001_solunska_maska_gimnazija

По повод Денот на просветителите, солунските браќа Св. Кирил и Методиј, да се потсетиме на некогашната Бугарска Машка Гимназија во Солун, која го носела нивното име и која опстојувала во периодот 1880-1913 год. Своевремено, ова бил најбитниот образовен центар во Македонија, чии ученици биле некои од нашите најбитни дејци (Гоцета, Дамета, Шатев), а подеднакво значајни биле и професорите (Григор Прличев, Ѓорче Петров, Андон Димитров). Прв директор на гимназијата бил Кузман Шапкарев.

По долгогодишното асимилаторско влијание на доминантно грчката Вселенска Патријаршија, Бугарите од географскиот регион Македонија или накусо, Македонските Бугари (како што тогаш се изјаснувале нашите претци), со радост го дочекале формирањето на Бугарската Егзархија, чие доаѓање на нашите простори тие го изгласале со плебисцит, по што, таа тука отворила повеќе училишта, од кои токму солунското било она најзначајното. Во текот на триесет и трите години на неговото постоење, низ него минале околу 6000 ученици од разни краишта на Македонија: Кукуш, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Костур, Воден, Мелник, Банско итн. Младите како млади понекогаш се бунтувале против егзархиската администрација, од разни причини, но откако дипломирале, повеќето од нив самите работеле како учители и директори во бугарските егзархиски училишта низ Македонија.

002_solunska_maska_gimnazija

004_solunska_maska_gimnazija

006_solunska_maska_gimnazija

005_solunska_maska_gimnazija

007_solunska_maska_gimnazija

009_solunska_maska_gimnazija

Во гимназијата се предавал француски и латински, математика, физика, хемија, педагогија, психологија и други предмети, а во нејзини рамки делувало фискултурното друштво „Јунак“, под водство на швајцарскиот професор Даниел Бланшу, како и станица за метеоролошки истражувања, што за она време било прилично напредно. Тука имало и пансион (интернат), во кој биле сместени момчиња од сите делови на Македонија, но и Бугарчиња од Одринска Тракија.

Во Балканските војни во 1912-1913 год., Солун потпаднал под грчка власт, а бугарските гимназии биле мета на вандализам. Разјарени грчки толпи на клада ги палеле бугарските книги од гимназиските библиотеки, при што пострадале дури и некои ретки ракописи и пергаменти. Во 2014 год., министерот за култура на Бугарија, Петар Стојанович, и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, поставија спомен обележје на ул. Олимпу бр. 99, кајшто некогаш се наоѓала оваа славна машка гимназија.

Но ни девојките не биле запоставени во образованието, па за нив, во 1882 год., во Солун била отворена Женската бугарска гимназија „Свето Благовештение”, чија управителка била Царевна Миладинова, ќерката на Димитар Миладинов.

010_solunska_zenska_gimnazija

008_solunska_zenska_gimnazija


Посещение на Солунската гимназия

— Къде си ти роден, юначе будни?

— При Шар. — А вий? — При сладкий шум

на Струма бистра. — Вий? — Във Охрид чудни.

— Я? — В Кукуш. — Я? — При рилски друм.

— А ти? До Кресна. — Вий? — При Вардар студни.

— Ний? На Пирин. — При Пинд е моят ум.

— Я? — В Струга. — Вий? — Край Солун многолюдни.

— Ти момко? — В Дебър. — Как те казват? — Крум.

И аз разбрах с душевно сътресенье,

по техни глас и взор и израженье,

че кръв и плът идеята сдоби.

— На ето, македонските твърдини,

що никой Drang не може веч разби! —

казах, кат гледах тез деца невинни.

Иван Вазов, познат бугарски поет