©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Погледнете комплетна снимка од манифестацијата „Мостови“, со која традиционално беа затворени овогодинешните Струшки вечери на поезијата. Свои стихови најпрвин претставија: добитникот на „Златниот венец“ Ко Ун од Јужна Кореја и добитникот на „Мостовите на Струга“, Хари Ман од Велика Британија.

Потоа следуваа поети од: Австралија, Албанија, Азербејџан, Кина, Германија, Холандија, Израел, Индија, Јапонија, Македонија, Малта, Норвешка, Португалија, Русија, Србија, Романија, Словачка, Турција, САД, Украина и Монголија. Распоредов изглеа бил правен според англиската абецеда, мада на пар места се десија утки, затоа што, нели, ова е сепак Балкан.

Како што ќе видите и на снимката, дури и самиот чин на врачување на „Златниот венец“ на овогодинешниот лауреат, Ко Ун, делуеше некако неспретно балкански. Онака му ја тутнуваат наградава као „на, држи, ај сеа насмеј се да те сликаат“, а овој цел збунет. Штознам, бар така изгледаше на малите екрани. Јас веќе објавив детална биографија на Ко Ун, од која дознавте дека тој ја преживеал Корејската војна, дека имал обиди за самоубиство и дека бил жестоко репресиран од диктаторите, кои некогаш владееле со неговата земја. Тој толку многу претрпел во животот, што не верувам дека нашиве ситни балкански пропусти можеле да му го расипат свечениот „угоџај“. Видел он и бетер.

Во врска со Струшките вечери, оваа година се случија некои далеку понепријатни балканштини. Веќе пренесов дека градоначалникот на Струга од ДПА, Зијадин Села, реши да ги бојкотира. Неговото барање фестивалот да биде двојазичен не беше прифатено, па во знак на одмазда, тој низ Струга постави билборди на англиски јазик, кои на странските поети им порачуваа дека Албанците се мнозинство во таа општина.

На тоа реагираше поетесата од Дебар, Делвина Керлику. Пред да започне со своето читање на манифестацијата „Мостови“, таа на градоначалникот Села му ја упати следната порака: “Dear mayor of the municipality, keep calm and listen to albanian language”, што можете да го видите и во снимката.

Навистина е апсурдно да се бара двојазичност на фестивал на кој што прозвучуваат сите можни јазици на Планетава, вклучително и албанскиот. На снимката ќе го видите поетот Албан Бала, кој читаше поема на албански јазик и тоа на тема на националната историја на Албанија. Од таа земја беше и Фатос Арапи, лауреатот на СВП за 2008 год. Сепак, градоначалникот Села го бојкотираше фестивалот. Неговото нормално одвивање на моменти беше попречувано и од прегласните разгласи на струшките џамии. Контроверзи врзани со СВП имаше не само кај Албанците, туку и кај етничките Македонци. Сите ние сме Балканци.

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Во медиумите случајно налетав на информација дека на 20-ти август во скопската населба Капиштец се одржала некаква манифестација под назив „Соѕвездието на Мирче Нешовски – Скопска квечерина кон Струшките вечери на поезијата“. Некои медиуми тврдеа дека оваа манифестација е цитирам „официјално поврзана со Струшките вечери“, за што јас немам сретнато никаков доказ.

Тие медиуми пренесоа и дека оваа манифестација му ја доделила наградата „Ѕвезден Македониум на Македонскиот воин“ на навивачот Горан Николовски – Турчин, кој стана познат во јавноста по неодамнешниот трагичен инцидент на битолскиот стадион, во кој, тој ја изгуби својата рака при експлозија на полициска шок бомба.

Немам никаква намера да се потсмевам со таа страшна трагедија, но просто не гледам никаква официјална поврзаност на оваа поетска манифестација со Струшките вечери. Таа никаде не фигурира во официјалната програма на СВП. Нејзин организатор е некое Здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и скопската месна заедница Невена Георгиева – Дуња. Барем така јавија некои медиуми. На кого веќе да му веруваш?

Манифестацијава, наводно, била одржана со поддршка на скопската општина Центар и некои странски амбасади. Сево ова ми звучи поприлично контрадикторно, но не ме обвинувајте мене, јас просто ви пренесувам што јавуваат другите медиуми: клик тука за да прочитате.

„Ако су лагали мене и ја лажем вас“ – велеше Панонскиот морнар Ѓорѓе Балашевиќ (и тој е поет и има објавувано книги). Или како што велеше еден друг рок-поет, Џони Штулиќ: „Балкане, Балкане мој, буди ми силан и добро ми стој“.

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

На тема на нашиве балкански бруки, за крај да додадам и дека португалскиот поет, кој учествуваше во овогодинешните „Мостови“ на СВП, Руи Којаз, ме утепа од молење што побргу да го објавам видеото, кое го погледнавте во оваа статија. На интернет, Којаз налетал на моите претходни снимки од СВП, при што нашол и мој контакт. Јас снимаков секако ќе го качев, но не во скоро време. Зашо да се мучам, кога од овој труд јас неам апсолутно никаков ќар, него само зијан?

Додека чкартоини од портали добиваат илјадници лајкови, спонзорства, донации и реклами, Порталот на ВББ добија курац, да се изразам у стилот на струшкиот лауреат од 1986 год., Ален Гинзберг. Али ај, Португалецов запна, ме затрупа со тон поруки, па реков да му напраам мерак. Според она што ми го пиша, чоекот многу убаво си поминал на СВП, што ми беше навистина драго.

Само, дали јас треба да се занимавам со архивирање на оваа наша еминентна манифестација? Што прави нејзиниот организатор? Што прави нашата национална ТВ? Додека власта фрла наши пари на кичерајски споменици и слични антиквизаторски глупости, ние немаме официјални изданија од куп наши филмови, документарци, музики и други значајни аудио – визуелни продукти, меѓу кои и СВП.

Постои ли, например, официјално двд издание од „Бушава азбука“? Или цедеа од наши групи како напр. Хаос ин Лаос, Триангл или Бон тон, да речеме? Вие знаете дека јас уште многу одамна се занимавам со „вадење од нафталин“ на наши квалитетни, но неоправдано подзаборавени продукти, било музички, филмски и секакви. Практично, јас бев првиот кој со тоа се занимаваше на веб просторот, наместо тоа да го прават оние, на кои тоа им е работа.

Ми беше доста непријатно кога на Португалецов му објаснував дека кај нас не постои никакво официјално двд издание од СВП (барем јас не сум чул за такво нешто) и дека јас како обичен блогер морам да се занимавам со тоа. Во спротивно, на интернет ќе нема никакви снимки од СВП. Кога сме кај снимките од СВП, погледнете ги и „Меридијаните“, како и „Портретот на лауреатот“, со богата биографија на јужнокорејскиот поет, Ко Ун.

И покрај тоа што сум изнервиран од нашата балканштина, регионов сепак има свои квалитети. Струга ја ценам заради нејзините природни и архитектонски убавини и нејзиното културно значење, но и заради огромните плескавици со кајмак, кои се нејзин трејдмарк. Поздрав до сите Стружани, без разлика на нивната етно-религиозна припадност, со надеж дека еден ден работите ќе тргнат на подобро (мада ја сум поприличен песимиста у принцип). Мостовите, нели, треба да поврзуваат.

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk