Во рамки на мојот серијал украински и екс-советски патеписи, ви го претставувам Киев, главниот град на Република Украина. Неговиот назив на официјалниот украински јазик е Кијив. Оној, кој ние го употребуваме, стигнал до нас преку рускиот јазик (Кијев). Oвој убав град, расположен на бреговите на најголемата украинска река, Дњепар, во својата богата и бурна историја доживувал периоди на голем процут, но и страотни разурнувања. Подолу со вас ќе ги споделам своите искуства со овој град, но најпрвин еден вовед.
Тој бил престолнина на средновековната држава Киевска Рус, во поновата историја пак, и на краткотрајната независна украинска држава, формирана со распадот на Руската Империја (1918-1921), а потоа и на Украинската Советска Социјалистичка Република, од 1934 до осамостојувањето на државата во 1991. Кога сме кај последниве два историски ентитети, во минатиот дел од овој фељтон, јас раскажував за судирите помеѓу украинските националисти и советските бољшевици, од што произлегла и историската конкуренција помеѓу Киев и вториот по величина град во државата, Харков.
Украинската „столиця“ првпат ја посетив во далечната 2005. Пристигнав рано наутро со воз, по што со преполното метро (пази џебови!) се упатив кон нејзиниот центар, каде ги обиколив сите битни пам’ятки (културно – историски споменици, паметници, више сконтавте де). Прошетав по главната улица Хрешатик, уживајќи во погледот на интересната архитектура и убавите девојчиња, заради кои, меѓудругото, и одев на тие патувања, кога одеднаш ЖДАГАУ! Се судрив со еден чоек. Сиот усрамен викам извините, нисам одавде, а он насмеан пружа рука – проси. Па маму ти јебем клошарска, сконтуем типот намерно улетал у мене (тоа им е финта). Мрш! Овој ме глеа насмеано со пружена рука (као не сфаќа). МРШ у пичку материну! Отиде. Продужив со патот пристигнувајќи на централниот Мајдан Незалежности (Плоштадот на Независноста) над кој доминира Споменикот на Независноста со своите 62 метри висина и статуата на митската девојка – „берегиња“ на врвот, направен по инспирација од козачкиот барок (автентичен правец создаден во XVII век, не ко нашиов „барок“).
Во позадина се извишува хотелот Украина, пример на советската архитектура. Во доцниот период на Руската Империја, таму стоел првиот „облакодер“ во Украина (12 спрата), изграден од милионерот Лев Гинсбург (можеби е роднина на францускиот шансоњер, Серж Генсбур, инаку украински евреин?).На Плоштадот се наоѓа и Љадската порта, дел од некогашното утврдување, со фигура на Св. Архангел Михаил, покровителот на градот на нејзиниот врв. Во поновата историја на Украина, Мајданот (мегданот) беше место на случување на Портокаловата револуција, а сега на него често се одржуваат разни хепенинзи, од кои би го издвоил Майdан’s. Натпревар во танцови кореографии помеѓу екипи од различни градови на земјата, секоја од нив составена од илјадници млади танчери. Нешо као флешмоб. Импресивно! Тука е и фонтаната со вајарска композиција на митските основачи на градот: браќата Киј, Шек (не Шрек) и Хорив и сестрата им Либед. Од таму и неговото име: Кијев, демек, град, кој му припаѓа на Киј.
Како што веќе спомнавме, градов бил престолнина на првата држава на Источните Словени – Киевска Рус, т.е. Рутенија. Легендата вели дека си биле тројца браќа: Лех, прататкото на Полјаците, Чех, на Чесите и Рус – кој ги создал Рутените, чија држава, наречена по својот главен град Киевска Рутенија, е формирана во 882 година. Со неа владеела Викиншката (Варјажка) династија на Рурик. Се вели дека самиот назив „Рус“ е од викиншко потекло (од Шведска), како и имињата: Игор (Ингвар), Олег/Олга (Хелге/Хелга) и др. Под наездите на монголските орди државата се распарчува, по што, со текот на вековите се вообличуваат три одделни нации: руската, украинската и беларуската. Се смета дека оние рутени, кои не го примиле украинскиот идентитет, се денешните русини (живеат на украинските Карпати, во Словачка, Унгарија, Војводина..).
Некои од фасцинантните киевски православни цркви, препознатливи по своите златни кубиња, датираат токму од времето на Киевска Рус, како например Киево-печерската лавра и Св. Софија, обете вброени во „7-те чуда на Украина“, под заштита на УНЕСКО.
Киевска Рус го примила христијанството во X век на следниов начин: Владимир Велики се думал да расчисти со својата паганштина. Сакајќи да дознае која вера е најубава, разговарал со делегации од соседните кралства, а и праќал свои кај нив, за да напраи informed choice. Германските католички цркви не го одушевиле, а евреите ги сметал за „напуштени од Бога“, зашто го изгубиле Ерусалим. Муабетел и со Волжските Болгари (од денешен Татарстан), барал да му објаснат околу нивната вера – исламот. Тие му викаат види Влатче, ислам ти е најбоља религија, еве например имаш право на повеќе жени.. А така ли? Па шо не ќутиш? Ајде да се напиеме! – радосно извикал Володја и го кренал пехарот. Ама… хмм… не смее алкохол – го предупредиле. Како бре не смее?! Пиењето е наш национален спорт! – ги прекинал тој во неверица. Дајте луѓе да почнеме гезмето док се прасиќи не оладе! Ама не смее свинско! – додале тие. И btw… како да ти кажеме… мора да напраиш сунет – му дообјасниле. Пу, бре мајката – се разочарал тој. На крај, тој го наоѓа она што го бара. Негова делегација се враќа од литургија во православна црква Аја Софија во Цариград, Византија. Не знаевме дали сме на небото или на земјата – му раскажувале. Ниђе нема таке љепоте. The rest is history.
Братот на мојот прадедо студирал на Киевската духовна семинарија, крај XIX / почеток XX в. Имам и стара фотографија од него од тие времиња. Интересно, кај истиот фотограф, чие име е Петр Владиславович Блоневскиј, во младоста се сликал и славниот писател Михаил Булгаков, авторот на Мајсторот и Маргарита и Песјо срце, чиј спомен-дом го посетив во ридестата боемска четврт Андриивски узвиз, киевскиот Монмартр.Но да се вратиме на мојот роднина – свештеник. Кров – не вода, а серце – не камінь (превод да не ви треба бре антички?). Роден во Велес 1884, се школувал во Киев, после што работел во Цариградската егзархиска семинарија, потоа во Неврокопската митрополија, Пиринска Македонија и по други места. Бил владика, па смешно ми е кога ќе ја чујам нашата традиционална фраза „е вујко ми да беше владика..“, а тој тоа навистина и бил.
Починал во Бугарија на 45 годишна возраст. Велат, бил толку добро образован теолог, што ако не умрел млад, може ќе дотуркал до архиепископ. Се разбира, тој бил замонашен и немал наследници, но зад себе остави прекрасна стара Библија и дрвено крфче. Во Киев се обидов да најдам податоци за него. Во велелепниот манастир Св. Михаил видов натпис „Духовна семинарија“, каде се обратив до младите свештеници за помош. Беа зачудени, од кај се појави туѓинецов, вади слики од пред 100 години, кои ги заинтересираа. Најљубезниот од нив, ме сфати и ме поведе кај секретарката. Таа љубезно ми објасни дека за жал не може да ми помогне.
Сфатив дека во земјата функционираат 3 православни цркви: Украинска Црква – Московска патријаршија (канонски призната), Украинска Автокефална Црква (непризната) и Киевска патријаршија (непризната), во чии простории се наоѓав. Првата зазема про-руски позиции, втората украински, а третата се одделила од вторава ради несогласици.
Логично, ако мојот роднина учел во Киев во време на Царска Русија, требало да барам податоци во Московската патријаршија, може сум се обратил на погрешно место? Во следна прилика подробно ќе објасниме за расколите во украинското општество, и политичките и религиозните. Инаку, други конфесии присутни во Украина се: Грчко-католичката и римокатоличката (во Западна Украина), исламот (кај Кримските Татари), јудаизмот кај Евреите и други.
А како ги измешав муабетиве околу религијата, од една со Булгаков, од друга страна? И што заедничко имаат мојот роднина – духовник со „ѓаволестиот“ Булгаков, освен тоа што случајно се сликале кај ист фотограф?! Сеа ВББ ќе ви каже. Булгаков бил од свештеничко семејство, неговиот татко Афанас бил професор на Киевската теолошка академија. Не би ме чудело да му предавал на мојов роднина. Откачено. Инаку, како што спомнав претходно, Булгаковци живееле во Андривски узвиз, и тоа во куќата број 13. Го нашле бројов. Не е ни чудо што типот пишувал такви сулуди романи. Два од од нив, Песјо срце и Записи на младиот лекар издаде и мојата издавачка куќа СЛОВО, чии изданија можат да се најдат во сите книжарници во градов, па и низ државава, а таа редовно учествува и на скопскиот Саем на книгата.
Во 2005 на Мајданот сеуште беа тазе спомените од Портокаловата револуција. Меѓу фолклорните сувенири, кои ги купив од бабушките по тезгите, се најде и еден современ – беџ со слоган „Јушченко – Да!“. Се присетувам на химната на протестите: „Разом нас багато, нас не подолати“ (Многу не’ има, нема да не’ победат) на групата Greenjolly со која Украина настапи на Евровизија 2005, одржана во Киев. И Руслана, украинскиот претставник од претходната година, истотака со сето срце го поддржуваше Виктор Јушченко, како и илјадници други украинци, кои протестираа скандирајќи „Це наш президент!“. Тие му пружија безрезервна поддршка во најтешките моменти кога беше труен и му се распаѓаше лицето, за потоа, разочарани, масовно да гласаат за спротивната опција на Јанукович. Тоа е судир на два концепти: едниот е националистички и про-западен, а вториот е про-руски. Се сеќавам и како русите беа разгневени, кога во украинската евровизиска ствар Лаша Тумбај на Верка Сердучка од 2007 „прочитаа“ кодирана порака: “Russia Goodbye”.
Борбата за создавање на современата независна украинска држава, свои корени има во Востанието на козачкиот хетман Бохдан Хмељницки против полјаците во XVII век. На Божиќ 1648, тој тримфално влегува во Киев, каде е пречекан како месија. Востанието резултира со создавање на држава – Хетманатот. Неговиот споменик го краси киевскиот плоштад, наречен по православниот храм Св. Софија.
На истиот плоштад, во 1919 се случува уште еден битен настан од долговековната борба за независност – прокламацијата за Обединувањето на Украина. Дотогаш, дел од земјата бил под власт на Руската Империја, која тукушто се распаднала, што овозможило создавање на украинска национална држава. Друг дел пак, бил под власта на Австро-Унгарија, по чиј распад се создала Западно-украинската република. Двата ентитета се обединуваат на 22 јануари 1919, при што на насобраните украинци на Софијскиот плоштад им е прочитана следнава декларација:
Отсега, во едно се слеваат со векови разделените делови на целокупна Украина – Западно Украинската Народна Република (Галиција, Буковина и Унгарска Украина) и Придњепарската Голема Украина. Се исполнија вековните соништа, за кои живеевме и за кои умираа најдобрите синови на Украина. Отсега има една обединета независна Украинска Народна Република.
Но радоста не потраја долго. Западниот дел потпадна под власт на тазе осамостоената Полска, а на исток, бољшевиците на Ленин тргнаа во јуриш врз младата украинска национална држава, создавајќи и’ конкурентска – Советска Украина, со главен град Харков. Иако комунистите ја задушија украинската независност, иронично, токму благодарејќи им ним, во 1939 ќе дојде до повторно обединување на двата дела на Украина со Пактот меѓу Хитлер и Сталин, со што СССР го доби нејзиниот западен дел на штета на Полска. По Сталин, доаѓа Хрушчов, која на Украина и’ го придодава и Крим, кој претходно беше руски. Иако Украина страдаше во советските времиња, иронично, таа тогаш ќари огромни територии!
Сепак, незадоволството од советската власт било големо. Кога во доцните 80-ти се случува перестројката и демократизацијата на Горбачов, Чернобилската хаварија (при која умало не пострада и Киев), повлекувањето од залудната војна во Авганистан и други бурни настани, на украинците им пука филм и тие почнуваат да се бунтуваат. На 22 јануари 1990, во спомен на историското обединување од 1919, тие прават жив синџир долг скоро 500 километри од Киев до Л’вов, при што за првпат по децении е развеано старото сино-жолто национално знаме наместо дотогашното на Советска Украина. Денес, кога Украина е самостојна држава, овој датум се одбележува како државен празник, Ден на Обединувањето.
Во близина на Мајданот открив еден интересен трговски – Глобус. У Скопјево се утепаа од градење трговски, но вакво нешто нема. Гигантски, на неколку спрата, но под земја. Коа влегов, ми се чинеше дека сум у некој паралелен свет. Беше к’о мравјалник.Влегов во една цедетека. Одбрав нешто украински фолклор, а налетав и на некои ратно- историски музики, па прашав за што се работи, на што штуро ми беше одговорено. Нељубезноста е таму вообичаена, но тука може имаше и политички моменти, затоа што се работеше за песни посветени на националистичкото движење УПА – Украинската Востаничка Армија.
Во нивната лулка- Западна Украина, УПА се сметани за патриоти, додека од русите и про-руски ориентираните украинци во источниот дел на земјата, тие се сметани за злосторници. Движењето, инспирирано од претходните обиди за создавање на независна Украина, се борело и против германските и против советските сили во Втората Светска Војна, но и против соседните полјаци, врз кои вршело етничко чистење. Дискутабилен е и неговиот однос кон евреите. Историјата на оваа, за некого патриотска, а за некого шовинистичка организација е полна со контроверзи, но како и да е, го купив цедето од чиста радозналост, не навлегувајќи во нивните политики. По враќањето во Скопје (не „повраќањето“), го пуштам дискот – празен. WTF?! Радњава беше легална, оригинали културно у целофанче. Е курате сам неке среће, кај ми се падна утка и тоа баш контроверзното цд! За среќа го симнав на нет и још штошта. Епа сеа коа не може легално да си купам, онда пиратски. Музикава звучи као „украински Орце Стефковски“, мада нивниов тип е нешо поубав (клик овде да го видиш). Ептен е стаен у тој историски филм. Инаку, останатите дискови кои ги купив беа исправни, но и подобри во естетска смисла.
Но не сите украинци ја поддржуваа УПА. Илјадници украинци се бореа во редовите на Црвената армија и советските партизани. Поради тешките битки, кои се водеа во Киев во Втората Светска Војна, пришто дел од градот и пострада, тој е прогласен за град-херој и низ него можат да се сретнат многу спомен-обележја врзани со тој историски период.
По епизодава во цедетеката, со нељубезност бев пречекан и у хотел. Го одбрав оној до железничката, ради тешкиот багаж. Порно-плавушата на рецепција и избацивачот- шифоњер до неа, кај ме пречекаа к’о мајка да сум им опсул, па и немаа лифт. У задње време забележувам поучтиво однесување на тие простори, но сепак.. Како и да е, собата беше ОК. Стоев на прозор по гаќи уз цигара и пиво и глеав како во мракот долу се муваа алкоси, џепароши, тапкароши, шибицари, курви, нелегални таксисти и остали фин свет. Но на железничката видов и убави сцени, зажалив што не ги снимив (претпазлив сум по приведувањето во Кукуш, Грција, заради снимање воен објект). На разглас одеа класики и украински маршеви, а илјадници луѓе се возеа угоре-удолу по ескалаторите смртно озбилни: некој чоек со цвикери, војник со шубара, плава цура, млад момак со убави црти на лицето.. и тоа така иде ззз-ззз цело време. Безброј ликови, секој со своја прикаска. Не се објаснува.
Слична сцена доживеав и во метро. Армоникаш потпрен на ѕид свири меланхолична тема. Одеднаш се слуша жжЖЖ се’ погласно и погласно. Навлегува река од 500 миљарди луѓе. Баби со кошници, чичковци, тетки, ученици, кој по работа, кој од работа, кој на школо, цела нација к’о да се збра, а типот на страна потпрен си свири, као саундтрак на сценава. Не се опишува. Фасцинацијата беше нагло прекината: дали си скинхед? Уат?! Абе дали си скинхед? Е ај сеа?! Па вика, те заприметивме у мартинс нешо (во тоа време, навистина, сеуште ги носев), па рековме да прашаме. Двајца мали челави скинси, фаерки, трегери, цокули, навивачки шалови.
Едниот, троа поинтелигентен, збореше нот соу бед инглиш, иако преферирам да општам на руски. Им објаснив дека некад сум свирел у панк бендои, се знам со Жица Лоши деца, Дена и Сале (се зезам). Не можев да оценам точно какви се нивните политички погледи, кај скинхедсите низ светот има разни фракции: од ултра-десничарски до ултра-левичарски, па и аполитични, но овие конкретно ми збореа нешто у стилу “white power” и слични неонаци глупости.
Навиваме за Динамо Киев – ми рекоа меѓудругото. Зарем заборавиле на легендарниот „меч на смртта“ помеѓу фудбалерите на истиот тој Динамо Киев против германските војници во летото 1942 год.? Во таа утакмица победиле домашните фудбалери, по што многу од нив завршиле во нацистичките конц-логори или биле стрелани. За тоа говори советскиот игран филм Третий тайм од 1962 год. Можеби оттаму е позајмен и насловот и воено-фудбалската содржина за нашиот филм „Трето полувреме“?
Им напраив на типоиве куртоазен муабет ради-реда, се поздравија и отидоа. Јас сум жесток противник на нео-наци движењата и мора да нагласам дека првобитните скинхеди настанале под јамајканско влијание и слушале црнечка ска и реге музика, пред дел од нив да бидат изманипулирани од нео-нацистите. Но на кого ќе објаснуваш. Сепак, во екс-СССР, наци скинсите се силни. Да бев со потемна боја на кожата, во Киев или Москва би можел и да наебам. Околу разните општествени проблеми на тие простори ќе проговориме во некој од следните делови од овој украински и екс-советски патеписен серијал.