Радиото е една од моите животни пасии, не само како на слушател, но и како на водител, кој седел позади микрофоните. Кој е всушност заслужен за пронаоѓањето на ѓурулти кутијата? Некои тоа го припишуваат на италијанецот Гуљелмо Маркони. Во Русија пак, на Александар Попов, во чија чест таму се слави „Денот на радиото“, 7 Мај. Други сметаат дека тоа е Томас Едисон. Во списокот за утврдување на „татковството“ се и ред други научници. Некои би рекле дека секој од нив на свој начин допринел за создавањето на радиото какво што го имаме денес. Сепак, според одлуката на Врховниот суд на САД, пронаоѓач на радиото је наше горе лист, генијалниот Никола Тесла.

david bowie tesla prestige

Дејвид Боуви во улога на Тесла во филмот The Prestige

Никола Тесла, етнички Србин, е роден на 10 Јули 1856 (стар стил 28 Јуни, па баш на Видовдан) во село Смиљан, во областа Лика во Хрватска (тогаш под Австро-унгарска власт). Татко му, Милутин, бил православен свештеник, а мајка му, Ѓука (моминско Мандиќ), домаќинка. Се школува и работи во повеќе места низ тогашната Австро-унгарска империја, во даден период престојува во Париз, а потоа емигрира во САД, каде и трајно се населува. Таму меѓудругото работи и со Едисон, со кого има не баш најпријатни искуства и кој му здиплил доста од идеите. Тесла е еден од најголемите научници на сите времиња, предводник на Втората Индустриска (Технолошка) Револуција, заслужен за откривањето на наизменичната струја, на разни тамо машини, турбини, трансформатори и шо ти ја знам, експериментирал и со Х- зраците, наводно имал идеи и за електрични автомобили, бежична електродистрибуција, теледиригирање, праел ласери и чуда. Целосниот список на негови иновации не е до крај разјаснет и околу тоа се плетат низа теории на завери кои се веќе у сфера на сајнс фикшн (телепортирање, временски машини, комуникација со НЛО?!).

Ја одбива Нобеловата награда која требало да ја дели со Едисон, а и се тужи со Маркони, кој неговите идеи за радиото ги патентира како свои. Тој спор ќе се реши во полза на Тесла со решение на Врховниот суд на САД во Јуни 1943, кое тој за жал нема да го доживее. Тесла починува на 7 Јануари 1943 во Њујорк, а со оглед дека немал деца, американските судови за негов наследник го прогласуваат внук му од сестра, Сава Косановиќ, политичар и дипломат од Кралска Југославија во САД. По преминувањето на страна на Тито во текот на војната, Косановиќ учествува и во АВНОЈ, а по неа станува и прв амбасадор на СФРЈ во Вашингтон. Негова заслуга е што донесува материјали наследени од починатиот вујко во СФРЈ, вклучително и урната со неговата пепел, кои се сместени во Музејот на Никола Тесла во Белград, основан со одлука на властите во 1952. Дали се сите списи зачувани не е познато, со оглед дека по смртта на Тесла, неговата соба во хотелот Њујоркер ја посетиле владини “Men in Black” во потрага по планови за тајни оружја, какви Тесла и му предлагал на Рузвелт во време на војната против Хитлер.

Во СФРЈ, Тесла беше високо ценет, по негово име беа именувани низа образовни и научни институции, му се изградија споменици, се најде и на банкноти, за него беше снимена серија со Раде Шербеџија, како и филм продуциран од Орсон Велс. Во тоа време на братството и единството, особено се цитираше неговата изјава дека „се гордее со српскиот му род, но и хрватската татковина“, за која при крвавиот распад на СФРЈ некои тврдеа дека е измислена. Неговиот роден крај доста пострада во времето на Југословенскиве војни во деведесеттите, при што од страна на Хрватските сили беше запалена неговата родна куќа и беше урнат неговиот споменик во Смиљан. Потомци од неговата фамилија избегаа во Србија, една од нив е Данијела Тесла од Смедерево.

По завршетокот на војните, по заминувањето на Милошевиќ, Туѓман, Аркан и сличните идиоти, започна нормализација на односите меѓу екс- ју народите. Тито е повторно “in”, турнеи на екс-ју просторите направија Дугме, Леб и сол, Панкрти… Македонци, Срби, Хрвати, Бошњаци и други повторно соработуваат на планот на културата, уметноста, музиката, филмот итн., па така дојде време и за потсетување на Тесла, кој е подеднакво ценет и во Србија и во Хрватска, па како таков е фактор на зближување на овие две држави.

Хрватската влада го обнови неговото родното село, вклучително и родната куќа, како и споменикот, отворен е меморијален центар итн. По повод 150 г. од раѓањето на Никола Тесла, на 10 Јули 2006, претседателите на Србија и Хрватска, Борис Тадиќ и Стипе Месиќ го посетија Смиљан каде се одржа прослава и српска православна литургија во црквата каде е крстен. Потоа, на 22 Септември, тие го посетија и Њујорк каде положија цвеќе на неговата спомен плоча на хотелот Њујоркер, Менхетен.

MesicTadicTeslaNewYork1

Претседателите Тадиќ (Србија) и Месиќ (Хрватска) пред Њујоркер каде живеел Тесла

MesicTadicTeslaNewYork2

Месиќ и Тадиќ со делегациите на 29-от спрат на хотелот (Тесла живеел на 33-от)

Американската хеви метал група Tesla, голем почитувач на научникот, по кој е именувана