Астрофизичарот Мет Тејлор, прославен по вселенската мисија Розета, беше нападнат од феминистите заради „сексистичката“ кошула со разголени девојки, па тој мораше низ солзи да се извинува.

Во минатата статија начнав интересна тема. Една наша позната политичарка тресна дека младите ни емигрираат заради „невозвратена љубов“. Но трагикомично е што такво нешто навистина се случува, додуша не кај нас, туку на некои други места низ светов. Нашиве млади бегаат дека немаме за леб, а трошиме на чоколада, но во некои побогати земји има поинакви проблеми.

Лично имам комуницирано со момак, кој е подготвен да се пресели од атрактивниот Мајами во Минск, престолнината на последната диктатура во Европа. Побогу, зошто?!

Илјадници мажи од Западот се разочарани од жените во своите земји и трагаат по партнерки во странство или се иселуваат. Тие велат дека заради феминизмот, западните жени се арогантни, егоистични, неодговорни и неспособни да градат врска и брак. Заради тоа, се јавуваат разни движења за машки права (Men’s Rights), а и феномени како што се брачниот бојкот (Marriage Boycott) и т.н. „Мажи, кои тргнуваат по свој пат“ (Men Going Their Own Way).

Некои од тие мажи решаваат засекогаш да се откажат од потрагата по брачен партнер, а други тоа го прават во странство, најчесто во екс-СССР (Русија, Украина, Белорусија, Казахстан и сл.), но и во Филипини, Кина, делови од Ј. Америка и други места. Обично се бираат далечни дестинации, за кои се смета дека не се „контаминирани“ со феминизмот (или се, но во помала мера).

Повеќето од овие мажи се нормални и пристојни момци и не се некакви „смотаници, кои неможат да фатат женска“. Меѓу нив има мажествени типови (бивши војници, камионџии, спортисти и др.). Без разлика на професијата, социјалниот статус и интелектуалното ниво, заедничко за сите е дека се алиенирани од политиките, кои се спроведуваат во нивните земји (феминизам, ЛГБТ, неконтролиран прилив на мигранти, претерана политичка коректност и сл.).

Веќе ви стана јасно дека овие мажи се малку традиционални и патријахални, но не значи дека се шовинисти или „Талебани“. Тие трагаат по идеалот „домаќинка во кујна, дама на улица и курва во кревет“, а за возврат се нудат како „домаќини љујѓе“ и повеќето тоа и се. Овие мажи помалце потсетуваат на ликот на Кудуз од истоимениот екс-југословенски филм.

Во потрагата по својот идеал, тие патуваат во краишта, кои не секогаш се атрактивни или се отселуваат во нив, оставајќи го зад себе својот претходен живот и комоцијата на западните земји. Во новата средина, тие се судираат со предизвици и култур-шокови, но успеваат да се адаптираат, да создадат семејства, како и свои фирми, со кои ги прехрануваат.

Можеби на моите драги познаници со про-феминистички и либерални ставови, овој текст ќе им делува непријатно (ја поздравувам почитуваната Ирена Цветковиќ), но да ги погледнеме нештата од перспективата на тие мажи.

Како што тие укажуваат, на Запад, особено во САД, огромен број бракови се распаѓаат, речиси секогаш по иницијатива на жените. Како илустрација би го навел Оскаровецот “Kramer Vs. Kramer” со Дастин Хофман и Мерил Стрип. Притоа, мажите губат имот и пристап до децата, за кои плаќаат високи алиментации, со што стануваат робови. Децата се трауматизираат и мајките ги воспитуваат да си ги мразат татковците. Некои жени забременуваат во вонбрачни авантури, по што им ги увалуваат децата на сопрузите, кои не смеат да бараат потврда за родителство, затоа што тоа би бил знак за недоверба према роѓеној жени.

Заради силното феминистичко лоби, западните системи се така дизајнирани, жената да е секогаш претставена како жртва. Чести се лажните пријави за семејно насилство (false DV charges), при што мажот е виновен сè додека не се докаже спротивното, што е перверзија на презумпцијата на невиност. По излегувањето од апс, тие мажи се стигматизирани како насилници и никој нејќе да ја чуе нивната верзија.

За жените пак, постојат шелтер центри и тие уживаат поддршка од целото општество. За една разведена жена е лесно да најде нов сопруг, со оглед дека осамени мажи на Запад има многу и повеќето од нив немаат предрасуди кон самохраните мајки. За разведените мажи наоѓањето на нова сопруга не е просто.

Во западните земји се спроведуваат политики, кои се граничат со „феминацизам“ и мизандрија. Се создаваат и феминистички движења, кои наликуваат на морничави култови. Особено забегана е Шведска, што може да се види во док. филм “Könskriget” (2005). Сега, „Шведска е Саудиска Арабија на феминизмот“ – како што се изразува Асанж.

Таму се спроведува досега невиден општествен инжињеринг. Во градинките и школите се турка „родово неутрална“ политика и децата се учат дека не постои „тој“ (han) и „таа“ (hon), туку е измислен некој нов термин “hen”. Ова веќе наликува на новоговорот од Орвеловата „1984“. Исто како и оној дехуманизирачки назив за хетеро мажите “cisgender male”, кој го користат американските феминисти.

Концептите како љубов, верност и семејство се сметаат за надминати и како што Алдус Хаксли предвидел во книгата „Храбар нов свет“ (1932), за овие теми сега е малтене непристојно да се разговара. Наместо тоа, засилено се промовира ЛГБТ лајфстајлот, рекреативните дроги, промискуитетноста (преку разголените slutwalk митинзи) и правото на абортус (pro choice). Сосема е во ред секој да избере свој лајфстајл, но кога вакви агенди се туркаат така агресивно и кога за нив се трошат огромни суми, тоа станува чудно.

Љубителите на теориите на заговор сметаат дека зад ова стојат некои центри на моќ, чија цел е растурање на семејството како основна општествена клетка, а со тоа и на државите во целост. Други сметаат дека тоа е завера за намалување на населението, зад која стои малтусијанската филозофија, според која, ресурсите за неговиот опстанок се ограничени.

Дали има вистина во тие теории, нема да навлегуваме, затоа што тоа забегуе во Илуминати и слични муабети. Но она што со сигурност можеме да го заклучиме е дека на Запад има сериозни општествени проблеми и дека ова не е само „кукање“ на грст „исфрустрирани“ мажи.

Толку е тешко тие да најдат партнерки? За маж да најде партнерка, тој мора да има социјални вештини и/или харизма, пари, физичка форма, па мора да се докажува, да се бори со конкуренцијата, да дуби на глава итн. „Она женска ствар се не добија на длану“ – пее Милиќ Вукашиновиќ. Никој нема да го сака тој маж просто така, само за она што тој е. Многу мажи не ги исполнуваат превисоките критериуми поставени од жените, а тие се тешки за комуникација и не знаат што точно сакаат.

Од друга страна, за една жена да најде партнер доволно е таа да биде просечна и само да излезе во кафуле без да презема ништо повеќе, а кандидатите сами ќе се редат, со оглед дека осамени мажи таму има многу. Да не говориме за вниманието со кое на Запад (особено во САД) се опсипани атрактивните жени, кои поради тамошната нездрава исхрана стануваат реткост. Вагината таму е издигната на пиедестал.

Притоа, до израз доаѓа хипокризијата на некои жени да бараат рамноправен третман, но да уживаат во привилегираниот статус на жена (позитивна дискриминација, предност, попуштања, честења, подароци, отворени врати и слични тинтрања).

За оваа хипокризија пишувала Естер Вилар во книгата „Дресирани мажи“ (Der Dressierte Mann) од 1971 год. Феминистите буквално ја плукале, ја тужеле и се заканувале по нејзиниот живот. Таа била претепана од страна на 4 жени во тоалетот на Државната библиотека во Минхен и на крај, таа заминала од Германија. Големо внимание предизвикала нејзината ТВ дебата со водачот на германските феминисти Алис Шварцер, во 1975 год.

Кај многу жени е евидентна и неодговорноста и нестабилноста (flaking). Дури најлиберте мажи од Запад признаваат дека со тамошните жени е тешко да се договорат за било што. Жените можат да си дозволат такво однесување, затоа што ним не им се закануваат санкции. На некогаш навредливиот израз “bitch” (кучка), феминистите сега му даваат позитивна конотација – B.I.T.C.H. (Babe In Total Control of Herself) и таквото однесување е сега „кул“. Истото се прави и за изразот “slut” (ороспија).

Проблем е и дисбалансот на мажи и жени, кој е доста изразен во руралните средини (не секој Американец живее во Њујорк). Од таквите места жените повеќе заминуваат, отколку што во нив се доселуваат, затоа што тие сакаат рамноправност, ама не и да ораат и копаат. Тие сакаат веднаш да бидат министерки. И уште пристап до стоки, услуги и настани, какви во малите места нема. Кај нас проблемов е присутен во битолските села, во кои можат да се најдат нежењи во поодмината возраст. На таа тема беше снимен док. филм „Во потрага по среќата“ на Марија Џиџева.

Многу западни жени преферираат да бидат независни и да не стапуваат во брак, па дури ни во врска. Доколку се решат на тоа, тие бараат отворена врска или брак, затоа што „моногамијата ги репресирала“ и тоа бил „застарен патријахален концепт“. Голема прашина крена статијата на Мајкл Сонмор „Што еден маж научи за феминизмот од својот отворен брак“, во која тој гордо раскажува како неговата сопруга спие со други партнери, додека тој се грижи за децата, затоа што тој е феминист и не сака да ја „угнетува“.

Тука многумина прашуваат, а зошто луѓево воопшто стапиле во брак? И нема ли со ова да се трауматизираат децата? А и каква е таа љубов ако нема грам здрава љубомора? Што е за право, таа му дозволила истотака да спие настрана, но тој признава дека тоа право не го користи. Генерално, наоѓањето на партнер е полесно за жената, отколку за мажот, па во отворените врски најчесто нема еднаквост.

Проблем е и тоа што секој обид за комуникација од машко кон женско би можел да се интерпретира како „сексуално злоставување“ (sexual harrasment). На Youtube имаше експерименти со скриени камери на оваа тема. На тие снимки, една девојка шета низ Њујорк, што е проследено со дофрлања и свиркања, за на крај да се заклучи дека ете, мажите се говеда. Мада не сватив што најдоа во неа, типкава не личи на ништо, а и дофрлањата беа на ниво на „здраво“ и толку.

Сексуалното злоставување е доста пријавувано на работните места. Така например, во филмот “God Bless America” гледаме како главниот лик е отпуштен, затоа што ѝ подарил цвеќе на својата колешка. Филмот е либерално-левичарска критика на американското општество, но со оваа сцена, авторот призна дека феминизмот ги комплицира меѓучовечките односи.

Во оваа брошура на ООН како сексуално злоставување е дефинирано буквално сè: од сексуални напади (кои не ги амнестирам), па сè до банални свиркања и цитирам, „ѕверење“. Во списокот само што не е додадено дишењето воздух. Хипокризијата на некои жени е во тоа што ваквото однесување се смета за злоставување само ако сторителот им е одбоен. Доколку тој е привлечен, имотен или сл., истото однесување се третира како добредојдено. Тогаш, сторителот не е creep, туку „баш е сладок“, „малце откачен“ и „дрзок на секси начин“.

Слично е со возрасните предрасуди (ageism). Да речеме дека средовечен маж го привлекуваат доста помлади девојки. Не говорам за педофилија (скраја било), туку за доцни адолесцентки, студентки или сл. Иако тоа не е противзаконски, нему сепак ќе му префрлаат дека „не му личи на годините“ и дека „тие можат да му бидат ќерки“. Но, доколку тој е позната личност, на истото тоа ќе се гледа со симпатии. Тоа е слична хипокризија како гореспоменатата.

Кога веќе спомнав педофилија, некои авиокомпании забрануваат на мажи да седат покрај деца, доколку не се во сродство со нив. Демек, ако е маж, тогаш гарант е педофил! Австралиската водителка Трејси Спајсер, инаку феминистка, изјавила: „Знам дека тоа е сексистички, но не сакам децата да ми седат до некој маж“.

Феминистите тврдат дека немаат предрасуди и дека се за разбирање кон ЛГБТ луѓето, наркозависниците, секс работничките и сличните групации, но тие се полни со предрасуди спрема хетеро мажите и не покажуваат никакво разбирање за нивните проблеми и потреби. Кај многу мажи, тоа создава чувство дека се непожелни, дека никој не ги слуша и дека секој педер, травестит и наркоман е побитен од нив. Ова звучи некоректно, но се договоривме да ги погледнеме нештата од нивна перспектива.

Мажот служи само да ’рмба, да гине во војни, да исполнува нечии каприци и како коњ за приплод. Дури ни секс веќе не му се дава, затоа што таа своја функција тој може да ја изврши преку банките за сперма. За жените некои нешта се бесплатни или барем евтини, како напр. контрацептивните пилули и уреди, лекарските прегледи, мамограмите и сл., а специфичните машки препарати (напр. вијаграта) чинат изгор.

Еден татко не смее да помисли да ја одведе ќерката да ѝ се изврши генитална мутилација, но мајките смеат тоа да им го прават на своите синови. Обрежувањето на машки деца е одамна пракса во САД, дури и без здравствена или религиозна причина. Децата се премали да сфатат за да дадат согласност, а често, ни татковците не се прашуваат, особено ако се разделени со жената.

Во јули 2011 год., во женското ТВ шоу “The Talk” се говорело за извесната Кетрин Кју, која му го исекла пенисот на сопругот, по што го фрлила во ѓубре. Водителките гласно се потсмевале со ова и ја одобрувале нејзината постапка, а истотака и женската публика во студиото. Многу мажи упатиле протести до ТВ станицата ABC, па водителките морале да се извинат, но тие тоа го сториле со потсмев. А што ако водители – мажи се потсмеваат на жена, на која сопругот ѝ исекол града? Тешко на оној водител, кој би кажал такво нешто во етер. Неговата кариера би била завршена.

Да се разбереме, феминизмот некогаш бил прогресивно движење, кое се залагало жената да добие право на глас, како и сите други права, кои му следуваат на едно човечко суштество. Тие жени – борци ја заслужуваат нашата најдлабока почит. Меѓутоа, секое прогресивно движење се извитоперува. Орвеловата „Животинска фарма“ е одлична илустрација за тоа.

Во развиениот свет, жената живее добро (со можност за подобрувања) и нема екстремни причини за незадоволство, но нејзиното негодување продолжува. Феминистките одамна не гинат на барикадите, ова не е 1903-ќата. Феминистите денес се етаблирани во системот и држат фотељи. Сега, жена е кандидат за претседател на САД – Хилари Клинтон. Жената и треба да учествува во политиката, во раководењето со државата и во носењето на законите, но проблемот е што многу од нив сега се на штета на мажите.

Иронично, додека жените на Б. Исток се каменувани и трпат тиранија, нивните сестри-феминистки од Западот негодуваат дека се „угнетени“. За да биде иронијата поголема, тие се ставаат во коалиција со исламистите. Кај мигрантите во Париз, Брисел и Лондон има екстремисти и терористи, шеријатски патроли, убиства на честа и групни силувања (тахаруш), но феминистите го етикетираат секој оној, кој посочува на проблемиве, како „исламофоб“. Феминистите мислат дека така ги помагаат „угнетените малцинства“, но дали тоа држи? Феминистите им турија етикета дури и на некои муслиманки, кои се дрзнаа да ја запознаат западната јавност со теророт, кој го трпеле на Б. Исток.

За да не излезе дека сум исламофоб, ќе спомнам дека во некои држави со доминантно муслиманско население, било исламски по устав, било секуларни, има(ло) жени на највисоки функции: Беназир Буто (Пакистан), Халеда Зиа и Хасина Шеих (Бангладеш), Мегавати Сукарнопутри (Индонезија), Ранија Ал-Абдула (Јордан), Маме Мадиор Боје (Сенегал), Сисе Маријам Кајдама Сидибе (Мали), Тансу Чилер (Турција), Роза Отунбајева (Киргизстан), Атифете Јахјага (Косово) и др. Но и покрај тие позитивни примери, третманот на жената во поголемиот дел од исламскиот свет е лош, а тоа се експортира со миграциите на Запад.

Но, наместо феминистите да се занимаваат со тоа, нив повеќе ги интересира „огромниот проблем“ на т.н. manspreading, т.е. мажи кои седат со раширени нозе во јавниот транспорт, затоа што им пречат гениталиите, со што „зафаќале многу место“. Во некои земји, во машките тоалети се воведува мокрење во седечка положба, а некаде родово неутрални тоалети за да се задоволат трансродните луѓе. Астрофизичарот Мет Тејлор, прославен со вселенската мисија Розета, беше „линчуван“ од феминистите, затоа што носел „сексистичка“ кошула со разголени девојки. Иронично, таа кошула е дизајнирана од жена, но тоа не му помогна, па тој јавно бараше прошка, при што буквално плачеше.

Истотака, феминистите постојано укажуваат на постоење на „силувачка култура“ (rape culture). Без намера да амнестирам силувања, сакам да укажам дека ова е предмет на злоупотреби. Некои жени ги тужат своите партнери само затоа што се „премислиле“ откако имале секс со нив. Или него воопшто го немало. Особено ужасен бил случајот на Американецот Скот Еспиноза. Нему му се заканувале 35 години затвор за силување на бездомно 14 годишно девојче, за кое се испоставило дека е магарица од 23 години со 3 деца, по занимање проститутка и уште наркозависничка, а силување немало, туку „таа нешто сонувала“. Но додека целата папазјанија била разрешена, неговата мајка се самоубила од срам што „нејзиниот син бил силувач“.

Кетрин Коминс, декан на колеџот Васар, изјавила дека мажите неправедно обвинети за силување можат да видат ќар од тоа непријатно искуство. Таа додала дека е свесна дека тие страдаат, но дека таа не би ги поштедила од тоа. Според неа, ваквото искуство кај нив може да иницира процес на себеспознавање, при што, тие ќе започнат да се запрашуваат себеси како навистина тие гледаат на жените, дали навистина би силувале некоја од нив, дали се способни да сторат такво нешто и сл. Ужас. Некои феминистки одат дотаму да тврдат дека секој секс, дури и доброволниот, е по дифолт силување, затоа што тука има машка доминација, пенетрација и дефлорација.

Заради наводната „епидемија на силувања“ по студентските домови во Калифорнија, под притисок на феминистите е воведен т.н. Да значи да закон (Yes Means Yes Law), кој подразбира барање согласност пред стапување во интимни односи, во стилот: „Дали смеам да те бакнам? Дали смеам да допрам за гради? Смеам ли да пенетрирам во тебе?“, со што се нарушува спонтаноста на сексот. Не ме чуди утре да воведат потпишување на договор со печат. Феминистите сега држат предавања по кампусите, на кои ги убедуваат студентите дека барањето согласност е „секси“ (?!).

Трагикомично е што момчињата кои би барале дозвола да бакнат девојка би биле исмеани како неспретни, со што би била повредена нивната самодоверба. Тука до израз доаѓа хипокризијата на многу жени да тврдат дека сакаат нежни и романтични мажи, но всушност ги одбиваат или ги френдзонираат како „смотани“. Потоа, тие исти жени завршуваат во кревет со безобзирни женкари, па дури и со криминалци, наркомани и сличен општествен шлаем.

Кај многу жени на Западот е присутна еротска фасцинација од бараби, убијци, силувачи и ебиветри, што се нарекува хибристофилија. Многу осудени убијци во американските затвори добиваат љубовни писма од обожавателки и дури стапуваат со нив во брак.

Серискиот убиец и силувач Тед Банди се оженил во затвор со колешка од работа и при една од нејзините посети, тој ѝ направил дете. Филип Јаблонски истотака се оженил во затвор, но по излегувањето од таму, тој ја убил жена му и нејзината мајка. Лајл Менедез со брат му Ерик ги убил своите родители за пари, а во затвор се допишувал со бивша манекенка, со која стапил во брак. Тие се развеле кога таа дознала дека тој комуницира со друга, за која тој се преженил. И брат му се оженил во затвор.

Особено интересен е убиецот и силувачот Оскар Реј Болин. Тој ја шармирал адвокатката, па таа се развела од својот сопруг – познат правник и се омажила за него со ТВ пренос. Дури и озлогласениот Чарлс Менсон имаше 9 годишна врска со 53 години помлада девојка, со која требаа да се земат. Еден од членовите на неговиот култ, Текс Вотсон, се оженил во затвор и направил дури 4 деца.

Чесни, трезвени и разбрани луѓе не се на цена. Огорчени од тоа, многу Американци си ја бараат среќата на други места. Тие не се баш упатени во странските култури и јазици, што ја прави авантурава тешка. Но тие се подготвени да учат. Во странство, тие доживуваат култур-шок. Тие се соочуваат со општества, во кои не сè функционира како кај нив и кои не се демократски и просперитетни. Но тие доживуваат вистински препород кога ќе се сретнат со странските жени. Најбарани се оние од екс-СССР, кои, генерално, важат за поженствени, поромантични, подомаќинки, поначитани и поатрактивни од западните.

Иако во ова можеби има позитивна генерализација и идеализација, од свое искуство тврдам, дека оној кој ја пробал таа „дрога“ повеќе нема да сака да погледне други жени. Веќе спомнав во претходната статија дека во екс-СССР можат да се најдат прекрасни, помалце традиционални девојки. Некои може да одат во црква, но тоа не значи дека се некакви „калуѓерки“. Таман работа.

Тие се облекуваат женствено во фустанчиња и се сексипилни со вкус. Некои свират пијано, читаат поезија, прават ракотворби и се многу креативни. Па ќе посетуваме музеи, па ќе ме запознаат со родителите, па ќе ми зготват, а јас ќе се чувствувам како вистински маж. Таквите девојки беа гордост на тие земји, но за жал, под влијание на феминизмот и глобализацијата, тие полека стануваат како западните. Контаминација.

Златното време за барање невести во екс-СССР е изминато. Некогаш, економијата таму била лоша, а странците биле реткост, што ги правело барани. Но сега, девојките таму не се палат на странци, затоа што економијата е подзакрепната, а со тоа и гордоста. Тука е и влијанието на феминизмот (Pussy Riot во Русија, Фемен во Украина). Затоа, освојувањето на нивните срца сега не е толку лесно, но дејтингот таму пак е подобар отколку во другите земји.

„Рибарењето“ е полесно за средовечните мажи, затоа што таму има милиони сингл жени од таа возрасна група. На Запад, жените се однесуваат како „ѓубриња“, а на Истокот, мажите. Многу од нив ги напуштаат своите жени. Ова било особено изразено по Втората Светска Војна, во која загинале 20 мил. советски граѓани, повеќето мажи, со што се јавил полов дисбаланс. Мажите сега имале голем избор и станале неодговорни. Многу деца таму растат со самохрани мајки. За среќа, западните мажи немаат предрасуди по таа тема.

Во Русија и Украина има цела индустрија за опслужување на овие западни мажи и во неа се врти голем кеш. Во неа спаѓаат: брачни агенции, тури за групни запознавања, дејтинг сајтови, преведувачи, хотели, такси, доставка на цвеќе итн. Но не е сè така романтично. Некои мажи налетуваат на злонамерни жени, кои ги злоупотребуваат за државјанства и финансии или просто си играат со нив, а има и измамнички агенции.

Во 2011 год., екс-кандидатот за гувернер на Аризона, Кери Долего, го продал својот имот и заминал да се жени во Украина, каде завршил како бездомник. Поради долг, кредитната му била блокирана, а немал понесено кеш, а од неговата избраничка ниту трага! Украинските социјални служби го нашле како спие на улица и го спасиле. Тогаш, тој даде интервјуа, од кои се виде дека не е баш „со сите“. Ја најдоа и типката, која тврдеше дека некој ѝ го злоупотребил идентитетот на интернет.

Има и ситуации, кога Американец носи странска невеста во својот дом, но таа е „контаминирана“ од новата средина. Да речеме, тој сака таа да се чувствува „како дома“, па пронаоѓа нејзини сонароднички, кои поодамна се во САД, за да ѝ прават друштво. Но, во нивните женски муабети, тие ја укоруваат: „Ти му готвиш?! Па ти не си роб на кујната!“ или „Ти му дозволуваш да ти го прави тоа в кревет?! Па ти не си проститутка!“. Невестата престанува да се грижи за домаќинството и да води љубов со сопругот. Бракот се претвора во пекол.

На крај, мажот во афект ѝ удира шлаканица или таа се самоповредува и го пријавува. Тој завршува во апс, а таа е ослободена од неговата „тиранија“. Таа го „ослободува“ од имотот и сметката, затоа што отсега, тој мора да плаќа алиментации за децата, од кои таа истотака ќе го „ослободи“.

Има и случаи мажот да ја злоставува странската невеста. Имало дури и убиства! Но правдата на феминистите е селективна и тие повеќе се интересираат ако жената е жртва. Позеленети од завист што мажите сега можат да најдат поинтересни жени од странство, американските феминистки го измислија законот IMBRA (International Marriage Broker Regulation Act). Со него, на мажите им се усложнија бирократските процедури за доведување на невести, но тие не се откажуваат.

Некои мажи решаваат да се отселат од феминистичкиот „рај“. Причина повеќе е тоа што тие не сакаат нивните идни деца да растат со феминизам и педеризам (како што би се изразиле тие). На младата генерација ова ѝ се набива во нос преку образованието, но и преку музиката, филмот итн. На сцената одамна имало ѕвезди, кои промовирале феминизам (Мадона) и хомосексуалност (Елтон, Меркјури, Боуви, Бој Џорџ), но за разлика од денешниве ѕвезди, тие тоа го правеле со префинет вкус. Нив ги почитуваат дури и некои конзервативни луѓе. На што личи ова денес?! Например, онаа „жена с брадом“ на Евровизија 2014?!

Кога сме кај музиката, вниманието на феминистите доста го привлече групата Pussy Riot. Ќе се согласам дека девојките „имаат муда“ и дека не заслужија да бидат осудени на таков инквизиторски начин, како да извршиле незнам какво кривично дело. И тоа, на 2 години робија во некои сталински гулази, каде биле тепани, а можеби и сексуално злоставувани. Но, гледано како бенд, тие се потполно ирелевантни. Некој ќе рече: „Па тоа е панк, секој може да свири“, но цуриве покажуваат елементарно непознавање дури и на тој прост музички стил.

Запрашани за узорите, Pussy Riot набројуваат групи како Cockney Rejects, The 4-Skins и сл. Па тоа не само што нема везе со феминизам, туку тоа се мачоистички Oi бендови! Некои од нив се скинхеди! Тоа не е пуси рајот, туку курац рајот! Oi е пролетерски подстил на панкот од 80-тите, кој се гнасел од артизам и интелектуалност. Тоа не се наци бендови, но сепак, тоа не се хипстерчиња, кои пеат за политичка коректност и толеранција. Напротив, тоа се ќелави мажи од фабрички хали и фудбалски хулигани, кои љокаат по пабови во некоја лондонска „Железара“. Текстовите им се на ниво на: „Еј ти, да ти ја скршам фацата“.

Кога таквите бендови би ги прашале што мислат за Pussy Riot, повеќето би одговориле со: “cunts”, “poofs” или “poseurs”. Секако, тие бендови имале ангажирани песни (против војна, полиција и сл.), но тие тоа го правеле на поинаков начин од Pussy Riot. Радничка класа се гнуша од Pussy Riot, од „мрзливи студенти“ (поготово косати и брадати) и таа не го чита Жижек. Феминистите и либералите не можат да најдат заеднички јазик со неа, затоа што не ја познаваат, иако „се борат за нејзините права“ (салонски социјализам). Pussy Riot не знаат кој правец го фураат. Тоа и не е бенд.

Се разбира, во панкот имало многу значајни жени, па и феминистички и ЛГБТ бендови. Тој муз. стил е просто создаден за феминизам, но во него има разни фракции, а Pussy Riot не ги распознаваат тие нијанси. Од тие жени би ги издвоил: Ив Либертин (Crass), Сјузи Су (Siouxsie and the Banshees), Поли Стајрин (X-Ray Spex), Беки Бондиџ (Vice Squad), Шон Сес Стајлс (The Violators), Феј Фајв (The Rezillos), Ари Ап (The Slits), Венди О’ Вилијамс (The Plasmatics), Дебора Хари (Blondie) и др. Па дури и Мадона првите чекори ги направила во панкот и новиот бран како членка на Emmy и Breakfast Club.

Јас ги почитувам тие женски панк артисти, но тоа било друго време. Хипито во доцните 60-ти овозможило еманципација на жената, но со тек на време тоа згаснало. Во 70-тите, со сцената владееле досадни хард-рок и прогресив-рок диносауруси како Парпл и Цепелин, а жените тука служеле како “groupies” за забава на музичарите во бекстејџ. Панкот им овозможил на жените да се чуе нивниот глас. Во панкот тие имале рамноправен третман. Но оттогаш минале 40 години, сега тоа нема такво значење. Феминизмот одамна не е андерграунд, туку е мејнстрим.

Посебно би се задржал на Криси Хајнд од The Pretenders. Својата кариера таа ја започнала со панкот, но подоцна преминала на позрел звук и станала една од најважните жени на светската муз. сцена. Пред извесно време, феминистите ќе ја растргнеа, затоа што изјави дека можеби самата си го барала да биде групно силувана, кога во раната младост непромислено се дружела со банда Хелз ејнџелс моторџии.

Префрлањето на вината врз жртвите (victim blaming) е грозна работа, но Хајнд ја оправда својата изјава со зборовите: „Кога си играш со оган, ќе се изгориш. Тоа не беше демек: една пријатна вечер јас си шетав по улица и некој ме повлече во грмушки со нож на грло“. Таа ги запознала моторџиите во затвор, кајшто посетувала пријатели. Моторџиите ја поканиле на „журка“, а другарка ѝ, која била со неа, пребледела од страв. Но Хајнд „со цел памет“ ја прифатила поканата и уште земала рекреативни дроги пред да замине таму. Таа доцна сфатила дека ја носат во некое темно сопче, каде, под закана на тупаници, таа била силувана.

Но тоа не е сè! Откако се случил грозоморниот чин, таа не само што не пријавила во полиција, туку започнала врска со еден од силувачите. И уште тој ја „споделувал“ со своите пријатели. Подоцна, таа решила да се пресели од САД во Британија, каде таа повторно се фатила со моторџија. И тоа, еден од водачите на лондонската испостава на Хелз ејнџелс. Заради документи за престој, таа се обидела да се омажи за Сид Вишз, басистот на Sex Pistols, инаку тежок наркозависник (и наводно убиец на својата девојка Ненси Спунген). Значи, на некои луѓе просто не им доаѓа памет! Се разбира, ова не значи дека оправдувам силувања, просто укажувам дека некои девојки непромислено се изложуваат на непотребен ризик!

Па, луѓе божји, некад самиот сум свирел во бендови, сме љокале панкери и металци по паркови ноќе и тука сум гледал девојчиња како се муваат со џаначишта од Гази Баба, а со добрите момци не сакале ни муабет да праат. Некои од тие цури се закачувале на хорс и не се знае кој све ги ебел. Па стварно не се арни!

Како реакција на ваквата декаденција, многу луѓе се свртуваат кон конзервативноста. Но тоа е друг екстрем. Многу западни мажи се толку фрустрирани, што се приклучуваат на ИСИС. Други пак, негуваат фасцинација од конзервативни и авторитарни лидери како Путин или Лукашенко, кои им делуваат како „бранители на нормалноста“ од феминизмот, педерите, наркоманите и другите негативности од Западот (што, се разбира, е една претерана идеализација).

Немам намера да ја амнестирам деспотијата, која владее во Русија, Белорусија, Казахстан, Узбекистан и некои други екс-советски земји, но ете, има луѓе кои се подготвени да го проголтаат тоа како „нужно зло“. Ете, доживеав да видам човек од Мајами да сака да се пресели во Минск. И да видам бивши маринци како гледаат брат по оружје во својот архинепријател Русинот. Додуша, полибералните мажи би можеле да ја одберат Украина, која е подемократска, а оние уште полибералните – Литванија, Латвија и Естонија, но тие се во ЕУ и НАТО и се доста експонирани за западните влијанија.

Тука доаѓаме до тешка дилема. Од една страна, се залагаме за слободен свет без граници во кој ќе се почитуваат слободите и правата, во кој ќе нема деспотија, расизам, сексизам, хомофобија и други форми на угнетување и омраза. Но, од друга страна, нели со вестернизацијата и глобализацијата многу нешта се контаминираат и се губат некои убави традиции?

Познатиот руски режисер Никита Михалков (кој пред нос му го собра Оскарот на наш Милчо) рече дека православието е сила која се спротивставува на културниот и интелектуалниот Мекдоналдс од Западот, на што новинарите го прашаа: „Но што е подобро: Мекдоналдс или Сталинизам?“. „Како коме“ – се извади тој. Зезната дилема.

И, нели се залагаме за плурализам на лајфстајлови, а тоа подразбира секој да си избере свој (гејот гејство, стрејтот стрејтерство, монахот монаштво), но што ако еден светоглед се наметне како доминантен и тој почне да му го загорчува животот на значителен дел од населението, до тој степен, да луѓе од Мајами бегаат во Минск?

Како тој “cisgender male” ќе се реализира, кога сè околу него е „контаминирано“? Па тоа не е плурализам, туку едноумие. И што сеа он да праи, да бега од сопствената земја? Да се убие? Да живее изолиран во буре к’о Диоген? Не знам што да мислам.

Сакале или не да признаеме, многу утопии завршија како фејл. Многумина со жалење го констатираа тоа за мултикултурализмот. Истото се има случено и со христијанството (инквизиции, корупција, педофилија по црквите и сл.), потоа со комунизмот, хипи движењето, па и со ВМРО, ако сакате (денешново е доведено до непрепознатливост во споредба со првобитното). Не гледам зошто феминизмот би бил исклучок. Што е па тој имун на грешки или злоупотреби? Велат, патот до пеколот е поплочен со добри намери. Можда е време за ревизија?

Клик на сликата за зголемен преглед.