Скопските тренд-сетери создаваат култови од типот: па колку градов некад бил кул, чоувече, па каков провод и какви цури имало тука, па цел свет пател што не живее у СК, па како сите тука биле софистицирани, но дошле некакви сељаци и СК се просељачило. Не спорам дека СК има(ло) квалитети и дека политиката на отворен град се покажа штетна, но со тоа идеализирање се претеруе. Можеби тоа е само реакција на кошмаров СК2014, кој ни се случува сега?
СК го уништија. Море целава држава! Местење избори, кражби, убиства, амнестија за педофили, па уше цркви по плоштади и молитвите на Ниче. „Традиционалистиве“ уништија сè што беше традиција на СК. Сега, Старата железничка, Камени мост и Бристол се губат у море неавтентични „староградски“ градби. На удар се и пост-земјотресни топоними, како ГТЦ на скопскиот архитект Живко Поповски. Сакаат да ја уништат и Чаршија со закон за „унифицирање“ на излозите, а албанските антиквизатори градат „Шкупи 2014“.
Памтам како у пред-грујовската ера пиевме и кукавме колку градов е тапа, колку убаво било Старо СК и како нешто треба да се смени. Ни на крај памет не ми беше дека еден од присутните на тие пијанки тоа ќе го реализира. Тоа беше еден од уметничко, сега учесник у СК2014. Типот некад свиреше у панк бенд. Каква шокантна промена! Да знаев дека тоа ќе се стори на ваков вулгарен начин, ич уста нема да отварав.
Трагедијата е што иницијаторот на СК2014 и неговите поддржувачи се родени у СК и/или биле негови урбани фаци. Ш’о да редам имиња Јанко-Петко, коа ги знаете. Оној „мил“ брадоња – водител не ви се симна од пештера (иако така изглеа и се понаша), него е роден усред Старо СК! Исто и оној „новинар“, шпиун со кодно име „Геџа“, кој некад ширеше турбо шунд од неговото радио усред Центар, кајшто самиот е израснат. Исто и скопскион чауш, мразач на трафики, што ќе го „поправаше саатот на Стара железничка“. Кој психо. И оној „државен хипик“ (једини хипик у свет што поддржува власт) е истотака роден у СК и беше негов битен лик. Нему сличен е оној сликар на пениси и 103-кашки дрогераш. Тој не е роден Скопјанец, но факат, он си беше битен лик у скопската алтернатива, а сеа е „конзервативец“. Што ти праи дрога.
Дали со сето тоа СК2014 добива легитимитет? Не, тој „Шутекс барок“ и лоповлук би прошол само у Туркменистан, под сулудиот диктатор Сапармурат Нијазов. Но добро е што Центарци му дадоа црвен картон, гласајќи за Жерновски, во што не ги спречија ни „гласачине“ од Пустец. Но не чувме многу релевантни Скопјани да кренат глас. Кога тие не презедоа ништо, кој сум ја било што да спречам? Па и оној далеку попознат сајт е off по овие прашања. Иронично, Саше од Кратово се покажа посвесен и порадикален.
Имам замерки и за оние кои се некаква опозиција у градов, мада е глупо да ги напаѓам сега кога се сардисани. Да, како што велат тие, СК некогаш се трудеше да биде дел од светот. Но тоа беше само на некакво духовно ниво. СК у суштина беше и остана касаба. Со контењери кои чадат од смрдеа, крастави просјачиња и коњи по улица, на која може да зацапаш у говно или згазена мачка. СК не е Париз, ниту беше.
Да, СК имаше урбана младина, која без интернет ги следеше светските текови (мода, музика, филм). Од неа излегоа светски фаци (Милчо, Кирил, Дуке, Коџобашија, Иван Поповски). Но многу од нив не се вратија. Тие станаа светски, дури откако избегаа од СК. А може некои биле набркани од тукашниот потценувачки однос? Сè што вреди бега од СК, но и порано бегало.
Да, СК имало модерна архитектура (Танге). Но таа е безлична, на што многумина се жалеа, па и оние, кои се сеа носталгични по неа. Некои од тие топоними си заживеале (собирања пред Ванила, Коцка, Стоилко), а некои содржат фолк елементи (Стоковната Мост), што значи дека не ни биле сосема „туѓи“, но врти-сучи, СК беше грдо. И запуштено и недоквакано. На што личеше матичното у распаднати бараки? А уметничко, кајшто матурирав?
Да, СК2014 е срање, но сумњиви и утнати проекти имаше и порано: обновата на Камени со она „белоно“ одозгора, праењето писта од Плоштадот, она ругло хотел Арка до Чаршија, уништувањето на Дебар Маало, Лумикс. У Охрид пак, старата калдрма беше заменета со бетонски плочи. УНЕСКО треба да ги збрише! Се разбира, срањата на едни чауши не се оправдание овие сега да праат 100 пати поголеми!
Да, у 90-ти, СК било „Вегас“. Но во споредба со кого? Со Сараево и Вуковар, во кои беснеела војна? СК имало подолг и пообилен ноќен живот, чест на газдите на локали, кои тоа го фурале. Но неговиот облик е истиот со години. На тој план немало, а и сега нема иновации. Слаба беше и остана и понудата на стоки и услуги у градов, иако има куп трговски.
И кој уживал у тој ноќен живот? Па шака тренд-сетери и нивните друштва. Коа бев средношколец, мое друштво немаа пари или не бевме довољно „кул“ да влеземе у тие кругови. Искачањата ни беа скромни. Рокенрол у МКЦ, љокање по паркови и пред кафичи. Па тука налетуваа маргиналци, џанаци и улични тепачишта Роки и Трпе. Да ми даат времеплов да се вратам? Не, фала.
ОК беа само чајџилницине у Безистен, имаа дух. И тоа што не можеше усред СК да се курчи некој дојден од курац, иначе ќе завршеше у болница. СК имаше оштрина. И андерграунд сцена. Но, у целина, беше тиња. И сеа е тиња, само поинаква.
Да, СК пријатно ги изненадуваше странците. Тие очекуваа дека сме Руанда, но налетаа на упатена англојазична младина, која ги шеташе по кафичи, каде се изнапија и наебаа, па се фалеа за тоа у своите каубојски села. Тоа беа унпрофорци, залутани поединци и транзитни туристи. У СК немаше, а и сеа нема висок туризам. Ни Луври, ни Ермитажи, ни тропски плажи. Имате Пикасо, кој ви скапуе у шупа, а и страв да ти е да одиш у Музеј на Современа у тоа шипражјено. Ричард Гир седел по скопските кафани, но не дошол за нив, туку за косовските бегалци. И Хрушчов бил у СК, ама ради земјотресот. СК е на светската мапа само кога се дешаваат срања.
Како и да го вртиш, нема чаре. Ова е проколнат град. Стално му се дешавале чуми, пожари, поплави, земјотреси, СК2014 и други катастрофи и тој стопути го мењал својот лик. У СК сум израснал, но за него имам противречни чувства. Некад ми доаѓа да речам „За СК само земјотрес“. Живот тука ми се еба. Ја користам секоја прилика да избегам од него.
Споредбата помеѓу СК и странските градови, кои ги посетувам, во следниот дел, чиј наслов е парафраза на репликата на Душко Костовски од „Среќна Нова ’49“: „Запад нè отпишуе, Исток нè прешишуе“.