Ние сме, нели, „антички“ и не ги разбираме оние од Карпатите, кои „со цефчиња“ в уста го препливаа Дунав. Убаво го тоа кажа медиумскиот селебрити, чие име и презиме не се ич словенски. Името му асоцира на тоа дека е „драг и нежен“, а презимето пак, на последниот ден од седмицата, кога безделничиме. Па и во нашите цркви, кога наследниците на Александар се крштеваат / венчаваат/ погребуваат, свештениците ги пејат на антички јазик, а не на некаков си „црковно-славјански“, така ли е? Еве еден видео клип кој сето тоа многу фино го опишува.
Ете драги гледачи, како што видовте од клипот, нашиот антички јазик, од една страна, и цефкарскиве српски и русский, од друга, се тотално различни. K’о свахили и манџурски! Никако да ги разбереш! Но вистински предизвик ќе биде преведувањево на песната од следното видео. Отпејана е на еден друг, истотака „цефкарски“ јазик и дотолку повеќе, тоа е снимено во лулката на „цефкарскиот“ род, украинските Карпати.
Јас навистина не можам да ви го преведам клипов, па затоа ви ги изложувам воведните стихови на песната во оригинал, на цефкарскиот украински јазик:
Тече вода, тече бистра,
А куди – не знає,
Помiж гори в свiт широкий
Тече, не вертає.
Ништо не разбирате, а антички? Ни славниот египтолог Шамполион не може да ги дешифрира овие хиероглифи! Ќе мораме да ангажираме некој еминентен стручњак, напр. оној од античкиот Астибо што комуницираше со духот на својот имењак. Создавање на речник од цефкарскиве јазици на нашиот антички ќе биде капитален проект, па за тоа ќе требаат огромни средства и ангажирање на стручњаци од обете страни.
Затоа, наш антички стручњак заминува во Москва за да побара помош во финансии и стручњаци. Неговите прадедовци, дуетот Miladinovtsy Bros, познати по зборникот Бу…кефалски народни песни, студирале токму таму, поведени од пан-цефкарската идеја. Но таа не го интересира нивниов внук, тој е антички. Внуков пристига на московскиот аеродром Внуково, каде го пречекуваат тамошни колеги – цефкарски филолози и лингвисти.
Тој им вели: „Ние сме антички, а вие цефкари, нашите јазици се взаемно неразбирливи, па ако може да ни даете грантче од 500 миљарди долари за овој сложен научен потфат на милениумот“. Тие го прашуваат:
- Како например на вашиот јазик се преведува нашиот цефкарски збор „я“?
- Јас – одговара нашиот антички стручњак.
- А „ты“?
- Ти.
- А „камень“?
- Камен.
- А „земля“?
- Земја
- А „небо“?
- Небо.
- А „рука“?
- Рака
- А „сердце“?
- Срце.
- А „любовь“?
- Љубов
- А „голова“?
- Глава.
- А „ум“?
- Ум.
- А „мозг“?
- Мозок.
- А „брат“?
- Брат.
- А „сестра“?
- Сестра.
- А „дед“?
- Дедо.
- А „бабушка“?
- Баба.
- А „село“?
- Село.
- А „город“?
- Град.
- А „трава“?
- Трева.
- А „дерево“?
- Дрво.
- А „цветы“?
- Цвеќиња.
- А „пшеница“?
- Пченица.
- А „серп“?
- Срп.
- А „лопата“?
- Лопата.
- А „мотыга“?
- Мотика.
- А „коса“?
- Коса.
- А „поле“?
- Поле.
- А „река“?
- Река
- А „море“?
- Море.
- А „остров“?
- Остров.
- А „вода“?
- Вода.
- А „хлеб“?
- Леб.
- А „сыр“?
- Сирење.
- А „молоко“?
- Млеко.
- А „мясо“?
- Месо.
- А „яйцо“?
- Јајце.
- А „птица“?
- Птица.
- А „орел“?
- Орел.
- А „сокол“?
- Сокол.
- А „корова“?
- Крава.
- А „свинья“?
- Свиња.
- А „овца“?
- Овца.
- А „волк“?
- Волк.
- А „слон“?
- Слон.
Уфф… малку се уморија од испрашувањето цефкарските научници. Да пробаме и со реченици, колега – му предлагаат на нашиот.
- Како ќе се преведе на вашиот антички: „Я живу в Москве“?
- Јас живеам во Москва – одговара тој.
- А „я работаю переводчиком“?
- Јас работам како преведувач.
- А „я изучаю ’цефкарский’ язык“?
- Јас го изучувам „цефкарскиот“ јазик.
- А „я вообще не разбираю что вы говорите“?
- Јас воопшто не разбирам што вие говорите, пошто сум, нели, „антички“.
Добро, велат, цефкарските стручњаци, а да се олабавиме ние малку со вулгаризми? Зошто да не – насмеано прифаќа нашиот.
- Како кај вас се преведува „сиськи“?
- Цицки.
- А „пизда“?
- Пичка.
- А „ебать“?
- Ебење.
- А „жопа“?
- Г’з.
Епа колега, сите зборови ни се исти, еден г’з ли ве праи антички, па да праите толкав проект?