Клик на наслов на видео клипот за преглед
Деновиве се заредија повеќе одлични музички настани: Punk Rock Picnic у МКЦ, Green Fuzz у Менада, а вечерва и Sepultura! Башка журки по скопските клубови и кафулиња. Што значи, секојдневно немилосрдно љокање и децибели! Аман луѓе што ми напраивте!
У саботата идење у МКЦ, тоа стварно да ти бил пикник. Не као финта „панк рок пикник“. Него стварно пикник, со јадење, пиење, све. Интересно. Имаше и штандови со маици, гаќи и сл. Најпрвин го фатив настапот на грчкиот бенд 10 To Go од Лариса, Грција. Да спомнам дека случајно сум роден у грчкиот главен град Атина, дека моите работеле таму. Новнарско – репортерско – печалбарски причини. Иначе неам никаква етничка конекција со таа земја, што е евидентно по мојата мртвачко бледа фаца и те челично плаве очи као глечери језера Мичиген (што вика Зелени зуб). Ја сум бил најбелото дете што се родило таму. Јес да ќе сум се задавел со папочна врвца, ќе сум умрел у момент на самиот почеток на животот, ал нема везе. Живеевме во Грција 4 години, во финото атинско предградие Холаргос, на улица Аспасијас 64 (близу метро Етники Аминас). Тука една тивка уличка, портокали растат, па игралиште, продавнички, кафулиња, едно-друго. Татко ми тогаш на нашата тераса поставил една зелена пластична мрежа, демек, за да не паднам. Кога ја посетив Атина пред неколку години, мрежата се’ уште стоеше! Неверојатно! За Грчка имам доста измешани чувства, од пријатни до не баш пријатни, земајќи в предвид како сум бил третиран таму (и многу лошо, и многу добро, зависи од местата и луѓето, на кои таму сум налетувал). Да не забегаме сеа у политика.
Да се навратам на Грците 10 To Go. На сцената (т.е. немаше сцена, на рамно свиреа во холот на киното Фросина) излегоа едни големи дечки к’о од филмон 300 Спартанци (иако не беа од Лаконија, Пелопонез, каде што Спарта се наоѓа, туку од Лариса, Тесалија). Машала! Виђи ђетича! И покрај економската криза во Грција, евидентно беше дека добро се хранат (гиро, суфлаки, мусака, ѕаѕики, кефтедес, тиропита, спанаќопита, грчки салати, маслинки и сл., за благо цуреки, меломакароња или грчка баклава, а све тоа залијаат со узо, ципуро или бело вино рецина од фирмата Куртаки со мирис на борова шума). Ова ме потсети кога Крисот еднаш зема да ми збори „еј у центар имало добро суфлаки“, „еј како е јако да кркнеш суфлаки“, „суфлаки е најбоља раота“ и све суфлаки, суфлаки, суфлаки и на крај му викам, добро бе аман ќе те частам суфлаки чим толку си запнал! Тоа му била финтата уствари, ми давал hint. И отидовме и акнавме по 2 комада тука карши Грација. Хорис мустарда (без сенф).
Своето музичко мени, добро ухрантетите Грци го започнаа со препознатливата мелодија од “Κυρά Γεώργαινα” попозната како „О Јоргос ине понирос“, но со модифицираниот текст: „Во Мекдоналдс грик мекос, гиро пита, јогурт сос, салата, домат, кромидос и две парциња месооо“. Шегата настрана, ивентов беше панкерски, значи против Мекдоналдс и сличните корпорации, па се нудеа некои непрофитни do-it-yourself вегетаријански прехранбени продукти (шарска, ќебапи, телеќа коленца и сл.).
К’о Цеце вика јас сум веган ово-оно, а крка баничка со сиренце у Делишес после Балет кај Зоки Панкер (хехе, малце да ја зезам). Тие прописно дрмаа, на звучниците можеше да се испржи јајце на око и тие стварно добро се испотија за сто и педесетте драхми, со кои го подмитив девојчето на каса за да ме пушти унутра.
Како што беа скоро сите со брадишта, Грциве личеа на некакви антички мудраци. За да бидеш лукав, треба да јадеш лук, но што треба да јадеш за да бидеш мудар? Голобрадиот и допола соблечен бубњар пак, беше као некаков „камаки“ од жешките грчки острови Санторини, Иос, Миконос, Крит или Родос. „Камаки“ (или во превод „харпун“) се оние секси црномањасти момци, кои „ловат“ странски туристки, обично Швеџанки или Холанџанки или сл. И на Јадран има еквивалент на тие момци, но таму ги викаат „галеби“.
Притоа, мушката страна добија секс и материјална корист, односно се спојува pleasure и business, додека дамите ја добиваат летната романса, за која мечтаеле во своите студени северноевропски земји. Врелата атмосфера која бендов ни ја донесе од грчките плажи, беше још уште дозагреана и со повремени елементи на ска и реге. И обрада на “No Woman No Cry” од Марли, иако тука не беше нашиот реге диџеј Чарли (закон чоек, успут). Дали преку оваа обрада камаките порачаа „Не, жено, не плачи, иако те изебав и ти ги потрошив парите“.
Кога сме кај летните романси, следни на сцената излегоа Seehearspeak од нашата дежела Словенија. Имено, тие ми зазвучеа така накај emo да се каже, со песни од типот „аааагрхх ми раскина девојката аааагрххх“. Девојчињата во публиката одлично ги примија овие романтични стихови. А ги имаше доста симпатични (девојчиња, не стихови). Една беше плава у едни кратки к’о од фармерки исечени и со црни хеланки. Друга беше со темноцрвена маица у тесни фармерки, со црвенкаста коса така некако к’о „на страна“ (не знам да објаснам) и со кожњак преку рамо. Трета беше у фустанче и „старки“ на ноџињата. Четврта пак, беше црна со дуга права коса, со црна маица со логото од Џек Даниелс или така нешто, не видов добро. Имаше и една облечена у pin up style, тоа беше интресно. Абе све супер, и музиката, и девојките, ал’ за жал немаше доволно публика. Нешто слично им се случи дури и на познатите Dog Eat Dog, кои имаа одличен настап во МКЦ пред извесно време. Па стварно нема смисла, одите таму по разни пастрмајлијади и пачијади, а не поддржавате вакви ретки настани. Јеботе, соседни земји сме, а не знаеме еден грчки бенд или филм или незнамти сликар или било што. К’о шо вика Владимир Перев: „Кажете ми еден бугарски режисер“. Штама. Циу – циу (цврчци).
Иако настанот беше слабо посетен, ми беше драго што тука беа некои битни скопски панкерски фаци, со кои си напраивме добар муабет: Шон Дени Те Чува, Васко Boombyx, Зоки Two Sides, концертниот организатор Владица Младеновски – Грга и брат му Паша и др. Шон онака уморен, печател маици цел ден (чадорот го забораив кај него у дуќан пред пола година, уште не сум го зел, можда го продал). Васко пун со енергија као и увек „та – та -та“ раскажува тука „уау – уу“, кој, што, како, зашто, колку, каде, мрда со руки, гестикулира, ма закон. Зоки пак, онака кул „здраво здраво“ (збори со дебел глас и згодна фаца ко Мет Дилон). Кога сме кај нашата музичка сцена, на ивентот настапија Новиот почеток и xМаркоx. За првонаведените нема потреба многу да се објаснува. Ги знаете, светско, а наше. Мада, да бидам искрен, од таквиот тип на мелодични панк бендови, јас ипак ги преферирав Дени Те Чува. Сеа не знам дали нивната песна „Нов почеток“ била инспирација за името на бендот Новиот почеток. Дали платиле ројалтиз, не знам. I smell a lawsuit.
xМаркоx (Марко Крстевски) е соло акустичен панк изведувач. Свири гитара и усна армоника со протестни текстови и ја става буквата „икс“ пред и по своето име (ваљда тоа симболизира straight edge, у стилу типот не пие, не пуши, не се дрогира, сеа не знам). Музиката му е као фолк-панк ил’ тако нешто. Меѓутоа, се мисли на амерички или британски фолк као Дилан, Донован или Баез, а не фолк као Весна Змијанац, што поприлично ја разочара публиката, која беше жедна да чуе народно и да се качува по маси. Се зезам, нормално. Од таков тип на акустични панк изведувачи, мене ептем ми се свиѓаа СК02 на легендарниот Ристо Гушиќ звани Рила и Јане Трајковски од Дени Те Чува. Имаа јаки акустични траки, главно со лични теми, за животот и сл. Да го спомнам тука и албумот на непрежалениот Тони Слај од No Use For A Name, под наслов “Acoustic”, што е баш дефиниција за „акустичен панк“.
Покрај бендови, Панк пикникот во МКЦ имаше и диџеј кој пушташе добра музика на платото пред МКЦ. Се вртеа NOFX, Less Than Jake и други ствари. Чак не мора ни бендови да доаѓаат. Тури еден диџеј нека пушта, отвори тоа шанкот према надвор и готово ете ти журка. Скопско имаше само мало лименка, 70 денари. Да није мало много? Ал добро е што имаше Старопрамен голема флаша 90 денари. Кога сме кај журки, диџеи, шанкои и пива, после панк пикникот беф у најбољиот кафич у светот и пошироко, Менада. Таму сум јадел ќебапчиња као мал 1986 година, кога ни дојдоа едни роднини од Австралија. Музика пушташе Ѓорѓи Јаневски од Стотројка. Ал не пушташе Владо Јаневски, туку некои алтернативни фанкои, чуда и врагои, он тука шизеше, се качи на грамофон и се вртеше као диск џокеј. Ми текнуе пред некој ден со него у Ла Кања, се напраивме дрва и почнавме да ја пееме онаа од Владимир Муратовски – Диво: Иф ју лааав мии ју кен тееел миии, ју кеен тел мииии. Змејко се убаци со брада пее и он аааа. Он е иначе Деан без „ј“. Кога би бил со „ј“, у Шпанија би бил „Дехан“, у Енглеска „Деџан“. Комплицирано би било.
Кога сме кај Ла Кања (уште еден добар кафич у градов), у суботата таму пушташе Саша Павловиќ – Фрешко (за малце Латас ќе пишев, така некако ми доаѓа ради презимево). Пушташе све добра, воглавно 80′s музика: “Enola Gay” од Orchestral Manoeuvres in the Dark (а можев да напишам OMD и да скратам), потоа “Bedsitter” од Soft Cell, па “Nobody’s Diary” од Yazoo од албумот “You and Me Both” со омотот со далматинците (as in “101 Dalmatians”, значи кучиња, а не луѓе кои живеат во Далмација), а песната “Puppet” од Echo & The Bunnymen ја сврте двапути. Викам абе зашто, вика за да видам дали ќе приметат и се смеевме har-har-har (evil laughter). После тоа се собра едно друштванце и отпловивме у Капан Ан. Таму капеше некој добар drum’n'bass. Упознавме една цура, абе капка. Плава коса, плави очи, све плаво, ко Азурна обала. Капнало тука нешто странско. Името и’ беше на шеснаесеттата буква од нашата азбука. Уствари чеј сеа, која е стварно нашата азбука? Онаа со Я, Ъ и Щ или по Вуку? Енивеј.
После почна да се разденува и отидов дома. Земав да глеам некои музики на јутјуб, ми снема цигари. Ајдеее, м’кни се барај трафика у ниедно време. Па враќај се назад. Седнувам пред монитор, бутам у рука у џеб – цигариве ги нема. Абе барај, барај, ко да су у земљу пропали. После една птица улета или лилјак и се учука у прозор и одлета. Мрднати работи. После тоа станав и отидов у едно кафанче на чорбица да се опраам. Шизикот таму ми вика, абе чоек почна летња сезона, треба да ставиме некоја жива музика, луѓето сакаат тоа, иначе ќе ни избегаат. Викам као народњаци да стаите? Не бе вика, рокенрол. На типот рингтон му е “Roxanne” од The Police. Бравос.
Се опраив што се опраив и таман мислев дојде крај на музичките авантури, оп, на фејсбук искачање најава за промоција на EP и мини концерт на Green Fuzz во Менада во недела навечер. За овој мешовит скопско-винички состав веќе пишував во репортажата од фестивалот „Слободна зона“ во Виница. Него го сочинуваат: Јана Коцева (гитара, вокали), Кирил Арсов (бас) и Дејан Јефремов (тапани). Green Fuzz се инспирирани од: Thee Oh Sees, Ty Segall, White Fence и Link Wray. Значи, тука има понешто indie rock, garage rock revival, ретро влијанија и др. Ја мислам најголем хит ќе им биде онаа ту-дунг-тинг-тинг-тинг, ту-дунг-тинг-тинг-тинг. Може да се врти и по кафулиња. И онаа им е добра „бај бај бај“. Е сеа, да не ми замерат џентлмените, али најфилм у бендот ипак праи младата дама, Јана a.k.a. Holly Divine. Се избацуе со бел стратокастер у некое фустанче со мартинси или старки, дрма добро тоа гитарата, мрда со кукови, пере, пегла, меси пити и колачи, укратко типката е сила! Секоја чест! И паметна е многу, знае кој го убил Кенеди и др.
Иако беше краток, концертот беше ефектен, наоколу летаа зелени фазови и газови и верувам сите беа задоволни. Имаше и пар странци, кои доста живо играа (as in танц, а не као „играње на компјутер“ или „играње не љути се човече“). Сеа некои песни ми се допаднаа, некои можеби и не, ал не е битно, бендов отпраши поштено за сите пари (мада влезот беше бесплатен). Пред и по свирката музика пушташе легендарниот Мирко Попов у бела маица и едни темносиви бермуди (поише к’о три четвртини куси панталончиња). Го сретнав и Ненад Стефановски Foolish Green, за чиј настап истотака имам раскажувано. Вика, избацивме нови песни, па преслушај и кажи мислење. Еве баш сеа ја вртам неговата обрада на “Taste Of Honey”, Битлси ги скинал скроз. До тон, до мљацкање со уста, све. Еве добро не 100%, али 99%. One After 909. Абе у ДНК му влегле. Ова да пуштиш на странец да не се брукаш (све нешо од странци се срамиме, пример „немој така, ќе помине некој странец, што ќе рече“). Е сеа, песнава е уствари као “B-side” на новиот сингл “Twelve”, кој „Зелените будали“ свечено ќе го промовираат на 12 јуни, со јадење и пиење. За инфо клик тука. Се сретнав и со Петрит Сарачини попознат како Амон Мра, чии паркобрански стихови имам веќе објавувано на овој сајт. И тука муабети со него, братство-јединство, Албанци, Руговско коло, зурли, тапани, шеќер паре и сл.
Не знам колку испив, почнав да се губам. Трескав глупости (не замерајте, пијано говедо, шо очекуеш). Ми текна на оној Јорго од гореспоменатата грчка песна, кој „бил лукав“ (понирос) и ја варал жена му, г-ѓа Јоргоица (Кирја Георгина) и ебел све живо – како што вели текстот. Мора да бил леп ко грчкиот бог Аполон. Само пази да не ти се стаи. Рецимо ти паѓа новчаник, се наведнуеш и оп, ќе ти го бапне. Greek love. Ова им го раскажував на екипата у Менада, али изглеа не ме сфатија и ме гледаа чудно. Неспоразум, јеби га, пијана работа. Дали Јоргос имал велика кита, тоа не знам, Аполон вероватно има, пошто е бог, но кога веќе спомнав Менада, појдете таму у вторник на промоција на Тони Китановски.
Кога сме кај пијанчење, ја сретнав и Ника. Добро изглеаше. Мислам, она увек добро изглеа, али сега поготово убаво изгледаше пошто нешо била на излет, возеле точаци, фатиле воздух, сонце и све тоа. И’ викам, не знаеш колку радо би баталил и цигари и алкохол и секакви штетни влијанија и би фатил пак да вежбам, ал треба, брате (сестро де), такво окружење. Рецимо некое такво друштво или још боље, таква цура, која би ме стаила у ред хех. Или да прејдам у гејови, да ми го бапне некој. “YMCA”, Village People. Се зезам.
И така, на крај еве седам дома и таман реков готово, пројде викенд, дај коначно да одмориме малце, коа глеам Sepultura доаѓаат у МКЦ. Кога почнав поактивно да се интересирам за музика во средношколските денови и коа фурав панк, скоро и да немаше гостувања на некои значајни светски артисти. Настан беше да ти дојдат Психомодо Поп, а ние слушавме нешто далеку поекстремно и позабутано. Да ми речеше тогаш некој дека еден ден Sepultura главом и брадом ќе настапат у МКЦ, ја ќе мислев дека е луд. Предната и задната позиција (центрафор и голман) на овој бразилски тим ја држат браќата Кавалера, Макс (гитари, вокал) и Игор (наш чоек, Игор, на тапани). Инаку, името на овој култен метал бенд на португалски јазик значи „гроб“. Таман да се доуништиме!