Нов фото-репорт од Одеса, Украина, во кој, покрај нејзините убавини, ќе ја видите и куќата на Мисирков, кој одреден период живеел таму. Овој убав град последен пат го посетив во јуни 2013. Ако ве мрзи да го читате новиов репорт, разгледајте ја барем новата фото галерија под текстов, до која можете да скокнете со клик тука.
За мојата прва посета на Одеса во 2005 год., веќе ви раскажував во епизодата Одеса – мама прво сидро, една од многуте во овој патеписен серијал. Моето прво пристигнување во тој убав град, која се наоѓа на бреговите на Црното море, беше со брод од Истанбул, но последниов пат таму пристигнав со воз од Харков.
Пристигнав на одеската железничка станица сиот изгужван по 14 часови поминати во плацкартот (најефтината класа, која се состои од вагон полн со кревети, кој не е поделен на купеа). Интересно, на украински „час“ се вика „година“, фактички тоа биле „14 години“. Во рамките на моите „турнеи“ по екс-СССР сум поминувал и многу поголеми растојанија (ова не се рачуна за големо), но сепак беше напорно.
Во воз до мене се смести една бабушка со внучиња, кои со себе тегнеа цел точак. Прво ме замолија да им помогнам да го качат во воз, а потоа со натчовечки напори морав да го кревам за да го набутам у делот за багаж високо над леглата, а постоеше и опасност да падне во текот на патувањето (што за чудо не се случи). Згора на се’ беше жешко до зла курца (иако „Дјевојке у љетним хаљинама волим“ к’о што викаат Хаустор, сепак не трпам жештини).
Ги избегнав станичните таксисти (Одеса е град на преваранти), по што, со тешкиот багаж пешки се упатив до хотелот. Имаше доста шпартање, ама се исплатеше. По пат направив прекрасни фотографии од шармантните одески улички. Резервирав соба на главната пешачка зона на Одеса, улица Дерибасовская. Всушност, на официјалниот јазик таа е Дерібасiвська, ама на украински јазик во Одеса никој не говори. Никој. Во овој град, како и во други места на Југот и Истокот на Украина доминира рускиот јазик и про-руските чувства. Дури и локалните етнички Украинци говорат на руски. За овој јазичен проблем проговорив и во есејот Украинска страва.
Значи, локацијата на хотелот ми беше: поарно – здравје! Буквално се’ ми беше у walking distance! Иначе, кој ќе се ебава со јавен транспорт, кој во градов се состои од маршрутки (као мини бусови) и трамваи. Метро нема, заради катакомбите, кои се прокопани под градот. Тие се остаток од рударските ископувања во XIX век. Подоцна, во нив се криеле разни разбојници и шверцери, а во Втората Светска Војна и одеските партизани. По пат накај хотелот ме фати глава, морав да застанам на едно место, да прочепркам низ цел багаж да ископам кафетин. Којзнае како сето тоа им изгледало на минувачите, ал ме заболе… глава. После илјадници километри поминати по секакви возови низ Русија и Украина, нормално е дека ќе те заболи.
Без проблем ја најдов улицата, која ја барав. Тука туристи, кафулиња, ресторани, продавници, убав парк, едно-друго. Лифт во хотелот, нормално, нема (ова ми се случувало во повеќе хотели), па морав да се пентрам со сто кила багаж. Собата може беше малце тесничка, али средено цакум-пакум. Таман да си донесеш гостинка. Откако се одморив, тргнав да прошетам низ градот. Ги разгледав сите битни куртулно – историски споменици (кои таму ги има во изобилие): споменикот на Јекатерина Велика, Приморскиот булевар, операта, Потјомкинските скалила, пристаништето, како и споменикот на познатиот пејач и актер од советските филмови, Леонид Утјосов. Вам веројатно тој ништо не ви значи, но постарата генерација го памти по улогата на овчарот Костја во советскиот мјузикл „Весели момчиња“. Патем, она „Јекатерина“ и „Потјомкин“ не се печатни грешки. Тие така се изговараат правилно, затоа што ова «Е» на руски е «Је» (Екатерина), а ова «Ё» е «Јо» (Потёмкин).
Решив и да ја најдам куќата во која некогаш живеел нашиот Крсте Петков Мисирков, во што и успеав. Тоа е едно старо здание на улица Канатна број 28 (значи спаѓа во стариот дел на градот и не беше претерано далеку од хотелот). Мисирков е роден во село Постол, Ениџевардарско, Егејска Македонија во 1874 год. Селото, кое инаку го имам посетено, е фактички на местото на античката престолнина Пела, но Мисирков во своите дела не говори за Александар Македонски, а за Македонски Словени. Починал во Софија во 1926 год. Најпрвин исликав повеќе пози од спомен плочата посветена нему (инаку, напишана на доминантниот руски, а не на официјалниот украински јазик).
Посетата на ова место ќе беше залудна доколку и самиот не се фотографирав покрај спомен плочата. Ова е проблем, затоа што патувам сам и честопати нема кој да ме слика. У близина налетав на двајца дечки, кои ги замолив да ми помогнат. Ме штракнаа. Се заблагодарив и тргнав малце да го подистражам соседството, за евентуално да најдам некоја интересна информација или сл. Зад грб ги слушав муабетите на дечките од типот: „Кој е па сега овој Мисирков?! И што овој луд странец толку запнал да се слика со него?!“ или така нешто (не им замерајте, не знаат и не се ни должни да знаат за Мисирков, башка беа некои ропаци).
Тука најдов еден пролаз или како да го наречам, кој водeше во еден двор (правилно ли е ако кажам „атриум“?). Влегов внатре. Во дворот ништо особено, запуштено, мачки шетаат. Тука налетав на еден постар господин. Му се обратив добар ден, јас сум тој и тој, од таму и таму, знаете дека тука некогаш живеел Мисирков? Тој вели да, запознаен сум со оваа работа, но не би можел нешто особено да ви раскажам во врска со тоа. Во маалово живеам околу 60 години, па не знам што тука се случувало пред тоа, ниту пак ми кажувале постарите. И така си направивме пријателски муабет, по што љубезно се поздравивме и продолжив со прошетката низ градот, задоволен што сепак ја најдов куќата на Мисирков.
Седнав на клупа во паркот да се одморам. До мене се најде еден човек. Истотака повозрасен господин. Во земјите како Русија и Украина важи правилото дека секој васпитан човек најпрвин држи дистанца со непознат. Особено во Одеса, кој важи за град на секакви преваранти, човек треба да пази со кого разговара. Но ова беше ОК чоек, стар Одесит и прилично зборлест. Коа почна, не можев да го запрам.
„Од кај си – што си, ние сме браќа Славјани“ итн. Како што и предвидов, потоа прејде на муабети од типот „Колку беше боље у време на СССР, ја растурија државата, армијата, морнарицата…“. Му реков дека го разбирам, иако се држев до нашата некогашна неврзаност од времето на СФР Југославија. Продолжи со муабети на општествено – политички теми и вели: „А знаеш ли како јас знам за сево ова? Вклучен сум во политиката, член сум на една силна политичка партија“ – рече тој значајно, по што тргна да ја извади членската книшка за да ме импресионира (не мораше да ја вади, затоа што веќе знаев дека се работи за про-руската Партия регионов на Јанукович). Све знам више, ги знам како дишат. Коски иам остаено на тие простори и детално ја имам истражено нивната култура, историја, менталитет, а и јазик (таму комуницирам исклучиво на руски). Но џабе ми се мене познавањата, нема мене да ме направат дипломат, а испраќаат некои што немаат појма каде отишле. Зато смо довде и догурали.
Меѓудругото, чоеков спомна нешто што мене ми е одамна познато, а тоа е дека Одеса е мултиетничко пристаниште и дом на 250 миљарди етнички групи: Украинци, Руси, Евреи, Молдавци, Бугари, Грци, Ерменци, Албанци итн. Како што веќе сум ви раскажувал, тука имало дури и мала заедница од Македонија (во одреден период, таму живееле Крсте Петков Мисирков и Димитар Влахов и разни наши слаткари, бурекџии и други печалбари). Од етничкото шаренило на Одеса произлегуваат и називите на некои од нејзините урбани топоними: улица Еврејска, Грчка, Голема и Мала Арнаутска (Албанска), Бугарска, Француски и Италијански булевар итн.
Најпосле, стариов морски волк мораше да сврти малку и на тема жени и секс (сте приметиле, чичковците сегде се такви безобразни хехе). Одеса е позната по убавите девојки. Било меѓу секс-туристите (градот врие од проституција), било меѓу оние, кои бараат искрена љубов, па и брак. Илјадници мажи од западните земји бараат партнерка во екс-СССР, разочарани од жените во своите средини, за кои велат дека „се расипале под влијание на феминизмот и материјализмот“ или сл. Веќе сум ви раскажувал за своите online dating искуства на тие простори, при што имало и големи љубови. Дејт со Рускиња или Украинка е нешто особено (ил’ барем беше доскоро, и тие почнуваат да се „расипуваат“). Ова особено важи за Одеса. Тоа не е баш место за љубов и романтика.
Тоа е атрактивна дестинација, каде цурите знаат да бидат „поразгалени“ во однос на оние од позабутаните делови на екс-СССР. Таа привлекува мажи од цел свет, па веројатноста „да се упеца“ нешто во Одеса е помала отколку во други места. Затоа за неа се вели дека станала премногу декадентна и “overfished”, а на онлајн дејтерите им се препорачува да ја избегнуваат. И најбитно од се’, преварантството и итроштините се неодвоив дел од урбаниот фолклор на Одеса, па така во неа живеат и некои девојки, кои ги злоупотребуваат наивните и неупатените странци. Методи за „ошуруење“ на странци има различни и тие се прикаска сами за себе. Мене такво нешто не ми се случило, ние сме од мала и не баш богата земја за да би биле мета на такви превари. Башка, како Славјани (релативно) лесно можеме да го разбереме рускиот јазик, а имаме и балкански „булшит детектори“.
Како и при секое патување на тие простори, така и во оваа прилика морав да иам дејт. Во прашање беше едно тинејџерче – студентче, такво едно високо, јадро и спортско. Цурата се бави со професионален бадмингтон (ова ми беше доста откачено) и има дури настапувано на турнири. Ја може не сум некој спортски тип, но сакам спортски девојки Поготово онакви од реклами за „Орбитрек“ или сл. Долго време комунициравме онлајн, при што ми праќаше клипчиња од своите тренинзи, а за да напраам финта, јас и’ пратив инсерт од филмот „Розенкранц и Гилдестерн се мртви“ во кој главните ликови играат некаков „филозофски тенис“, упатувајќи прашања еден на друг преку тениска мрежа. И’ се допадна. Клипот можете да го видите со клик тука. Дојде момент кога сметав дека виртуелниов муабет треба да прејде во кафе-муабет, па то и’ го предложив. Ја маваа малце паранои, од кај ме знае, и’ пишува некоја будала од курац негде, па не ми даде дефинитивен одговор. Кога моите патешествија ме доведоа во Одеса, и’ јавив дека сум пристигнал во градот и дека би било редно да се видиме. Ваква прилика не се пропушта.
Уговоривме састанак на најубавото можно место у градот, кај споменикот на војводата Ришеље (1766-1822). Околу него има убава стара архитектура, а карши него се Потемкинските скали и има убав поглед кон морето. К’о нарачано, тука се беа нашле повеќе бели пајтони како од царските времиња, а во моментот се случуваше и некаков перформанс / флеш моб, како да го наречам тоа, при што организирана група ученици пушти илјадници разнобојни балони во воздух. Сакале да постигнат некаков рекорд, не сфатив, ал’ добро изгледаше (иако ја загадија околината со тон пластика ради глупости). Седам така на клупа, пицнат у кошуљче и чекам. Си викам оваа нема да дое. Коа слушам: ток – ток – ток -ток (звекетаат high heels што му е иначе фетиш на Кико звани Рингла). У даљина се лепрша летњо хаљинче. „Дјевојке у летњим хаљинама волим“.
Се поздравуеме тука, цмок – цмок, добро изглеаш, како стигна ово-оно и почињаме шетња. Ми покажа некои интересни места, по што седнавме у едно ресторанче у староградски фазон. И јадеме тука ќебапи, шарски, шопски салати, јареќе печење, телеќа коленца, шкембиќи у сафту, Шиљо доаѓа од Наџак не’ служи. Вика „Богами Шојићу код вас изгледа нема кризе?“, а ја викам „Па постигли смо одреѓене резултате“. Како што имам раскажувано, храната на екс-советските простори углавном е тапа (со по некои чесни исклучоци) и нема шанси со нашата. На крај, стандардно за тие простори, испивме и шоља црн чај уместо кафе.
Земав да и’ раскажувам за СК2014, колку е тоа боље од тој нивен безвезен класицизам и барок од XVIII и XIX век (се зезам, нормално ). Уствари и’ зборев за Охрид, а о чем би другом, па и’ покажував слики на телефон. Нормално, таа беше воодушевена. Уау Охрид! Уау езеро! Ние тоа неаме! За жал иаме само две мориња, Црно и Азовско! Дај те молам да емигрирам у Охрид! – почна да плаче кутрата. Се зезам. И’ се допаднаа сликите, рече баш фино и тоа е тоа. Меѓудругото, ми раскажуваше дека пред да пристигнам, во Одеса се случила некаква морска бура, при што пострадале доста кафулиња и клубови по плажите. Тоа било ептен лом, да не речам цунами. Имаше и на нивните вести.
И збориме така ш’о збориме, коа нагло ја зиам тука шлаап залапуење, а оваа ммм се гуши (тука кромиче малце заудара ш’о сме кркале). Па цице фаќање шлаап – шлаап, бутче шлаап-шлаап. Луѓе гледаат, снимаат со телефони. И така се глеавме кратко време (не беше ова една од оние долготрајни љубови што сум ги имал на тие простори, а просто авантура). На крај се отеравме у три лепе (она почна нешто да зановета и да булазни). Се изнервирав, решив да си бегам. Барав карта за назад, имаше само туркиш ерлајнс Одеса – Стамбол – Скопје, 350 евра. One way ticket to hell. Па какви се тие цени побогу! Нема везе, ја купив картава онлајн и се спакував. Им реков на рецепција да ми викнат такси. Избацивачот на хотелов, кој намрштено ме пречекуеше на влез (што е типично на тие простори), одеднаш љубазно ми се понуди да ми помогне за багажот. Ш’о ти текна одеднаш – си викам, у реду чим запнал.
Стигаме до таксито, го тура куферот у багажник и стои. Му викам фала многу, влагам у ауто и тргаме вррРРМ… Овој остана зинат. Дури отпосле ми текна дека чекал бакшиш. Кој го ебе. Паре, паре, дупе вам је зинуло за паре, ево вам за ваше хонде, за ваше колор телевизоре, полудуем тука к’о Пантич у Тесна кожа кецот. Ќе ти ебам и Одеса и све. Стварно прекрасен град, архитектура, музеи, споменици, море, пичке си материне, Скопје према неа е задња паланка, али брате све нешто за пари. Што пари иам спичкано по тоа Русиите и Украините, треба орден да ми даат, па уште тебе да те хранам. Ебате беља ебате. Добро, може и ја претеруем, али стварно ми беше пукнато од све, со недели се влечев по возови навака-натака, малтретажа увелико, се испокарав со цурава, отидоа огромни пари и све испадна наопачки, само сакав да се приберам дома.
Стигам у Стамбол на аеродром Ататурк, каде што го фатија оној од Midnight Express, Били Хејз, со кило и пол хашиш (ваљда таму го фатија, не на азискиот аеродром, Сабиха Гокчен?). Ал’ тоа уствари не е ништо. Пред извесно време на Ататурк го фатија и советникот од општина Кисела вода од партијата ТМОРО-ВЕП, Томе Димишковски, со 20 кила хероин. Чекам у редица, прашувам едно Турче у униформа кај да идам да чекам лет за Скопје, овој почиње на расипан српско-хрватски. Ми објасни све пријателски, ме орасположи малце. Му се заблагодарив и тргнав каде што требаше. Седам така у холот на аеродромот, тука све Арапи, Црнци и Кинези. Што ли нема тука. У тој момент се дешаваа протестите на Таксим, си викам да отидам до градов, да стегнеме еден репорт с лицу места. Имав доста време до летот, но решив да не ризикувам. Напнатоста се чувствуваше и на аеродромот… Немаше место во Б’ргер Кинг! Стварно чоек да се изреволтира! Седнале со по едно кафе 5 саати не се тргаат!
И така се мафтав навака – натака, некако најдов едно место у чекална и дремев безвезе. Покушав да се закачам на wi-fi ал’ ми бараше пари. Јеби га, платив едно евро, се закачив и и’ пишав на цурава од Одеса, у стилу: „Еве ја си отидов, не те замарам поише. P.S. Ви пожелувам уште појако цунами…“. Ко преживи причаће. Е тоа ти е, пред речиси деценија (всушност 8 години, ал да не цепидлачиме сеа за две), од Истанбул јас отпловив за Одеса, што беше почеток на моите турнеи по бившиот СССР. А сега, еве пристигнав во Истанбул од Одеса со авион. Некако испадна како кругот да е затворен. Anchors Aweigh! Македончето го крена сидрото од Одеса и отплови назад дома под турско, како Мисирков некогаш.
Куќата на Мисирков и соседството
Заминувањето за Истанбул
Она на сликата погоре е Çaykur (тур. Чајкур, логично, чај од к**). Ми го дадоа у авион. Така е тоа драги мои, ВББ може да се мучи, да се ебава по светот низ триста муки, да објавуе најбољи травелози, ал џабе, на крај као награда увек добија… Но добро, он и не заслужуе боље, он не е чоек. Као типот од вицот што купил hot dog, по што разочарано прокоментирал: „Од толкао куче мене к***т ми го дадоа“. Затоа иаме други, многу подобри портали, каде ќе читате за Кико Рингла и остали високоумни муабети. Нема да ми замерите за оваа мала иронија по толку напорен, а потполно неисплатлив труд.
P.S. Благодарност за вниманието и ѕирнете ги и другите патеписи со клик тука.