Една од најпознатите бугарски групи, „Штурците“.

Годинава се одбележуваат два важни јубилеи од историјата на Бугарија. Првиот е 135 години од завршетокот на Руско-Турската војна, во која таа беше ослободена од неколкувековната османлиска власт, по што, како резултат на Сан Стефано и Берлинскиот конгрес се формираше Кнежеството Бугарија. Пред 105 години, тој автономен ентитет се прогласи за целосно независна држава, Царството Бугарија.

Колку сме запознаени со културата (во таа смисла и популарната) на таа, нам соседна држава? Како што во едно ТВ интервју запраша новинарот Владимир Перев (парафразирам): „Сте гледале ли некогаш бугарски филм? Колку бугарски режисери можете да наброите? Колку бугарски поп и рок музичари сте слушнале?“.

Многу наши сограѓани, за жал, не би можеле да одговорат на тие прашања или пак, одговорите би биле многу куси, ал’ затоа знаат све за Цеца и Драгана. Навистина, нивни еквиваленти има и во Бугарија на Пајнер / Планета ТВ како например Азис и нему сличните, но тие мене не ме интересираат. Ве поканувам подолу да прегледате и преслушате вкусен избор на квалитетна бугарска поп и рок музика од најразлични музички стилови и периоди.

Клик наслов за преглед, разглеј списак со клизач десно

 


Кога сме веќе кај популарната музика, доколку ве интересира бугарското учество на Евровизија, прочитајте ја статијата: Бугарски Евросонг скандал.