Масовните протести против уништувањето на паркот Таксим Гези, Истанбул, 2013

Паркобранска поезија љубезно отстапена за објавување од страна на нејзиниот автор, Петрит Сарачини, попознат како Амон Мра, скопски рок музичар, новинар, борец за човекови права и мировен активист, на тема на актуелните немили случувања во општина Центар.

Тука мислам на уништувањето на паркот кај хотел Бристол од страна на владејачката гарнитура заради изградба на уште еден кичест „барокен“ објект од проектот СК2014, како и на растурањето на протестниот камп и на полициската окупација, под која тој дел од Скопје се наоѓа од вчера.

Јаки џандари еден тон,
Работат ноќе, немаат сон,
У борба со шатори и дрвја,
Демек патриоти, со срца полни црвја.

Со панцири, багери, огради и тараби,
Послушни слуги на белосветски бараби,
Десетина мирни активисти апсат тие,
За уш’ појќе да се укакаме ние.

Пораки Пастирот секој ден ни праќа,
Овцата блее и аплаудира, умниот кида и не се враќа,
Остали – ќут и мирно! Ако ви се животите мили,
Да не завршите и вие како чичко Кили.