pikaso zena skopje

Перо Камиказа, Љац, Бајруш Мјаку и Кили у Наџак: „Што чуден човек, се договараме ќе идеме кај него на кафе-мафе, чики-мики и глеј ш’о праи? Па знаеме ш’о му е, будала светска. Она иде лево-десно, се растура од дупење, а он се праи мутав, ја сака. Она се дупи, а он пати“. „Пикасо“ најбољи филм у свет. Скопски урбан живот лејт ејтиз у СР Македонија.

Петар Георгиевски звани Камиказа (екс-басиста у Меморија) е Огнен у јакна „меклаудка“, студира право, има добро ауто (голф) и добра музика у аутото, али пати ради бившата Ана, студентка по сликарство из Ниша („она се дупи, а он пати“). Навечер искача у „Продор“, а касно ноќе коа е све затворено купуе за пиење и цигари у „Драгстор“ у Трговски (едина радња која тогаш работела касно). Живее у Тафталиџе кец карши интернатот Здравко Цветковски. Другар му е Чарли (Владимир Ендровски – Љац). Бајруш Мјаку е професор на Ликовната академија у Сули Ан кај што студира Ана и им се пушта таму на пичките, а Кили е бараба праи фрки на журки.

Бранко Ѓорчев е газда на кафичот (снимано у Наџак у Дебар Маало), пушта музика од касети на металик дек, вика: „Абе Чарли, пари, пари, сите ми ги бројат парите, а никој не прашуе колку работам. Мислиш лесно ваков бизнис да држиш, а? Плукни-залепи. Па мора да набављаш па фалело ова, фалело она, па нема чаши, па купуј нови чаши. Па и не е само чаши, кај е струја, вода, ѓубретарина, социјално? Сите се свртеле против мене! А шо сум ја крив шо ми успеа? Ми тргна – ми тргна. Е кај се сеа оние одлични ученици? Голем ташак имале факултет, да не се нешо бољи од мене? Ќе ми дое овде ми праи муабет, сака да се огребе пијачка, не е проблем ќе му даам само нека не ми се праат мангупи. Еве ти си градско дете, да отидеш у државна кафана, поручиш пијачка и колку чекаш? Цел саат“. А Љац му вика „Ма пушти ги нека јадат гомна шо те боли. Сакаа мало стопанство еве им мало стопанство“.

Филмот у целост (околу саат време). Клик плеј и фулскрин доле десно и уживај.

 

 

Spoiler Warning! Не читај пред да го изглеаш!

Неколку занимљивости у везе со филмот: На Internet Movie Database фигурира као да е од 1987 год., а уствари е 1989 год., што се гледа не само по неговата одјавна шпица, туку и по музиката употребена во него (напр. Bobby McFerrin – “Don’t Worry Be Happy”, Kylie Minogue & Jason Donovan – “Especially for You” и „Плави сафиру“ од Бајага, сите наведени песни се од 1988 год.).

Журката при крајот на филмот мислам дека се дешава у куќа на еден наш познат сликар у Сарај (корегирајте ме ако сум у грешка). Бар така ми се чини по платната на зидовите (Мазев ли е тоа, што ли?).

Сцената со крадењето на познатата слика на Пабло Пикасо – „Глава на жена“ (подарок на славниот уметник за скопскиот Музеј на современа уметност по земјотресот во 1963 год.) е можеби инспирирана од вистинитата кражба, која се случила на 17 ноември 1971 год. Била пуштена потерница по Интерпол, по што сликата била откриена на 21 април 1972 год. на аеродромот во Франкфурт, скриена во багажот на мешовита група Југословени и Германци.

Клик за зголемено: Печатот јавува дека е најдена сликата на Пикасо украдена во Скопје, 1972 г.