Во четвртиов дел од репортажата од фестивалот Слободна зона, кој се одржуваше во Виница од 27-ми до 30-ти август, ќе погледнеме неколку куси клипчиња од театарските активности, кои се случуваа во негов склоп. Фестивалот има мултимедијален карактер и обединува настапи на рок бендови и диџеи, изложби, филмски проекции и дебати, па и театарот е истотака присутен.

Најпрвин гледаме инсерти од балетско-актерскиот перформанс под наслов „Мојата слободна зона“, кој беше изведен на 27-ми август во локалниот дом на културата „Тошо Арсов“, во кој улогите мајсторски ги одиграа: Наталија Теодосиевска, Срна Коцевска и Бојан Лазаров. Сеа не очекујте од мене некаков профи снимак, ова е чисто документарно, но сепак е убаво за око.
 


 
Следуваат инсерти од работата на актерската работилница именувана како „Лабораторија“. Во неа учество земаа Виничани од 18 до 30 годишна возраст, а со неа раководеа Ивана Атанасова и Милош Б. Андоновски (обајцата од Факултетот за Драмски Уметности во Скопје).

Подолу можете да погледнете фрагменти од актерските вежби, како и од финалниот производ – претставата која беше одиграна на 30-ти август во виничкиот Градски парк.
 


 
Доколку сакате да ги погледнете и претходните делови од оваа репортажа, за првиот кликнете тука, за вториот тука, а за третиот тука.