Јас сум голем љубител на животните, затоа што (најчесто) тие се подобри од луѓето. Еве мој избор на интересни животни, со фото, видеа и куси информации. Како и секогаш, морав да одберам и понешто бизарно. Па да почнеме со ред:
Манул (лат. Otocolobus manul) е дива мачка, која живее во рускиот Сибир, Монголија, Казахстан, Киргизстан, Западна Кина и други места, главно во Централна Азија.
Вомбат (лат. Vombatus) е цицач од редовите на торбарите (како и кенгурите и коалите), кој живее во Австралија.
Овцабик (лат. Ovibos moschatus) е тревопасно животно помеѓу овца, коза и бик, со поголема доминација на двете првонаведени животни. Живее во студените арктички предели на Канада, Аљаска, Гренланд, Скандинавија и Русија.
Тапир (лат. Tapirus) е тревопасно животно кое може да се сретне во Јужна и Централна Америка, како и во делови на Југоисточна Азија.
Динго (лат. Canis lupus dingo) е вид на диво куче од Австралија.
Јак (лат. Bos grunniens и Bos mutus) е тревопасно животно сродно со кравите. Живее во Тибет, Непал, Бутан, Западна Кина, Монголија и Русија и делови од Индија.
Киви (лат. Apteryx) е најмала во родот на нелетачките птици, во кои например спаѓаат и ноевите. Живее во Нов Зеланд и е негов заштитен знак.
За крај и неколку видео клипови поврзани со темата, за која говоревме погоре.