трговија, што им овозможува на САД да вршат економски притисок врз одредени земји, а за да го избегнат ова, РФ и Кина се договорија да спроведат т.н. дедоларизација, односно, меѓусебната трговија да ја вршат во други валути. За таа цел, руската Централна Банка претвори дел од своите резерви во кинески јуани, арно ама, заради нивниот пад, што е последица на трговската војна меѓу Трамп и Кина, РФ доживеа загуба од дури 5 милијарди долари! Русите останаа со пари, со коишто можат само да си играат монополи! Набргу, беше објавена веста, дека ЦБ загубила уште 9,5 милијарди!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Мапа на Велика Кина со руски територии.

Патем, Русите и Кинезите имале повеќе меѓусебни конфликти уште од царските времиња, а последната војна им била во 1969 год. (иако и едниве и другиве тогаш граделе социјализам, меѓу нив сепак имало разидувања). Нивното сегашно сојузништво воопшто не е идеално – додека Кинезот потпишува договори за економска и воена соработка со Москва, паралелно, тој си печати учебници, во кои делови од РФ се претставени како кинески „Егеј“ и „Пирин“. Дали Кина има намера нив воено да ги заземе? Не бе, брат, Кинезите тоа ќе го изведат на елегантен економски начин. РФ сака да им даде под наем 115 илјади хектари земја во Забајкалскиот Крај на 49 години за 26 милиони долари, па Кинезите таму планираат да развиваат земјоделие и шумарство, и за таа цел, тие таму ќе подигнат свои претпријатија и населби, во кои ќе населат милијарди свои вработени. Миц по миц, кинескиве „Егеј“ и „Пирин“ ќе си се вратат во својата „матица“. Кинезите економски заземаат и други делови од Источен Сибир или Рускиот Далечен Исток и тие може да го лапнат Владивосток, Усуријск, Хабаровск, Амурск, Благовешченск, Биробиџан и други руски градови. Овие територии, Кинезите ги нарекуваат Надворешна Манџурија и Надворешна Северозападна Кина. Додека Путин пљампа за патриотизам, во источниот дел на Русија се случува нејзина систематска распродаја, поради што, во тамошната јавност се крева голема џева. Раководството на Забајкалскиот Крај почна да демантира дека такво нешто било потпишано со Кинезите, а и тие самите се дистанцираа, но сепак, беше потврдено дека преговори имало и дека бил потпишан протокол за намери, само што деталите во него „не биле така страшни како оние пренесени во медиумите“. Но вака или онака, Кинезите таму веќе наголемо влегуваат, а ситните детали не ја менуваат суштината. Кинеските компании се озлогласени по безмилосната сеча на сибирската тајга (шума), како и по употребата на забранети хемикалии во својата работа. Во 2005 год., РФ и Кина извршиле демаркација на границата, при што, оваа првава ѝ предала на другава територија од 337 километри квадратни, а месните Руси сакале да организираат референдум, во што биле осуетени од своите власти. На 04.11.2015 год. (иронично, на рускиот државен празник Ден на Народното Единство), РФ ѝ предала на Кина дополнителни 4,7 квадратни километри, што е релативно мала територија, но сепак…

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Патриотската фраза на Путин: „Русија нема граници“ и милијарди Кинези, кои истата си ја сфаќаат буквално.

Русите важат за шампиони во производството и извозот на гас, што дури им овозможува да вршат економско – политички притисок врз одредени земји (напр. Украина), а дури и „трулиот Запад“ го купува овој енергенс од нив. Но иронично, при такви обилни количества од истиот, околу една третина од РФ не е гасифицирана! Државната компанија задолжена за тоа, Газпром, не е мотивирана да го реши овој проблем и е многу повеќе заинтересирана за извоз. И додека таа склучува билионски зделки и гради Јужни, Северни и секакви токови, милиони Руси се мрзнат на температури од -50 степени целзиусови! Забележано е, например, дека Газпром многу повеќе инвестирал во гасификацијата на Киргизстан, отколку на својата сопствена држава. За ова сведочи и фактот дека во декември 2019 год., Путин помпезно отвори гасовод за Кина. РФ располага со четвртина од светските резерви на гас, но многу нејзини граѓани од тоа немаат никаков аир. Дури и во нејзиниот Јамало-Ненецки Округ, кајшто се наоѓаат најкрупните извори на гас, нивото на гасификација е само околу 50%. Истовремено, Иран, кој е на второ место во светот по резерви на гас, во руралните средини постигнал гасификација од дури 78%, а во оние градските – од 96%. Утепаниот Туркменистан, иронично, постигнал речиси 100% гасификација, и тоа, уште при крајот на минатиот век, а во текот на долг период, граѓаните добивале гас бесплатно. Дури и некои земји со слаби резерви на гас имаат спроведено успешна гасификација. Така, например, Узбекистан е гасифициран 85%, иако неговите резерви сочинуваат само 0,8% од оние светските. Азербејџан со своите 0,6% постигнал гасификација од дури 92%.

Западните санкции во РФ не се толку видливи со голо око, барем не во Москва и другите попросперитетни места – тоа не е Србија во 1990-тите со хиперинфланција, редици за леб, плати од 5 дојч марки или крадење бензин по паркинзи со цревца. Но сепак, санкциите како глувчиња ја грицкаат таа „пита кашкавал“, наречена руска економија и од неа еден ден нема да остане ништо. Кога сме веќе кај кашкавалите, во земјата се спроведуваат контра – санкции (импортозамещение), при што, квалитетните увозни прехранбени продукти се уништуваат со багери и се заменуваат со инфериорни од домашно производство. Во руските кашкавали има сè повеќе палмово масло отколку млеко, а знаете што ставаат во саламите и шунките? Во оние на руската компанија „Мортадель“ била најдена ДНК од човек. Канибализмот во Русија има богата историја, но тој се јавува и во денешни дни, на што подетално ќе се осврнам малку подоцна. Најнова идеја на руските „стручњаци“ е во сувомеснатите производи да се додава еден вид на скакулци (саранча) како поевтина замена за рогови и копита, кои обично се употребуваат за таа намена. Ваквите скакулци истотака би биле вклучени и во млечните производи, лебот и белите печива. Анализите извршени од страна на здружението за заштита на потрошувачите „Росконтрољ“ покажале дека само девет од вкупно триесет и шесте тестирани руски марки на путер навистина биле путер, додека останатото била некаква сплачина. Истотака биле направени и анализи на руски марки на сушена риба скуша, по што сите комплет биле ставени на црн список како опасни по здравје. И додека увозот на храна од „трулиот Запад“ се ограничува, а истата честопати се уништува, руските властодршци немаат никаков проблем со увозот на радиоактивен отпад, затоа што тие најверојатно имаат ќар од обработката на истиот. На 17.11.2019 год., беше одржан протест против оваа пракса, но, иронично, не во РФ, туку во Германија! Тамошните еколози протестираа против извозот на радиоактивен отпад во РФ и дури истакнаа транспаренти на руски јазик. Германците се повеќе загрижени за екологијата на РФ отколку руските граѓани и властодршци!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

„Погон“ за фејк Raffaello у некој ќумез у Ростов.

На рускиот пазар, како што веќе спомнав, врие од фалсификати на познати странски брендови, и тоа, не само на бувљаците, туку и во вообичаените продавници, па дури и оние реномираните. На купувачите не само што им се увалуваат фејк Levi’s, Versace и Gucci, туку и фејк Milka, Rafaello, Kinder Surprise, Coca-Cola и Pepsi, што веќе може да биде опасно по нивното здравје и дури по нивните животи! По мувлосаните подруми и тавани на Русија, полицијата понекогаш открива илегални „фабрики“, во кои успомоћ штапа и канапа се изработуваат овие прехранбени артикли, а забележана е дури и продажба на фејк бензин. Истотака раширена појава е и измамата на купувачите на станови, кои понекогаш добиваат лошо изградени станови или ич не ги добиваат. На 01.06.2018 год., во градот Екатеринбург, група измамени купувачи одржаа протестен митинг… на колена! Да, добро прочитавте, не е грешка, ниту печатна грешка. Согласно рускиот ропски менталитет, „демонстрантите“ клекнаа на колена и покорно упатија молба до „царот Путин“ тој да се заземе за нивниот проблем. Нешто слично се случи и во зафрленото алтајско село Саниково, кајшто рускиот премиер Медведев имаше средба со мештаните, при што, пензионерката Татјана Кадукина клекна на колена пред него, молејќи го да ѝ го реши проблемот со водоснабдувањето (пази, со водоснабдувањето!). Пензионерката подоцна тврдеше дека таа не клекнала, туку дека некој од телохранителите на премиерот ја сопнал, по што таа се нашла во таква незавидна положба. Жителите на селото Еремково во Тверската Област упатиле писмо до Путин во кое бараат тој да ги стрела. Заради некаков ураган, во селото сега нема ни струја, ни вода, ни ништо, а надлежните тоа никако да го санираат, па селаните му пишале на Путин тој повеќе да не ги мачи, туку да ги стрела и да ги закопа.

Во РФ се случуваат и сè поголеми поскапувања, а заедно со нив и т.н. shrinkflation, што е кованица од “shrink” (смалување, потсобирање) и “inflation” (инфлација). Тоа означува намалување на грамажата на еден производ, со задржување на неговата продажна цена, за некако да се „замаскира“ нејзиното повишување. Така, например, вообичаено е јајца да се продаваат во пакување од 10 парчиња, но во руските продавници неодамна се појавија пакувања со 9 парчиња за истата цена. Истотака, газираните сокови и пивата од 0,5 л. се намалуваат на 0,45 л.; млекото од 1 л. – на 0,93 л.; мајонезот од 450 гр. – на 400 гр.; а павлаката од 350 гр. беше смалена на 330 гр. и најпосле на 315 гр. Русите на шега велат дека сега тие имаат „путински килограм“, кој воопшто не е килограм, потоа „путински литар“, кој воопшто не е литар итн. Да речеме, Русинот довчера можел за 1 евро да купи 10 јајца, но сега, за истата цена тој може да добие само 9 јајца, а ако нештата продолжат во таа насока, за таа цена тој повеќе нема да добие јајца, туку само КУРАЦ! И тоа, „без сол“ – како што се изрази еден сибирски пензионер („Хуй без соли“). Адаптирано по наше, тоа би звучело као „ташак без грашак“. Се работи за пензионерот Вјачеслав Стефанович од градот Бијск, кого една ТВ екипа го запраша дали е задоволен од новогодишната елка на тамошниот плоштад, на што, тој одговори: „Поарно прашај ме од какви пари јас живеам, ТАШАК БЕЗ ГРАШАК јадам! Дали ми се допаѓала елката?! Ебате, елката дали ми се допаѓала!“. Изјавата на Стефанович стана мошне популарен internet meme и таа беше отпечатена на маички, за што, тој дури доби некакво хонорарче. Патем, Стефанович има две високи образованија и некогаш работел како фабрички директор, а пензијата му изнесува само 10000 руб. = 9000 ден. Вакви жртви на транзицијата таму има многу. Сиромаштијата е дојдена до тоа дереџе, што руските власти официјално им дозволија на граѓаните да собираат „валежник“, односно, суви гранки по шумите, за да можат да се стоплат во студените зимски денови. Зарем една суперсила, која изобилува со ресурси, би имала потреба од ваквa глупост?! Истотака, властите официјално им дозволија на граѓаните да ловат со лакови и стрели. Видни руски лекари дури изјавија дека нема ништо лошо во конзумирањето на човечко месо. Да, добро прочитавте, но како што ветив, подетално околу ова подоцна.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Твитот на Михаил Дворкович.

Опозицискиот новинар Саша Сотник спроведе анкета низ руските улици, во која граѓаните беа запрашани дали би се откажале од американските стоки, на што, многумина патриотски одговорија потврдно. Меѓутоа, Сотник им објасни дека тоа би значело откажување од американската облека, која тие ја носат на себе (напр. Levi’s, Nike), на што, испитаниците реагираа во стилот: „Па зарем таа не е кинеска?!“. Многу Руси не сфаќаат дека сето тоа се произведува во Кина заради нејзината евтина работна сила, нејзиното отворање кон Западот и нејзиното дистанцирање од комунизмот, што започнало со либерализацијата на Денг Ксјаопинг, но тоа не ги прави тие марки кинески! Оваа неписменост доведува до апсурди, па така, рускиот бизнисмен Михаил Дворкович апелираше до своите сограѓани тие да бојкотираат американски производи, но тоа беше објавено на американската социјална мрежа Twitter, а на дното на постот беше автоматски додадено: “Twitter for iPhone”. Овие смартфони ѝ припаѓаат на американската компанија Apple, чиј основач бил познатиот Стив Џобс, а тоа што тие се изработуваат во Кина воопшто не го менува тој факт. Врв на сè беше тоа што рускиот премиер Медведев беше „уловен“ како носи гаќи од непријателската марка Calvin Klein. Медведев ги беше бил натегнал гаќите високо над струкот, па нивниот брендиран ластик ѕиркаше под прозрачната кошула на премиерот. Зошто тој не одбрал некоја патриотска марка на гаќи? Например, од Новосибирскиот памучен комбинат?

Како одговор на санкциите, РФ започна да ги затвора рестораните на McDonald’s заради „санитарни нарушувања“ или „несоответствување“ на рекламираниот состав на хамбургерите со оној реалниот, а Путин апелираше да се отвори „патриотски“ и „здрав“ синџир за брза храна. И? Нишо, McDonald’s опстана на рускиот пазар, а иронично, во неговите ресторани сега не може да се најде слободна маса од многуте руски патриоти, кои секојдневно го ждерат тој западен junk food! Интересно е и тоа што се случи со ресторанот на McDonald’s во украинскиот град Донецк, кога тој потпадна под контрола на про-руските сепаратисти. Ако мислите дека тие го урнаа или пренаменија овој симбол на „трулиот Запад“ – се лажете. Едноставно, тие него го преименуваа во „Донмак“ и тој продолжи да работи како неовластена, пиратска копија на McDonald’s! Русинот плука кон Западот, но лицемерно сака ужива во неговите продукти, за кои е неспособен да понуди асална замена. Ова важи не само за храната, туку и за автомобилите, телефоните, облеката и сè друго.

Врв на апсурдот е тоа што рускиот моторџиски клуб „Ночные волки“, познат по своите анти-западни ставови и поддршка за Путин, е сиот во американски фазон. Па зарем има нешто поамериканско од брадат бајкер со кожна јакна и марама, качен на Harley Davidson?! Дали водачот на овој клуб, Александар Залдостанов – Хирургот, би го заменил својот мотор Harley со марките Восход, Иж Планета, ИМЗ или Урал?!

Во РФ се планира измена на законот за национален платежен систем како контра – одговор на западните санкции и постои загриженост дека ова може да доведе до набркување на Visa и Mastercard од нејзината територија, што би значело враќање у камено доба. Овие познати платежни системи спроведуваат санкции против одредени руски банки (особено против оние на окупираниот Крим), од што Москва е револтирана и таа бара од Visa и Mastercard да се покорат на нејзините услови за работа и да не ги слушаат своите централи во западните земји. Доколку во РФ навистина дојде до укинување на Visa и Mastercard, единствена платежна картичка, која би им преостанала на граѓаните, би била руската Мир, која не се прима на ниту едно друго место во светот!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Сталагмитот од фекалии во градот Серов.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Петелот од лепешки на јакутскиот вајар Михаил Бопосов.

Дури и во XXI век, милиони Руси сè уште живеат во полураспаднати комуњарски станбени згради, т.н. „коммуналки“, „общежития“ и сл. Има и случаи, како во сталинските времиња, неколку семејства да делат една кујна и ќенеф, при што доаѓа и до тепачки! Во една таква зграда, на ул. Белореченскаја 5 во уралскиот град Серов, имало капење од тамошните канализациски цевки, што во комбинација со студот и мразот создало огромен СТАЛАГМИT ОД ФЕКАЛИИ. Ова чудо на природата стана еден вид на споменик на руската реалност, како и мошне популарен internet meme. Слична сензација беше и големата скулптура на петел замесена од лепешки, дело на јакутскиот скулптор Михаил Бопосов. Да, сево ова се случува во РФ, светска суперсила, која праќа космонаути у свемир и која со своето нуклеарно вооружување може неколкукратно да ја уништи Планетава. Реалноста е таа, сè друго се празни марксистичко – ленинистички филозофии. Во РФ има луѓе, кои буквално седат врз нафта, гас и дијаманти, а кои умираат од глад и студ. Финтата е што нив нема да ги видите во атрактивните туристички места. Додека граѓаните сè повеќе осиромашуваат и се доведуваат до раб на самоубиство, РФ уништува тони увозна храна и им простува долгови од милијарди долари на Узбекистан, Киргизстан, Монголија, Северна Кореја, Виетнам, Ангола, Мозамбик, Етиопија, Алжир, Сирија, Авганистан, Куба, Никарагва и други земји, врз коишто таа сака да има влијание уште од советските времиња. Руските политичари незаситно крадат и си ги зголемуваат примањата и привилегиите, а некои од нив живеат раскалашено со јахти, приватни авиони, скапи имоти во богатите западни земји, спонзоруши со силикони итн.

Руските политичари цел живот бегаат од лична одговорност (како тие да не се на власт), а за проблемите секогаш им се виновни: ЦИА, Сорос, масоните, Илуминатите, НЛО-ата, Бранко и сите, освен тие самите. Таков кукавичлак вие не сте виделе. Дури и за укинувањето на бесплатниот превоз за руските пензионери „виновен е Обама“ – како што мртов озбилен изјави пратеникот Јевгениј Фјодоров. Проблеми, секако, имаат и младите, а политичарката задолжена за нивните прашања во Свердловската Област, Ољга Глацких, им соопшти, дека државата ним не им е должна ништо, затоа што „државата не бара од вашите родители да ве раѓаат“. Со сличен цинизам одговори и министерската за социјално – демографска и семејна политика на Самарската Област, Марина Антимонова, кога една самохрана мајка ѝ се пожали на сиромашните услови во кои таа го расне своето дете и на нездравата храна, која мора да му ја дава. Министерката тогаш неумесно ја праша: „Па каде е таткото на детето?!“ и додаде дека државата не може сите да ги издржува и ѝ препорача да сади пиперки и патлиџани. Кога сме кај децата, посебно вџашувачки беше скандалот кој неодамна се случи во градот Клинци во Брјанската Област, кајшто беше откриено дека бесплатните одмори во Турција, организирани за руските деца од еден хуманитарен фонд, им биле дадени на децата на тамошните чиновници. На поплаките на некои учители за своите мизерни плати, рускиот премиер Медведев им одговори дека тие самите си ја избрале таа неисплатлива професија и дека решението е тие да почнат да се занимаваат со бизнис. Руската вице-премиерка Татјана Голикова им даде совет на граѓаните за тоа како да се заштедат милиони рубљи: „Оставете ги цигарите“. Цинизмот на руските чиновници е безграничен.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), аеродромот во кримскиот главен град Симферопол фигурира како украински, а така е дури и на руските авиобилети.

РФ џабе го окупираше Крим и џабе го изгради Керченскиот мост и полуостровот сега пропаѓа, како на туристички и економски план, така и на планот на демократијата и човековите права. „Денег нет, но вы держитесь“ („Пари нема, но вие држете се“) – како што рускиот премиер Медведев им рече на кримските пензионери. Веднаш по анексијата на полуостровот, која никој нормален во светот не ја призна, руската држава и мафија (што му дође исто) започнаа невиден грабеж на имот, кој е во сопственост на украинската држава или на нејзини претпријатија, организации или бизнисмени. Така, руски вооружени групи „ослободија“ од „украинска окупација“ повеќе кримски хотели, плажи, синдикални одморалишта, приморски лечилишта, бродоградилишта, енергетски или транспортни претпријатија, бензиски пумпи, земјоделски фарми, пекари, млекари, па дури и филмското студио во Јалта. Кримските Руси, кои под украинска власт тврдеа дека „никој не ги слуша“, сега навистина никој не ги слуша, и тие, како и нивните сожители, Кримските Татари и Украинци, лека-полека се потиснуваат со систематско доселување на луѓе од соседна Русија (воени лица, цариници, судии, чиновници, лекари, градежници, тајни служби итн.). Кримските туристички работници го загубија огромниот украински пазар (околу 40 милиони потенцијални гости), па сега гладуваат, а нивните хотели и плажи зврјат празни. На полуостровот не сакаат да одмораат дури ни руските туристи, уште помалку странците, јал заради напнатата атмосфера, јал заради далеку поповолните и поквалитетни понуди во други земји, јал заради можните правни последици. Имено, ако се утврди дека некој влегол на Крим од територијата на РФ, а не од Украина, при некоја идна посета на второнаведенава држава, тој може заслужено да си попие забрана за влез, парична казна или дури и затвор. Со оглед дека меѓу двете земји некогаш имаше силни врски, ова не е нималку наивна работа. Многу руски бизнисмени, музички и филмски ѕвезди сега не смеат да влезат во Украина, а порано тие таму млатеа добра пара. Перспективите за туризмот на Крим се никакви и заради тоа што граѓаните на богатите западни земји би морале да вадат руски визи, а кога полуостровот ѝ припаѓаше на Украина, визи ним не им беа потребни. Кримчаните и самите имаат огромни проблеми со вадењето на визи (оние шенгенските), како и со употребата на Visa и Mastercard картичките, а согласно западните санкции, на полуостровот е забрането да се инвестира, да се организираат тури и да се врши трговија со него. Украина, пак, ги дупи Кримчаните со доставката на вода и струја и заради сето тоа, тие се вратени у камено доба и сега уживаат у комунизмот на свеќи. Заради анексијата на Крим, РФ беше суспендирана од групата најбогати светски нации – Г-8, која почна да заседава како Г-7. Претседателот на Европскиот Совет Доналд Таск дури предложи Украина да биде поканета да учествува на заседанијата на Г-8 наместо РФ. А зошто да не? Украина е гигантска држава (најголема во Европа, со оглед дека РФ е Евроазиска) и има огромен човечки потенцијал (40 милиони жители), плодни житници, излез на две мориња (Црно и Азовско), како и индустрија и природни ресурси (можеби не толку колку Русија, но сепак има).

2.10.1. Канибализмот во Русија

Како што веќе раскажував, канибализмот бил неретка појава во историјата на Русија, особено во периодите на голема глад, но него го има дури и ден денес. Во 2017 год., во Краснодар беше уапсен брачниот пар Димитриј и Наталија Бакшееви, кои речиси две децении убивале луѓе, го јаделе нивното месо или им го продавале истото на локални ресторани. Во 2009 год., во градот Перм, клошарите Таир и Ринат Ганиахметови го убиле својот брат Рустам, дел од кого изеле, а остатокот го продале на една сендвичара. За присуството на човечко месо во некои руски ресторани сведочи и тамошниот неделен весник „Собеседник“. Во 2005 год., во градот Гусиноозјорск, алкохоличарот Чингис Бубеев убил еден свој пријател, чие месо сам го конзумирал или го продавал на своите соседи како „коњско“, какво што во автономната република Бурјатија не е невообичаено. Од месото, Бубеев зготвил и тестенини (пељмени), како за лична исхрана, така и за продажба. Во 2012 год., двајца жители на тихоокеанскиот остров Рускиј, недалеку од Владивосток, убиле и делумно изеле еден свој познаник, а остатокот од него го продавале како „свинско месо“. Убиството тие го извршиле во текот на една пијанка, а запрашани за мотивот, тие одговориле дека им снемало мезе. Ист таков мотив имал и еден алкохоличар од градот Амурск, кој, во 2000 год., го изел едногодишното бебе на својата сосетка, а претходно, тој бил озлогласен по ловење и јадење на кучиња – скитници. Слично мени имал и људождерот фатен во Архангелск при крајот на октомври 2019 год., кој убил и изел тројца свои пријатели. Во 2014 год., случај на канибализам имало во зафрлената тајга (шума) на подеднакво зафрлената Јакутија, кајшто се загубила група на риболовци и трагачи по злато. Во законите на РФ не е предвидена казна за канибализам, па неговите извршители би можеле евентуално да одговараат за убиство, но ако тие успеат да го убедат судот дека изедениот починал природно или во несреќа, може да се одговара само за навредливо однесување кон посмртни останки или гробови (чл. 244), за што се добива поблага казна. Во 2018 год., во селото Новинка во Ленинградската Област, 21-годишниот Аркадиј Зверев и неговата 12-годишна девојка го убиле и изеле човекот, кај кого живееле како потстанари. Подоцна, девојчето сведочеше дека месото било премногу благо и дека највкусен бил мозокот, a нејзиниот дечко, Зверев, почина в затвор (можда и него го изеле?!). На почетокот на 2019 год., во с. Березовка во Хабаровскиот крај, 80-годишната бабичка Софија Жукова, пензиониран касап на свињи, со секира го насекирала својот 52-годишен потстанар, имигрант од Украина, и наводно го јадела неговото месо, за подоцна да се открие дека таа всушност била сериски убиец и дека имала насекирано уште 3 души, нејзини соседи или потстанари, меѓу кои и 8-годишно девојче, но тие случаи не биле своевремено разоткриени. Во периодот 2009-2012 год., во градот Белински во Пензенската Област се случиле 9 убиства проследени со канибализам, за кои бил осуден недолжен човек, а вистинскиот сторител, Александар Бичков, бил случајно откриен откако во една продавница украл кујнски ножеви, за кои признал дека му требале за убивање. Во 2012 год., на еден дејтинг сајт, готвачот Иван Лебедев од Мурманск договорил љубовен состанок со извесниот Роман Е., кого го поканил дома и го убил, за потоа да зготви котлети и колбаси од неговото месо, што го снимал и го качувал на интернет. Познати руски канибали во текот на 1990-тите биле: Владимир Николаев од Новочебоксарск, кој убил и изел две жртви; Иљшат Кузиков од Петербург – најмалку три; и Александар Специвцев од Новокузњецк, кому, зависно од изворот, му се припишуваат од неколку жртви до неколку десетици, повеќето жени и деца. Соучесник во тоа била неговата мајка Људмила, која му носела жртви во неговиот дом, му готвела јадења од истите и ги прикривала трагите од убиствата. Во септември 2019 год., еден од водителите на популарната ТВ емисија за медицински совети „Да се живее здраво“, д-р Андреј Продеус, изјави дека конзумирањето на човечко месо е полезно и дека не штети на здравјето, за на крај да заклучи дека канибализмот може да го спаси човештвото доколку се намалат ресурсите за негов опстанок. Канибал се појави и среде про-руските сепаратисти во ДНР, поточно во Горловка, а се работи за извесниот Дмитриј Чернев. Откако беше уапсен, тој со насмевка евоцираше спомени пред ТВ камерите: „Два дена го јадевме типот“.

Некој сега ќе релативизира дека случаи на канибализам можат да се најдат насекаде низ светот, но како што видовте, оваа појава во Русија е толку застапена, што тука не се работи за ретки инциденти (напр. еден во сто години), туку за вообичаена пракса, да не речам, традиција. Забележано е, например, дека рускиот освојувач Василиј Појарков (1597-1667) презел поход против монголоидното племе Даури крај далечната р. Амур, при што, поради недостаток на храна, тој и неговите борци ги јаделе труповите на загинатите, како непријателите, така и своите. Ете така Русите им ја заграбувале земјата на недолжните домородци, кои ги убивале, но и ги јаделе, па човек тука се запрашува кој во приказнава е дивјак. Името на овој људождер денес го носат населени места, улици и дури и неколку бродови во РФ. Истотака веќе ви раскажав за големата глад во во 1921 год., предизвикана од колективизацијата на Ленин и неговата политика на воен комунизам, која на крај резултирала со канибализам. Случаи на канибализам тогаш биле уредно документирани од страна на Фритјоф Нансен, познат норвешки дипломат, арктички истражувач, нобеловец и шеф на комисијата за хуманитарна помош на Лигата на Народите (нешто како ООН денес). Во СССР се спроведувала декулакизација (раскулачивание) – насилна конфискација на имотите на поимотните селани (кулаци) и нивна репресија, што на крај довело до канибализам, а најпознат пример за тоа била Назинската трагедија (1933). Тогаш, на островот Назин во сибирската река Об присилно биле населени 6100 политички неподобни лица (повеќето недолжни), без храна и покрив над главата, без алати или било какви средства за живот, што на крај ги натерало меѓусебно да се прождираат. Откако ја освоиле соседна Украина, руските болшевици на чело со Ленин, а потоа и Сталин, им ја наметнале колективизацијата и на Украинците, што среде нив предизвикало масовен помор од глад (Голодомор), па и тие биле принудени на канибализам за да опстанат. Оваа појава ја имало и во текот на Ленинградската опсада (1941-1944), кога Русите масовно умирале од бомбардирања, болести, студ и глад. Но за тоа не бил виновен само фашистичкиот агресор, туку и Сталин. Наводно, тој можел целосно да го евакуира Ленинград или просто да го предаде, со што барем би ги поштедил граѓаните од бавна смрт, но неговата одбрана имала големо идеолошко – политичко значење – „градот на Ленин“ не смеел да падне! Граѓаните секојдневно добивале само 125 грама „леб“ (мешавина од целулоза, ќуспе, пиљевина и сл.), и тоа, само со специјални бонови, додека живи јагниња, кокошки, свеж зеленчук и слични вкусњатини им биле доставувани на привилегираните генерали, чекисти и партиски функционери. За тоа сведочи и дневникот на еден од нив, Николај Рибковскиј, кој запишал: „Наутро – појадок: макарони или супа со фиде, или каша со путер и две шолји сладок чај. Попладне – ручек: чорба или супа како предјадење, а она главното е секојдневно месно. Вчера, например, за предјадење имав чорба со павлака, како главно јадење – котлета со тестенини, а денес- супа со тестенини како предјадење и свинско со зелка како главно“. Иронично, среде изгладнетиот Ленинград скришум функционирале специјални мензи, во кои, се разбира, обичниот смртник не смеел да припари, а кои Рибковскиј ги опишува вака: „Секој ден месо: јагнешко, шунка, пилешко, гускино, мисиркино, колбаси. Или риба: деверика, харинга, зракоперка, и печена, и варена, и како пача. Икра, усољени рипчина, кашкавал, пирошки, какао, кафе, чај, 300 грама бел и исто толку црн леб на ден, 30 грама путер и со сето тоа по 50 грама вино“. Постоеле и скришни деликатесни продавници, а една од вработените во нив била некоја си Нина Спирова (да не ја замешате со истоимената македонска пејачка), која сведочи: „Кај нас животот беше поинаков. Јаболка, круши, сливи, грозје. Сè најсвежо. И така во текот на сета војна. Карши мене беше одделот за сувомеснати производи. Неколку сорти на колбаси, пршути, виршли. Во близина беше и кондитерскиот оддел – бомбониери, чоколада. Малку понатаму, во другиот крај на салата – алкохолни пијалаци: вино, вотка, коњаци. Доаѓаа спокојни луѓе, добро облечени, од глад не истоштени. Покажуваа на каса некакви посебни книшки, откинуваа чекови, љубезно се заблагодаруваа…“. Истовремено, обичните граѓани си ги јаделе своите сопствени деца! Некој ќе рече дека во такви екстремни услови, канибализмот бил разбирлива појава, но људождери се појавувале и во повоена Русија, дури и далеку по завршувањето на војната: Алексеј Суклетин (1943-1977) од Казањ, Василиј Смирнов (1947-1980) од Гатчина, како и најозлогласениот, Андреј Чикатило (1936-1994), кој бил родум од Украина, но својот животен и работен век го минал во Ростовската Област на Русија. Според она што му го раскажувала неговата мајка, таа некогаш имала и друг син, Степан, кој во времето на Голодоморот бил грабнат и изеден, а ова го трауматизирало Андреј и тој израснал во сериски убиец. Тоа се отприлика прелестите на рускиот комунизам. Луѓето биле сведени на говоречки животни.

2.10.2. Ропството во Русија

Претходно начнав дека ропството во Русија постоело уште во царските времиња и дека во неа долго време важело т.н. крепосно право. Селаните биле третирани како говоречки животни, а нивниот сопственик – феудалецот, можел да ги продава, купува, тепа и силува. Селаните биле „зафиксирани“ (закрепостени) за неговиот имот, па при евентуална купопродажба на истиот, тие најчесто оделе „во пакет“ со него, како да се мебел. Зависно од историскиот период, ваквите робови имале различни називи и се делеле на неколку категории: „холопы“, „челядь“, „смерды“ или „закупы“ („смрдежи под закуп“?!). Во 1723 год., Петар Велики, демек, го „укинал ропството“, но всушност, тоа само доживеало извесни модификации и продолжило да опстојува. Тоа дефинитивно било укинато дури во 1861 год. од страна на царот Александар Втори, кој заради тоа бил наречен Ослободител. Арно ама, во некои делови на Русија се „фаќале кривини“, па во нив ваквото ропство се задржало уште извесно време. Но и онаму кајшто селаните навистина биле ослободени, тие секако страдале од прекумерна работа, глад, беда, болести и долгови.

„Во капитализмот еден човек експлоатира друг човек, а во комунизмот е обратно“ – како што вели една шеговита поговорка. Некој вид на ропство имало и во Советска Русија. Затворениците на сталинските логори (ГУЛАГ-и), повеќето осудени на монтирани процеси, биле експлоатирани за изградба на хидроцентрали, железнички пруги, автопатишта и фабрики, како и за шумарство и копање на речни канали и руда (вклучително и на ураниум, и тоа, без заштита од радијација). Голем дел од инфраструктурата на Русија бил подигнат токму со ропска сила, а најпознат проект е Беломорканал (некогаш наречен во чест на Сталин), кој го спојува Белото и Балтичкото Море. Со ропска сила биле подигнати дури и некои руски градови (Комсомољск на Амур, Воркута, Ухта, Инта, Печора, Северодвинск, Находка, Волжскиј и др.). Нивните денешни жители, фактички, живеат врз коските на градителите, кои умирале од исцрпеност, студ, глад и несреќи, а оние кои имале среќа биле убиени. По отслужувањето на казната, затворениците продолжувале да живеат како робови – тие биле под константен надзор на репресивните служби и не смееле да се вработат во одредени сфери и дури ни да живеат кајшто ќе посакаат, туку најблиску 101 километар од побитните урбани центри (напр. Москва, Ленинград). И нивните семејства истотака биле шиканирани, нивните деца не смееле да се запишат на универзитети и сл.

Робови во СССР биле и селаните. За движење низ државата биле потребни т.н. внатрешни пасоши (нешто како лични карти), но на селаните тие не им биле издавани. Со ова, околу 50 милиони селани биле зафиксирани (закрепостени) за земјиштето кое го обработувале, нималку поразлично од времињата на феудализмот. Смислата на животот на селанецот била да ’рмбачи на колективните фарми (колхози), а житото му го грабале генералните секретари за потоа да го продаваат по светските берзи. Оттаму, не чуди што милиони селани во СССР умирале од глад или се претвориле во људождери. За разлика од македонскиот селанец – печалбар, кој ја изградил Австралија, Канада и Америка, рускиот селанец бил (и останал) еден од најзатуцаните на светот. Исклучок претставувале оние селани, кои успеале да напредуваат во партиската хиерархија, војската, образованието и сл. Во даден момент, поради индустријализацијата во СССР и потребата од работна сила, била дозволена миграцијата село-град, но во лимитирани размери. Подобрите животни услови привлекле некои селани во градовите, но овие „лимитчики“ живееле како робови, во смрдљиви комунални домови, кои се претвориле во гета. Подоцна, советските власти се смилувале да спроведат паспортизација (пасошизација) на селата, но тоа било сторено дури во 1974 год.! Кутрите селани дотогаш не смееле да мрднат ни до соседното село без писмено одобрение од локалниот партиски чауш, а за патување во странство ич не прашувајте!

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руски внатрешен пасош.

Додека во некои развиени демократски земји не постојат лични карти или истите се вадат доброволно, затоа што се сметаат за еден вид на преследување на граѓаните, во РФ сè уште постои тоталитарната измислица наречена внатрешни пасоши. Тие воопшто не личат на нашите лични карти, туку се баш како пасоши – крајно непрактични книшки со куп потписи, печати и слични глупости. Ваквата глупост, каква што нема во ниту една нормална земја, оставила трага дури и во рускиот јазик, па ако на Русинот му побарате пасош (паспорт), тој може да не ве сфати на каков точно мислите – внатрешен (внутренний) или за патувања во странство (заграничный или загранпаспорт). Внатрешните пасоши биле измислени заради контрола врз населението уште во Царска Русија, а потоа Ленин ги укинал, но неговиот наследник Сталин ги вратил назад. Сите советски граѓани морале да ги поседуваат, а така е и во современа Русија. Без внатрешни пасоши, нејзините граѓани не смеат да се движат низ својата сопствена земја, па дури ни да купат возни билети, а да не говориме за некои посложени процедури. Во советските внатрешни пасоши се удирал печат за „прописка“, т.е. граѓанинот бил пропишан, зафиксиран за местото на жителство, од кое не смеел слободно да се исели. Ако тој сепак го сторил тоа, при евентуално легитимирање тој ќе бил откриен и ќе го јадел стапот. Во даден момент, законите троа омекнале и била дозволена промена на прописката, но процедурата била сложена и макотрпна, а молбите честопати биле одбивани, особено ако се работело за битни центри како Москва и Ленинград. Без прописка, граѓанинот не можел да се вработи во новото место на живеење, да ги запише децата на училиште, да има здравствена заштита и други права кои следувале со истата. Во современа Русија, граѓанинот може слободно да си одбере место на живеење, само што, како и во други земји, тоа мора да се пријави, но заради ужасната бирократија многумина сепак живеат без средени папири, фактички како илегалци. Заради ова, тие не можат да ги остварат своите права, а ова резултира со корупција, фиктивни пријави и други проблеми. Накусо, во СССР опстојувало крепостното право, додуша, во модернизирана форма, а на некој начин, тоа се влече до ден денес. Русинот не е слободен граѓанин, туку е поданик, крепостной.

Некаков вид на присилна работа во СССР претставувала и онаа што студентите морале да ја вршат во текот на неколку години по своето дипломирање (рус. работа по распределению). Тука ќе скокнат апологетите на СССР и ќе укажат дека тамошните студенти имале бесплатно образование и загарантирана работа, што е секако позитивно, но комисиите кои решавале за тоа кој каде ќе биде распределен биле склони кон произволност, непотизам, корупција и сл. Како што вели еден виц, на дипломската церемонија еден студент – среќник изразил благодарност кон Сталин за тоа што бил распределен на работа во Москва; друг студент му се заблагодарил за работата во Сибир; а третиот му се заблагодарил на рускиот цар што ја продал Алјаска! Ете така студентите имале „загарантирана работа“ по разни вукојебини, кајшто имало дефицит на стручни кадри, а истата не смееле да ја одбијат. Да, секако, другар Иван Иванович, вие имате загарантирана работа… во снежната Чукотка и Камчатка или во пустелиите на Каракалпакстан!

Вообичаено во СССР било и принудното испраќање на граѓаните на собирање компири, моркови, цвекло и купус (т.н. „поездка на картошку“), дури и на оние кои немале никаква врска со земјоделието: фабричките работници, војниците и студентите, па дури и професорите, инжинерите, лекарите, економистите, правниците итн. Во СССР со закон било забрането џаболебарење (тунеядство), па дури и славниот Бродски, подоцна нобеловец и лауреат на Струшките Вечери на Поезијата, бил суден и затворен во логор затоа што не бил вработен. На удар на овој закон биле особено интелектуалците, кои секогаш биле гледани како „мрзеливи“ или „сомнителни“. Доходи од нетрудова дејност не биле земани в предвид (напр. доход од наем), а пострадале и луѓе кои и тоа како работеле, само што нивната работа не била сметана за „општествено полезна“ (напр. некој стручњак решил да си даде отказ и да замине на село, кајшто садел и продавал на пазар или одгледувал животни и сл.). Претприемачкиот дух бил сосекуван во корен, а честопати, политички неподобните лица не биле примани на работа дури и ако тоа го сакале. Апологетите на СССР повторно ќе скокнат и ќе речат дека било исправно тоа што таму не се толерирал паразитизмот, но резултатите од овие политики и онака биле катастрофални. Советската планска економија била за никаде, работниците биле немотивирани, недисциплинирани и увелико краделе и забушавале („тие се преправаат дека нè плаќаат, а ние се преправаме дека работиме“), производите биле чкарт (Лада, Москвич), а на пазарот постојано имало дефицит. Истовремено, работникот во САД, Канада, Австралија или Западна Европа живеел стопати подобро и постигнувал далеку подобри резултати, затоа што не бил роб како оној рускиот, туку имал синдикати, штрајкови, политички партии и други форми на борба за своите права. А доколку советските работници се дрзнале да организираат штрајкови, тие биле газени со тенкови, како што се случило на 02.06.1962 год., во градот Новочеркаск. Облик на принудна работа во СССР биле и работните саботи или недели (субботники и воскресники), кога вработените „доброволно“ и бесплатно работеле во полза на Татковината. На крај, СССР се распаднал.

Ропството е присутно во Русија дури и ден денес. Според тамошните експерти, околу 800000 жители на РФ се наоѓаат во ропство (отприлика секој 200-ти жител), а тие се експлоатирани во земјоделието, градежништвото и други сфери, а секако, и во проституцијата. Најозлогласен регион на РФ по ропството е Северен Кавказ, во којшто спаѓаат автономните републики: Адигеја, Дагестан, Ингушетија, Кабардино – Балкарија, Карачај – Черкезија, Северна Осетија и Чеченија. Регионот е прилично сиромашен, заостанат и непристапен заради својот планински терен, но е опасен и во безбедносно – политичка смисла, а во него царува беззаконието и тероризмот и се водени повеќе вооружени конфликти. За на балканскиот читател да му стане појасно, некои го споредуваат овој регион со поизолирани делови на Албанија.

Во 2014 год., по 18 години робување во Дагестан бил ослободен Сергеј Хливној (43), родум од Мурманск. Тој бил киднапиран, одведен во Дагестан и натеран да работи во бачилата како „чабан“ (чобан, овчар), но истотака и во тамошните циглани. Иронично, откако тој ќе успеел да им побегне на газдите, тој попат налетувал на нови! Дагестанците просто не можеле да минат покрај скитник – етнички Русин, лошо облечен, гладен и без документи, а да не му дадат покрив над глава… и ропска работа за беспари. Хливној морал да спие во штала со синџири на нозете како говедо и никој не сакал да му помогне. На крај, него го спасиле волонтерите од НВО „Алтернатива“ од Москва, на чело со активистот Олег Мељников, кое е специјализирано за проблематиката на ропството. Истовремено, руските власти не преземаат доволно за решавање на овој проблем, а невладините организации се стигматизирани како „соросоиди“ и најчесто не добиваат финансиска или било каква поддршка. Од ропство во Дагестан бил ослободен и Сергеј Поликарпов, родум од градот Ухта, кој сведочел дека газдите му давале каша или макарони еднаш на 3-5 денови. Тие му дале и мобилен телефон со празна припејд сметка, чисто колку да го следат неговото движење, а Поликарпов се сетил дека операторот нуди услуги од типот „дополни ми кредит“ и успеал да ги исконтактира своите блиски, кои потоа побарале помош. Неговиот имењак, Сергеј Казин, родум од Барнаул, бил ослободен по 20 години робување во Северна Осетија, а како последица од честото тепање и гладување, тој веќе едвај се движел, целосно ослепел и речиси онемел. Евгениј Кудрјашов од Саратов доброволно заминал за Дагестан, залажан од ветувањата и љубезноста на работодавецот Магомед, со кого се запознал при своето барање на работа во Москва. Магомет дури го угостил Кудрјашов во својот стан, кајшто го нахранил и напоил и му дозволил да се искапе и да преспие. Но откако пристигнал во Дагестан, на Кудрјашов му биле одземени документите и мобилниот телефон, по што, тој бил натеран да работи во циглана. Тој некако успеал да ја исконтактира сестра си по дури два месеци, но наивно решил да ја дочека исплатата на својот личен доход! Откако сфатил дека од тоа не бива ништо, тој побарал помош и бил спасен, нормално, не од страна на полицијата, туку од волонтерите на „Алтернатива“. Александар Пјанов (27) од Уљановск робувал во Ингушетија; двајца робови од Лениградската и Тулската Област биле ослободени во Кабардино – Балкарија; а исто толку Ростовчани и во Карачај – Черкезија; шесторица узбекистански емигранти – во Чеченија; а според тврдењата на активистката за човекови права Елена Васиљева, во таа република, како и во Адигеја, била забележана продажба на украински војници, заробени од страна на про-руските сили во војната на Донбас.

Проблем за еден побегнат роб, кому газдите му ги одзеле личните документи, е и тоа што РФ е полициска држава. Така, одрпаниот бегалец сигурно ќе „штрчи“ и ќе биде легитимиран од страна на полицијата, но заради отсуството на документи, тој ќе делува сомнително и може да биде приведен, испрашуван, тепан и сл., особено во едно кризно жариште какво што е Северен Кавказ. Купувањето на возен билет во РФ се врши со лична исправа, па бегалецот нема да може да го купи, дури и ако има пари за тоа, а најчесто, истите ги нема! Иронично, некои побегнати робови побарале помош од полицијата, која не само што не им помогнала, туку ги вратила назад кај нивните робовладетели! Такво нешто ѝ се случило на 30-годишната Московјанка Ирина (презимето е зачувано во тајност од безбедносни причини), која била робинка во мензата на една од озлогласените циглани во Дагестан. На тие простори постои и традицијата на грабање на невести, дури и малолетни, како и договорени бракови, што истотака е еден вид на ропство. Имало ситуации невестата да побегне и да биде сместена во шелтер-центар, но оттаму да биде киднапирана и вратена назад.

Но ропството може да се сретне дури и среде Москва! Така, например, во подрумот на една продавница во московскиот реон Гољаново, биле откриени дури 12 робови од Казахстан, Узбекистан и Таџикистан. Гастербајтерите од овие средноазиски екс-советски републики се често експлоатирани од страна на своите работодавачи, а голем број на проекти во РФ се изведени со таква работна сила (напр. објектите за Олимпијадата 2014, Светското Фудбалско Првенство 2018 и др.). Веќе ги спомнав и робовите од Северна Кореја, која истите им ги изнајмува на руските компании за да работат во шумарството, градежништвото и други сфери. Тие се слабо платени или воопшто не се, при што се држат затворени во работни логори, најчесто на рускиот Далечен Исток.

РФ, како и некои други земји на бившиот СССР и Источна Европа, е озлогласена и по сексуалното ропство, но жртви на истото не се само локалните девојки, туку и емигрантките. Така, например, во РФ е забележан голем прилив на секс – робинки од Нигерија, на кои организацијата „Алтернатива“ истотака им помага. Ете, дури и во Русија има црнци – робови! Ропството е присутно и во руските затвори, а трагикомичен пример за тоа имаше во градот Нижни Тагил, кајшто затворениците биле натерани бесплатно да изработат 10-метарска јахта! Слично нешто се случува дури и во руската армија.

2.11. Митот за руското здравство

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Здрави влегуваат – болни излегуваат.

Американците немаат бесплатна и универзална здравствена заштита, заради што, некои од нив им завидуваат на жителите на социјалистичките земји, кои ја уживаат таа привилегија. Читателите тука ќе се сетат на документарецот “Sicko” (2007) на режисерот Мајкл Мур, во којшто се претставени проблемите на американското здравство и во којшто истото се споредува со она во Куба. И Русите имаат бесплатно здравство, останато од социјализмот, но од него, всушност, немаат никаков аир. Тие со месеци чекаат за лекарски прегледи, а додека ги дочекаат, може и да се рикне, па некои од нив сепак се решаваат за приватни и изгор скапи здравствени установи. Оние буџетските, државните, се пренатрупани и буквално се распаѓаат од дотраеност и запоставеност, а здрави и прави луѓе оттаму излегуваат во инвалидски колички или мртовечки сандаци. Така, например, на трудницата Анастасија Јамолова (20) од Забајкалскиот крај, гинекологот – акушер ѝ го убил новороденчето, така што при пораѓањето применил некои застарени и веќе забранети медицински методи. На многудетната мајка Јулија Стрелникова (31), лекарите од Приморскиот крај по грешка ѝ ја ампутирале ногата, а потоа одбивале да ѝ дадат потврда за инвалидност, која е потребна за да се добие социјална помош. На 04.11.2018 год., на Марија Дронова (89) од Воронеж ѝ била ампутирана погрешна нога – левата, наместо десната, а лекарите не признале грешка и тврделе дека тоа така морало да биде за да се спаси нејзиниот живот, но на 21.11.2018 год., жената секако починала. Во пролетта 2019 год. се откри дека заради неодговорното однесување на лекарите во детската болница во градот Благовешченск, 169 деца заболени од рак биле заразени со хепатит. Во претходната година, во РФ биле покренати над 2000 кривични обвиненија за лекарска грешка, а многу случаи поминуваат незабележано и убијците во бело продолжуваат со својата работа.

На 31.01.2019 год., рускиот град Чељабинск беше шокиран од веста дека во една локална болница бил уапсен лажен лекар – вампир. Се работи за Борис Кондрашин, а неговата хорор сторија е следна. Татко му бил психијатар и во својата домашна аптека поседувал доста психотропни супстанци, кои синот ги злоупотребувал во рекреативни цели и со кои ги честел своите другари. Во 1998 год., кога Кондрашин имал 16 години, тој го поканил својот другар Илја Гронскиј на нарко-сеанса и го усмртил со овердоуз на дијазепами, за потоа да го исече на парчиња, дел од кои зачувал во формалдехид, а дел расфрлал во контејнери или просто попат, на улица. Крвта на Гронскиј, Кондрашин ја наточил во сребрена чашка, која потоа со задоволство ја испил, мезејќи притоа со џигерчиња од жртвата. Кондрашин бил склон кон езотеријата и сатанизмот, а на убиството му придал ритуален карактер. Од истото останале многу траги, заради кои, Кондрашин набргу бил уапсен, а кај него бил откриен и список на следни жртви. Неговиот татко, зависно од изворот, извршил самоубиство или случајно се задавил во сопствените повраќаници. Судот го оценил Кондрашин за непресметлив и го упатил на 10-годишно психијатриско лекување, а откако излегол оттаму, тој купил лажна диплома, уверение за неосудуваност и други документи (во РФ сè може да се купи) и со нив ја остварил својата мечта да работи во сферата на медицината, исто како татко му. Во даден период, Кондрашин работел во аптека, а муштериите, кои не знаеле ништо за неговата позадина, го запаметиле како мошне упатен и комуникативен, секогаш подготвен да даде совет на болните пензионерки од соседството. Потоа, Кондрашин се вработил како лекар, поконкретно во сферата на профилактиката и промоцијата на здрав начин на живот, односно ЗОЖ (Здоровый Образ Жизни) – како што тоа го нарекуваат Русите. Притоа, никој од неговите колеги не забележал ништо сомнително, токму напротив! Дури и на најсомничавите меѓу нив, тој им оставил впечаток на одговорен и љубезен колега, а на нивните прослави, тој речиси не испил ни капка алкохол. Но еден ден, него го препознала бивша школска другарка, на која случајно ѝ се паднал преглед кај него, а за нештата да бидат уште поморничави, таа некогаш била на неговиот „список за отстрел“, и тоа, на второто место! Кога таа влегла во неговата ординација, тој неа истотака ја препознал и почнал хистерично да се кикоти. Доколку не била оваа случајност, лекарот – вампир и натаму ќе си продолжел со својата работа. Тоа е отприлика руското здравство.

Во својот лекарски рецепт издаден на 28.08.2019 год., севастополскиот оториноларинголог Јуриј Белоненко ѝ препишал на една своја пациентка поклонување пред свети мошти. Да, добро прочитавте, не е грешка, ниту печатна грешка. На критиките на јавноста, „лекарот“ изјавил: „Има ли жалби од пациентката? Или таа исповеда ислам? Па дури и да исповеда, и тоа ќе помогне“. Тоа е состојбата на здравството на Крим по неговата анексија од страна на РФ во 2014 год.

На 16.09.2019 год., во т.н. наукоград Кољцово близу Новосибирск, дошло до експлозија во научниот центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“. Ќе речете, боже мој, несреќи се случуваат, ама заборавив да ви кажам една мала ситница – центарот поседува една од најбогатите колекции на смртоносни вируси на светот, меѓу кои има: ебола, хеморагијска треска Марбург, туларемија, антракс, чума, сипаници, САРС и др. Според надлежните, „ситуацијата е под контрола“ и „простор за паника нема“, но кој нормален веќе им верува?! И ова не бил прв инцидент во тој „научен“ центар! Во април 1988 год., раководителот на лабораторијата за вирусот Марбург, Николај Устинов, се заразил со истиот и починал, а во мај 2004 год., лаборантката Антонина Пресњакова се заразила со ебола, истотака со смртен исход. Таквите специјални „научни“ населби биле формирани уште во времето на СССР и во нив биле сместувани институти за нуклеарно, хемиско и биолошко војување, а иронично, СССР бил потписник на Меѓународната конвенција за забрана на биолошкото оружје (1972).

РФ, како и нејзиниот претходник СССР, е озлогласена и по злоупотребата на медицината во политички цели, поконкретно, по пунитивната психијатрија. Некои опозиционери се казнуваат за нивната непослушност така што се прогласуваат за „ментално болни“ и се затвораат во лудници (психушки), кајшто добиваат соодветно „лечење“ (читај: психо-физичка тортура, пукање со дроги, невролептици, сулфозин, атропин, вештачко предизвикување болка, лишување од сон, електроконвулзивна терапија, вршење на „научни експерименти“ врз „пациентите“ итн.). Посебно истакнат во оваа „научна дејност“ е Државниот научен центар за социјална и судска психијатрија „В. П. Сербскиј“ од Москва, кој би требало да се смести во ист список со Аушвиц, а руските психијатри – со Менгеле. Злосторствата на советската психијатрија се добро документирани и нееднократно осудувани на конференциите на Светската Психијатриска Асоцијација, а рускиот политичар Жириновски дури и ден денес им се заканува на опозиционерите дека „ќе лежат во психушка“, иако тој самиот е тежок психопат. Такви закани тој упатува дури и во дебати на националната ТВ, како што, например, беше во онаа со политичарката Ксенија Собчак.

Проблем во РФ е и тоа што некои странски лекови не се одобрени и внесени во официјалниот регистар, а нивните руски еквиваленти, ако воопшто постојат, не се толку квалитетни, па граѓаните ги нарачуваат истите од странство, поради што завршуваат в затвор. Неколку мајки на болни деца беа уапсени небаре се шверцери на дрога, само затоа што нарачале лекови за рак, епилепсија, туберозна склероза и други сериозни заболувања. Некои законопослушни граѓани уредно замолија за дозвола за увоз, но бирократите најбезобразно ги влечеа за нос. Во врска со овој проблем беа покренати дури и петиции и беше упатено отворено писмо до Путин, во кое се бара конечно решение на истиот. Верувале или не, под лупа на руските власти се најде дури и нашиот „Кафетин“ од Алкалоид, за кого се тврди дека е злоупотребуван од страна на руските наркозависници, затоа што содржи кодеин, па почнувајќи од 01.06.2012 год., Русите него можат да го купат само на рецепт. Да, добро прочитавте, баналниот „Кафетин“, кого ние го пиеме при секоја главоболка, во РФ е третиран небаре е трамадол или метадон. Се разбира, Истокот си е Исток и некои аптеки можеби „фаќаат кривини“, но јас ви пренесувам официјални информации.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Пациенти по ходниците на преполнетите болници.

Заради загаденоста, радијацијата и други фактори, илјадници Руси страдаат од рак, леукемија и други онколошки заболувања, но тие не добиваат соодветни лекови, што дури предизвика бран на самоубиства. 71-годишен полициски полковник скокнал од 7-ми кат, а некој 69-годишник, од 12-ти; 76-годишна жена се обесила во својот стан, исто како и еден 52-годишник, кој тоа го сторил во својата гаража; 53-годишник си го пресекол гркланот, а 72-годишник извршил „харакири“; 75-годишник се застрелал со ловечка пушка, а висок офицер на генералштабот, со пиштол добиен како награда. Голема прашина кренало самоубиството на 66-годишниот контра – адмирал на руската воена флота Вјачеслав Апанасенко, кој во своето проштално писмо напишал: „За мојата смрт обвинете ја владата и министерството за здравство!“.

Благодарение на напредокот на антиретровиралната терапија, ХИВ-позитивните лица во развиениот западен свет можат да живеат долг, квалитетен и активен живот и дури да основаат семејства и да имаат здрави деца, додека ХИВ-позитивните во РФ честопати се соочуваат со недостаток на истата. Според брзината на распространување на овој вирус, РФ ги има претркано Зимбабве, Мозамбик, Танзанија, Кенија и Уганда, а ООН ја оцени земјата како светски епицентар на ХИВ епидемијата, што руските власти нејќат да го признаат. РФ има над милион регистрирани ХИВ-позитивни лица и кој знае уште колку нерегистрирани, а се смета дека секој ден се инфицираат уште по 200-300 нови. Состојбата е најлоша на подрачјето на Сибир и Урал. Се разбира, во РФ има куп веб сајтови со информации за ХИВ, клиники што нудат тестирање со најнови технологии (4-та генерација), па дури и тестови за домашна употреба во слободна продажба, но залудно, свеста за вирусот среде обичните луѓе е на африканско ниво. Невладините организации кои се занимаваат со едукација и превенција се дочекувани на нож како „соросоиди“, „странски платеници“, „шпиони“ и сл., а власта ги спречува нормално да делуваат.

Руската влада иницираше здравствена реформа (т.н. оптимизација), за која дури и Путин призна дека е тотална утка, а која, според некои аналитичари, ја вратила Русија во царските времиња. Во периодот 2000-2015 год., бројот на руски болници бил скусен речиси двојно – од 10700 на 5400; поликлиниките – од 21300 на 18600; а бројот на болнички легла на 10 илјади население, од 115 на 83,4. Некои болници биле затворени само затоа што се наоѓале на атрактивно земјиште, кое мафиозите од власта посакале да го заграбат, што особено важи за Москва, а имало и скусување на буџетските средства и работните места, што довело до недостиг од персонал и преоптоварување на оној постоечкиот. Заради сево ова, лекарите се доведени до питачки стап и/или нервен слом и тие веќе излегуваат на улични протести, а за нивните права се бори и синдикатот Алијанса на лекарите (Альянс Врачей). Во Нижни Тагил се случи масовно и демонстративно поднесување оставки од страна на локалните хирурзи, што беше голема бламажа за рускиот здравствен систем и што можеше да доведе до колапс на истиот во овој град со 350 илјади жители. Власта тука мораше да реагира и таа успеа да ги попишмани незадоволниците, така што ги разреши нивните директори и им вети одредени подобрувања и повишици, но ваквиот популизам не го решава проблемот на системско ниво. Веднаш потоа, следеа и масовни оставки (или барем закани за истите) на травматолозите од Пјатигорск, нивните колеги од Чељабинск, медицинските сестри од невролошкото одделение од Александров, неонатолозите од Перм и онколозите од Москва, па очигледно, тука имаме домино ефект, кој може да доведе до колапс на севкупното руско здравство. Кога властите донесоа контроверзна одлука за затворање на диспанзерот за туберкулоза во с. Чернавски во Курганската Област, тамошните лекари се забарикадираа во истиот заедно со своите пациенти. Нив не ги поколеба дури ни тоа што им беа исклучени водата и греењето, но на крај, бунтот беше задушен со полициска интервенција. Во гратчето Струнино во Владимирската Област, лекарите и нивните сограѓани се пожалија на руинираната состојба на локалната болница, но обласниот вице-гувернер Марина Чекунова им одговори дека таа не е златна рипка, па да исполнува желби. Овој цинизам предизвика лавина негодувања во руската јавност, па за да го поправи впечатокот за себе, Чекунова иницираше „реновирање“ на болницата, во кое лично учествуваше, а истото се состоеше од незначително метење и фарбање, што е далеку од вистинско решение на проблемот. Власта реагира на проблемите само доколку пукне брука, а истите „ги решава“ кампањски, со метење (под тепих) и фарбање (на јавноста). Се разбира, во РФ има и квалитетни болници и совесни лекари, а состојбата сигурно не е иста во Москва и некое си таму Струнино, но генерално гледано, таа е прилично лоша. 17500 населени места низ земјата, што гратчиња, што села, воопшто не поседуваат медицински установи. Едно од најстарите и најреномираните медицински списанија на светот, британското “The Lancet”, направи топ-листа на земји според квалитетот на нивното здравство, на која РФ е дури на 58-мото место од можните 195. Малата Македонија, чие здравство е истотака катастрофа, е едно место пред неа, на 57-мото. Па кажете ми сега за каква тоа суперсила може да стане збор?

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Корупцијата во руското здравство е мошне застапена, а иронично, од неа не се поштедени дури ни мртвите. Во руските мртовечници се бара мито за издавање на документи, кои во принцип треба да се бесплатни и кои им се неопходни на блиските на покојникот за него прописно да го погребаат. Доколку постои сомнеж за насилна смрт, прописите налагаат тоа најпрвин медицински да се провери, без што, погребот нема да биде одобрен и блиските на покојникот ќе имаат проблеми, па тие можат да ги избегнат истите ако добро „подмачкаат“. Во многу населени места не функционира ни загарантираниот бесплатен транспорт на покојникот, па доколку неговите блиски не се при пари, тие сами мораат да го влечкаат наваму – натаму. Во таа земја чоек не може ни да умре! Кога сме веќе кај смртта, неретки се случаите на погрешно констатирање на истата од страна на лекарите, за подоцна, „покојникот“ да се освести, но формално-правно да е мртов! Фактички, многу „покојници“ биле погребани живи!

Иронично, познатиот руски и екс-советски шлагераш Јосиф Кобзон (1937-2018) изразуваше поддршка за сепаратистите во Донбас и плукаше кон Западот, но кога неговото здравје се влоши, тој одеднаш почна да ја моли ЕУ да му дозволи да се лечи во нејзините клиники. Со оглед дека Кобзон беше пратеник на владејачката партија во РФ, со санкциите нему му беше забранет влез во ЕУ, но тој го замоли Путин да му испреговара виза за лечење во Италија, што му беше исполнето. На крај, таа му се смилува на Кобзон од хуманитарни причини и му издаде соодветна виза, со која тој замина на лечење. Сево ова ви кажува колку тој „патриот“ ѝ верувал на руската медицина. Обичните руски смртници, за жал, ги немаат неговите пари и врски и тие можат само да сонуваат да дотуркаат до 80-годишна возраст како што му успеа нему, и уште, тој можеше да си дозволи пластични операции, ботокси, шминки и перики, кои го правеа да изгледа помладо. Сличен случај беше и оној на некогашниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков (1936-2019), кој „патриотски“ се лечеше во Минхен, кајшто на крај и почина.

2.12. Митот за рускиот патриотизам

Ќерките на најголемиот руски патриот, Путин, живеат на „трулиот Запад“, затоа што, се разбира, таму е стопати подобро отколку во „духовната Русија“. Постарата ќерка, Марија (р. 28.04.1985), беше уловена како живее во луксузен пентхаус во Ворсхотен, Холандија, заедно со својот сопруг Јорит Јоос Фасен, со кого врти билионски бизниси. Со истото се занимава и помладата ќерка Катерина (31.08.1986), која живее или барем живеела во Минхен. Разбирливо, поради безбедносни причини податоците се штури, но можеби и застарени, со оглед дека санкциите набркаа извесен број на Руси од ЕУ, но сепак се вистинити.

Што се однесува до рускиот премиер Димитри Медведев, неговиот син Илја, наводно, живее во САД, кајшто поседува синџир супермаркети и бензиски пумпи, но и татко му има со што да се пофали – вила од XVII век со 30 соби, лозја и винарија во италијанската Тоскана. Имот во Италија поседува и про-режимскиот новинар или „рускиот Латас“, Владимир Соловјов, но за разлика од Медведев, тој ги преферира убавините на езерото Комо. Заменик-премиерот Олга Голодец поседува стан во таа земја, но истотака и вила во соседна Швајцарија. Доскорешен заменик – премиер беше Игор Шувалов, кој поседува замок во Австрија од 1480 m², стан во Британија и вила на вештачкиот остров во облик на палма во Дубаи, како и приватен авион од 70 милиони долари за да може да ги посетува сите тие места. Анастасија, ќерката на рускиот сенатор Вјачеслав Фетисов, е родена во САД и живее во апартман од 6,5 милиони долари во њујоршкиот облакодер на Доналд Трамп – Трамп Тауер. Таа слабо го владее рускиот јазик, слично како и Екатерина, ќерката на рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, која истотака е родена во САД, кајшто дипломирала на Универзитетот Колумбија, за потоа да магистрира во Лондон. Во тој град живеат Анастасија и Елизавета, ќерките на Сергеј Железњак, член на собранискиот комитет за меѓународни прашања, а иронично, постарата работи за Би-би-си Њуз. Ни едно од децата на пратеникот од партијата на Путин, Александар Ремезков, не живее во РФ, и уште, неговиот син Степан има дипломирано на воениот колеџ Воли Форџ во непријателската Америка. Екс-претседателката на собранискиот комитет за семејни, женски и детски прашања, Елена Мизулина, ќе остане запаметена по својата хомофобија и по иницијативите за забрана на „геј пропагандата“ и посвојувањето на руски деца од страна на странски државјани, но нејзиниот син Николај живее во Брисел, кајшто работи за глобалната адвокатска фирма „Мајер Браун“, која, иронично, е голем геј рајтс поддржувач. Мошне близок со Путин и неговиот режим е бизнисменот – милијардер Генадиј Тимченко, кој, како и многу други руски патриоти, поседува странски пасош, поконкретно фински, исто како и членовите на неговото семејство. Друг познат билмезмен, воедно и политичар, е Роман Абрамович, сопственик на англискиот ФК Челзи, кој поседува израелски пасош. Александар Бабаков е сенатор и некогашен лидер на руската националистичка партија „Родина“, но иронично, уште тогаш тој поседувал израелски пасош (иако рускиот национализам е изразито антисемитски). Вице-градоначалникот на Москва, Максим Ликсутов, тера бизнис на Кипар, што е разбирливо, имајќи в предвид дека островот е рај за финансиски малверзации и офшори. Портпарол на Путин е Димитри Песков, чија ќерка Елизавета живее луксузен живот во Париз, со што се фали пред изгладнетите Руси по социјалните мрежи, и уште, таа стана приправничка во Европскиот Парламент. Песков има и син во Лондон, кој лежел затвор за физички напад и кој е озлогласен по бројните сообраќајки со неговите Ферарија. Во британски затвор лежел и Петја, синот на вице-спикерот на руското собрание Александар Жуков. Синот на пратеникот Валериј Селезњов, пак, е во американски затвор, кајшто одлежува 27 години за сајбер-криминал тежок сто и кусур милиони долари. Куп високи руски политичари поседуваат дозволи за постојан престој во странски земји, а и луксузни имоти во истите, како напр. Андреј Голушко (вила со базен на Азурниот брег близу Кан), Лев Кузњецов (вила во Ница), Игор Лебедев (пентхаус со 7 тоалети во Дубаи), Андреј Клишас (Швајцарија), Николај Валуев (Шпанија) и Димитри Савељов (Британија), а во таа „трула капиталистичка“ земја имот поседува и пратеникот од Комунистичката Партија на РФ, Владимир Блоцки. Ваква корупција и лицемерие тешко се среќава на друго место, а со истражување на сево ова се занимава Фондот за борба против корупцијата (ФБК) на најсилниот руски опозиционер Алексеј Наваљни, кој честопати пишува за тоа на својот сајт. На таа тема, ФБК го сними документарецот „Он вам не Димон“ (2017), во којшто се критикува Димитри Медведев, на што, режимот возврати со репресалии. Заради избегнување на скандали, некои руски политичари прибегнуваат кон препишување на своите странски имоти на членовите на нивните семејства.

И после сево ова, руските опозиционери се етикетирани како „странски платеници“, додека властодршците се „патриоти“, иако поседуваат баснословни имоти во западните земји и по два-три пасоши од истите во своите џебови, а нивните деца живеат во Лондон, Париз или Њујорк, кајшто се расфрлаат со пари, студираат на скапи универзитети, шмркаат кока или возат бесни коли. Русите на шега се прашуваат како тие утре би ја нукирале Америка кога таму се децата на руските политичари и нивните имоти и бизниси?! Зарем тие ќе ја сечат гранката на која седат?!

Еден од големите руски путриоти беше и некогашниот сенатор Леонид Лебедев, кој е државјанин и на Кипар. Но во ноември 2019 год., Кипар реши да ги лиши од државјанство сомнителните билмезмени, кои се здобиле со истото преку инвестици, па се шпекулира дека еден од нив ќе биде и Лебедев. Против него е покрената кривична постапка дури и во РФ, која самата е крајно корумпирана, така што ви станува јасно за колку опасен криминалец тука станува збор. Оваа халапљива руска комуњара нам ни е позната како газда на компанијата Синтез, која, во 2012 год. (во времето на Грујо), ја презеде скопска Топлификација, со што беше формирана Балкан Енерџи Груп (БЕГ). Оваа компанија ги ограбуваше нашите граѓани, а не им испорачуваше квалитетно греење (што ни денес не е изменето) и дури ги тужеше и ги рекетираше доколку тие се исклучеа од истото (иако правобранителите потврдија дека корисниците имаат право на тоа). По падот на Грујо, беше поапсена неговата Регулаторната комисија, која незаконски им издала лиценца за БЕГ, а тие самите се најдоа во стечај и сега се во некаква транзиција, ма ђаво би га знао. Кога сме кај религијата, Лебедев, како и други криминалци, е голем верник, па во 2015 год., тој го спонзорираше осветлувањето на скопскиот Милениумски Крст на пл. Водно (со украдените пари од нас), при што беше објавено дека истото ќе издржи деценија и пол, но тоа рикна по само четири години. Типов изглеа ставал сијалици од самопослуга. Тоа се отприлика големите руски путриоти и верници, а и наши словенски „браќа“.

Во уставните измени кои Путин ги предложи во јануари 2020 год., тој вметна забрана за вршење државни функции за лица со странско државјанство или дозвола за постојан престој, но тоа е чист популизам и демагогија. Како прво, зарем на големиов „патриот“ тоа му текна дури по 20 години владеење?! Како второ, во РФ веќе има закони со кои се забранува лице со странско државјанство или дозвола за постојан престој да биде сенатор или пратеник или да се кандидира / назначи за министер, премиер или претседател, а ако тоа на Путин не му е доволно строго, тие закони можат да се изменат. Па Путин и онака прави пиши-бриши со законите како му прдне! Но тие не важат за него и нему блиските политичари, туку само за оние опозициските – врз основа на тие ограничувања, некои опозиционери беа спречувани да се кандидираат на изборите. Во уставните измени Путин вметна и правило дека претседател може да биде лице кое живее во РФ минимум 25 години и кое не поседува, ниту во минатото поседувало странско државјанство или дозвола за постојан престој, но тогаш се поставува прашањето дали самиот Путин смее да биде претседател, со оглед дека половина деценија тој проживеал во Источна Германија како агент на КГБ. Тука се постави и прашањето за Кримчаните, кои до руската анексија имаа украински државјанства, но Путин нив ги поштеди од овие ограничувања. Значи, ако некој способен и компетентен Русин некогаш живеел во странство – тој нема да смее да се кандидира, а доскорешните странци од Крим – смеат. E, тоа е таа путинска логика. Постојат дури теории на заговор дека Путин некогаш живеел во Грузија, но о том – потом.

2.13. Who is Mister Putin?

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Путин и неговите двојници со нивните прекари.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Потписи на Путин од различни периоди (не ви треба графолог).

Признавам, насловот на ова поглавје го украдов од истоимениот документарец на режисерот Валериј Балајан, но тоа е од оправдани причини, затоа што тука ќе се потрудам да одговорам на тоа важно прашање. Кога нашиот познат пејач В.Ј. може да изгради цела кариера со украдени руски песни, зошто јас да не смеам да позајмам еден наслов?

Според една теорија на заговор, Путин уствари не е Путин, туку е заменет со двојник (или така некако), a во РФ постои цела субкултура на луѓе кои споредуваат негови фотографии и пронаоѓаат разлики меѓу нив, обидувајќи се да ја докажат таа теорија. Се смета дека Путин има неколку двојници, а конспиролозите ним им дале различни прекари, како например „говорун“ (двојник задолжен за држење говори) или „банкетный“ (двојник задолжен за прослави, кој знае понекад и да попије и да каже виц). Истотака, некои луѓе споредуваат своерачни потписи на Путин од официјални документи издадени во разни периоди, при што вие не мора да бидете графолог за да забележите дека тука се работи за сосема различни потписници.

Но постои една многу поинтересна теорија на заговор. Откако во доцните 1990-ти, Путин стапил на чело на РФ, некои медиуми излегле со теза дека, всушност, тој бил дојденец од Грузија и дека тој си ја фалсификувал својата биографија. Ова било особено нагласувано во 2008 год., кога Путин презел воена интервенција против таа соседна земја. Согласно неговата официјална биографија, тој бил роден на 07.10.1952 год. во Ленинград (сега Санкт Петербург), Русија, СССР, како син на Владимир Спиридонович Путин (1911-1999) и Марија Ивановна Путина, моминско: Шеломова (1911-1998), но според тврдењата на извесната Вера Николаевна Путина (р. 1926), таа е всушност неговата вистинска мајка, додека неговиот вистински татко бил некој пијаница Платон Привалов.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Путин и неговата алтернативна мајка.

Таа алтернативна биографија на Путин отприлика оди вака. Вера била од зафрленото гратче Очјор во Пермскиот крај на Русија, а Платон ѝ бил соученик во локалното техничко училиште. Платон тогаш веќе бил во брак, но тој тоа го сокрил од Вера, која ја завел и ја забременил со идниот Путин. Тој дошол на свет на 17.09.1950 год., а со оглед дека сопругата на Платон не можела да има деца, неговата намера била да ѝ го украде новороденчето на Вера, во што тој не успеал и што на крај тој покајнички ѝ го признал. Платон и Вера се разделиле, а една година подоцна, таа им го оставила Путин на своите родители Михаил и Ања за да замине на пракса во Ташкент, Узбекистан. Тогаш таа се запознала со Грузинецот Ѓорѓи Осепашвили, кој во Ташкент го отслужувал воениот рок во тогашната советска армија. Меѓу нив се родила љубов, па откако отслужил војска, Ѓорѓи гостувал кај нејзините родители во Очјор за да ја побара за жена и да ја одведе во своето с. Метехи, близу градот Гори во Грузија. Во селското училиште се пронајдени документи од доцните 1950-ти и раните 1960-ти, во кои се спомнува некој Владимир Путин, кој, најверојатно под влијание на очувот, во графата за етничка припадност е наведен како „Грузинец“. Но бракот на Ѓорѓи и Вера не бил идиличен. Откако ним им се родиле заеднички деца, Ѓорѓи ја натерал Вера да се ослободи од „копилето“ Путин. Во една таква рурална и затуцана средина постоеле предрасуди спрема вонбрачните деца, па соседите почнале да го шупчат Ѓорѓи, што неговото машко его не можело да го поднесе. Под негов притисок, Вера го однела Путин назад во соседна Русија и им го оставила на своите родители, арно ама, ни тие не сакале или не можеле да го чуваат, па им го предале на своите бездетни роднини Владимир Спиридонович Путин и Марија Ивановна Путина од Ленинград. Со неговото посвојување, тие станале негови официјални родители и како такви, тие фигурираат во неговата општо позната биографија. Вера продолжила да живее со сопругот во Грузија, а родителите ѝ пишале дека Путин го испратиле во интернат. Тука некаде контактот меѓу Вера и Путин бил засекогаш прекинат. Кога по неколку децении, Путин станал премиер, а потоа и претседател, Вера го забележала во медиумите и во него го препознала својот одамна загубен син, по што, таа ја споделила својата приказна со новинарите. Вера дури изразила подготвеност да даде ДНК за докажување на сродството со Путин, но од негова страна нема никаква реакција, а без негова соработка, таква анализа не би можела да се направи. Вера дури тврди дека Путин од неа го наследил специфичниот „паторски од“ (рус. утиная походка), сличен на оној на нашиот Грујо. Во Грузија, наводно, живеат повеќе полубраќа и полусестри на Путин, како и негови бивши учителки и соученици, кои истотака биле интервјуирани, при што, сите потврдиле дека нивниот Владимир Путин е токму лидерот на РФ, а не некој друга личност. Неговите некогашни соученици дури сведочеле како тие си играле со Путин во детството и како тој имал некои поистакнати коски на челото, слични на рогови, заради кои, тој го добил прекарот „Ѓавол“ и кои тој постојано ги затскривал со својата фризура. Во биографијата на Путин, како онаа официјалната, така и онаа алтернативната, има доста нејаснотии. Како прво, збунува тоа што неговата официјална мајка Марија имала дури 41 година кога го родила, што на таа возраст не е баш едноставно. Друго нешто што збунува е тоа што неговиот официјален татко истотака се викал Владимир, па зошто тој не му дал на својот син поинакво име?! Како трето, збунува тоа што патронимот на алтернативната мајка на Путин е Николаевна, што не соответствува со името на нејзиниот татко Михаил (согласно што, таа би требало да биде Вера Михајловна Путина). Како и да е, познатите публицисти Владимир Прибиловски и Јуриј Фељштински сметале дека во приказнава има нешто, а истото мислење го има и нивната полска колешка Кристина Курчаб – Редлих, додека весникот „Московски комсомолец“ смета дека „Грузинскиот Владимир Путин“ навистина постоел, но дека тој нема врска со сегашниот руски претседател, со кого случајно дели исто име и презиме. Како аргумент, весникот наведува сведоштва на луѓе, кои, наводно, го познавале „Грузинскиот Путин“, односно, Владимир Платонович Путин. Но прашање е колку тие „сведоци“ се кредибилни и дали воопшто постојат или весникот сам си ги измислил, а новинарите не успеале да го пронајдат Владимир Платонович Путин и лично да поразговараат со него. Единствено што тие успеале да најдат се тие пар „сведоци“, како и документ од еден интернат, во којшто Владимир Платонович Путин престојувал во 1960-тите. Неговата дата на раѓање во дадениот документ е 17.09.1950 год., во графата за неговата мајка, наведено е само дека „живее во Грузија“, а онаа за таткото е чкртната. Според „Московски комсомолец“, целава збрка, всушност, е масло на чеченските сепаратисти, кои наоѓале засолниште во соседна Грузија и кои ја убедиле Вера дека таа е навистина мајка на рускиот претседател, со цел некако да го дискредитираат. Иако некои заклучуваат дека тука се работи за најобична збрка помеѓу две лица со исто име и презиме, сосема е можно Путин да ја фалсификувал својата биографија и да ги отстранувал „душкалата“ кои премногу буричкале во неа. Да не заборавиме дека препишувањето на биографиите и ретуширањето на фотографиите била најнормална пракса во СССР, па на еден бивш агент на КГБ каков што е Путин, тоа воопшто не му било туѓо. И навистина, некои новинари кои се осмелиле подлабоко да ја истражат оваа приказна загинале под нејасни околности. Така, на 09.03.2000 год., во авионска несреќа загинал Артјом Боровик, основач на медиумската куќа „Совершенно секретно“, позната по својот истоимен весник и ТВ емисија. Токму во тој период, Боровик собирал податоци за детството на Путин, кои требале да бидат објавени само три дена подоцна…

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Како агент на КГБ во Источна Германија, Путин соработувал со ШТАЗИ.

Во младоста, Путин бил кагебешник, но по сè изгледа тој попрво бил обичен комуњарски кодош (рус. стукач) отколку вистински разузнавач. Путин за себе раскажува „Џејмс Бонд“ приказни, како например онаа од Дрезден, кајшто тој содејствувал со источногерманската тајна служба ШТАЗИ. Во 1989 год., во Источна Германија избувнале масовни протести против репресивниот комунистички режим, кои, како што е познато, довеле до падот на Берлинскиот Ѕид (09.11). Со тоа започнал и постепениот распад на режимот, па на 05.12, Дрезденчаните се охрабриле да тргнат на штабот на ШТАЗИ, со цел да ги ослободат политичките затвореници и да ги спасат архивите од уништување. Недалеку од штабот бил и оној на КГБ, а според сведоштвата на Путин, тој тогаш голорак излегол пред повеќеилјадната разгневена толпа и демек ѝ удрил пар чврги и ѝ рекол „разлаз“. Но ова не го потврдуваат истражувањата на германските медиуми, ниту сведоците на тие настани, па ни архивите од тоа време. Дрезденскиот печат, кој тогаш веќе бил подослободен од режимските стеги, не регистрирал ваков „хероизам“. Лидерот на протестите сведочи дека не видел никаков Путин и дека приоритет на истите било заземањето на штабот на ШТАЗИ, додека кон оној на КГБ тргнале само петнаесеттина души. Што таму се случувало, никој не знае, па тоа сигурно не било спектакуларно и вредно за помен. Но руските медиуми ни отекоа јајца со тој мит! Тоа дури и да е вистина, не е воопшто за гордеење ако Путин бил последниот бранител на комунизмот, кој тогаш дури и во Москва веќе бил “out”. По овие „Џејмс Бонд“ акции во Дрезден, Путин се вратил во Русија со скантан автомобил заработен од истите и со стар фрижидер кого го добил на подарок. Сепак, Путин ги искористил искуствата стекнати во Германија, така што, во 1992 год., тој и неговите ортаци – мафијаши таму отвориле претставништво на својата фирма СПАГ (Санкт – Петербургское общество недвижимости и долевого участия), од чии сомнителни бизниси сите добро се нафатирале.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Путин во редовите на КГБ (десно) и неговото прво споменување во медиумите (лево).

Се вели дека Путин имал блиска соработка со подземјето, особено во 1990-тите, кога неговиот роден град бил познат како „Бандитски Петербург“ (како што е насловот на една руска крими-серија). Како функционер во локалната администрација, а потоа и во онаа претседателската во Москва, Путин имал контакти со Владимир Кумарин, Роман Цепов, Генадиј Петров, Александар Малишев и други криминални „авторитети“ од Тамбовската, Подољско – Измајловската или Солнцевската „братва“ (мафија). Тука имало шверц-комерц, рекет, пимпинг, гемблинг, доуп и што ли уште не. Интересно, првото споменување на Путин во медиумите е токму во врска со криминал и корупција, а се работи за весникот „Мегаполис – експрес“ од 08.04.1992 год., бр. 15, стр. 19, автор на статијата: Наталија Шуљаковскаја. Путин тогаш бил претседател на комитетот за надворешни економски односи на градот Петербург, при што бил обвинуван за злоупотреба на службената должност и незаконско издавање на лиценци на сумњиви билмезмени за извоз на нафта, руда, дрво и други ресурси. Во тоа време, РФ се наоѓала во тешка транзиција, при што имало дефицит дури и на елементарни прехрабени продукти, па како решение била осмислена програмата „Ресурси за храна“, која Путин наводно ја злоупотребувал за лично богатење. Комисија составена од локални советници, на чело со Марина Салје (1934-2012), побарала разрешување на Путин, но типично за Русија, тој не само што не одговарал за своите криминали, туку дотуркал дури до претседател! Салје одеднаш решила да се повлече од јавниот живот и да се пресели во едно село на дури 400 километри од Петербург, затоа што, според тврдењата на некои медиуми, таа добила телеграмата од Путин по повод Новата 2001 Година, во која тој ѝ пожелал „добро здравје“ и „умно искористување на истото“. Салје демантирала дека добила ваква телеграма, но оваа теорија на заговор и натаму опстанува. Во даден период, Путин бил и претседател на петербуршкиот надзорен совет за коцкарници, при што не покажал никакви резултати и тука повторно имало скандали со лиценци и слични далавери. На Путин му се припишува и предавањето на пристаништето во Ломоносов на руската мафија, која таму започнала да довезува кокаин. Врските на Путин со руската мафија биле разгледувани и на судскиот процес против истата, одржан во Мадрид во 2018 год. Доста од нејзините „авторитети“ се „силовики“ (екс-припадници на советските безбедносни служби), исто како и самиот Путин. На оваа негова мафијашко – шпионска спрега ѝ се припишуваат убиства на повеќе познати Руси, особено во Лондон: Борис Березовскиј (1946-2013), Александар Перепеличниј (1968-2012), Игор Пономарев (1965-2006), Јуриј Голубев (1942-2007) и др. Да бидеме брутално искрени, некои од нив биле корумпирани политичари или билмезмени, но се смета дека тие биле отстранети затоа што се осмелиле да ги разоткријат криминалните шеми на Путин, со кои биле добро запознаени. Се смета дека токму затоа во Москва бил уапсен бизнисменот Сергеј Магнитскиј (1972-2009), кој на крај починал в затвор, истотака под мистериозни околности.

2.14. Митот за рускиот War on Terror

Путин ги етикетира своите неистомисленици како „шпиони“ и „терористи“, а всушност, тој самиот бил шпион на КГБ и постојат основани сомненија дека тој ја консолидирал својата власт токму со тероризам. Ова потсетува на теоријата на заговор дека зад нападите во Њујорк на 11.09.2001 год. стоел Џорџ Буш Помладиот, но тој најверојатно зел пример токму од Путин!

Путин стапил на чело на РФ во август 1999 год., најпрвин како нејзин премиер, а веќе нецел месец подоцна, земјата била потресена од серија сомнителни терористички напади. Тероризмот таму не претставувал новост, но овие напади веќе биле на далеку повисоко ниво. Во воздух биле кренати цели станбени згради: во градот Бујнакск (04.09); на ул. Гурјанов 19 во Москва (09.09); на Каширскиот автопат, истотака во Москва (13.09); како и во Волгодонск (16.09). Билансот на жртвите бил поголем од 300! Ова им било припишано на исламистите од Чеченија, Дагестан и сличните кавкаски републики, но на 22.09, две лица биле фатени како поставуваат вреќи со експлозивен прашок во една зграда во Рјазањ, за на крај да излезе дека тоа биле агенти на руската тајна служба ФСБ! Нејзиниот раководител Николај Патрушев го објаснил ова како „антитерористичка вежба“, додавајќи дека во вреќите „имало само шеќер“ (а се смета дека тоа бил хексоген). Тука имало уште куп контроверзи, но едно е сигурно – на Путин ова му послужило како оправдание да „заведе ред“ (т.е. прикриена диктатура) и да ја започне Втората Чеченска Војна, што воедно му го кренало рејтингот. Објективна и независна истрага никогаш не била спроведена. Сите што се дрзнале да ги истражат овие инциденти, како и воените злосторства во Чеченија, ги загубиле животите под мистериозни околности. Покрај претходно споменатите Александар Литвиненко и Борис Березовски, во списокот се: Александар Лебед (1950-2002), Сергеј Јушенков (1950-2003), Јуриј Шчекочикин (1950-2003), Ана Политковскаја (1958-2006), Наталија Естемирова (1958-2009), Станислав Маркелов (1974-2009) и др. Истото им се случило и на некои личности за кои се смета дека биле вмешани во овие false flag напади. Еден од нив бил заменик – шефот на ФСБ, Герман Угрјумов (1948-2001), кој, наводно, изјавил: „Ние моравме да креваме згради во воздух за да го устоличиме него (Путин, моја заб.) во Кремљ, па уште колку крв ќе мора да се пролее, за тој да се тргне оттаму?“. По оваа изјава, Угрјумов набргу „починал од срцев удар“, а според друга верзија, тој се самозастрелал. Официјално, за терористичките напади бил осомничен етничкиот Карачаец Ачимез Гочијајев, но тој никогаш не бил фатен, а во сево ова бил вмешан и ганстерот Максим Лазовскиј (1965-2000), кој набргу бил мистериозно застрелан.

Бруталната интервенција на Путин во Чеченија предизвикала ескалација на исламскиот тероризам, со кого руските безбедносни сили крајно аљкаво се справувале и тука повторно имало куп контроверзи. Во акциите за ослободување на заложници, како онаа во московскиот театар Дубровка (2002) или училиштето во Беслан (2004), изгинале повеќе заложници отколку терористи. Во првонаведениот случај, руските сили употребиле неидентификувано хемиско оружје (гас) со кого побиле 40 терористи и 130-200-300 заложници (точниот број е непознат). Но официјално, тие се водат како „жртви на тероризам“ или нивната смрт се објаснува со „инфаркти“ или сл. Некои од заложниците умирале во маки долго по ослободувањето. Што се однесува до Беслан, иако имало предупредувања за терористички напад, властите не презеле ништо за да го спречат, туку земале да го лечат – со тешко наоружање како тенкови, базуки и крупнокалибарни ПВО митраљези, па не чуди што изгинале 32 терористи и 334 заложници, од кои 186 деца. Оние преживеаните, заедно со своите семејства, побарале објективна истрага и одговорност од власта, но биле игнорирани. Очајни, тие упатиле отворено писмо до Конгресот на САД и Европскиот парламент, чија содржина е забранета од страна на руските власти како „екстремистичка“, затоа што во неа се критикува Путин и се бара странска помош во истрагата. Адвокатот кој ги застапувал револтираните граѓани се повлекол од случајот, затоа што добивал смртни закани, а самите тие биле шиканирани и приведувани. На крај, тие поднесоа тужба пред Европскиот суд за човекови права и добија позитивна пресуда, но Москва ја отфрли истата.

Одметнатиот агент Литвиненко, новинарката Политковскаја и некои други whistleblowers сметале дека руските тајни служби биле вмешани и во овие терористички акции. Така, например, откако гасот ги онесвестил терористите во театарот Дубровка, тие непотребно биле ликвидирани, а не заробени (за да не можат да сведочат). При броењето на труповите се испоставило и дека тука недостасуваат некои терористи, односно, дека тие побегнале. Најверојатно се работело за инфилтирани агенти – провокатори на ФСБ, а меѓу нив бил извесниот Ханпаша Теркибајев. Се смета дека тој намерно ги „напалил“ терористите да го заземат театарот, за потоа, Путин „херојски“ да се пресмета со нив и да оправда воведување на драконски мерки во Чеченија. Случајно или не, Терикбајев набргу загинал во сообраќајна несреќа. Во оваа заложничка драма, Политковскаја се вклучила како преговарач, но во онаа во Беслан, властите ја спречиле да учествува. Тврдоглавата Политковскаја сепак полетала накај Беслан, но во авионот ѝ бил послужен чај од кого таа се онесвестила. Преговорите во Беслан ги водел политичарот Руслан Аушев, кому терористите му дале видеокасета со снимки од заложничката драма, а тој им ја предал на властите, без најпрвин самиот да ја прегледа, па не чуди што тие подоцна му соопштиле дека „таа е празна“. Очигледно, видеокасетата не само што не била празна, туку на неа имало нешто инкриминирачко, што власта сакала да го заташка. За ова сведочи и фактот дека куси инсерти од „празната“ видеокасета подоцна „процуриле“ во јавност, но таа сè уште го нема видено комплетниот материјал. Преживеаните од Беслан бараат да се отворат архивите на ФСБ и да се објават сите снимки што таму се кријат, но ова нивно барање е игнорирано. Кој знае што сè има на тие снимки – можеби Путин како се грли и љуби со терористите? Иронично, се тврди дека најозлогласениот чеченски терорист Шамил Басајев (1965-2006) некогаш бил оперативец на руското воено разузнавање, односно Главната Разузнавачка Управа (ГРУ), а во тоа својство, тој дури зел учество во конфликтот во Абхазија (1992-1993).

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Руските „вагнеровци“ мачат Сириец.

Во ноември 2019 год., светската јавност беше згрозена од видео – клиповите, во кои припадници на руската наемничка група ЧВК „Вагнер“ измачуваат и обезглавуваат заробеник во Сирија, со што се покажа дека тие нималку не се поразлични од ИСИС. Човекот не бил припадник на таа озлогласена терористичка организација, туку дезертер од регуларната сириска војска. Додека го вршат своето злосторство, руските наемници на снимките се шегуваат и слушаат песна за Чеченската војна, која отприлика вели: „Го симнувам од рамо тешкиот автомат, го убивам детето, а потоа и мајка му“. Како што веќе спомнав, приватната воена компанија „Вагнер“ е всушност некаква лична паравојска на Путин, која тајно ги врши неговите валкани работи, за тој да може да демантира поврзаност со неа. Се тврди дека нејзин газда е Евгениј Пригожин, познат по својот кетеринг бизнис за разни руски државни институции, поради што се здобил со прекарот „Готвачот на Путин“. Тој снабдува со храна и руски градинки и училишта, како резултат на што, многу деца се разболеа од дизентерија. Во 1980-тите, Пригожин одлежал 9 години затвор за разбојништва, измами и наведување на малолетни лица на проституција. Грозоморните клипови со неговите „вагнеровци“ во Сирија биле снимени во 2017 год., но тие добија поголем публицитет дури две години подоцна, кога руски новинари успејаа да идентификуваат неколкумина од злосторниците. Разбирливо, најмногу податоци беа најдени за најекспонираниот и најкрвожедниот меѓу нив, Станислав Јевгењевич Дичко (р. 09.10.1990), екс-полицаец од градот Георгиевскиј во Ставрополскиот Крај на Русија. За неговите соборци во снимките, податоците се поштури: Владислав Иванович Апостол (р. 13.01.1988), Русин од Молдавија; Владимир Б. (34) од рускиот град Псков и Руслан Ч. (39) од Брјанск. Некои од нив претходно убивале низ Чеченија и Источна Украина, а по снимањето на овие клипови во Сирија, некои загинале во рускиот напад врз Американците кај Хашам, околу кого веќе говорев претходно. Оние вагнеровци што живи се вратиле во РФ, биле контактирани од страна на новинарите, при што демантирале учество во овие видео снимки, но не баш убедливо. Заради смелоста на новинарите да го истражаат овој случај, тие добивале смртни закани, а нивните сајтови биле мета на хакерски напади. Новинарите предупредуваат дека, фактички, по руските улици сега шетаат повратници од Сирија – убијци и касапи, а уште пострашно е тоа што некои од нив сега се канат во руските училишта за „патриотско воспитување“ на младината. После сево ова не изненадува тоа што Русија реши официјално да се отпише од Женевската Конвенција. Поконкретно, Русите изразија желба да се повлечат од обврската да го запазуваат цивилното население во време на воени конфликти. Да, добро прочитавте, Путин веќе не крие дека не сака да ги почитува меѓународните норми за војување. Верувам, секој нормален би се сложил дека Асад е сепак попристојна опција за Сирија отколку ИСИС, но тоа не значи дека тој е ангел, ниту такви се неговите руски сојузници, кои масакрираат и бомбардираат сириски цивили. Околу ова да немате никакви илузии. Истово важи и за неговите сојузници од Исламска Република Иран, која уште од 1979 год. е озлогласена по својот репресивен режим и спонзорирањето на тероризам (Хезболах, Хамас, Исламски Џихад), иако, во споредба со ИСИС, таа сега ни делува „умерено“.

Русите обвинуваат дека Американците се вмешуваат во разни конфликти низ светот, дека спонзорираат терористи, дека заграбуваат нафта и други ресурси, дека извршуваат false flag напади со некакви „мистериозни снајперисти“, со цел да предизвикаат ескалација, и дека во повеќе кризни жаришта тајно дејствува американската наемничка група „Блеквотер“. Но всушност, Русите го прават потполно истото со својата „Вагнер“. Таа е присутна во Сирија, Судан, Либија, Венецуела, Мадагаскар, Централноафриканската Република (ЦАР) и се разбира, на Крим и во Донбас. Во јули 2018 год., рускиот новинар од азербејџанско потекло Орхан Џемал, режисерот Александар Расторгуев и камерманот Кирил Радченко заминале за ЦАР за да снимат документарец за активностите на „Вагнер“, но биле убиени под мистериозни околности. Постојат сомненија дека тие дознале за спрега помеѓу „Вагнер“ и корумпирани руски политичари и билмезмени, кои се занимаваат со експлоатација на африканските рудници за злато и дијаманти. Официјално, Русите ѝ пружаат поддршка на владата на ЦАР во тамошната граѓанска војна против разните терористи и сепаратисти, но во суштина, се работи за бизнис интереси. За таа цел, „Вагнер“ дури направил дил со муслиманската паравојска Селека, која го контролира североистокот на ЦАР. На ист начин се објаснува и претходно опишаниот руско – сириски напад врз Американците кај Хашам, чија цел, наводно, било заземањето на тамошните извори за нафта и гас. Друг новинар, кој доста се занимавал со „Вагнер“, бил Максим Бородин, кој, на 12.04.2018 год., „случајно“ паднал од 5-ти спрат. Руската полиција изјавила дека во неговата смрт „немало ништо сомнително“.

Некој ќе рече дека војна не се води „во бели ракавици“ – како што би се изразил Ленин, особено не во касапница каква што е Сирија, и дека Русите барем преземаат нешто за во неа да се врати поредокот. Ајде нека е така, но какви се резултатите? Дали, например, Русите го елиминираа водачот на ИСИС, Абу Бакр Ал-Багдади? Не. А заменикот Абу Ала Ал-Афри? Не. А Абул Хасан Ал-Мухаџир? Не. А Турки Ал-Бинали? Не. А Абу Џандал Ал-Кувајти? Не. А Абу Катаб Ал-Туниси? Не. А Абу Умар Ал-Алмани? Не. А Абу Сајаф? Не. А Тарик Харзи? Не. А Лавдрим Мухаџери? Не. Па убиле ли уопште Русите некој исисовец?! Можеби само портпаролот на ИСИС, Ал-Аднани, но дури ни тоа не го имаат докажано. Русите масакрираа и избомбардираа илјадници сириски цивили, а бројот на убиени high profile терористи, се чини, им е безначаен. Американците дури тврдеа дека 90% од руските операции во Сирија биле против поумерените опозициски сили каква што е ФСА, а не против ИСИС.

Иронично, кога Трамп објави дека Ал-Багдади е елиминиран, руското министерство за одбрана дури одби тоа да го признае, а неговиот портпарол, генерал Игор Конашенков, стори сè за да го омаловажи тој американски успех. Конашенков ја оцени веста како „уште едно лажно загинување“ на Ал-Багдади, кое, дури и да е вистинито, „нема никакво оперативно значење“. Генералот додаде дека Русите во Сирија не забележале никаква акција на Американците, ниту им асистирале во истата, иако Трамп се заблагодари за тоа што на неговите сили им бил дозволен прелет. Фактички, Конашенков испадна небаре е портпарол на ИСИС и малце фалеше тој да се расплаче по рахметли Ал-Багдади и да му измоли џеназа-намаз! Воедно, со ова Конашенков несакајќи призна дека хеликоптерите со американските специјалци им прелетале на Русите над глава, а овие тоа воопшто не го забележале! По неколку дена, веќе самите ИСИС го потврдија загинувањето на Ал-Багдади, а Русите сè уште не можеа да се соочат со тоа! Сево ова не помина незабележано од страна на руските новинари, кои почнаа да се прашуваат, зошто елиминацијата на Ал-Багдади наиде на толку негативни реакции во нивната земја? Слични имаше и за елиминацијата на Бин Ладен.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Таткото на современиот тероризам, шефот на КГБ, Јуриј Андропов.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Генерал Александар Сахаровски.

Рака на срце, Американците имале катастрофални утки на Блискиот Исток – нивната поддршка за анти-советските муџахедини во Авганистан (свесно или несвесно, директно или индиректно) довела до формирање на Ал Каеда, од која подоцна настанале ИСИС. Но ни Русите не биле ангели! Во советските времиња, на Блискиот Исток тие великодушно спонзорирале тероризам, додуша, овој бил повеќе левичарски отколку исламски. Приказната започнува во 1948 год., кога СССР бил првата држава на светот која de jure го признала Израел, надевајќи се дека тој ќе гради социјалистичко општество (нели, Маркс и Ленин имале во себе понешто еврејско). Но откако Израел се зближил со САД, Москва збеснала и ја пренасочила својата помош кон Палестинските Арапи (иронично, истите оние против кои таа претходно го вооружувала еврејскиот окупатор). Со појавата на арапскиот социјализам, Москва започнала соработка со Арапските Републики Египет и Сирија, Народна Демократска Република Јемен (Јужен), Народна Демократска Република Алжир, Социјалистичка Народна Либијска Арапска Џамахирија и други блискоисточни земји, кои ги вооружувала со калашњикови, тенкови, каќуши и МиГ-ови, а нивните армии ги обучувале советски воени инструктори. Советските ракети „Скуд“ за првпат биле употребени токму во египетските напади против Израел. По неговата победа во Шестодневната војна (1967), Москва ги прекинала дипломатските односи со Израел, а на чело на КГБ тогаш стапил Јуриј Андропов (1914-1984), кој се нафатил да ја збрише таа држава (или „ционистички ентитет“) од светската мапа. Во тоа му помагал генералот Александар Сахаровскиј (1909-1983), кој сметал дека заради нуклеарната закана, суперсилите избегнуваат директна конфронтација, па тероризмот треба да биде главното оружје на Москва против Израел и неговите сојузници Американците. На платен список на КГБ тогаш се нашол најголемиот терорист на сите времиња – Венецуелецот Карлос Шакалот (вистинско име: Илич Рамирез Санчез, според Владимир Илич Ленин). Израел бил честа мета на Карлос, кој, како и други негови колеги – терористи, студирал на московскиот универзитет „Патрис Лумумба“, што, фактички, бил регрутен центар на КГБ. Негов познат колега по студентска и терористичка линија бил Алжирецот Мухамед Будија (1932-1973), кој бил десна рака на најозлогласениот палестински терорист Вади Хадад (1927-1978), соработник на КГБ под шифрираното име „Националист“. Од страна на КГБ биле заврбувани и палестинските команданти Ахмед Јунис (шифра: „Таршик“), Рафат Абу Ауон („Гидар“), Најеф Хаватме („Инжинер“), Ахмед Џибрил („Мајоров“) и др. Интересно, Хадад, како и некои други палестински терористи, бил христијанин, а неговото шифрирано име ни укажува дека на Блискиот Исток тогаш бил актуелен секуларниот палестински национализам, пан-арабизмот, социјализмот, насеризмот, баатизмот и сличните (за тамошни услови) прогресивни и еманципаторски идеологии, а исламот бил турнат на заден план, но никогаш не бил напуштен. Во уставите на арапските земји, исламот бил и останал официјална религија. Андропов мајсторски манипулирал со тоа, велејќи дека исламот е опседнат со спречување на окупација на својата територија од страна на неверниците, па Исламскиот свет може да биде „петриева шолја“ (нешто како епрувета), во која „биолозите на КГБ“ ќе развијат „заразна“ омраза кон Израел и САД од „бактеријата“ на марксизмот – ленинизмот. Иронично, иако советското раководство пропагирало атеизам, во 1979 год. тоа испратило честитки до блискоисточните земји по повод 1400-годишнината од појавата на исламот и било првото во светот кое ја признало Исламска Република Иран (иако односите со нејзиниот теократски режим му биле далеку од идеални). Андропов и Захаровскиј наредиле на арапски да се преведе озлогласениот антисемитски памфлет „Протоколи на ционските мудреци“ и да се дистрибуира низ Блискиот Исток, заедно со големи количества на пресни калаши, РПГ фрлачи и пластичен експлозив семтекс. Москва некогаш тоа го испорачувала директно, а некогаш преку своите сојузници: Германската Демократска Република, Чехословачката Социјалистичка Република, Социјалистичка Република Романија, Народна Република Полска, Народна Република Бугарија и други земји во кои народот бил на власт, за што сведочел пребегнатиот руски агент Василиј Митрохин (1922-2004) и романскиот Јон Михај Пачепа. Така била вооружувана и ИРА во Северна Ирска, Црвените Бригади во Италија, Фракцијата на Црвената Армија (Баадер – Мајнхоф) во Западна Германија и други терористички организации (според некои, ослободителни или револуционерни). Некои ќе укажат на фактот дека Палестинците воделе легитимна борба против израелската окупација (“One man’s terrorist is another man’s freedom fighter”), со што јас донекаде би се сложил, но факт е и дека недолжни луѓе гинеле во нивните акции, кои биле терористички по секој основ. Во списокот се безброј подметнати бомби, грабнувања на авиони и автобуси, напади врз амбасади и масакри, како, например, оној на израелските спортисти на Олимпијадата 1972 во Минхен, извршен од страна на палестинската терористичка организација „Црн Септември“, а организиран од нејзиниот оперативец Салах Халаф алиас Абу Ијад (1933-1991) или „Кочубеј“ – како што било неговото шифрирано име во КГБ. Други значајни личности за „Црн Септември“, воедно и соработници на КГБ, биле Халил Ал-Вазир алиас Абу Џихад (1935-1988), Мухамед Дауд Удех алиас Абу Дауд (1937-2010) и др. Во знак на почит кон убиените израелски спортисти, домаќините на Олимпијадата тогаш ги спуштиле знамињата на земјите – учеснички на половина копје, на што протестирале само Арапите и (веќе погаѓате) Советскиот Сојуз! Но неговите односи со арапските социјалистички земји не биле секогаш идеални, со оглед дека тие воделе неврзана политика, па со нив тој имал и повремени несогласувања, а такви имало и помеѓу нив самите. Така, например, во даден период постоела федерација на Египет и Сирија – Обединетата Арапска Република, која доста бргу се распаднала; во даден момент дошло до кавга меѓу Палестинците и Сиријците, при што, Москва ги преферирала овие вториве; кавги имало и меѓу нив и Ирачаните; Садам Хусеин час соработувал со Москва, час ѝ бил непослушен; а слично се однесувал и Либиецот Гадафи; додека Египќанецот Садат се дистанцирал од неа и потпишал примирје со Израелците, поради што, таа сакала да го елиминира. Проблем за Москва било и тоа што арапскиот социјализам си имал некој „свој филм“, кој бил различен од оној нејзиниот, а комунистичките партии (читај: советските пиони) во повеќето блискоисточни држави биле прогонувани. Но СССР сево ова го проголтувал и го спонзорирал, а паралелно со тоа, тој започнал и репресии врз своите граѓани од еврејско потекло, иако мајката на Андропов во детството била посвоена и израсната во еврејско семејство. Неговиот соучесник Сахаровскиј дури се фалел дека тој го измислил грабнувањето на авиони како терористички метод, што подоцна можеби послужило како инспирација за нападите во Њујорк на 11.09.2001 год. Накусо, може да се заклучи дека Русите го измислиле современиот тероризам, што (свесно или несвесно, директно или индиректно) придонело за вообличување на оној исламскиот. Иронично, палестинскиот народ на крај успеа да добие широка автономија не благодарение на Русите, туку на Норвежаните и Американците. Тие посредуваа во преговорите меѓу палестинскиот лидер Арафат и израелскиот Јицак Рабин во Осло (1993), кои за тоа се здобија со Нобеловата Награда за Мир, а и финансиски ја помагаат Палестинската Национална Самоуправа, која претставува чекор кон целосно осамостојување.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Болшевички транспарент: „Да живее црвениот террор!“.

Всушност, врските на Русите со тероризмот се протегаат уште подалеку во минатото. Интересно, првите бомбаши – самоубијци се појавиле токму во Русија – атентаторите врз царот Александар Втори во 1881 год. Во својот завет, тие напишале: „Тој ќе умре, а заедно со него ќе умреме и ние, неговите непријатели, неговите убијци“. Тоа било време на нихилистите, на анархистички или социјалистички кружоци како „Народна волја“, на личности како Михаил Бакуњин (1814-1876), Пјотр Кропоткин (1842-1921) и Сергеј Нечајев (1847-1882) и неговиот памфлет „Катехизис на револуционерот“. Подоцна, Ленин отворено го употребувал терминот Црвен терор (Красный террор) за репресалиите кои тој ги спроведувал откако стапил на власт, што било инспирирано од теророт кој следел по Француската Револуција (la Terreur). Како што веќе раскажував претходно, Ленин сакал да ги придобие муслиманите за сојузници, а на нивниот џихад да му придаде карактер на класна, анти-империјалистичка и антиколонијална борба, што потсетува на претходниот муабет за Андропов, па тука нештата се поврзуваат и стануваат појасни.

По падот на комунизмот, на блискоисточната сцена тој бил истуркан од исламизмот, па Москва сега се грли и љуби со Талебаните, Хамас, Хезболах, Палестински Исламски Џихад и со кого уште не – тука веќе нема идеологија, туку само „непријателот на мојот непријател е мој пријател“. Одметнатиот руски агент Литвиненко дури сведочеше дека Москва имала соработка со Ајман Ал-Завахири, кој по смртта на Бин Ладен стапи на чело на Ал Каеда. Официјалната верзија на настаните вели дека во декември 1996 год., Ал-Завахири со лажен пасош ја посетил РФ, поконкретно Чеченија и Дагестан, кајшто планирал да го шири својот џихад, но бил уапсен од руските безбедносни сили, кои, демек, не сфатиле каква крупна риба им паднала в раце. Тој одлежал само 6 месеци затвор, по што ја напуштил земјата. Литвиненко ја оспорувал оваа верзија, тврдејќи дека Ал-Завахири дошол во РФ по покана од нејзините тајни служби, кои, во текот на тие 6 месеци, му пружале обука. Ова го потврдува и еден друг одметнат руски агент, Константин Преображенскиј, во својата статија „Русија и исламот се неразделни“. Случајно или не, Завахири токму тогаш заминал за Авганистан, кајшто се заортачил со Бин Ладен и неговите Талебани. Приказната за нивните контакти со Русите во 1990-тите е прилично матна, исто како и транзицијата низ која Русите тогаш минувале. Наводно, Талебаните и Ал Каеда тогаш биле снабдувани од страна на рускиот трговец со оружје (а можеби и агент) Виктор Бут, но тој тврди дека, всушност, тој ги снабдувал нивните душмани од поумереното авганистанско движење Северна Алијанса. Бут тргувал со оружје и во Колумбија, Руанда, Либерија, Ангола, Конго и други кризни жаришта, за на крај да биде фатен од страна на Американците и осуден на 25 години затвор. На тоа остро реагираше официјална Москва, па станува јасно дека Бут не е само обичен криминалец, туку нешто многу повеќе. Во август 1995 год., руски товарен авион полн со оружје, наводно наменето за поумерената Северна Алијанса, паднал во рацете на Талебаните сосе својот екипаж, околу што се плетат низа контроверзи. По година дена скапување во Авганистан, заложниците ја искористиле невнимателноста на стражата, голем дел од која заминала на молитва, за да ја совладаат и да побегнат сосе својот авион! Ослободените заложници биле дочекани во Москва како херои и се здобиле со високи одликувања, а ним им беше посветен рускиот игран филм „Кандагар“ (2010). Но постои теорија на заговор дека, всушност, тука немало никакво „филмско“ бегство, туку дека Бут направил зделка со Талебаните и им испорачал големо количество на оружје. Колку вистина има во ова – не знаеме.

Во ноември 2018 год., како и во февруари и мај следната година, во Москва гостуваа високи претставници на авганистанските Талебани, како што се нивниот соосновач и командант Абдул Гани Барадар и нивниот политички шеф Шер Мохамад Абас Станзикаи, иако тоа движење е забрането со руските закони и е ставено на листа на терористички организации. Средба со Талебаните имаше рускиот министер за надворешни Лавров, кој им вети дека РФ ќе им пружи поддршка и дури дека ќе се заложи во Советот за Безбедност на ООН, меѓународните санкции против Талебаните да бидат тргнати. Како што носи редот, Лавров и неговите гости притоа ја исплукаа Америка. Во август 2018 год., во Москва гостуваше делегација на терористичката организација Палестински Исламски Џихад, во состав: Зијад Ал-Нахала, Мухамед Ал-Хинди и Анвар Абу Таха, кои имаа срдечна средба со рускиот заменик – министер за надворешни, Михаил Богданов, кој, воедно, е специјален претставник на Путин за блискоисточни прашања. Истотака, руското МНР имало повеќе официјални средби со терористите од Хамас, како во земјата, така и во странство. Во руските медиуми задолжително се нагласува ако одредени организации се официјално прогласени за терористички и ако се забранети, но тие најнормално си гостуваат среде Москва, дури и почесто од нашите делегации! Оттаму, навистина смешно звучат вестите во руските медиуми од типот: „Денес во Москва гостуваше делегација на Талебаните, (тука спикерот нагласува) забранета организација во РФ, која имаше свечен ручек со министерот за надворешни…“. Е па, што е тогаш следно?! „Денес во работна посета на Москва гостуваа ИСИС, забранета организација во РФ…“.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Заменик министерот за надворешни на РФ, Богданов, со претставници на движењето Палестински Исламски Џихад, Москва, 07.08.2018.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот министер за надворешни Лавров во срдечна средба со официјална делегација на авганистанските Талебани, хотел „Президент“, Москва, 09.11.2018.

КЛИК ЗА ЗГОЛЕМЕНО

Рускиот министер за надворешни Лавров и лидерот на Хамас, Халед Машаал, Москва, февруари 2010.

Русофилите направија мит од оној руски специјалец во Сирија, кој, опколен од исисовците кај Палмира, ѝ јавил на својата команда да ја бомбардира неговата позиција, иако знаел дека притоа и самиот ќе загине. Навистина, војникот постоел, а се работи за Александар Прохоренко (1990-2016) од с. Городки во Оренбуршката Област, но во прикаската има толку претерувања, што таа веќе не проаѓа дури ни кај самите Руси. На социјалните мрежи се појави „транскрипт“ од неговиот последен разговор со командата, но кога новинарите побараа од руското министерство за одбрана да ја потврди автентичноста, излезе дека тоа е обична „патка“ или fake news. Министерството демантираше дека објавило транскрипт, па фактички, некој ропак си го склепал истиот и си го пуштил по социјалните мрежи. Во транскриптот, упатените воочиле куп грешки, почнувајќи од процедуралните изрази, какви што руските везисти не користат (од типот: „Одговорот е негативен“ и сл.), а тука е и „поетскиот“ стил со којшто Прохоренко се збогува со командата, при што ѝ благодари за соработката и испраќа последен поздрав до своите блиски и до Татковината, додавајќи дека многу ги сака. Исисовците само што не го масакрирале, а тој држи патетични говори, и тоа, литературно, како да е комунистички пионер во детска радио драма (со исклучок на зборот „копилиња“ со којшто ги опишува напаѓачите). Накусо, авторот на овој „транскрипт“ се изнаглеал ратни филмови. Вистинската приказна можеби не била толку херојска, а ние тешко дека некогаш ќе ја дознаеме.

Американскиот режисер Оливер Стоун е жесток критичар на политиката на својата земја, што е разбирливо, имајќи в предвид дека тој ги преживеал стравотиите на Виетнамската војна, но неговото додворување кон Путин, Кастро и сличните диктатори, со кои тој има снимано интервјуа, претставува темна дамка во неговата биографија. За нештата да бидат уште полоши, во неговиот последен документарец “The Putin Interviews”, снимен во периодот 2015-2017 год., рускиот претседател му презентира на Стоун видео клип од руски воздушен напад врз ИСИС, за кого се испостави дека е лажен! Клипот, всушност, бил од американски воздушен напад врз авганистанските Талебани, кој, зависно од изворот, бил снимен во 2009 или 2013 год. Стоун беше намагарчен од страна на својот идол, но сепак се обиде да го оправда со некакви релативизирања, додека самиот Путин се правдаше дека клипот го добил од рускиот министер за одбрана Шојгу, кој, како што веќе објаснив, е лажен генерал. Од лошо – полошо! Прес-секретарот на Путин, Песков, ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека клипот е автентичен и дека тоа може да се докаже, се разбира, без да докаже ништо. Во друга прилика, руското министерство за одбрана објави фотографии, кои, демек, докажуваат соработка помеѓу САД и ИСИС, но се испостави дека истите биле преземени од видео игра! Како може една светска суперсила вака да се бламира – никому не му е јасно.

Во 2004 год., додека руските воени ветерани умираа во запоставеност од глад, студ, болести и алкохолизам, Путин го одликуваше чеченскиот политичар, сега веќе претседател, Рамзан Кадиров, со врвниот орден „Херој на Русија“, иако во Чеченските војни во 1990-тите тој се борел против Русите и наводно има изјавено: „Првиот Русин го убив кога имав 16 години“. Неговиот татко Ахмат Кадиров, кој истотака бил претседател на Чеченија и носител на одликувањето „Херој на Русија“, има изјавено: „Чеченци има 1 милион, а Руси – 150 милиони. Ако секој Чеченец убие 150 Руси, ние ќе победиме“. Иронично, во 2016 год., еден мост во Петербург беше именуван во чест на Ахмат Кадиров, што ја револтираше тамошната јавност. Читателите ќе се запрашаат како е можно бивши терористи и сепаратисти да дотуркаат до претседатели и национални херои во РФ, а објаснувањето е дека, во 2000 год., Кадирови преминале на руска страна, па така тие биле рехабилитирани, одликувани и поставени на високи функции. Од ова сфаќате дека РФ воопшто не е секогаш така бескомпромисна како што вие си ја замислувате.

И најиронично од сè, додека Чеченците и другите севернокавкаски народи стереотипно се поврзуваат со тероризамот, всушност, нема поголем терор од оној кој врз нив го спроведувале Русите. Приказната оди пар векови наназад, кога Руската Империја го освојувала Кавказот, при што таа спроведувала брутални етнички чистења, во кои пострадале Чеченците, Черкезите, Адигејците, Ингушите, Кабардинците и други народи. Класичен геноцид! Во 1944 год., веќе под власта на Сталин, следеле и комплетни депортации на некои од овие народи, кои набутани у сточни вагони биле одвезени во далечната Средна Азија, кајшто умирале од глад и болести, а на нивните огништа биле систематски доселувани Руси. Да не бидам сфатен погрешно, јас не го оправдувам тероризмот, а да бидеме искрени, Северен Кавказ отсекогаш важел за заостанат и затуцан регион во којшто царува беззаконието и насилството, но ни „цивилизираните Руси“ не биле поарни кога го освојувале.

2.15. Митот за руското разузнавање

На извиканото руско разузнавање му требаа дури две години за да сфати дека ЦИА врбувала свој шпион среде Кремљ, Олег Смоленков, кој непречено си ја извршувал својата задача, за на крај елегантно да си замине во САД, кајшто добил азил.

Руските шпиони се крајно аљкави и неспретни, па цели мрежи паѓаат во рацете на западното контраразузнавање. Верувале или не, во 2018 год., 305 руски агенти биле провалени со најобично интернет пребарување, затоа што не воделе сметка за тоа какви сè траги оставаат за себе! Во април 2018 год., четири агенти биле фатени во Холандија во обид да го хакираат компјутерскиот систем на Организацијата за забрана на хемиското оружје, која се занимава со аферата Скрипал, а истотака, тие „душкале“ околу холандската истрага за малезискиот авион соборен од про-руските сили во Донбас. Притоа, кај еден од фатените агенти била најдена сметкопотврда за правдање на службени трошоци! Замислете си го Џејмс Бонд како оди кај својот шеф М и му носи сметкопотврди за такси превоз, хотелски смештај или службени ручкови. Комунизам и ренесанса! Во случајов, се работело за сметкопотврда за такси превоз од московската уличка Несвижски переулок (кајшто е лоциран хакерски центар на военото разузнавање) до аеродромот Шереметјево, благодарение на што, Холанѓаните сфатиле кои се овие неканети гости. Типично за руските агенти е и тоа што тие поседуваат пасоши со сериски броеви кои им се издаваат исклучиво на тајните служби, што на нивните противници им ја олеснува работата. На некои агенти пасошите им биле издадени во еден ист ден, а нивните сериски броеви се разликувале само по една цифра, што ги правело уште посомнителни. Со најобично пребарување низ онлајн базата на руската сообраќајна инспекција (ГИБДД), кајшто се нудат податоци од типот: чиво е одредено возило, дали е украдено, кое му е реалното годиште и километража, дали е навремено регистрирано и дали е предмет на казни, се утврдило дека личните возила на стотици руски агенти се запишани на една иста адреса – на онаа на воено – разузнавачкиот центар! И социјалните мрежи се полезни за лов на руски агенти – во своите профајли, тие невнимателно наведуваат каде дипломирале (при што можат да се забележат разузнавачки академии и сл.) или каде го отслужиле воениот рок (при што се гледа дека некои од нив биле специјалци), а некои од нив дури постираат инкриминирачки селфија. На интернет „процурија“ дури и скенови од нивните пасоши и куп други доверливи информации!

Руските тајни служби се озлогласени и по користењето на отрови за елиминирање на политички неподобни личности. Најзначајна жртва, како што веќе спомнав, беше одметнатиот руски агент во Лондон, Александар Литвиненко, кому, во 2006 год., неговите колеги Андреј Луговој и Димитриј Ковтун му подметнале полониум. Траги од оваа радиоактивна материја биле најдени во хотелот во којшто отседнале убијците, како и во ресторани, такси возила и дури и во авионите со кои тие патувале. Траги биле најдени дури во нивната хотелска соба во далечниот Хамбург, кајшто тие попат преседнале. Со радиоактивната материја тие ракувале крајно аљкаво и неодговорно, доведувајќи во опасност илјадници луѓе, па оттаму не чуди што дури и самиот Ковтун се контаминирал и завршил в болница. Пар години претходно, со диоксин бил труен украинскиот политичар, подоцна претседател, Виктор Јушченко, при што почнала да му се распаѓа фацата, а сторителот, Володимир Сацјук, нашол засолниште во РФ, која одбива да им го екстрадира на Украинците. Во март 2018 год., руските агенти Александар Мишкин (алиас Александар Петров) и Анатолиј Чепига (алиас Руслан Боширов) пристигнале во Солзбери, Англија со нервен гас „новичок“ во шишенце од парфем, со цел да го убијат својот одметнат колега Сергеј Скрипал, а откако ја извршиле задачата (додуша, неуспешно), тие со цел памет го фрлиле шишенцето во добротворен контејнер за сиромаси, иако во шишенцето имало доза доволна да усмрти 4000 луѓе! Затоа, не чуди што при буричкање во контејнерот, се отрул клошарот Чарли Роули, кој некако преживеал, но за жал, неговата девојка немала толку среќа (тој ѝ го подарил шишенцето, мислејќи дека во него навистина има парфем). При истрагата, бил отруен и полицаецот Ник Бејли, кој за среќа преживеал, а траги од „новичок“ биле најдени и кај негови колеги, како и по хотели и други места низ кои се движеле сторителите. Тие сите нас би нè потруле за своите „виши цели“! Откако светската јавност дозна за атентаторите, тие дадоа интервју за пропагандната ТВ „Раша тудеј“, во кое крајно неспретно се обидоа да ги демантираат обвинувањата и да обелат образ. Тие се претставија себеси како „туристи“, на кои ете така им текнало да отпатуваат во зафрленото гратче Солзбери за да ја видат неговата „славна катедрала“ и блискиот археолошки локалитет Стоунхенџ. За приказната да делува уште поневино, во интервјуто се алудираше дека атентаторите, всушност, се геј пар, кој само сакал романтично патување. Да не беше ужасно, ова ќе беше ужасно смешно, особено во контекст на руската хомофобија! Но безбедносните камери на британската пасошка контрола забележале дека овие „неразделни љубовници“ ја минале истата на различни шалтери, у стилу „ја и ти не се знаеме“. Било утврдено и дека тие двапати патувале од Лондон до Солзбери, што е нелогично и непрактично (пар саати во еден правец со воз). И уште, нивното „романтично патување“ во Британија траело нецели 3 (три) дена. Замислете си дека еден Русин вади британска виза, што не е воопшто лесно, само за да мине еден викенд во таа далечна земја, и тоа, во нејзината глува провинција! Фотографии од нивната посета на „славната катедрала“ или на Стоунхенџ – њама, но затоа има снимки од безбедносни камери на кои атентаторите сомнително се шуњаат низ неатрактивни локации. Врв на сè беше тоа што Чепига (Боширов) беше препознат на слика од свадбата на ќерката на Андреј Аверјанов, генерал на Генералната Разузнавачка Управа (ГРУ), односно, руското воено разузнавање. Ова се трагикомедии!

САД и РФ понекогаш вршат размени на шпиони, а позначајна беше онаа во летото 2010 год.. Американците тогаш разбија цела мрежа на руски шпиони, од кои посебно се истакна Ана Чапман (не толку по своите шпионски способности, колку по своите разголени фотографии). Се шпекулира дека Путин сега апси рандом странци за тие да му послужат за идни размени, а како примери се наведуваат Американецот Пол Велан и Израелката Наама Исахар. Велан бил уапсен во Москва откако негов руски познаник му врачил (или му увалил) усб-стикче со доверливи податоци, но приказнава е прилично неубедлива и нималку не личи на филм со Џејмс Бонд. Ќути што не му изрежале цеде Princo од пазарче! Велан некогаш служел во маринците, откајшто бил набркан за финансиски измами, па овој ситен и неспретен измамник попрво е Мистер Бин отколку Мистер Бонд. Исахар, пак, била уапсена за 9,6 грама канабис, и тоа, во меѓународната (транзитна) зона на московскиот аеродром Шереметјево, кајшто долетала од Њу Делхи со цел да продолжи до Тел Авив, без воопшто да влегува во РФ. За тие 9,6 грама, што дури ни во РФ не се вест, таа била осудена на 7,5 години за „шверц на дрога“, наместо на поблага казна само за поседување на истата. Колку за споредба, Русите ја уапсиле и Американката Одри Лорбер, и тоа, за 19 грама канабис, но ја ослободиле по само пар недели со мала парична казна, од што станува јасно дека за Исахар тие имале поамбициозни планови. Целта на Русите била Исахар да се трампа за рускиот хакер уапсен во Израел, Алексеј Бурков, а Велан – за рускиот агент во САД, Марија Бутина. Русите го уапсија дури и најголемиот американски инвеститор во нивната економија, Мајкл Калви, за наводна деловна измама, но се смета дека тој всушност се закачил со некој билмезмен близок на Путин. Како и да е, ни еден странец во РФ повеќе не е безбеден и тој лесно може да стане заложник и монета за поткусурување.

Сомнително е и тоа што во кус временски размак починаа двајца директори на ГРУ, и тоа, најпрвин Игор Сергун (1957-2016), а само две-и-пол години подоцна, неговиот имењак Игор Коробов (1956-2018). Ќе речете, боже мој, луѓе умираат, но дали е нормално на една суперсила да ѝ рикнат двајца топ разузнавачи за толку кусо време?! Претходно, заменик – шефот на ГРУ, Јуриј Иванов (1957-2010), бил најден удавен на плажа во Турција, а се смета дека брановите го донеле од соседна Сирија, кајшто тој службено престојувал. Серија мистериозни смртни случаи имаше не само среде руските шпиони, туку и среде руските дипломати (што му дође исто), но околу тоа – во соодветното поглавје.

2.16. Митот за руската дипломатија

Се сеќавате како амбасадорот Олег Шчербак се закануваше дека Македонија може да биде легитимна мета на некој иден руски напад доколку таа влезе во НАТО? Интересно, пред ние да влеземе во тој воен сојуз, дури 29 држави веќе беа негови полноправни членки, но ваква примитивна демонстрација на сила кон нив јас никогаш немам видено. Само кон Македонија, небаре нејзиното влегување во НАТО нешто ќе смени во односот на силите. Дали, например, руски дипломат би си дозволил да се заканува дека ќе го нукира Брисел, Амстердам, Рим, Копенхаген, Варшава или Прага? Да додадам и дека кога Макрон стави вето на нашата евроинтеграција, рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ја поздрави таа негова одлука. Ете тоа се тие наши „браќа Руси“ – ним нималку не им пречи тоа што Макрон е претседател на една евроатлантска членка, или тоа што Турција, на чело со нивниот пајташ Ердоган, е истотака членка на НАТО. Истото важи и за Орбан, Земан и други европски политичари, кои повеќе или помалку „шуруваат“ со Русија. И Грција е истотака евроатлантска членка, но Русите се однесуваат кон неа далеку попријателски отколку кон нас, што подоцна подетално ќе го образложам. Вакви закани од страна на Русите јас немам чуено дури ни за Косово! Волку остро тие не се изразуваат дури ни за ИСИС!

Но нека не ве тревожи ова нималку дипломатско однесување на Шчербак. Руската дипломатија веќе одамна никој не ја зима за озбилно. Особено не по оној неспретен митинг на Шчербак, одржан пред руската амбасада во Скопје на 03.04.2018 год., на којшто „македонските граѓани“ (двајца-без-тројца Бачевци и србомани) изразија „спонтана поддршка“ за еден протеран руски дипломат. За нештата да бидат уште позасрамувачки, пар месеци претходно, негови колеги беа фатени како го злоупотребуваат својот дипломатски имунитет за непречен шверц на дрога – во руската амбасада во Буенос Аирес ним им беа најдени астрономски 400 килограми кокаин! Во Израел, руски дипломати проневериле буџетски средства во износ од 50 милиони рубљи, а во Чешка, тие си правеле бизнис со издавање под наем на дипломатски станови.

Протерувањето на руски дипломати за шпионажа е вообичаена пракса во западните земји уште од советските времиња и тоа одамна никого не шокира. Она, најнормално, чим видат руски дипломат – го бркаат. САД имаат бркано по 100 души одеднаш. Она што треба да шокира е тоа што во мошне кус временски период, голем број на руски дипломати ги загубија своите животи под матни околности: Сергеј Кривов (Њујорк, 08.11.2016), Андреј Карлов (Анкара, 19.12.2016), Андреј Маланин (Атина, 09.01.2017), Александар Кадакин (Њу Делхи, 26.01.2017), Виталиј Чуркин (ООН, 20.02.2017), Миргајас Ширински (Картум, 23.08.2017) и др. Само морон би поверувал дека овој масовен помор на дипломати бил пука случајност, а една од шпекулациите е дека тие знаеле премногу за руската вмешаност во изборните местенки на Трамп.

Самите Руси го нарекуваат својот министер за надворешни Сергеј Лавров – Говоречка коњина (Говорящая лошадь). Тој ќе остане запаметен по дипломатската изјава: „Дебилы, блядь“ („Дебили, да ти ибам“), дадена на средба со саудиска делегација во 2015 год., а во следната година, тој ги употреби истите епитети за камерман на Ројтерс, само затоа што тој се „дрзна“ да го снима на една официјална средба во Германија. Лавров тогаш заканувачки го праша снимателот: „Ват ду ју вонт?“ – како да е на нива, по што го нарече дебил. Разговорот со него, Лавров го заврши со дипломатското „Ју кен гет аут!“. Три години подоцна, при качување на бина на еден јавен настан, Лавров спектакуларно се препрчи и со фаца ја пољуби истата. Боже мој, ќе речете, тоа може секому да му се случи, но симптоматично е што се работеше за форумот „Русија – земја на можности“, па падот на Лавров доби симболично значење. „Русија (не) стана од колена“ – како што гласеше пародијата на познатото путинско мото. Како што веќе раскажував, Лавров среде Москва се грлеше и љубеше со делегација на авганистански Талебани и тој дури не е ни Русин, туку Ерменец од Грузија, а ќерката на овој голем „путриот“ не умее да врзе ни два збора руски, затоа што е родена и школувана во непријателската Америка.

2.17. Митот за рускиот спорт

Некогашниот раководител на Федералната агенција за физкултура и спорт и воедно двократен олимписки шампион во хокеј, Вјачеслав Фетисов, ја нарече Русија најосрамотената земја во историјата на спортот. Поради допинг – скандалите, кои се масло на путинскиот режим, РФ е бркана од олимпијади и слични меѓународни спортски настани, а оние нејзини спортисти, кои се неизвалкани со допинг, сега мораат да се натпреваруваат под неутрално, олимписко знаме, додека веењето на она руското е забрането, исто како и носењето на дресови со национална симболика и интонирањето на руската химна при доделување на медалите. Секој десетти член на руската репрезентација на Зимската Олимпијада во Сочи 2014 бил дисквалификуван. Постигнатите резултати на допингуваните спортисти им биле анулирани и ним им се забранува понатамошно учество на Олимпијадите, дури и како гости или тренери. Граѓаните со иронија ја коментираат изјавата на Фетисов, во стилот, путинскиот режим самиот е виновен за овие скандали, но на крај, ние, обичните граѓани, треба да се срамиме?! И уште, изјавата доаѓа од човек, кој долго живеел во САД, кајшто живее и неговата ќерка, и тоа, во милионски апартман во њујоршкиот Трамп Тауер, облакодерот на Доналд Трамп. Ете такви се руските „путриоти“ – тие тераат бизниси на „трулиот Запад“, кајшто живеат нивните деца, но кога ќе пукне брука – осрамотен е обичниот Русин!

Допингот во РФ не е грев на поединечни спортисти, кои, демек, се полакомиле за награди или популарност, туку се работи за политика на путинскиот режим. Пред да се извршат лабораториските анализи на Олимпијадата во Сочи, руските тајни служби дури ја замениле урината од руските спортисти со друга, неконтаминирана со забранети супстанци. Притоа, тие направиле збрка, па во урината на некои руски спортистки билa најдена машка ДНК! Тоа биле циркузи! За овие нешта сведочел Виталиј Степанов од руската антидопинг агенција РУСАДА и сопруг на атлетичарката Јулија Степанова, како и Григориј Родченков, шефот на Московската антидопинг лабораторија, кој, стравувајќи за својата безбедност, во јануари 2016 год. побегнал во САД. Токму тогаш, двајца негови колеги починале под неразјаснети околности и тоа во временски размак од само пар недели. Тука дури и на морон му станува јасно дека Путин започнал чистка на сведоците, но тоа не му помогна. Со истражување на допинг-скандалот се занимавале: Светската Антидопинг Агенција (ВАДА), комисијата на канадскиот спортски правник Ричард Мекларен, Меѓународниот Олимписки Комитет, Интерпол и други организации, по што, биле објавени томови на докази. Како противодговор на обвинувањата, спикерката на рускиот сенат Валентина Матвиенко изјави дека „Русија може да организира алтернативни Олимписки Игри“ (?!).

Најмутен лик во оваа допинг – афера бил рускиот министер за спорт со соодветно презиме – Виталиј Мутко. Во 2017 год., Меѓународниот Олимписки Комитет му изрекол доживотна забрана за учество на Олимпијадите, но пар години подоцна, нему му успеало истата да му ја укине Спортскиот арбитражен суд. Мутко некогаш бил и претседател на Фудбалскиот Сојуз на Русија, па не чуди што рускиот фудбал е сведен на предмет за потсмев. На Светското Фудбалско Првенство 2018, руската репрезентација беше ишутирана на домашен терен од малата Хрватска, на чело со овчарчето од пл. Велебит, капитенот Лука Модриќ.

РФ е озлогласена по митото и корупцијата во сферата на спортот, па така, во Франција бил уапсен шефот на Меѓународната федерација за лесна атлетика, Сенегалецот Ламин Дијак, кој добил милион евра од Русите за да замижи пред нивниот допинг. Шефот на Сèруската федерација за лесна атлетика, Валентин Балахничев, ги негирал тврдењава, но сепак си дал оставка. Сериозни сомненија за мито и корупција, како и соодветна истрага, имаше и за Светското Фудбалско Првенство 2018, кое беше одржано во РФ.

Во очајна желба да имаат спортски успеси, Русите му дадоа државјанство на шестократниот светски шампион во брзо лизгање на куси патеки, Јужнокореецот Ан Хјон Су, кого го преименуваа во Виктор Ан (зашто?!). Тој им донесе понекој медал, а самиот го ќари оној за „За заслуги пред Татковината“, врачен од Путин лично, како и елитен стан во Петербург, кого, иронично, спортистот подоцна го продаде. Ова се апсурди!

И додека путинскиот режим увезува спортисти од странство, некои од руските се потценувани и маргинализирани. Така, например, во 2015 год., светскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров беше исклучен од една книга посветена на рускиот спорт, само затоа што е еден од најголемите опозиционери во земјата.

Во 2017 год., хокеарот Александар Овечкин „спонтано“ формираше група на спортисти, актери и музичари за поддршка на Путин, наречена PutinTeam (читај: уште еден PR stunt на неговиот режим). Но, иронично, големиот патриот Овечкин игра за тимот Вашингтон Капиталс од главниот град на непријателската Америка! Долар си е долар! Во PutinTeam истотака членува и Илја Ковалчук, хокеар на Лос Анџелес Кингс, како и Павел Буре, кој има играно за Ванкувер Канукс, Флорида Пантерс и Њујорк Рејнџерс. Све буриња! Кој од кој!

Смешно е и тоа што на шампионатот во боречката вештина ултимејт фајт (UFC), одржан на 07.09.2019 год. во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати, ни еден од седумте претставници на Русија не беше етнички Русин, а сепак, во јавноста тие беа претставувани како „Русские богатыри“ („Руски јунаци“). Тоа беа: Хабиб Нурмагомедов, Ислам Махачев, Муслим Салихов, Омари Ахмедов, Шамил Абдурахимов, Зубајра Тухугов и Мајрбек Тајсумов – кој од Дагестан, кој од Чеченија. Тоа е таа руска православна сила!

Разочарани од состојбите во кои се наоѓа нивниот спорт, Русите сè повеќе се свртуваат кон „старите добри“ советски времиња, па во 2017 год., тие го снимија играниот филм „Движение вверх“, посветен на победата на советските кошаркари над Американците во финалето на Летната Олимпијада во Минхен 1972. Ова се случувало среде Студената војна, и тоа, на 50-годишнината од создавањето на СССР, што било од особено значење за тамошниот режим. Со оглед дека Американците дотогаш никој не ги поразил во кошарка, ова бил огромен успех, но авторите на филмот премолчуваат куп факти. Како прво, оваа победа била мошне контроверзна и на крај била пресудена со гласање! Притоа, тројца од петте членови на комисијата биле од социјалистичките земји: НР Унгарија, НР Полска и Куба, па постојат основани сомненија дека тие биле пристрасни кон СССР. Како второ, советските кошаркари тука играле против студентарија, сигурно не против ѕвезди од НБА. Според пропозициите на Олимпијадата, во неа смееле да учествуваат само спортисти – аматери (напр. студенти кои сè уште не влегле во професионалните води), а СССР лажно ги пријавувал своите професионалци како аматери. Како трето и најзасрамувачко, филмов е плагијат на американскиот “Miracle” (2004), кој говори за победата на американските хокеари над СССР на Зимската Олимпијада 1980. Воедно, овој руски плагијат содржи куп фактографски грешки. Например, литванскиот кошаркар Паулаускас во филмот е претставен како „дисидент“ и „сепаратист“, иако тој не бил многу по политиката, а проблематична е и сцената во која грузински селани го следат мечот на ТВ, иако тој не бил пренесуван на советската телевизија, затоа што бил одигран во доцните ноќни часови кога нејзината програма веќе била завршена. Тогаш немало канали со 24-часовна програма, а прашање е и дали по грузинските гудури воопшто имало телевизори. Остри замерки на сценариото имале и семејствата на главните ликови во филмот, поради што, филмаџиите морале да го прекрстат познатиот советски тренер Кондрашин во „Гаранжин“. Секако, тоа не е документарец, а авторите можат да си дозволат уметничка слобода, но тој се темели на реални настани, што не смее да се извртува. Реалната приказна за оваа кошаркарска и олимписка победа всушност оди вака. Дали заради возбудата, дали заради недоразбирања или технички причини, во мечот имало куп пропусти. Американците биле на прагот на победата (додуша, со многу мала разлика), но советскиот тим протестирал дека не го добил бараниот тајм-аут и дека сирената за крај се огласила прерано, а и светлечкото табло забушавало. Тука настанала кавга и било одлучено мечот да продолжи за неколку секунди, во текот на кои, советските кошаркари волшебно успеале да победат! Ова беше поедноставено објаснување, а во реалноста сè било многу посложено. Американците одбиле да го признаат поразот, по што бил свикан состанок, кој траел дури 12 часови, за на крај, СССР да биде изгласан за победник. Американците и натаму поднесувале жалби и дури одбиле да учествуваат на доделувањето на медалите и да го примат своето сребро, а некои од нив дури оставиле тестамент до своите наследници да не го прават тоа во нивно име. Истотака, Американците во филмот се претставени како „валкани играчи“, а всушност, повалкано нешто од советскиот спорт (и денес рускиот) нема. Сличен филм беше и „Легенда №17“ (2013), кој говори за хокеарот Валериј Харламов и Суперсеријата натпревари СССР – Канада во септември 1972 год. Канада некогаш остро протестирала против тоа што советските олимпијци биле прикриени професионалци, а таа смеела да праќа само аматери, па во даден период таа дури одбивала да се натпреварува. Сепак, таа успеала да го победи СССР во Суперсеријата.

И советскиот спорт, исто како и рускиот денес, бил озлогласен по допингот. Бивши советски спортисти сведочат дека биле присилувани да земаат допинг, под закана дека ќе бидат исфрлени од репрезентацијата и дека истиот им бил даван во огромни количества, такаречи „во кофи“ – како што тие се изразуваат. Во СССР било измислено и фармаколошкото средство мелдониум, кое наоѓа примена во допингот до ден денес. Русите на шега велат: „Русија има три сојузници: мелдониум, полониум и рутениум“. Полониум, како што веќе спомнав, е радиоактивен елемент со кого путинскиот режим ги убива своите противници (напр. Литвиненко), а рутениум беше откриен во атмосферата по несреќата во руската нуклеарна електрана Мајак во 2017 год. Во списокот можете да го додадете нервниот гас „новичок“, кој беше употребен во аферата Скрипал. Тоа е тој „Менделеев систем на елементите“.

2.18. Митот за разликата меѓу современа Русија и СССР

Некои читатели ќе ми замерат за тоа што честопати ги изедначувам Советскиот Сојуз (СССР) и Русија, иако таа била само една од петнаесетте негови републики, тогаш позната под називот Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република (РСФСР). Адаптирано на наши услови, испаѓа дека јас ги изедначувам СФР Југославија и СР Србија, но тоа не е потполно точно, затоа што односот меѓу СССР и Русија е сепак поинаков и покомплексен.

Како што веќе ви раскажував, современа Русија, позната и како Руска Федерација, не само што е горда на своето советско минато, туку таа е меѓународно призната како официјален продолжувач на СССР, односно, СССР и РФ се еден ист субјект на меѓународното право. Ете затоа, по распадот на СССР, РФ продолжи да седи на неговото столче во ООН и Советот за безбедност; таа продолжи да ги користи советските амбасади низ светот; и таа го собра нуклеарното оружје од сите преостанати екс-советски републики. Значи, РФ не е наследник (сукцесор), туку продолжувач (континуатор), и тоа, не само на РСФСР, туку на сиот СССР! Ама како тоа може?! Е па, ова е контроверзна тема и ова е руска измишљотина каква што нема никаде во нормалниот свет, но по распадот на СССР, големите сили решиле тоа да го проголтаат, а истото го сториле и другите екс-советски републики (додуша, не без извесни противења).

Континуитетот меѓу СССР и РФ подразбира дека РФ не е ќерка на СССР, туку таа е СССР (таа е татко ѝ, само сменила име и намалила килажа). Со тоа, таа ги ужива сите негови права, но мора да ги исполнува сите негови обврски. Ако СССР сторил нешто позитивно (напр. победата над фашизмот или испраќањето на првиот човек во вселената) – излегува дека тоа е успех на РФ, но ако СССР сторил нешто негативно (сталинистичките репресии, Пактот Молотов – Рибентроп, масакрот врз Полјаците во Катин, агресијата врз Унгарија или Чехословачка) – тоа е грев на РФ и таа не може да рече: „Пу, пу, не важи!“. Не, мили мои, РФ доброволно решила да биде „континуатор“ на СССР и таа ќе си ја земе на себе сета одговорност која произлегува од тоа. Доколку РФ тоа не го сака, таа требала своевремено да го отфрли советското минато, да се прогласи себеси за потполно нова држава и да си застане во ред за примање во ООН, како што тоа го стори Македонија по осамостојувањето од СФРЈ. Доттука заклучивме дека согласно меѓународното право, „Русија“ е еднакво на „СССР“.

Вакво нешто се обиделе да направат и Србија и Црна Гора, здружени под називот „Сојузна Република Југославија“, но за разлика од случајот со РФ и СССР, ним не им успеало да бидат признаени како „континуатори“ на СФР Југославија. На одлуката на меѓународната заедница да го признае или да не го признае државниот континуитет меѓу СССР и РФ, односно меѓу СФРЈ и СРЈ, влијаеле повеќе фактори. Русија сепак била моќна и влијателна држава, која опфаќала 77% од територијата на бившиот СССР и 51% од неговата популација, додека Србија и Црна Гора биле послаби играчи на меѓународната сцена и зафаќале само 40% од територијата на бившата СФРЈ и 45% од нејзината некогашна популација. Иако при распадот на СССР не недостасувало насилство (напр. во Нагорно Карабах, Приднестровје, Балтикот, Осетија, Абхазија), на крај, таа држава сепак била договорно укината (со Беловежскиот договор меѓу нејзините основачи Русија, Украина и Белорусија, потпишан на 08.12.1991), додека распадот на Југославија бил далеку похаотичен и правно нерегулиран. На сево ова сигурно влијаела и добрата репутација на рускиот лидер Елцин, кој бил подготвен за дијалог и кој важел за про-западно ориентиран реформатор, за разлика од неговиот далеку поекстремен српски колега Милошевиќ. Репутацијата на РФ во дадениот момент била далеку подобра отколку онаа на Србија, која тогаш веќе била обвинувана за агресија, геноцид и сл. И на крај, сигурно дека на признавањето на РФ како „континуатор“ на СССР влијаела загриженоста на Западот од огромниот нуклеарен арсенал раштркан низ разните советски републики, кои тогаш биле прилично нестабилни, па било одлучено РФ да го прибере истиот кај себе.

Во прилог на мојата теза дека Русија е исто што и СССР, мора да се наведат и следниве факти. Прв чекор во неговото создавање било создавањето на Советска Русија и таа фактички била негов основоположник (сигурно тоа не бил Таџикистан, да речеме). Откако со експанзија на рускиот болшевизам врз соседните земји (Украина, Белорусија, Закавказје) бил формиран СССР, Русија станала негова најголема и највлијателна република, а нејзиниот главен град, Москва, истовремено бил и сојузна престолнина. Во советската армија доминирале етничките Руси и се командувало на руски јазик, кој бил доминантен на сојузно ниво, а во неруските средини била спроведувана силна русификација, што честопати водело кон асимилација. Без познавање на рускиот јазик, напредувањето во кариерата во СССР било ограничено, ако не и невозможно. Уште во воведните тактови на советската химна се споменува Велика Рус, што е архаичен назив за Русија, а преостанатите делови на СССР воопшто не се споменуваат. Тука ја нема ни Украина (Мала Рус), ни Белорусија (Бела Рус), а да не говориме за Узбекистан, Таџикистан, Молдавија, Литванија итн. Иако еден од авторите на химната бил Ерменецот Габриел Уреклјан, неговиот народ сосема отсуствува во нејзините стихови. Потполно истава химна, со мали модификации, денес се употребува во современа Русија. Што е ова ако не руска доминација во СССР?

Но некои не се согласуваат дека Русите биле доминантни во СССР и тврдат дека РСФСР била национално обезличена творба, која Ленин ја лишил од нејзината рускост, уништувајќи ја нејзината црква и традиција и разделувајќи ја нејзината територија на куп автономни федерални субјекти (татарски, чувашки, бурјатски и др.). Критичарите додаваат дека среде тие субјекти немало ни еден во кој Русите биле титуларна нација, а иако рускиот јазик бил доминантен во СССР, тоа било de facto, а не de jure (формално, сите јазици биле еднакви). Од овие критики се добива впечаток дека Русите во СССР биле „дискриминирани“, но тоа е далеку од умот. Навистина, Ленин промовирал еманципација на дискриминираните народи (коренизација) контра на „великорускиот шовинизам“ – како што тој се изразувал, со што, Ленин подзаличел на некаков русофоб, но истовремено, тој ја возобновил Руската Империја, додуша, во ново, црвено руво. Имено, по распадот на Руската Империја (1917), нејзините делови прогласиле независност (Украина, Белорусија, Грузија, Ерменија, Азербејџан и др.), а Советска Русија ги нападнала и инсталирала во нив свои марионетски режими, кои „доброволно“ го создале СССР заедно со неа (1922). Значи, СССР сепак бил руски експанзионистички проект, сигурно не таџикистански, да речеме. По победата на Црвената Армија, припадниците на онаа противничката, Белата, се нашле во егзил, и нејќеле да чујат за помирување со Ленин, но исклучок среде нив биле т.н. сменовеховци, кои сметале дека тој, всушност, ја спасил Руската Империја, иако во подизменета (комуњарска) форма. Иронично, Ленин тогаш подзаличел на некаков руски националист, иако му се припишувало дека е анационален, русофоб, интернационалист и сл. Сепак, Ленин не успеал да ги поврати сите територии на некогашната империја (напр. Полска, Финска, Балтичките земји, Молдавија), но тоа во голема мера му успеало на неговиот наследник Сталин. Тој отишол чекор понапред и дури ја заменил Лениновата коренизација со русификација. Значи, СССР бил некаква модифицирана Царска Русија, па затоа, дури и западните историчари ги користат термините „Русија“ и „СССР“ како синоними, иако тоа на прв поглед е погрешно.

Како и сите луѓе, Русите си имаат свои маани, а една од нив е кукавичкото бегање од одговорност, особено ако се работи за советскиот период. Ако вие им укажете дека тие тогаш вршеле репресии и воени злосторства, тие возвраќаат со whataboutism („А Американците? А Индијанците? А Хирошима?“), но ако ги сатерате у ќош со непобитни докази, Русите почнуваат да цвилат во стилот: „Ама Сталин бил Грузинец! Ние немаме врска со него!“, небаре Русите тогаш биле под грузинско ропство; и небаре тие не биле основоположници на тој систем и доминантен фактор во истиот; и небаре тие не се негови горди и официјални „континуатори“. Нивното лицемерие е безгранично! Па ко поби сав тај народ?! Сталин да не ги стрелал своите жртви лично без никакво учество на Русите?! Па тие не само што активно учествувале во репресиите, туку со задоволство се убивале и кодошеле меѓу себе, па дури и децата си ги кодошеле своите родители, како, например, во случајот со пионерот Павлик Морозов (1918-1932). Етничкиот аргумент тука не држи вода – Сталин бил руски политичар, иако бил Грузинец, исто како што Пушкин бил руски поет, иако имал африкански корени. Како што веќе стопати укажав, во Русија и онака има сè освен етнички Руси, па Грузинецот Сталин не претставувал некаков Марсовец. Неговата родна земја, Грузија, била дел од Руската Империја, а тој учествувал во создавањето на Советска Русија, па тој таму не бил туѓинец. Тој бил Русин, ако не во етничка, тогаш, во политичка, културолошка и секаква друга смисла. Исто како што Наполеон Бонапарта не бил вистински Французин, туку Италијанец од Корзика, но тој ја ширел Француската Империја, а не италијанската или некаква „корзиканска империја“.

Сталин и тоа како го поттикнувал рускиот национализам, особено во војната против Германците, а истата ја крстил Голема Татковинска, што е инспирирано од онаа Татковинската против Наполеон (1812). На свечениот прием на советските генерали во Кремљ на 24.05.1945 год., Сталин одржал историска здравица, која ја завршил со: „За здравје на рускиот народ!“. Не на грузинскиот, туку на рускиот. И не на сите жители на Русија (напр. Татарите, Чувашите, Бурјатите), туку баш на етничките Руси! Низ СССР Сталин спроведувал русификација; тој ја возобновил Руската Православна Црква (додуша, во строго контролирана форма) и дури насилно ги инкорпорирал во неа украинските и белоруските унијати; и тој ги бодрел своите војски со говори за средновековните руски јунаци – „богатири“, за Александар Невски, за битките против Наполеон на Суворов и Кутузов и сл. Во 1941 год., во Москва бил формиран т.н. Сèсловенски комитет, чија цел била обединување на сите словенски народи во борбата против Германците, во кој, се разбира, доминирале Русите, и чија смисла била заштитата на Русија, што доста заличувало на сèсловенското единство промовирано од славјанофилите во Руската Империја. Зошто, например, Сталин не формирал пантуркијски комитет, кој би промовирал соработка меѓу Татарите, Башкирите, Туркмените, Узбеките, Киргизите и Турците, или угро-фински комитет – за Унгарците, Финците и Естонците, туку баш сèсловенски? Јасно е дека политиката на Сталин била изразито про-руска. Дури и територијалното проширување на СССР во Втората Светска Војна заличувало на реставрација на Руската Империја. Притоа, РСФСР лапнала огромни територии: Кенигсберг и околината (т.е. германската Североисточна Прусија), делови од Карелија (на штета на Финска), Сахалин и Курилските острови (дотогаш јапонски) и Тува (дотогаш независна држава). Во делови од СССР (напр. Становите, Кавказ, Сибир) дури се одело на прилагодување на неруските лични имиња и презимиња кон руската норма, согласно што, биле воведени и соодветни патроними, па ако некој се викал Ахмед и се презивал Шабан, а татко му се викал Хасан, тогаш, тој станувал Ахмед Хасанович Шабанов. За тие народности најпрвин биле воведени латинични азбуки, но набргу, тие биле заменети со кирилични, што дури излегло од границите на СССР – про-советскиот режим во соседна Монголија истотака ја вовел кирилицата како службена азбука. Рускиот јазик бил наметнат како задолжителен училишен предмет не само во СССР, туку и во повеќе земји на Источниот Блок, а во Бугарија била спроведена правописна реформа под силно руско влијание. Што е сево ова ако не руски империјализам?

Сличен муабет на оној за Сталин, Русите имаат и за неговиот наследник Хрушчов, кој, демек, „не бил наш“, туку „етнички Украинец“, со што, тие отфрлаат одговорност за некои негови постапки, но за овие нивни тврдења нема никакви докази. Хрушчов бил роден на просторите на Русија, а не Украина, и дури и неговата родена ќерка потврдува дека тој бил Русин! Тој бил голем промотор на русификацијата, а во еден говор, тој порачал: „Што поскоро сите почнеме да говориме на руски – толку побргу ќе изградиме комунизам!“. Забележано е дека на една свеченост во Минск по повод 40-годишнината од формирањето на Советска Белорусија (јануари 1959), Хрушчов бил шокиран што говорите биле одржани на белоруски јазик. Како тоа Белорусите се дрзнале да говорат на белоруски во Белорусија! За разлика од Хрушчов, неговиот наследник, Брежњев, навистина бил родум од Украина, но дури и тој бил поддржувач на таквите русификаторски политики. Фактички, во СССР цутел великорускиот шовинизам, оној истиот против кого Ленин наводно се борел!

Интересно е и дека многу нешта кои вие погрешно ги сметате за советски или комунистички иновации се всушност преземени од Царска Русија. Така, например, доста користена (да не речам излитена) е комунистичката фраза за „трулиот Запад“, која вам им звучи како критика на западниот капитализам, но всушност, истава фраза