Почитувани веб портали, Ве замолувам да престанете со недозволено преземање на туѓ авторски труд. Почитувани читатели, доколку Ви се допаѓа изложбава, можете да донирате за сајтов со клик тука. Благодарам однапред.

skopje

По повод 50 год. од земјотресот: Екслузивни ретро фотки од мојата колекција, какви нема да видите на друго место! За Старо Скопје е говорено доста, башка ја тогаш не сум бил ни у план, па решив да се осврнам на она ново, пост-земјотресно Скопје, кое почна да исчезнува со транзицијата, а е дотолчено од една нова катастрофа, сулудиот проект СК 2014.

Како што е евидентно од фотките, тоа Скопје (pre-2014) беше сиво и грдо, дел натрупано со бетон, а дел запуштено, но иако се жалевме дека е тапа, ние си го знаевме и си го живеевме такво, какво што беше и тоа си имаше еден свој урбан дух, за разлика од овој изнасилен и неавтентичен турбо-фолк кичерај што ни го градат сега. Мора да се признаат и некои од ремек делата на модерната архитектура на пост-земјотресното Скопје, но тоа нема да биде тема на оваа статија.

Во изложбава ќе видите урбани топоними од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век, од кои повеќето веќе не постојат. Кога во екот на транзицијата забележав дека тие започнаа да исчезнуваат, вооружен со фото-апаратче (тогаш со филм) започнав систематски да ги фотографирам за да се зачуваат од заборав. И добро направив, затоа што тие места наскоро беа збришани од мапата на градов и нема втора шанса за нивно фотографирање! Аш, њама! Сите фотографии подолу се мои (освен неколкуте на самиот крај) и тие чекаа на објавување со години и години, но околу тоа подетално ќе ви раскажам по изложбава. Кликајте на сликите за зголемен преглед, а под нив има и објаснувања.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Денес на ова место е италијанскиот ресторан со преведеното име Vittoria

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Трговината за текстил соодветно именувана како Трготекстил

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Центротекстил, позната продавница за облека у Трговски центар

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Радња на Трготекстил у Карпуш кај некогашната кафана Мал одмор карши Симпо

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Експозитура на југословенската Југобанка у Трговски

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Првиот панк бенд у Скопје, Фол јазик. Графитот се наоѓаше на влезот на ГТЦ и повеќе не постои.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Панк бендот Сарацени на Владимир Петровски – Картер и Горан Трајкоски (Падот на Византија, Анастазија). Беше покриен со некаков дневно – политички графит од типот „Б.Ц. е крив“, кој покасно е префарбан.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Познатата мрежа самопослуги Центро

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Познатата мрежа самопослуги Славија

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Македонија спорт беше трговско претпријатие за спортска опрема. Позната радња им беше кај такси паркингот карши Мекдоналдс у Центар („кај Ловец“).

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Скопската куглана Мусандра (у подрум на Трговски, кај автобуската). Логово као Мекдоналдс. Имаше и дискотека Мусандра истотака во ГТЦ.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Метропол – ланец за угостителство. Имаа ресторани, сендвичари, бифеа, хотели, дискотеки. Ова е кај Кугланата. Тука имаше добро „лепче со плескавица“. Спази натпис „10 ќебапи за 50“. Кој ти дава. Покасно пробаа да се „модернизираат“ и избација хамбургер „Екстра М“ (демек „наш Мекдоналдс“) али на крај пропаднаа.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Хемиско чистење во подрум на ГТЦ: Кога на облеката имаш некоја дамка што не се вади, ја „периш“ на „хемиско“.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Некогаш во Скопје имало петоцифрени телефонски броеви. Подрум на ГТЦ.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Во подрумот на ГТЦ. Спази шестоцифрен тел. број.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Snack bar Капка на угостителското претпријатие Меркез у подрум на Трговски. Капка по капка и крш се праиш, ал добро е шо има snacks.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Коњопој у строгиот центар, кај шо се собираа алкоси да дрмаат пиво и комовица у зелени шишенца уз солени гирици на весник.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Славната кафана Букет на своето оригинално место близу Рамстор. Тука се собирале новинарите од ближната НИП Нова Македонија.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Саатчија или часовничар, Јонче Darwill

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Лимунадџилниците беа вообичаена појава во Скопје. Оваа е на некој г-дин Велковски Драган. У средина уреџајот за сипање сируп, кој се мешаше со сода. У едната цефка останало малце сируп. Испод има некое шишенце со некоја газоза од 75-та.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Ценовник на лимунаџилницата (да знаеш цените како се движат). Има сируп од лимон, портокал, малина, мешан, егзотик (тоа е поново), чиста сода, пепси и „Леди Оранж“ (тоа беше газиран сок од Прилепска пивара)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Фото-студио Балто. Коа бев ептен мал тука првпат се сликав за пасош. У излог слики од муштериите, а доле десно понуда на фото-филмови.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Убави муштерики во излогот, за да се привлечат нови.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Кај овој точкар доаѓаше цел Капиштец. Налепница од словенечката марка Rog десно.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Продавница бр. 7 на Агро-индустрискиот комбинат Куманово, али у Скопје. На рафтовите некакви ракиишта, миљон долари да платиш веќе нема да ги најдеш. У средина вага за мерење салами и кашкавали.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Месара на земјоделско-индустрискиот комбинат Скопско поле, основна организација на здружен труд ООЗТ Кланица и ладилник, Скопје.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Треска газот да ти се сплеска. Познатата фабрика за мебел

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Дирекцијата на Трготекстил (недалеку од Рамстор)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Продавницата на Трготекстил „Елегант“ во Центар со елегантни облеки у излог.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Конфекција од Струмица, именувана по првоборецот од НОБ, Герас Цунев. На ул. Маршал Тито (денес ул. Македонија)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Квалитет на ул. Маршал Тито. Меѓу овие радњи беше и Технометал Вардар, не знам дали баш у оваа беше.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Продавница на текстилната фабрика Отекс од Охрид у строгиот центар на Скопје (у зградата Караорман карши Мекдоналдс)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Локал на познатиот ланец Ванила, подоцна ги зема Жито Лукс. Спази ја сликата на Тито. Под него, каталог на слатки (еклери, ишлери, торти со ружа одозгора) или бели печива или па пици (имаше „Скопје“, „Комбинирана“, „Вегетаријанска“ итн.). Се возеа по една лента, влагаа у печка и искачаа после печени, а еден со длакави руки ги пребацуеше со шпакла у тањир. Се јадеа на маса или стоечки на астал со јогурче. Во овој локал конкретно, покасно се отвори некој безвезе трансерски кафич Суриал-муриал, како беше.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Коа бев ептем мал, ова беше семкара (кај грчка амбасада). Познати семкари у градов беа Кораб на Партизанска карши Градежен, Зуко у Центар и др. Таму купуевме и лижафчиња и петарди.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Вокално-инструментален состав Пацифисти (ова ќе да е од 60-ти). Ова е недалеку од Грчка амбасада.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Вокално-инструментален состав Шејхови (и ова ќе да е од 60-ти). Ова е негде у близина кај школото Песталоци

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Вокално-инструментален состав Јети (и ова ќе да е од 60-ти). Ова е кај ОУ Песталоци

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Моден кројач Милер на булевар ЈНА (сега Св. Климент Охридски)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Спомен плоча у Градски парк, која никој не ја приметуе

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Познатите продавници за детска облека Наше дете.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Низ Старата Скопска Чаршија

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Овој као Елтон Џон, „Душан“ му е презиме

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Продавницата „Идеал“ на Трготекстил

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Пак „Идеал“. Очигледно ова било популарно име за фирма.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Продавница која долго време работеше вака к’о пред распад у строгиот центар на ул. Максим Горки недалеку од Плоштад. Тука сабајле купуваа леб, млеко и др.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Рушевини некаде на раскрсница Водњанска – Васил Ѓоргов. Тука има доста сабласни куќи

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Некакви магацини, можеби останати од времето на Старата железничка и Фершпед, некаде на раскрсница Водњанска – Васил Ѓоргов

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Зградата на кино Култура. Одма до него беше и кино Бамби (подоцна Манаки)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Спомен плоча на киното Култура (порано Уранија)

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Излезот од кино Бамби (Манаки). Киното имаше (за тоа време) многу модерен ентериер. Излезов беше некако сабласен.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Извртените скали кај излезот од киното кои водат до некоја рупа (?!). Доле има графит „Крате“ (што праел доле?!). Може глеал филм „со карате“? После таквите проекции обавезно имаше (другарски) тучи на излез од киното

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Некое шипражје у рупата кај излезот од киното

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

После кино обавезно се иде у слаткара. Ако си бил у Вардар I или II моеш у Ванила или у Југославија кај Рамче (кај бикот на ул. Луј Пастер до Југотон). Ако си бил у кино Центар (Милениум) онда у Шехерезада или Европа.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Спази налепнициве на фирмава (веројатно од 70-ти): лево некоја плавуша у ѕвонарки и натпис “Fat’s where it’s at”, десно пар танцува рокенрол ил тако нешто.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Истоимената ретро-бомбоњера, Европа.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Ако си бил у кино Карпош да глеаш нинџи, онда после проекција идеш на боза кај Апче

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Една од најпопуларните сендвичари у 90-ти у Скопје, Аркадија на бул. Св. Климент. Претходно, у 80-тите, познати сендвичари беа Камел (карши Соборен), Ким (у трафиките на Партизанска) и др.

© Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Кинг Бургер на бул. Св. Климент. Поради големиот број на сендвичари во 90-тите, булеварот го завикаа „сендвичарска улица“. У 3 ноќе улицава вриеше од раја (испоседната по клупите, кои покасно ги тргнаа). Вдолж неа имаше познати кафичи: Кристијан, Тропикана, Мејк Ап и др.

001 vbb band kocka skopje

Тонска проба пред настапот со мојот бенд на панкерското собиралиште Коцка пред зградата на ОХИС у Центар (каде што е сега Лумикс)

066_vbb_mk_skopje_koe_veke_go_nema

Гранд хотел (денес Holiday Inn). Преземено од книгата „Македонија земја на туризмот“, која топло ја препорачувам.

068_vbb_mk_skopje_koe_veke_go_nema

Како некогаш изгледаше хотел Карпош (до изградбата на новиот објект). Штала човече. Не сум доволно упатен, но претпоставувам дека ова бил некој привремен пост-земјотресен објект, кој останал да се користи како хотел. Преземено од книгата „Македонија земја на туризмот“.

067_vbb_mk_skopje_koe_veke_go_nema

Хотел Турист (денес дел од ланецот Best Western). Во негов склоп некогаш работела и познатата дискотека Турист, каде диџејувал Драган Б. Костиќ. Преземено од книгата „Македонија земја на туризмот“.

Околу бекграундот на изложбава: Фотографиите и негативите со години и години ми чмаеја у фиока и се судирав со триста баксузи дур ги објавив. Сакав да ги дигитализирам уште во 2007 год. и тогаш отидов да ми ги скенираат негативите во едно доста познато фото-студио во подрумот на ГТЦ. Откако си ги подигнав назад, забележав дека некои од негативите фалат! Дали луѓево у фото-студиово ми ги изгубиле или ја уопште не сум ги однел, не можам да се сетам. Немав никакво лифче за тоа што сум однел и колку сум однел. Го проверив и дискот што ми го изрежаа, добар број слики не беа таму! Хорор! Ги пцуев и нив и себе! Среќа што претходно имав извадено фотографии од оние негативи, кои се загубија, инаку сигурно ќе извршев харакири!

Пред некој ден, решив сиот тој куп од фотки и негативи сам да го изскенирам (без да ризикувам со фото-студија) и да го објавам по повод 50 год. од катастрофалниот земјотрес. Но и тука се судрив со разни проблеми. Имам еден скенер од далечната 1999 год., душа ми излезе док му најдов драјвери и дур го натерав да работи! После денови и денови буричкање у комп некако успеав у тоа, но забележав дека скенерот веќе не е у форма. А 26 јули веќе дојде! Ајдеее! Додека вие го одбележувавте денот со журки и сл., ја трчав по жештиниве да купуем нов скенер. Нормално, моделот кој го барав баш сега најде да се распродаде (запнале сите скенери да купуваат усред летња сезона). Едвај, ама едвај најдов еден непродаден, опрчив сто евра, ми го даваат онака од излог фаќал прашина, отварам к’о бурек некој да јадел на него (карикирам малце). Ќе ти ибам и Скопје и све, не моеш со ќеф да си купиш ништо! А морам све сам, пошо никој не ми помага, а у никој случај нејќев пак да ризикувам со некое фото-студио. И после толку маки, дали двајца ќе ја читаат и лајкаат оваа статија. Од сајтов иам само зијан, никаков ќар ни задоволство, али јеби га. Ете мој скромен придонес за Скопје.

P.S. Благодарност за вниманието.


Доколку ве интересираат теми врзани со Скопје, зирнете ја и урбаната ТВ драма Пикасо.