Неодамна, во соседна Майка България се одржа музичкиот фестивал Elevation, каде покрај Cypress Hill, Sean Paul, Erykah Badu, Kosheen и Roni Size, еден од хедлајнерите беше и Fatboy Slim, кој веќе ни гостуваше на плоштадот Македонија, по повод визната либерализација пред 3 години.

Иако не ја следам неговата музика, некои негови општо познати траки секако не ми промакнале, a го знам (не лично де) уште кога под своето вистинско име, Норман Кук, беше басист на групата The Housemartins во осумдесеттите години на минатиот век. Групата е формирана во 1983, а остана позната по мелодичниот саунд, „ангелскиот глас“ на вокалистот Пол Хитон (споредуван со оној на Morrissey од The Smiths) и откачените спотови.

The Housemartins беше политички ангажирана група, а идеологијата и’ беше необична мешавина на марксизам и христијанство. Тоа е време на т.н. “agitpop”, лево- ориентирани музичари, кои протестираа против конзервативната влада на Маргарет Тачер во Британија. Иако речиси сите претходно учествувале во punk сцената (вклучително и самиот Норман Кук), својот револт тие решија да го спакуваат во помелодична варијанта. Такви изведувачи например беа: The Style Council на Пол Велер (ex-The Jam), фолк-панк акустичарот Били Браг, геј активистот Џими Самервил од The Communards, левичарските скинхеди The Redskins, Џери Дамерс од The Special A.K.A. (ex-The Specials) и др. Повеќето од нив се придружија на движењето The Red Wedge, но не и The Housemartins, иако со него делеа слични ставови.

Норман Кук влезе во The Housemartins заменувајќи го првичниот басист, Тед Кеј и свиреше на нивните два единствени студиски албуми. Првиот е London 0: Hull 4 од 1986, чиј наслов е во форма на спортски резултат, а произлегува од нивната интерна заебанција дека „The Housemartins се четврти најдобар бенд во Хал“ и е воедно одраз на нивниот локалпатриотизам наспроти престолнината, Лондон. На тој албум се наоѓа и нивната најславна ствар, Happy Hour, која беше проследена и со генијален спот. Друга нивна позната трака е и Caravan of Love, акапела преработка од црната r’n'b група Isley-Jasper-Isley,чиј спот беше снимен во црква.

Клик на наслов за преглед

The Housemartins се распаднаа во 1988, по што фронтменот Хитон ја формира The Beautiful South, а Норман Кук се приклучува кон Beats International. Оваа група ќе остане запаметена по хитот Dub be Good to Me од 1990. Музички, оваа генијална денс трака е мешавина на елементи од повеќе песни. Нејзината бас линија е семплувана од реге песната Guns of Brixton на The Clash од нивниот култен албум London Calling. Препознатлива е и по воведните зборови на диџејот, „позајмени“ од Jam Hot на Џони Динел: Tank fly boss walk jam nitty gritty you’re listening to the boy from the big bad city, this is jam hot, this is jam hot.

Beats International - Dub Be Good to Me

Кук имаше и други музички проекти, како Freakpower и Pizzaman, но својот прв албум под псевдонимот Fatboy Slim, Better Living Through Chemistry, го издаде во 1996. Една од најуспешните ствари во неговара кариера е секако Praise You од 1999, неговиот прв број еден хит, чиј спот доби и MTV награди за режија и кореографија.

Fatboy Slim - Praise You