Играва ја вртев од почеток до задње ниво со денови и ноќи на Комодоре 64. Легендарна пуцачина! Излезе во 1985, како и истоимениот филм со Шварценегер, кој е класика на акциониот жанр. Издавач е компанијата Capcom, а верзијата за C64 е на Elite. Саундтракот на играва е врежан во днк на секој комодорџија, кој секогаш со носталгија ќе го препознае, особено мелодијата кога се потпишуваш за highscores. Инспирација и за многу слични игри, кои излегоа подоцна. Движење со стрелките на тастатурата, пукање со Z, фрлање бомби со X, space за старт. Со играва првпат се сретнав во списанијата од типот на Свет компјутера и Мој микро, кои ги читавме со другарчињата. Незаборавно! Почекајте да се вчита играта.