id_1995_plakat

Преправен цајкан на тајна задача среде група англиски фудбалски хулигани. Лајтмотивот е: „Кога си ’андеркавер’, запамети едно: Не заборавај кој си“. Што ќе се случи ќе дознаете откако ќе го изгледате овој британски филм под наслов “I.D.” од 1995 година.

Филмови на тема на фудбалското хулиганство има доста, например британските “The Football Factory” (2004), “Arrivederci Millwall” (1990), “Cass” и “Awaydays” (2009) ” The Firm” (1989), како и неговиот римејк, снимен две децении подоцна, потоа американскиот “Green Street Hooligans” (2005), италијанскиот “Ultrà” (1991), хрватскиот “Metastaze” (2009), рускиот “Околофутбола” (2013) и др. Сепак, јас го одбрав овој, затоа што верувам дека на повеќето од вас не ви е познат.

Главниот јунак на овој филм, кого го толкува англискиот актер Ринс Динсдејл, ме потсетува на некои ликови со кои сум се дружел во определен период од мојот живот. Во овој, може да се каже, психолошки филм, доминира хулиганството, додека сцени со фудбал речиси и да нема. Но затоа има лудило. Shear madness.

Кликнете плеј и фулскрин, преводот е на српски, а за да го вклучите кликнете на CC (Closed Captions).

 


 


За други филмови со фудбалско – спортска тематика, прочитајте ја статијата Трето полувреме. За музика, погледнете ја темата: Фудбалски и спортски песни.