Клик за зголемено: главната улица Советска

Моите патеписи долетуваат во Луганск, обласен центар со пол милион жители на истокот на Украина. Што интересно има таму? За разлика од духовниот Киев, arty настроениот Харков, морнарската Одеса и козачкото Запорожје, во Луганск нема многу да се види, освен по некоја градба во стариот дел и страотно згодните цури. Слично на рударскиот Доњецк, Луганск е пред се’ стопански центар, тука проработела првата висока печка во Украина, но тој ги јаде нашите паланки во многу аспекти!

Родина е на просветителот Владимир Даљ (1801-1872), олимпискиот шампион Сергеј Бубка, сега политичар и бизнисмен и на Татјана Сњежина (1972-1995), автор на песната Позови меня с собой, која Владо Јаневски ја „позајми“ како Тајна отровна. Во XVIII век, таму се наоѓала провинцијата Славјано-Србија, во која живееле доселеници од Балканот и бил формиран Македонскиот хусарски полк. Подетално околу тоа – подолу.

Друга битна улица: Оборонаја, со хотелот Луганск во позадина

Низ екс-СССР главно патував со воз, но во Луганск стигнав со авион, летото 2010. Аеродромскиот код е VSG: Ворошиловград, старото советско име. Не е апдејтиран, па може да го збуни патникот. Градот е основан во 1795 од Јекатерина Велика со помош на шкотскиот инжињер Карл Гаскоњ заради металургијата и рударството и именуван е по р. Лугањ. Двапати е преименуван по советскиот војсководец Ворошилов и двапати назад, зависно кој бил на власт: Сталин, Хрушчов, Брежњев, Горбачов. Во неврзаната СФРЈ / СРМ имавме Титов Велес, но сепак – Велес. Патем, споредете го тој наш металуршки центар со украинскиов.

Аеродромот е мал, но реновиран за Euro 2012. Цариникот прашува што носам, отварам багаж, нејќе да види, вика кажи со зборови (?!) Не знам што им е финтава, ама често се дешава. Не знаев како да стигнам до градот, па ја прашав тетката на “Tourist info”. Беше љубезна, што таму е реткост, рече имало маршрутка (као мини-бус). Излегов надвор, околу дивљина и степска жештина. Жив чоек немаше, освен еден таксист кој го буричкаше своето ауто. Ми нуди превоз, си вика странец – офца за шишање. Мене ли ме најде? Почна да се правда па знаеш ли ти колку е нафтата сега?! Го чекам превозот. Ми се придружија и цариниците, си бегаа од работа.

Шопинг молот „Луганск сити центар“

Кај источните украинци и месното руско малцинство доминираат про-руските чувства и рускиот јазик, над шоферот на маршрутката виси знаменце на Партијата на регионите со изборниот слоган „За Јанукович!“. Го прашувам како да стигнам до хотелот Луганск. Хостињица ЛуХанск? – вели на руски, но „х’кајќи“ по- украински, тоа ти е кај Русија (мислејќи на трговскиот со тоа име). ОК, дај билет до Русија ;)

До градот има 20 км. По патот полиња, ниви, мирисаше на лето како во Ѓавато, Битолско, каде моите ме носеле на одмори. Мирисот ми разбуди носталгија, некако тешко ми падна. Се вртам да видам кој има во маршрутката, гледам едно убаво дете, русо, колку да имаше 23-4 години, гледа низ прозор солзи му течат, може се вратил од туѓина во роден крај. Уште потешко ми падна.

Маршрутка (мини-бус), популарен облик на јавен превоз.

Националниот универзитет „Тарас Шевченко“

Прво нешто што видов од Луганск? Црнци. Оригинал од Африка. Ме расположија, но од кај тие тука? Сфатив, го видов универзитетот, каде учат студенти од сите меридијани. Луганските високообразовни институции да ти биле познати. Се симнав кај советската стоковна куќа Русија (градот сега има многу подобри западњачки шопинг молови) и тргнав кон хотелот Луганск: социјалистичка зХрада со 19 спрата. Што ќе им е толкав хотел во оваа провинција?! Нешто слично сретнав во Радовиш, на свадба кај пријатели. Чуму олкав хотел? Од кај гости? Се думаа радовишани и викаат „ебат бе, луѓе, ебат“. Демек така опстојува хотелот, доаѓаат луѓе со проститутки или со девојки, плаќаат соби и ебат.

Меѓународниот аеродром Луганск.

Друг познат хотел во Луганск е визуелно поатрактивниот Украина (фото тука). Граден е од заробени Германци по Втората Светска, во стилот на конструктивизмот, барокот и украинската модерна. Сталинистите во него „виделе“ украински национализам и „туѓи“ елементи на „безроден космополитизам“ неподобни на советскиот патриотизам. Све више! Авторот, Јосиф Каракис, архитект од еврејско потекло бил отпуштен. Можело да биде полошо, мислел ќе го пратат во гулаг. Кај нас и денес некои се етикетирани како непатриоти и безродни космополити.

Горе: по некои стари градби, долу: продавниците низ градот.

Стари фасади

И покрај неправдите во СССР, во Источна Украина со почит се гледа на тој период. Советските споменици стојат негибнати, се подигаат нови, а улиците ги зачувале старите називи. Хотелот Луганск се наоѓа на главната улица Радянська (на официјалниот украински, од Радянський Союз – Советски Сојуз) или Советская (на руски).

Влечејќи куфер кон хотелот Луганск, го поминав ресторанот Перник, наречен по бугарскиот град-побратим. Најшема место у советско време, но сега има подобри. Собата во хотелот – крш, поготово купатилото беше хорор! Епа сам побарав најефтина. Има и пристојни, но коштаат повеќе. Приватизираат хотел, реновираат некои соби, а останатите се распаѓаат. Утредента доплатив за поубава, јој разлике драстичне! Још и мини-бар следуе гага. Под туш осетив електрицитет бззз. Вода и струја, лоша комбинација. Дое мајстор. Од кај си? Од Македонија. Ааа мноху убава земја, сум хлеал на ТВ… Буричкаше нешто го среди проблемот.

Споменик на украинскиот поет Тарас Шевченко

Горе: трговскиот Русија, долу: ресторанот Перник, обата изградени во СССР.

Се симињам со лифт да се прошетам. Д’ш! Се заглави! Се слуша од надвор: има ли некој унутра? Викам да, ч’к-ч’к отворија. Глеам еден низок, но tough чичко. Избацивач останат од времето на СССР, со униформа, пиштољ, токи-воки и срп и чекич тетовиран на чело (се зезам). Уште ти се дере к’о ти да си крив, ни извинете ни нишо. Но треба да сум благодарен! Читајќи по туристички форуми, дознав дека лифтовиве во хотелов биле легендарни, некои гости умало не се утепале у нив. Има во градот и подобри хотели, но кој да бара. Финтата е што хотелов се наоѓа во самиот центар, све ми беше у walking distance, па немав потреба од јавен превоз, кој се состои од маршрутки, трамваи и тролејбуси.

Шетав по ул. Советскаја. Има по некои убави фасади, споменици, паркови, кафеа, трговски, стрип-барови. Ако ти е за култура, во градот има музеи, театри, филхармонија и модерни кина со 3D. Во стариот дел (Старе місто) има по нешто да се види, но сепак, Луганск не е атрактивен. За нашите паланки е појам, но во Украина има далеку поубави места.

Библиотеката „Максим Горки“ со споменик посветен на незнајниот автор на славното дело „Слово за полкот Игорјев“

Слично на Доњецк, и Луганск бил подигнат заради металургијата и рударството, што е типично за тамошниот донбаски регион. Во 1800 год., во Луганск била подигната првата висока печка во Украина, која е претставена на градскиот грб. ♫♪♪ Високе пећи потпаљујем ја, руда се топи насмејан сам ја! ♫♪♪ Така неврзаните југословени Идоли се зезаа со советскиот соц-реализам во својата песна Маљчики.

Можеби и вам ви е смешен тој ударнички полет, но тоа во Луганск се цени и не е необично, например на састанак со млада цура, таа да ви се пофали дека „нашиот град е познат по производството на (незнамти) сурово железо, камен јаглен и кокс“ или по фабриката за локомотиви, авионскиот или автомобилскиот ремонтен завод :) Последниов, патем, во советските времиња ги произведувал микро-автобусите: ЛАРЗ-977 Луганск и ЛАСЗ Старт Луганчик.

Кога сме кај силните мускулести ударници, да ги споменеме и спортистите. Во 1963, во Луганск е роден Сергеј Бубка, некогашниот славен олимписки шампион во скок со мотка, инаку сега политичар и бизнисмен, чиј син Сергеј Јуниор е тенисер. Настапува на Davis Cup, Wimbledon, Rolan Garros и Australia Open и живее во Монте Карло, како и девојка му, тенисерката Викторија Азаренко.

Споменик на трудбениците на Луганската област

Луганск не е Монте Карло, но какви риби има! Глава боли! К’о што бев сместен близу универзитетот, тука минуваа миљон млади украинки. Миничи, исунчани ноги, избацена цицка, плави коси до г’з. Да не сум бомбаш- самоубица кој стигнал во заслужениот џенет? Богами стварно е рај, поготово за странските студенти.

Млади Луганчанки

А студенти има од сите можни бои: све арапи, црнци, кинези, индуси и други – да ја парафразирам „Амстердам“ од мајмунон Бора Чорба. Сретнав и мешани парови: плавуша рука-под-рука со црнец и сл. Но, иако за љубителите на понежниот пол тоа е рај, за други е пекол! Каде има прилив на странци – таму се јавува ксенофобија и расизам. СССР пропагирал интернационализам и примал студенти од земјите на Третиот свет, особено од оние врз кои имал влијание: НР Ангола, СР Виетнам, НР Мозамбик, ДР Авганистан, НДР Јемен, НДР Етиопија, Куба, Сирија.. и не само од тие. Особено познат бил московскиот универзитет, именуван по конгоанскиот револуционер Патрис Лумумба.

Со падот на СССР и неговите вредности се јави и расизмот. Ситуацијата е особено алармантна во Москва, каде се случуваат и убиства. Луганск не е нешо претерано расистички, но инциденти се случуваат. Нив главно ги предизвикуваат наци-скинхеди дојдени од други градови, но има и понекои локални расисти.

Странски студент во Луганск

Голем публицитет доби случајот на нигерискиот студент Олаоле Сунканми Феми. При напад од страна на група млади луганчани, тој се одбранил со скршено шише. Му се спрема доживотен затвор за обид за убиство, што предизвика протести на негови колеги. Многу организации и поединци бараат негово ослободување, а на судењето дојде и нигерискиот конзул. Роднини на напаѓачите се вработени во МВР, со што се објаснува како тие и’ се измолкнале на правдата. Тие имаат поинаква верзија за настанот. Се случија и масовни тучи меѓу мештани и странци. Идиличната паланка зоврива?

Сепак, поддршката за расистите во Луганск е слаба. Тие одржаа некои собири, но со мала посетеност. Еден од нив беше крајње апсурден. Монти Пајтон! Протест против „туѓинската“ храна. Емигрант од Азербејџан отворил ориентален фаст-фуд киоск под име „Стамбол“ каде продава шаурма (тоа е као гиро), фалафел и чебуреки. Ксенофобите носеа пароли „Туѓа храна – туѓа култура“, „Купи 10 ќебапи и бесплатно добиваш салмонела“ и мртви озбилни скандираа „Доле бурек! Доле баклави!“. Поједе ме туђа срамота. Бујрум видео.

Сцена 1. Доле бурек! 2. Тепање на Шаурменот 3. Како изглеа тоа чудо „шаурма“ против кое се бунат? 4. Адвокатот Хасам Олби у одбрана на шаурмата

Блини – традиционални руски палачинки. Белким, според ксенофобите, тоа е политички подобна брза храна наспроти шаурмата.

Антифашистичката punk сцена во Луганск преку својот сајт се оградува од наци-скинсите и информира за нерасистичките корени на skinhead движењето. Тоа настанало во UK под јамајканско влијание, а скинсите слушале црна ska и reggae музика, пред дел од нив да бидат изманипулирани од нео-наци движењата. Вакво информирање е потребно и кај нас.

Странските студенти имаат и други проблеми. Има нечесни посредници, кои ја злоупотребуваат нивната неупатеност, цицајќи им големи суми за помош при запишувањето на универзитетите и сместувањето, во спрега со корумпираните професори и полицајци. Некои универзитети бараат познавање на украинскиот јазик, но кога странците со мака ќе го совладаат, сфаќаат дека тој не им вреди многу. Во украинскиот град Луганск речиси никој не говори украински. Во некои земји украинските дипломи и онака не им се признаваат или не се ценат.

Горе: Споменик на советските херои од Втората Светска Војна. Долу: Композицијата „Жерави“, кои ја носат душата на загинатиот црвеноармеец. Веројатно инспирирано од истоимената воена балада.

Но, да бидам избалансиран. Не сите странци се ангели. Некои емигранти формираат етнички криминални кланови, а некои поимотни студенти се однесуваат бахато, подмитуваат професори, лумпуваат, снифаат кока, залијаат со виски и се иживуваат врз локалните девојки. За последново ќе сфатам. Доаѓаш од Африка или Блискиот Исток глеаш тука дискотеки, алкохол, дроги, полуголи украинки (за кои постои предрасуда дека се „лесни“). Па нормално ќе штракнеш! – вели еден студент од Јордан.

Цурите, со кои имав дејт во Луганск ми го поставија токму тоа прашање: дали кај вас сметаат дека украинките се лесни или проститутки? Им објаснив дека такви луѓе има, но се трудам преку текстовиве тие генерализации да се надминат. Едната делуваше сериозно загрижена за репутацијата на своите сонароднички, а другата беше „прагматичен“ тип. Таа насмеано искоментира па што има везе нека заработуваат девојките.

Сум имал многу дејтови на тие простори, некои резултираа со куси или сериозни врски, умало и со брак. Но имало и утки. Комуницирав со цура од Луганск, да ја наречеме А., па и’ јавив дека сум во градот да се видиме. Вели, во Луганск студирам, но сега сум у родното место (некое донбаско рударско гратче, лупни тамо: Червонопартизанск, Молодогвардејск, Доњи Пичковац). Тетка и’ починала, па ќе можела да дојде по пар денови. Да бе, баш сеа најде да умре тетка и’. Но меракот ми беше голем. Чекај, чекај, плаќај хотел за џабе. И покрај моите сомнежи, средбата се случи.

Каскадна фонтана (горе) и старински британски тенк од Граѓанската војна 1917-1920 (долу)

И не само што А. дојде пред хотелот, како што се договоривме, а дојдоа две. Тинејџ- студентки, едната плава (А.), другата црна, двете у минич, цицка, г’з, све. „Х’каа“ што беше ептен секси. Да ви раскажам за тројката која следуваше? Видете (к’о што вика Љубчо): кога доаѓаат две, тоа не мора да значи дека ќе има тројка, а често значи дека нема да има ни двојка ;) Свашта бива, но во случајов, А. доведе другарка затоа што немаше доверба во мене.

Одиме негде на кафе? – им предлагам. Цуриве упорно не, не. Ќе те шетаме низ градов. Седнавме у парк. Глеавме скејтери и онакви шо возат гротесктно мали точачиња. Беше темно. Локалната власт штеди – се нашалија цурите. Избегавањето на јавни места ме доведе до заклучок дека се кријат од некого. Мобилниот на А. се уби од звонење! Таа тргна негде да разговара. Дечкото ти звони? – добацив. А. виновно се накези… Ме испратија до хотел. Реков дај се напраам мутав (к’о у скечон на К-15), па ги поканив у соба да се плеснеме (шала, културно им предложив). Не, мора да одиме. Дејтов беше утка.

Но треба да сум благодарен. Какви се’ глупости им се случуваат на други странски дејтери! Луганск е познат по големиот број преваранти. Имаш цела „мафија“ на девојки, кои на дејтинг сајтовите ловат офци за шишање – мужи од USA или EU. Прогуглајте за “russian dating scam”. Во тој криминал, Луганск високо котира. Но од искуство тврдам, има и фини девојки, дури супериорни во однос на нашите.

Советски станбени згради со интересен пејзаж во позадината

Отидов во нет кафе да контактирам некоја друга девојка, како замена за утнатиот дејт. Одам кај чоекот на шанак да платам саат време. Море ве знам ја вас! – почна да се дере таков со брк – викате дај еден саат, па коа ќе ви истече усред сурфање, трчате назад и ме малтретирате да уплатите уште! Вака го глеам, ш’о му е? Вика плати 2-3 саата, па ако потрошиш помалце, ќе ти вратам пари. Викам не, сакам саат. Сигурно? Сигурно. Плаќам, ми покажуе кај да седнам. Замирисуе на изгорено, девојка вришти ааагрх и бега, мониторот и’ се запали, чури! Доаѓа чоекот кисело насмеан го трга. Отварам дејтинг сајтот, IP адресата е банирана ради злоупотреби. Преварантите го користеле баш ова нет кафе! Отворив друг сајт, се замуабетив, кога на екран ми се појави дека времето ми истекло. Трчам кај чоекот да доплатам уште, ме глеа изнервирано и ми вика: а што ти реков, а?! :)

Најдов девојка од друго место, па заминувајќи од Луганск на средба со неа, на шега си помислив: може дејтот со А. не успеа затоа што таа во себе има наши инаетливи балкански гени? ;) Се зезам, но у секоја шала може има малку вистина.

СЛАВЈАНОСРБИЈА

Во XVIII век, во Украина, тогаш под руска власт, пристигнале Срби, Бугари, Власи, Грци, Романци, како и бегалци од Македонија, барајќи спас од Османската или Австриската Империја. Мајка Русија ги населила во колониите: Нова Србија и Славјано-Србија, а за возврат, тие се бореле на нејзина страна. За тоа говори книгата „Македонскиот полк во Украина“ на академикот Александар Матковски. Центар на Славјано-Србија, која се простирала во делови од Луганската и Доњецката област, било малото гратче Славјано-Сербск. Таму денес стои споменик со натпис на украински, руски и српски, во чест на заедничката борба.

Дојденците со себе донеле топоними како например: Вршац, Суботица, Сомбор, Земун и др. Селото Македонівка (укр.), 40 км. од Луганск, можеби е поврзано со Македонскиот полк, но може и не е (напр. некои топоними „Македонија“ низ светов се инспирирани од Библијата). Селото има 599 жители и не е многу познато, освен по херојот од Втората Светска, пилотот Алексеј Колесников. Но не се филмајте к’о Ниче Димовски или Александар Донски. Таму нема да ве пречекаат „етнички Македонци“ со зурли и тапани. Минале векови, нивната бројност била мала, така што тие одамна се асимилирале. Погледнете го пописот на Луганската област. Нејзините жители не знаат многу за Македонија, етнички се главно украинци и руси.

ГАЛЕРИЈА ПРЕЗЕМЕНИ ФОТОГРАФИИ

Споменикот во Славјаносербск кој претставува русин, украинец и србин

Тројазичниот натпис: Нема посвети врски од братските

Црква во Славјаносербск

Местото од птичја перспектива

Советски згради во Славјаносербск

Свеченост во Земјоделската школа во Славјаносербск. Дали некои од овие луѓе имаат во себе балкански гени?

Припадници на Српскиот хусарски полк

Поглед на селото Македоновка

Лет над Македоновка

Споменик посветен на хероите од Втората Светска Војна во Македоновка. Еден од нив е пилотот Колесников.


Не ми е познато да има некаква силна свест за балканско потекло кај тамошното население, ако некој има цврсти контра-аргументи, бујрум нека пише. Затоа, ја отфрлам тезата за влијанието на балканските гени во промашениот дејт со А. :) А можеби причината за неуспехот беше во тоа што современиот центар на Луганск, каде бев сместен, е изграден врз стари гробишта? :) Брр… језиво. Може има некои негативни енергии… За овој факт за градот дознав накнадно. Thriller…

Заминувам од Луганск. Ради тешкиот багаж викнав такси, иако избегавам за да не ме ошурат. Но таксистот беше коректен. Цепам со воз до следна дестинација, коа ми стига смс. Каде си? – пишува А. Па пичка и’ матер, сеа и’ текна?! Викам у воз сум. И нишо, штама. Пројдоа месеци, случајно се најдовме онлајн. Вика, еве линк до еден дејтинг сајт, сега таму киснам, па да помуабетиме. Го отварам, гледам дека е сумњив и не е бесплатен. Сакаше да ме наведе таму да се зачленам. Си има дил со нив. Ја отерав у три лепе. Прагматична цура. Ради таквите преваранти, Луганск е иронично нарекуван Лоханск, од „лох“ (будала, наивчина, sucker).

Хотелот Луганск, во кој престојував, со своите 19 спрата е највисока зграда во областа

Хотелот Дружба, Луганск

Но за разлика од А., таму има и ОК луѓе. Еднаш имав пријатна дружба со едни луганчани во воз. Типично за тие простори, со непознати на старт се држи дистанца. Ме гледаа и малку намуртено. Но мразот полека се стопи. Од кај си? Од Македонија. Ааа многу убаа земја, гледавме реклами на ТВ: планина, рекичка, едно-друго.. Сите сме браќа Славјани – рекоа. Така е – се согласив. Беа двајца, едниот низок, црн и зборлив, а другиот висок, светол и ќутлив. Личеше на Пеце од Ѓавато. Со џигерици и маалце младалачко бркче.

Почестија пива, грицки, а јас извадив прјаники (благи) и др. Има кај вас град Силекс? – прашаа. Не, тоа е во Кратово, од кај ви текна?! Пратат фудбал, па дознале за клубов :) Им зборев за Вардар, а тие за луганскиот ФК Заря (Зора), кој годинава слави 40 год. од титулата Шампион на СССР. По тој огромен успех, клубот почнал да стагнира, за во 2006, неговиот претседател со убаво презиме Валериј Шпичка да го врати во премиер лигата. Им спомнав и за украинките во нашите ракометни клубови, што многу ги израдува. Во ноќните возови обично следува постелнина, но сега немаше. Црномурестиот отиде некаде и се врати со постелнини. Може ја подмитил сопроводницата (стјуардесата). Ми ги подава и вели „еве брат ова ти е од Украина“. Нема посвети врски од братските…

А нашиот воз тера даље до некоја следна станица во овој патеписен серијал… чуф-чуф…

Железничката станица Луганск