Едно време студирав факс општа историја, кој не го завршив. Како што гледате од моите статии, историјата е област за која љубам да пишувам, но студиите не ми одеа. Не само што беше досадно (ај тоа, факс е, не е журка), но и рајата не ми се погоди. Влагам у предавална, 90% ми беа прилично неинтересни. Да не вреѓам па да речам „сељаци“, но просто немавме ништо заедничко. Може и јас сум им бил антипатичен. А остатокот од класот беа друг екстрем: двајца зависници на хорс, кои стонираа на задња клупа. И со кого да седнеш?
Све нешо мене така ми испаѓа. Имав цура, која студираше на потежок факс, но таму стално се дружеа и журкаа, одеа на пракси чак и во странство, беше неспоредливо со жабокречината у која јас западнав. Јеби га, црна офца к’о што сум, седнав со дечките у задња. Си најдовме муабет за музика. Беа ОК луѓе, жално што се увалиле у тој „спорт“, кој никако не го поддржувам. Ова не е откривање на нечија приватност! Едниот јавно призна дека бил зависник и се ангажира во борба против дрогата. Држи предавања на ученици и се здоми со жена и деца, што најискрено ми е драго. Тоа беше времето на хорсот, отсликано во „Мис Стоун“ на раперите САФ.
Од друга страна, еден од оние 90% беше кафански турбо музикант. ОК дечко у принцип, веројатно од приградските села, ама шо да разговараш? Со оглед дека самиот свирев у бендови, ајде и со него за музика, шта би друго – ш’о вика Балашевиќ у „Мирка“. За да не го збунам со забутани underground групи, кои тогаш ги слушав, намерно му набројав општо познати: па слушам нешто као Оргазам, Партибрејкерс, Идоли… Саит и Идоли? – он к’о од пушка! Помисли дека зборам за едни народњаци.
Па добро бре мајкомустара, не викам дека треба да знае шведски black brutal death metal и hardcore- crust- anarcho- whatever- punk бендови, што свират у подрум за два-тројца и продаваат do-it-yourself преснимени касети, ама Оргазам да не знаеш, Идоли, Азра, Дисциплина, ЕКВ, па тоа e лектира за деца шо се вика.
Рок културата одамна не е субкултура, а е дел од општата култура на секоја цивилизирана земја. И тоа, ова го кажа екс-професорката по марксизам, Доста Димовска, во предговорот на стихозбирката „Апокалипса“ на Љубчо Георгиевски од доцните 80-ти, кога тој бил студент-рокер. За тоа другпут. Не навлегувам какви политичари беа тие (и онака политичари не мирисам), но напишаното држи.
Елвис, Чак Бери, Џери Ли, Битлси, Стоунси, Дилан, Дорс, Хендрикс, Флојд, Фреди, Боуви, Иги, Пистолс, Клеш, Рамонс, Велер, Стренглерс, Кертис, Марли, Костело, Депеш, Крафтверк, Стинг, Гелдоф, Боно, Ози, Леми и Металика се одамна во секоја општа енциклопедија. Па Битлси уште во 1965 беа одликувани од кралицата! Ете и кај нас куп познати личности се директно или индиректно врзани со рок културата. Почни од Влатко Стефановски и брат му Горан, Манчевски (Бастион), Цацко К-15 (Токму Така), Јанко Илкоски и Борјан Јовановски (тапанари во Психо и Хаос ин Лаос).
За значењето на рок културата сенс имаа дури и авторите на учебникот по музичко кога бев основно. Таму се спомињаше све од елвис до пистолс. Накратко, на последните страни, но сепак напишале. Секој писмен човек мора минимум да знае кој е Елвис и “Jailhouse Rock”, Ленон и “Imagine”, Џегер и “Angie”. Рок културата е неодвоив дел од општата, како и Да Винчи и Микеланџело.
Неам проблем ако некој слуша или изведува народњаци, нека си заработи, ама не може тоа да доминира. Ова е бре Скопје, ало! Тој е (или барем беше) град кој има(ше) некаква урбана култура. Неверојатно е колку се просељачи. Шетам по улица, туѓи луѓе, туѓи градби, се осеќам к’о странец у сопствениот град. Не алудирам на „провинцијалци“, меѓу нив има и ОК луѓе и сељачишта, зависи. Али брате, порано некој да слушал Брена, у друштво не го примаа. Скопје порано навистина беше сиво и грдо, не сум носталгичен, а ни сега не ми се допаѓа овој турбофолк СК 2014, но ако споредуваме, порано имаше некаков урбан дух.
Во времето на нашите постари батковци и дади во 70′s и 80′s се купувале рок плочи и часописи, стрипови, дури и информатика се пратеше (Комодоре, Спектрум). Наши деца подработуваа во Лондон, од каде се враќаа со впечатоци од концерти, облека, гитари, VHS филмови. Иако во тоа помагала неврзаноста и отвореноста на СФРЈ, не викам дека све било идеално! Токму тоа дека не било идеално, ги мотивирало повеќе да ги пратат светските збиднувања, како алт-културата, така и мејнстримот. Па музиката на капиталистичките Грција и Турција беше далеку зад овдешната! Док овде си имал појави к’о Пакет аранжман, таму слушале Трики- трики- манаму на Демис Русос. Жити Вангелис шо го имаа. Сега спаднавме на нивно ниво!
Тогаш, луѓето кои кај нас биле сматрани за „сељаци“ слушале Џексон и Мадона што во споредба со Цеца не е воопшто лошо! Нај „сељачко“ нешто што можело да се чуе у кафич биле Дугме и Плави оркестар, кои на одредени моменти биле и кул. А денес центар на светот на младиот човек е Житораѓе! Не на сите, но на добар дел (а оние пак, кои треба да бидат алтернатива на тоа ми се потпуно нејасни, некакви хипстери ли се тоа, слушаат Фолтин што ли, “post-rock”, не контам шо сакаат).
Порано Скопје навистина беше црна рупа на мапата и не доаѓаа многу туристи (не дека сеа нагрнаа). Во 90-ти доаѓаа поинакви „туристи“ – UNPROFOR, кои мислеа дека сме Руанда, но беа шокирани кога налетаа на упатена english-speaking младина, која без FB и Youtube пратеше све што е „ин“ и искачаше у ноќен живот до 5 сабајле, додека на чекор од нас гореа Сарајево и Вуковар! Во 90-ти не се патуваше лесно во странство, а и слабо имаше странски гостувања (T-Fest со Prodigy беше исклучок), но пратеа луѓето, напр. на сателитска (кога MTV вредеше со Пол Кинг, 120 Minutes, Headbanger’s Ball), после почнаа да одат на концерти у Пешта.
Дури и руралната музика беше третирана на урбан начин (етното на Анастазија). Готра и кавали коа свиреше тоа беше со техно амбиент индастриал whatever у позадина. Страв да те фати каков урбан дух имал овој град! Тогаш за турбоизираниот Белград бевме појам – со право вели Новоградска. Кај нас секој сељак слушаше Продиџи – додава тој.
Но лека-полека Скопје се просељачи, почнаа и првите турбо забави и така со ред. Каде бе ти порано на журка да пуштиш народњаци?! Ќе те стрељаа. Кога сме кај нив, да се навратиме на колегата-музикант и на fuck-ултетот. Ни задаваа семинарски, кои се читаа пред класот, по што студентот мораше да наведе која книга ја користел како извор. Ова беше ОК, а не денес некои професори ја дозволуваат Википедија, која често не е кредибилен извор. Самиот имам создадено куп статии на англиската верзија, па знам што зборувам.
Професорот ќе кажеше ајде (например Влатко) излези и прочитај семинарската, типот искача и чита „александар македонски ова-она….“ и на крај „извор: Историја на Античка Македонија од Ојген Борза, том први“. Добро, Влатко седи. Ајде Енис нека прочита. Искача Енис чита „словените дошле од карпатите и така натаму…“ и на крај „извор: Бранко Панов Историја на Старите Словени, том втори“. Добро седи, нека излезе (рецимо) Крсте. Искача Крсте чита „римјани, цезар, картагина, ова-она… извор: тој-и-тој том петти“. Том Петти! Tom Petty! Get it? Ете ви рокенрол! – се смеам к’о луд. Ме гледаат сите бледо…
Е тоа ти е, не владееја со рок референци, дури ни елементарни. Исклучок беа двајцата од задња и еден кул Албанец, кој конташе R’n'R. Tom Petty да не го знаат, срамота. Ми го скршија срцето, како неговиот пратечки бенд, The Heartbreakers. А нели е јако? Типот сакаше да каже том петти as in “volume five”, а испаѓа Tom Petty, познатиот рокер. Патем, да не се сфати погрешно овој рокерски текст, јас неам ништо против добрата народна музика (селска, не сељачка), па и самиот Петти користи елементи од традиционалниот “Americana” звук (blues, country, hillbilly, folk). Напр. понекад ќе се појави со резонантна гитара (т.н. dobro) и со усна армоника, како и други музичари од т.н. Heartland Rock правец (тоа не е „хард рок“, туку нешто друго). Такви знаат да бидат и Брус Спрингстин и Марк Нофлер, кои ги уважувам.
Пред извесно време го глеам колега ми од факс – кафанскиот музичар на ТВ. Групата му свртела малце „на рок“. Било „у мода“. Веројатно виделе дека естрадниве ѕвезди некад кокетираат со рок, као Тоше Вајтснејк, Пилева, Дани или Калиопи на Евровизија со гитарите, па ај и они. Колегава укључил лоша народњачка дисторзија од извештачен процесор уштекан директ у миксета без појачало и дрма powerchords зуи тука нешо, пршти, спотот снимен у некоја рушевина (да делуе „рокерски“). Још фалело да се стаи у имиџ од типот „како Мали Џокица замишља рокери“: гнр маица и лента околу глава. Но дончу крај, за среќа не беше дотолку.
Без навреда, шо ќе ти е тоа колега?
Рокенрол не е мода, туку е светоглед, филозофија.
Тоа не е забава, туку blood, sweat and tears.
Јебено самоуништување.
Битлси почнале у сумњиви хамбуршки барови
со курви, макроа, стриптизети и травестити
ко од романите на Буковски,
како жртва го дадоа Стјуарт Сатклиф
за по 10 години да влезат у Бакингем.
Гад сејв д квин!
И Фреди Ме-кури (отпозади)
Грејт болз оф фајр
стегнати у бела пантолона
на Лајв Ејд 13 јули 85-та
родум од Занзибар, Зимбабве
каде Пол Сајмон (Ле Бон) пееше
Одам во Грејсленд, Грејсленд, Мемфис, Тенеси
Да го видам Сан Рекордс, Т’га за југ
каде Елвис влезе со грст парички в рака
да сними рокабили песна за мајка си
That’s allright moma…
заврши на златна клозетска шоља
ко саксофонот на Феруз
нашиот Литл Ричард и Чак Бери
ќе кажеш дај не сери
ко Фалус Агресор шо вели во „Мери“
омилена на Љубомир Грбевски Џери
Типот од рок фест
И многу други паднаа
на олтарот на гад дем рак н роул:
Бади Холи, Еди Кохран,
Брајан Џонс, Морисон,
а Морисеј никако да умре
па Хендрикс, Харисон
Сид Берет и Вишз,
Џои Рамон, да, да и он!
Милан и Маги ЕКВ, ВД Шарло,
Ипе Ивандиќ Дугме
рипа од Метропол
Heartbreak Hotel…
Рик Ален од Деф Лепард изгуби рука
и лупа со една,
а Џин Винсент умало нога,
но не лупаше со неа
летоска и Тони Слај
од No Use for a Name,
а поодамна и Марк Болан,
чујеш ли ме бооолааан? (со народњачко завијање)
Не дирај у рокенрол,
тоа е светиња.
И курва, истовремено.
Како и животот впрочем.
Оној кој го искусил бега од него,
а ти го чепкаш зашто „бил у мода“.
Не дирај лава док спава.
Да не биде лав ми ду.
Џаолска музика е тоа,
коа ќе ја пуштиш наопачки “Hotel California”
се слуша “Ainrofilac Letoh”.
Ленон рече „Битлси се поголеми од Исус“.
Го упуцаа.
Истовремено тоа е Божја музика,
искочи од црниот госпел
од црквите на Југот,
“God Gave Rocknroll to You” пееја Kiss
(за чие име викаа дека значи “Kings in Satan’s Service”).
Колега, ги знаеш металците Пизда и Колешка?
А пунк гуруто Владимир Муратовски – Диво со цвикерите?
Скопскиот Махариши? Ал нема брада!
Пола Сид Вишз / пола Џело Биафра
од Дед Кенедиз, не од Дед кен Денс.
Франкенкрајст!
Ал поише личи на Елвис Костело.
Ју кен кол ми Ал.
Алис Купер настапуеше со гиљотини на стејџ,
Дали го обожаваше (не „дали“ као прашање него Салвадор)
но викаа дека е сатанист,
а Алис уствари христијанин,
седи дома у папучи чита весник,
док жена му вари кафе.
Боуви има шарени очи
и новац нече дочи
Рокенрол е тоа, колега.
Никад не знаеш на шо си со тоа говно.
К’о со Лајбах.
Извор за семинарскава: „Антологија на современа поезија на ВББ, Том Петти… and The Heartbreakers“, кого ќе го чуете во видеата подолу (шо му доѓе као фуснота). Стаи не на volume five, туку на 10-ка.
Клик на наслов за преглед, разглеај списак со клизач десно