©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Втор фото-репорт од фестивалот Слободна зона во Виница, кој се одржуваше од 27-ми до 30-ти август. Настапија повеќе рок групи и диџеи, а се одржаа и претстави, проекции, изложби и дебати. Програмата на фестивалот можете да ја разгледате на официјалниот сајт: http://www.slobodna-zona.com

Во овој дел ќе се осврнеме на финалниот ден на фестивалот, на кој се одржа и концертот, во кој учество земаа: Парни ваљак, Сребрна крила, Кербер, Џело Јусич, Иво Патиера, Тончи Дела Зота, Ариан Крлиу, Душан Данчуо и др. Се зезам. Настапија: Green Fuzz, Foolish Green, Да Џака Накот, Vlasta Popić, Conquering Lion и Скандал. Најдолу следи и фото-галерија.

Све нешо запнале green, па green у имињава: Green Fuzz, Foolish Green… К’о у онаа песната на Борис Трајанов „сакам све да е зелено, сакам све да е зелено“ или како му беше (ја пее со гласон таков дебел „дуии, дуии“ к’о баш сеа да се најал, акнал огромен омлет у Друштво на пензионери у Виница). Или к’о онаа стварта од Макфест на Чаирскиот шармер: „Се’ зелено е“. Организаторот на фестивалот (на Слободна зона, не на Макфест), Кирил Арсов, ми вика ќути добро е, замисли уште да дојдеа и Green Out!

Му викам па добро бре мајкомустара зашто све мора “green” да има у името? Епа вика демек weed. Ја му викам да бе weed, мутави сме ние. Знаеме ние добро чива омилена боја е зелената. Исламисти! Се собрале тука со бради, наоружани до зуби, со реденици, тука Бин Ладен дошол (оживеал), мафтаат со калаши над глава и по некој RPG бацач, скандираат, претат накај камера! Сумњив е овој Кирил, I smell Saudi money… Се зезам, нормално. Тоа “green” уствари доаѓа од про-еколошката ориентација на тие бендови (покушавам да ги вадам тука). Та не џабе свирката се одржа токму во виничкиот Градски парк (кој е преубав, најсериозно ви велам).

Кога сме кај проблемот со името, истиот е присутен и кај Vlasta Popić. Кирил бил вчудоневиден кога наместо г-динот Власта Попиќ, му дошла цела група музичари! Имено, Vlasta Popić е име на бенд, а не на некој солист. Ал Кирил од кај да знае, тој да ти резервирал еден кревет, а оно 5 души му дошле. Ова ти е к’о да напраиш група Здравко Чолич рецимо. И сеа, кој да ги рани, пои, смести. И каже, па шта је бре ово другови ви се зајебавате са мене? Ђе да вас смијестим оца вам преварантског?! Ал добро сеа, боље што му дојде бендов, него да му дојде Власта.

Пред свирката, седев пред куќата во која бев сместен и нешо цигарче, кафе, сокче, јагње на ражњу, коа дое една девојка од Холандија и рече дека и таа ќе престојува тука. Ми понуди да ме пребаци до Скопје со кола по свирката, но шознам, не беше мој тип, иако беше стварно комуникативна и фина (со странец увек ќе се разберам, а со наш чоек, потешко). А можда била шпијун к’о познатата Холанѓанка, Мата Хари (1876-1917). Пред свирката, во паркот се одржа и перформанс на театарскиот воркшоп „Лабораторија“ и таа изрази желба да ги погледне. Ја одведов до паркот и морам да признаам дека младите актери беа одлични.

Концертот започна со Green Fuzz, а заврши со Скандал. И обете групи се на организаторот Кирил. Аха, непотизам! Се зезам. Нормално е по толку маки околу фестивалот, тој сам да си го одреди лајнапот. Уствари и не знам како тој бил одреден (може влечеле дрфца), а не е ни битно. Битно е дека организацијата на концертов беше фантастична во секој поглед: бина, звук, светло, добар избор на место и на изведувачи, нивен превоз, смештај и тинтрање, PR (плакати, беџови, маици, гаќи) итн. А не е просто, м’кни опрема, струја, па фалело ова, фалело она. Едно смрдливо кабелче може да заебе све. Лесно е да се „јадат гурабии“, иди напрај го.

Виничани треба да се гордеат со Кирил и неговата екипа, затоа што тој им ги носи светските урбани трендови во нивното мало место. На фестот настапуваат не само наши признати изведувачи, а и странски. Тука се и немузичките содржини. Притоа не се наплаќаат никакви билети. Но тоа, за жал, не е доволно ценето. Наводно, голем дел од публиката на концертот не била од Виница, туку од други места. Затоа, апелирам до Виничани повеќе да го ценат и да го поддржуваат фестивалот. Многумина од нив имаат предрасуди спрема неговите организатори (етикети од типот „наркомани“ и сл.) и практично го бојкотираат. Знаете, и во соседна Србија имало такви, кои „накриво“ гледале на фестивалот Exit, но сега тој е светски признат бренд. Добрата организација на Слободна зона ги замолче дури и најголемите циници, а Виница се најде на регионалната културна мапа.

Според сајтот на фестот, бендот со кој започна концертот, Green Fuzz, го сочинуваат: Јана К., Кирил А. и Дејан Ј. Презимињата не се дадени. Сумњиво. Виничка афера 1897. Нивната квалитетна свирка одеше вака: Кирил А. го штекаше басот помалце фанкерски тик- динг, а Јана К. свиреше на бел стратокастер гаргара-гаргара и после соло тинг- тинг- тинг. Позади тапаните од марката Premier, значи на премиерското место, седеше Дејан Ј. кој лупаше ту-пас-туп-ту-пас па после т’г – д’г – д’г – д’г (рол оувер) бшш (креш чинела). Има и една боља ономатопеја за бубањ, веројатно ја знаете: „цицка пичка цицка пичка куууррррррр г’з“. „Цицка“ е ваљда остриот звук на фусот, „пичка“ е добошот, „кур“ е коа праиш прелаз, а „г’з“ е чинела.

Како што самите наведуваат, Green Fuzz се инспирирани од: Thee Oh Sees, Ty Segall, White Fence и Link Wray. Значи, тука има понешто indie, garage rock revival, ретро влијанија и др. Е сеа, проблемот е тоа што група со име Green Fuzz веќе постоела во 60-тите во САД. Таа е позната по својот истоимен сингл, кој е преработен од The Cramps. Можеби Кирил ја крстил својата група по овој сингл, незнаејќи дека група со такво име веќе постоела. Тука иаме name dispute. Ништо, Кирил ќе мора да го смени името. Иначе, Хашки судови, ти реков ми рече. Ко ће с тиме да се бахче. Btw зборот “green” во името на тој амерички бенд не се однесувал на weed-от, туку на зелената fuzz педала на гитаристот (ефект сличен на дисторзија).

Како промена од „фазираниот“ звук на Green Fuzz, на сцената стапи Да Џака Накот. Како и секогаш, ова м’це (master of ceremony) мајсторски ги израпува сите свои познати ствари, а во една од нив имаше и семпл од песната “Midnight Cowboy” на Јаков Дренковски: „Лажна сигурност од две-три пива, свежа крв на градскиот асфалт“. Стандардно, при својот настап тој раперски „се понашаше“ со руките (мислам на Џака, не на Јаков Дренковски, кој за жал не настапи). Тука беа и квалитетните текстови од типот „ја сум најбољи рапер, а ти си безвезе“ и сл. Се зезам, тој тоа го „пакува“ во многу попоетско руво, отколку што јас можев да доловам.

Џака ми останал во сеќавање по една немила случка. На времето пишував во (сега непостоечкото) списание „Авангарда“ на Зоран Зафировски, брат му на Шон од мојата омилена група Дени Те Чува. Во декемвриски број од 2008 следуваше цеде од Џака. На 31-ви декември сите се подготвуваа за Новата година, а јас, како што тоа често бива, немав со кого да славам. Реков ќе скокнам до редакцијата да подигнам неколку примероци од списанието, за барем да иам занимација. Кога на новогодишната ноќ го отворив списанието, забележав дека мојата статија беше згрешена (внатре текстот лом напраен).

Стално добивам вакви „новогодишни подароци“. Неће срећа поштеног човека. К’о што бев поднапиен, фаќање тоа списанијата ги раскинав на парчиња и цедеата ги напраив сол. Џака испадна колатерална штета. Не е тоа ништо. На една друга Нова Година иам спукано од земја огромен радиокасетофон со цеде. На тонската проба во Виница, на Џака му понудив стик против комарци, затоа што го беа биле изеле, но тој се заблагодари и рече дека не треба. Штета, да се намачкаше, на стикот ќе останеше негова днк и ќе можев да го клонирам.

По неговиот настап, кој ми евоцираше пријатни спомени, на сцената се појавија четрсто пеес осум миљарди двеста осумдес три миљони и петсто триес седум гитаристи. Всушност се работеше за тројца гитаристи, но сепак беше гужва. Заедно со басистот тие фактички правеа „строј“ во предниот дел на бината, поради кој не можеше да се види тапанарот (можда и он се нервира ради тоа, си вика што не научив да свирам гитара у пм). Тоа беше групата Foolish Green. Или пак, тоа е „партизанско име“ на нејзиниот фронтмен, Ненад Стефаноски (знаете она, к’о Кузман Јосифоски – Питу, Видео Смилевски – Бато).

Добро е што Џака беше ставен измеѓу Green Fuzz и Foolish Green, со што на публиката и’ се помогна да ги разликува овие две групи со слични имиња. Foolish Green беа у психоделичен поп фазон од цирка 1967. Нешо као прелаз од модсите кон хипиците во стилот на албумот на Битлси “Revolver” да речеме. Нивниот настап се случуваше некаде околу 22:30 ч., а Ненад носеше наочари за сонце, затоа што Виница е позната по своите бели ноќи како оние во Санкт Петербург. Toj одлично вади леноновски глас и акценат, потсетува на Брус Ли у млади дани, а има и бело ретро гитарче Danelectro со „липстик“ пикапи. Понекогаш создава и акустични песни у фолк фазон (тука мислам на енглески фолк рок од 60-тите, а не на Лепа Брена и Мирослав Илиќ, на наше огромно разочарување).

Токму такво разочарување се случи кога на бината излегоа луѓе со труби. Публиката се израдува дека дошол некој ромски блех оркестар и дека конечно ќе започне вистинска журка и качување по маси, кога човекот зад микрофонот рече: „Мие смо Конкуринг Лајон од Тетоо“. Надежите прснаа како меур сапуница. Труба. Се зезам, Conquering Lion ја освоија Виница со својот лавовски настап и комбинацијата на јамајканско reggae, dub и hardcore punk. Почиње бубањ со типичен реге прелаз тран – кан – кан по што иде one drop rhythm: Ц-ц-цсс-туп-ц-ц-цсс-туп, па се убацуе бас т’м-т’м-тд’м т’м-т’м-т’дм, а најзгора гитарче љушти компирчина: чикит, чикит, чикит или клавијатура данг, данг и све тоа украсено со тромбон к’о Кирил Рибарски туту-руту-туту. Вокалистот (кој е воедно и тромбонист) пееше нешто као „ава кари сокере“. На некои места убацуваат брзо hc punk темпо тупа-тупа гарарара.

По „Лавовите“, власта над бината ја зазема Vlasta Popić (како што рековме тоа е име на бенд, а не на соло – музичар). Зошто дале такво име, никому не му е јасно, веројатно ни на нив самите. Прогуглав за објаснување на оваа мистерија, при што налетав на текст со ветувачки наслов “Tko je Vlasta Popić”, но се разочарав што тој не ми даде никаков одговор. Групата е специфична по својот женски вокалист и тапанар, Тена Рак и доаѓа од хрватскиот град Вараждин. Toj e познат по Вартекс и неговите левиски петстокец, но нејзините членови, на мое разочарување, дојдоа облечени к’о хипстери со брадишта. Фазонот им е нешо indie rock ли, post-punk revival ли, post-rock ли, lo-fi ли, ма ђаво би га знао.

Иако беа одлично примени од нашата публика, тие не беа my cup of tea. Да не ме сфатите погрешно, јас го ценам трудот на секој бенд без разлика од каде и да е, арно ама, ако во песната нема никаква мелодија, нит се познава кај е прва строфа, а кај рефрен, останувам потполно рамнодушен (почињам со рими к’о Џака). Затоа, да не ми замерите што не ми се допаѓа добар дел од онаа, условно да ја наречеме, „стотројкашка“ музика. Све е нешо ажжжууу фиуу ииииаа (стонерски даунови и хистерични испади). К’о што вели проф. д-р Грег Графин од панк бендот Bad Religion, кој го ценам: “I don’t want to live in a world without melody”.

Кога сме кај професорите, игранката заврши скандалозно кога на стејџот излезе професорот на виничката гимназија, Орце Павлов! Неговите ученици во публиката почнаа исплашено да ги фрлаат пивата и џоинтите за да не ги види! Но тој не дојде тука за да ги кара што не учат и што бегаат од часови, туку за да настапи во својство на вокалист на алтернативната рок група Скандал. Човеков, како што веќе ви имам раскажувано, е голем љубител и познавач на рок културата, филмот, литературата и уметноста воопшто. Со него се најдовме во многу добар муабет. Кога и самиот свирев у punk група и кога со неа патував низ разни градови на државава, имав прилика да се запознаваам и со други такви ентузијасти, кои се обидуваат да изградат некаква урбана култура во такви мали места, што не е лесно и е за почит (btw еден од нив беше полицаец од Кочани и воедно вокалист на панк бенд, но за него другпат).

Групата Скандал активно функционирала во периодот од 1993 до 1997 год. и биле наградувана на Рок Фест. Таа била една од ретките, ако не и единствената група од таков вид во Виница, а нејзините членови се судирале со неразбирање во таа мала средина (она, класика, „наркомани“ и сл.). Тие имаат еден албум, сниман во 1996 год. во студиото на Владимир Каевски од Мизар звани Киборг или Trycho 909 или B.O.R.G. Колку што сфатив, на нивниот стил влијаел grunge-от од раните 90-ти, како и ex-YU сцената (ЕКВ, Партибрејкерс). Член на Скандал, како што веќе спомнав, е и организаторот, Кирил А.

Ете така, фестивалот започна и заврши со Кирил, а Методиј не дојде. Победници на фестивалот беа Григор Копров, Роберт Билбилов и Јован Јованов и тие сега ќе одат на Евровизија директно у финале. Напраен дрво, не знам ни сам како успеав да се довлечкам до автобусот за Скопје (подготвен од ажурниот организатор), со кој се прибрав дома во раните утрински часови на 31-ви август. Оние кои не се вратија во Скопје, а решија да останат во Виница, отидоа на диџеј сетот на Гоце САФ во една од двете тамошни дискотеки (што не беше дел од фестивалот). Во врска со тие дискотеки ми се случи една смешна ситуација. На 29-ти присуствував на сетот на Мирко Попов во едно виничко кафуле, по што, требаше да се упатиме во една од дискотеките за да го проследиме и Роботек.

Арно ама, во општиот пијан хаос, јас и Кирил се изгубивме еден со друг, по што морав дискотеката да ја најдам сам. Иако претходно ја имав посетено, без негова помош не можев повторно да ја најдам. Прашав некои локалци за правец. Барајќи го дисково, некаде на пола пат чув гласен турбофолк од типот „Вотка и џин, то је сада ин тупс-тупс“. Си реков, ова Роботек созреал и почнал да прави асална музика или што е работава? Батали, решив да се вратам во собата каде што бев сместен. Утредента ми објаснија дека звукот доаѓал од друга дискотека, а не од онаа што ја барав. Обете да ти се наоѓале недалеку една од друга (или така некако).

ФОТО-ГАЛЕРИЈА

Клик на сликите за зголемен преглед

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Кирил видел НЛО

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Кирил видел у публика некого што нејќел да го види (даночна инспекција или сл.)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Кирил откачил (и како не би, после толку маки околу организирањето на фестот)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Green Fuzz

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Кирил налутено ја погледнува вокалистката на Green Fuzz, Јана. Може згрешила нота као Фил Колинс на Live Aid?

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Јана К., вокалистка и гитаристка на Green Fuzz

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Јана внимателно гази на footswitch на својот fuzz (скапи се педаливе)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Јана раскрева кабли (ете, домаќинка, да се знае)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

На премиерското место, Дејан Ј.

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Џака го боли стомак (покажуе со рука)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

„Ја сум најбољи рапер, а ти си безвезе“

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Џака раперски „се понаша“ со руките

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Миљарда гитаристи на сцена: Foolish Green

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Ненад со наочари за сонце (сонцето беше доста јако таа ноќ)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Conquering Lion: „Мие смо од Тетоо“. Во позадина, на тапанарот му улетало нешто у око.

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Мњам-мњам ама вкусен микрофон. Добро е што во раката држеше тромбон, а не ел. гитара, инаку, при допир со микрофон може да дојде до курцшлус, ако нема добро „уземљење“ (види: guitarist mic shock)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Басистот со огромна капа

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Моцарт

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Групата Скандал на чело со Орце Павлов (тука испаднал к’о Џејмс Дин)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Проф. Павлов: „Пуцајте, ја и сад држим час“

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Професорот изнервиран затоа што му бегаат од часови (ал не му бегаат од свирки, го дочекаа со овации)

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Проф. Павлов у фазон на Цане Партибрејкерс. Инаку, не го допре микрофонот ни еднаш (не е ни чудо, кога миљон луѓе го жваљаа претходно).

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Оваа слика не ми испадна баш ОК, но затоа прекрасно излегоа канадските лисја во горниот лев агол. Во десниот долен агол пак, го гледаме виничкиот профи фотограф Бранко во акција.

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Публиката, очигледно, беше фасцинирана од концертот

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Од перформансот на театарскиот воркшоп „Лабораторија“, кој беше одигран пред концертот

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Ова е интересна актерска вежба: актерот во преден план говори, додека оној кој е сокриен позади него гестикулира со рацете

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Селани одат со трактор на театар

©Vangel Bashevski - Barmi vbb.mk

Беа изведени и музички нумери, при што забележав дека младиот актер лево многу убаво пееше