brazilsko-germanska_vojna-ft

Катастрофалниот бразилски пораз од 1:7 од Германија, и тоа на домашен терен, на актуелното светско фудбалско првенство, предизвика лавина зафрканции по социјалните мрежи во форма на internet meme-а, но и сериозни политички скандали. Така например, некои ја споредуваа играта на германскиот тим со Blitzkrieg-от („Молневитата војна“) на нацистичката армија во Втората Светска Војна и коментираа дека германските фудбалери на Бразилците им направиле, цитирам, „Голокауст“. Се појавија и разни демотиватори во кои, Адолф Хитлер е прикажан како им се потсмева на Бразилците и слични несолени шеги.

Работата стана уште погрда откако завлезе и во високата политика. Контроверзниот малезиски парламентарец Бунг Мохтар Радин на својот твитер им ја честиташе победата на Германците со зборовите: „Добро сторено! Браво! Да живее Хитлер!“, што предизвика остри реакции на германската амбасада во неговата земја.

bung mokhtar radin twitter hitler

Следуваше и вандализирање на биографијата на Бунг Мохтар Радин на англискојазичната Википедија од страна на некои гневни интернет корисници. Воведните зборови во таа статија, со кои тој е опишан како „малезиски политичар“ се заменети со „малезиска репка“, што јас би го адаптирал по нашки како „тиква“ или „крастајца“. За скриншот од вандализмот на Википедија кликнете тука.

Mascarenhas-de-Moraes

Жоао Баптиста Маскаренас Де Мораис

Оваа фудбалско – интернетска „војна“, која сега се случува помеѓу Бразилците и Германците, ме инспирираше да ви раскажам за една вистинска војна, која се случила помеѓу нив во минатото. Во стилот на рубриката во Политикин забавник „Јесте ли већ чули да“, ќе ве запрашам: Дали знаете дека Бразил зел учество во Втората Светска Војна против Германија? Да, добро прочитавте, не е печатна грешка, колку и ова да ви звучи бизарно.

Бразил била единствената јужноамериканска држава, која активно, со копнени, воздушни и поморски сили се вклучила во војната против Хитлер. Во неа, Бразилците граделе тесно сојузништво со САД, со чии сили содејствувале. На 22 август 1942 год., Бразил им објавил војна на Третиот Рајх и на Мусолиниевата Италија. Првите судири со нив му биле поморски, во Атланскиот океан, се’ до 1944 год., кога на италијанскиот брег се истоварил Бразилскиот Експедиционен Корпус (на португалскиот јазик, кој е официјален во Бразил, тој се нарекува: Força Expedicionária Brasileira). Во неговиот состав служеле околу 26 илјади Бразилци. На чело со маршалот Жоао Баптиста Маскаренас Де Мораис (1883-1968), тие земале активно учество во битките против германските сили на италијанскиот фронт.

001_brazil_feb_wwii_vbb

Пречек на бразилските трупи во ослободената Масароса, Италија, септември 1944 год.

002_brazil_feb_wwii_vbb

Црн бразилски војник стражари над германски воени заробеници

003_brazil_feb_wwii_vbb

Бразилската артилерија

004_brazil_feb_wwii_vbb

Порака од Бразилците на германски јазик: „Војници, предадете се, опколени сте!“.

017_brazil_feb_wwii_vbb

Бразилски митралесци

005_brazil_feb_wwii_vbb

Смотра на бразилските трупи

006_brazil_feb_wwii_vbb

Бразилските бродови пловат кон Италија

014_brazil_feb_wwii_vbb

Познатиот германски генерал-мајор Ото Фретер – Пико им се предава на Бразилците на 28 април 1945 год.

015_brazil_feb_wwii_vbb

Предавањето на трупите на Ото Фретер на бразилскиот маршал Олимпио Фалкоњере (десно)

018_brazil_feb_wwii_vbb

Бразилецот не оди никаде без музика: Воен оркестар со знамињата на сојузниците: САД, СССР, Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Франција, Полска, Грција, Јужна Африка, Кина, како и Италија по падот на Мусолини.

007_brazil_feb_wwii_vbb

Бразилскиот Експедиционен Корпус во марш

008_brazil_feb_wwii_vbb

Милитарија: Ознаки, одликувања, значки и др. Симбол на корпусот е змија која пуши луле. Се работи за интерна шега.

019_brazil_feb_wwii_vbb

Вооружувањето е главно американско и британско: автомати Thompson M-1 и Sten Mk II, пушки Garand M1 и Springfield и др.

009_brazil_feb_wwii_vbb

Борбен авион на бразилското воено воздухопловство од Втората Светска Војна

011_brazil_feb_wwii_vbb

Авантурите на бразилскиот корпус преточени во стрипови и филмови

020_brazil_feb_wwii_vbb

Споменик посветен на корпусот

012_brazil_feb_wwii_vbb

Макс Волф Филхо

Во бразилските редови посебно се истакнал наредникот Макс Волф Филхо (1912-1944). Тој бил роден во местото Рио Негро, во јужнобразилската сојузна држава Парана (за оние кои не знаат, Бразил е федерација). Иако по таткова линија, тој имал германско емигрантско потекло, како лојален граѓанин на Бразил, тој активно се вклучил во војната, при што бил одликуван дури и од страна на американскиот генерал Лусијан Траскот (1895-1965), со орденот Бронзена ѕвезда. Макс Волф Филхо загинал на 12 април 1945 год. од германски митралески оган недалеку од Монтесе. Ова италијанско гратче е ослободено од германскиот окупатор од страна на бразилските трупи на 17 април 1945 год., по тридневни жестоки борби.

Во војната, Бразил дал околу две илјади жртви, од кои половината биле во активна воена служба, додека останатите биле цивили, кои загинале при потопувањата на бразилските бродови од страна на германските и италијанските подморници во Атлантикот.

Американскиот воено-пропаганден филм Brazil at War од 1943 год.