Лисан ап гизас! Ајм рaпин’ фром ланд’н бров! Ајм д тафест реунд иа! Ју конт мес нот уит ми мај најмсфеноменол ајм счрајт кокниј. Cockney е еден од многуте дијалекти на англискиот јазик заедно со scouse, geordie, brummie, manc, како и шкотските, велшките, ирските, американските, канадските, австралиските, новозеландските, јамајканските, јужноафриканските и др.
Овој шо рапуе у видеото погоре е као счрајт кокниј. За да се квалификува као таков, тој не само што мора да говори кокни, а мора да е роден во точно определен дел на Ист Енд на Лондон, каде допираат звуците на камбаните на црквата Сент Мери ле Боу. Иначе нишо, не се важи. У спотот се прикажани секојдневните активности на овој счрајт кокниј баст’д, ’енгин еут уит ми мајтс, плејин снука уит хис б’дз, а на крајот на спотот се избацуе некој јамајканец онаков бујака бујака д’с – та- д’с – та тука џанглој, драмнбејсои, дабстепој и некој као пакистани емси Рашииид да го наречеме, тука рипаат се понашаат со руки. Осом!
Као копиљ у школо не’ учеа некаков школски англиски под силно америчко влијание, но кога разговарав со роднини – печалбари од Австралија слушав некој сасвим друг изговор. Во своите писма тие пишуваа „имаш голем поздрав од Дајвид, Пида, Елекзенда, Дањул, клај ги пајнците во диш уоша, игравме на компјутата“ и сл. па темата на различните акценти во англискиот уште тогаш ми стана доста интересна и преку филмови и музики учев да ги имитирам.
Зашо коа ние говориме англиски све нешо мора амерички џон вејновски raw-raw-raw со сочното „р“? Мислам ОК, не е погрешно, ама немора хемб’рг’р и чизб’рг’р, може хаемб’гаа, чиизб’гаа, зашо вод’р коа може уора, зашо мора компјуд’р коа може компјура, зашо јутјуб коа може јучуб, зашо дјути фри коа може џути фри, зашто грендфад’р коа може грендфава, зашо грендмад’р коа може грендмава, зашо брад’р коа може брава, зашо карс коа може кааз, зашо сигар’з коа може сигаааз, зашо милимит’р коа може милимира, зашо стеерз коа може стеееаз, зашо м’рч’ндајс’р коа може м’чндајза, зашо конзјум’р коа може консјума, зашо шоплифт’рр коа може шоплифта, зашо гав’рн’р коа може гавна, зашо солџ’р коа може саулџа, зашо мејџ’р коа може мајџа, зашо јунив’рзди коа може јунив’с’чи, зашо ишјуз коа може исјуз, зашо примачурр коа може примачуаа, зашо еес коа може ааас, зашо армс коа може ааамз, зашо хенд коа може андж, зашо хед коа може едж, зашо б’рдеј коа може б’фдај, зашо филммејк’р коа може филмајка, зашо бер коа може бееаа, зошо хорс коа може хооос, зашо тртл коа може т’т’л, зашо х’р коа може хеаа, зашо си ја лејдр елигејд’р коа може си ју лајра елигејра, зашо хеј уејд’р уерс мај бир коа може ои уајра уез ми биа, зашо Хари Потер коа може Ери Пора, зашо Тоуни Блер коа може Чоуни Блеееа, зашо Мардин Луд’р Кинг коа може Мааачин Луфа Кинг, зашо Мик Џег’р коа може Мик Џега, зашо Пол Макартни коа може Пол Мекааатни, зашо Џорџ Харисон коа може Џоооооџ Ерисн, зашо Ринго Стар коа може Рингоу Шчаа?!
Следуе видео со 24 различни енглески акценти: cockney (Источен Лондон), scouse (Ливерпул), geordie (Њукасл), brummie (Бирмингем), manc (Манчестер), стандарден (Received Pronunciation), формален, аристократски, оксфордски, раднички, селсќи (чушки, френки), шкотски, велшки, ирски, јамајкански “patois”, јужњачки од САД, австралиски, потоа како французи, италијани, германци, индуси, кинези или руси говорат англиски и сл.
На Американците, се чини, знае доста да им биде смешен говорот на нивните северни соседи, чиј главен град е Аруа (Ottawa), но нам попознат ни е Трантоу (Toronto). Особено смешен им е изговорот на “house” (звучи некако као „хеуус“) или “about” („абеуут“). Еве како славниот Weird Al Yankovic ја зеза канаѓанката Аврил Лавињ во своето тв шоу.