Почитувани веб портали, Ве замолувам да престанете со недозволено преземање на туѓ авторски труд. Почитувани читатели, доколку Ви се допаѓа изложбава, можете да донирате за сајтов со клик тука. Благодарам однапред.
По повод 50 год. од земјотресот: Екслузивни ретро фотки од мојата колекција, какви нема да видите на друго место! За Старо Скопје е говорено доста, башка ја тогаш не сум бил ни у план, па решив да се осврнам на она ново, пост-земјотресно Скопје, кое почна да исчезнува со транзицијата, а е дотолчено од една нова катастрофа, сулудиот проект СК 2014.
Како што е евидентно од фотките, тоа Скопје (pre-2014) беше сиво и грдо, дел натрупано со бетон, а дел запуштено, но иако се жалевме дека е тапа, ние си го знаевме и си го живеевме такво, какво што беше и тоа си имаше еден свој урбан дух, за разлика од овој изнасилен и неавтентичен турбо-фолк кичерај што ни го градат сега. Мора да се признаат и некои од ремек делата на модерната архитектура на пост-земјотресното Скопје, но тоа нема да биде тема на оваа статија.
Во изложбава ќе видите урбани топоними од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век, од кои повеќето веќе не постојат. Кога во екот на транзицијата забележав дека тие започнаа да исчезнуваат, вооружен со фото-апаратче (тогаш со филм) започнав систематски да ги фотографирам за да се зачуваат од заборав. И добро направив, затоа што тие места наскоро беа збришани од мапата на градов и нема втора шанса за нивно фотографирање! Аш, њама! Сите фотографии подолу се мои (освен неколкуте на самиот крај) и тие чекаа на објавување со години и години, но околу тоа подетално ќе ви раскажам по изложбава. Кликајте на сликите за зголемен преглед, а под нив има и објаснувања.

Панк бендот Сарацени на Владимир Петровски – Картер и Горан Трајкоски (Падот на Византија, Анастазија). Беше покриен со некаков дневно – политички графит од типот „Б.Ц. е крив“, кој покасно е префарбан.

Македонија спорт беше трговско претпријатие за спортска опрема. Позната радња им беше кај такси паркингот карши Мекдоналдс у Центар („кај Ловец“).

Скопската куглана Мусандра (у подрум на Трговски, кај автобуската). Логово као Мекдоналдс. Имаше и дискотека Мусандра истотака во ГТЦ.

Метропол – ланец за угостителство. Имаа ресторани, сендвичари, бифеа, хотели, дискотеки. Ова е кај Кугланата. Тука имаше добро „лепче со плескавица“. Спази натпис „10 ќебапи за 50“. Кој ти дава. Покасно пробаа да се „модернизираат“ и избација хамбургер „Екстра М“ (демек „наш Мекдоналдс“) али на крај пропаднаа.

Хемиско чистење во подрум на ГТЦ: Кога на облеката имаш некоја дамка што не се вади, ја „периш“ на „хемиско“.

Snack bar Капка на угостителското претпријатие Меркез у подрум на Трговски. Капка по капка и крш се праиш, ал добро е шо има snacks.

Коњопој у строгиот центар, кај шо се собираа алкоси да дрмаат пиво и комовица у зелени шишенца уз солени гирици на весник.

Славната кафана Букет на своето оригинално место близу Рамстор. Тука се собирале новинарите од ближната НИП Нова Македонија.

Лимунадџилниците беа вообичаена појава во Скопје. Оваа е на некој г-дин Велковски Драган. У средина уреџајот за сипање сируп, кој се мешаше со сода. У едната цефка останало малце сируп. Испод има некое шишенце со некоја газоза од 75-та.

Ценовник на лимунаџилницата (да знаеш цените како се движат). Има сируп од лимон, портокал, малина, мешан, егзотик (тоа е поново), чиста сода, пепси и „Леди Оранж“ (тоа беше газиран сок од Прилепска пивара)

Фото-студио Балто. Коа бев ептен мал тука првпат се сликав за пасош. У излог слики од муштериите, а доле десно понуда на фото-филмови.

Продавница бр. 7 на Агро-индустрискиот комбинат Куманово, али у Скопје. На рафтовите некакви ракиишта, миљон долари да платиш веќе нема да ги најдеш. У средина вага за мерење салами и кашкавали.

Месара на земјоделско-индустрискиот комбинат Скопско поле, основна организација на здружен труд ООЗТ Кланица и ладилник, Скопје.

Конфекција од Струмица, именувана по првоборецот од НОБ, Герас Цунев. На ул. Маршал Тито (денес ул. Македонија)

Квалитет на ул. Маршал Тито. Меѓу овие радњи беше и Технометал Вардар, не знам дали баш у оваа беше.

Продавница на текстилната фабрика Отекс од Охрид у строгиот центар на Скопје (у зградата Караорман карши Мекдоналдс)

Локал на познатиот ланец Ванила, подоцна ги зема Жито Лукс. Спази ја сликата на Тито. Под него, каталог на слатки (еклери, ишлери, торти со ружа одозгора) или бели печива или па пици (имаше „Скопје“, „Комбинирана“, „Вегетаријанска“ итн.). Се возеа по една лента, влагаа у печка и искачаа после печени, а еден со длакави руки ги пребацуеше со шпакла у тањир. Се јадеа на маса или стоечки на астал со јогурче. Во овој локал конкретно, покасно се отвори некој безвезе трансерски кафич Суриал-муриал, како беше.

Коа бев ептем мал, ова беше семкара (кај грчка амбасада). Познати семкари у градов беа Кораб на Партизанска карши Градежен, Зуко у Центар и др. Таму купуевме и лижафчиња и петарди.

Вокално-инструментален состав Шејхови (и ова ќе да е од 60-ти). Ова е негде у близина кај школото Песталоци

Продавница која долго време работеше вака к’о пред распад у строгиот центар на ул. Максим Горки недалеку од Плоштад. Тука сабајле купуваа леб, млеко и др.

Некакви магацини, можеби останати од времето на Старата железничка и Фершпед, некаде на раскрсница Водњанска – Васил Ѓоргов

Излезот од кино Бамби (Манаки). Киното имаше (за тоа време) многу модерен ентериер. Излезов беше некако сабласен.

Извртените скали кај излезот од киното кои водат до некоја рупа (?!). Доле има графит „Крате“ (што праел доле?!). Може глеал филм „со карате“? После таквите проекции обавезно имаше (другарски) тучи на излез од киното

После кино обавезно се иде у слаткара. Ако си бил у Вардар I или II моеш у Ванила или у Југославија кај Рамче (кај бикот на ул. Луј Пастер до Југотон). Ако си бил у кино Центар (Милениум) онда у Шехерезада или Европа.

Спази налепнициве на фирмава (веројатно од 70-ти): лево некоја плавуша у ѕвонарки и натпис “Fat’s where it’s at”, десно пар танцува рокенрол ил тако нешто.

Една од најпопуларните сендвичари у 90-ти у Скопје, Аркадија на бул. Св. Климент. Претходно, у 80-тите, познати сендвичари беа Камел (карши Соборен), Ким (у трафиките на Партизанска) и др.

Кинг Бургер на бул. Св. Климент. Поради големиот број на сендвичари во 90-тите, булеварот го завикаа „сендвичарска улица“. У 3 ноќе улицава вриеше од раја (испоседната по клупите, кои покасно ги тргнаа). Вдолж неа имаше познати кафичи: Кристијан, Тропикана, Мејк Ап и др.

Тонска проба пред настапот со мојот бенд на панкерското собиралиште Коцка пред зградата на ОХИС у Центар (каде што е сега Лумикс)

Гранд хотел (денес Holiday Inn). Преземено од книгата „Македонија земја на туризмот“, која топло ја препорачувам.

Како некогаш изгледаше хотел Карпош (до изградбата на новиот објект). Штала човече. Не сум доволно упатен, но претпоставувам дека ова бил некој привремен пост-земјотресен објект, кој останал да се користи како хотел. Преземено од книгата „Македонија земја на туризмот“.

Хотел Турист (денес дел од ланецот Best Western). Во негов склоп некогаш работела и познатата дискотека Турист, каде диџејувал Драган Б. Костиќ. Преземено од книгата „Македонија земја на туризмот“.
Околу бекграундот на изложбава: Фотографиите и негативите со години и години ми чмаеја у фиока и се судирав со триста баксузи дур ги објавив. Сакав да ги дигитализирам уште во 2007 год. и тогаш отидов да ми ги скенираат негативите во едно доста познато фото-студио во подрумот на ГТЦ. Откако си ги подигнав назад, забележав дека некои од негативите фалат! Дали луѓево у фото-студиово ми ги изгубиле или ја уопште не сум ги однел, не можам да се сетам. Немав никакво лифче за тоа што сум однел и колку сум однел. Го проверив и дискот што ми го изрежаа, добар број слики не беа таму! Хорор! Ги пцуев и нив и себе! Среќа што претходно имав извадено фотографии од оние негативи, кои се загубија, инаку сигурно ќе извршев харакири!
Пред некој ден, решив сиот тој куп од фотки и негативи сам да го изскенирам (без да ризикувам со фото-студија) и да го објавам по повод 50 год. од катастрофалниот земјотрес. Но и тука се судрив со разни проблеми. Имам еден скенер од далечната 1999 год., душа ми излезе док му најдов драјвери и дур го натерав да работи! После денови и денови буричкање у комп некако успеав у тоа, но забележав дека скенерот веќе не е у форма. А 26 јули веќе дојде! Ајдеее! Додека вие го одбележувавте денот со журки и сл., ја трчав по жештиниве да купуем нов скенер. Нормално, моделот кој го барав баш сега најде да се распродаде (запнале сите скенери да купуваат усред летња сезона). Едвај, ама едвај најдов еден непродаден, опрчив сто евра, ми го даваат онака од излог фаќал прашина, отварам к’о бурек некој да јадел на него (карикирам малце). Ќе ти ибам и Скопје и све, не моеш со ќеф да си купиш ништо! А морам све сам, пошо никој не ми помага, а у никој случај нејќев пак да ризикувам со некое фото-студио. И после толку маки, дали двајца ќе ја читаат и лајкаат оваа статија. Од сајтов иам само зијан, никаков ќар ни задоволство, али јеби га. Ете мој скромен придонес за Скопје.
P.S. Благодарност за вниманието.
Доколку ве интересираат теми врзани со Скопје, зирнете ја и урбаната ТВ драма Пикасо.