Почина Роберто Беличанец, познат медиумски аналитичар, колумнист и директор на центарот за медиуми, како последица на срцев удар вечерта на 29-ти јуни. Роден е на 1-ви февруари 1972 година во Прилеп, беше оженет и татко на три деца.
Исто како и трагично загинатите Марко Кабранов и Никола Младенов, Беличанец ќе остане запаметен како неуморен критичар на негативностите во општествено – политичкиот живот на земјава, заради што често беше мета на жестоки напади.
Со него немав некоја голема комуникација, освен што сме муабетеле пар пути, а до неа дојде преку некогаш популарниот блог сервис, Блогерај, затоа што Беличанец беше и активен блогер. Неговиот блог го носеше ироничниот наслов: This is not America (според познатата песна на Дејвид Боуви). Трејдмарк му беше витканата афро-фризура.