milan-tarot

Ако ви речам Милан Радоњиќ, можеби тоа нема да ви значи многу, но ако го ословам со неговиот надимак, Милан Тарот или Видовити Милан, тогаш све стануе јасно. Тоа е славниот српски јасновидец, екстрасенс, видовњак, пророк, парапсихолог, астролог, маг, тарот мајстор, чаробњак и све више, познат по својата сулуда ТВ емисија, која веќе одамна е хит на Youtube.

Негов трејдмарк е бруталниот третман врз гледачите, кои се јавуваат во неговата емисија барајќи решение за најразлични животни проблеми (здравствени, финансиски, љубовни, магии, уроци, клетви, демони, духови и сл.). И пред се’ бисерите кои ги избацува. За пророштвото на Маите за крајот на светот тој вели дека „ќе загинат само оние кои прочитале двоцифрен број на книги, а оние кои имаат профајл на фејсбук ќе останат инвалиди“, за проблеми со варење препорачува „набијте си прст у дупе и глејте у постер од Снуп Доги Дог“, за беспарица пак, „разбијте зид иза фрижидера, тамо је сакривен сеф са златницима Александра Македонског“, за брачни проблеми советува „син мора да вам пусти косу и да почне да слуша Whitesnake да би се оженио“ и дека според Тарот „мора да играте Grand Theft Auto и Winning Eleven, све верзије, али само на конзоли, а ко игра Counterstrike иде право у пакао“.

Милан Тарот - Марш у пм

Тој изјавува дека има „излечено“ 450 миљарди луѓе, за совети му се обраќа Барак Обама, дека го измислил Windows, го купил Youtube и дека е автор на Спилберговиот E.T. („пише на крају одјавне шпице малим словима“). Дата на раѓање нема, „пошто је трансцедентан“ (well… 11 април 1973 год.). Он е почеток и крај, го има и сегде и нигде, он е све и ништо, он е, како јас би си дозволил да сумирам со свои зборови: неочекивана сила која се изненада појављује и решава ствар (к’о што е името на еден познат српски бенд).

Неговата работа не можеа да ја згаснат ни забраните кои се донесоа во Србија за разните телевизиски јасновидци и исцелители. Тој веднаш астрално се телепортираше во други земји (читај: прејде на босанските и хрватските медиуми, кај кои тоа е дозволено), така што неговиот пазар се прошири. Илјадници луѓе од Вардар до Триглав (плус од дијаспората) му се јавуваат, му пишуваат и закажуваат сеанси кај него со цел да си ја решат маката, во што тој великодушно и хуманистички им помага („шта су двајс’- триес’ хиљада еура да спасите живот? И ја сам толико платио у прошлом животу кад сам био плесачица у кабареу“).

Клик наслов за преглед, разглеј списак со клизач десно

Ќе кажете, е добро де, го знаеме. Човеков е увелико апсолвиран по нетов, не откривам топла вода, но сакам да раскажам една бизарна случка врзана со него. Една вечер се досадував па решив да напраам една сеанса со негови клипови. Гледај, гледај, јес да е смешно, ама к’о што вика еден другар „некако не ти е сеедно“. Некоја тиха језа има у целава работа (паранои те маваат, мислиш дека Милан седи над тебе качен на лустер или така нешто, погледнуеш нагоре од време на време). Ај реков доста е, отидов на еден дејтинг сајт да помуабетам со некоја цура (знаете, веќе сум раскажуел за моите меѓународни рандевуа по светов).

И така, пишуеш по луѓе, некој одговара, некој игнорира (какво време дојде, има толку многу соц. сајтови, инстант месенџери, четови и чуда, да малтене никој со никого веќе и не разговара, парадокс :) ). Коа одеднаш ми стига порука од една типка. Тиинг! Се слуша као звучен сигнал. Глеам thumbnail од типката, не ме бендиса ич, ама ипак премала е сликичката, па кликам на неа да отворам профајлот да видам слики, генералии и све тоа пред евентуално да одговорам. Читам профајлот, типкава вика ме занима астрологија, езотерија, хороскоп и такви работи. Безвезе, си викам у себе. Ај отварам фото-албумите и што да видам! Милан Тарот ама ЖЕНСКО! Абе истата, ама ИСТАТА фаца копи / пејст ама со дуга коса у женска облека! Абе ШЛОГ ЌЕ МЕ УДРЕШЕ! Леле викам па не е можно ваква коинциденција, ова некој намерно ме заебава?! Па не е можно све мене „случајно“ да ми се дешаваат вакви сулуди работи, и то не е првпат! ТИНУ- НИНУ- ТИНУ- НИНУ (музика од Зона сумрака, го ангажирале Влатко Стефановски со гитара и појачало, све донеле, онака седи до мене у соба свири тину-нину на две жици).

У пичку матер од памет ме извади!!! Се смирувам полека од шокот, идам до веце се заплиснувам со ладна вода и си реков море дај да и’ пишам на типкава, за евентуално да ја разоткриеме мистеријата: „знаете ли дека личите на Милан Тарот?“ :) Оваа цела прашалници what??! „Па тоа е еден јасновидец од Србија итн.“ (тука објаснувам за кого се работи, пошто соговорничката беше од странство и нема појма за него). Стига одговор у стилу „хмм.. не знам кој е тој, интересна коинциденција“ и сл.

Леле викам, замисли Милан Тарот се материјализирал у тој профајл, она ме прогања по интернет, к’о Дикембе Мутомбо од NBA што пуштал магии преку кабли, па млади луѓе седеле цел ден на интернет и неможеле да учат (уште една теза од Милан Тарот). За да не мислите дека сум луд, ги симнав фотките од типката кај мене на компјутер, ама долго се мислев дали е коректно да ги објавам. Ќе помине некое дете ќе се исплаши! Се зезам. Сеа јес да типкава не ми беше по вкус (well… беше ружна), ама ипак не би било хумано јавно да ја експонирам, што ми скривила? Затоа сликите би можел да ги покажам само во приватна преписка со моите познаници.

И така седам, се’ уште под импресии од таа случка и тогаш се сетив дека слично искуство имал Иван Феце – Фирчи, тапанарот на Екатерина Велика. Фирчи како што знаете, долго време живееше и работеше во USA, по што неодамна се врати во Србија, каде зема учество во реалити шоуто „Фарма“, заедно со повеќе естрадни ѕвезди од екс- југословенските простори. Таму особено се дружеше со Маја Оџаклиевска (тоа отиде доттаму, да некои мислеа дека ќе се спанџаат). И така, во една сцена, Фирчи и’ раскажуваше на Маја за една крајно бизарна и помалку (море не малку) језива епизода во неговиот живот.

Одеше некако вака: во време кога фронтменот на култната белградска група, ЕКВ, Милан Младеновиќ умирал од рак, Фирчи со семејството бил во Америка, и токму тогаш се пораѓала неговата сопруга (сеа која? Тој има деца и со Марина Перазиќ од хрватското дуо Денис и Денис, вероватно се работи за друга жена). Енивеј, Фирчи бил присутен на самото породување, при кое имало големи компликации. Бебето се превртело во утробата на мајката и постоела опасност да умре (претпоставувам, да се задави со папочната врска). На породувањето работел американски доктор со некое, колку што запамтив, латино-америчко или шпанско име и презиме. На лицето носел маска.

Кога работите тргнале наопаку, настанала општа вика и паника и докторот почнал да наредува на својот тим лекари “Cut her open! Cut her open!”. Интервенцијата (царски рез, претпоставувам?) успеала и детето било спасено! Сите во салата воздивнале со олеснување. Фирчи му пришол на докторот да се заблагодари. Докторот го забришал испотеното чело, ја симнал маската и како што Фирчи вели, тој изгледал ИСТО КАКО МИЛАН МЛАДЕНОВИЌ!!! Вика го гледам докторов, ист Милан, абе копи / пејст, ме гледа немо како скаменет, со строг поглед, смрзло ми се говно у дупету!

Не знам што да кажам… Не се’ што се случува во животот може рационално да се објасни. Се утепав од барање на снимак од тој разговор меѓу Фирчи и Маја на Youtube, но не можев да го најдам, иако клипови од „Фарма“ има миљон (може е ту негде ал’ како да го убодам). Затоа, еве еден клип од тоа риалити шоу ради реда колко да не зврји празно, а кога ќе го најдам снимакот кој погоре ви го прераскажав, постов ќе биде ажуриран. Проверувајте го од време на време. Тину – нину….

Фирчи го гаѓа народњакот Милош Бојаниќ со флаша, од коа му пукна од неговите хушкачки и шовинистички изјави.