Мои снимки од концертот на Dog Eat Dog

По речиси 20 години, познатата американска група Dog Eat Dog вчера по втор пат настапи во Скопје. Нивното прво гостување во нашава престолнина се случи на 9 декември 1995 година на T-Fest на Скопскиот Саем, каде тие ја делеа бината со The Prodigy, Renegade Soundwave, Goldblade, Liquid Limbs, Архангел и Филхармонија (за задњево се зезам). Доколку сакате да се потсетите на тој легендарен музички настан, погледнете го следниот видео клип: клик тука. Во тој документарец има и сцена како Dog Eat Dog шетаат по тогаш небарокниот скопски плоштад и се воодушевуваат од неговите убавини, како напр. кожарската радња Кенан и сл.

А ние да се вратиме во новата барокна ера. Синоќешниот настап на групата Куче јаде куче во Домот на млади 25 мај беше перфектен, како и атмосферата, која ја создадоа нејзините членови. Тие добро се испотија за четиристотините неконвертибилни денари, со кои ги подмитив на каса за да ме пуштат, пришто наполнија неколку кофи со вода (членовите на групата, не тие на каса). Локална поддршка пружи предгрупата од Куманово TV Rage.

dog eat dog skopje 2014 karta vbb mk

Атмосферата беше одлична, тука беше присутна елитата на скопската музичка сцена (Пеце Суперхикс, Ѓоле Смат, Зафо Бумбикс, Шон и Јанче од Дени те чува, Јоце Панов и др.). Само Крисот фалеше. Dog Eat Dog прописно ги отпраши (скоро) сите свои хитови со елементи на hc punk, hip hop, funk и сл., само “Who’s The King” некако чудно ми зазвуче. Дали бубњарот забушаваше (попило се мало или не му платиле доволно) или можеби не слушале добро од мониторите, не знам. И не е битно, никој не примети. Имаше и интересна “jazzy” импровизација помеѓу саксофонистот и гитаристот (на принцип „прашање и одговор“). Јако беше и кога Зафо Бумбикс се убаци на микрофон и пееше заедно со бендот. Подоцна, на бендот му се придружи и втор вокалист и рапуваше тука како Врчак или Даскал.

И све беше супер, но за жал немаше доволно раја. Мислам дека настанов заслужи повеќе внимание. Истотака, забраната за пушење доста крши филм. Не ти иде некако. Но за тоа не е виновен ниту бендот, ниту организаторот Password продукција, кои одлично си ја тераат својата работа. Концертот го проследив седејќи на бината, сликајќи и снимајќи од време на време, па подолу разгледајте некои фотки и кликајте на нив за зголемен преглед.

После тоа бев у град. Некако депресивно беше. Ладно, дожд, па ми се закачи еден пациент. Стално привлекувам некакви полулуди „ликови“, ја не знам што е ова више. Ал добро, можда и ја сум пациент за некого. И така, се напраив крш и после не знам шо све беше.

001_dog_eat_dog_skopje_2014

Ладен чај или сокче уместо пиво у публика

002_dog_eat_dog_skopje_2014

Јулија Тимошенко у публика

004_dog_eat_dog_skopje_2014

Басистот праи „рибља чорба“ покрети

003_dog_eat_dog_skopje_2014

Молитва од Марија Шерифовиќ

005_dog_eat_dog_skopje_2014

Зафо се убацуе на микрофон

006_dog_eat_dog_skopje_2014

Пејачот десно у оперски став

007_dog_eat_dog_skopje_2014

Пејачот забораил да искључи пегла пред да тргне на пат (му текнало усред свирка)

008_dog_eat_dog_skopje_2014

Припадник на седмата сила на прва линија на фронтот и разни вентијагишта десно