Моите украински и општо екс-советски травелози намерно ги почнувам со Харкив (така е по украински), иако тој е втор по величина град во Украина. Некои го нарекуваат нејзина „прва престолнина“. Околу историската „конкуренција“ меѓу Харков и Киев, денешниот главен град, ќе објаснам подолу. Харков сум го посетувал повеќе пати, но конкретен повод за објавување на патеписов е тоа што, на стадионот на локалниот ФК Металист се одигра првиот натпревар на украинска територија на актуелното Еуро-неуро. Затоа сметав дека би ве интересирало да дознаете нешто повеќе за овој град, па на старт, еден мал вовед. Потоа ќе ви раскажам за своите искуства со Харков, а најдолу следи и моја ФОТО / ВИДЕО галерија од овој град.
На мапата на Украина, Харков делуе некако „на страна“, но тој уопште не е некаква тешка провинција! Тоа ми стана јасно уште при моето прво пристигнување во тој град, каде ме пречека убавата железничка станица и шоуто на фонтаните поставени пред неа уз пратња на музики и светла. Успут, во Харков имав и некои цури, како и во други места на Украина и Русија, но за тоа подоцна.
Тоа е убав град со 1,5 мил. жители, стара архитектура, метро, меѓународен аеродром, паркови, музеи, универзитети, добар ноќен живот, згодни девојки и еден од најголемите плоштади во светот. Може да се каже дека е супериорен наспрам нашава јадна „метропола“, Скопје. Нека не ве буни тоа што Харков се спомиња во популарната ствар Руски воз на Бајага, градов не се наоѓа во Русија. Но, рускиот јазик во него преовладува, што е вообичаено за истокот на Украина. Харковшина, областа, чиј центар е тој, граничи со Русија, па во него има големо руско влијание и малцинство, но украинските чувства не се потполно отсутни.
Во време на Руската Империја, таму се развило силно украинско движење за независност, чиј истакнат деец бил Микола Михновски. Тоа било репресирано, како во царско, така и во советско. Под Сталин се случуваат монтирани процеси против интелигенцијата и стрелања на кобзарите и бандуристите. Харковшина пострада и во Холодморот, гладта предизвикана од колективизацијата.
Говорејќи за судирите на украинските националисти и совјетите, доаѓаме до „конкуренцијата“: иако Киев е престолнина на државата, еден стар, но сеуште популарен слоган вели: „Харков – прв главен град на Украина“ („јес на другом смо спрату ал’ смо иначе први“- ш’о вика Балашевиќ). Бољшевиците ја создале Советска Украина, прогласувајќи го Харков за главен град, наспроти буржоарската независна Украина на Симон Петљура со седиште во Киев (1918-1921). По нивната победа, Украина се вклучува во СССР, па Харков е нејзин главен град до 1934, а дури после Киев.
Споменикот на другарот Ленин, кој другарски ја набута Украина во СССР, исто толку другарски требејќи ги нејзините жители, сеуште доминира со калдрместиот Плоштад на Слободата. Такви споменици сеуште стојат негибнати низ повеќе места. Плоштадот е еден од најголемите во европски, па и светски рамки, и е место за културно уметничка разонода. Во 2008 таму свиреа славните Queen со Пол Роџерс. Еднаш па имаше изложба од типот Јура парк со диносауруси, на што поготово се радуваа децата. Таму има и коњи, магариња, чак и лами, ако сакаат да се возат. Нивните постари батковци и дади, се школуваат во Харковскиот Национален Универзитет, чија сегашна зграда, пример на конструктивистичката архитектура, се наоѓа во непосредна близина. Оваа високо- образовна институција е создадена во 1805 од просветителот Василиј Каразин, кој потекнувал од Балканите (бугарин ли, србин, грк?), а во неа се школуваат студенти од целиот свет. Плоштадов има историско значење и затоа што тука имав дејт со една интересна цура. Да ја наречеме К.
Со оглед дека имам пристојно искуство со меѓународен онлајн дејтинг (умало не станав руски зет), по долгите непроспиени ноќи поминати со К. на скајп, решив дека е дојдено време да се видам со неа. Украина ја иам посетувано повеќепати, па кога се најдов таму пролетта 2011, и’ јавив на К. дека би скокнал до Харков да се видиме („скокнувањево“ е мачно патување со воз со часови, није вам то Скопје-Велес). Во „плацкартот“ (најефтината класа) на ноќниот воз, у ниедно време се деси туча. Бау-бу ауу-уу летаат боксои флаши! Не е ни првпат ни последен. Пијана раота. Во плацкартите моеш да налеташ на љубезни, простодушни луѓе, па и симпатични девојчиња, но и опасни ликови, пијандури, бараби и сл. За тоа другпат. Стигнав во Харков рано наутро мртов уморен. Прво чекав да се отвори метрото, по што се упатив во хотелот Харков во центарот. Багаж 100 кила. При моите претходни посети на градов, од незнаење или штедење, сум спиел по места, кои или биле крш или пак биле ОК, но далеку од центарот. Ова беше на самиот Плоштад, централније не мож’ бит. Не беше толку скапо колку што очекував, џаба сум се мачел порано.
Ми дадоа клуч, униформиран портир- црнец (стварно црнец) ми го зема пртљагот и ме одведе со лифтот до собата. А таа, најефтина, безвезе (имаа и подобри, поскапи), но не беше тоа најстрашното. Од прозорот, баш право пред мене – градежни работи. Може поврзани со првенството. Радници со кациги на незнамти кој спрат работат к’о птици. Не моеше да се спие. Вррр-вррр, данг-данг, киуу-киуу… (тишина) киууУ (па пак тишина) кииуу-киуу! Btw како се вика таа машина? Да не е онаа шо фрла искри? Побарав друга соба. Селидба. Бев толку измрцварен, закачив „Прошу не турбувати“ (донт дистурб) на врата, се соблеков гол и почнав да спијам, спијам… Чк-чк.. куееЕЕк. Ме буди отворање на врата?! У собата влага чистачка?! Ме глеа гол у кревет! Ах, извинете и искача. Епа докурца више! Комуњари мајке шајке пцујам викам!
Во нормалниот свет, муштеријата е увек во право. Но не и во еx-СССР. Издеравања по шалтери, радњи и рецепции е нормално. Будење у хотел, па понекад и влагање у соба, истотака. Во Русија например, туристот е обврзан со себе да носи куп папири, зашто цајкани може да го легитимираат, некои од нив барајќи мито. Во Украина е по фрај, но ипак, странецот се судира со разни проблеми. Остајте вие сте биле на семинар, ве шетале по кафичи, ништо не сте виделе. Во тој поглед кај нас е по ОК, иако не е идеално. Таму, слабо или ич не владеат странски јазици. Без знаење руски, леб нема да можев да си купувам. Односот кон туристот се менува на боље, но некои проблеми остануваат. Не е тоа Ибица.
Помнам кога при првата посета на Харков, од незнаење, барав еден хотел, кој испадна попатен мотел. Не беше лош, имаше и езерце поред, пилиња цвркутаа, ал ипак џенем! На рецепција нељубезно ме пречека постара жена. До неа, убавка блондинка. Платив најевтина соба, се сместив. Накнадно, се испостави дека по грешка не ми дале најевтина, а нешто поскапа соба. Ми рекоа сели се или плати разлика. Со тој тон. Се пребацив у друга соба, по што им отидов на рецепција: Поише вакви збрки – јок, ферштен? Женава вика ОК, без никаква доблест да се извини. Чуден е тој менталитет.
Но и противречен. Се вратив во соба, коа некој тропна. Шо е сеа?! Отварам, младата плавуша. Влезе, љубезно вели еве ти донесов даљинско и други ствари. Се глеаме накезени, ќутиме едно време, ми дое да залупам врата и да ја спрпелкам на кревет. Ама, Фемгерила вели, не е ОК да се пушташ на конобарки, рецепционерки и сл. Тие обштат со странки, не дека сакаат, а заради природата на својата работа. Дали е во право? Во друг хотел пак, неуспешно покушавав да пеглам кошула, во делот наменет за тоа. Темнокоса вработена, висока со убави нозе, ко козачка кобила, вика дај, ја ќе средам. Цак-цак, профи. Услугата се плаќаше, но таа вика не треба. Ми помагаше и за други ствари. И’ се бендисав. И шо да праиш? Феми ќе ти дое ќе ти прети со прсте ааа њет, њет. Ете така туристот во екс-СССР поминуе низ топло-ладно.
После дигресијава, назад на суровото будење од преѓеска. Комуњари мајки шајки! Бесно се облакам наврат-нанос се симињам доле. Идам на рецепција па шта је бре ово, на шта то личи, срам вас било… Рецепционерката се извинува и нагло свртуе тема: А-хаа! Па вам скоро ви е роденден! Епа еве ви подарок! Честитки! Ми даа шампањско. Ме сјеба. Сеа дали да се караш дали да се заблагодаруеш.
Со години немав добиено роденденски подарок. Моето друштво одамна се распадна, па не сум ни славел. Кој по америки, канади, австралии, кој женет, мужен, разведен, збогатен, банкротиран, полуден, у ќорка, исчезнат итн. Судба. Некако ме допре гестов, па ај реков, нема везе шо било и срдачно се заблагодарив. Тоа пусто шампањско го тегнев со километри и километри, со намера да го донесам дома, но на крај тоа пострада заради авионските регулативи. Во брзање сум го заборавил во рачниот багаж. Заврши во аеродромска канта за ѓубре. Бар го сликав непосредно пред да го фрлам. Тешко ми падна. Но остана еден друг подарок. Ќе стигнеме до него.
Со К. се чекав под споменикот на Ленин (к’о кај нас пред Путник шо се чекале). Си ги спомнував чатовите со неа. И’ велев, сум имал цури таму кај вас, ал да се патува толку далеку е сепак ризик, што ако не се појавиш? Некои од странците, кои во масовен број одат во Украина за дејтинг, биле изигрувани. Во Харков тоа и не би било така страшно, бар ќе прошета чоек. Но некои заглаиле во индустриски гратчиња, а девојката – ја нема. Типот стои ко морон со цвеќе у рука и чека. Нема кај да шета и што да види, околу него е мрак, сивило, пијандури и џепароши, не знае јазик, никој не го јебе… Мојата соговорничка К. ме успокои: тоа нема да се случи.
Сум имал многу дејтови на тие простори, некои успешни, некои не, но само една ме изиграла. Се случи тоа токму во Харков, јуни 2010. Бич. Патувајќи на средбата, у воз муабетев со една типка. Разговорот ни го прекинуваше еден дрво пијан хлопец (момак). Лежи на горно легло, свртен со грб, хрчи, ждрига, прди, мириса на вотка, пиво и сланина. Доаѓа кондуктер да го буди „Ало!“- го дрма, стануј. Овој нишо. „Ало бре стануј“ – го тресе, овој кхмм-кхмм нешо мрмори. „Абе станувај, стигнавме на твојата станица!“, а овој нишо. „Абе стануј, кај патуваш ти човече?!“, „на Тахити“ реплицира дрвово. Лееј. Го остаија. Се возеше уше неколку станици, по што сам некако се разбуди, едвај собра парталите и тргна да се симне. Му викаат „како ти така, неваспитање, ово-оно, милиција ќе ти викнеме“ а овој уше им сере и се симна од воз накрај.
На типкава у возот успут и’ дадов број, мислев нема да се јави. Ја забораив. Пристигам у Харков на дејт со бичастата, и’ вртам, нешо грубо ми одвали. Утка. Така ти е коа мислиш со долната, а не горната глава. Имаше фантастични фотки у бикини, типично за тие простори, јеби га, не сум геј. Разочарано седев у соба, коа одеднаш „ѕврррр“. Мобилниот. Ало? Држ’ га мало (се зезам). Јавуење типката од возот. Алтернатива на утнатиот дејт у прави час. Дое во лобито на хотелот, стегната у хеланчиња, од кои малку виреа тангички и еден као топ изнад цициња. Беше жешко, ко шо спомнав, јуни 2010.
Шетавме по убавиот харковски парк именуван по поетот Тарас Шевченко, околу стегнати цури у миничи, кафанчиња, караокиња, фонтани, забави за деца и улични музичари. И’ купив шеќерна пена, наивен гест што многу ја израдува. Ме сликаше кај Каскадот, скалестата фонтана. Типката се занимава со модерен балет, хип-хоп, р’н’б и кај нив популарната „стрип-пластика“. По пат гледавме талентирани млади брејкденсери. Едно момче се мачеше да прави сложени покрети, не му идеше, но повторуваше. Тие, вели девојчето, се мои идни колеги, намерно вежбаат јавно, за да се отстрамат. Прошетката заврши кај неа.
Од минатите спомени ме разбуди гласот на мојот најнов дејт, К. Не ме изигра. Пристигна под споменикот на Ленин точно навреме. Се прегрнавме и бакнавме. К’о за првпат, у образ. Иако тамошните цури главно се стегаат у миничи, оваа сеа беше у тесна фармерка и едно зеленко као жакетче. Не беше ладно, но така, к’о за април 2011. Шетаме по шармантните улици на Харков рака под рака. Убаво ни е. Сирота патувала долго, живее далеку. Прво „маршрутка“ (као мини-бус), а после метро. Изгледаше како на фотките. Висока таман, тенка, убава бела фацичка, дуга светло смеѓа коса, зелено-плави очи, еден нос убав така нагоре, аристократски и едни еротски сочни усни.
К. има 19 години, учи моден дизајн. Паметна е и креативна, али и малце тврдоглава. Ја галам по убавата коса нарекувајќи ја верверичка и сл. а таа као се трга, вика њет, њет, викај ме по правото име и го крева носето гордо, зафрлувајќи го главчето као лута. Симпатично. Етнички се декларира за русинка, а не украинка, иако има роднини и во Баку, Азербејџан, каде еден период живеела. За бившиот СССР, тоа е вообичаено, впрочем како и за екс-ЈУ. Напр. воено лице, Србин од Хрватска, живеел и работел у Босна или сл.
Идеме нешто да хапнеме. Седнуеме у пицерија Мафија. Одма до неа има и суши ресторан, тоа е ептен „ин“ таму. И ентериерот и екстериерот – вкусни! Но не и пиците. Нарачавме 1 метар долга, али испадна тенка и не баш за падање. За гурманство ги шиеме, ми дое сите да ги седнам на скара и шопска. Свири лајв музика, сакс цепа грл фром ипанима. Поминуе жена и вика „Купите цвијече“ ко Тереза Кесовија. Викам спакуј 5 љубимцице и 2 куранфила. Шала. Земав неколку ружи, непар к’о кај нас и ги подарив на К. Некои странци од незнаење зимаат парен број. Тоа му се десило на еден амер, но кога му укажале на грешката, тој брзо се снашол. Украинката, на која и’ подарил цвеќе, била самохрана мајка. И’ рекол, повели девет ружи за тебе и една за малата.
Странците во екс-СССР го бараат женскиот идеал „домаќинка у кујна, дама на улица и курва у кревет“, што кај нив одумре заради феминизмот. Рачунаат и на големиот број на сингл девојки, кои сонуваат за принц на бел коњ од странство. Не говорам за секс-туристи, а за озбилни момци. Некои од нив завршуваат среќно оженети или заљубени, а некои се жртви на кучки, кои ги музат за пари и визи или просто си играат со нив. Со нас македончињата – тоа потешко. Ем сме итри балканци, ем кои тоа пари ќе ги музе од тебе? Куче нема за шо да те апне. Не дека ја потценувам својата татковина, но за украинките и русинките има и поатрактивни, побогати и побезбедни дестинации за мажење. Некои па и не сакаат странци, ма колку и трчањето по нив да е „ин“ (ил барем беше до скоро). Не секој пати да живее во USA или EU, а поготово не у Скопје, иако иаме некои свои квалитети и со украинците и русите убаво се слагаме. Имав 4 г. врска со русинка, која од Македонија беше одушевена.
И јас, како и тие странци, тргнав на тие патувања барајќи ја загубената романтика. Често ја наоѓав, но понекад имало и утки. Еден ден, К. ме покани на клизање. Ете ти романтика. Ама не знам да клизам! Молев да ни најде друга занимација, но инсистираше. Отидовме негде џенем со маршрутка, некаков неугледен пазар со калишта и сл. Но после тој хаос стигнавме до еден ултра-модерен шопинг мол. Ма какви рамстори, какви бакрачи. Гигантско нешто. Сите украинци не се богати, но ги има. Пазар е тоа, брат, пазар, а Харков, економски, баш и не е за жалење. Во трговскиов разни чуда, бутици, брендови, ресторани кинески, арапски, а и боулинг и клизалиште. Викам дај ја да не клизам молим те, ќе паднам, вика њеет, њеет, мораш. Доаѓаме до шанакот кај шо рентаат клизалки, ме прашуваат број? Сеа ќе ја зезнам: 47 (си викам нема шансе да имаат толкаи). Типот вади. Има. Шит!
Земавме да се обуеме, ми објаснуеше како треба правилно, инаку „можело да скршиш нога“. Куку леле! Влагаме на мразот, мене паника! Не можам бре човече, не умеам! Абе ајде, отпушти се, просто е, види! Види! Праи тука пируети ко балерина. Леле викам, почна фобија да ме фаќа, тло под ноги губам, морска болест. Виде дека сум антиталенат, вика држ се за ограда. Се влечев така околу цело клизалиште, додека она клизаше слободно без мука. Ми пукна, викам ај ти клизај, ја ќе седнам у кафанчено. Идам у соблекувална, на излаз ме глеа чуварот со некоја фаца као „дејтов не оди, а?“. Пцуејќи, се собув. Ах, какво отарасуење. Седнав во кафулето и ја гледав како клиза. Кога ќе пролеташе пред мене насмеано си мафтавме. Не знам да опишам. Ко мали деца. Многу пријатно.
К. заврши со клизањето, по што земавме да се шетаме. Се осеќав малце смотано. Се задржавме пред некој излог. Ја прегрнав од позади и глеавме напред замислено. Ја бакнав нежно во образ, муа. Па во миризливата коса, муа. Па во вратчето, муа. Па позади увцето, муа. Па уште еднаш. И уште еднаш. И уште еднаш. Муа, муа, муа, муа… мххм.. њеет… мхммм… њет… продужив муа, муа, муа… мхммм даа, даа…. почна да се топи… мхмм… се грабнавме и почна жестоко љубење.
После дејтот ја чека долг пат дома. Иако родена харковчанка, таа живее во соседното гратче Мерефа. Се вели дека тоа е родно место на козачкиот атаман Иван Сирко (така е на украински, а на руски е Серко, озбилно). Тој е авторот на славното Писмо на запорошките козаци до турскиот султан од 1676, кое е познато не толку како историски документ, колку по сочното псовање. Стварно бил серко. Ќе можете да го прочитате во мојот патепис од Запорожје. Затоа, и’ реков на К., кај ќе се влечкаш сеа до Мерефа во ниедно време. Да одиме ние во хотелот…
Во некои хотели, гостинката што ти доаѓа мора да покажуе папири (во принцип, во Русија обавезно, а во Украина е троа полабаво). Други пак, може да бараат доплата, дека две особи (или три..). Некои може накриво да ја погледнат, ако ме разбирате… Непријатно да си женско во таква позиција. Но зар да се шверцаме к’о деца, ипак да си прашам на рецепција. Не бараа ништо, не правеа проблем. Само типката, која ми го подари шампањското, по малце љубоморно не’ погледна.
Утредента станавме, шетавме, ми ја покажа ликовната академија, каде што студира, па бевме у еден ланец ресторанчиња за готвена храна, Пузата хата („Буцмаста куќа“). Иако беше на оној принцип, идеш со послужавник, зимаш шо зимаш и плаќаш на каса, беше повкусно од фенси пицеријата. Хапнавме некои јадења типични за таа средина: киевски котлет (као роловано панирано мефце), кулеш (као чорба), шашлик (као ражнич) и разни тие тестенини пирошки, млинци, вареники и др. На кујната ќе се навратам другпут.
Набргу, дојде и мојот роденден. Првпат како-така го одбележав после 10 години (сеа не журки, денсања), но барем во пријатно друштво. Бевме на колачи во една слаткара, после прошетка по паркот Шевченко. Тука ги погледнавме со закон заштитените дрвја, стари по 100, 200 и 300 години! На заштитните огради околу нив, беа закачени полно катанци со потписи на just married двојки, типичен симбол на љубовта во Русија, Украина и сличните земји. Патем, во Харков има и Споменик на Вљубените. За роденден, К. ми подари книга. Булгаков, двојно издание: „Мајсторот и Маргарита“ и „Белата гарда“ со вкусни илустрации на кориците. Ја читам во оригинал на руски. Земав сто кила колачи. Слаткарата немаше конобари, шанк систем. Ноги ми паднаа, па реков боље вишак, него пак да чекам у ред. Не можевме све да изедеме, па реков да спакуваат да однесе на братчето.
Вели, сакаш ли да те одведам на моето омилено место? Се возиме на маршрутка извесно време и пристигнуваме до едно измеѓу парк и шумичка – лесопарк. На влезот нешто како триумфална порта. Сфатив. Меморијал на загинатите војници на советската Црвена армија во Втората светска војна. Големата Татковинска, како што се нарекува таму. Сум посетил такви меморијали во повеќе екс-советски градови, а и во Берлин, во Трептовер парк и Тиргартен. Зарем ова ти е омиленото место? – ја прашувам. Ме интересираат овие теми, но искрено, очекував нешто поромантично. Да појдеме- рече, поведувајќи ме за рака. Луѓе влегуваа тивко, со почит. Одевме по долгата патека, од страните имаше споменици, а пред нас, најголемиот, кој ја претставува Мајката Родина на загинатите борци. Тие тука почиваат во масовна гробница покриени со гранитни плочи, на кои има натписи со позлатени букви. Вообичаено, тука гори Вечниот оган, како олимписки, во нивна чест. Мајката делува скаменето, круто и непријателски, но како да се чувствува печал во душата, како да чкрта со заби да не пушти солза. Шш.. молчи – ми вика девојката допирајќи ме со прстот на усните. Слушај… туп-туп… туп-туп… Се слушаше очукување на срце.
Дали е тоа снимено, па го пуштаат, не знам. Ама оставаше силен впечаток во целата атмосфера. Во уши почна да ми ѕуни: „На братските гробници не ставаат крст и вдовици над нив не ридаат. Понекој ќе донесе букет цвеќе и Вечниот пламен тука гори. Некогаш тука беше само црна земја, а сега гранитни плочи. Тука нема ни една лична судбина, сите судби во една се слиени“. Така пееше славниот руски бард Владимир Висоцкиј. Стоиме прегрнати и замислени пред споменикот. Ерос и Танатос.
Толку моќни импресии останаа од таа куса врска. Таа е една од неколкуте, подолги или покуси, кои сум ги имал на тие простори. А што тогаш да кажам, за онаа најдолгата, 4 годишната, која ја имав во соседна Русија. Тоа е роман во неколку тома, „Рат и мир“, „Тихи Дон“. Љубовта со девојка од бившиот СССР е нешто посебно. Таа романтика, нежност, продуховеност, просто не се опишува (иако, нели, во секоја кошница ќе се најдат и скапани јаболка). Жал ми е, што под западни влијанија лека полека се расипуваат. Веќе стануваат к’о нашиве, што не е комплимент (чест на исклучоците).
Коа сме кај нашиве. Одам една вечер у град (ако Скопје е град, се разбира). Стандардно стојам во надворешниот дел на омиленото кафуле, каде смее да се пуши. Се вртам наоколу да видам кој све има. „Једно те исто, једно те исто, једнотеисто, тиесто, тиесто“- ко што вика Рамбо Амадеус. Поминувајќи со поглед преку лицата на присутните одеднаш ШОК! Ја глеам харковчанката К.! Не е могуче! Да не ми стаиле пиво у дрогата?! Полека, чеј, стој, мирен. Се освестувам од шокот. Погледнувам поубаво, иако сум малце (поише) кратковид.
Двојничка. К. у Скопје има двојничка. Абе копи/пејст фаца, нос, уста, очи, веѓи, коса, све. Иначе, не ја знам двојничкава, не делува ко наша. Вака стојам се крстам, не е могуче. Велат, секој има двојник некаде во светот, ама кај од толку градови Париз, Лондон, Минхен, Торонто, Манила, Буенос Аирес, па баш во Скопје типкава има двојничка и тоа ја среќавам во местото, каде што излегувам. Имав сулуда идеја да и’ пријдам и да и’ покажам слики од нејзината украинска „близначка“ на телефон. Батали, нејќам да ме отера у три лепе. И така, луди работи.
А чекај, шо бидна со првенството шо го начна на старт? Батали го.