Што има да се види во Лисичанск? Во Лисичанск нема ништо. Едно големо Ново Лисиче, будало! – ш’о вика онаа рап ствар. What mother were you looking for there? Како Лисичанск се најде во патеписниов серијал, заедно со прекрасните украински градови како Киев, Харков, Одеса и др.? Причината е едно плаво teen пиченце, чии јадри цицки, добар гз и стегнато спортско исунчано тело со пирс у пупак, ме натераа да ја посетам таа вукојебина во Луганската област на Украина (извинете, баш сум вулгарен, треба: лисицојебина). Сепак, не може да шкоди да видите и некое понеугледно место, кое не можете да го најдете ни на мапа.
Туку цинизмот на страна! Лисичанск колку и да се римува со Мухосранск (рус. затуцана паланка), тој не е некое си село. Има 105.000 жители, па гледано по население (не по убавина), тоа го прави сличен на Битола и метропола за повеќе наши градови. Иако индустриско место со грда соц-реалистичка архитектура, срозано од транзицијата во 90-те, во него ќе се најде и по некоја убава стара градба. Основан е во XVIII век, тука бил отворен првиот рудник во регионот, па затоа градското мото е: „Колевка на Донбас“. Сепак таму нема што да се фотографира. Но мештаните си го сакаат, па од милоште го викаат „Лисабон“.
Кланцај муда у воз со саати, пристигнувам на железничката. К’о за беља, одалечена е од градот неколку километри. Ај куку ноне. Но нијесам се дао збунити. Љисиц! Отварам мобилен нет, наоѓам броеви од такси. Викам ауто на руски „ња-ња-ња“. Украински во овој украински град и никој не збори. Англиски па ич. Тука, на истокот на Украина, доминира рускиот јазик и про-руските чувства и има значително руско малцинство. Доаѓа некоја „волга“ и еден бабачко таксист, румен таков.
Го збуни мојот акцент, од Прибалтикот си? – прашува (мислејќи на Естонија, Латвија, Литванија). Не, од FYROM. Се зезам, од Македонија. Интересно – вели, што навака? Глупо е да објаснувам. Дојдов да се видам со пријател – се вадам. Секогаш е добро да се сретнеш со пријател – мудро заклучи. Коинциденција е што недалеку се наоѓа населбата Новодружеск (нивно Драчево), каде е сместена пиварата Лиспи. Затоа, да кренеме чаша пиво за нови дружби, товариши! Ура! – кажано со оној совјетски ентузијазам.
Покрај тоа што се однесуваше пријателски, таксистот ми наплати реално. Затоа треба познавање на јазикот и менталитетот. Влагам у хотелот, нормално нема лифт, а имав 100 кила багаж. На рецепција средовечна жена. Бев пријатно изненаден од квалитетот на собите, како и од љубезноста на рецепционерката, што таму е реткост. Помислив дека причина за тоа е што местото е мало и нема туристи, но таа ми кажа дека тука налетува по некој странец. Главно ради online dating.
Веќе сум спомнал за моите љубови низ Русија и Украина, па не ме изненади нејзиниов муабет. Сингл мажи од USA или EU бараат жени од екс-СССР, огорчени од, како што велат, расипаноста на западните. Во првиве го бараат идеалот „домаќинка у кујна, дама на улица и курва у кревет“. Некои го наоѓаат, а други налетуваат на злонамерни кучки. Популарни за сингл мужите се Киев и Одеса, што ги прави тие места overfished и пре-декадентни. Затоа, други бараат во позабутани места, напр. Лисичанск. Но ако дејтот не успее, странецот остануе заглаен сам во неатрактивен град.
Кога дозна дека сум од Македонија, рецепционерката се озари од радост и почна да раскажува за некој гостин од Србија. Бил ептен млад, леп, згодан, васпитан и све, но избраничката го изиграла. Суку надо бить – рекол разочарано. Кучката треба да се тепа. Рецепционеркава сочувствуваше со него. Во нејзино време, во СССР било тешко да се најде саглам муж заради половиот дисбаланс. 25 мил. луѓе, повеќето мажи, изгинале против Хитлер.
Таму и сега не е лесно да се најде домаќин чоек, да е разумно ситуиран, да не е алкос и слично, но кучкава тоа не го ценела. Момакот дошол за неа во оваа вукојебина дури од Србија, плаќал авиони, хотели, вадел визи, зимал отсуство од работа / факс, поднаучил јазик… ја заболе уво. Време е на глобализација, западниот bitchiness се шири и на Исток. Противник сум на насилство врз жени, али… суку надо бить.
Кога сме кај Србинот, да спомнам дека Лисичанск припаѓал на провинцијата Славјано-Србија, за која веќе детално пишував. Во неа живееле балкански бегалци од Османлиите, вкл. и Македонци. Тие служеле на руска страна во: Српскиот, Бугарскиот, Македонскиот, Романскиот и другите полкови. Оттаму и едно од старите имиња на Лисичанск – Третья Рота (Трета чета).
Рецепционерката продолжи со анегдота за средовечен Амер, кој истотака дошол заради дејтинг, но за разлика од Србинот бил потполно неподготвен. Првпат во странство и тоа во Лисичанск! Како стигнал тука без да го опљачкаат или убијат?! Побарал печено пиле, му нашле и тој бил разочаран што „не е како во Америка“. Што очекуел, Kentucky Fried Chicken?
Но пострашно – потенцијалната невеста му ја нема ни под дрво ни под камен! Се мачеле да се разберат со рецепционеркава, па таа побарала помош од локалната професорка по англиски. Тој и’ ги дал штурите податоци за својата избраничка со кои располагал. По пребарување низ градот, се заклучило дека таму воопшто нема таква жена. Којзнае со кого комуницирал онлајн. Можеби со лажен профил или преку нечесна брачна агенција.
Голема сензација беше Кери Долего, кандидат за гувернер на Аризона. Замина по невеста во убавиот украински град Чернивци, продавајќи го својот имот, за таму да почне нов живот. Неподготвен, наивно заљубен и просто баксуз – заврши како бездомник. Поради долг, картицата му е блокирана, а немал понесено кеш и згора на се’- избраничката му ја нема нигде! Може се допишувал со лажен профил или таа просто го изиграла. Го најдоа валкан, гладен и болен како спие на улица и го спасија. Даде интервјуа за многу ТВ станици, од кои се виде дека и не е баш со сите. Ја најдоа и цурата, која тврди (или се вади) дека некој и’ го злоупотребил идентитетот.
Страшно! Секој разумен дејтер ќе искомуницира и со вебкамера, телефон, ќе истражи за девојката по соц. мрежи итн. Некои плаќаат дури и детективи! Но има и евтин, иако не бесплатен начин. Ако таа ти е стварно битна, и’ зимаш адреса за да и’ пратиш цвеќе преку онлајн шоп, кој нуди можност да ја слика при доставата (со нејзина согласност). Финти разни, иако не гарантираат дека дејтот ќе успее. Може просто да нема взаемна симпатија. Како и да е, потребна е добра подготовка пред вакви патувања. И мене еднаш ми се загуби кредитна во Украина, за што раскажав во епизодата од Доњецк.
Оној Амерон во Лисичанск едино би го сфатил за печеното пиле (на руски: курица). Храната таму е тапа. Богами баш курац му донеле! Појдов во кафанче, прелажан од неговото име Смачна хата (укр. Вкусна куќа). Го измешав со рестораните за готвена храна Пузата хата (Буцмаста куќа, слоб. превод), кои не се лоши. Може сличното име е намерно избрано, збунити непријатеља. „Пицата“ која ми ја донесоа имаше вкус на очај и величина на чаен бисквит (пародирам, ал не е далеку од вистината), а „грчката салата“ беше во едно као пепељара: 2 гр. патлиџанче, 3 до проѕирност т’нки крастајчиња и троа појќе црвена пиперка да замаскира. Све е мало, скапо и без душа зготвено.
Низ екс-СССР има и добри ресторани, како со домашна, така и странска кујна (кинески, јапански, од пиле млеко), но треба знаење и кеш. Мој пријател, бизнисмен у Москва, ме частеше гигантски бифтеци у еден амерички стејк-бар. Пукнав од јадење. Ама рачун 500€. Тоа е сасвим друг муабет. Во „Смачна хата“ стварно ми се смачи, така да името си е на место. Не го давајте!
Прошетав по Лисичанск, немаше нешто особено да се види, по некое здание ту и тамо. Плоштадот на Победата е една асфалтна пустелија над кој доминира се’ уште негибнатата статуа на Ленин Јовановски (шала). Има некои образовни институции, трговски, кафичи, па и кина (јеботе, а у Скопје кино не остана! После смејте им се). Но све у свему, тапа. Немав многу мотив да сликам.
Лесно е да се спрдаме „ружна комуњарска паланка“ и сл. Навистина, за разлика од неврзаната СФР Југославија, животот во СССР бил далеку по сив, репресивен и оскуден, ама пак луѓе таму живееле, работеле, учеле, праеле свадби, раснеле деца. Имале некој загарантиран минимум, станче, скантана лада, раднички одмаралишта. Си имале некој познат рудник, фабрики како Лисмаш или Лисуголь, па не е необично со тоа да ви се пофалат. Ние сме колевка на Донбас! А сега? Пуни супермаркети, празни џебови, понижено достоинство. Децата им станаа деликвенти и курви, фирмите под стечај или ги џапнал некој билмезмен. Но и на Запад имало крахови, напр. англиските јагленокопи во времето на Тачер (види филм: Billy Elliot).
Сепак, низ градот не видов некој крш, алкоси, сумњиви фаци (може не сум залутал у таков кварт). На улица пикавец немаше (бар во центарот), а пред гранапчето, каде очекував локални дрипци (гопники) да дрмаат ефтина вотка, сретнав сосема нормални момци. По паркчињата си гугуткаа вљубени парови, се туркаа бебешки колички. Иако многу луѓе го напуштаат градот, сепак други остануваат да живеат тука и да создаваат семејства.
Кога спомнав прееска вљубени гулапчиња, што бидна со дејтот? Знаете, позната личност родена во Лисичанск е советскиот војсководец и политичар Ворошилов. По него била наречена значката за војници – вешти во гаѓање: Ворошиловский стрелок. Се’ уште се употребува како жаргон да се пофали нечија вештина „Браос бе! Ворошиловски стрелец!“, а може и иронично „е баш си ми ти некој ворошиловски стрелец“. У мојов случај беше второто. Укратко, дејтот беше утка!
Језиво е што се повтори истото сценарио, како во претходната епизода во Луганск. Иронија на судбината (како што е насловот на познатиот советски филм). Типката се појави на састанак пред хотелот според договореното, но… со другарка. Ја помните минатата епизода: Кога доаѓаат две, не мора да значи дека ќе има тројка, а често значи дека нема да има ни двојка Две се за да „се штитат“, знак за недоверба.
Им предлагам на цурите да одиме на кафе. Не, не, ќе те шетаме низ градот. Избегаваа кафани (читај: се крие од дечкото, не и’ се свиѓам или да не ја видат комшиите со странец, да не помислат нешто, ма што знам веќе). Ме влечеа по безвезни места, каде застанувавме, по што типката мртва озбилна почињаше к’о туристички водич „сега се наоѓаме пред комбинатот за прераду шечерне репе…“. Ама буквално! Вака ја глеам, не ми се веруе. Ова се повторуваше на повеќе “landmarks” низ градот, кој од кој поочаен. Смрдеше на брбушки од лисица од очај! Не џабе регионов на шала го викаат „Даунбас“.
Шетањево беше чиста куртоазија (што и треба да се цени, ипак типката се појави). Не ја знаев добро, немавме долга комуникација онлајн, па и не се развиле некои чувства и големи очекувања. Башка, дента малце подзалади, таа се појави у некои вентијагишта, ни цице да видиш, ни нишо, па не делуеше секси к’о на сликите. Море кисело грожђе! – рече лисицата во Лисичанск, како во басните на Толстој (или Езоп, Лафонтен, Доситеј Обрадовиќ).
Неизбежно беше да се посети и споменикот на Ленин во центарот. На мое изненадување, девојката се изјасни прилично негативно за Ленин и тоа со аргументи. Храбра изјава, ретка за Источна Украина, каде советската носталгија е силна. Читала малата, не беше дибидус глупача. Многу цури во екс-СССР, дури и помладите знаат да шокираат со своето знаење.
На периферијата, од височина ја гледавме околината на градот. Пред откривањето на наоѓалиштата за јаглен во XVIII век, тука немало жив чоек. Или еден без двајца. Тука било т.н. Дикое поле (Диво поле). Ни сега не е поарно Дива лига. Ми покажаа накај соседниот град Северодоњецк, кој со Лисичанск формира агломерација. Велат, таму одиме понекад да купуваме што ни е неопходно (танги? миничи? судејќи по изазовниот имиџ на многу украинки, тие стоки се доста трошени).
Седнавме на клупа, се опуштија, почна мање формален муабет. Викам имаш хоби? Вика аеробик, фитнес, танци… Какви? Реди тука r’n'b, hip-hop и… lap-dance. Ммм интересно. Којзнае на кого му меша у скут. Ми пушташе некои нивни музики на мобилен, па ја да обијелим образ, на ноутбук им пуштив Суперхикс, Smut, Новоградска, ТБ Трачери, Јоце Панов… (зезам за задњиов). Им се бендиса.
Продуживме даље, поминавме поред еден ресторан. Им спомнав дека е проблем да се најде добра храна. Ми викаат супер е местово, има и аквариум (к’о у секоја кафана што држи до себе) и вика во него чуваат огромна жаба. Уат?! Да бе, вика, некоја егзотична, ја стаиле за украс. БЉАААК! Замисли седиш јадеш и ја глеаш жабава огромна, жива, трепка онака, плази јазик. БЉААААК ГАДОВИ!!!
Тука веќе ми се превртија црева, за среќа рекоа дека мораат да одат. Викам фала, одушевен сум од твојава презентација на Лисичанск. Комплиментот беше искрен и без иронија. Таква профи тура ми направи од толку неатрактивен град! Не видовме ништо, а таа сепак нешто покажуваше, објаснуваше. Фантастично! Вика тоа порано го спремала како школски проект. Образованието таму уште држи ниво. Енивеј, јебеш образовање коа не ја повалив. Се поздравивме. Good riddance. И за мене и за нив.
Трчање да се пакувам да си бегам. Ми пукна од вукојебини! Орелски крилја как да си метнех во асално место да си прелетнех! Правац – Москва, каде Константин Миладинов, тогаш студент во Царска Русија ги напиша овие стихови. Од Лисичанск до Москва, тоа ти е к’о од магаре на коњ! Море од мува на слон! Од Ново Лисиче у Менхетен! Бежи и не окречи се сине! Идам на рецепција викај такси. Срдечно се поздравивме со тетката. Сега на друг странец му раскажува анегдоти за мене.
Стигнав на станица, задишан барам карта. Ќути што имаше! Није вам то Скопје – Кочани. Ова се огромни земји, милиони луѓе патуваат навака-натака. Иако постои онлајн продажба, веќе имам кажувано дека не ми примаше наша картица. Наредени вдолж пругата го дочекуваме возот.
Со начулени уши чекаме разгласот да јави, од каде започнува номерацијата на вагоните. Јал од локомотивата или с хвоста (од опашот). Тоа се долги композиции, треба да застанеш таму, каде приближно би застанал твојот вагон, чиј број ти е на картата. Инаку ќе треба да трчаш до него влечејќи 100 кг. куфер. А време нема, возовите се точни. Чекаат луѓе и на други станици се’ до Москва! Не може да влезеш во друг вагон, на влез има кондуктер, ќе те врати. Затоа треба подготовка и знаење. Учиться, учиться и ещё раз учиться! – говореше другарот Ленин. Иначе, оде воз!
Влегов во воз, се сместив. Уфф… се смирив. Бев во најефтината класа – плацкарт, со која обично патувам. Нема засебни купеа, него просто вагон полн со кревети. Прав начин да се искуси екс-СССР. Пуно луѓе, се раскомотуваат, се собуваат. Некои и фармерките ги соблекуваат (она гаќа со топка напред), па навлекуваат тренерки да им биде поудобно, затоа што патот трае 24 часа (т.е. „години“ на украински ) Гледам млада атлетска плавуша. Штаак, спуштање фармерка, остануе у едни црни, кратки hot pants, тесни до пиче. Нога мазна мед да лижеш. Леле мир нема од пички! Патувањево траеше долго, но беше интересно. За него во следна прилика.
Стигам у Москва – опет дејт. Овојпат со москвичка. Типката доаѓа според договореното… без другарка. Смеѓа, минич до пупак, на штикли повисока од мене (ја сум 180 и кусур). Се бавта малце со манекенство. Одиме на кафе? Се разбира. Не кафиња, не пива, све испивме / изедовме. Седиме, муабетиме, ми пукна, ја грабам со две руки, ја дигам од столица, ја стаам у скут и почиње лапање усред кафана. Идеме кај мене у соба? Идеме… и све како што носи редот.
Апсурди. Одиш у тешка провинција, мислејќи дека таму полесно ќе пројдеш – Окинава, брате, утка. Од друга страна, искачаш со манекенка и тоа у Москва, мегалополис со 11 миљони жители, каде девојките се ужасно арогантни – ти упалуе. Е ај сеа?! Јес да оваа врска не беше сериозна и перспективна, сепак се случи, беше забавно. Значи, све у мојов живот е превртено к’о у филмон на Изи. Најди логика!
После таа тура низ екс-СССР (една од многуте), се враќам у СК. Глеам што има по рускојазичните соц. мрежи (Вконтакте, Одноклассники). Лисичанката качила нови фотки. Отварам, глеам: некоја журка, она фатена усред жестоко денсање, стегната у минич до пичка, цицки летаат, а околу неа брадати моторџии! Со марами, посивени у брадите, ќе да беа 45+, а според ознаките, не беа од јак клуб к’о Ночные Волки, а од некој локален. Ночни љисиц јеботе. Фатени беа у момент како вриштат со дигнати пива агррх едниот отпозади ја обгрлил цурава околу голото стомаче, а она нагузено му меша, му се трља со гз од кур. Аха, викам… си ја наредила
Ја заборавив. По одреден период, од радозналост и’ отварам профајлот. Напишала некаков романтичен статус: „Сфаќаме кои се навистина добри дечковци, дури откога не се веќе тука“. Тоа се вероватно оние „смс мудрости“ к’о што ги викам, кои циркулираат по соц. мрежи, па девојките им праат копи/пејст кога се меланхолични. Обично ги пропратуваат со тажна песна (некој нивен Тоше) со онакво клипче склепано од разни слики (есенски лисја, заљубен пар на обали мора). На кого мислела у статусов? Си реков не ваљда на мене? Не знам… А може некој од моторџиине и’ го начукал па одјахал на својот Днепр МТ-9 од 71-ва? Вака или онака, правда је задовољена
Типката остануе у Даунбас да копа ћумур, а ние шибаме даље, додуша не на мотори, а со воз, кон некоја следна друмска кафана во овој наш патеписен серијал. ВррРРОООоооААм!
P.S. Кажи каква тура ви напраив од поприлично неатрактивен град.