Екслузивно и претходно никогаш објавено видео од настапот на Суперхикс, кое го снимив на фестивалот Karneval Der Kulturen во Берлин во 2005 година. Само за вас, драги читатели на vbb.mk, свирката плус bonus: како Хиксите се забавуваа после неа. Се’ на се’ околу пола саат материјал. Го стаив и на Youtube за да стигне до поширока публика со квалитет од 480p (избери од менито).



Не замерајте за аматерскиот снимак и дрмањето на камерата на почетокот, сите околу мене скокаа, Германците многу позитивно ги прифатија Хиксите. Како што се развијаше свирката, ќе видите дека настана масовно денсање и позитивна енергија. Подоцна се доближив до бината, па и снимките се подобрија. Затоа, дајте му шанса на видеово, изгледајте го цело. Дајте му шанса на грашокот (гив пис а ченс) – к’о ш’о вика Ленон.

Верувам можеме да се сложиме дека скопската ska-punk дружина Суперхикс се еден од топ б(р)ендовите кај нас. Формирани се во 1994, па оваа година тие го прославија своето „полнолетство“ со концертот во Метрополис арената (т.е. на Саем де), на кој за жал не присуствував (слабо искачам у задње време), иако сум голем фан на Хикси. Нејќев да се фалам, ама создавач сум и на нивната статија на англиската википедија (под ник се разбира). Концертот на Саем беше екслузивно најавуван како проштален, по што, наводно, Суперхикс ќе се распаднеле. Не сфатив дали тоа е вистина или зезање (што е уобичаено за нив), но ете по тој повод решив да ви го изрепрезентисам овој екслузивен клип, кој чмаеше по фиоки од 2005-тата.

Во мај таа година, се бев бил нашол во Берлин за да ги проследам антифашистичките демонстрации и другите настани, кои се одржуваа по повод 60-годишнината од Денот на Победата. Не бев сместен во самиот град, а во друг, кај едни левичарски активисти, поврзани со панк сцената. Нешо анархо-комуни, сквотови, анти-глобал, антифа, ти реков- ми рече, контате отприлике. Баадер – Мајнхоф (се зезам :) ). Не сум у тој филм, али тогаш ме интересираше. До Берлин одев со оние нивни брзи возови (Verkehrsverbund Berlin-Brandenburg или скратено VBB). Се стигаше за саат, не е страшно.

Разгледав се’ што ме интересираше во Берлин, а тој навистина имаше што да ми понуди: куртулно – историски споменици, музеи, мојата фацинација – Ѕидот, како и изузетно френдли и олабаени луѓе. Моите домаќини ми предложија да го посетам и Карневалот на културите, музички фестивал, кој промовира мултиетничка толеранција. На него настапуваат изведувачи од најразлични земји на повеќе стејџови и се изведува парада на која дефилираат Бразилки од Рио украсени со пердуви, Турци или Курди играат оро, Африканци лупаат там-там и што ли нема!

Читам програмот на фестивалот… кога гледам – Суперхикс! Шлог ќе ме удреше! Од кај баш сега они тука?! Одлична коинциденција, решив да ги погледнам. Влагам у VBB (возот де) и цепам за Берлин. Прво се прошетав, глеав она East Side Gallery на Берлинскиот Ѕид, сликав, снимав и све тоа, па тргнав да купам нешто за пиче. Ја преминав границата помеѓу некогашниот Источен и Западен Берлин и налетав на едно гранапче бетер од кооперацијата у Ѓавато. Каков Запад, какви бакрачи. Пред неа седи еден запуштен панкерски лик, постара генерација. Кожњак, нитни, пришивачи, искината карирана панталона, навлечен beanie hat, жута козја брадица и ишкртан скејтборд.

Се замуабетивме. Ми раскажуваше свашта, бил силуван у 1985 година. Уат?! Вика да бе, покажуе гест к’о секс (она влече накај себе со руките). Сулуди работи. Му кажувам од кај сум, вика чеј да те види другар ми. Доаѓа другаров еден брадат лик со дуга коса и пирсои у нос на едно смешно моторче бетер од Томос. Вика од кај си, му кажуем. Па сум бил у Скопје! – вика целиот озарен. Раскажуе у 1989 шетале со жената низ разни земји, хипи филмои, анегдоти. Поминале и низ Југославија и на крај, вели, одмор на Крит (и покажуе гест како залегнуе да се сунча на плажа со главата и рацете наназад демек „аах мераци“).

Влагам у дуќанчето, на шанак црномурест човек со брада, одело, раскопчана кошуља со маљава груда и огромен златен православен крст. Викам дај ми вино, пиво, two pints of lager and a bag of crispies please… Од кај си? – прашуе. Од Македонија. Агрххх почиње тука македониа ине елиники малака скопја гамото нагамисуме @#$%!!! Типов да ти бил Грк. Му викам дај олабаи, балканци сме, комшии (дипломатија ово-оно). Се одобровољи некако.

Земав за пиење (флаша „бамбус“ се глеа и у една сцена на снимакот погоре) и отидов на фестивалот. Им го најдов стејџот на Суперхикс, каде налетав на Васко Атанасовски (фронтменот на Boobmbyx, FxPxOx, TK / SK, Bernay’s Propaganda и други култни скопски бендови). Беше дојден во својство на официјален шофер на Хиксите и тука продаваше на тезга м’рчндајз од бендот: плочи, касети, беџеви, маици, гаќи и др.

Суперхикс започнаа со својата свирка и ќе паднеа у несвест кога ниоткуда им се избацив у први редови. Она, ги манијачам сегде, нема спас, емигрираат у Токио, им искачам од фрижидер… Ја одгледав свирката, која одлично беше примена од Германците, како и од нашинци привремено или трајно населени у Берлин.

Пецо Младеновски го возеше басот к’о у Том и Џери дум – дум -дум и праеше „јеаагрхх, јеагррх“ као Луис Армстронг. Гитарата на Борис Минов одлично пржеше, моќен лес паул, она пун звук, а Жути и Диме лимене трубе дувају ♫♫♪♪ Иако Папаз не беше присутен, бубњевите на Попов (не Мирко, а Дарко) праеа ♫♫♪♪ ту- паз- па- ту- па- туп- ту- па – ту- паз- па- ту- па- туп- ту- па ♫♫♪♪

Раја рипа ја, ја бите, ама не пред сите, чују се бубњеви и зурле високо подигли су сурле, свуда од Цејлона до Бурме падају кокоси и урме ♫♫♪♪ па по наступот бендот го напушти стејЏот (со тврдо „Џ“ к’о што збори МуЧо) и се симна у публика да се порелаксира. Ladies and gentlemen, Elvis has left the building! И така, си праевме муабет, пиевме, се сликавме. Во еден момент Хикси ја земаа камерата и снимаа наоколу, изведуваа бесни глисти и сл., сето тоа е вклучено и во снимакот погоре.

На крај се поздравивме и отидов да бркам воз за назад, арно ама налетав на една швајцаркиња, па земавме да се шетаме. Фестивалот заврши, метро станицата вриеше од луѓе. Глеаме сцена, една убавка германка- блондинка стои, а и’ се залепил еден полупијан лик и нешо тука покушава аа- њаа- ња (и’ збори тука, му се плетка јазик). Оваа као ладно го игнорира. Типов одеднаш и’ запејува „ПРОЉИЈЕЧЕ НА МОЈЕ РАМЕ СЛИЈЕЧЕ, ЏУРЏЕВАК ЗЕЕ-ЛЕЕ- ЕЕНИ“. Ја у шок. Ваљда некој Босанец, не знам, у секој случај екс- југос.

Не знаевме каде да одиме со швајцаркава, касно ноќе, појма немавме кафичи, клубови ово-оно, па налетавме на еден хотел, имаше тука бифе и влеговме на пијачка. Седиме така, се сушиме од дождот, муабет, пиво, запалив цигара (смееше тогаш, покасно уведоа smoking ban на жалост на Берлинчаните, кои „чурат к’о Турци“). Тука глеаме луѓе седат, пијат, муабетат, и тука едно друштво момци и девојки. Во кафанава имаше клавир, еден од момциве седнуе, засвируе и почиње да пее на цел глас: „ТЕКИЛА – ГЕРИЛА, ПА – ПА- ПА- РА- РА – РА“ (стварта од Бајага и Инструктори од нивниот прв и одличен албум, Позитивна географија). „Берлин, ја сам мислио на… Берлин… ја сам мислио на… Берлин… са Берлинцима… ааа-аа“. Леееј викам, лудница вечер.

Кога веќе спомнав погоре прв албум, најомилен од Суперхикс ми е токму нивниот деби Чекај бе викам, каде бе малку објавен во 2000-та година, на чиј омот е скопската урбана легенда (тогашна маскота на бендот): Кристијан Поповски – Крис. Го поседувам (албумот, не Крис) како на цеде, така и на касета! Интересно, ја купив не така одамна. Просто влегов у Југотон и ги прашав дали чуваат касети. Ќе се шлогираа луѓето, од кај па сеа му текна касети да бара?! Пробуричкаа по фиоки и за чудо најдоа! И то ганц нова у целофанче!

Докази: еве ми ги и цедето и касетата (се’ уште у целофанче) со Крисот на омот.

Истотака, овој албум го иам купувано 500 пути како подарок за странци од најразлични земји, па судбината го однесе и до некои доста необични краишта на светот, кои не можете да ги најдете ни на мапа. Веќе знаете, на сајтов често пишувам за своите патувања низ Русија и слични места, како и за љубовите кои сум ги имал на тие простори. Btw интересно е да се спомне дека фронтменот на Хиксите, Петар Младеновски, е дипломиран русист, па понекогаш шпрехаме на руски кога ќе се сретнеме. Пред некое време сакав да испратам подарок на една цура од Русија, која, интересно, живее во град од затворен тип. Тоа се обично воени, нуклеарни или научни центри од голема стратешка важност, кои властите се’ уште параноично ги чуваат од аутсајдери. Формирани се во советските времиња и се’ уште постојат дури и ден денес.

Пеце ми е многу смешен со своите луис армстронговски испади. Она со рапав глас нешо „јеаагрх- јеаагрхх“. Фантастичен вокалист.

Нивните жители живеат мање-више нормални животи, одат на работа, школо, факс, се случуваат по некои културни настани и сл., но… овие градови се опколени со граница, стражи, бункери, бодљикави жици, мински полиња и чуда, влезот и излезот е дозволен само со пропусници (кои тешко се добиваат) низ строго чувани контролни пунктови. Странец таму не смее да припари, дури ни руски граѓанин, доколку нема добиено соодветна дозвола, што е тешко изводливо, ако не и невозможно. Језиво. После кукајте против нашиот неврзан титоистички самоуправен комунизам (не да го фалам, си имал тој многу маани, но факт е дека бил далеку полиберален, без Ѕидови и „забранети градови“).

И ете така случајно се најдов у муабет со цурицава на нет, па реков да и’ пуштам подарок за нејзиниот upcoming роденден. Се решив за проверена варијанта, која никад не ме обрукала пред странци – првиот албум на Суперхикс. Не е финта да испратиш mp3-ки на мејл или линкови до јутјуб, сакав да и’ го купам оригиналот, но сегде беше распродаден! Едвај, ама едвај ископав низ скопскиве радњи еден единствен примерок!

Со оглед дека девојчето живее во страшно забутан, згора на тоа и затворен град отаде Урал, во азискиот дел на Русија, се решив да и’ го пуштам цедето по една од брзите пошти, за да и’ стигне побргу и за евентуално да не се загуби. Додадов и една туристичка книшка за Македонија на руски (една од ретките, ако не и единствената на руски кај нас) и некои разгледници (она, Канео, Охрид, класика).

Пакетчето успешно и’ пристигна по само неколку дена, што многу ја израдува! Пристигнатата пошта во таквите места инаку се проверува, па си замислував какви скиселени фаци напраиле кагебеовците, кога го виделе цедето и песната на него под наслов „Мистер Бирократ“ (башка и Крисот ги поздрави од омот).

Туку многу ги испофалив Суперхикс, да не ги урочам, па да спомнам дека имам и по некои критики. Рецимо, дали беше соодветна онаа соработка со Дани (ништо лично против пејачката, просто не ја сметам за R’n'R, не знам како влезе во целава работа, но неисе). Истотака, не ми се допаѓа и кога наши квалитетни и докажани музичари (како Суперхикс, впрочем) свират кавер тезги по кафичи (честопати трошејќи го својот талент пред публика која нема везе со урбаната рокенрол сцена у Скопјево, некои фаци рибља чорба да им свириш, така иде зборот). Тезгите не се рок сцената. Таа е на Рок Фест, на Таксират и на други места.

Порано жестоко пљукав на таа тема (тоа ми беше панкерска оставштина), што не беше ОК од моја страна. Не сфаќав дека музичариве ипак мора од нешто да живеат! Човек почнува да конта како што созрева. Сепак, најдраго би ми било, а верувам и на самите музичари, доколку тие би можеле да живеат од својата авторска музика, како во секоја нормална земја, што им го пожелувам.

Бендови ’рмбачат по подруми со години без никаков ќар, оставаат „срце на бина“ (к’о што вели Џоле Смат), едвај албум да снимат, дур’ кајмакот и ловориките незаслужено ги собираат турбофолкери, естрадни тралалајки, разни „таленти“ и „идоли“, боки 13-ки и слични будалаштини. Сето тоа Суперхикс одлично го опишаа во својата ствар, инаку моја омилена, чиј наслов е: Нова Каледонија.