Радио можда није у тренду, али Трендо је у радију! Снимак од гостувањето во емисијата „Слушајте филм“, кој го ставив по повод наградата за сајт на годината.
Off.net.mk на мојот драг познаник Сашо Мацановски – Трендо се закити со наградата за најдобар сајт за 2012 година, па тоа ми даде идеја да ја објавам оваа снимка од мојата архива. Се работи за познатата радио емисија, специјализирана за филмски саундтраци Слушајте филм на легендарниот Влатко Галевски (Октет Македонија, Маклабас) со кого се знаеме уште од времето кога се излегуваше во култното Багдад кафе во чаршискиот Безистен. Во ова издание на неговата емисија гостуваа Трендо и Илина Јакимовска, уредничката на литературната рубрика на off.net.mk, чиј наслов е Bookbox. Заедничко им е тоа што го обожуваат Том Вејтс, кој, меѓудругото, и прозвуче во емисијава.
Емисијата на Галевски има непрекинат стаж од цирка деценија и пол и покрај селидбите низ повеќе радио станици (Радио Уно, Македонско радио, Равел, Метрополис, МОФ). Конкретно, снимкава која ќе ја чуете подолу е од Метрополис, од доцните ноќни саати на 6 февруари 2012. Инаку, со Галевски бевме и колеги по радијска линија во Равел. Мојата емисија, Радио блог, почнуваше веднаш по неговата. Трендо гостуваше во Радио блог во една прилика, но за тоа другпат. Со него се запознавме преку некогаш страотно популарниот блог-сервис, Блогерај, кој беше негово дело.
Кликнете подолу на плеј и „слушајте филм“ (а потоа гледајте музика). За жал квалитетот (битрејтот) на аудио снимаков е намерно намален за стримањето да биде за сите брзо. Ипак е ова емисија од 2 саати, во појак квалитет фајлот ќе беше прегабаритен.
Ете така, го чувте Трендо и неговите пријатели, а сега и да го видите. Сценава ви е вероватно позната. Од доделувањето на наградите Златна бубамара во Универзална 2006: изведбата на италијанската комунистичко- револуционарна химна Bandiera Rossa у фазон на Панкрти или КУД Идијоти, со Трендо на гитара, новинарот Борјан Јовановски (екс- Хаос ин Лаос) на тапани, актерот Кили Немој-да-ме-јебеш на клавир, а вокалист е фолк пејачот, сега покојниот, Гоце Арнаудов (така енергично делува на снимаков, чудно како така замина). Музичкава точка започнува под диригентската палка на директорот на радио Бубамара, Ранко Петровиќ, а ја одјавува актерот Сашко Коцев, бркајќи ја публиката по-кумановски.
Инаку, како што е евидентно од видеово, Трендо е левак к’о Џими Хендрикс или Пол Макартни Но за разлика од нив, наместо да земе гитара за леваци или да ги нареди жиците однаопачки, он нашол крајње неконвенционално решење. Он зима нормална гитара со уобичаено наредени жици и ги фаќа акордите однаопачки! Значи тенките жици му се горе, подебелите надолу.
Причината за тоа е во следното. Коа бил клинац многу сакал да научи да свири, но немал гитара, па кога ќе отишол кај некое другарче кое имало, се немало ни време ни нерви да се вадат жиците и да се редат за левак, па одново да се штимаат, па после да се враќа се’ по старо итн… Бар така запамтив од она што тој ми причаше, низ магла ми е. Може затоа наступов му звучи малце чудно??!
♫♪♪ Now look at them yo-yo’s that’s the way you do it
You play the guitar on the MTV
That ain’t workin’ that’s the way you do it
Get your money for nothin’ and your chicks for free… ♫♪♪