Почина Денис Фарина, познат американски актер од сицилијанско потекло. Роден е на 29 февруари 1941 год. во Чикаго. Пред да стане актер, речиси две децении работел како полицаец, заради што доста убедливо играше такви улоги на филмското платно и на ТВ екраните. Најрпвин бил консултант во крими филмови, по што ќе ја добие својата прва, епизодна улога во филмот “Thief” со Џејмс Каан во 1981 год.
Бившиот кап влегува во филмскиот свет благодарејќи на режисерот, продуцентот и сценаристот Мајкл Ман, познат по култната крими серија од 80-тите години на минатиот век, “Miami Vice” со тогашниот секс-симбол, Дон Џонсон. Фарина ќе остане запаметен по улогите во сериите “Law & Order” и “Crime Story” и филмовите “Midnight Run” со Де Ниро, “Ћутање је злато“ со Чак Норис, “Eddie” со Вупи Голдберг, “Out of Sight” со Клуни, “Saving Private Ryan” на Спилберг, “Snatch” на Гај Ричи и многу други.
Денис Фарина можеби не спаѓаше во оној најтоп ешалон на америчкото глумиште, но ми останал во сеќавање од серијата “Crime Story” од втората половина на 80-тите. Мајкл Ман, како нејзин извршен продуцент, го регрутира Фарина за главната улога на поштениот полициски инспектор, Мајк Торело. Тој се бори против суровиот, но харизматичен мафиозо, Реј Лука, кого го играше тогаш популарниот Ентони Денисон (некако исчезна актеров). Олд скул ителиен стајл! И оваа серија се здоби со култен статус, како низ светот, така и кај нас. Иако Фарина ја играше главната улога, момците и девојките од мој клас сепак поише се палеа на Реј Лука и неговата „елвисовска“ фризура. Дејството на “Crime Story” се случуваше некаде во доцните 50-ти и раните 60-ти години, па имаше еден ретро гангстерски шмек (она мантили, шешири, кадилаци) и имаше фантастично одбрана музичка тема за воведната шпица: “Runaway” на Del Shannon. Верзијата на песната употребена во серијава не е онаа оригиналната од 1961 год., туку е римејк, специјално снимен за нејзиниот саундтрак. Подолу можете да погледнете воведни шпици од серијата, кои беа толку cool, што се прикаска сами за себе, као некакви спотови да речеме.